Кога размислувам за соништата, како многумина од вас, мислам за оваа слика. Имав 8 години кога го гледав Нил Армстронг како излегува од Лунарниот модул и стапнува на Месечината. Никогаш немав видено такво нешто претходно, и никогаш немам видено нешто слично оттогаш. Отидовме на Месечината од една причина: Џон Кенеди нѐ обврза со рок. Без тој рок уште ќе мечтаевме за тоа. Леонард Бернштајн вели две работи се потребни за големи достигнувања план и не баш многу време. (Смеа) Роковите и посветеноста се одлични лекции на Аполо кои бледат. Тоа е она што дава значење на изразот „Лет на месечина“. На светот очајно му требаат политички лидери, спремни да постават смели рокови за остварување на смели соништа како оној на Аполо. Кога размислувам за соништата, размислувам за трансвеститите од Л.Анџелес и Стонвол и милиони други кои ризикувале сѐ за да се појават кога тоа беше навистина опасно, како и на оваа слика од Белата куќа осветлена во боите на виножитото, да- (Аплауз) за прославата на правото на брак на хомосексуалците. Тоа е слика која не можев да ја замислам ни во моите најлуди соништа кога имав 18 години и сфатив дека сум геј и се чувствував отуѓен од мојата земја и од своите соништа заради тоа. Помислувам на сликата од моето семејство кое мислев дека никогаш нема да го имам (Аплауз) и сликата за нашите деца со овој наслов во рацете со одлуката на Врховниот суд кој никогаш не мислев дека ќе биде испечатен. Ни треба повеќе од храброста на трансвеститите и астронаутите. (Смеа) (Аплауз) Сакам да зборувам за нашата потреба да сонуваме во повеќе од една димензија, зашто имаше нешто за Аполо што не го знаев кога имав 8 год. и нешто за организацијата кај боите на виножитото. Од сите 30 астронаути во првичните програми на Меркур, Гемини и Аполо, само 7 бракови опстанале. Впечатливите слики на астронаутите кои скокаат по Месечината го прикриваат алкохолизмот и депресијата на Земјата. Томас Мертон, Трапистичиот монах, го запрашале во времето на Аполо: „ Што можеме да добиеме со патувањето на Месечината ако не можеме да ја преминеме провалијата што нѐ разделува од нас самите?“ Што можеме да добиеме со правото на брак ако не можеме да преминеме преку огорченоста и емоционалната дистанца која често нѐ одвојува од нашата љубов? Не само во бракот. Ги имам видено најболните, најдеструктивните трагични внатрешни конфликти во борбата за ЛГБТ, кај заболените од сида и од рак на дојка и непрофитниот активизам, сѐ во името на љубовта. Томас Мертон истотака пишувал за војните помеѓу светците и за тоа дека „постои распространет начин на современо насилство пред кое идеалистот најлесно потклекнува: активизмот и претераната работа. Жестокоста на нашиот активизам ја неутрализира нашата работа за мир. Го уништува нашиот внатрешен капацитет за мир.“ Честопати нашите соништа стануваат преградени фиксирања кон некоја иднина што ја уништува нашата способност да бидеме присутни во нашите животи сега. Нашиот сон за подобар живот на некое идно човештво или за други луѓе во други земји нѐ отуѓува од убавите човечки суштество кои седат до нас токму во овој миг. Тоа е цената на напредокот, велиме. Можете или да одите на Месечината или да имате стабилност во семејниот живот. Не можеме да гo сфатиме сонувањето во двете димензии истовремено. Кога станува збор за нашиот емоционален живот, посакуваме само стабилност и ништо повеќе од тоа. Затоа нашата технологија за меѓусебни разговори се издигнала високо, а нашата способност да се слушаме и разбереме меѓусебно не мрднала од место. Нашиот пристап до информациите се издигна до небото, а нашиот пристап до радоста стои на земја. Но оваа идеја, дека нашата сегашност и нашата иднина меѓусебно се исклучуваат, дека, за да го достигнеме нашиот потенцијал за работење мораме да се откажеме од нашиот потенцијал за суштествување, дека бројот на транзисторите во колото можат да се дуплираат, но не и нашата способност за сочувство хуманост, спокојство и љубов кои се ограничени на некој начин, ваквата идеја е погрешна и нè гуши. Не предлагам клише од типот "поголем баланс меѓу животот и работата." Што имам од тоа ако поминувам повеќе време со децата дома ако мојот ум е на друго место додека го правам тоа? Не зборувам ни за полна свесност. Полната свесност наеднаш станува алат за подобрување на продуктивноста. (Смеа) Нели? Јас велам дека треба да сонуваме онолку смело за нашето суштествување колку што сонуваме за индустрија и технологија. Зборувам за одважната автентичност која ни дозволува да плачеме заедно, херојската понизност која ни дозволува да ги тргнеме маските и да бидеме искрени. Нашата неспособност да бидеме едни со други, нашиот страв да плачеме едни со други, е она што доведува до многу проблеми кои жестоко се трудиме да ги решиме, од застој во Конгресот до економската нехуманост. (Аплауз) Зборувам за она што Џонас Салк го нарекува „Епоха Б“, нова епоха во која ќе сме исто толку возбудени, љубопитни и научно ориентирани кон развитокот на човештвото колку што сме кон развојот на технологијата. Не треба да се плашиме од оваа можност само заради тоа што не ја разбираме целосно. Едно време не ја разбиравме вселената. Или затоа што сме повеќе навикнати на технологија и активизам. Тоа е дефиниција за заглавеност во зоната на комфорот. Сега ни е удобно да мечтаеме за неверојатни технолошки достигнувања. Во 2016 г. димензијата за бидеме свои тежнее кон својот дел во нашите мечти. Сите ние сме тука за да сонуваме, но, можеби ако сме искрени, секој од нас го бара својот сопствен сон. Гледајќи во имињата, за да видиме кој може да ни помогне околу нашиот сон понекогаш гледајќи низ нашата човечност. Не можам да се замарам со тебе сега, имам идеја за како да го спасам светот. Нели? (Смеа) Пред повеќе години, еднаш одамна, имав убава компанија која смислуваше долги патувања за херојски граѓански ангажмани. И ја имавме оваа мантра: „Човек. Добар. Биди обете. “ Ги храбревме луѓето жестоко да експериментираат со љубезност. На пример; „Одете и помогнете на сите да постават шатори.“ А имаше многу шатори. (Смеа) „Одете и купете за секој сладолед.“ „Помогнете им да ги напумпаат гумите иако знаете дека редот за вечера ќе стане подолг.“ Луѓето го прифаќаа ова, толку многу што ако се дупнеше гума на „Возење против сида„“ имаше проблем да се поправи зашто многу луѓе прашуваа дали е потребна помош. За неколку дена, за десетици илјади луѓе, ги создадовме тие светови за кои велеа дека е токму светот кој го посакуваат. Што ако експериментираме со создавање на таков свет наредниве неколку денови? И наместо да прашаме некој „Што работиш?“ да го запрашаме: „Кој е твојот сон?“ или „Кои се твоите неостварени сни?“ Знаете „ТЕД“ - Тежнеј кон соништата на секој. (Аплауз) Можеби тоа е „Сакам да останам трезен“ или „Сакам да изградам куќа на дрво со моето дете.“ Наместо да пријдете на личноста која секој сака да ја запознае, одете до оној кој е осамен и прашајте го дали сака едно кафе. Мислам дека најмногу се плашиме дека ќе ни биде одземена можноста да го достигнеме нашиот целосен потенцијал, дека сме родени да сонуваме и може да умреме без да ја имаме можноста. Замислете да живеете во свет во кој го препознаваме длабокиот егзистенцијален страв еден во друг и смело се сакаме еден со друг зашто знаеме дека, за да се биде човек значи да се живее со тој страв. Време е да сонуваме истовремено во повеќе димензии, и онаму каде се надминуваат сите чудесни работи кои ние ги можеме, сакаме и мораме да ги правиме, се наоѓа местото на сите неверојатни нешта кои ние можеме да бидеме. Време е да стапнеме во таа димензија и да сфатиме дека и таму имаме соништа. Ако Месечината сонуваше, мислам дека таков ќе беше нејзиниот сон за нас. Чест ми е да бидам тука со вас. Ви благодарам. (Аплауз)