1 00:00:02,014 --> 00:00:03,976 Кога размислувам за соништата, 2 00:00:04,000 --> 00:00:05,876 како многумина од вас, 3 00:00:05,900 --> 00:00:07,585 мислам за оваа слика. 4 00:00:08,838 --> 00:00:12,875 Имав 8 години кога го гледав Нил Армстронг 5 00:00:12,899 --> 00:00:16,113 како излегува од Лунарниот модул и стапнува на Месечината. 6 00:00:17,454 --> 00:00:20,684 Никогаш немав видено такво нешто претходно, 7 00:00:20,708 --> 00:00:22,946 и никогаш немам видено нешто слично оттогаш. 8 00:00:24,319 --> 00:00:28,613 Отидовме на Месечината од една причина: 9 00:00:28,637 --> 00:00:31,943 Џон Кенеди нѐ обврза со рок. 10 00:00:32,978 --> 00:00:35,470 Без тој рок 11 00:00:35,494 --> 00:00:37,501 уште ќе мечтаевме за тоа. 12 00:00:39,209 --> 00:00:43,877 Леонард Бернштајн вели две работи се потребни за големи достигнувања 13 00:00:43,901 --> 00:00:47,366 план и не баш многу време. 14 00:00:47,390 --> 00:00:50,520 (Смеа) 15 00:00:51,851 --> 00:00:56,345 Роковите и посветеноста 16 00:00:56,369 --> 00:01:01,382 се одлични лекции на Аполо кои бледат. 17 00:01:02,514 --> 00:01:06,545 Тоа е она што дава значење на изразот „Лет на месечина“. 18 00:01:07,498 --> 00:01:12,220 На светот очајно му требаат политички лидери, 19 00:01:12,244 --> 00:01:16,029 спремни да постават смели рокови 20 00:01:16,053 --> 00:01:19,981 за остварување на смели соништа како оној на Аполо. 21 00:01:22,368 --> 00:01:23,861 Кога размислувам за соништата, 22 00:01:23,885 --> 00:01:27,934 размислувам за трансвеститите од Л.Анџелес и Стонвол 23 00:01:27,958 --> 00:01:30,307 и милиони други кои ризикувале сѐ 24 00:01:30,331 --> 00:01:33,643 за да се појават кога тоа беше навистина опасно, 25 00:01:33,667 --> 00:01:37,388 како и на оваа слика од Белата куќа осветлена во боите на виножитото, 26 00:01:37,412 --> 00:01:38,570 да- 27 00:01:38,594 --> 00:01:44,373 (Аплауз) 28 00:01:44,397 --> 00:01:47,885 за прославата на правото на брак на хомосексуалците. 29 00:01:47,909 --> 00:01:52,156 Тоа е слика која не можев да ја замислам ни во моите најлуди соништа 30 00:01:52,180 --> 00:01:54,908 кога имав 18 години 31 00:01:54,932 --> 00:01:57,932 и сфатив дека сум геј 32 00:01:57,956 --> 00:02:01,623 и се чувствував отуѓен од мојата земја 33 00:02:01,647 --> 00:02:04,043 и од своите соништа заради тоа. 34 00:02:05,956 --> 00:02:09,210 Помислувам на сликата од моето семејство 35 00:02:09,234 --> 00:02:13,257 кое мислев дека никогаш нема да го имам 36 00:02:13,281 --> 00:02:19,117 (Аплауз) 37 00:02:19,141 --> 00:02:22,067 и сликата за нашите деца со овој наслов во рацете 38 00:02:22,091 --> 00:02:26,852 со одлуката на Врховниот суд кој никогаш не мислев дека ќе биде испечатен. 39 00:02:28,517 --> 00:02:34,295 Ни треба повеќе од храброста на трансвеститите и астронаутите. 40 00:02:34,319 --> 00:02:36,645 (Смеа) 41 00:02:36,669 --> 00:02:39,342 (Аплауз) 42 00:02:39,366 --> 00:02:42,708 Сакам да зборувам за нашата потреба да сонуваме 43 00:02:42,732 --> 00:02:44,818 во повеќе од една димензија, 44 00:02:44,842 --> 00:02:50,248 зашто имаше нешто за Аполо што не го знаев кога имав 8 год. 45 00:02:50,272 --> 00:02:54,533 и нешто за организацијата кај боите на виножитото. 46 00:02:55,699 --> 00:03:00,778 Од сите 30 астронаути во првичните програми на Меркур, Гемини и Аполо, 47 00:03:00,802 --> 00:03:04,310 само 7 бракови опстанале. 48 00:03:05,699 --> 00:03:09,474 Впечатливите слики на астронаутите кои скокаат по Месечината 49 00:03:09,498 --> 00:03:13,510 го прикриваат алкохолизмот и депресијата на Земјата. 50 00:03:14,907 --> 00:03:17,517 Томас Мертон, Трапистичиот монах, 51 00:03:17,541 --> 00:03:19,956 го запрашале во времето на Аполо: 52 00:03:19,980 --> 00:03:23,896 „ Што можеме да добиеме со патувањето на Месечината 53 00:03:23,920 --> 00:03:30,427 ако не можеме да ја преминеме провалијата што нѐ разделува од нас самите?“ 54 00:03:31,561 --> 00:03:34,372 Што можеме да добиеме со правото на брак 55 00:03:34,396 --> 00:03:37,539 ако не можеме да преминеме преку огорченоста 56 00:03:37,563 --> 00:03:42,089 и емоционалната дистанца која често нѐ одвојува од нашата љубов? 57 00:03:42,596 --> 00:03:44,581 Не само во бракот. 58 00:03:45,120 --> 00:03:51,024 Ги имам видено најболните, најдеструктивните 59 00:03:52,231 --> 00:03:56,429 трагични внатрешни конфликти во борбата за ЛГБТ, кај заболените од сида и 60 00:03:56,453 --> 00:03:59,849 од рак на дојка и непрофитниот активизам, 61 00:03:59,873 --> 00:04:01,437 сѐ во името на љубовта. 62 00:04:02,898 --> 00:04:07,615 Томас Мертон истотака пишувал за војните помеѓу светците 63 00:04:07,639 --> 00:04:13,668 и за тоа дека „постои распространет начин на современо насилство 64 00:04:13,692 --> 00:04:18,041 пред кое идеалистот најлесно потклекнува: 65 00:04:18,065 --> 00:04:20,906 активизмот и претераната работа. 66 00:04:21,414 --> 00:04:26,191 Жестокоста на нашиот активизам ја неутрализира нашата работа за мир. 67 00:04:26,215 --> 00:04:30,533 Го уништува нашиот внатрешен капацитет за мир.“ 68 00:04:32,041 --> 00:04:37,502 Честопати нашите соништа стануваат преградени фиксирања 69 00:04:37,526 --> 00:04:39,359 кон некоја иднина 70 00:04:39,383 --> 00:04:43,502 што ја уништува нашата способност да бидеме присутни во нашите животи сега. 71 00:04:44,926 --> 00:04:48,641 Нашиот сон за подобар живот на некое идно човештво 72 00:04:48,665 --> 00:04:50,925 или за други луѓе во други земји 73 00:04:50,949 --> 00:04:54,973 нѐ отуѓува од убавите човечки суштество кои седат до нас 74 00:04:54,997 --> 00:04:56,910 токму во овој миг. 75 00:04:58,481 --> 00:05:01,640 Тоа е цената на напредокот, велиме. 76 00:05:01,664 --> 00:05:03,277 Можете или да одите на Месечината 77 00:05:03,277 --> 00:05:07,115 или да имате стабилност во семејниот живот. 78 00:05:07,679 --> 00:05:11,988 Не можеме да гo сфатиме сонувањето во двете димензии истовремено. 79 00:05:12,012 --> 00:05:15,777 Кога станува збор за нашиот емоционален живот, 80 00:05:15,801 --> 00:05:18,555 посакуваме само стабилност и ништо повеќе од тоа. 81 00:05:18,579 --> 00:05:21,915 Затоа нашата технологија за меѓусебни разговори 82 00:05:21,939 --> 00:05:24,308 се издигнала високо, 83 00:05:24,332 --> 00:05:28,038 а нашата способност да се слушаме и разбереме меѓусебно 84 00:05:28,062 --> 00:05:29,232 не мрднала од место. 85 00:05:31,236 --> 00:05:34,220 Нашиот пристап до информациите се издигна до небото, 86 00:05:35,665 --> 00:05:39,220 а нашиот пристап до радоста стои на земја. 87 00:05:41,442 --> 00:05:46,128 Но оваа идеја, дека нашата сегашност и нашата иднина меѓусебно се исклучуваат, 88 00:05:46,128 --> 00:05:48,358 дека, за да го достигнеме нашиот потенцијал 89 00:05:48,358 --> 00:05:51,358 за работење мораме да се откажеме 90 00:05:51,358 --> 00:05:54,521 од нашиот потенцијал за суштествување, 91 00:05:54,545 --> 00:05:58,456 дека бројот на транзисторите во колото можат да се дуплираат, 92 00:05:58,480 --> 00:06:02,782 но не и нашата способност за сочувство хуманост, спокојство и љубов 93 00:06:02,806 --> 00:06:04,884 кои се ограничени на некој начин, 94 00:06:04,908 --> 00:06:07,874 ваквата идеја е погрешна и нè гуши. 95 00:06:10,237 --> 00:06:12,049 Не предлагам 96 00:06:12,073 --> 00:06:17,701 клише од типот "поголем баланс меѓу животот и работата." 97 00:06:19,541 --> 00:06:22,454 Што имам од тоа ако поминувам повеќе време со децата дома 98 00:06:22,478 --> 00:06:25,263 ако мојот ум е на друго место додека го правам тоа? 99 00:06:26,600 --> 00:06:28,565 Не зборувам ни за полна свесност. 100 00:06:28,589 --> 00:06:32,961 Полната свесност наеднаш станува алат за подобрување на продуктивноста. 101 00:06:33,973 --> 00:06:36,290 (Смеа) 102 00:06:36,314 --> 00:06:37,466 Нели? 103 00:06:37,490 --> 00:06:40,434 Јас велам дека треба да сонуваме 104 00:06:40,458 --> 00:06:45,219 онолку смело за нашето суштествување 105 00:06:45,243 --> 00:06:47,727 колку што сонуваме за индустрија и технологија. 106 00:06:47,751 --> 00:06:51,615 Зборувам за одважната автентичност 107 00:06:52,536 --> 00:06:55,528 која ни дозволува да плачеме заедно, 108 00:06:56,298 --> 00:07:01,826 херојската понизност која ни дозволува да ги тргнеме маските и да бидеме искрени. 109 00:07:01,850 --> 00:07:04,375 Нашата неспособност да бидеме едни со други, 110 00:07:04,399 --> 00:07:08,733 нашиот страв да плачеме едни со други, е она што доведува до многу проблеми 111 00:07:08,757 --> 00:07:12,051 кои жестоко се трудиме да ги решиме, 112 00:07:12,075 --> 00:07:15,375 од застој во Конгресот до економската нехуманост. 113 00:07:16,097 --> 00:07:19,364 (Аплауз) 114 00:07:19,388 --> 00:07:23,435 Зборувам за она што Џонас Салк го нарекува „Епоха Б“, 115 00:07:23,459 --> 00:07:29,070 нова епоха во која ќе сме исто толку возбудени, љубопитни 116 00:07:29,094 --> 00:07:33,103 и научно ориентирани кон развитокот на човештвото 117 00:07:33,127 --> 00:07:35,722 колку што сме кон развојот на технологијата. 118 00:07:37,341 --> 00:07:39,802 Не треба да се плашиме од оваа можност 119 00:07:39,826 --> 00:07:42,595 само заради тоа што не ја разбираме целосно. 120 00:07:43,357 --> 00:07:45,972 Едно време не ја разбиравме вселената. 121 00:07:46,722 --> 00:07:50,150 Или затоа што сме повеќе навикнати на технологија и активизам. 122 00:07:50,174 --> 00:07:53,445 Тоа е дефиниција за заглавеност во зоната на комфорот. 123 00:07:53,469 --> 00:07:59,103 Сега ни е удобно да мечтаеме за неверојатни технолошки достигнувања. 124 00:07:59,842 --> 00:08:03,993 Во 2016 г. димензијата за бидеме свои 125 00:08:04,017 --> 00:08:09,147 тежнее кон својот дел во нашите мечти. 126 00:08:11,782 --> 00:08:14,107 Сите ние сме тука за да сонуваме, 127 00:08:14,131 --> 00:08:15,799 но, можеби ако сме искрени, 128 00:08:15,823 --> 00:08:18,512 секој од нас го бара својот сопствен сон. 129 00:08:18,536 --> 00:08:22,306 Гледајќи во имињата, за да видиме кој може да ни помогне околу нашиот сон 130 00:08:22,330 --> 00:08:25,426 понекогаш гледајќи низ нашата човечност. 131 00:08:25,450 --> 00:08:29,156 Не можам да се замарам со тебе сега, имам идеја за како да го спасам светот. 132 00:08:29,513 --> 00:08:30,665 Нели? 133 00:08:30,689 --> 00:08:33,806 (Смеа) 134 00:08:33,830 --> 00:08:38,306 Пред повеќе години, еднаш одамна, имав убава компанија 135 00:08:38,330 --> 00:08:42,290 која смислуваше долги патувања за херојски граѓански ангажмани. 136 00:08:42,647 --> 00:08:44,694 И ја имавме оваа мантра: 137 00:08:44,718 --> 00:08:48,535 „Човек. Добар. Биди обете. “ 138 00:08:49,139 --> 00:08:55,075 Ги храбревме луѓето жестоко да експериментираат со љубезност. 139 00:08:55,599 --> 00:08:58,360 На пример; „Одете и помогнете на сите да постават шатори.“ 140 00:08:59,400 --> 00:09:01,971 А имаше многу шатори. 141 00:09:01,995 --> 00:09:03,265 (Смеа) 142 00:09:04,043 --> 00:09:05,766 „Одете и купете за секој сладолед.“ 143 00:09:05,790 --> 00:09:07,671 „Помогнете им да ги напумпаат гумите 144 00:09:07,695 --> 00:09:10,621 иако знаете дека редот за вечера ќе стане подолг.“ 145 00:09:10,645 --> 00:09:13,019 Луѓето го прифаќаа ова, толку многу 146 00:09:13,043 --> 00:09:15,670 што ако се дупнеше гума на „Возење против сида„“ 147 00:09:15,694 --> 00:09:19,321 имаше проблем да се поправи зашто многу луѓе прашуваа 148 00:09:19,345 --> 00:09:20,495 дали е потребна помош. 149 00:09:21,345 --> 00:09:25,354 За неколку дена, за десетици илјади луѓе, 150 00:09:25,378 --> 00:09:27,292 ги создадовме тие светови 151 00:09:27,316 --> 00:09:31,522 за кои велеа дека е токму светот кој го посакуваат. 152 00:09:34,316 --> 00:09:38,823 Што ако експериментираме со создавање на таков свет 153 00:09:38,847 --> 00:09:40,485 наредниве неколку денови? 154 00:09:42,156 --> 00:09:45,965 И наместо да прашаме некој „Што работиш?“ 155 00:09:47,195 --> 00:09:49,264 да го запрашаме: „Кој е твојот сон?“ 156 00:09:50,315 --> 00:09:52,283 или „Кои се твоите неостварени сни?“ 157 00:09:53,346 --> 00:09:58,163 Знаете „ТЕД“ - Тежнеј кон соништата на секој. 158 00:09:58,830 --> 00:10:03,599 (Аплауз) 159 00:10:03,623 --> 00:10:06,179 Можеби тоа е „Сакам да останам трезен“ 160 00:10:06,203 --> 00:10:08,869 или „Сакам да изградам куќа на дрво со моето дете.“ 161 00:10:09,512 --> 00:10:12,704 Наместо да пријдете на личноста која секој сака да ја запознае, 162 00:10:12,728 --> 00:10:14,485 одете до оној кој е осамен 163 00:10:14,509 --> 00:10:17,196 и прашајте го дали сака едно кафе. 164 00:10:18,544 --> 00:10:21,020 Мислам дека најмногу се плашиме 165 00:10:21,044 --> 00:10:25,400 дека ќе ни биде одземена можноста да го достигнеме нашиот целосен потенцијал, 166 00:10:25,424 --> 00:10:28,035 дека сме родени да сонуваме 167 00:10:28,059 --> 00:10:31,671 и може да умреме без да ја имаме можноста. 168 00:10:33,630 --> 00:10:35,258 Замислете да живеете во свет 169 00:10:35,282 --> 00:10:41,479 во кој го препознаваме длабокиот егзистенцијален страв еден во друг 170 00:10:41,503 --> 00:10:44,635 и смело се сакаме еден со друг зашто знаеме 171 00:10:44,659 --> 00:10:48,222 дека, за да се биде човек значи да се живее со тој страв. 172 00:10:49,793 --> 00:10:55,341 Време е да сонуваме истовремено во повеќе димензии, 173 00:10:56,262 --> 00:11:00,230 и онаму каде се надминуваат сите чудесни работи 174 00:11:00,254 --> 00:11:03,904 кои ние ги можеме, сакаме и мораме да ги правиме, 175 00:11:04,881 --> 00:11:10,087 се наоѓа местото на сите неверојатни нешта кои ние можеме да бидеме. 176 00:11:11,748 --> 00:11:15,206 Време е да стапнеме во таа димензија 177 00:11:15,230 --> 00:11:18,983 и да сфатиме дека и таму имаме соништа. 178 00:11:21,214 --> 00:11:24,079 Ако Месечината сонуваше, 179 00:11:26,039 --> 00:11:29,952 мислам дека таков ќе беше нејзиниот сон за нас. 180 00:11:31,540 --> 00:11:33,179 Чест ми е да бидам тука со вас. 181 00:11:33,203 --> 00:11:35,112 Ви благодарам. 182 00:11:35,136 --> 00:11:42,136 (Аплауз)