0:00:00.813,0:00:03.641 Многу размислував за тоа кој[br]збор прв да го кажам денес, 0:00:03.641,0:00:06.155 и се одлучив за „Колумбија“. 0:00:06.155,0:00:10.214 А причината, не знам колкумина[br]од вас ја имаат посетено Колумбија, 0:00:10.214,0:00:13.064 но Колумбија се наоѓа северно [br]од границата со Бразил. 0:00:13.064,0:00:14.271 Таа е многу убава земја, 0:00:14.271,0:00:17.727 со необични луѓе, како мене[br]и некои други - (Смеа) - 0:00:17.727,0:00:23.157 и е населена со неверојатна флора и фауна. 0:00:23.157,0:00:27.324 Има вода, има сè за да биде[br]совршено место. 0:00:27.324,0:00:29.052 Но, имаме некои проблеми. 0:00:29.052,0:00:30.722 Можеби сте чуле за некои од нив. 0:00:30.722,0:00:34.415 Ние ја имаме најстарата герила во светот. 0:00:34.415,0:00:36.414 Постои повеќе од 50 години, 0:00:36.414,0:00:39.177 што значи дека во мојот животен век, 0:00:39.177,0:00:43.852 никогаш немам доживеано еден ден[br]мир во мојата земја. 0:00:43.852,0:00:47.725 Овие герилци - а клучната група[br]cе FARC герилците, 0:00:47.725,0:00:50.142 Револуционерни вооружени[br]сили на Колумбија, 0:00:50.142,0:00:57.631 тие ја финансираат својата војна[br]преку киднапирања, изнуди, 0:00:57.631,0:01:01.480 преку трговијата со дрога, [br]преку нелегално копање руда. 0:01:01.480,0:01:05.301 Има тероризам. Има и случајно[br]паднати бомби. 0:01:05.301,0:01:09.576 Така што - не е добро. Не е многу добро. 0:01:09.576,0:01:14.376 ,А,доколку ја видите цената на оваа војна[br]платена со човечки животи, 0:01:14.376,0:01:19.197 имаме расселено население[br]повеќе од 5,7 милиони жители. 0:01:19.197,0:01:22.265 Тоа е едно од најбројното расселено[br]население во светот, 0:01:22.265,0:01:26.374 а, овој конфликт нè чини[br]и повеќе од 220,000 животи. 0:01:26.374,0:01:29.432 Така што тоа е слично на [br]боливарските војни - одново. 0:01:29.432,0:01:32.587 Тоа се многу луѓе кои непотребно умреле. 0:01:32.587,0:01:35.665 Сега сме на средината[br]од мировните преговори, 0:01:35.665,0:01:38.958 и се обидуваме да помогнеме[br]овој проблем мирно да се разреши, 0:01:38.958,0:01:40.518 и како дел од тоа, 0:01:40.518,0:01:44.427 одлучивме да се обидеме со нешто [br]целосно поинакво. 0:01:44.427,0:01:46.471 Божиќни светилки. 0:01:46.471,0:01:48.977 Па, божиќни светилки, и вие си велите, 0:01:48.977,0:01:51.893 за што по ѓаволите ќе зборува овој тип? 0:01:52.173,0:01:56.785 Ќе зборувам за огромни дрвја 0:01:56.785,0:02:02.412 кои ги поставивме на девет [br]стратегиски патеки во џунглата, 0:02:02.412,0:02:04.421 прекриени со божиќни светилки. 0:02:04.421,0:02:10.599 Овие дрвја ни помогнаа да [br]демобилизираме 331 герилец, 0:02:10.599,0:02:15.097 околу пет проценти од герилските [br]трупи во тоа време. 0:02:15.097,0:02:17.675 Дрвјата беа вклучувани ноќе, 0:02:17.675,0:02:20.044 и имаа знак покрај нив 0:02:20.044,0:02:24.735 кој гласеше: „Ако може Божиќ да дојде [br]во џунглата, и ти можеш да дојдеш дома. 0:02:24.735,0:02:26.435 Демобилизирај се. 0:02:26.435,0:02:28.916 Сè е возможно на Божиќ.“ 0:02:28.916,0:02:32.209 Па, како знаеме дека[br]овие дрвја функционираа? 0:02:32.209,0:02:34.215 Па, добивме 331, што е ок, 0:02:34.215,0:02:39.480 но, ние исто така знаеме дека[br]не ги виделе многумина герилци, 0:02:39.480,0:02:41.984 но, знаеме дека многумина[br]герилци слушнале за нив, 0:02:41.984,0:02:43.191 и го знаеме ова 0:02:43.191,0:02:46.295 бидејќи постојано зборуваме[br]за демобилизација на герилците. 0:02:46.295,0:02:49.050 Дозволете ми да ве одведам[br]4 години пред ова со дрвјата. 0:02:49.050,0:02:52.735 Четири години пред ова со дрвјата,[br]Владата ни пристапи 0:02:52.735,0:02:56.882 за да им помогнеме да смислат [br]комуникациска стратегија 0:02:56.882,0:03:00.082 за да извлечеме што е можно повеќе[br]герилци надвор од џунглата. 0:03:00.082,0:03:02.534 Владата имаше воена стратегија, 0:03:02.534,0:03:03.862 имаше правна стратегија, 0:03:03.862,0:03:06.691 имаше и политичка стратегија, но рече 0:03:06.691,0:03:09.036 „Ние баш и немаме комуникациска[br]стратегија, 0:03:09.036,0:03:11.987 а веројатно би било добро да имаме.“, 0:03:11.987,0:03:16.373 па одлучивме веднаш да се вклучиме во ова, 0:03:16.373,0:03:21.588 затоа што е можност да се влијае[br]врз резултатот од конфликтот 0:03:21.588,0:03:25.684 со тоа што може да го направиме,[br]со алатките кои ги поседуваме. 0:03:26.264,0:03:28.493 Но, ние не знаевме многу за тоа. 0:03:28.493,0:03:31.709 Не разбиравме дека во Колумбија, [br]ако живеете во градовите, 0:03:31.709,0:03:34.803 вие сте многу далеку од местото[br]каде што се случува војната, 0:03:34.803,0:03:36.816 па и не ја разбирате многу, 0:03:36.816,0:03:38.982 и ја замоливме Владата да ни даде пристап 0:03:38.982,0:03:41.524 до колку што е можно повеќе[br]демобилизирани герилци. 0:03:41.524,0:03:43.980 И зборувавме со околу 60-тина од нив, 0:03:43.980,0:03:49.074 пред да почувствуваме дека целосно[br]сме го сфатиле проблемот. 0:03:49.074,0:03:52.386 Ние зборувавме за - тие ни кажаа [br]зошто им се приклучиле на герилците, 0:03:52.386,0:03:55.025 зошто ги напуштиле герилците, [br]кои биле нивните сништа, 0:03:55.025,0:03:56.713 какви биле нивните фрустрации, 0:03:56.713,0:04:01.173 и од тие разговори дојдовме[br]до основната идеја 0:04:01.173,0:04:03.670 која ја предводеше целата оваа кампања, 0:04:03.670,0:04:09.060 а која вели дека герилците се затвореници[br]на своите организации, 0:04:09.060,0:04:11.533 колку што се и луѓето [br]кои ги држат како заложници. 0:04:11.533,0:04:14.313 И на почетокот, ние бевме доста[br]погодени од овие приказни, 0:04:14.313,0:04:16.596 бевме доста воодушевени [br]од овие приказни, 0:04:16.596,0:04:19.735 и мислевме дека можеби најдобриот[br]начин да се зборува со герилците 0:04:19.735,0:04:22.570 е да се натераат да зборуваат[br]едни со други, 0:04:22.570,0:04:27.354 па снимивме околу стотина различни[br]приказни во текот на првата година, 0:04:27.354,0:04:29.722 и ги поставивме на радио и телевизија 0:04:29.722,0:04:34.067 за герилците во џунглата да можат[br]да слушнат приказни, нивните приказни, 0:04:34.067,0:04:36.415 или приказни слични на нивните, 0:04:36.415,0:04:39.195 и кога ги слушнаа, [br]одлучија да излезат. 0:04:39.195,0:04:41.789 Сакам да ви раскажам[br]една од овие приказни. 0:04:41.789,0:04:44.443 Личноста која ја гледате [br]тука е Џовани Андрес. 0:04:44.443,0:04:47.274 Џовани Андрес имаше 25 год.[br]кога е направена фотографијата. 0:04:47.274,0:04:51.963 Тој бил седум години со герилците[br]и скоро се имаше демобилизирано. 0:04:51.963,0:04:54.528 Неговата приказна е следна: 0:04:54.528,0:04:57.724 тој бил регрутиран кога имал 17, 0:04:57.724,0:05:02.909 и по некое време, во неговата ескадрила 0:05:02.909,0:05:08.085 била регрутирана една убава девојка,[br]и тие се заљубиле. 0:05:08.085,0:05:11.956 Нивните разговори биле за тоа [br]какво ќе им биде семејството, 0:05:11.957,0:05:14.288 кои имиња ќе ги одберат за децата, 0:05:14.288,0:05:16.885 каков ќе им биде животот [br]кога ќе ја напуштат герилата. 0:05:16.885,0:05:18.342 Но, испадна дека 0:05:18.342,0:05:21.935 љубовта е строго забранета во пониските[br]герилски ранкови, 0:05:21.935,0:05:25.298 па нивната романса била откриена[br]и тие биле одвоени. 0:05:25.298,0:05:28.711 Тој бил испратен многу далеку,[br]а таа била оставена таму. 0:05:28.711,0:05:31.368 Таа била доста запознаена со територијата, 0:05:31.368,0:05:33.949 па така, една вечер, [br]додека била на стража, 0:05:33.949,0:05:35.650 си заминала, 0:05:35.650,0:05:39.112 отишла во армијата, се демобилизирала, 0:05:39.112,0:05:42.996 и таа беше едно од лицата со кои[br]имавме среќа да разговараме, 0:05:42.996,0:05:45.346 и бевме навистина трогнати[br]од нејзината приказна, 0:05:45.346,0:05:47.714 па направивме радио-спот, 0:05:47.714,0:05:50.640 и излезе дека, сосема случајно, 0:05:50.640,0:05:54.123 многу далеку, многу,[br]многу километри северно, 0:05:54.123,0:05:57.281 тој ја слушнал на радио, 0:05:57.281,0:06:01.851 и кога ја слушнал на радио, си рекол:[br]„Што правам јас овде? 0:06:01.851,0:06:07.293 Таа имала храброст да излезе. [br]И јас морам да го направам истото.“ 0:06:07.293,0:06:08.691 И го направил. 0:06:08.691,0:06:11.589 Пешачел два дена и две ноќи, 0:06:11.589,0:06:13.952 го ризикувал животот и излегол, 0:06:13.952,0:06:16.913 и единствената работа [br]која ја сакал е да ја види неа. 0:06:16.913,0:06:20.439 Единствената работа во неговиот ум[br]била да ја види неа. 0:06:20.439,0:06:23.356 Според приказната,[br]тие навистина се сретнале. 0:06:23.356,0:06:25.887 Знам дека се прашувате дали се сретнале. 0:06:25.887,0:06:27.136 Тие се сретнале. 0:06:27.136,0:06:31.139 Таа била регрутирана на 15, [br]а заминала на 17, 0:06:31.139,0:06:33.199 па имало и многу други компликации, 0:06:33.199,0:06:34.931 но на крајот, се сретнале. 0:06:34.931,0:06:40.206 Не знам дали и сега се заедно, [br]но можам да дознаам. (Смеа) 0:06:40.206,0:06:48.177 Но, тоа што можам да ви го кажам е дека[br]нашата радио-стратегија функционираше. 0:06:48.177,0:06:51.861 Проблемот беше во тоа што функционираше[br]во пониските ранкови на герилата. 0:06:51.861,0:06:54.224 Не фукционираше кај командирите, 0:06:54.224,0:06:56.435 луѓето кои е потешко да се заменат, 0:06:56.435,0:07:02.013 зашто лесно можете да регрутирате, но не[br]можете да допрете до постарите командири. 0:07:02.013,0:07:05.696 Па си помисливме, ќе ја користиме[br]истата стратегија. 0:07:05.696,0:07:08.262 Ќе имаме командири кои ќе зборуваат[br]со командирите. 0:07:08.262,0:07:12.038 Дури и отидовме дотаму што ги замоливме[br]поранешните командири од герилата 0:07:12.038,0:07:14.773 да летаат во хеликоптери со микрофони 0:07:14.773,0:07:18.234 кажувајќи им на луѓето[br]кои порано се бореле со нив: 0:07:18.234,0:07:20.347 „Има подобар живот надвор од ова.“ 0:07:20.347,0:07:22.924 „Добро ми оди.“, „Ова не вреди.“, итн. 0:07:22.924,0:07:28.030 Но, како што можете да замислите, [br]беше многу лесно да ни се спротивстават, 0:07:28.030,0:07:30.583 затоа што - што имаше герилата да каже? 0:07:30.583,0:07:33.791 „Да, секако, ако не го направи тоа, [br]ќе биде убиен.“ 0:07:33.791,0:07:37.856 Па беше лесно, одеднаш[br]бевме оставени без ништо, 0:07:37.856,0:07:40.135 затоа што герилците[br]ја ширеа приказната дека 0:07:40.135,0:07:42.846 сето тоа се прави, 0:07:42.846,0:07:48.348 затоа што ако не го направат,[br]тие се во опасност. 0:07:48.348,0:07:51.512 И некој, некоја брилијантна[br]личност во нашиот тим, 0:07:51.512,0:07:55.150 се врати и рече, „Знаете што забележав? 0:07:55.150,0:07:58.707 Заабележав дека околу Божиќ, 0:07:58.707,0:08:01.398 демобилизацијата има поголем пораст 0:08:01.398,0:08:04.393 откако е почната војнава.“ 0:08:04.393,0:08:07.000 И тоа беше неверојатно, 0:08:07.000,0:08:12.481 затоа што тоа нè наведе да сфатиме дека [br]треба да зборуваме со човечкото суштество, 0:08:12.481,0:08:14.052 не со војникот. 0:08:14.052,0:08:16.189 Требаше да отстапиме од зборувањето 0:08:16.189,0:08:21.459 во однос влада - војска, војска - војска, 0:08:21.459,0:08:24.756 и потребно беше да зборуваме[br]за универзалните вредности, 0:08:24.756,0:08:27.218 и потребно ни беше да зборуваме за човечноста. 0:08:27.218,0:08:30.592 И тогаш се случи божиќното дрво. 0:08:30.592,0:08:32.599 Оваа слика тука, 0:08:32.599,0:08:35.791 гледате, тоа е планирањето[br]на божиќните дрвја 0:08:35.791,0:08:39.540 а тој човек кој го гледате [br]таму со трите ѕвезди, 0:08:39.540,0:08:41.669 тој е капетан Хуан Мануел Валдез. 0:08:41.669,0:08:46.640 Капетанот Валдез беше првиот[br]високо-рангиран службеник 0:08:46.640,0:08:50.503 кој ни даде хеликоптери и потребната поддршка 0:08:50.503,0:08:52.853 за да ги поставиме овие божиќни дрвја, 0:08:52.853,0:08:56.145 на таа средба тој рече нешто[br]што никогаш нема да го заборавам. 0:08:56.145,0:09:03.339 Рече: „Сакам да го направам ова затоа што[br]дарежливоста ме прави посилен, 0:09:03.339,0:09:05.691 ги прави моите луѓе да се[br]чувствуваат посилни.“ 0:09:05.691,0:09:08.431 И доста сум чувствителен[br]кога ќе се сетам на него, 0:09:08.431,0:09:12.816 затоа што подоцна беше убиен во борба[br]и навистина ни недостига, 0:09:12.816,0:09:19.092 но сакав да го видите, затоа што [br]тој беше многу, многу значаен. 0:09:19.092,0:09:23.220 Тој ни ја даде сета потребна поддршка[br]да ги поставиме божиќните дрвја. 0:09:23.220,0:09:25.953 Подоцна герилците кои излегоа 0:09:25.953,0:09:29.573 за време на операцијата [br]со божиќните дрвја рекоа: 0:09:29.573,0:09:33.369 „Тоа е многу добро, божиќните [br]дрвја се многу кул, 0:09:33.369,0:09:35.899 но, знаете што? Ние не пешачиме повеќе. 0:09:35.899,0:09:37.351 Ги употребуваме реките.“ 0:09:37.351,0:09:40.738 Па, реките се автопатите на џунглата, 0:09:40.738,0:09:42.935 и ова е нешто кое го научивме, 0:09:42.935,0:09:48.237 и поголемиот дел од регрутирањето [br]беше правено во и околу речните села. 0:09:48.237,0:09:50.520 Па, отидовме во овие села, 0:09:50.520,0:09:52.421 и ги запрашавме луѓето, 0:09:52.421,0:09:55.775 и најверојатно некои од нив беа [br]непосредни познаници на герилците. 0:09:55.775,0:09:59.769 Ги запрашавме: „Можете ли да им испратите[br]порака на герилците?“ 0:09:59.769,0:10:03.159 Собравме повеќе од 6,000 пораки. 0:10:03.159,0:10:05.805 Некои од нив беа белешки[br]кои велеа „Излезете“. 0:10:05.805,0:10:08.522 Некоибеа играчки. Некои беа слатки. 0:10:08.522,0:10:12.712 Луѓето дури го вадеа својот накит, нивните[br]малечки крстови и религиски предмети, 0:10:12.725,0:10:18.140 и ги ставаа во пловечките топки[br]кои ги испраќавме долж реките, 0:10:18.140,0:10:20.735 за да можат да бидат соберени ноќе. 0:10:20.735,0:10:23.093 И, испративме илјадници[br]од нив долж реките, 0:10:23.093,0:10:25.263 а потоа ги збиравме аконе беа собрани. 0:10:25.263,0:10:26.795 Но, многу од нив беа собрани. 0:10:26.795,0:10:31.686 Во просек, вака се постигна демобилизација[br]на секои шест часа, 0:10:31.686,0:10:35.746 што беше неверојатно и ја носеше [br]пораката: „Дојди дома за Божиќ“. 0:10:36.920,0:10:41.001 Потоа следуваше мировниот процес, 0:10:41.001,0:10:43.442 и кога тој започна, 0:10:43.442,0:10:45.762 целосното размислување [br]на герилците се промени. 0:10:45.762,0:10:48.087 А, се промени затоа што 0:10:48.087,0:10:50.836 те наведува да помислиш:[br]„Па, ако постои мировен процес, 0:10:50.836,0:10:52.778 ова најверојатно ќе заврши. 0:10:52.778,0:10:54.890 Некогаш ќе излезам.“ 0:10:54.890,0:10:57.096 И нивните стравови целосно се сменија, 0:10:57.096,0:11:00.324 и нивите стравови не беа за тоа[br]„Дали ќе бидам убиен?“, 0:11:00.324,0:11:03.923 туку за тоа „Дали ќе бидам отфрлен? 0:11:03.923,0:11:06.732 Кога ќе излезам од ова,[br]дали ќе бидам отфрлен?“ 0:11:06.732,0:11:09.803 Така, минатиот Божиќ, ние запрашавме - 0:11:09.803,0:11:13.550 ние најдовме 27 мајки на герилци, 0:11:13.550,0:11:17.784 и ги замоливме да ни дадат[br]слики од нивните деца, 0:11:17.784,0:11:21.989 на кои само тие можат да се препознаа [br]за да не ги изложуваме на опасност, 0:11:21.989,0:11:26.265 и ги замоливме да ни ја дадат[br]најмајчинскката порака што постои 0:11:26.265,0:11:30.857 а, таа е: „Пред да станеш[br]герилец, беше мое дете, 0:11:30.857,0:11:33.109 дојди си дома, јас те чекам.“ 0:11:33.109,0:11:36.261 Можете да ги видите сликите тука.[br]Ќе ви покажам неколку. 0:11:36.261,0:11:37.605 (Аплауз) 0:11:37.605,0:11:39.803 Ви благодарам. 0:11:43.552,0:11:48.730 Овие слики беа поставени[br]на многу различни места, 0:11:48.730,0:11:52.892 и многумина од нив се вратија, 0:11:52.892,0:11:55.840 и тоа беше навистина прекрасно. 0:11:55.840,0:11:59.315 И, тогаш одлучивме да работиме [br]со општеството. 0:11:59.315,0:12:01.972 Така го направивме тоа[br]со мајките околу Божиќ. 0:12:01.972,0:12:04.826 Сега ајде да зборуваме за останатите луѓе. 0:12:04.826,0:12:10.188 Можеби знаете за ова, или пак не,[br]но имаше Светски Куп годинава, 0:12:10.190,0:12:17.617 и Колумбија одигра доста добро, [br]тоа беше момент на единство за Колумбија. 0:12:17.617,0:12:21.453 А, тоа што го направивме ние -[br]им рековме на герилците: 0:12:21.453,0:12:25.510 „Дојди, излези од џунглата. [br]Ти чуваме место.“ 0:12:25.510,0:12:30.575 Ова беше на телевизија, беше сосема[br]поинаков вид на медиум кој вели: 0:12:30.575,0:12:33.037 „Ти чуваме место.“ 0:12:33.037,0:12:36.056 Војникот на рекламата тука вели: 0:12:36.056,0:12:38.921 „Ти чувам место токму тука, [br]во овој хеликоптер, 0:12:38.921,0:12:42.734 за да можеш да излезеш од џунглата [br]и да уживаш во Светскиот Куп.“ 0:12:42.734,0:12:45.901 Поранешни фудбалери, радио-изведувачи, 0:12:45.901,0:12:48.195 сите чуваа место за герилците. 0:12:48.195,0:12:52.970 Откако почнавме да го работиме[br]ова пред повеќе од осум години, 0:12:52.970,0:12:56.397 се демобилизираа повеќе од 17,000 герилци. 0:12:56.397,0:13:00.436 Јас не -- (Аплауз) 0:13:00.436,0:13:03.017 Ви благодарам. 0:13:03.017,0:13:11.714 Јас никако не сакам да кажам дека е така[br]поради она што ние го правиме, 0:13:11.714,0:13:18.288 но тоа што го знам е дека [br]нашата работа и тоа што го правиме 0:13:18.288,0:13:22.960 можеби им помогна на многумина да почнат[br]да размислуваат за демобилизација, 0:13:22.960,0:13:26.968 и можеби им помогна на многумина [br]да ја донесат конечната одлука. 0:13:26.968,0:13:33.498 Доколку е вистина, рекламата сеуште е една[br]од најмоќните алатки за промена 0:13:33.498,0:13:35.740 која ни е достапна. 0:13:35.740,0:13:38.631 И тоа не го кажувам само во мое име, 0:13:38.631,0:13:40.975 туку во име на сите колеги[br]кои ги гледам тука, 0:13:40.975,0:13:42.639 а кои работаат со реклами, 0:13:42.639,0:13:46.665 и во името на целиот тим кој работеше[br]со мене за да се изведе ова, 0:13:46.665,0:13:49.914 дека - ако сакате да го промените светот, 0:13:49.914,0:13:52.375 или ако сакате да има мир, [br]ве молиме јавете се. 0:13:52.375,0:13:53.875 Би сакале да помогнеме. 0:13:53.875,0:13:55.238 Ви благодарам. 0:13:55.238,0:14:00.712 (Аплауз)