WEBVTT 00:00:00.813 --> 00:00:03.641 Многу размислував за тоа кој збор прв да го кажам денес, 00:00:03.641 --> 00:00:06.155 и се одлучив за „Колумбија“. 00:00:06.155 --> 00:00:10.214 А причината, не знам колкумина од вас ја имаат посетено Колумбија, 00:00:10.214 --> 00:00:13.064 но Колумбија се наоѓа северно од границата со Бразил. 00:00:13.064 --> 00:00:14.271 Таа е многу убава земја, 00:00:14.271 --> 00:00:17.727 со необични луѓе, како мене и некои други - (Смеа) - 00:00:17.727 --> 00:00:23.157 и е населена со неверојатна флора и фауна. 00:00:23.157 --> 00:00:27.324 Има вода, има сè за да биде совршено место. NOTE Paragraph 00:00:27.324 --> 00:00:29.052 Но, имаме некои проблеми. 00:00:29.052 --> 00:00:30.722 Можеби сте чуле за некои од нив. 00:00:30.722 --> 00:00:34.415 Ние ја имаме најстарата герила во светот. 00:00:34.415 --> 00:00:36.414 Постои повеќе од 50 години, 00:00:36.414 --> 00:00:39.177 што значи дека во мојот животен век, 00:00:39.177 --> 00:00:43.852 никогаш немам доживеано еден ден мир во мојата земја. 00:00:43.852 --> 00:00:47.725 Овие герилци - а клучната група cе FARC герилците, 00:00:47.725 --> 00:00:50.142 Револуционерни вооружени сили на Колумбија, 00:00:50.142 --> 00:00:57.631 тие ја финансираат својата војна преку киднапирања, изнуди, 00:00:57.631 --> 00:01:01.480 преку трговијата со дрога, преку нелегално копање руда. 00:01:01.480 --> 00:01:05.301 Има тероризам. Има и случајно паднати бомби. 00:01:05.301 --> 00:01:09.576 Така што - не е добро. Не е многу добро. 00:01:09.576 --> 00:01:14.376 ,А,доколку ја видите цената на оваа војна платена со човечки животи, 00:01:14.376 --> 00:01:19.197 имаме расселено население повеќе од 5,7 милиони жители. 00:01:19.197 --> 00:01:22.265 Тоа е едно од најбројното расселено население во светот, 00:01:22.265 --> 00:01:26.374 а, овој конфликт нè чини и повеќе од 220,000 животи. 00:01:26.374 --> 00:01:29.432 Така што тоа е слично на боливарските војни - одново. 00:01:29.432 --> 00:01:32.587 Тоа се многу луѓе кои непотребно умреле. NOTE Paragraph 00:01:32.587 --> 00:01:35.665 Сега сме на средината од мировните преговори, 00:01:35.665 --> 00:01:38.958 и се обидуваме да помогнеме овој проблем мирно да се разреши, 00:01:38.958 --> 00:01:40.518 и како дел од тоа, 00:01:40.518 --> 00:01:44.427 одлучивме да се обидеме со нешто целосно поинакво. 00:01:44.427 --> 00:01:46.471 Божиќни светилки. NOTE Paragraph 00:01:46.471 --> 00:01:48.977 Па, божиќни светилки, и вие си велите, 00:01:48.977 --> 00:01:51.893 за што по ѓаволите ќе зборува овој тип? 00:01:52.173 --> 00:01:56.785 Ќе зборувам за огромни дрвја 00:01:56.785 --> 00:02:02.412 кои ги поставивме на девет стратегиски патеки во џунглата, 00:02:02.412 --> 00:02:04.421 прекриени со божиќни светилки. 00:02:04.421 --> 00:02:10.599 Овие дрвја ни помогнаа да демобилизираме 331 герилец, 00:02:10.599 --> 00:02:15.097 околу пет проценти од герилските трупи во тоа време. 00:02:15.097 --> 00:02:17.675 Дрвјата беа вклучувани ноќе, 00:02:17.675 --> 00:02:20.044 и имаа знак покрај нив 00:02:20.044 --> 00:02:24.735 кој гласеше: „Ако може Божиќ да дојде во џунглата, и ти можеш да дојдеш дома. 00:02:24.735 --> 00:02:26.435 Демобилизирај се. 00:02:26.435 --> 00:02:28.916 Сè е возможно на Божиќ.“ NOTE Paragraph 00:02:28.916 --> 00:02:32.209 Па, како знаеме дека овие дрвја функционираа? 00:02:32.209 --> 00:02:34.215 Па, добивме 331, што е ок, 00:02:34.215 --> 00:02:39.480 но, ние исто така знаеме дека не ги виделе многумина герилци, 00:02:39.480 --> 00:02:41.984 но, знаеме дека многумина герилци слушнале за нив, 00:02:41.984 --> 00:02:43.191 и го знаеме ова 00:02:43.191 --> 00:02:46.295 бидејќи постојано зборуваме за демобилизација на герилците. NOTE Paragraph 00:02:46.295 --> 00:02:49.050 Дозволете ми да ве одведам 4 години пред ова со дрвјата. 00:02:49.050 --> 00:02:52.735 Четири години пред ова со дрвјата, Владата ни пристапи 00:02:52.735 --> 00:02:56.882 за да им помогнеме да смислат комуникациска стратегија 00:02:56.882 --> 00:03:00.082 за да извлечеме што е можно повеќе герилци надвор од џунглата. 00:03:00.082 --> 00:03:02.534 Владата имаше воена стратегија, 00:03:02.534 --> 00:03:03.862 имаше правна стратегија, 00:03:03.862 --> 00:03:06.691 имаше и политичка стратегија, но рече 00:03:06.691 --> 00:03:09.036 „Ние баш и немаме комуникациска стратегија, 00:03:09.036 --> 00:03:11.987 а веројатно би било добро да имаме.“, 00:03:11.987 --> 00:03:16.373 па одлучивме веднаш да се вклучиме во ова, 00:03:16.373 --> 00:03:21.588 затоа што е можност да се влијае врз резултатот од конфликтот 00:03:21.588 --> 00:03:25.684 со тоа што може да го направиме, со алатките кои ги поседуваме. NOTE Paragraph 00:03:26.264 --> 00:03:28.493 Но, ние не знаевме многу за тоа. 00:03:28.493 --> 00:03:31.709 Не разбиравме дека во Колумбија, ако живеете во градовите, 00:03:31.709 --> 00:03:34.803 вие сте многу далеку од местото каде што се случува војната, 00:03:34.803 --> 00:03:36.816 па и не ја разбирате многу, 00:03:36.816 --> 00:03:38.982 и ја замоливме Владата да ни даде пристап 00:03:38.982 --> 00:03:41.524 до колку што е можно повеќе демобилизирани герилци. 00:03:41.524 --> 00:03:43.980 И зборувавме со околу 60-тина од нив, 00:03:43.980 --> 00:03:49.074 пред да почувствуваме дека целосно сме го сфатиле проблемот. 00:03:49.074 --> 00:03:52.386 Ние зборувавме за - тие ни кажаа зошто им се приклучиле на герилците, 00:03:52.386 --> 00:03:55.025 зошто ги напуштиле герилците, кои биле нивните сништа, 00:03:55.025 --> 00:03:56.713 какви биле нивните фрустрации, 00:03:56.713 --> 00:04:01.173 и од тие разговори дојдовме до основната идеја 00:04:01.173 --> 00:04:03.670 која ја предводеше целата оваа кампања, 00:04:03.670 --> 00:04:09.060 а која вели дека герилците се затвореници на своите организации, 00:04:09.060 --> 00:04:11.533 колку што се и луѓето кои ги држат како заложници. NOTE Paragraph 00:04:11.533 --> 00:04:14.313 И на почетокот, ние бевме доста погодени од овие приказни, 00:04:14.313 --> 00:04:16.596 бевме доста воодушевени од овие приказни, 00:04:16.596 --> 00:04:19.735 и мислевме дека можеби најдобриот начин да се зборува со герилците 00:04:19.735 --> 00:04:22.570 е да се натераат да зборуваат едни со други, 00:04:22.570 --> 00:04:27.354 па снимивме околу стотина различни приказни во текот на првата година, 00:04:27.354 --> 00:04:29.722 и ги поставивме на радио и телевизија 00:04:29.722 --> 00:04:34.067 за герилците во џунглата да можат да слушнат приказни, нивните приказни, 00:04:34.067 --> 00:04:36.415 или приказни слични на нивните, 00:04:36.415 --> 00:04:39.195 и кога ги слушнаа, одлучија да излезат. NOTE Paragraph 00:04:39.195 --> 00:04:41.789 Сакам да ви раскажам една од овие приказни. 00:04:41.789 --> 00:04:44.443 Личноста која ја гледате тука е Џовани Андрес. 00:04:44.443 --> 00:04:47.274 Џовани Андрес имаше 25 год. кога е направена фотографијата. 00:04:47.274 --> 00:04:51.963 Тој бил седум години со герилците и скоро се имаше демобилизирано. 00:04:51.963 --> 00:04:54.528 Неговата приказна е следна: 00:04:54.528 --> 00:04:57.724 тој бил регрутиран кога имал 17, 00:04:57.724 --> 00:05:02.909 и по некое време, во неговата ескадрила 00:05:02.909 --> 00:05:08.085 била регрутирана една убава девојка, и тие се заљубиле. 00:05:08.085 --> 00:05:11.956 Нивните разговори биле за тоа какво ќе им биде семејството, 00:05:11.957 --> 00:05:14.288 кои имиња ќе ги одберат за децата, 00:05:14.288 --> 00:05:16.885 каков ќе им биде животот кога ќе ја напуштат герилата. 00:05:16.885 --> 00:05:18.342 Но, испадна дека 00:05:18.342 --> 00:05:21.935 љубовта е строго забранета во пониските герилски ранкови, 00:05:21.935 --> 00:05:25.298 па нивната романса била откриена и тие биле одвоени. 00:05:25.298 --> 00:05:28.711 Тој бил испратен многу далеку, а таа била оставена таму. 00:05:28.711 --> 00:05:31.368 Таа била доста запознаена со територијата, 00:05:31.368 --> 00:05:33.949 па така, една вечер, додека била на стража, 00:05:33.949 --> 00:05:35.650 си заминала, 00:05:35.650 --> 00:05:39.112 отишла во армијата, се демобилизирала, 00:05:39.112 --> 00:05:42.996 и таа беше едно од лицата со кои имавме среќа да разговараме, 00:05:42.996 --> 00:05:45.346 и бевме навистина трогнати од нејзината приказна, 00:05:45.346 --> 00:05:47.714 па направивме радио-спот, 00:05:47.714 --> 00:05:50.640 и излезе дека, сосема случајно, 00:05:50.640 --> 00:05:54.123 многу далеку, многу, многу километри северно, 00:05:54.123 --> 00:05:57.281 тој ја слушнал на радио, 00:05:57.281 --> 00:06:01.851 и кога ја слушнал на радио, си рекол: „Што правам јас овде? 00:06:01.851 --> 00:06:07.293 Таа имала храброст да излезе. И јас морам да го направам истото.“ 00:06:07.293 --> 00:06:08.691 И го направил. 00:06:08.691 --> 00:06:11.589 Пешачел два дена и две ноќи, 00:06:11.589 --> 00:06:13.952 го ризикувал животот и излегол, 00:06:13.952 --> 00:06:16.913 и единствената работа која ја сакал е да ја види неа. 00:06:16.913 --> 00:06:20.439 Единствената работа во неговиот ум била да ја види неа. 00:06:20.439 --> 00:06:23.356 Според приказната, тие навистина се сретнале. 00:06:23.356 --> 00:06:25.887 Знам дека се прашувате дали се сретнале. 00:06:25.887 --> 00:06:27.136 Тие се сретнале. 00:06:27.136 --> 00:06:31.139 Таа била регрутирана на 15, а заминала на 17, 00:06:31.139 --> 00:06:33.199 па имало и многу други компликации, 00:06:33.199 --> 00:06:34.931 но на крајот, се сретнале. 00:06:34.931 --> 00:06:40.206 Не знам дали и сега се заедно, но можам да дознаам. (Смеа) 00:06:40.206 --> 00:06:48.177 Но, тоа што можам да ви го кажам е дека нашата радио-стратегија функционираше. NOTE Paragraph 00:06:48.177 --> 00:06:51.861 Проблемот беше во тоа што функционираше во пониските ранкови на герилата. 00:06:51.861 --> 00:06:54.224 Не фукционираше кај командирите, 00:06:54.224 --> 00:06:56.435 луѓето кои е потешко да се заменат, 00:06:56.435 --> 00:07:02.013 зашто лесно можете да регрутирате, но не можете да допрете до постарите командири. 00:07:02.013 --> 00:07:05.696 Па си помисливме, ќе ја користиме истата стратегија. 00:07:05.696 --> 00:07:08.262 Ќе имаме командири кои ќе зборуваат со командирите. 00:07:08.262 --> 00:07:12.038 Дури и отидовме дотаму што ги замоливме поранешните командири од герилата 00:07:12.038 --> 00:07:14.773 да летаат во хеликоптери со микрофони 00:07:14.773 --> 00:07:18.234 кажувајќи им на луѓето кои порано се бореле со нив: 00:07:18.234 --> 00:07:20.347 „Има подобар живот надвор од ова.“ 00:07:20.347 --> 00:07:22.924 „Добро ми оди.“, „Ова не вреди.“, итн. 00:07:22.924 --> 00:07:28.030 Но, како што можете да замислите, беше многу лесно да ни се спротивстават, 00:07:28.030 --> 00:07:30.583 затоа што - што имаше герилата да каже? 00:07:30.583 --> 00:07:33.791 „Да, секако, ако не го направи тоа, ќе биде убиен.“ 00:07:33.791 --> 00:07:37.856 Па беше лесно, одеднаш бевме оставени без ништо, 00:07:37.856 --> 00:07:40.135 затоа што герилците ја ширеа приказната дека 00:07:40.135 --> 00:07:42.846 сето тоа се прави, 00:07:42.846 --> 00:07:48.348 затоа што ако не го направат, тие се во опасност. NOTE Paragraph 00:07:48.348 --> 00:07:51.512 И некој, некоја брилијантна личност во нашиот тим, 00:07:51.512 --> 00:07:55.150 се врати и рече, „Знаете што забележав? 00:07:55.150 --> 00:07:58.707 Заабележав дека околу Божиќ, 00:07:58.707 --> 00:08:01.398 демобилизацијата има поголем пораст 00:08:01.398 --> 00:08:04.393 откако е почната војнава.“ 00:08:04.393 --> 00:08:07.000 И тоа беше неверојатно, 00:08:07.000 --> 00:08:12.481 затоа што тоа нè наведе да сфатиме дека треба да зборуваме со човечкото суштество, 00:08:12.481 --> 00:08:14.052 не со војникот. 00:08:14.052 --> 00:08:16.189 Требаше да отстапиме од зборувањето 00:08:16.189 --> 00:08:21.459 во однос влада - војска, војска - војска, 00:08:21.459 --> 00:08:24.756 и потребно беше да зборуваме за универзалните вредности, 00:08:24.756 --> 00:08:27.218 и потребно ни беше да зборуваме за човечноста. 00:08:27.218 --> 00:08:30.592 И тогаш се случи божиќното дрво. 00:08:30.592 --> 00:08:32.599 Оваа слика тука, 00:08:32.599 --> 00:08:35.791 гледате, тоа е планирањето на божиќните дрвја 00:08:35.791 --> 00:08:39.540 а тој човек кој го гледате таму со трите ѕвезди, 00:08:39.540 --> 00:08:41.669 тој е капетан Хуан Мануел Валдез. 00:08:41.669 --> 00:08:46.640 Капетанот Валдез беше првиот високо-рангиран службеник 00:08:46.640 --> 00:08:50.503 кој ни даде хеликоптери и потребната поддршка 00:08:50.503 --> 00:08:52.853 за да ги поставиме овие божиќни дрвја, 00:08:52.853 --> 00:08:56.145 на таа средба тој рече нешто што никогаш нема да го заборавам. 00:08:56.145 --> 00:09:03.339 Рече: „Сакам да го направам ова затоа што дарежливоста ме прави посилен, 00:09:03.339 --> 00:09:05.691 ги прави моите луѓе да се чувствуваат посилни.“ 00:09:05.691 --> 00:09:08.431 И доста сум чувствителен кога ќе се сетам на него, 00:09:08.431 --> 00:09:12.816 затоа што подоцна беше убиен во борба и навистина ни недостига, 00:09:12.816 --> 00:09:19.092 но сакав да го видите, затоа што тој беше многу, многу значаен. 00:09:19.092 --> 00:09:23.220 Тој ни ја даде сета потребна поддршка да ги поставиме божиќните дрвја. NOTE Paragraph 00:09:23.220 --> 00:09:25.953 Подоцна герилците кои излегоа 00:09:25.953 --> 00:09:29.573 за време на операцијата со божиќните дрвја рекоа: 00:09:29.573 --> 00:09:33.369 „Тоа е многу добро, божиќните дрвја се многу кул, 00:09:33.369 --> 00:09:35.899 но, знаете што? Ние не пешачиме повеќе. 00:09:35.899 --> 00:09:37.351 Ги употребуваме реките.“ NOTE Paragraph 00:09:37.351 --> 00:09:40.738 Па, реките се автопатите на џунглата, 00:09:40.738 --> 00:09:42.935 и ова е нешто кое го научивме, 00:09:42.935 --> 00:09:48.237 и поголемиот дел од регрутирањето беше правено во и околу речните села. 00:09:48.237 --> 00:09:50.520 Па, отидовме во овие села, 00:09:50.520 --> 00:09:52.421 и ги запрашавме луѓето, 00:09:52.421 --> 00:09:55.775 и најверојатно некои од нив беа непосредни познаници на герилците. 00:09:55.775 --> 00:09:59.769 Ги запрашавме: „Можете ли да им испратите порака на герилците?“ 00:09:59.769 --> 00:10:03.159 Собравме повеќе од 6,000 пораки. 00:10:03.159 --> 00:10:05.805 Некои од нив беа белешки кои велеа „Излезете“. 00:10:05.805 --> 00:10:08.522 Некоибеа играчки. Некои беа слатки. 00:10:08.522 --> 00:10:12.712 Луѓето дури го вадеа својот накит, нивните малечки крстови и религиски предмети, 00:10:12.725 --> 00:10:18.140 и ги ставаа во пловечките топки кои ги испраќавме долж реките, 00:10:18.140 --> 00:10:20.735 за да можат да бидат соберени ноќе. 00:10:20.735 --> 00:10:23.093 И, испративме илјадници од нив долж реките, 00:10:23.093 --> 00:10:25.263 а потоа ги збиравме аконе беа собрани. 00:10:25.263 --> 00:10:26.795 Но, многу од нив беа собрани. 00:10:26.795 --> 00:10:31.686 Во просек, вака се постигна демобилизација на секои шест часа, 00:10:31.686 --> 00:10:35.746 што беше неверојатно и ја носеше пораката: „Дојди дома за Божиќ“. NOTE Paragraph 00:10:36.920 --> 00:10:41.001 Потоа следуваше мировниот процес, 00:10:41.001 --> 00:10:43.442 и кога тој започна, 00:10:43.442 --> 00:10:45.762 целосното размислување на герилците се промени. 00:10:45.762 --> 00:10:48.087 А, се промени затоа што 00:10:48.087 --> 00:10:50.836 те наведува да помислиш: „Па, ако постои мировен процес, 00:10:50.836 --> 00:10:52.778 ова најверојатно ќе заврши. 00:10:52.778 --> 00:10:54.890 Некогаш ќе излезам.“ 00:10:54.890 --> 00:10:57.096 И нивните стравови целосно се сменија, 00:10:57.096 --> 00:11:00.324 и нивите стравови не беа за тоа „Дали ќе бидам убиен?“, 00:11:00.324 --> 00:11:03.923 туку за тоа „Дали ќе бидам отфрлен? 00:11:03.923 --> 00:11:06.732 Кога ќе излезам од ова, дали ќе бидам отфрлен?“ 00:11:06.732 --> 00:11:09.803 Така, минатиот Божиќ, ние запрашавме - 00:11:09.803 --> 00:11:13.550 ние најдовме 27 мајки на герилци, 00:11:13.550 --> 00:11:17.784 и ги замоливме да ни дадат слики од нивните деца, 00:11:17.784 --> 00:11:21.989 на кои само тие можат да се препознаа за да не ги изложуваме на опасност, 00:11:21.989 --> 00:11:26.265 и ги замоливме да ни ја дадат најмајчинскката порака што постои 00:11:26.265 --> 00:11:30.857 а, таа е: „Пред да станеш герилец, беше мое дете, 00:11:30.857 --> 00:11:33.109 дојди си дома, јас те чекам.“ 00:11:33.109 --> 00:11:36.261 Можете да ги видите сликите тука. Ќе ви покажам неколку. 00:11:36.261 --> 00:11:37.605 (Аплауз) 00:11:37.605 --> 00:11:39.803 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:11:43.552 --> 00:11:48.730 Овие слики беа поставени на многу различни места, 00:11:48.730 --> 00:11:52.892 и многумина од нив се вратија, 00:11:52.892 --> 00:11:55.840 и тоа беше навистина прекрасно. NOTE Paragraph 00:11:55.840 --> 00:11:59.315 И, тогаш одлучивме да работиме со општеството. 00:11:59.315 --> 00:12:01.972 Така го направивме тоа со мајките околу Божиќ. 00:12:01.972 --> 00:12:04.826 Сега ајде да зборуваме за останатите луѓе. 00:12:04.826 --> 00:12:10.188 Можеби знаете за ова, или пак не, но имаше Светски Куп годинава, 00:12:10.190 --> 00:12:17.617 и Колумбија одигра доста добро, тоа беше момент на единство за Колумбија. 00:12:17.617 --> 00:12:21.453 А, тоа што го направивме ние - им рековме на герилците: 00:12:21.453 --> 00:12:25.510 „Дојди, излези од џунглата. Ти чуваме место.“ 00:12:25.510 --> 00:12:30.575 Ова беше на телевизија, беше сосема поинаков вид на медиум кој вели: 00:12:30.575 --> 00:12:33.037 „Ти чуваме место.“ 00:12:33.037 --> 00:12:36.056 Војникот на рекламата тука вели: 00:12:36.056 --> 00:12:38.921 „Ти чувам место токму тука, во овој хеликоптер, 00:12:38.921 --> 00:12:42.734 за да можеш да излезеш од џунглата и да уживаш во Светскиот Куп.“ 00:12:42.734 --> 00:12:45.901 Поранешни фудбалери, радио-изведувачи, 00:12:45.901 --> 00:12:48.195 сите чуваа место за герилците. NOTE Paragraph 00:12:48.195 --> 00:12:52.970 Откако почнавме да го работиме ова пред повеќе од осум години, 00:12:52.970 --> 00:12:56.397 се демобилизираа повеќе од 17,000 герилци. 00:12:56.397 --> 00:13:00.436 Јас не -- (Аплауз) NOTE Paragraph 00:13:00.436 --> 00:13:03.017 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:13:03.017 --> 00:13:11.714 Јас никако не сакам да кажам дека е така поради она што ние го правиме, 00:13:11.714 --> 00:13:18.288 но тоа што го знам е дека нашата работа и тоа што го правиме 00:13:18.288 --> 00:13:22.960 можеби им помогна на многумина да почнат да размислуваат за демобилизација, 00:13:22.960 --> 00:13:26.968 и можеби им помогна на многумина да ја донесат конечната одлука. 00:13:26.968 --> 00:13:33.498 Доколку е вистина, рекламата сеуште е една од најмоќните алатки за промена 00:13:33.498 --> 00:13:35.740 која ни е достапна. 00:13:35.740 --> 00:13:38.631 И тоа не го кажувам само во мое име, 00:13:38.631 --> 00:13:40.975 туку во име на сите колеги кои ги гледам тука, 00:13:40.975 --> 00:13:42.639 а кои работаат со реклами, 00:13:42.639 --> 00:13:46.665 и во името на целиот тим кој работеше со мене за да се изведе ова, 00:13:46.665 --> 00:13:49.914 дека - ако сакате да го промените светот, 00:13:49.914 --> 00:13:52.375 или ако сакате да има мир, ве молиме јавете се. 00:13:52.375 --> 00:13:53.875 Би сакале да помогнеме. NOTE Paragraph 00:13:53.875 --> 00:13:55.238 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:13:55.238 --> 00:14:00.712 (Аплауз)