Return to Video

Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!

  • 0:00 - 0:02
    Темата на мојот денешен говор е,
  • 0:02 - 0:05
    „Станете уметник, токму СЕГА.“
  • 0:05 - 0:08
    Повеќето луѓе кога оваа тема ќе се спомене
  • 0:08 - 0:11
    се стресуваат и не сакаат да зборуваат:
  • 0:11 - 0:14
    „Уметноста не ме исполнува, а и зафатен сум сега.
  • 0:14 - 0:16
    Треба да одам на училиште, да најдам работа,
  • 0:16 - 0:18
    треба да ги однесам децата на часови...“
  • 0:18 - 0:24
    Си мислите, „Премногу сум зафатен/а. Немам време за уметност.“
  • 0:24 - 0:27
    Постојат стотици причини за да не бидеме уметници.
  • 0:27 - 0:29
    Зарем не ви текнуваат во моментов?
  • 0:29 - 0:31
    Имаме бескрајно многу причини за да не бидеме,
  • 0:31 - 0:33
    а немаме ниту една за да бидеме.
  • 0:33 - 0:35
    Не знаеме зошто би биле уметници,
  • 0:35 - 0:39
    но имаме многу причини зошто не можеме да бидеме.
  • 0:39 - 0:43
    Зошто луѓето се дистанцираат од уметноста?
  • 0:43 - 0:47
    Можеби си мислите дека уметноста е за високо надарените
  • 0:47 - 0:52
    или за оние кои имаат темелна и професионална обука.
  • 0:52 - 0:57
    А некои од вас можеби мислат дека се премногу оддалечени од уметноста.
  • 0:57 - 1:01
    Па можеби е така, но сепак јас не се согласувам.
  • 1:01 - 1:04
    Ова е темата на мојот денешен говор.
  • 1:04 - 1:05
    Сите ние се раѓаме како уметници.
  • 1:05 - 1:09
    Ако имате деца, знаете на што мислам.
  • 1:09 - 1:13
    Скоро сè што прават децата е уметност.
  • 1:13 - 1:16
    Цртаат со фломастери по ѕидот.
  • 1:16 - 1:19
    Танцуваат на Son Dam Bi танцот на ТВ,
  • 1:19 - 1:23
    но тоа и не можете да наречете Son Dam Bi танц -- тоа е нивниот детски танц.
  • 1:23 - 1:28
    Тие танцуваат некој чуден танц, а своето пеење им го наметнуваат на сите.
  • 1:28 - 1:32
    Можеби само нивните родители можат да ја поднесат оваа уметност,
  • 1:32 - 1:37
    и бидејќи ваквата уметност тие ја вежбаат цел ден,
  • 1:37 - 1:41
    да бидеме искрени, луѓето се заморуваат по малку.
  • 1:41 - 1:44
    Децата некогаш изведуваат монодрами --
  • 1:44 - 1:47
    домашните игри се навистина монодрами или претстави.
  • 1:47 - 1:50
    Некои пак деца, кога малку ќе пораснат,
  • 1:50 - 1:52
    почнуваат да лажат.
  • 1:52 - 1:57
    Вообичаено родителите ја паметат првата лага на детето.
  • 1:57 - 1:59
    И тогаш се шокирани.
  • 1:59 - 2:02
    „Сега покажуваш кој си навистина, „вели мајката. Се прашува, „Зошто прави сè како татко му?“
  • 2:02 - 2:05
    Па го испрашува, „Каков човек ќе бидеш утре?“
  • 2:05 - 2:07
    Но, не треба да се грижите.
  • 2:07 - 2:13
    Кога детето ќе почне да лаже, во тој момент започнува кажувањето на приказни.
  • 2:13 - 2:15
    Тие зборуваат за работи кои не ги виделе.
  • 2:15 - 2:17
    Тоа е неверојатно. Тоа е прекрасен момент.
  • 2:17 - 2:19
    Родителите би требало да го слават.
  • 2:19 - 2:23
    „Ураа! Моето момче конечно почна да лаже!“
  • 2:23 - 2:26
    Во ред! Тоа е знак за прослава.
  • 2:26 - 2:29
    На пример, детето вели, „Мамо, погоди што? Сретнав вонземјанин кога си доаѓав накај дома.“
  • 2:29 - 2:33
    Типичната мајка би рекла, „Престани да зборуваш глупости.“
  • 2:33 - 2:37
    Но, идеалниот родител би изреагирал вака:
  • 2:37 - 2:40
    „Стварно? Вонземјанин, хм? Како изгледаше? Ти рече нешто?
  • 2:40 - 2:42
    Каде го сретна?“ „А, пред супермаркетот.“
  • 2:42 - 2:44
    Кога разговарате вака,
  • 2:44 - 2:51
    детето мора да смисли нешто друго за да биде доследно на она што го започнало.
  • 2:51 - 2:53
    Многу бргу, приказната се развива.
  • 2:53 - 2:57
    Секако дека ова е детска приказна,
  • 2:57 - 3:01
    но смислувањето на реченици кои одат една по друга
  • 3:01 - 3:05
    е нешто што го прават и професионалните писатели како мене.
  • 3:05 - 3:07
    Во суштина, не постои разлика.
  • 3:07 - 3:10
    Роланд Барт за Флоберовите романи го кажал следново:
  • 3:10 - 3:13
    „Флобер не напиша роман.
  • 3:13 - 3:16
    Тој само ги поврза речениците една по друга.
  • 3:16 - 3:20
    Еросот помеѓу речениците е суштината на Флоберовиот роман.“
  • 3:20 - 3:23
    Токму така -- романот, во основа, е пишување на една реченица,
  • 3:23 - 3:27
    потоа, без нарушување на смислата на првата,
  • 3:27 - 3:28
    се пишува следната реченица.
  • 3:28 - 3:30
    На тој начин ги поврзувате речениците.
  • 3:30 - 3:32
    Погледнете ја оваа реченица:
  • 3:32 - 3:34
    „Едно утро, кога Грегор Самса се разбудил од лош сон, открил дека е трансформиран во монструозна и вошлива бубачка.“
  • 3:34 - 3:37
    Ова е првата реченица од „Метаморфозис“ на Франц Кафка.
  • 3:37 - 3:40
    Преку пишување на една ваква неоправдана реченица,
  • 3:40 - 3:42
    па продолжувањето со друга за да ја оправдате првата,
  • 3:42 - 3:47
    трудот на Кафка стана ремек дело на современата литература.
  • 3:47 - 3:50
    Кафка не го покажал своето дело на татко му.
  • 3:50 - 3:52
    Не бил во добри односи со татко му.
  • 3:52 - 3:56
    Сам ја напишал оваа реченица.
  • 3:56 - 3:59
    Да му ја покажел, веројатно ќе си помислел, "Син ми начисто одлепил."
  • 3:59 - 4:01
    И тоа е точно. Уметноста е уствари благо лудило,
  • 4:01 - 4:03
    а оправдувањето на речениците
  • 4:03 - 4:06
    е многу слично на детското оправдување.
  • 4:06 - 4:08
    Дете кое штотуку почнало да лаже
  • 4:08 - 4:11
    го превзема првиот чекор како раскажувач.
  • 4:11 - 4:14
    Децата создаваат уметност.
  • 4:14 - 4:15
    Не се заморуваат и се забавуваат правејќи го тоа.
  • 4:15 - 4:17
    Деновиве бев на Чеџу островот.
  • 4:17 - 4:22
    Кога децата се на плажа, повеќето од нив сакаат да си играат во водата.
  • 4:22 - 4:25
    Но некои од нив поминуваат многу време во песокот,
  • 4:25 - 4:27
    правејќи планини и мориња -- добро, не мориња,
  • 4:27 - 4:31
    но различни работи -- луѓе и кучиња, и сл.
  • 4:31 - 4:32
    Но родителите им велат,
  • 4:32 - 4:34
    „Сè ќе избришат брановите.“
  • 4:34 - 4:36
    Со други зборови, бескорисно е тоа што го правиш.
  • 4:36 - 4:37
    Нема потреба.
  • 4:37 - 4:39
    Но на децата баш им е гајле.
  • 4:39 - 4:40
    Тие се забавуваат во моментот
  • 4:40 - 4:42
    и продолжуваат да си играат во песокот.
  • 4:42 - 4:45
    Децата тоа не го прават бидејќи некој им кажал така.
  • 4:45 - 4:46
    Не им наредил шефот
  • 4:46 - 4:49
    или некој друг, тие едноставно го прават.
  • 4:49 - 4:55
    Кога сте биле мали, можам да се обложам дека сте уживале во примитивната уметност.
  • 4:55 - 4:59
    Кога ќе побарам од моите студенти да пишуваат за нивниот најсреќен момент,
  • 4:59 - 5:05
    многумина пишуваат за разни уметнички искуства кои ги имале како деца.
  • 5:05 - 5:08
    Како учеле да свират пијано и како свиреле со четири раце со нивниот другар,
  • 5:08 - 5:13
    или како изведувале смешен скеч со нивните пријатели, пришто изгледале како идиоти. За такви работи.
  • 5:13 - 5:16
    Или за моментот кога го развиле првиот филм исликан со стариот фотоапарат.
  • 5:16 - 5:18
    Тие зборуваат за ваквите искуства.
  • 5:18 - 5:21
    Сигурно и вие сте имале вакви моменти.
  • 5:21 - 5:23
    Во ваквите мигови, уметноста нè усреќува,
  • 5:23 - 5:24
    бидејќи не е работа.
  • 5:24 - 5:27
    Работата не ве усреќува, нели? Најчесто е напорна.
  • 5:27 - 5:30
    Францускиот писател Мишел Турниè има една позната изрека.
  • 5:30 - 5:32
    Иако е малку проблематична.
  • 5:32 - 5:37
    „Работата е против човековата природа, бидејќи нè заморува.“
  • 5:37 - 5:38
    Зошто би нè заморувала ако е дел од нашата природа?
  • 5:38 - 5:40
    Играта не нè заморува.
  • 5:40 - 5:41
    Можеме да си играме цела вечер.
  • 5:41 - 5:44
    Ако работиме преку ноќ, треба да ни платат за прекувремена работа.
  • 5:44 - 5:47
    Зошто? Бидејќи нè истоштува и чувствуваме замор.
  • 5:47 - 5:51
    Но, децата се занимаваат со уметност заради забава. Тоа е игра.
  • 5:51 - 5:54
    Тие не цртаат за да го продадат делото на некој клиент
  • 5:54 - 5:57
    и не свират пијано за да го издржуваат своето семејство.
  • 5:57 - 6:00
    Секако, имало деца кои морале да го прават и тоа.
  • 6:00 - 6:01
    Го знаете овој господин така?
  • 6:01 - 6:05
    Тој морал да оди на турнеи низ Европа за да го издржува своето семејство --
  • 6:05 - 6:07
    Волфганг Амадеус Моцарт --
  • 6:07 - 6:10
    но тоа било векови наназад, па можеме да го сметаме како исклучок.
  • 6:10 - 6:14
    За жал, во одреден момент нашата уметност, нашето радосно време завршува.
  • 6:14 - 6:18
    Децата мора да одат на часови, во училиште, да напишат домашна работа
  • 6:18 - 6:21
    и секако одат на часови по пијано или балет,
  • 6:21 - 6:23
    но повеќе не се забавуваат.
  • 6:23 - 6:26
    Ви кажуваат да го правите тоа, и одите на натпревари. Како може тоа да биде забавно?
  • 6:26 - 6:32
    Ако сте во основно училиште и сè уште цртате по ѕид,
  • 6:32 - 6:36
    тогаш сигурно ќе си имате проблеми со мајка ви.
  • 6:36 - 6:40
    Освен тоа, ако продолжите,
  • 6:40 - 6:42
    и како возрасен, да се однесувате како уметник,
  • 6:42 - 6:46
    тогаш постојано сте под притисок --
  • 6:46 - 6:52
    луѓето ќе ги преиспитуваат вашите постапки и ќе бараат да се однесувате соодветно.
  • 6:52 - 6:58
    Еве ја мојата приказна. Бев осмо одделение и се пријавив на натпревар по цртање во училиште во Гјонкбокгунг.
  • 6:58 - 7:01
    Дадов сè од себе, а мојот наставник дојде
  • 7:01 - 7:05
    и ме праша, „Што правиш?“
  • 7:05 - 7:06
    „Цртам внимателно,“ му одговорив.
  • 7:06 - 7:08
    „Зошто користиш само црна боја?“
  • 7:08 - 7:11
    И навистина, јас како споулавен го боев блокчето со црна боја.
  • 7:11 - 7:14
    И му објаснив,
  • 7:14 - 7:17
    „Ова е мрачна ноќ, а враната си седи на гранка.“
  • 7:17 - 7:18
    Тогаш мојот наставник рече,
  • 7:18 - 7:23
    „Стварно? Па, Јонг-ха, веројатно не те бива за цртање, но имаш талент за раскажување.“
  • 7:23 - 7:26
    Камо среќа да го кажеше тоа.
  • 7:26 - 7:29
    Уствари ми кажа, "Копук ниеден,
  • 7:29 - 7:30
    сега ќе си го добиеш." (Смеа)
  • 7:30 - 7:33
    Требаше да нацрташ палата,Гјонкбокгун , или сл.,
  • 7:33 - 7:35
    но јас боев сè во црно,
  • 7:35 - 7:37
    и така ме исфрли од групата.
  • 7:37 - 7:39
    Имаше и многу девојчиња,
  • 7:39 - 7:41
    па бев ептен исплашен.
  • 7:41 - 7:45
    Не ми ги прифатија ниту објаснувањата, ниту изговорите,
  • 7:45 - 7:48
    и навистина си го извлеков подебелиот крај.
  • 7:48 - 7:53
    Да беше идеален наставник, ќе изреагираше онака како што кажав пред малку,
  • 7:53 - 7:55
    „Јанг-ха можеби нема талент за цртање,
  • 7:55 - 7:59
    но има дарба за смислување на приказни,“ и ќе ме охрабреше.
  • 7:59 - 8:02
    Но таквите наставници ретко се наоѓаат.
  • 8:02 - 8:05
    Подоцна, пораснав и отидов во една европска галерија -
  • 8:05 - 8:07
    Бев студент -- и си помислив
  • 8:07 - 8:12
    дека тоа што ми го направи беше навистина нефер. Погледнете на што налетав. (Смеа)
  • 8:12 - 8:17
    Вакви дела биле изложени во Базел, а јас бев казнет
  • 8:17 - 8:22
    и стоев пред палатата со мојот цртеж во уста.
  • 8:22 - 8:25
    Погледнете го ова. Зарем не ви личи на тапет?
  • 8:25 - 8:27
    Современатa уметност, подоцна дознав,
  • 8:27 - 8:31
    не може да се објасни со неубедлива приказна како мојата. Никаде не се спомнуваат врани.
  • 8:31 - 8:34
    Повеќето дела немаат наслов.
  • 8:34 - 8:37
    Како и да е, современата уметност во 20-тиот век настојува
  • 8:37 - 8:43
    да направи нешто необично, а потоа ја пополнува празнината со некакво објаснување и толкување --
  • 8:43 - 8:44
    во суштина, исто како што јас направив.
  • 8:44 - 8:47
    Секако дека моето дело беше многу аматерско,
  • 8:47 - 8:50
    но еве да се осврнеме на некои познати примери.
  • 8:50 - 8:53
    Ова дело е на Пикасо.
  • 8:53 - 8:59
    Го вглавил кормилото во седиштето од велосипедот и го нарекол „Бикова глава." Звучи убедливо, нели?
  • 8:59 - 9:03
    Следно, писоарот е поставен во страна и е наречен „Фонтана."
  • 9:03 - 9:05
    Ова дело е на Дишан.
  • 9:05 - 9:09
    Пополнување на празнината помеѓу објаснувањето и чудниот акт со некаква приказна --
  • 9:09 - 9:13
    со тоа се занимава современата уметност.
  • 9:13 - 9:15
    Пикасо дури и изјавил:
  • 9:15 - 9:19
    „Не го сликам она што го гледам, туку она што го мислам.“
  • 9:19 - 9:22
    Значи не морало да ја сликам палатата.
  • 9:22 - 9:26
    Камо да знаев тогаш што рекол Пикасо. Ќе имав аргументи пред мојот наставник.
  • 9:26 - 9:29
    За жал, малите уметници во нас
  • 9:29 - 9:35
    се осудени на смрт уште пред да започне борбата против угнетувачите на уметноста.
  • 9:35 - 9:36
    Остануваат заробени внатре.
  • 9:36 - 9:38
    Тоа е нашата трагедија.
  • 9:38 - 9:43
    И, што се случува кога малите уметници ќе ги заклучите, ќе ги казните или дури ќе ги убиете?
  • 9:43 - 9:44
    Нашите уметнички желби не исчезнуваат.
  • 9:44 - 9:47
    Сакаме да се изразиме, да се пронајдеме себеси,
  • 9:47 - 9:53
    но кога уметникот е мртов, уметничката желба се пројавува во темна форма.
  • 9:53 - 9:55
    Во караоке баровите, постојано има луѓе кои пеат
  • 9:55 - 9:58
    „She is Gone" или "Hotel California"
  • 9:58 - 10:00
    имитирајќи ги гитарските рифови.
  • 10:00 - 10:03
    Обично звучат грозно. Навистина грозно.
  • 10:03 - 10:05
    Некои луѓе стануваат вакви рокери.
  • 10:05 - 10:07
    А некои луѓе пак, играат по клубовите.
  • 10:07 - 10:11
    Луѓето кои би уживале во раскажувањето на приказни,
  • 10:11 - 10:14
    завршуваат тролајќи на интернет по цела ноќ.
  • 10:14 - 10:17
    И на тој начин, талентот за пишување се пројавува во мрачна форма.
  • 10:17 - 10:21
    Понекогаш татковците се повозбудени од нивните деца,
  • 10:21 - 10:24
    си играат со Лего коцки или составуваат пластични роботи.
  • 10:24 - 10:26
    Велат „Не фаќај, тато ќе го направи.“
  • 10:26 - 10:27
    Детето ќе си отиде,
  • 10:27 - 10:31
    а таткото сам си прави замоци.
  • 10:31 - 10:36
    Ова значи дека нашите уметнички импулси се потиснати, но не се исчезнати.
  • 10:36 - 10:40
    Но честопати се пројавуваат во негативна форма т.е. во вид на завист.
  • 10:40 - 10:45
    Ја знаете песната „Сакам да бидам на ТВ“? Зошто би го сакале тоа?
  • 10:45 - 10:49
    На ТВ има многу луѓе кои го прават она што ние сме сакале да го правиме,
  • 10:49 - 10:51
    но не сме успеале.
  • 10:51 - 10:57
    Танцуваат, глумат -- и колку повеќе го прават тоа толку повеќе се славни.
  • 10:57 - 11:00
    Па почнуваме да им завидуваме.
  • 11:00 - 11:04
    Стануваме диктатори со далечинско и почнуваме да ги критикуваме луѓето на ТВ.
  • 11:04 - 11:10
    „Па и не знае баш да глуми.“ „Ова го нарекуваш пеење? Она не може да погоди ни еден тон.“
  • 11:10 - 11:12
    Со огромна леснотија го кажуваме ова.
  • 11:12 - 11:15
    Стануваме љубоморни, не затоа што сме злобни,
  • 11:15 - 11:20
    туку затоа што во нас има мал уметник кој е потиснат.
  • 11:20 - 11:23
    Така мислам јас.
  • 11:23 - 11:25
    Тогаш што треба
  • 11:25 - 11:26
    да направиме?
  • 11:26 - 11:29
    Треба да си започнеме сопствена уметност.
  • 11:29 - 11:30
    Да го исклучиме телевизорот,
  • 11:30 - 11:32
    да се одлогираме од интернет,
  • 11:32 - 11:35
    да станеме и да почнеме да правиме нешто.
  • 11:35 - 11:37
    Во драмското училиште каде што предавам,
  • 11:37 - 11:40
    имаме предмет наречен Драмска уметност.
  • 11:40 - 11:44
    По овој предмет, сите студенти мораат да направат претстава.
  • 11:44 - 11:48
    Меѓутоа, оние на кои глумата им е главен предмет нема да глумат.
  • 11:48 - 11:50
    Тие може да ја напишат претставата, на пример,
  • 11:50 - 11:53
    а писателите ќе се занимаваат со сценската уметност.
  • 11:53 - 11:55
    Вака ја правите претставата.
  • 11:55 - 11:59
    Студентите отпрвин се сомневаат во своите способности,
  • 11:59 - 12:03
    но подоцна им станува многу интересно. Досега немам видено несреќен учесник.
  • 12:03 - 12:07
    Во училиште, во војска, па дури и во душевна болница, кога ќе ги поттикнете луѓето на ова, потоа тие уживаат.
  • 12:07 - 12:12
    Сум го видел ова во војска, многу луѓе се забавуваа правејќи претстави.
  • 12:12 - 12:15
    Имам и едно друго искуство:
  • 12:15 - 12:19
    На моите часови по пишување, на студентите им давам специјални задачи.
  • 12:19 - 12:25
    Моите студенти се како вас -- на повеќето пишувањето не им е главен предмет.
  • 12:25 - 12:29
    На некои главна им е музиката или уметноста и мислат дека не знаат да пишуваат.
  • 12:29 - 12:33
    На нив им давам празен табак и тема.
  • 12:33 - 12:35
    Може да биде едноставна тема:
  • 12:35 - 12:37
    Пишувајте за најнесреќните моменти од детството.
  • 12:37 - 12:41
    Постои само едно правило: Мора да пишувате божем сте луди.
  • 12:41 - 12:44
    Шетам околу нив и ги охрабрувам.
  • 12:44 - 12:48
    „Ајде! Ајде!“ Треба да пишуваат како луди еден час или два.
  • 12:48 - 12:51
    Може да размислуваат само првите 5 минути.
  • 12:51 - 12:54
    А ги терам да пишуваат како луди, затоа што
  • 12:54 - 12:57
    многу мисли минуваат низ главата и ако пишувате споро,
  • 12:57 - 12:59
    тогаш ќе ви се вовлече уметничкиот демон.
  • 12:59 - 13:03
    Демонот ќе ви каже стотици причини
  • 13:03 - 13:06
    зошто не можете да пишувате:
  • 13:06 - 13:09
    „Луѓето ќе ти се смеат. Ова не е добро напишано!
  • 13:09 - 13:11
    Каква реченица е ова? Види си го ракописот!“
  • 13:11 - 13:12
    Ќе ви каже многу работи.
  • 13:12 - 13:15
    Мора да трчате брзо за да не ве стигне демонот.
  • 13:15 - 13:19
    Најдобрите текстови кои сум ги видел на моите часови
  • 13:19 - 13:21
    не се оние кои биле пишувани долго време,
  • 13:21 - 13:25
    туку оние лудачките кои се пишувани пред мене
  • 13:25 - 13:28
    со пенкало во рок од 40 до 60 минути.
  • 13:28 - 13:30
    Студентите запаѓаат во некаков транс.
  • 13:30 - 13:35
    После 30 или 40 минути, тие пишуваат без да знаат што пишуваат.
  • 13:35 - 13:38
    Во тој момент, зајадливиот демон исчезнува.
  • 13:38 - 13:39
    Можам да кажам дека:
  • 13:39 - 13:43
    не се важни стотиците причини заради кои не можеме да бидеме уметници,
  • 13:43 - 13:48
    туку важна е едната причина заради која мораме да бидеме уметници.
  • 13:48 - 13:49
    Не е важно зошто не можеме.
  • 13:49 - 13:52
    Многу уметници станале уметници поради една причина.
  • 13:52 - 13:56
    Кога ќе го успиеме демонот и ќе започнеме со нашата уметност,
  • 13:56 - 13:58
    се појавуваат надворешните непријатели.
  • 13:58 - 14:01
    Воглавно го имаат ликот на нашите родители (Смеа).
  • 14:01 - 14:04
    Понекогаш го имаат ликот на нашите сопружници,
  • 14:04 - 14:06
    но тоа не се вашите родители/сопружници.
  • 14:06 - 14:09
    Тое се демони. Демони.
  • 14:09 - 14:11
    Тие доаѓаат на земјата набрзина трансформирани
  • 14:11 - 14:15
    за да ве спречат во намерата да бидете уметник.
  • 14:15 - 14:17
    И си имаат магични прашања.
  • 14:17 - 14:23
    Кога ќе кажеме, „Ќе се пробам во глума. Има драмско училиште во близина,“ или
  • 14:23 - 14:28
    „Сакам да научам италијански песни,“ тие ќе прашаат „Навистина? Глума? За што ќе ти е тоа?
  • 14:28 - 14:31
    Магичното прашање е, „За што ќе ти е тоа?“
  • 14:31 - 14:35
    Но уметноста не постои за нешто друго.
  • 14:35 - 14:37
    Самата уметноста е крајната цел.
  • 14:37 - 14:41
    Ни ја чува душата и ни го усреќува животот.
  • 14:41 - 14:47
    Ни помага да се изразиме и да бидеме среќни без помош на алкохол или дрога.
  • 14:47 - 14:51
    За да одговориме на едно такво прагматично прашање,
  • 14:51 - 14:54
    треба да бидеме цврсти.
  • 14:54 - 14:58
    „Па, само поради забава. Жал ми е што ќе се забавувам без тебе,“
  • 14:58 - 15:02
    тоа треба да го кажете. „Во секој случај ќе си се забавувам.“
  • 15:02 - 15:07
    Идеалната иднина која што ја замислувам е место каде што сите ние ќе имаме повеќе идентитети,
  • 15:07 - 15:11
    од кои барем еден е уметнички.
  • 15:11 - 15:14
    Еднаш кога бев во Њујорк се качив во такси. Седнав на задното седиште,
  • 15:14 - 15:18
    и пред мене видов нешто поврзано со некоја претстава.
  • 15:18 - 15:19
    Го прашав таксистот, „Што е ова?“
  • 15:19 - 15:23
    Рече дека тоа му е профил. „Тогаш што сте вие?“ Го прашав. „Глумец,“ ми рече.
  • 15:23 - 15:27
    Беше таксист и глумец. Го прашав, „Какви улоги најчесто глумите?“
  • 15:27 - 15:29
    А тој гордо ми одговори дека го глуми Кралот Лир.
  • 15:29 - 15:30
    Кралот Лир.
  • 15:30 - 15:32
    „Кој може да ми каже кој сум јас?“ -
  • 15:32 - 15:35
    - одлична реченица од Кралот Лир. Тоа е светот за кој јас сонувам.
  • 15:35 - 15:39
    Некој е играч на голф преку ден, а навечер е писател.
  • 15:39 - 15:42
    Или е таксист и глумец, банкар и сликар,
  • 15:42 - 15:47
    тајно или јавно се занимава со својата уметност.
  • 15:47 - 15:52
    Во 1990, Марта Грем, легендата на модерниот танц, дојде во Кореја.
  • 15:52 - 15:58
    Голем уметник, тогаш во нејзините деведесети, пристигна на аеродромот Гимпо,
  • 15:58 - 16:01
    а еден новинар и постави едно типично прашање:
  • 16:01 - 16:04
    „Што треба да направите за да станете извонреден танчер?
  • 16:04 - 16:06
    Имате некој совет за идните корејски танчери?“
  • 16:06 - 16:11
    Таа била генијална. Оваа слика е направена во 1948 и тогаш веќе била познат уметник.
  • 16:11 - 16:13
    Во 1990, ѝ го поставиле ова прашање.
  • 16:13 - 16:16
    И еве што одговори:
  • 16:16 - 16:20
    „Едноставно пробајте.“
  • 16:20 - 16:22
    Јас бев трогнат.
  • 16:22 - 16:26
    Само овие два збора и го напушти аеродромот. Тоа е тоа.
  • 16:26 - 16:29
    И што треба да направиме сега?
  • 16:29 - 16:33
    Ајде да бидеме уметници, токму сега. Уште сега. Како?
  • 16:33 - 16:34
    Едноставно пробајте!
  • 16:34 - 16:35
    Ви благодарам.
  • 16:35 - 16:37
    (Аплауз)
Title:
Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!
Speaker:
Young-ha Kim
Description:

Зошто воопшто престануваме да си играме и да создаваме? Со шарм и хумор, познатиот корејски автор Јонг-ха Ким се повикува на светските уметници со цел да ве охрабри да го ослободите детето во вас -- уметникот кој сака да си игра засекогаш. (Снимено на TEDx Сеул).

more » « less
Video Language:
Korean
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
16:57

Macedonian subtitles

Revisions