Return to Video

Сонот кој немаме смелост да го сонуваме

  • 0:02 - 0:04
    Кога размислувам за соништата,
  • 0:04 - 0:06
    како многумина од вас,
  • 0:06 - 0:08
    мислам за оваа слика.
  • 0:09 - 0:13
    Имав 8 години кога го гледав
    Нил Армстронг
  • 0:13 - 0:16
    како излегува од Лунарниот модул
    и стапнува на Месечината.
  • 0:17 - 0:21
    Никогаш немав видено
    такво нешто претходно,
  • 0:21 - 0:23
    и никогаш немам видено нешто
    слично оттогаш.
  • 0:24 - 0:29
    Отидовме на Месечината од една причина:
  • 0:29 - 0:32
    Џон Кенеди нѐ обврза со рок.
  • 0:33 - 0:35
    Без тој рок
  • 0:35 - 0:38
    уште ќе мечтаевме за тоа.
  • 0:39 - 0:44
    Леонард Бернштајн вели две работи се
    потребни за големи достигнувања
  • 0:44 - 0:47
    план и не баш многу време.
  • 0:47 - 0:51
    (Смеа)
  • 0:52 - 0:56
    Роковите и посветеноста
  • 0:56 - 1:01
    се одлични лекции на Аполо кои бледат.
  • 1:03 - 1:07
    Тоа е она што дава значење на изразот
    „Лет на месечина“.
  • 1:07 - 1:12
    На светот очајно му требаат
    политички лидери,
  • 1:12 - 1:16
    спремни да постават смели рокови
  • 1:16 - 1:20
    за остварување на смели соништа
    како оној на Аполо.
  • 1:22 - 1:24
    Кога размислувам за соништата,
  • 1:24 - 1:28
    размислувам за трансвеститите
    од Л.Анџелес и Стонвол
  • 1:28 - 1:30
    и милиони други кои ризикувале сѐ
  • 1:30 - 1:34
    за да се појават кога тоа беше
    навистина опасно,
  • 1:34 - 1:37
    како и на оваа слика од Белата куќа
    осветлена во боите на виножитото,
  • 1:37 - 1:39
    да-
  • 1:39 - 1:44
    (Аплауз)
  • 1:44 - 1:48
    за прославата на правото на
    брак на хомосексуалците.
  • 1:48 - 1:52
    Тоа е слика која не можев да ја замислам
    ни во моите најлуди соништа
  • 1:52 - 1:55
    кога имав 18 години
  • 1:55 - 1:58
    и сфатив дека сум геј
  • 1:58 - 2:02
    и се чувствував отуѓен од мојата земја
  • 2:02 - 2:04
    и од своите соништа заради тоа.
  • 2:06 - 2:09
    Помислувам на сликата од моето семејство
  • 2:09 - 2:13
    кое мислев дека никогаш нема да го имам
  • 2:13 - 2:19
    (Аплауз)
  • 2:19 - 2:22
    и сликата за нашите деца
    со овој наслов во рацете
  • 2:22 - 2:27
    со одлуката на Врховниот суд кој никогаш
    не мислев дека ќе биде испечатен.
  • 2:29 - 2:34
    Ни треба повеќе од храброста на
    трансвеститите и астронаутите.
  • 2:34 - 2:37
    (Смеа)
  • 2:37 - 2:39
    (Аплауз)
  • 2:39 - 2:43
    Сакам да зборувам за нашата
    потреба да сонуваме
  • 2:43 - 2:45
    во повеќе од една димензија,
  • 2:45 - 2:50
    зашто имаше нешто за Аполо што
    не го знаев кога имав 8 год.
  • 2:50 - 2:55
    и нешто за организацијата кај
    боите на виножитото.
  • 2:56 - 3:01
    Од сите 30 астронаути во првичните
    програми на Меркур, Гемини и Аполо,
  • 3:01 - 3:04
    само 7 бракови опстанале.
  • 3:06 - 3:09
    Впечатливите слики на астронаутите
    кои скокаат по Месечината
  • 3:09 - 3:14
    го прикриваат алкохолизмот и
    депресијата на Земјата.
  • 3:15 - 3:18
    Томас Мертон, Трапистичиот монах,
  • 3:18 - 3:20
    го запрашале во времето на Аполо:
  • 3:20 - 3:24
    „ Што можеме да добиеме со
    патувањето на Месечината
  • 3:24 - 3:30
    ако не можеме да ја преминеме провалијата
    што нѐ разделува од нас самите?“
  • 3:32 - 3:34
    Што можеме да добиеме со правото на брак
  • 3:34 - 3:38
    ако не можеме да преминеме
    преку огорченоста
  • 3:38 - 3:42
    и емоционалната дистанца која
    често нѐ одвојува од нашата љубов?
  • 3:43 - 3:45
    Не само во бракот.
  • 3:45 - 3:51
    Ги имам видено најболните,
    најдеструктивните
  • 3:52 - 3:56
    трагични внатрешни конфликти во
    борбата за ЛГБТ, кај заболените од сида и
  • 3:56 - 4:00
    од рак на дојка и непрофитниот активизам,
  • 4:00 - 4:01
    сѐ во името на љубовта.
  • 4:03 - 4:08
    Томас Мертон истотака пишувал
    за војните помеѓу светците
  • 4:08 - 4:14
    и за тоа дека „постои распространет
    начин на современо насилство
  • 4:14 - 4:18
    пред кое идеалистот најлесно потклекнува:
  • 4:18 - 4:21
    активизмот и претераната работа.
  • 4:21 - 4:26
    Жестокоста на нашиот активизам
    ја неутрализира нашата работа за мир.
  • 4:26 - 4:31
    Го уништува нашиот внатрешен
    капацитет за мир.“
  • 4:32 - 4:38
    Честопати нашите соништа стануваат
    преградени фиксирања
  • 4:38 - 4:39
    кон некоја иднина
  • 4:39 - 4:44
    што ја уништува нашата способност да
    бидеме присутни во нашите животи сега.
  • 4:45 - 4:49
    Нашиот сон за подобар живот на
    некое идно човештво
  • 4:49 - 4:51
    или за други луѓе во други земји
  • 4:51 - 4:55
    нѐ отуѓува од убавите
    човечки суштество кои седат до нас
  • 4:55 - 4:57
    токму во овој миг.
  • 4:58 - 5:02
    Тоа е цената на напредокот, велиме.
  • 5:02 - 5:03
    Можете или да одите на Месечината
  • 5:03 - 5:07
    или да имате стабилност
    во семејниот живот.
  • 5:08 - 5:12
    Не можеме да гo сфатиме сонувањето
    во двете димензии истовремено.
  • 5:12 - 5:16
    Кога станува збор за нашиот емоционален
    живот,
  • 5:16 - 5:19
    посакуваме само стабилност
    и ништо повеќе од тоа.
  • 5:19 - 5:22
    Затоа нашата технологија за
    меѓусебни разговори
  • 5:22 - 5:24
    се издигнала високо,
  • 5:24 - 5:28
    а нашата способност да се слушаме
    и разбереме меѓусебно
  • 5:28 - 5:29
    не мрднала од место.
  • 5:31 - 5:34
    Нашиот пристап до информациите
    се издигна до небото,
  • 5:36 - 5:39
    а нашиот пристап до радоста
    стои на земја.
  • 5:41 - 5:46
    Но оваа идеја, дека нашата сегашност и
    нашата иднина меѓусебно се исклучуваат,
  • 5:46 - 5:48
    дека, за да го достигнеме
    нашиот потенцијал
  • 5:48 - 5:51
    за работење мораме да се откажеме
  • 5:51 - 5:55
    од нашиот потенцијал за суштествување,
  • 5:55 - 5:58
    дека бројот на транзисторите во
    колото можат да се дуплираат,
  • 5:58 - 6:03
    но не и нашата способност за сочувство
    хуманост, спокојство и љубов
  • 6:03 - 6:05
    кои се ограничени на некој начин,
  • 6:05 - 6:08
    ваквата идеја е погрешна и нè гуши.
  • 6:10 - 6:12
    Не предлагам
  • 6:12 - 6:18
    клише од типот "поголем баланс
    меѓу животот и работата."
  • 6:20 - 6:22
    Што имам од тоа ако поминувам
    повеќе време со децата дома
  • 6:22 - 6:25
    ако мојот ум е на друго место
    додека го правам тоа?
  • 6:27 - 6:29
    Не зборувам ни за полна свесност.
  • 6:29 - 6:33
    Полната свесност наеднаш станува алат за
    подобрување на продуктивноста.
  • 6:34 - 6:36
    (Смеа)
  • 6:36 - 6:37
    Нели?
  • 6:37 - 6:40
    Јас велам дека треба да сонуваме
  • 6:40 - 6:45
    онолку смело за нашето суштествување
  • 6:45 - 6:48
    колку што сонуваме за индустрија
    и технологија.
  • 6:48 - 6:52
    Зборувам за одважната автентичност
  • 6:53 - 6:56
    која ни дозволува да плачеме заедно,
  • 6:56 - 7:02
    херојската понизност која ни дозволува да
    ги тргнеме маските и да бидеме искрени.
  • 7:02 - 7:04
    Нашата неспособност да
    бидеме едни со други,
  • 7:04 - 7:09
    нашиот страв да плачеме едни со други,
    е она што доведува до многу проблеми
  • 7:09 - 7:12
    кои жестоко се трудиме да ги решиме,
  • 7:12 - 7:15
    од застој во Конгресот до
    економската нехуманост.
  • 7:16 - 7:19
    (Аплауз)
  • 7:19 - 7:23
    Зборувам за она што Џонас Салк
    го нарекува „Епоха Б“,
  • 7:23 - 7:29
    нова епоха во која ќе сме исто
    толку возбудени, љубопитни
  • 7:29 - 7:33
    и научно ориентирани кон развитокот
    на човештвото
  • 7:33 - 7:36
    колку што сме кон развојот
    на технологијата.
  • 7:37 - 7:40
    Не треба да се плашиме од оваа можност
  • 7:40 - 7:43
    само заради тоа што не ја
    разбираме целосно.
  • 7:43 - 7:46
    Едно време не ја разбиравме вселената.
  • 7:47 - 7:50
    Или затоа што сме повеќе навикнати на
    технологија и активизам.
  • 7:50 - 7:53
    Тоа е дефиниција за заглавеност
    во зоната на комфорот.
  • 7:53 - 7:59
    Сега ни е удобно да мечтаеме за
    неверојатни технолошки достигнувања.
  • 8:00 - 8:04
    Во 2016 г. димензијата за бидеме свои
  • 8:04 - 8:09
    тежнее кон својот дел во нашите мечти.
  • 8:12 - 8:14
    Сите ние сме тука за да сонуваме,
  • 8:14 - 8:16
    но, можеби ако сме искрени,
  • 8:16 - 8:19
    секој од нас го бара својот
    сопствен сон.
  • 8:19 - 8:22
    Гледајќи во имињата, за да видиме
    кој може да ни помогне околу нашиот сон
  • 8:22 - 8:25
    понекогаш гледајќи
    низ нашата човечност.
  • 8:25 - 8:29
    Не можам да се замарам со тебе сега, имам
    идеја за како да го спасам светот.
  • 8:30 - 8:31
    Нели?
  • 8:31 - 8:34
    (Смеа)
  • 8:34 - 8:38
    Пред повеќе години, еднаш одамна,
    имав убава компанија
  • 8:38 - 8:42
    која смислуваше долги патувања за
    херојски граѓански ангажмани.
  • 8:43 - 8:45
    И ја имавме оваа мантра:
  • 8:45 - 8:49
    „Човек. Добар. Биди обете. “
  • 8:49 - 8:55
    Ги храбревме луѓето жестоко да
    експериментираат со љубезност.
  • 8:56 - 8:58
    На пример; „Одете и помогнете
    на сите да постават шатори.“
  • 8:59 - 9:02
    А имаше многу шатори.
  • 9:02 - 9:03
    (Смеа)
  • 9:04 - 9:06
    „Одете и купете за секој сладолед.“
  • 9:06 - 9:08
    „Помогнете им да ги напумпаат гумите
  • 9:08 - 9:11
    иако знаете дека редот за
    вечера ќе стане подолг.“
  • 9:11 - 9:13
    Луѓето го прифаќаа ова, толку многу
  • 9:13 - 9:16
    што ако се дупнеше гума
    на „Возење против сида„“
  • 9:16 - 9:19
    имаше проблем да се поправи
    зашто многу луѓе прашуваа
  • 9:19 - 9:20
    дали е потребна помош.
  • 9:21 - 9:25
    За неколку дена, за десетици илјади луѓе,
  • 9:25 - 9:27
    ги создадовме тие светови
  • 9:27 - 9:32
    за кои велеа дека е токму
    светот кој го посакуваат.
  • 9:34 - 9:39
    Што ако експериментираме со
    создавање на таков свет
  • 9:39 - 9:40
    наредниве неколку денови?
  • 9:42 - 9:46
    И наместо да прашаме некој „Што работиш?“
  • 9:47 - 9:49
    да го запрашаме: „Кој е твојот сон?“
  • 9:50 - 9:52
    или „Кои се твоите неостварени сни?“
  • 9:53 - 9:58
    Знаете „ТЕД“ - Тежнеј кон
    соништата на секој.
  • 9:59 - 10:04
    (Аплауз)
  • 10:04 - 10:06
    Можеби тоа е „Сакам да останам трезен“
  • 10:06 - 10:09
    или „Сакам да изградам куќа
    на дрво со моето дете.“
  • 10:10 - 10:13
    Наместо да пријдете на личноста
    која секој сака да ја запознае,
  • 10:13 - 10:14
    одете до оној кој е осамен
  • 10:15 - 10:17
    и прашајте го дали сака едно кафе.
  • 10:19 - 10:21
    Мислам дека најмногу се плашиме
  • 10:21 - 10:25
    дека ќе ни биде одземена можноста да
    го достигнеме нашиот целосен потенцијал,
  • 10:25 - 10:28
    дека сме родени да сонуваме
  • 10:28 - 10:32
    и може да умреме без да ја имаме можноста.
  • 10:34 - 10:35
    Замислете да живеете во свет
  • 10:35 - 10:41
    во кој го препознаваме длабокиот
    егзистенцијален страв еден во друг
  • 10:42 - 10:45
    и смело се сакаме еден
    со друг зашто знаеме
  • 10:45 - 10:48
    дека, за да се биде човек значи
    да се живее со тој страв.
  • 10:50 - 10:55
    Време е да сонуваме истовремено
    во повеќе димензии,
  • 10:56 - 11:00
    и онаму каде се надминуваат
    сите чудесни работи
  • 11:00 - 11:04
    кои ние ги можеме, сакаме
    и мораме да ги правиме,
  • 11:05 - 11:10
    се наоѓа местото на сите неверојатни
    нешта кои ние можеме да бидеме.
  • 11:12 - 11:15
    Време е да стапнеме во таа димензија
  • 11:15 - 11:19
    и да сфатиме дека и таму имаме соништа.
  • 11:21 - 11:24
    Ако Месечината сонуваше,
  • 11:26 - 11:30
    мислам дека таков ќе беше
    нејзиниот сон за нас.
  • 11:32 - 11:33
    Чест ми е да бидам тука со вас.
  • 11:33 - 11:35
    Ви благодарам.
  • 11:35 - 11:42
    (Аплауз)
Title:
Сонот кој немаме смелост да го сонуваме
Speaker:
Ден Палота
Description:

Кои се вашите соништа? Или уште подобро: „Кои се вашите неостварени сни? Ден Палота сонува за време во кое сите ќе бидеме исто толку возбудени, љубопитни и научно ориентирани кон развојот на човештвото колку што сме ориентирани кон технолошкиот развој. „Она од што најмногу се плашиме е дека ќе ни биде одземена можноста да го достигнеме нашиот вистински потенцијал“-вели Палота. „Замислете да живееме во свет каде едноставно го препознаваме тој длабок, егзистенцијален страв во секој од нас - и каде смело се сакаме еден со друг зашто знаеме дека, да се биде човек значи да се живее со тој страв.“

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
11:56

Macedonian subtitles

Revisions