Return to Video

Како божиќните светилки им помогнаа на герилците да го положат оружјето

  • 0:01 - 0:04
    Многу размислував за тоа кој
    збор прв да го кажам денес,
  • 0:04 - 0:06
    и се одлучив за „Колумбија“.
  • 0:06 - 0:10
    А причината, не знам колкумина
    од вас ја имаат посетено Колумбија,
  • 0:10 - 0:13
    но Колумбија се наоѓа северно
    од границата со Бразил.
  • 0:13 - 0:14
    Таа е многу убава земја,
  • 0:14 - 0:18
    со необични луѓе, како мене
    и некои други - (Смеа) -
  • 0:18 - 0:23
    и е населена со неверојатна флора и фауна.
  • 0:23 - 0:27
    Има вода, има сè за да биде
    совршено место.
  • 0:27 - 0:29
    Но, имаме некои проблеми.
  • 0:29 - 0:31
    Можеби сте чуле за некои од нив.
  • 0:31 - 0:34
    Ние ја имаме најстарата герила во светот.
  • 0:34 - 0:36
    Постои повеќе од 50 години,
  • 0:36 - 0:39
    што значи дека во мојот животен век,
  • 0:39 - 0:44
    никогаш немам доживеано еден ден
    мир во мојата земја.
  • 0:44 - 0:48
    Овие герилци - а клучната група
    cе FARC герилците,
  • 0:48 - 0:50
    Револуционерни вооружени
    сили на Колумбија,
  • 0:50 - 0:58
    тие ја финансираат својата војна
    преку киднапирања, изнуди,
  • 0:58 - 1:01
    преку трговијата со дрога,
    преку нелегално копање руда.
  • 1:01 - 1:05
    Има тероризам. Има и случајно
    паднати бомби.
  • 1:05 - 1:10
    Така што - не е добро. Не е многу добро.
  • 1:10 - 1:14
    ,А,доколку ја видите цената на оваа војна
    платена со човечки животи,
  • 1:14 - 1:19
    имаме расселено население
    повеќе од 5,7 милиони жители.
  • 1:19 - 1:22
    Тоа е едно од најбројното расселено
    население во светот,
  • 1:22 - 1:26
    а, овој конфликт нè чини
    и повеќе од 220,000 животи.
  • 1:26 - 1:29
    Така што тоа е слично на
    боливарските војни - одново.
  • 1:29 - 1:33
    Тоа се многу луѓе кои непотребно умреле.
  • 1:33 - 1:36
    Сега сме на средината
    од мировните преговори,
  • 1:36 - 1:39
    и се обидуваме да помогнеме
    овој проблем мирно да се разреши,
  • 1:39 - 1:41
    и како дел од тоа,
  • 1:41 - 1:44
    одлучивме да се обидеме со нешто
    целосно поинакво.
  • 1:44 - 1:46
    Божиќни светилки.
  • 1:46 - 1:49
    Па, божиќни светилки, и вие си велите,
  • 1:49 - 1:52
    за што по ѓаволите ќе зборува овој тип?
  • 1:52 - 1:57
    Ќе зборувам за огромни дрвја
  • 1:57 - 2:02
    кои ги поставивме на девет
    стратегиски патеки во џунглата,
  • 2:02 - 2:04
    прекриени со божиќни светилки.
  • 2:04 - 2:11
    Овие дрвја ни помогнаа да
    демобилизираме 331 герилец,
  • 2:11 - 2:15
    околу пет проценти од герилските
    трупи во тоа време.
  • 2:15 - 2:18
    Дрвјата беа вклучувани ноќе,
  • 2:18 - 2:20
    и имаа знак покрај нив
  • 2:20 - 2:25
    кој гласеше: „Ако може Божиќ да дојде
    во џунглата, и ти можеш да дојдеш дома.
  • 2:25 - 2:26
    Демобилизирај се.
  • 2:26 - 2:29
    Сè е возможно на Божиќ.“
  • 2:29 - 2:32
    Па, како знаеме дека
    овие дрвја функционираа?
  • 2:32 - 2:34
    Па, добивме 331, што е ок,
  • 2:34 - 2:39
    но, ние исто така знаеме дека
    не ги виделе многумина герилци,
  • 2:39 - 2:42
    но, знаеме дека многумина
    герилци слушнале за нив,
  • 2:42 - 2:43
    и го знаеме ова
  • 2:43 - 2:46
    бидејќи постојано зборуваме
    за демобилизација на герилците.
  • 2:46 - 2:49
    Дозволете ми да ве одведам
    4 години пред ова со дрвјата.
  • 2:49 - 2:53
    Четири години пред ова со дрвјата,
    Владата ни пристапи
  • 2:53 - 2:57
    за да им помогнеме да смислат
    комуникациска стратегија
  • 2:57 - 3:00
    за да извлечеме што е можно повеќе
    герилци надвор од џунглата.
  • 3:00 - 3:03
    Владата имаше воена стратегија,
  • 3:03 - 3:04
    имаше правна стратегија,
  • 3:04 - 3:07
    имаше и политичка стратегија, но рече
  • 3:07 - 3:09
    „Ние баш и немаме комуникациска
    стратегија,
  • 3:09 - 3:12
    а веројатно би било добро да имаме.“,
  • 3:12 - 3:16
    па одлучивме веднаш да се вклучиме во ова,
  • 3:16 - 3:22
    затоа што е можност да се влијае
    врз резултатот од конфликтот
  • 3:22 - 3:26
    со тоа што може да го направиме,
    со алатките кои ги поседуваме.
  • 3:26 - 3:28
    Но, ние не знаевме многу за тоа.
  • 3:28 - 3:32
    Не разбиравме дека во Колумбија,
    ако живеете во градовите,
  • 3:32 - 3:35
    вие сте многу далеку од местото
    каде што се случува војната,
  • 3:35 - 3:37
    па и не ја разбирате многу,
  • 3:37 - 3:39
    и ја замоливме Владата да ни даде пристап
  • 3:39 - 3:42
    до колку што е можно повеќе
    демобилизирани герилци.
  • 3:42 - 3:44
    И зборувавме со околу 60-тина од нив,
  • 3:44 - 3:49
    пред да почувствуваме дека целосно
    сме го сфатиле проблемот.
  • 3:49 - 3:52
    Ние зборувавме за - тие ни кажаа
    зошто им се приклучиле на герилците,
  • 3:52 - 3:55
    зошто ги напуштиле герилците,
    кои биле нивните сништа,
  • 3:55 - 3:57
    какви биле нивните фрустрации,
  • 3:57 - 4:01
    и од тие разговори дојдовме
    до основната идеја
  • 4:01 - 4:04
    која ја предводеше целата оваа кампања,
  • 4:04 - 4:09
    а која вели дека герилците се затвореници
    на своите организации,
  • 4:09 - 4:12
    колку што се и луѓето
    кои ги држат како заложници.
  • 4:12 - 4:14
    И на почетокот, ние бевме доста
    погодени од овие приказни,
  • 4:14 - 4:17
    бевме доста воодушевени
    од овие приказни,
  • 4:17 - 4:20
    и мислевме дека можеби најдобриот
    начин да се зборува со герилците
  • 4:20 - 4:23
    е да се натераат да зборуваат
    едни со други,
  • 4:23 - 4:27
    па снимивме околу стотина различни
    приказни во текот на првата година,
  • 4:27 - 4:30
    и ги поставивме на радио и телевизија
  • 4:30 - 4:34
    за герилците во џунглата да можат
    да слушнат приказни, нивните приказни,
  • 4:34 - 4:36
    или приказни слични на нивните,
  • 4:36 - 4:39
    и кога ги слушнаа,
    одлучија да излезат.
  • 4:39 - 4:42
    Сакам да ви раскажам
    една од овие приказни.
  • 4:42 - 4:44
    Личноста која ја гледате
    тука е Џовани Андрес.
  • 4:44 - 4:47
    Џовани Андрес имаше 25 год.
    кога е направена фотографијата.
  • 4:47 - 4:52
    Тој бил седум години со герилците
    и скоро се имаше демобилизирано.
  • 4:52 - 4:55
    Неговата приказна е следна:
  • 4:55 - 4:58
    тој бил регрутиран кога имал 17,
  • 4:58 - 5:03
    и по некое време, во неговата ескадрила
  • 5:03 - 5:08
    била регрутирана една убава девојка,
    и тие се заљубиле.
  • 5:08 - 5:12
    Нивните разговори биле за тоа
    какво ќе им биде семејството,
  • 5:12 - 5:14
    кои имиња ќе ги одберат за децата,
  • 5:14 - 5:17
    каков ќе им биде животот
    кога ќе ја напуштат герилата.
  • 5:17 - 5:18
    Но, испадна дека
  • 5:18 - 5:22
    љубовта е строго забранета во пониските
    герилски ранкови,
  • 5:22 - 5:25
    па нивната романса била откриена
    и тие биле одвоени.
  • 5:25 - 5:29
    Тој бил испратен многу далеку,
    а таа била оставена таму.
  • 5:29 - 5:31
    Таа била доста запознаена со територијата,
  • 5:31 - 5:34
    па така, една вечер,
    додека била на стража,
  • 5:34 - 5:36
    си заминала,
  • 5:36 - 5:39
    отишла во армијата, се демобилизирала,
  • 5:39 - 5:43
    и таа беше едно од лицата со кои
    имавме среќа да разговараме,
  • 5:43 - 5:45
    и бевме навистина трогнати
    од нејзината приказна,
  • 5:45 - 5:48
    па направивме радио-спот,
  • 5:48 - 5:51
    и излезе дека, сосема случајно,
  • 5:51 - 5:54
    многу далеку, многу,
    многу километри северно,
  • 5:54 - 5:57
    тој ја слушнал на радио,
  • 5:57 - 6:02
    и кога ја слушнал на радио, си рекол:
    „Што правам јас овде?
  • 6:02 - 6:07
    Таа имала храброст да излезе.
    И јас морам да го направам истото.“
  • 6:07 - 6:09
    И го направил.
  • 6:09 - 6:12
    Пешачел два дена и две ноќи,
  • 6:12 - 6:14
    го ризикувал животот и излегол,
  • 6:14 - 6:17
    и единствената работа
    која ја сакал е да ја види неа.
  • 6:17 - 6:20
    Единствената работа во неговиот ум
    била да ја види неа.
  • 6:20 - 6:23
    Според приказната,
    тие навистина се сретнале.
  • 6:23 - 6:26
    Знам дека се прашувате дали се сретнале.
  • 6:26 - 6:27
    Тие се сретнале.
  • 6:27 - 6:31
    Таа била регрутирана на 15,
    а заминала на 17,
  • 6:31 - 6:33
    па имало и многу други компликации,
  • 6:33 - 6:35
    но на крајот, се сретнале.
  • 6:35 - 6:40
    Не знам дали и сега се заедно,
    но можам да дознаам. (Смеа)
  • 6:40 - 6:48
    Но, тоа што можам да ви го кажам е дека
    нашата радио-стратегија функционираше.
  • 6:48 - 6:52
    Проблемот беше во тоа што функционираше
    во пониските ранкови на герилата.
  • 6:52 - 6:54
    Не фукционираше кај командирите,
  • 6:54 - 6:56
    луѓето кои е потешко да се заменат,
  • 6:56 - 7:02
    зашто лесно можете да регрутирате, но не
    можете да допрете до постарите командири.
  • 7:02 - 7:06
    Па си помисливме, ќе ја користиме
    истата стратегија.
  • 7:06 - 7:08
    Ќе имаме командири кои ќе зборуваат
    со командирите.
  • 7:08 - 7:12
    Дури и отидовме дотаму што ги замоливме
    поранешните командири од герилата
  • 7:12 - 7:15
    да летаат во хеликоптери со микрофони
  • 7:15 - 7:18
    кажувајќи им на луѓето
    кои порано се бореле со нив:
  • 7:18 - 7:20
    „Има подобар живот надвор од ова.“
  • 7:20 - 7:23
    „Добро ми оди.“, „Ова не вреди.“, итн.
  • 7:23 - 7:28
    Но, како што можете да замислите,
    беше многу лесно да ни се спротивстават,
  • 7:28 - 7:31
    затоа што - што имаше герилата да каже?
  • 7:31 - 7:34
    „Да, секако, ако не го направи тоа,
    ќе биде убиен.“
  • 7:34 - 7:38
    Па беше лесно, одеднаш
    бевме оставени без ништо,
  • 7:38 - 7:40
    затоа што герилците
    ја ширеа приказната дека
  • 7:40 - 7:43
    сето тоа се прави,
  • 7:43 - 7:48
    затоа што ако не го направат,
    тие се во опасност.
  • 7:48 - 7:52
    И некој, некоја брилијантна
    личност во нашиот тим,
  • 7:52 - 7:55
    се врати и рече, „Знаете што забележав?
  • 7:55 - 7:59
    Заабележав дека околу Божиќ,
  • 7:59 - 8:01
    демобилизацијата има поголем пораст
  • 8:01 - 8:04
    откако е почната војнава.“
  • 8:04 - 8:07
    И тоа беше неверојатно,
  • 8:07 - 8:12
    затоа што тоа нè наведе да сфатиме дека
    треба да зборуваме со човечкото суштество,
  • 8:12 - 8:14
    не со војникот.
  • 8:14 - 8:16
    Требаше да отстапиме од зборувањето
  • 8:16 - 8:21
    во однос влада - војска, војска - војска,
  • 8:21 - 8:25
    и потребно беше да зборуваме
    за универзалните вредности,
  • 8:25 - 8:27
    и потребно ни беше да зборуваме за човечноста.
  • 8:27 - 8:31
    И тогаш се случи божиќното дрво.
  • 8:31 - 8:33
    Оваа слика тука,
  • 8:33 - 8:36
    гледате, тоа е планирањето
    на божиќните дрвја
  • 8:36 - 8:40
    а тој човек кој го гледате
    таму со трите ѕвезди,
  • 8:40 - 8:42
    тој е капетан Хуан Мануел Валдез.
  • 8:42 - 8:47
    Капетанот Валдез беше првиот
    високо-рангиран службеник
  • 8:47 - 8:51
    кој ни даде хеликоптери и потребната поддршка
  • 8:51 - 8:53
    за да ги поставиме овие божиќни дрвја,
  • 8:53 - 8:56
    на таа средба тој рече нешто
    што никогаш нема да го заборавам.
  • 8:56 - 9:03
    Рече: „Сакам да го направам ова затоа што
    дарежливоста ме прави посилен,
  • 9:03 - 9:06
    ги прави моите луѓе да се
    чувствуваат посилни.“
  • 9:06 - 9:08
    И доста сум чувствителен
    кога ќе се сетам на него,
  • 9:08 - 9:13
    затоа што подоцна беше убиен во борба
    и навистина ни недостига,
  • 9:13 - 9:19
    но сакав да го видите, затоа што
    тој беше многу, многу значаен.
  • 9:19 - 9:23
    Тој ни ја даде сета потребна поддршка
    да ги поставиме божиќните дрвја.
  • 9:23 - 9:26
    Подоцна герилците кои излегоа
  • 9:26 - 9:30
    за време на операцијата
    со божиќните дрвја рекоа:
  • 9:30 - 9:33
    „Тоа е многу добро, божиќните
    дрвја се многу кул,
  • 9:33 - 9:36
    но, знаете што? Ние не пешачиме повеќе.
  • 9:36 - 9:37
    Ги употребуваме реките.“
  • 9:37 - 9:41
    Па, реките се автопатите на џунглата,
  • 9:41 - 9:43
    и ова е нешто кое го научивме,
  • 9:43 - 9:48
    и поголемиот дел од регрутирањето
    беше правено во и околу речните села.
  • 9:48 - 9:51
    Па, отидовме во овие села,
  • 9:51 - 9:52
    и ги запрашавме луѓето,
  • 9:52 - 9:56
    и најверојатно некои од нив беа
    непосредни познаници на герилците.
  • 9:56 - 10:00
    Ги запрашавме: „Можете ли да им испратите
    порака на герилците?“
  • 10:00 - 10:03
    Собравме повеќе од 6,000 пораки.
  • 10:03 - 10:06
    Некои од нив беа белешки
    кои велеа „Излезете“.
  • 10:06 - 10:09
    Некоибеа играчки. Некои беа слатки.
  • 10:09 - 10:13
    Луѓето дури го вадеа својот накит, нивните
    малечки крстови и религиски предмети,
  • 10:13 - 10:18
    и ги ставаа во пловечките топки
    кои ги испраќавме долж реките,
  • 10:18 - 10:21
    за да можат да бидат соберени ноќе.
  • 10:21 - 10:23
    И, испративме илјадници
    од нив долж реките,
  • 10:23 - 10:25
    а потоа ги збиравме аконе беа собрани.
  • 10:25 - 10:27
    Но, многу од нив беа собрани.
  • 10:27 - 10:32
    Во просек, вака се постигна демобилизација
    на секои шест часа,
  • 10:32 - 10:36
    што беше неверојатно и ја носеше
    пораката: „Дојди дома за Божиќ“.
  • 10:37 - 10:41
    Потоа следуваше мировниот процес,
  • 10:41 - 10:43
    и кога тој започна,
  • 10:43 - 10:46
    целосното размислување
    на герилците се промени.
  • 10:46 - 10:48
    А, се промени затоа што
  • 10:48 - 10:51
    те наведува да помислиш:
    „Па, ако постои мировен процес,
  • 10:51 - 10:53
    ова најверојатно ќе заврши.
  • 10:53 - 10:55
    Некогаш ќе излезам.“
  • 10:55 - 10:57
    И нивните стравови целосно се сменија,
  • 10:57 - 11:00
    и нивите стравови не беа за тоа
    „Дали ќе бидам убиен?“,
  • 11:00 - 11:04
    туку за тоа „Дали ќе бидам отфрлен?
  • 11:04 - 11:07
    Кога ќе излезам од ова,
    дали ќе бидам отфрлен?“
  • 11:07 - 11:10
    Така, минатиот Божиќ, ние запрашавме -
  • 11:10 - 11:14
    ние најдовме 27 мајки на герилци,
  • 11:14 - 11:18
    и ги замоливме да ни дадат
    слики од нивните деца,
  • 11:18 - 11:22
    на кои само тие можат да се препознаа
    за да не ги изложуваме на опасност,
  • 11:22 - 11:26
    и ги замоливме да ни ја дадат
    најмајчинскката порака што постои
  • 11:26 - 11:31
    а, таа е: „Пред да станеш
    герилец, беше мое дете,
  • 11:31 - 11:33
    дојди си дома, јас те чекам.“
  • 11:33 - 11:36
    Можете да ги видите сликите тука.
    Ќе ви покажам неколку.
  • 11:36 - 11:38
    (Аплауз)
  • 11:38 - 11:40
    Ви благодарам.
  • 11:44 - 11:49
    Овие слики беа поставени
    на многу различни места,
  • 11:49 - 11:53
    и многумина од нив се вратија,
  • 11:53 - 11:56
    и тоа беше навистина прекрасно.
  • 11:56 - 11:59
    И, тогаш одлучивме да работиме
    со општеството.
  • 11:59 - 12:02
    Така го направивме тоа
    со мајките околу Божиќ.
  • 12:02 - 12:05
    Сега ајде да зборуваме за останатите луѓе.
  • 12:05 - 12:10
    Можеби знаете за ова, или пак не,
    но имаше Светски Куп годинава,
  • 12:10 - 12:18
    и Колумбија одигра доста добро,
    тоа беше момент на единство за Колумбија.
  • 12:18 - 12:21
    А, тоа што го направивме ние -
    им рековме на герилците:
  • 12:21 - 12:26
    „Дојди, излези од џунглата.
    Ти чуваме место.“
  • 12:26 - 12:31
    Ова беше на телевизија, беше сосема
    поинаков вид на медиум кој вели:
  • 12:31 - 12:33
    „Ти чуваме место.“
  • 12:33 - 12:36
    Војникот на рекламата тука вели:
  • 12:36 - 12:39
    „Ти чувам место токму тука,
    во овој хеликоптер,
  • 12:39 - 12:43
    за да можеш да излезеш од џунглата
    и да уживаш во Светскиот Куп.“
  • 12:43 - 12:46
    Поранешни фудбалери, радио-изведувачи,
  • 12:46 - 12:48
    сите чуваа место за герилците.
  • 12:48 - 12:53
    Откако почнавме да го работиме
    ова пред повеќе од осум години,
  • 12:53 - 12:56
    се демобилизираа повеќе од 17,000 герилци.
  • 12:56 - 13:00
    Јас не -- (Аплауз)
  • 13:00 - 13:03
    Ви благодарам.
  • 13:03 - 13:12
    Јас никако не сакам да кажам дека е така
    поради она што ние го правиме,
  • 13:12 - 13:18
    но тоа што го знам е дека
    нашата работа и тоа што го правиме
  • 13:18 - 13:23
    можеби им помогна на многумина да почнат
    да размислуваат за демобилизација,
  • 13:23 - 13:27
    и можеби им помогна на многумина
    да ја донесат конечната одлука.
  • 13:27 - 13:33
    Доколку е вистина, рекламата сеуште е една
    од најмоќните алатки за промена
  • 13:33 - 13:36
    која ни е достапна.
  • 13:36 - 13:39
    И тоа не го кажувам само во мое име,
  • 13:39 - 13:41
    туку во име на сите колеги
    кои ги гледам тука,
  • 13:41 - 13:43
    а кои работаат со реклами,
  • 13:43 - 13:47
    и во името на целиот тим кој работеше
    со мене за да се изведе ова,
  • 13:47 - 13:50
    дека - ако сакате да го промените светот,
  • 13:50 - 13:52
    или ако сакате да има мир,
    ве молиме јавете се.
  • 13:52 - 13:54
    Би сакале да помогнеме.
  • 13:54 - 13:55
    Ви благодарам.
  • 13:55 - 14:01
    (Аплауз)
Title:
Како божиќните светилки им помогнаа на герилците да го положат оружјето
Speaker:
Хозе Мигел Соколоф
Description:

Колубија е земја со исклучителна убавина и ветувања, но исто така и земја каде што герилското движење F.A.R.C. поттикнува насилство веќе 50 години. „Во мојот животен век, немам доживеано еден ден мир во мојата земја.“, вели Хозе Мигел Соколоф. Овој маркетинг-извршител, заедно со својот тим открил можност како да повлијае на герилските срца и умови со божиќни дрвца и лични пораки, стретегиски поставени низ џунглата. Ова е осврт на креативните пораки кои наведоа илјадници герилци да ја напуштат војната, и на кључните размислувања кои стојат зад овие изненадувачки тактики

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
14:22

Macedonian subtitles

Revisions