Return to Video

Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени

  • 0:17 - 0:23
    Најголемото цунами,
  • 0:23 - 0:29
    совршената бура натежнува над нас.
  • 0:29 - 0:35
    Оваа совршена бура навестува тмурна реалност
  • 0:35 - 0:38
    која расте
  • 0:38 - 0:44
    а ние се соочуваме со таа реалност со целосна верба
  • 0:44 - 0:47
    дека ќе можеме да си ги решиме проблемите со технологија
  • 0:47 - 0:49
    и тоа е многу разбирливо.
  • 0:49 - 0:53
    Оваа совршена бура со која се соочуваме
  • 0:53 - 0:56
    е резултат на нашата растечка популација
  • 0:56 - 0:59
    која се ближи кон 10 милијарди луѓе,
  • 0:59 - 1:02
    земјата која се претвора во пустина,
  • 1:02 - 1:05
    и се разбира, климатските промени.
  • 1:05 - 1:08
    Нема двоумење во врска со тоа дека
  • 1:08 - 1:13
    ќе го решиме проблемот единствено со замена на фосилните горива со помош на технологијата.
  • 1:13 - 1:17
    Но фосилните горива - нафта, јаглен и гас
  • 1:17 - 1:22
    во никој случај не се единственото нешто кое предизвикува климатски промени.
  • 1:23 - 1:29
    "Дезертификација" е фенси збор за процесот при кој земјата се претвора во пустина
  • 1:29 - 1:36
    и ова се случува само кога ние создаваме премногу соголена почва, нема друг причинител.
  • 1:36 - 1:40
    Јас ќе се фокусирам на најголемиот дел од земјата во светот
  • 1:40 - 1:43
    која се претвора во пустина.
  • 1:45 - 1:48
    Но имам за вас една многу едноставна порака
  • 1:48 - 1:52
    која нуди повеќе надеж одколку што можете да си замислите.
  • 1:53 - 1:58
    Имаме места каде што влажноста е загарантирана преку целата година.
  • 1:58 - 2:03
    Таму, скоро е невозможно да се создадат огромни површини соголена земја.
  • 2:03 - 2:07
    Што и да направите, природата ќе го покрие многу бргу.
  • 2:07 - 2:11
    Од друга страна, имаме места каде што има влажност неколку месеци
  • 2:11 - 2:13
    проследени со повеќе месеци сува клима.
  • 2:13 - 2:17
    Овде се јавува дезертификацијата.
  • 2:17 - 2:19
    За среќа, со денешната вселенска технологија
  • 2:19 - 2:20
    може да ги видиме овие области од вселената
  • 2:20 - 2:25
    и еве овде, многу убаво може да се видат размерите на тие области.
  • 2:25 - 2:27
    Генерално гледано - она што го гледате во зелена боја е во ред,
  • 2:27 - 2:30
    а она што е кафено се претвора во пустина.
  • 2:30 - 2:35
    А овие области зафаќаат огромни делови од Земјата.
  • 2:35 - 2:39
    околу две третини, по мое гледање, од светот, полека се претвораат во пустина.
  • 2:39 - 2:42
    Оваа слика е од пустината Тиама:
  • 2:42 - 2:44
    Иако паднаа 25 милиметри дожд
  • 2:44 - 2:46
    тоа е околу еден инч -
  • 2:46 - 2:49
    замислете ги овие мерки како буриња со вода -
  • 2:49 - 2:52
    секое од нив содржи 200 литри.
  • 2:52 - 2:58
    Над 1000 буриња вода паднаа на секој хектар земја тој ден.
  • 2:58 - 3:02
    Следниот ден, земјата изгледаше вака
  • 3:02 - 3:04
    Каде отиде целата таа вода?
  • 3:04 - 3:06
    Дел од неа се отцеди преку поплави
  • 3:06 - 3:11
    Но поголемиот дел кој се впи во земјата едноставно повторно испари.
  • 3:11 - 3:17
    Исто како што испарува и во вашата градина ако ја оставите земјата непокриена.
  • 3:17 - 3:24
    Сега, бидејки водата и јаглеродот се врзани заедно во органската материја на почвата,
  • 3:24 - 3:28
    кога таа се оштетува, се ослободува јаглерод диоксид.
  • 3:28 - 3:32
    Jаглеродот се враќа назад во атмосферата.
  • 3:32 - 3:35
    Постојано ни повторуваат
  • 3:35 - 3:42
    дека дезертификацијата се јавува само во суви и полусуви предели во светот,
  • 3:42 - 3:45
    и дека високите пасишта, како ова,
  • 3:45 - 3:49
    со висока стапка на врнежи, не се засегнати.
  • 3:49 - 3:52
    Но ако не гледате однадвор на пасиштата
  • 3:52 - 3:54
    туку внатре во нив,
  • 3:54 - 3:57
    ќе сватите дека поголемиот дел од почвата во тие пасишта
  • 3:57 - 4:01
    е гола и покриена со кора од алги,
  • 4:01 - 4:04
    која придонесува за зголемено отцедување и испарување на водата.
  • 4:04 - 4:08
    Тоа е ракот на дезертификацијата,
  • 4:08 - 4:13
    кој не го препознаваме се до неговата последна, терминална фаза.
  • 4:13 - 4:18
    Знаеме дека дезертификацијата во најголем дел е предизвикана од добитокот -
  • 4:18 - 4:21
    говеда, овци и кози
  • 4:21 - 4:25
    кои ги испасуваат растенијата над нивната моќ за обнова, оставајќи ја почвата соголена
  • 4:25 - 4:27
    и оддавајќи метан.
  • 4:27 - 4:31
    Скоро секој го знае ова, од нобелови лауреати
  • 4:31 - 4:35
    до обичниот работник, односно го научиле дека е така, како мене.
  • 4:35 - 4:39
    Животните средини како оваа која ја гледате,
  • 4:39 - 4:42
    прашливите области во Африка - овде пораснав,
  • 4:42 - 4:45
    со љубов спрема дивиот свет
  • 4:45 - 4:48
    и мразејќи го добитокот,
  • 4:48 - 4:50
    заради штетата која ја прави.
  • 4:50 - 4:52
    А потоа моето универзитетско образование
  • 4:52 - 4:56
    како еколог, ги засили овие верувања.
  • 4:57 - 5:02
    Епа, имам новости за вас.
  • 5:02 - 5:07
    Некогаш порано сме биле исто толку сигурни и дека земјата е рамна плоча.
  • 5:07 - 5:11
    Сме грешеле тогаш, а грешиме и сега.
  • 5:11 - 5:13
    Сега сакам да ве поканам
  • 5:13 - 5:15
    да ми се придружите на едно патување
  • 5:15 - 5:19
    кон ре-едукација и откритие.
  • 5:20 - 5:23
    Кога бев млад човек,
  • 5:23 - 5:25
    млад биолог во Африка
  • 5:25 - 5:27
    бев дел од еден проект
  • 5:27 - 5:32
    за бирање на најубавите предели и нивна подготовка за идни национални паркови
  • 5:32 - 5:35
    Ова беше во 1950тите
  • 5:35 - 5:42
    И веднаш штом ги отселивме домородците кои ловеа и удираа во тапани
  • 5:42 - 5:44
    земјата почна да пропаѓа,
  • 5:44 - 5:48
    како што може да се види кај овој парк што го формиравме.
  • 5:48 - 5:51
    А овојпат немаше влијание од добиток.
  • 5:51 - 5:54
    Се посомневавме дека имаме премногу слонови.
  • 5:54 - 5:56
    Направив истражување
  • 5:56 - 5:59
    и докажав дека имаме премногу слонови.
  • 5:59 - 6:01
    Препорачав дека би морале
  • 6:01 - 6:03
    да го намалиме нивниот број
  • 6:03 - 6:06
    до ниво кое таа област би можела да го поднесе.
  • 6:06 - 6:08
    Е тоа беше страшна одлука
  • 6:08 - 6:10
    која требаше да ја донесам.
  • 6:10 - 6:13
    и искрено, беше политички динамит.
  • 6:13 - 6:16
    Па така, нашата влада формираше тим од експерти
  • 6:16 - 6:18
    да го оценат мојот труд.
  • 6:18 - 6:21
    Го преиспитаа и се сложија со мене.
  • 6:21 - 6:23
    Во текот на наредните години
  • 6:23 - 6:29
    убивме 40.000 слонови во обид да ја сопреме штетата,
  • 6:29 - 6:30
    но, ситуацијата само се влоши,
  • 6:30 - 6:32
    не се подобри.
  • 6:32 - 6:35
    За мене, кој ги сакам слоновите толку многу,
  • 6:35 - 6:36
    тоа беше најтажната
  • 6:36 - 6:38
    и најголемата грешка во мојот живот
  • 6:38 - 6:41
    која ќе си ја носам со мене до гроб.
  • 6:41 - 6:44
    Сепак, една добра работа излезе од сето тоа.
  • 6:44 - 6:47
    Ме направи апсолутно решен
  • 6:47 - 6:49
    да го посветам мојот живот
  • 6:49 - 6:53
    на пронаоѓање решение.
  • 6:53 - 6:55
    Кога дојдов во САД
  • 6:55 - 6:57
    се шокирав
  • 6:57 - 6:59
    дознавајки дека и тамошните национални паркови како овој
  • 6:59 - 7:03
    се во процес на дезертификација во иста мера колку и во Африка
  • 7:03 - 7:08
    А таму не постои влијание од добиток веќе 70 години.
  • 7:08 - 7:12
    И разбрав дека американските научници немаат објаснување за ова
  • 7:12 - 7:16
    - освен дека е суво и природно -
  • 7:16 - 7:20
    Тогаш почнав да ги разгледувам
  • 7:20 - 7:22
    сите истражувања кои можев да ги најдам
  • 7:22 - 7:25
    за целата западна област на САД
  • 7:25 - 7:27
    од каде што добитокот бил отстранет
  • 7:27 - 7:30
    за да докажам дека тоа би требало да ја запре дезертификацијата,
  • 7:30 - 7:32
    но дојдов до спротивниот заклучок,
  • 7:32 - 7:35
    како што може да се забележи на оваа станица за испитување,
  • 7:35 - 7:38
    каде што пасиштата биле зелени во 1961,
  • 7:38 - 7:44
    а веќе во 2002 се промениле во оваа состојба.
  • 7:44 - 7:48
    Авторите на месното истражување за климатски промени
  • 7:48 - 7:51
    од каде ги извлеков овие слики
  • 7:51 - 7:52
    ја припишуваат оваа промена
  • 7:52 - 7:57
    на "непознати процеси".
  • 7:57 - 7:58
    Станува јасно дека всушност никогаш не сме
  • 7:58 - 8:03
    разбрале што ја предизвикува дезертификацијата
  • 8:03 - 8:06
    која уништила многу цивилизации
  • 8:06 - 8:09
    и сега ни се заканува глобално.
  • 8:09 - 8:12
    Никогаш не сме го разбрале тоа.
  • 8:12 - 8:14
    Земете еден метар квадратен земја
  • 8:14 - 8:16
    и соголете ја како оваа овде,
  • 8:16 - 8:18
    и ве уверувам
  • 8:18 - 8:19
    дека ќе ја најдете многу поладна взори
  • 8:19 - 8:23
    и многу пожешка напладне
  • 8:23 - 8:25
    споредено со тоа исто парче земја
  • 8:25 - 8:28
    ако е само покриено со растителни отпадоци.
  • 8:28 - 8:31
    Микро-климата на почвата се менува.
  • 8:31 - 8:33
    Додека ние го правиме ова
  • 8:33 - 8:38
    зголемувајки го во голема мера процентот на соголена земја
  • 8:38 - 8:42
    на повеќе од половина од земјиштето на планетата,
  • 8:42 - 8:46
    веќе ја менуваме и макро-климата.
  • 8:46 - 8:52
    Па сепак, никогаш не свативме зошто сето ова почнало да се случува пред 10.000 години?
  • 8:52 - 8:55
    И зошто одскоро почна да се забрзува овој процес?
  • 8:55 - 8:57
    За тие прашања немавме одговор.
  • 8:57 - 9:00
    Она кое не успеавме да го сватиме
  • 9:00 - 9:04
    е дека во сите предели во светот со сезонски врнежи и суши
  • 9:04 - 9:07
    земјата и вегетацијата
  • 9:07 - 9:13
    се развивале паралелно со многу големи популации тревопасни животни
  • 9:13 - 9:15
    и дека овие тревопасни животни
  • 9:15 - 9:21
    се развивале заедно со свирепи глутници предатори.
  • 9:21 - 9:27
    Главен начин на одбрана од овие глутници е групирањето во стада
  • 9:27 - 9:31
    и колку е поголемо стадото, толку е поголема сигурноста на единката.
  • 9:31 - 9:36

    Овие огромни стада оставаат урина и лепешки по целата површина
  • 9:36 - 9:39
    каде што пасат и се постојано во движење.
  • 9:39 - 9:43
    А тоа движење е она кое ги спречува стадата да ја исцрпат тревата со преголемо испасување
  • 9:43 - 9:52
    додека повременото набивање обезбедува добра покриеност на земјата, како на сликава
  • 9:52 - 9:56
    Ова на сликата е типично
  • 9:56 - 9:58
    сезонско пасиште
  • 9:58 - 10:01
    кое штотуку поминало низ четиримесечен дождовен период
  • 10:01 - 10:04
    и сега влегува во осуммесечен сув период.
  • 10:04 - 10:08
    Гледајте ги промените низ кои поминува во овој долг сув период
  • 10:08 - 10:11
    Целата трева која ја гледате над земјата
  • 10:11 - 10:15
    Мора да се распадне биолошки
  • 10:15 - 10:17
    пред следната сезона
  • 10:17 - 10:19
    а ако не се распадне
  • 10:19 - 10:23
    пасиштето и почвата почнуваат да умираат.
  • 10:23 - 10:26
    Ако не се распадне тревата биолошки,
  • 10:26 - 10:28
    се префрла на процес на оксидација
  • 10:28 - 10:30
    кој што е многу спор
  • 10:30 - 10:34
    и ги гуши и убива тревите
  • 10:34 - 10:38
    водејки кон појава на дрвна вегетација и гола почва и
  • 10:38 - 10:40
    ослободувајки јаглерод диоксид.
  • 10:40 - 10:42
    За да го спречиме тоа
  • 10:42 - 10:45
    ние по традиција се служиме со оган.
  • 10:45 - 10:49
    Но оганот исто така ја остава земјата соголена,
  • 10:49 - 10:51
    ослободувајки јаглерод диоксид.
  • 10:51 - 10:53
    и уште полошо
  • 10:53 - 10:57
    со горење на еден хектар пасишта се ослободуваат повеќе
  • 10:57 - 10:58
    и поштетни
  • 10:58 - 11:02
    загадувачи од 6.000 автомобили
  • 11:02 - 11:05
    А ние во Африка
  • 11:05 - 11:07
    секоја година гориме
  • 11:07 - 11:11
    повеќе од една милијарда хектари на пасишта
  • 11:11 - 11:15
    и скоро никој не зборува за тоа.
  • 11:15 - 11:19
    Го оправдуваме горењето, како научници
  • 11:19 - 11:25
    затоа што, навистина, го отстранува мртвиот материјал и му дозволува на растението да расте
  • 11:25 - 11:28
    Сега, гледајки како наше ова пасиште се исушило
  • 11:28 - 11:31
    Што можеме да направиме за да го задржиме здраво?
  • 11:31 - 11:32
    И, внимавајте,
  • 11:32 - 11:34
    зборувам за поголемиот дел од светските пасишта сега.
  • 11:34 - 11:35
    Во ред?
  • 11:35 - 11:39
    Не можеме да го намалиме бројот на животни за да го одмориме земјиштето
  • 11:39 - 11:42
    без да предизвикаме опустошување и климатски промени.
  • 11:42 - 11:48
    Не можеме да го изгориме без да предизвикаме опустошување и климатски промени.
  • 11:48 - 11:51
    Што да направиме?
  • 11:54 - 11:57
    Има само една можност,
  • 11:57 - 11:57
    повторувам
  • 11:57 - 12:02
    само една можност им останува на климатолозите и научниците
  • 12:02 - 12:05
    а тоа е да го направат незамисливото,
  • 12:05 - 12:08
    и да употребат добиток.
  • 12:08 - 12:10
    во стадо кое се движи
  • 12:10 - 12:14
    како замена за поранешните диви стада и предатори
  • 12:14 - 12:16
    и да се имитира природата.
  • 12:16 - 12:20
    Нема друга алтернатива која му останува на човештвото.
  • 12:21 - 12:22
    Па ајде да го направиме тоа
  • 12:23 - 12:24
    Еве на ова парче земја
  • 12:24 - 12:25
    ќе го направиме тоа,
  • 12:25 - 12:26
    но само во предниот дел.
  • 12:26 - 12:29
    Ќе влијаеме на него многу интензивно со добиток имитирајки ја природата.
  • 12:29 - 12:32
    Го сторивме тоа и видете го резултатот
  • 12:32 - 12:36
    Целата таа трева сега ја покрива земјата како отпадок
  • 12:36 - 12:39
    урина и лепешки - со други зборови - прекривка
  • 12:39 - 12:43
    како што секој од вас кој градинарел веќе знае.
  • 12:43 - 12:47
    И таа земја е подготвена за го впие и задржи дождот
  • 12:47 - 12:51
    да складира CO2 и да го разложи метанот.
  • 12:52 - 12:55
    Го постигнавме сево ова
  • 12:55 - 12:57
    без употреба на оган кој ја оштетува почвата,
  • 12:57 - 13:00
    и растенијата се слободни да растат.
  • 13:00 - 13:05
    Кога сватив дека немаме друга опција како научници
  • 13:05 - 13:08
    освен да го користиме озлогласениот добиток
  • 13:08 - 13:13
    во врска со климатските промени и опустошувањето,
  • 13:13 - 13:15
    бев сoочен со вистинска дилема
  • 13:15 - 13:17
    Како да се изведе тоа?
  • 13:17 - 13:21
    Сме имале 10.000 години високо образовани
  • 13:21 - 13:23
    сточари кои го групирале својот добиток во стада и го испасувале во движење
  • 13:23 - 13:25
    но тие го предизвикале создавањето на
  • 13:25 - 13:27
    големите вештачки пустини во светот.
  • 13:27 - 13:31
    Потоа имавме 100 години модерна наука
  • 13:31 - 13:34
    која само го забрза процесот на опустошување
  • 13:34 - 13:39
    како што најпрво откривме во Африка, а потоа потврдивме во САД
  • 13:39 - 13:45
    и како што гледате на сликава од подрачје менаџирано од федералната влада
  • 13:45 - 13:49
    Јасно е дека е требно нешто повеќе од групирање и движење на добитокот.
  • 13:49 - 13:53
    Луѓето во текот на илјадници години
  • 13:53 - 13:57
    не биле моќни да се справат со сите комплексности на природата.
  • 13:57 - 14:02
    Но ние биолозите и еколозите никогаш не сме се бореле со нешто волку комплексно.
  • 14:02 - 14:05
    Па, наместо да измислувам топла вода
  • 14:05 - 14:08
    почнав да проучувам други професии да видам дали некој друг го правел тоа.
  • 14:08 - 14:11
    И дознав дека постојат техники на планирање
  • 14:11 - 14:15
    кои можам да ги преземам и адаптирам на нашите биолошки потреби
  • 14:15 - 14:17
    Од нив го развив таканаречениот
  • 14:17 - 14:21
    Холистички менаџмент и планирано испасување,
  • 14:21 - 14:23
    процес на планирање
  • 14:23 - 14:26
    кој се осврнува, како на целата комплексност на природата,
  • 14:26 - 14:32
    така и на нашата социјална, еколошка и економска комплексност
  • 14:32 - 14:37
    Денес, имаме млади жени како оваа кои ги подучуваат селаните во Африка
  • 14:37 - 14:39
    како да ги групираат своите животни во поголеми стада,
  • 14:39 - 14:42
    да го планираат пасењето како имитација на природата
  • 14:42 - 14:46
    и каде да ги сместуваат животните преку ноќ.
  • 14:46 - 14:49
    - животните се заштитени од предаторите -
  • 14:49 - 14:51
    бидејки имаме многу пасишта итн
  • 14:51 - 14:53
    а каде што ќе испасат и останат преку ноќ
  • 14:53 - 14:55
    - како припрема на посевите -
  • 14:55 - 14:59
    исто така добиваме многу голем пораст во приносите.
  • 14:59 - 15:01
    Да погледнеме некои од резултатите:
  • 15:01 - 15:05
    Оваа површина е блиску до една која ние ја раководиме во Зимбабве.
  • 15:05 - 15:08
    Парцелите штотуку поминаа низ четири месеци солиден дожд
  • 15:08 - 15:09
    од таа година
  • 15:09 - 15:12
    и сега влегуваат во сув период.
  • 15:12 - 15:13
    Но како што можете да видите
  • 15:13 - 15:14
    целиот тој дожд,
  • 15:14 - 15:15
    скоро цел
  • 15:15 - 15:18
    испарил од површината на земјата.
  • 15:18 - 15:22
    Реката е сува и покрај штотуку завршената дождовна сезона.
  • 15:22 - 15:29
    А овде имаме 150,000 луѓе, кои се скоро постојано на помош во храна.
  • 15:29 - 15:33
    Сега, да се префрлиме на другата парцела близу до оваа, на тој ист ден,
  • 15:33 - 15:35
    со истата количина дожд.
  • 15:35 - 15:37
    Погледнете го ова:
  • 15:37 - 15:39
    Нашата река е полна, здрава и чиста
  • 15:39 - 15:41
    Се е во ред.
  • 15:41 - 15:47
    Тревите, грмушките, дрвата, дивиот свет
  • 15:47 - 15:50
    се е попродуктивно
  • 15:50 - 15:53
    и немаме баш никаков страв од сушни години.
  • 15:53 - 16:01
    А ова го направивме преку зголемување на бројот на говеда и кози на 400 проценти
  • 16:01 - 16:04
    планирајки го испасувањето да ја имитира природата
  • 16:04 - 16:06
    и интегрирајки ги со слоновите,
  • 16:06 - 16:10
    бафалата, жирафите и другите диви животни
  • 16:10 - 16:14
    Но пред да почнеме, нашата земја изгледаше вака
  • 16:16 - 16:20
    Овој предел беше гол и еродиран
  • 16:20 - 16:22
    над 30 години
  • 16:22 - 16:24
    без разлика колку дожд паѓаше годишно.
  • 16:25 - 16:27
    Погледнете го маркираното дрво и видете
  • 16:27 - 16:31
    ја разликата откако употребуваме стада да ја имитираме природата
  • 16:31 - 16:35
    Ова е друг предел кој беше гол и еродиран
  • 16:35 - 16:38
    и во подножјето на малото маркирано дрво
  • 16:38 - 16:42
    има над 30 см ерозија на почвата.
  • 16:42 - 16:47
    И повторно, погледнете ја промената само од користење стада кои ја имитираат природата
  • 16:47 - 16:49
    Има и паднати дрва сега
  • 16:49 - 16:54
    затоа што вака подобрената земја ги привлекува и слоновите итн
  • 16:54 - 16:58
    Оваа земја во Мексико беше во очајна состојба
  • 16:58 - 17:00
    И морав да го обележам ридот
  • 17:00 - 17:03
    затоа што промената е толку коренита
  • 17:12 - 17:15
    Почнав да и помагам на една фамилија во пустината Кару
  • 17:15 - 17:17
    во 1970тите настаната е пустината
  • 17:17 - 17:21
    која ја гледате десно на сликата
  • 17:21 - 17:22
    и за среќа
  • 17:22 - 17:24
    денес нивните внуци
  • 17:24 - 17:26
    се на таа земја со надеж за иднината.
  • 17:26 - 17:29
    А погледнете ја неверојатната промена кај ова пасиште
  • 17:29 - 17:32
    онаа бразда целосно се затворила
  • 17:32 - 17:36
    само со употреба на стада кои ја имитираат природата.
  • 17:36 - 17:38
    И уште еднаш,
  • 17:38 - 17:40
    ја имаме третата генерација од таа фамилија
  • 17:40 - 17:44
    на таа земја со нивното знаме како се виори
  • 17:44 - 17:47
    Пространите пасишта на Патагонија
  • 17:47 - 17:48
    се претвораат во пустина како што гледате овде.
  • 17:48 - 17:52
    Човекот во средината е истражувач од Аргентина
  • 17:52 - 17:53
    и тој го има документирано
  • 17:53 - 17:56
    постојаното пропаѓање на таа земја со текот
  • 17:56 - 18:00
    на годините како што го намалувале бројот на овците.
  • 18:00 - 18:04
    Тие собраа 25.000 овци во едно стадо
  • 18:04 - 18:09
    стварно имитирајки ја природата овојпат, со планирана испаша
  • 18:09 - 18:12
    и документираа повеќе од 50 проценти пораст
  • 18:12 - 18:15
    на продуктивноста на земјата уште во првата година
  • 18:15 - 18:19
    Сега кај Виолент Хорн во Африка имаме
  • 18:19 - 18:22
    сточари кои ја планираат испашата според урнекот на природата
  • 18:22 - 18:25
    и отворено кажуваат дека тоа им е единствената надеж
  • 18:25 - 18:29
    за спас на нивните семејства и култура.
  • 18:29 - 18:31
    Деведесет и пет проценти од таа земја
  • 18:31 - 18:34
    може да ги нахрани луѓето само преку добитокот.
  • 18:34 - 18:39
    Ве потсетувам дека зборувам за поголемиот дел од светската земја сега
  • 18:39 - 18:41
    која ја контролира нашата судбина
  • 18:41 - 18:44
    вклучувајки ги и најнегостопримливите региони во светот
  • 18:44 - 18:50
    каде само животните можат да ги нахранат луѓето од околу 95 проценти од земјата
  • 18:50 - 18:55
    Она што го правиме со пасиштата, глобално покренува климатски промени
  • 18:55 - 18:57
    верувам, исто колку и
  • 18:57 - 18:59
    фосилните горива,
  • 18:59 - 19:02
    а можеби и повеќе од нив.
  • 19:02 - 19:04
    Но, уште полошо,
  • 19:04 - 19:05
    предизвикува глад,
  • 19:05 - 19:07
    сиромаштија, насилство,
  • 19:07 - 19:09
    социјално раслојување и војни
  • 19:09 - 19:11
    и во моментов додека ви зборувам
  • 19:11 - 19:16
    милиони мажи, жени и деца страдаат и умираат.
  • 19:16 - 19:20
    Ако ова продолжи,
  • 19:20 - 19:23
    тешко дека ќе можеме да ги сопреме климатските промени,
  • 19:23 - 19:28
    дури и откако сме ја елиминирале употребата на фосилни горива.
  • 19:28 - 19:32
    Верувам дека ви објаснив како можеме да соработуваме
  • 19:32 - 19:38
    со природата по многу ниска цена за да го смениме текот на работите.
  • 19:38 - 19:46
    Веќе работиме на 15 милиони хектари на пет континенти
  • 19:46 - 19:50
    и луѓето кои се рабираат многу повеќе во јаглеродните емисии
  • 19:50 - 19:53
    од мене, пресметале дека - за илустрација
  • 19:53 - 19:57
    - ако правиме како што ви покажав овде,
  • 19:57 - 20:01
    можеме да одземеме доволно јаглерод диоксид од атмосферата
  • 20:01 - 20:04
    и безбедно да го складираме во почвата од пасиштата
  • 20:04 - 20:06
    за илјадници години.
  • 20:06 - 20:08
    Ако го направиме тоа на само половина
  • 20:08 - 20:12
    од светските пасишта кои ви ги покажав
  • 20:12 - 20:16
    можеме да се вратиме на прединдустриските нивоа од јаглерони емисии
  • 20:16 - 20:17
    додека во исто време ги храниме луѓето.
  • 20:17 - 20:20
    Не можам да смислам скоро ништо друго
  • 20:20 - 20:24
    што нуди повеќе надеж за нашата планета,
  • 20:24 - 20:26
    нашите деца
  • 20:26 - 20:27
    и нивните деца
  • 20:27 - 20:29
    и целото човештво.
  • 20:29 - 20:30
    Благодарам.
  • 20:40 - 20:43
    Благодарам.
  • 20:53 - 20:55
    Благодарам, Крис
  • 20:55 - 20:57
    Крис Андерсон: Благодарам.
  • 20:57 - 21:00
    Јас, а мислам и сите други овде имаме
  • 21:00 - 21:01
    А) стотици прашања
  • 21:01 - 21:04
    Б) сакаме да те гушнеме
  • 21:04 - 21:06
    Сакам само да те прашам едно кратко прашање
  • 21:06 - 21:09
    Кога прв пат почнува ова и го собрираш првото стадо добиток,
  • 21:09 - 21:11
    пасиштето е пустина.
  • 21:11 - 21:12
    Што јадат животните?
  • 21:12 - 21:13
    Како функционира тој дел?
  • 21:13 - 21:14
    Како се започнува?
  • 21:14 - 21:15
    Ален Сејвори: Па, ова го правиме веќе долго време
  • 21:15 - 21:18
    и едниствениот пат кога моравме да обезбедиме
  • 21:18 - 21:21
    било каква храна беше при ревитализацијата на згуриштата од рудниците
  • 21:21 - 21:23
    каде се е 100 проценти соголено.
  • 21:23 - 21:25
    Но пред многу години,
  • 21:25 - 21:28
    ја земавме најлошата земја во Зимбабве
  • 21:28 - 21:32
    каде понудив банкнота од 5 фунти на патување од 100 милји
  • 21:32 - 21:37
    ако некој успее да најде макар една тревка.
  • 21:37 - 21:38
    ете таму
  • 21:38 - 21:40
    го утростручивме сточниот фонд, бројот на животни
  • 21:40 - 21:43
    во првата година, без дополнително хранење
  • 21:43 - 21:45
    само со преместување на стоката,
  • 21:45 - 21:49
    имитирајки ја природата и користејки
  • 21:49 - 21:51
    го принципот на сигмоидна крива.
  • 21:51 - 21:53
    Малку е техничко за да се објасни овде, но тоа е тоа.
  • 21:53 - 21:54
    КА: Па, баш би сакал...
  • 21:54 - 21:56
    ...мислам, ова е баш интересна и
  • 21:56 - 21:57
    важна идеја.
  • 21:57 - 21:58
    Најдобрите луѓе на нашиот блог ќе се соберат
  • 21:58 - 21:59
    и ќе ти се обраќаат и ќе се обидат
  • 21:59 - 22:01
    да добијат повеќе информации за ова
  • 22:01 - 22:02
    АС: Прекрасно
  • 22:02 - 22:04
    КА: кои ќе можат да се споделат заедно со овој говор
  • 22:04 - 22:08
    Ова е извонреден говор, навистина
  • 22:08 - 22:11
    и мислам дека веќе слушна како те бодриме да продолжиш понатаму.
  • 22:11 - 22:12
    Многу Ти благодарам.
  • 22:12 - 22:14
    АС: Благодарам многу и на тебе, Крис
Title:
Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени
Description:

"Дезертификација е фенси збор кој опишува пасиште кое се претвора во пустина", го започнува Ален Сејвори својот моќен говор. И застрашувачки, ова се случува на две третини од светските пасишта, забрзувајки ја климатската промена и предизвикувајки хаос во традиционалните општества кои зависат од тие пасишта. Сејвори го посветил својот живот на напорот да го сопре овој процес - и неговата работа до сега покажува дека постои еден изненадувачки фактор кој може да ги заштити пасиштата и дури да ги поврати во живот опустошените предели.

more » « less
Video Language:
English, British
Duration:
22:20

Macedonian subtitles

Revisions