0:00:00.201,0:00:01.893 Темата на мојот денешен говор е, 0:00:01.893,0:00:05.101 „Станете уметник, токму СЕГА.“ 0:00:05.101,0:00:08.158 Повеќето луѓе кога оваа тема ќе се спомене 0:00:08.158,0:00:10.784 се стресуваат и не сакаат да зборуваат: 0:00:10.784,0:00:13.778 „Уметноста не ме исполнува, а и зафатен сум сега. 0:00:13.778,0:00:16.154 Треба да одам на училиште, да најдам работа, 0:00:16.154,0:00:18.441 треба да ги однесам децата на часови...“ 0:00:18.441,0:00:23.976 Си мислите, „Премногу сум зафатен/а. Немам време за уметност.“ 0:00:23.976,0:00:27.437 Постојат стотици причини за да не бидеме уметници. 0:00:27.437,0:00:28.992 Зарем не ви текнуваат во моментов? 0:00:28.992,0:00:30.815 Имаме бескрајно многу причини за да не бидеме, 0:00:30.815,0:00:33.375 а немаме ниту една за да бидеме. 0:00:33.375,0:00:35.068 Не знаеме зошто би биле уметници, 0:00:35.068,0:00:38.971 но имаме многу причини зошто не можеме да бидеме. 0:00:38.971,0:00:43.346 Зошто луѓето се дистанцираат од уметноста? 0:00:43.346,0:00:47.214 Можеби си мислите дека уметноста е за високо надарените 0:00:47.214,0:00:52.266 или за оние кои имаат темелна и професионална обука. 0:00:52.266,0:00:56.609 А некои од вас можеби мислат дека се премногу оддалечени од уметноста. 0:00:56.609,0:01:01.227 Па можеби е така, но сепак јас не се согласувам. 0:01:01.227,0:01:03.696 Ова е темата на мојот денешен говор. 0:01:03.696,0:01:05.498 Сите ние се раѓаме како уметници. 0:01:05.498,0:01:08.542 Ако имате деца, знаете на што мислам. 0:01:08.542,0:01:13.427 Скоро сè што прават децата е уметност. 0:01:13.427,0:01:16.005 Цртаат со фломастери по ѕидот. 0:01:16.005,0:01:19.157 Танцуваат на Son Dam Bi танцот на ТВ, 0:01:19.157,0:01:23.015 но тоа и не можете да наречете Son Dam Bi танц -- тоа е нивниот детски танц. 0:01:23.015,0:01:28.301 Тие танцуваат некој чуден танц, а своето пеење им го наметнуваат на сите. 0:01:28.301,0:01:32.275 Можеби само нивните родители можат да ја поднесат оваа уметност, 0:01:32.275,0:01:37.472 и бидејќи ваквата уметност тие ја вежбаат цел ден, 0:01:37.472,0:01:40.751 да бидеме искрени, луѓето се заморуваат по малку. 0:01:40.751,0:01:43.906 Децата некогаш изведуваат монодрами -- 0:01:43.906,0:01:47.452 домашните игри се навистина монодрами или претстави. 0:01:47.452,0:01:50.131 Некои пак деца, кога малку ќе пораснат, 0:01:50.131,0:01:52.151 почнуваат да лажат. 0:01:52.151,0:01:57.242 Вообичаено родителите ја паметат првата лага на детето. 0:01:57.242,0:01:58.587 И тогаш се шокирани. 0:01:58.587,0:02:02.155 „Сега покажуваш кој си навистина, „вели мајката. Се прашува, „Зошто прави сè како татко му?“ 0:02:02.155,0:02:05.361 Па го испрашува, „Каков човек ќе бидеш утре?“ 0:02:05.361,0:02:06.932 Но, не треба да се грижите. 0:02:06.932,0:02:13.152 Кога детето ќе почне да лаже, во тој момент започнува кажувањето на приказни. 0:02:13.152,0:02:15.340 Тие зборуваат за работи кои не ги виделе. 0:02:15.340,0:02:17.131 Тоа е неверојатно. Тоа е прекрасен момент. 0:02:17.131,0:02:19.198 Родителите би требало да го слават. 0:02:19.198,0:02:23.355 „Ураа! Моето момче конечно почна да лаже!“ 0:02:23.355,0:02:25.584 Во ред! Тоа е знак за прослава. 0:02:25.584,0:02:28.973 На пример, детето вели, „Мамо, погоди што? Сретнав вонземјанин кога си доаѓав накај дома.“ 0:02:28.973,0:02:33.424 Типичната мајка би рекла, „Престани да зборуваш глупости.“ 0:02:33.424,0:02:37.040 Но, идеалниот родител би изреагирал вака: 0:02:37.040,0:02:40.112 „Стварно? Вонземјанин, хм? Како изгледаше? Ти рече нешто? 0:02:40.112,0:02:41.816 Каде го сретна?“ „А, пред супермаркетот.“ 0:02:41.816,0:02:44.138 Кога разговарате вака, 0:02:44.138,0:02:50.513 детето мора да смисли нешто друго за да биде доследно на она што го започнало. 0:02:50.513,0:02:52.677 Многу бргу, приказната се развива. 0:02:52.677,0:02:57.154 Секако дека ова е детска приказна, 0:02:57.154,0:03:00.970 но смислувањето на реченици кои одат една по друга 0:03:00.970,0:03:05.038 е нешто што го прават и професионалните писатели како мене. 0:03:05.038,0:03:07.417 Во суштина, не постои разлика. 0:03:07.417,0:03:10.103 Роланд Барт за Флоберовите романи го кажал следново: 0:03:10.103,0:03:12.709 „Флобер не напиша роман. 0:03:12.709,0:03:15.714 Тој само ги поврза речениците една по друга. 0:03:15.714,0:03:20.441 Еросот помеѓу речениците е суштината на Флоберовиот роман.“ 0:03:20.441,0:03:23.224 Токму така -- романот, во основа, е пишување на една реченица, 0:03:23.224,0:03:26.683 потоа, без нарушување на смислата на првата, 0:03:26.683,0:03:28.388 се пишува следната реченица. 0:03:28.388,0:03:29.897 На тој начин ги поврзувате речениците. 0:03:29.897,0:03:31.963 Погледнете ја оваа реченица: 0:03:31.963,0:03:34.430 „Едно утро, кога Грегор Самса се разбудил од лош сон, открил дека е трансформиран во монструозна и вошлива бубачка.“ 0:03:34.430,0:03:36.876 Ова е првата реченица од „Метаморфозис“ на Франц Кафка. 0:03:36.876,0:03:40.044 Преку пишување на една ваква неоправдана реченица, 0:03:40.044,0:03:42.492 па продолжувањето со друга за да ја оправдате првата, 0:03:42.492,0:03:46.921 трудот на Кафка стана ремек дело на современата литература. 0:03:46.921,0:03:49.670 Кафка не го покажал своето дело на татко му. 0:03:49.670,0:03:51.994 Не бил во добри односи со татко му. 0:03:51.994,0:03:55.790 Сам ја напишал оваа реченица. 0:03:55.790,0:03:59.053 Да му ја покажел, веројатно ќе си помислел, "Син ми начисто одлепил." 0:03:59.053,0:04:00.965 И тоа е точно. Уметноста е уствари благо лудило, 0:04:00.965,0:04:03.212 а оправдувањето на речениците 0:04:03.212,0:04:06.473 е многу слично на детското оправдување. 0:04:06.473,0:04:08.004 Дете кое штотуку почнало да лаже 0:04:08.004,0:04:11.130 го превзема првиот чекор како раскажувач. 0:04:11.130,0:04:13.691 Децата создаваат уметност. 0:04:13.691,0:04:15.116 Не се заморуваат и се забавуваат правејќи го тоа. 0:04:15.116,0:04:16.877 Деновиве бев на Чеџу островот. 0:04:16.877,0:04:21.989 Кога децата се на плажа, повеќето од нив сакаат да си играат во водата. 0:04:21.989,0:04:24.896 Но некои од нив поминуваат многу време во песокот, 0:04:24.896,0:04:27.140 правејќи планини и мориња -- добро, не мориња, 0:04:27.140,0:04:31.087 но различни работи -- луѓе и кучиња, и сл. 0:04:31.087,0:04:32.500 Но родителите им велат, 0:04:32.500,0:04:34.263 „Сè ќе избришат брановите.“ 0:04:34.263,0:04:36.085 Со други зборови, бескорисно е тоа што го правиш. 0:04:36.085,0:04:37.229 Нема потреба. 0:04:37.229,0:04:39.095 Но на децата баш им е гајле. 0:04:39.095,0:04:40.266 Тие се забавуваат во моментот 0:04:40.266,0:04:42.432 и продолжуваат да си играат во песокот. 0:04:42.432,0:04:44.698 Децата тоа не го прават бидејќи некој им кажал така. 0:04:44.698,0:04:46.294 Не им наредил шефот 0:04:46.294,0:04:49.219 или некој друг, тие едноставно го прават. 0:04:49.219,0:04:54.615 Кога сте биле мали, можам да се обложам дека сте уживале во примитивната уметност. 0:04:54.615,0:04:58.977 Кога ќе побарам од моите студенти да пишуваат за нивниот најсреќен момент, 0:04:58.977,0:05:04.901 многумина пишуваат за разни уметнички искуства кои ги имале како деца. 0:05:04.901,0:05:07.656 Како учеле да свират пијано и како свиреле со четири раце со нивниот другар, 0:05:07.656,0:05:12.672 или како изведувале смешен скеч со нивните пријатели, пришто изгледале како идиоти. За такви работи. 0:05:12.672,0:05:16.023 Или за моментот кога го развиле првиот филм исликан со стариот фотоапарат. 0:05:16.023,0:05:18.346 Тие зборуваат за ваквите искуства. 0:05:18.346,0:05:20.611 Сигурно и вие сте имале вакви моменти. 0:05:20.611,0:05:22.544 Во ваквите мигови, уметноста нè усреќува, 0:05:22.544,0:05:24.221 бидејќи не е работа. 0:05:24.221,0:05:26.754 Работата не ве усреќува, нели? Најчесто е напорна. 0:05:26.754,0:05:29.855 Францускиот писател Мишел Турниè има една позната изрека. 0:05:29.855,0:05:31.545 Иако е малку проблематична. 0:05:31.545,0:05:36.517 „Работата е против човековата природа, бидејќи нè заморува.“ 0:05:36.517,0:05:38.002 Зошто би нè заморувала ако е дел од нашата природа? 0:05:38.002,0:05:39.663 Играта не нè заморува. 0:05:39.663,0:05:41.098 Можеме да си играме цела вечер. 0:05:41.098,0:05:43.531 Ако работиме преку ноќ, треба да ни платат за прекувремена работа. 0:05:43.531,0:05:46.815 Зошто? Бидејќи нè истоштува и чувствуваме замор. 0:05:46.815,0:05:51.497 Но, децата се занимаваат со уметност заради забава. Тоа е игра. 0:05:51.497,0:05:54.231 Тие не цртаат за да го продадат делото на некој клиент 0:05:54.231,0:05:57.256 и не свират пијано за да го издржуваат своето семејство. 0:05:57.256,0:06:00.032 Секако, имало деца кои морале да го прават и тоа. 0:06:00.032,0:06:01.334 Го знаете овој господин така? 0:06:01.334,0:06:05.420 Тој морал да оди на турнеи низ Европа за да го издржува своето семејство -- 0:06:05.420,0:06:07.310 Волфганг Амадеус Моцарт -- 0:06:07.310,0:06:10.273 но тоа било векови наназад, па можеме да го сметаме како исклучок. 0:06:10.273,0:06:14.138 За жал, во одреден момент нашата уметност, нашето радосно време завршува. 0:06:14.138,0:06:17.528 Децата мора да одат на часови, во училиште, да напишат домашна работа 0:06:17.528,0:06:21.046 и секако одат на часови по пијано или балет, 0:06:21.046,0:06:22.815 но повеќе не се забавуваат. 0:06:22.815,0:06:26.147 Ви кажуваат да го правите тоа, и одите на натпревари. Како може тоа да биде забавно? 0:06:26.147,0:06:31.739 Ако сте во основно училиште и сè уште цртате по ѕид, 0:06:31.739,0:06:35.654 тогаш сигурно ќе си имате проблеми со мајка ви. 0:06:35.654,0:06:39.521 Освен тоа, ако продолжите, 0:06:39.521,0:06:42.101 и како возрасен, да се однесувате како уметник, 0:06:42.101,0:06:45.769 тогаш постојано сте под притисок -- 0:06:45.769,0:06:51.824 луѓето ќе ги преиспитуваат вашите постапки и ќе бараат да се однесувате соодветно. 0:06:51.824,0:06:58.011 Еве ја мојата приказна. Бев осмо одделение и се пријавив на натпревар по цртање во училиште во Гјонкбокгунг. 0:06:58.011,0:07:00.918 Дадов сè од себе, а мојот наставник дојде 0:07:00.918,0:07:04.506 и ме праша, „Што правиш?“ 0:07:04.506,0:07:06.320 „Цртам внимателно,“ му одговорив. 0:07:06.320,0:07:08.223 „Зошто користиш само црна боја?“ 0:07:08.223,0:07:10.603 И навистина, јас како споулавен го боев блокчето со црна боја. 0:07:10.603,0:07:13.672 И му објаснив, 0:07:13.672,0:07:16.919 „Ова е мрачна ноќ, а враната си седи на гранка.“ 0:07:16.919,0:07:17.917 Тогаш мојот наставник рече, 0:07:17.917,0:07:23.239 „Стварно? Па, Јонг-ха, веројатно не те бива за цртање, но имаш талент за раскажување.“ 0:07:23.239,0:07:25.974 Камо среќа да го кажеше тоа. 0:07:25.974,0:07:28.742 Уствари ми кажа, "Копук ниеден, 0:07:28.742,0:07:30.346 сега ќе си го добиеш." (Смеа) 0:07:30.346,0:07:33.028 Требаше да нацрташ палата,Гјонкбокгун , или сл., 0:07:33.028,0:07:35.463 но јас боев сè во црно, 0:07:35.463,0:07:37.147 и така ме исфрли од групата. 0:07:37.147,0:07:39.167 Имаше и многу девојчиња, 0:07:39.167,0:07:40.718 па бев ептен исплашен. 0:07:40.718,0:07:45.170 Не ми ги прифатија ниту објаснувањата, ниту изговорите, 0:07:45.170,0:07:48.383 и навистина си го извлеков подебелиот крај. 0:07:48.383,0:07:52.901 Да беше идеален наставник, ќе изреагираше онака како што кажав пред малку, 0:07:52.901,0:07:55.214 „Јанг-ха можеби нема талент за цртање, 0:07:55.214,0:07:58.589 но има дарба за смислување на приказни,“ и ќе ме охрабреше. 0:07:58.589,0:08:02.041 Но таквите наставници ретко се наоѓаат. 0:08:02.041,0:08:05.004 Подоцна, пораснав и отидов во една европска галерија - 0:08:05.004,0:08:06.905 Бев студент -- и си помислив 0:08:06.905,0:08:12.303 дека тоа што ми го направи беше навистина нефер. Погледнете на што налетав. (Смеа) 0:08:12.303,0:08:16.628 Вакви дела биле изложени во Базел, а јас бев казнет 0:08:16.628,0:08:22.021 и стоев пред палатата со мојот цртеж во уста. 0:08:22.021,0:08:25.027 Погледнете го ова. Зарем не ви личи на тапет? 0:08:25.027,0:08:26.943 Современатa уметност, подоцна дознав, 0:08:26.943,0:08:30.888 не може да се објасни со неубедлива приказна како мојата. Никаде не се спомнуваат врани. 0:08:30.888,0:08:34.221 Повеќето дела немаат наслов. 0:08:34.221,0:08:37.322 Како и да е, современата уметност во 20-тиот век настојува 0:08:37.322,0:08:42.691 да направи нешто необично, а потоа ја пополнува празнината со некакво објаснување и толкување -- 0:08:42.691,0:08:44.170 во суштина, исто како што јас направив. 0:08:44.170,0:08:46.918 Секако дека моето дело беше многу аматерско, 0:08:46.918,0:08:50.207 но еве да се осврнеме на некои познати примери. 0:08:50.207,0:08:52.808 Ова дело е на Пикасо. 0:08:52.808,0:08:58.609 Го вглавил кормилото во седиштето од велосипедот и го нарекол „Бикова глава." Звучи убедливо, нели? 0:08:58.609,0:09:03.253 Следно, писоарот е поставен во страна и е наречен „Фонтана." 0:09:03.253,0:09:04.847 Ова дело е на Дишан. 0:09:04.847,0:09:09.297 Пополнување на празнината помеѓу објаснувањето и чудниот акт со некаква приказна -- 0:09:09.297,0:09:13.424 со тоа се занимава современата уметност. 0:09:13.424,0:09:14.812 Пикасо дури и изјавил: 0:09:14.812,0:09:18.989 „Не го сликам она што го гледам, туку она што го мислам.“ 0:09:18.989,0:09:21.506 Значи не морало да ја сликам палатата. 0:09:21.506,0:09:25.577 Камо да знаев тогаш што рекол Пикасо. Ќе имав аргументи пред мојот наставник. 0:09:25.577,0:09:29.379 За жал, малите уметници во нас 0:09:29.379,0:09:34.866 се осудени на смрт уште пред да започне борбата против угнетувачите на уметноста. 0:09:34.866,0:09:36.471 Остануваат заробени внатре. 0:09:36.471,0:09:37.554 Тоа е нашата трагедија. 0:09:37.554,0:09:42.814 И, што се случува кога малите уметници ќе ги заклучите, ќе ги казните или дури ќе ги убиете? 0:09:42.814,0:09:44.197 Нашите уметнички желби не исчезнуваат. 0:09:44.197,0:09:47.294 Сакаме да се изразиме, да се пронајдеме себеси, 0:09:47.294,0:09:52.532 но кога уметникот е мртов, уметничката желба се пројавува во темна форма. 0:09:52.532,0:09:55.499 Во караоке баровите, постојано има луѓе кои пеат 0:09:55.499,0:09:58.041 „She is Gone" или "Hotel California" 0:09:58.041,0:10:00.361 имитирајќи ги гитарските рифови. 0:10:00.361,0:10:02.603 Обично звучат грозно. Навистина грозно. 0:10:02.603,0:10:05.082 Некои луѓе стануваат вакви рокери. 0:10:05.082,0:10:07.155 А некои луѓе пак, играат по клубовите. 0:10:07.155,0:10:10.557 Луѓето кои би уживале во раскажувањето на приказни, 0:10:10.557,0:10:13.567 завршуваат тролајќи на интернет по цела ноќ. 0:10:13.567,0:10:16.962 И на тој начин, талентот за пишување се пројавува во мрачна форма. 0:10:16.962,0:10:20.915 Понекогаш татковците се повозбудени од нивните деца, 0:10:20.915,0:10:23.900 си играат со Лего коцки или составуваат пластични роботи. 0:10:23.900,0:10:25.633 Велат „Не фаќај, тато ќе го направи.“ 0:10:25.633,0:10:27.268 Детето ќе си отиде, 0:10:27.268,0:10:31.277 а таткото сам си прави замоци. 0:10:31.277,0:10:35.755 Ова значи дека нашите уметнички импулси се потиснати, но не се исчезнати. 0:10:35.755,0:10:39.547 Но честопати се пројавуваат во негативна форма т.е. во вид на завист. 0:10:39.547,0:10:44.841 Ја знаете песната „Сакам да бидам на ТВ“? Зошто би го сакале тоа? 0:10:44.841,0:10:48.669 На ТВ има многу луѓе кои го прават она што ние сме сакале да го правиме, 0:10:48.669,0:10:50.609 но не сме успеале. 0:10:50.609,0:10:56.738 Танцуваат, глумат -- и колку повеќе го прават тоа толку повеќе се славни. 0:10:56.738,0:10:59.888 Па почнуваме да им завидуваме. 0:10:59.888,0:11:03.982 Стануваме диктатори со далечинско и почнуваме да ги критикуваме луѓето на ТВ. 0:11:03.982,0:11:09.835 „Па и не знае баш да глуми.“ „Ова го нарекуваш пеење? Она не може да погоди ни еден тон.“ 0:11:09.835,0:11:12.125 Со огромна леснотија го кажуваме ова. 0:11:12.125,0:11:15.068 Стануваме љубоморни, не затоа што сме злобни, 0:11:15.068,0:11:19.605 туку затоа што во нас има мал уметник кој е потиснат. 0:11:19.605,0:11:23.191 Така мислам јас. 0:11:23.191,0:11:25.029 Тогаш што треба 0:11:25.029,0:11:25.806 да направиме? 0:11:25.806,0:11:29.000 Треба да си започнеме сопствена уметност. 0:11:29.000,0:11:30.009 Да го исклучиме телевизорот, 0:11:30.009,0:11:32.458 да се одлогираме од интернет, 0:11:32.458,0:11:35.158 да станеме и да почнеме да правиме нешто. 0:11:35.158,0:11:36.893 Во драмското училиште каде што предавам, 0:11:36.893,0:11:39.627 имаме предмет наречен Драмска уметност. 0:11:39.627,0:11:43.817 По овој предмет, сите студенти мораат да направат претстава. 0:11:43.817,0:11:47.929 Меѓутоа, оние на кои глумата им е главен предмет нема да глумат. 0:11:47.929,0:11:49.949 Тие може да ја напишат претставата, на пример, 0:11:49.949,0:11:52.673 а писателите ќе се занимаваат со сценската уметност. 0:11:52.673,0:11:54.969 Вака ја правите претставата. 0:11:54.984,0:11:58.732 Студентите отпрвин се сомневаат во своите способности, 0:11:58.732,0:12:03.295 но подоцна им станува многу интересно. Досега немам видено несреќен учесник. 0:12:03.295,0:12:07.457 Во училиште, во војска, па дури и во душевна болница, кога ќе ги поттикнете луѓето на ова, потоа тие уживаат. 0:12:07.457,0:12:12.353 Сум го видел ова во војска, многу луѓе се забавуваа правејќи претстави. 0:12:12.353,0:12:15.285 Имам и едно друго искуство: 0:12:15.285,0:12:18.919 На моите часови по пишување, на студентите им давам специјални задачи. 0:12:18.919,0:12:24.819 Моите студенти се како вас -- на повеќето пишувањето не им е главен предмет. 0:12:24.819,0:12:29.396 На некои главна им е музиката или уметноста и мислат дека не знаат да пишуваат. 0:12:29.396,0:12:33.123 На нив им давам празен табак и тема. 0:12:33.123,0:12:34.737 Може да биде едноставна тема: 0:12:34.737,0:12:37.251 Пишувајте за најнесреќните моменти од детството. 0:12:37.251,0:12:41.164 Постои само едно правило: Мора да пишувате божем сте луди. 0:12:41.164,0:12:43.897 Шетам околу нив и ги охрабрувам. 0:12:43.897,0:12:47.641 „Ајде! Ајде!“ Треба да пишуваат како луди еден час или два. 0:12:47.641,0:12:50.849 Може да размислуваат само првите 5 минути. 0:12:50.849,0:12:54.071 А ги терам да пишуваат како луди, затоа што 0:12:54.071,0:12:56.829 многу мисли минуваат низ главата и ако пишувате споро, 0:12:56.829,0:12:59.276 тогаш ќе ви се вовлече уметничкиот демон. 0:12:59.276,0:13:03.308 Демонот ќе ви каже стотици причини 0:13:03.308,0:13:06.238 зошто не можете да пишувате: 0:13:06.238,0:13:09.073 „Луѓето ќе ти се смеат. Ова не е добро напишано! 0:13:09.073,0:13:10.623 Каква реченица е ова? Види си го ракописот!“ 0:13:10.623,0:13:12.200 Ќе ви каже многу работи. 0:13:12.200,0:13:14.704 Мора да трчате брзо за да не ве стигне демонот. 0:13:14.704,0:13:18.776 Најдобрите текстови кои сум ги видел на моите часови 0:13:18.776,0:13:21.449 не се оние кои биле пишувани долго време, 0:13:21.449,0:13:24.933 туку оние лудачките кои се пишувани пред мене 0:13:24.933,0:13:28.335 со пенкало во рок од 40 до 60 минути. 0:13:28.335,0:13:30.174 Студентите запаѓаат во некаков транс. 0:13:30.174,0:13:34.636 После 30 или 40 минути, тие пишуваат без да знаат што пишуваат. 0:13:34.636,0:13:37.601 Во тој момент, зајадливиот демон исчезнува. 0:13:37.601,0:13:39.310 Можам да кажам дека: 0:13:39.310,0:13:43.325 не се важни стотиците причини заради кои не можеме да бидеме уметници, 0:13:43.325,0:13:47.575 туку важна е едната причина заради која мораме да бидеме уметници. 0:13:47.575,0:13:49.284 Не е важно зошто не можеме. 0:13:49.284,0:13:52.434 Многу уметници станале уметници поради една причина. 0:13:52.434,0:13:56.104 Кога ќе го успиеме демонот и ќе започнеме со нашата уметност, 0:13:56.104,0:13:58.438 се појавуваат надворешните непријатели. 0:13:58.438,0:14:01.294 Воглавно го имаат ликот на нашите родители (Смеа). 0:14:01.294,0:14:04.395 Понекогаш го имаат ликот на нашите сопружници, 0:14:04.395,0:14:06.163 но тоа не се вашите родители/сопружници. 0:14:06.163,0:14:09.057 Тое се демони. Демони. 0:14:09.057,0:14:11.001 Тие доаѓаат на земјата набрзина трансформирани 0:14:11.001,0:14:14.947 за да ве спречат во намерата да бидете уметник. 0:14:14.947,0:14:16.869 И си имаат магични прашања. 0:14:16.869,0:14:23.027 Кога ќе кажеме, „Ќе се пробам во глума. Има драмско училиште во близина,“ или 0:14:23.027,0:14:27.504 „Сакам да научам италијански песни,“ тие ќе прашаат „Навистина? Глума? За што ќе ти е тоа? 0:14:27.504,0:14:31.166 Магичното прашање е, „За што ќе ти е тоа?“ 0:14:31.166,0:14:34.878 Но уметноста не постои за нешто друго. 0:14:34.878,0:14:37.132 Самата уметноста е крајната цел. 0:14:37.132,0:14:41.272 Ни ја чува душата и ни го усреќува животот. 0:14:41.272,0:14:46.778 Ни помага да се изразиме и да бидеме среќни без помош на алкохол или дрога. 0:14:46.778,0:14:51.103 За да одговориме на едно такво прагматично прашање, 0:14:51.118,0:14:53.537 треба да бидеме цврсти. 0:14:53.537,0:14:57.981 „Па, само поради забава. Жал ми е што ќе се забавувам без тебе,“ 0:14:57.981,0:15:02.006 тоа треба да го кажете. „Во секој случај ќе си се забавувам.“ 0:15:02.006,0:15:07.106 Идеалната иднина која што ја замислувам е место каде што сите ние ќе имаме повеќе идентитети, 0:15:07.106,0:15:10.887 од кои барем еден е уметнички. 0:15:10.887,0:15:14.056 Еднаш кога бев во Њујорк се качив во такси. Седнав на задното седиште, 0:15:14.056,0:15:18.213 и пред мене видов нешто поврзано со некоја претстава. 0:15:18.213,0:15:19.350 Го прашав таксистот, „Што е ова?“ 0:15:19.350,0:15:23.395 Рече дека тоа му е профил. „Тогаш што сте вие?“ Го прашав. „Глумец,“ ми рече. 0:15:23.395,0:15:26.818 Беше таксист и глумец. Го прашав, „Какви улоги најчесто глумите?“ 0:15:26.818,0:15:28.844 А тој гордо ми одговори дека го глуми Кралот Лир. 0:15:28.844,0:15:30.289 Кралот Лир. 0:15:30.289,0:15:31.915 „Кој може да ми каже кој сум јас?“ - 0:15:31.915,0:15:35.306 - одлична реченица од Кралот Лир. Тоа е светот за кој јас сонувам. 0:15:35.306,0:15:39.241 Некој е играч на голф преку ден, а навечер е писател. 0:15:39.241,0:15:41.760 Или е таксист и глумец, банкар и сликар, 0:15:41.760,0:15:47.336 тајно или јавно се занимава со својата уметност. 0:15:47.336,0:15:52.207 Во 1990, Марта Грем, легендата на модерниот танц, дојде во Кореја. 0:15:52.207,0:15:57.963 Голем уметник, тогаш во нејзините деведесети, пристигна на аеродромот Гимпо, 0:15:57.979,0:16:01.044 а еден новинар и постави едно типично прашање: 0:16:01.044,0:16:03.651 „Што треба да направите за да станете извонреден танчер? 0:16:03.651,0:16:06.231 Имате некој совет за идните корејски танчери?“ 0:16:06.231,0:16:11.226 Таа била генијална. Оваа слика е направена во 1948 и тогаш веќе била познат уметник. 0:16:11.226,0:16:13.417 Во 1990, ѝ го поставиле ова прашање. 0:16:13.417,0:16:16.101 И еве што одговори: 0:16:16.101,0:16:20.018 „Едноставно пробајте.“ 0:16:20.018,0:16:21.536 Јас бев трогнат. 0:16:21.536,0:16:25.628 Само овие два збора и го напушти аеродромот. Тоа е тоа. 0:16:25.628,0:16:28.859 И што треба да направиме сега? 0:16:28.859,0:16:32.585 Ајде да бидеме уметници, токму сега. Уште сега. Како? 0:16:32.585,0:16:33.577 Едноставно пробајте! 0:16:33.577,0:16:35.191 Ви благодарам. 0:16:35.191,0:16:36.995 (Аплауз)