1 00:00:00,813 --> 00:00:03,641 Многу размислував за тоа кој збор прв да го кажам денес, 2 00:00:03,641 --> 00:00:06,155 и се одлучив за „Колумбија“. 3 00:00:06,155 --> 00:00:10,214 А причината, не знам колкумина од вас ја имаат посетено Колумбија, 4 00:00:10,214 --> 00:00:13,064 но Колумбија се наоѓа северно од границата со Бразил. 5 00:00:13,064 --> 00:00:14,271 Таа е многу убава земја, 6 00:00:14,271 --> 00:00:17,727 со необични луѓе, како мене и некои други - (Смеа) - 7 00:00:17,727 --> 00:00:23,157 и е населена со неверојатна флора и фауна. 8 00:00:23,157 --> 00:00:27,324 Има вода, има сè за да биде совршено место. 9 00:00:27,324 --> 00:00:29,052 Но, имаме некои проблеми. 10 00:00:29,052 --> 00:00:30,722 Можеби сте чуле за некои од нив. 11 00:00:30,722 --> 00:00:34,415 Ние ја имаме најстарата герила во светот. 12 00:00:34,415 --> 00:00:36,414 Постои повеќе од 50 години, 13 00:00:36,414 --> 00:00:39,177 што значи дека во мојот животен век, 14 00:00:39,177 --> 00:00:43,852 никогаш немам доживеано еден ден мир во мојата земја. 15 00:00:43,852 --> 00:00:47,725 Овие герилци - а клучната група cе FARC герилците, 16 00:00:47,725 --> 00:00:50,142 Револуционерни вооружени сили на Колумбија, 17 00:00:50,142 --> 00:00:57,631 тие ја финансираат својата војна преку киднапирања, изнуди, 18 00:00:57,631 --> 00:01:01,480 преку трговијата со дрога, преку нелегално копање руда. 19 00:01:01,480 --> 00:01:05,301 Има тероризам. Има и случајно паднати бомби. 20 00:01:05,301 --> 00:01:09,576 Така што - не е добро. Не е многу добро. 21 00:01:09,576 --> 00:01:14,376 ,А,доколку ја видите цената на оваа војна платена со човечки животи, 22 00:01:14,376 --> 00:01:19,197 имаме расселено население повеќе од 5,7 милиони жители. 23 00:01:19,197 --> 00:01:22,265 Тоа е едно од најбројното расселено население во светот, 24 00:01:22,265 --> 00:01:26,374 а, овој конфликт нè чини и повеќе од 220,000 животи. 25 00:01:26,374 --> 00:01:29,432 Така што тоа е слично на боливарските војни - одново. 26 00:01:29,432 --> 00:01:32,587 Тоа се многу луѓе кои непотребно умреле. 27 00:01:32,587 --> 00:01:35,665 Сега сме на средината од мировните преговори, 28 00:01:35,665 --> 00:01:38,958 и се обидуваме да помогнеме овој проблем мирно да се разреши, 29 00:01:38,958 --> 00:01:40,518 и како дел од тоа, 30 00:01:40,518 --> 00:01:44,427 одлучивме да се обидеме со нешто целосно поинакво. 31 00:01:44,427 --> 00:01:46,471 Божиќни светилки. 32 00:01:46,471 --> 00:01:48,977 Па, божиќни светилки, и вие си велите, 33 00:01:48,977 --> 00:01:51,893 за што по ѓаволите ќе зборува овој тип? 34 00:01:52,173 --> 00:01:56,785 Ќе зборувам за огромни дрвја 35 00:01:56,785 --> 00:02:02,412 кои ги поставивме на девет стратегиски патеки во џунглата, 36 00:02:02,412 --> 00:02:04,421 прекриени со божиќни светилки. 37 00:02:04,421 --> 00:02:10,599 Овие дрвја ни помогнаа да демобилизираме 331 герилец, 38 00:02:10,599 --> 00:02:15,097 околу пет проценти од герилските трупи во тоа време. 39 00:02:15,097 --> 00:02:17,675 Дрвјата беа вклучувани ноќе, 40 00:02:17,675 --> 00:02:20,044 и имаа знак покрај нив 41 00:02:20,044 --> 00:02:24,735 кој гласеше: „Ако може Божиќ да дојде во џунглата, и ти можеш да дојдеш дома. 42 00:02:24,735 --> 00:02:26,435 Демобилизирај се. 43 00:02:26,435 --> 00:02:28,916 Сè е возможно на Божиќ.“ 44 00:02:28,916 --> 00:02:32,209 Па, како знаеме дека овие дрвја функционираа? 45 00:02:32,209 --> 00:02:34,215 Па, добивме 331, што е ок, 46 00:02:34,215 --> 00:02:39,480 но, ние исто така знаеме дека не ги виделе многумина герилци, 47 00:02:39,480 --> 00:02:41,984 но, знаеме дека многумина герилци слушнале за нив, 48 00:02:41,984 --> 00:02:43,191 и го знаеме ова 49 00:02:43,191 --> 00:02:46,295 бидејќи постојано зборуваме за демобилизација на герилците. 50 00:02:46,295 --> 00:02:49,050 Дозволете ми да ве одведам 4 години пред ова со дрвјата. 51 00:02:49,050 --> 00:02:52,735 Четири години пред ова со дрвјата, Владата ни пристапи 52 00:02:52,735 --> 00:02:56,882 за да им помогнеме да смислат комуникациска стратегија 53 00:02:56,882 --> 00:03:00,082 за да извлечеме што е можно повеќе герилци надвор од џунглата. 54 00:03:00,082 --> 00:03:02,534 Владата имаше воена стратегија, 55 00:03:02,534 --> 00:03:03,862 имаше правна стратегија, 56 00:03:03,862 --> 00:03:06,691 имаше и политичка стратегија, но рече 57 00:03:06,691 --> 00:03:09,036 „Ние баш и немаме комуникациска стратегија, 58 00:03:09,036 --> 00:03:11,987 а веројатно би било добро да имаме.“, 59 00:03:11,987 --> 00:03:16,373 па одлучивме веднаш да се вклучиме во ова, 60 00:03:16,373 --> 00:03:21,588 затоа што е можност да се влијае врз резултатот од конфликтот 61 00:03:21,588 --> 00:03:25,684 со тоа што може да го направиме, со алатките кои ги поседуваме. 62 00:03:26,264 --> 00:03:28,493 Но, ние не знаевме многу за тоа. 63 00:03:28,493 --> 00:03:31,709 Не разбиравме дека во Колумбија, ако живеете во градовите, 64 00:03:31,709 --> 00:03:34,803 вие сте многу далеку од местото каде што се случува војната, 65 00:03:34,803 --> 00:03:36,816 па и не ја разбирате многу, 66 00:03:36,816 --> 00:03:38,982 и ја замоливме Владата да ни даде пристап 67 00:03:38,982 --> 00:03:41,524 до колку што е можно повеќе демобилизирани герилци. 68 00:03:41,524 --> 00:03:43,980 И зборувавме со околу 60-тина од нив, 69 00:03:43,980 --> 00:03:49,074 пред да почувствуваме дека целосно сме го сфатиле проблемот. 70 00:03:49,074 --> 00:03:52,386 Ние зборувавме за - тие ни кажаа зошто им се приклучиле на герилците, 71 00:03:52,386 --> 00:03:55,025 зошто ги напуштиле герилците, кои биле нивните сништа, 72 00:03:55,025 --> 00:03:56,713 какви биле нивните фрустрации, 73 00:03:56,713 --> 00:04:01,173 и од тие разговори дојдовме до основната идеја 74 00:04:01,173 --> 00:04:03,670 која ја предводеше целата оваа кампања, 75 00:04:03,670 --> 00:04:09,060 а која вели дека герилците се затвореници на своите организации, 76 00:04:09,060 --> 00:04:11,533 колку што се и луѓето кои ги држат како заложници. 77 00:04:11,533 --> 00:04:14,313 И на почетокот, ние бевме доста погодени од овие приказни, 78 00:04:14,313 --> 00:04:16,596 бевме доста воодушевени од овие приказни, 79 00:04:16,596 --> 00:04:19,735 и мислевме дека можеби најдобриот начин да се зборува со герилците 80 00:04:19,735 --> 00:04:22,570 е да се натераат да зборуваат едни со други, 81 00:04:22,570 --> 00:04:27,354 па снимивме околу стотина различни приказни во текот на првата година, 82 00:04:27,354 --> 00:04:29,722 и ги поставивме на радио и телевизија 83 00:04:29,722 --> 00:04:34,067 за герилците во џунглата да можат да слушнат приказни, нивните приказни, 84 00:04:34,067 --> 00:04:36,415 или приказни слични на нивните, 85 00:04:36,415 --> 00:04:39,195 и кога ги слушнаа, одлучија да излезат. 86 00:04:39,195 --> 00:04:41,789 Сакам да ви раскажам една од овие приказни. 87 00:04:41,789 --> 00:04:44,443 Личноста која ја гледате тука е Џовани Андрес. 88 00:04:44,443 --> 00:04:47,274 Џовани Андрес имаше 25 год. кога е направена фотографијата. 89 00:04:47,274 --> 00:04:51,963 Тој бил седум години со герилците и скоро се имаше демобилизирано. 90 00:04:51,963 --> 00:04:54,528 Неговата приказна е следна: 91 00:04:54,528 --> 00:04:57,724 тој бил регрутиран кога имал 17, 92 00:04:57,724 --> 00:05:02,909 и по некое време, во неговата ескадрила 93 00:05:02,909 --> 00:05:08,085 била регрутирана една убава девојка, и тие се заљубиле. 94 00:05:08,085 --> 00:05:11,956 Нивните разговори биле за тоа какво ќе им биде семејството, 95 00:05:11,957 --> 00:05:14,288 кои имиња ќе ги одберат за децата, 96 00:05:14,288 --> 00:05:16,885 каков ќе им биде животот кога ќе ја напуштат герилата. 97 00:05:16,885 --> 00:05:18,342 Но, испадна дека 98 00:05:18,342 --> 00:05:21,935 љубовта е строго забранета во пониските герилски ранкови, 99 00:05:21,935 --> 00:05:25,298 па нивната романса била откриена и тие биле одвоени. 100 00:05:25,298 --> 00:05:28,711 Тој бил испратен многу далеку, а таа била оставена таму. 101 00:05:28,711 --> 00:05:31,368 Таа била доста запознаена со територијата, 102 00:05:31,368 --> 00:05:33,949 па така, една вечер, додека била на стража, 103 00:05:33,949 --> 00:05:35,650 си заминала, 104 00:05:35,650 --> 00:05:39,112 отишла во армијата, се демобилизирала, 105 00:05:39,112 --> 00:05:42,996 и таа беше едно од лицата со кои имавме среќа да разговараме, 106 00:05:42,996 --> 00:05:45,346 и бевме навистина трогнати од нејзината приказна, 107 00:05:45,346 --> 00:05:47,714 па направивме радио-спот, 108 00:05:47,714 --> 00:05:50,640 и излезе дека, сосема случајно, 109 00:05:50,640 --> 00:05:54,123 многу далеку, многу, многу километри северно, 110 00:05:54,123 --> 00:05:57,281 тој ја слушнал на радио, 111 00:05:57,281 --> 00:06:01,851 и кога ја слушнал на радио, си рекол: „Што правам јас овде? 112 00:06:01,851 --> 00:06:07,293 Таа имала храброст да излезе. И јас морам да го направам истото.“ 113 00:06:07,293 --> 00:06:08,691 И го направил. 114 00:06:08,691 --> 00:06:11,589 Пешачел два дена и две ноќи, 115 00:06:11,589 --> 00:06:13,952 го ризикувал животот и излегол, 116 00:06:13,952 --> 00:06:16,913 и единствената работа која ја сакал е да ја види неа. 117 00:06:16,913 --> 00:06:20,439 Единствената работа во неговиот ум била да ја види неа. 118 00:06:20,439 --> 00:06:23,356 Според приказната, тие навистина се сретнале. 119 00:06:23,356 --> 00:06:25,887 Знам дека се прашувате дали се сретнале. 120 00:06:25,887 --> 00:06:27,136 Тие се сретнале. 121 00:06:27,136 --> 00:06:31,139 Таа била регрутирана на 15, а заминала на 17, 122 00:06:31,139 --> 00:06:33,199 па имало и многу други компликации, 123 00:06:33,199 --> 00:06:34,931 но на крајот, се сретнале. 124 00:06:34,931 --> 00:06:40,206 Не знам дали и сега се заедно, но можам да дознаам. (Смеа) 125 00:06:40,206 --> 00:06:48,177 Но, тоа што можам да ви го кажам е дека нашата радио-стратегија функционираше. 126 00:06:48,177 --> 00:06:51,861 Проблемот беше во тоа што функционираше во пониските ранкови на герилата. 127 00:06:51,861 --> 00:06:54,224 Не фукционираше кај командирите, 128 00:06:54,224 --> 00:06:56,435 луѓето кои е потешко да се заменат, 129 00:06:56,435 --> 00:07:02,013 зашто лесно можете да регрутирате, но не можете да допрете до постарите командири. 130 00:07:02,013 --> 00:07:05,696 Па си помисливме, ќе ја користиме истата стратегија. 131 00:07:05,696 --> 00:07:08,262 Ќе имаме командири кои ќе зборуваат со командирите. 132 00:07:08,262 --> 00:07:12,038 Дури и отидовме дотаму што ги замоливме поранешните командири од герилата 133 00:07:12,038 --> 00:07:14,773 да летаат во хеликоптери со микрофони 134 00:07:14,773 --> 00:07:18,234 кажувајќи им на луѓето кои порано се бореле со нив: 135 00:07:18,234 --> 00:07:20,347 „Има подобар живот надвор од ова.“ 136 00:07:20,347 --> 00:07:22,924 „Добро ми оди.“, „Ова не вреди.“, итн. 137 00:07:22,924 --> 00:07:28,030 Но, како што можете да замислите, беше многу лесно да ни се спротивстават, 138 00:07:28,030 --> 00:07:30,583 затоа што - што имаше герилата да каже? 139 00:07:30,583 --> 00:07:33,791 „Да, секако, ако не го направи тоа, ќе биде убиен.“ 140 00:07:33,791 --> 00:07:37,856 Па беше лесно, одеднаш бевме оставени без ништо, 141 00:07:37,856 --> 00:07:40,135 затоа што герилците ја ширеа приказната дека 142 00:07:40,135 --> 00:07:42,846 сето тоа се прави, 143 00:07:42,846 --> 00:07:48,348 затоа што ако не го направат, тие се во опасност. 144 00:07:48,348 --> 00:07:51,512 И некој, некоја брилијантна личност во нашиот тим, 145 00:07:51,512 --> 00:07:55,150 се врати и рече, „Знаете што забележав? 146 00:07:55,150 --> 00:07:58,707 Заабележав дека околу Божиќ, 147 00:07:58,707 --> 00:08:01,398 демобилизацијата има поголем пораст 148 00:08:01,398 --> 00:08:04,393 откако е почната војнава.“ 149 00:08:04,393 --> 00:08:07,000 И тоа беше неверојатно, 150 00:08:07,000 --> 00:08:12,481 затоа што тоа нè наведе да сфатиме дека треба да зборуваме со човечкото суштество, 151 00:08:12,481 --> 00:08:14,052 не со војникот. 152 00:08:14,052 --> 00:08:16,189 Требаше да отстапиме од зборувањето 153 00:08:16,189 --> 00:08:21,459 во однос влада - војска, војска - војска, 154 00:08:21,459 --> 00:08:24,756 и потребно беше да зборуваме за универзалните вредности, 155 00:08:24,756 --> 00:08:27,218 и потребно ни беше да зборуваме за човечноста. 156 00:08:27,218 --> 00:08:30,592 И тогаш се случи божиќното дрво. 157 00:08:30,592 --> 00:08:32,599 Оваа слика тука, 158 00:08:32,599 --> 00:08:35,791 гледате, тоа е планирањето на божиќните дрвја 159 00:08:35,791 --> 00:08:39,540 а тој човек кој го гледате таму со трите ѕвезди, 160 00:08:39,540 --> 00:08:41,669 тој е капетан Хуан Мануел Валдез. 161 00:08:41,669 --> 00:08:46,640 Капетанот Валдез беше првиот високо-рангиран службеник 162 00:08:46,640 --> 00:08:50,503 кој ни даде хеликоптери и потребната поддршка 163 00:08:50,503 --> 00:08:52,853 за да ги поставиме овие божиќни дрвја, 164 00:08:52,853 --> 00:08:56,145 на таа средба тој рече нешто што никогаш нема да го заборавам. 165 00:08:56,145 --> 00:09:03,339 Рече: „Сакам да го направам ова затоа што дарежливоста ме прави посилен, 166 00:09:03,339 --> 00:09:05,691 ги прави моите луѓе да се чувствуваат посилни.“ 167 00:09:05,691 --> 00:09:08,431 И доста сум чувствителен кога ќе се сетам на него, 168 00:09:08,431 --> 00:09:12,816 затоа што подоцна беше убиен во борба и навистина ни недостига, 169 00:09:12,816 --> 00:09:19,092 но сакав да го видите, затоа што тој беше многу, многу значаен. 170 00:09:19,092 --> 00:09:23,220 Тој ни ја даде сета потребна поддршка да ги поставиме божиќните дрвја. 171 00:09:23,220 --> 00:09:25,953 Подоцна герилците кои излегоа 172 00:09:25,953 --> 00:09:29,573 за време на операцијата со божиќните дрвја рекоа: 173 00:09:29,573 --> 00:09:33,369 „Тоа е многу добро, божиќните дрвја се многу кул, 174 00:09:33,369 --> 00:09:35,899 но, знаете што? Ние не пешачиме повеќе. 175 00:09:35,899 --> 00:09:37,351 Ги употребуваме реките.“ 176 00:09:37,351 --> 00:09:40,738 Па, реките се автопатите на џунглата, 177 00:09:40,738 --> 00:09:42,935 и ова е нешто кое го научивме, 178 00:09:42,935 --> 00:09:48,237 и поголемиот дел од регрутирањето беше правено во и околу речните села. 179 00:09:48,237 --> 00:09:50,520 Па, отидовме во овие села, 180 00:09:50,520 --> 00:09:52,421 и ги запрашавме луѓето, 181 00:09:52,421 --> 00:09:55,775 и најверојатно некои од нив беа непосредни познаници на герилците. 182 00:09:55,775 --> 00:09:59,769 Ги запрашавме: „Можете ли да им испратите порака на герилците?“ 183 00:09:59,769 --> 00:10:03,159 Собравме повеќе од 6,000 пораки. 184 00:10:03,159 --> 00:10:05,805 Некои од нив беа белешки кои велеа „Излезете“. 185 00:10:05,805 --> 00:10:08,522 Некоибеа играчки. Некои беа слатки. 186 00:10:08,522 --> 00:10:12,712 Луѓето дури го вадеа својот накит, нивните малечки крстови и религиски предмети, 187 00:10:12,725 --> 00:10:18,140 и ги ставаа во пловечките топки кои ги испраќавме долж реките, 188 00:10:18,140 --> 00:10:20,735 за да можат да бидат соберени ноќе. 189 00:10:20,735 --> 00:10:23,093 И, испративме илјадници од нив долж реките, 190 00:10:23,093 --> 00:10:25,263 а потоа ги збиравме аконе беа собрани. 191 00:10:25,263 --> 00:10:26,795 Но, многу од нив беа собрани. 192 00:10:26,795 --> 00:10:31,686 Во просек, вака се постигна демобилизација на секои шест часа, 193 00:10:31,686 --> 00:10:35,746 што беше неверојатно и ја носеше пораката: „Дојди дома за Божиќ“. 194 00:10:36,920 --> 00:10:41,001 Потоа следуваше мировниот процес, 195 00:10:41,001 --> 00:10:43,442 и кога тој започна, 196 00:10:43,442 --> 00:10:45,762 целосното размислување на герилците се промени. 197 00:10:45,762 --> 00:10:48,087 А, се промени затоа што 198 00:10:48,087 --> 00:10:50,836 те наведува да помислиш: „Па, ако постои мировен процес, 199 00:10:50,836 --> 00:10:52,778 ова најверојатно ќе заврши. 200 00:10:52,778 --> 00:10:54,890 Некогаш ќе излезам.“ 201 00:10:54,890 --> 00:10:57,096 И нивните стравови целосно се сменија, 202 00:10:57,096 --> 00:11:00,324 и нивите стравови не беа за тоа „Дали ќе бидам убиен?“, 203 00:11:00,324 --> 00:11:03,923 туку за тоа „Дали ќе бидам отфрлен? 204 00:11:03,923 --> 00:11:06,732 Кога ќе излезам од ова, дали ќе бидам отфрлен?“ 205 00:11:06,732 --> 00:11:09,803 Така, минатиот Божиќ, ние запрашавме - 206 00:11:09,803 --> 00:11:13,550 ние најдовме 27 мајки на герилци, 207 00:11:13,550 --> 00:11:17,784 и ги замоливме да ни дадат слики од нивните деца, 208 00:11:17,784 --> 00:11:21,989 на кои само тие можат да се препознаа за да не ги изложуваме на опасност, 209 00:11:21,989 --> 00:11:26,265 и ги замоливме да ни ја дадат најмајчинскката порака што постои 210 00:11:26,265 --> 00:11:30,857 а, таа е: „Пред да станеш герилец, беше мое дете, 211 00:11:30,857 --> 00:11:33,109 дојди си дома, јас те чекам.“ 212 00:11:33,109 --> 00:11:36,261 Можете да ги видите сликите тука. Ќе ви покажам неколку. 213 00:11:36,261 --> 00:11:37,605 (Аплауз) 214 00:11:37,605 --> 00:11:39,803 Ви благодарам. 215 00:11:43,552 --> 00:11:48,730 Овие слики беа поставени на многу различни места, 216 00:11:48,730 --> 00:11:52,892 и многумина од нив се вратија, 217 00:11:52,892 --> 00:11:55,840 и тоа беше навистина прекрасно. 218 00:11:55,840 --> 00:11:59,315 И, тогаш одлучивме да работиме со општеството. 219 00:11:59,315 --> 00:12:01,972 Така го направивме тоа со мајките околу Божиќ. 220 00:12:01,972 --> 00:12:04,826 Сега ајде да зборуваме за останатите луѓе. 221 00:12:04,826 --> 00:12:10,188 Можеби знаете за ова, или пак не, но имаше Светски Куп годинава, 222 00:12:10,190 --> 00:12:17,617 и Колумбија одигра доста добро, тоа беше момент на единство за Колумбија. 223 00:12:17,617 --> 00:12:21,453 А, тоа што го направивме ние - им рековме на герилците: 224 00:12:21,453 --> 00:12:25,510 „Дојди, излези од џунглата. Ти чуваме место.“ 225 00:12:25,510 --> 00:12:30,575 Ова беше на телевизија, беше сосема поинаков вид на медиум кој вели: 226 00:12:30,575 --> 00:12:33,037 „Ти чуваме место.“ 227 00:12:33,037 --> 00:12:36,056 Војникот на рекламата тука вели: 228 00:12:36,056 --> 00:12:38,921 „Ти чувам место токму тука, во овој хеликоптер, 229 00:12:38,921 --> 00:12:42,734 за да можеш да излезеш од џунглата и да уживаш во Светскиот Куп.“ 230 00:12:42,734 --> 00:12:45,901 Поранешни фудбалери, радио-изведувачи, 231 00:12:45,901 --> 00:12:48,195 сите чуваа место за герилците. 232 00:12:48,195 --> 00:12:52,970 Откако почнавме да го работиме ова пред повеќе од осум години, 233 00:12:52,970 --> 00:12:56,397 се демобилизираа повеќе од 17,000 герилци. 234 00:12:56,397 --> 00:13:00,436 Јас не -- (Аплауз) 235 00:13:00,436 --> 00:13:03,017 Ви благодарам. 236 00:13:03,017 --> 00:13:11,714 Јас никако не сакам да кажам дека е така поради она што ние го правиме, 237 00:13:11,714 --> 00:13:18,288 но тоа што го знам е дека нашата работа и тоа што го правиме 238 00:13:18,288 --> 00:13:22,960 можеби им помогна на многумина да почнат да размислуваат за демобилизација, 239 00:13:22,960 --> 00:13:26,968 и можеби им помогна на многумина да ја донесат конечната одлука. 240 00:13:26,968 --> 00:13:33,498 Доколку е вистина, рекламата сеуште е една од најмоќните алатки за промена 241 00:13:33,498 --> 00:13:35,740 која ни е достапна. 242 00:13:35,740 --> 00:13:38,631 И тоа не го кажувам само во мое име, 243 00:13:38,631 --> 00:13:40,975 туку во име на сите колеги кои ги гледам тука, 244 00:13:40,975 --> 00:13:42,639 а кои работаат со реклами, 245 00:13:42,639 --> 00:13:46,665 и во името на целиот тим кој работеше со мене за да се изведе ова, 246 00:13:46,665 --> 00:13:49,914 дека - ако сакате да го промените светот, 247 00:13:49,914 --> 00:13:52,375 или ако сакате да има мир, ве молиме јавете се. 248 00:13:52,375 --> 00:13:53,875 Би сакале да помогнеме. 249 00:13:53,875 --> 00:13:55,238 Ви благодарам. 250 00:13:55,238 --> 00:14:00,712 (Аплауз)