Најголемото цунами, совршената бура натежнува над нас. Оваа совршена бура навестува тмурна реалност која расте а ние се соочуваме со таа реалност со целосна верба дека ќе можеме да си ги решиме проблемите со технологија и тоа е многу разбирливо. Оваа совршена бура со која се соочуваме е резултат на нашата растечка популација која се ближи кон 10 милијарди луѓе, земјата која се претвора во пустина, и се разбира, климатските промени. Нема двоумење во врска со тоа дека ќе го решиме проблемот единствено со замена на фосилните горива со помош на технологијата. Но фосилните горива - нафта, јаглен и гас во никој случај не се единственото нешто кое предизвикува климатски промени. "Дезертификација" е фенси збор за процесот при кој земјата се претвора во пустина и ова се случува само кога ние создаваме премногу соголена почва, нема друг причинител. Јас ќе се фокусирам на најголемиот дел од земјата во светот која се претвора во пустина. Но имам за вас една многу едноставна порака која нуди повеќе надеж одколку што можете да си замислите. Имаме места каде што влажноста е загарантирана преку целата година. Таму, скоро е невозможно да се создадат огромни површини соголена земја. Што и да направите, природата ќе го покрие многу бргу. Од друга страна, имаме места каде што има влажност неколку месеци проследени со повеќе месеци сува клима. Овде се јавува дезертификацијата. За среќа, со денешната вселенска технологија може да ги видиме овие области од вселената и еве овде, многу убаво може да се видат размерите на тие области. Генерално гледано - она што го гледате во зелена боја е во ред, а она што е кафено се претвора во пустина. А овие области зафаќаат огромни делови од Земјата. околу две третини, по мое гледање, од светот, полека се претвораат во пустина. Оваа слика е од пустината Тиама: Иако паднаа 25 милиметри дожд тоа е околу еден инч - замислете ги овие мерки како буриња со вода - секое од нив содржи 200 литри. Над 1000 буриња вода паднаа на секој хектар земја тој ден. Следниот ден, земјата изгледаше вака Каде отиде целата таа вода? Дел од неа се отцеди преку поплави Но поголемиот дел кој се впи во земјата едноставно повторно испари. Исто како што испарува и во вашата градина ако ја оставите земјата непокриена. Сега, бидејки водата и јаглеродот се врзани заедно во органската материја на почвата, кога таа се оштетува, се ослободува јаглерод диоксид. Jаглеродот се враќа назад во атмосферата. Постојано ни повторуваат дека дезертификацијата се јавува само во суви и полусуви предели во светот, и дека високите пасишта, како ова, со висока стапка на врнежи, не се засегнати. Но ако не гледате однадвор на пасиштата туку внатре во нив, ќе сватите дека поголемиот дел од почвата во тие пасишта е гола и покриена со кора од алги, која придонесува за зголемено отцедување и испарување на водата. Тоа е ракот на дезертификацијата, кој не го препознаваме се до неговата последна, терминална фаза. Знаеме дека дезертификацијата во најголем дел е предизвикана од добитокот - говеда, овци и кози кои ги испасуваат растенијата над нивната моќ за обнова, оставајќи ја почвата соголена и оддавајќи метан. Скоро секој го знае ова, од нобелови лауреати до обичниот работник, односно го научиле дека е така, како мене. Животните средини како оваа која ја гледате, прашливите области во Африка - овде пораснав, со љубов спрема дивиот свет и мразејќи го добитокот, заради штетата која ја прави. А потоа моето универзитетско образование како еколог, ги засили овие верувања. Епа, имам новости за вас. Некогаш порано сме биле исто толку сигурни и дека земјата е рамна плоча. Сме грешеле тогаш, а грешиме и сега. Сега сакам да ве поканам да ми се придружите на едно патување кон ре-едукација и откритие. Кога бев млад човек, млад биолог во Африка бев дел од еден проект за бирање на најубавите предели и нивна подготовка за идни национални паркови Ова беше во 1950тите И веднаш штом ги отселивме домородците кои ловеа и удираа во тапани земјата почна да пропаѓа, како што може да се види кај овој парк што го формиравме. А овојпат немаше влијание од добиток. Се посомневавме дека имаме премногу слонови. Направив истражување и докажав дека имаме премногу слонови. Препорачав дека би морале да го намалиме нивниот број до ниво кое таа област би можела да го поднесе. Е тоа беше страшна одлука која требаше да ја донесам. и искрено, беше политички динамит. Па така, нашата влада формираше тим од експерти да го оценат мојот труд. Го преиспитаа и се сложија со мене. Во текот на наредните години убивме 40.000 слонови во обид да ја сопреме штетата, но, ситуацијата само се влоши, не се подобри. За мене, кој ги сакам слоновите толку многу, тоа беше најтажната и најголемата грешка во мојот живот која ќе си ја носам со мене до гроб. Сепак, една добра работа излезе од сето тоа. Ме направи апсолутно решен да го посветам мојот живот на пронаоѓање решение. Кога дојдов во САД се шокирав дознавајки дека и тамошните национални паркови како овој се во процес на дезертификација во иста мера колку и во Африка А таму не постои влијание од добиток веќе 70 години. И разбрав дека американските научници немаат објаснување за ова - освен дека е суво и природно - Тогаш почнав да ги разгледувам сите истражувања кои можев да ги најдам за целата западна област на САД од каде што добитокот бил отстранет за да докажам дека тоа би требало да ја запре дезертификацијата, но дојдов до спротивниот заклучок, како што може да се забележи на оваа станица за испитување, каде што пасиштата биле зелени во 1961, а веќе во 2002 се промениле во оваа состојба. Авторите на месното истражување за климатски промени од каде ги извлеков овие слики ја припишуваат оваа промена на "непознати процеси". Станува јасно дека всушност никогаш не сме разбрале што ја предизвикува дезертификацијата која уништила многу цивилизации и сега ни се заканува глобално. Никогаш не сме го разбрале тоа. Земете еден метар квадратен земја и соголете ја како оваа овде, и ве уверувам дека ќе ја најдете многу поладна взори и многу пожешка напладне споредено со тоа исто парче земја ако е само покриено со растителни отпадоци. Микро-климата на почвата се менува. Додека ние го правиме ова зголемувајки го во голема мера процентот на соголена земја на повеќе од половина од земјиштето на планетата, веќе ја менуваме и макро-климата. Па сепак, никогаш не свативме зошто сето ова почнало да се случува пред 10.000 години? И зошто одскоро почна да се забрзува овој процес? За тие прашања немавме одговор. Она кое не успеавме да го сватиме е дека во сите предели во светот со сезонски врнежи и суши земјата и вегетацијата се развивале паралелно со многу големи популации тревопасни животни и дека овие тревопасни животни се развивале заедно со свирепи глутници предатори. Главен начин на одбрана од овие глутници е групирањето во стада и колку е поголемо стадото, толку е поголема сигурноста на единката. Овие огромни стада оставаат урина и лепешки по целата површина каде што пасат и се постојано во движење. А тоа движење е она кое ги спречува стадата да ја исцрпат тревата со преголемо испасување додека повременото набивање обезбедува добра покриеност на земјата, како на сликава Ова на сликата е типично сезонско пасиште кое штотуку поминало низ четиримесечен дождовен период и сега влегува во осуммесечен сув период. Гледајте ги промените низ кои поминува во овој долг сув период Целата трева која ја гледате над земјата Мора да се распадне биолошки пред следната сезона а ако не се распадне пасиштето и почвата почнуваат да умираат. Ако не се распадне тревата биолошки, се префрла на процес на оксидација кој што е многу спор и ги гуши и убива тревите водејки кон појава на дрвна вегетација и гола почва и ослободувајки јаглерод диоксид. За да го спречиме тоа ние по традиција се служиме со оган. Но оганот исто така ја остава земјата соголена, ослободувајки јаглерод диоксид. и уште полошо со горење на еден хектар пасишта се ослободуваат повеќе и поштетни загадувачи од 6.000 автомобили А ние во Африка секоја година гориме повеќе од една милијарда хектари на пасишта и скоро никој не зборува за тоа. Го оправдуваме горењето, како научници затоа што, навистина, го отстранува мртвиот материјал и му дозволува на растението да расте Сега, гледајки како наше ова пасиште се исушило Што можеме да направиме за да го задржиме здраво? И, внимавајте, зборувам за поголемиот дел од светските пасишта сега. Во ред? Не можеме да го намалиме бројот на животни за да го одмориме земјиштето без да предизвикаме опустошување и климатски промени. Не можеме да го изгориме без да предизвикаме опустошување и климатски промени. Што да направиме? Има само една можност, повторувам само една можност им останува на климатолозите и научниците а тоа е да го направат незамисливото, и да употребат добиток. во стадо кое се движи како замена за поранешните диви стада и предатори и да се имитира природата. Нема друга алтернатива која му останува на човештвото. Па ајде да го направиме тоа Еве на ова парче земја ќе го направиме тоа, но само во предниот дел. Ќе влијаеме на него многу интензивно со добиток имитирајки ја природата. Го сторивме тоа и видете го резултатот Целата таа трева сега ја покрива земјата како отпадок урина и лепешки - со други зборови - прекривка како што секој од вас кој градинарел веќе знае. И таа земја е подготвена за го впие и задржи дождот да складира CO2 и да го разложи метанот. Го постигнавме сево ова без употреба на оган кој ја оштетува почвата, и растенијата се слободни да растат. Кога сватив дека немаме друга опција како научници освен да го користиме озлогласениот добиток во врска со климатските промени и опустошувањето, бев сoочен со вистинска дилема Како да се изведе тоа? Сме имале 10.000 години високо образовани сточари кои го групирале својот добиток во стада и го испасувале во движење но тие го предизвикале создавањето на големите вештачки пустини во светот. Потоа имавме 100 години модерна наука која само го забрза процесот на опустошување како што најпрво откривме во Африка, а потоа потврдивме во САД и како што гледате на сликава од подрачје менаџирано од федералната влада Јасно е дека е требно нешто повеќе од групирање и движење на добитокот. Луѓето во текот на илјадници години не биле моќни да се справат со сите комплексности на природата. Но ние биолозите и еколозите никогаш не сме се бореле со нешто волку комплексно. Па, наместо да измислувам топла вода почнав да проучувам други професии да видам дали некој друг го правел тоа. И дознав дека постојат техники на планирање кои можам да ги преземам и адаптирам на нашите биолошки потреби Од нив го развив таканаречениот Холистички менаџмент и планирано испасување, процес на планирање кој се осврнува, како на целата комплексност на природата, така и на нашата социјална, еколошка и економска комплексност Денес, имаме млади жени како оваа кои ги подучуваат селаните во Африка како да ги групираат своите животни во поголеми стада, да го планираат пасењето како имитација на природата и каде да ги сместуваат животните преку ноќ. - животните се заштитени од предаторите - бидејки имаме многу пасишта итн а каде што ќе испасат и останат преку ноќ - како припрема на посевите - исто така добиваме многу голем пораст во приносите. Да погледнеме некои од резултатите: Оваа површина е блиску до една која ние ја раководиме во Зимбабве. Парцелите штотуку поминаа низ четири месеци солиден дожд од таа година и сега влегуваат во сув период. Но како што можете да видите целиот тој дожд, скоро цел испарил од површината на земјата. Реката е сува и покрај штотуку завршената дождовна сезона. А овде имаме 150,000 луѓе, кои се скоро постојано на помош во храна. Сега, да се префрлиме на другата парцела близу до оваа, на тој ист ден, со истата количина дожд. Погледнете го ова: Нашата река е полна, здрава и чиста Се е во ред. Тревите, грмушките, дрвата, дивиот свет се е попродуктивно и немаме баш никаков страв од сушни години. А ова го направивме преку зголемување на бројот на говеда и кози на 400 проценти планирајки го испасувањето да ја имитира природата и интегрирајки ги со слоновите, бафалата, жирафите и другите диви животни Но пред да почнеме, нашата земја изгледаше вака Овој предел беше гол и еродиран над 30 години без разлика колку дожд паѓаше годишно. Погледнете го маркираното дрво и видете ја разликата откако употребуваме стада да ја имитираме природата Ова е друг предел кој беше гол и еродиран и во подножјето на малото маркирано дрво има над 30 см ерозија на почвата. И повторно, погледнете ја промената само од користење стада кои ја имитираат природата Има и паднати дрва сега затоа што вака подобрената земја ги привлекува и слоновите итн Оваа земја во Мексико беше во очајна состојба И морав да го обележам ридот затоа што промената е толку коренита Почнав да и помагам на една фамилија во пустината Кару во 1970тите настаната е пустината која ја гледате десно на сликата и за среќа денес нивните внуци се на таа земја со надеж за иднината. А погледнете ја неверојатната промена кај ова пасиште онаа бразда целосно се затворила само со употреба на стада кои ја имитираат природата. И уште еднаш, ја имаме третата генерација од таа фамилија на таа земја со нивното знаме како се виори Пространите пасишта на Патагонија се претвораат во пустина како што гледате овде. Човекот во средината е истражувач од Аргентина и тој го има документирано постојаното пропаѓање на таа земја со текот на годините како што го намалувале бројот на овците. Тие собраа 25.000 овци во едно стадо стварно имитирајки ја природата овојпат, со планирана испаша и документираа повеќе од 50 проценти пораст на продуктивноста на земјата уште во првата година Сега кај Виолент Хорн во Африка имаме сточари кои ја планираат испашата според урнекот на природата и отворено кажуваат дека тоа им е единствената надеж за спас на нивните семејства и култура. Деведесет и пет проценти од таа земја може да ги нахрани луѓето само преку добитокот. Ве потсетувам дека зборувам за поголемиот дел од светската земја сега која ја контролира нашата судбина вклучувајки ги и најнегостопримливите региони во светот каде само животните можат да ги нахранат луѓето од околу 95 проценти од земјата Она што го правиме со пасиштата, глобално покренува климатски промени верувам, исто колку и фосилните горива, а можеби и повеќе од нив. Но, уште полошо, предизвикува глад, сиромаштија, насилство, социјално раслојување и војни и во моментов додека ви зборувам милиони мажи, жени и деца страдаат и умираат. Ако ова продолжи, тешко дека ќе можеме да ги сопреме климатските промени, дури и откако сме ја елиминирале употребата на фосилни горива. Верувам дека ви објаснив како можеме да соработуваме со природата по многу ниска цена за да го смениме текот на работите. Веќе работиме на 15 милиони хектари на пет континенти и луѓето кои се рабираат многу повеќе во јаглеродните емисии од мене, пресметале дека - за илустрација - ако правиме како што ви покажав овде, можеме да одземеме доволно јаглерод диоксид од атмосферата и безбедно да го складираме во почвата од пасиштата за илјадници години. Ако го направиме тоа на само половина од светските пасишта кои ви ги покажав можеме да се вратиме на прединдустриските нивоа од јаглерони емисии додека во исто време ги храниме луѓето. Не можам да смислам скоро ништо друго што нуди повеќе надеж за нашата планета, нашите деца и нивните деца и целото човештво. Благодарам. Благодарам. Благодарам, Крис Крис Андерсон: Благодарам. Јас, а мислам и сите други овде имаме А) стотици прашања Б) сакаме да те гушнеме Сакам само да те прашам едно кратко прашање Кога прв пат почнува ова и го собрираш првото стадо добиток, пасиштето е пустина. Што јадат животните? Како функционира тој дел? Како се започнува? Ален Сејвори: Па, ова го правиме веќе долго време и едниствениот пат кога моравме да обезбедиме било каква храна беше при ревитализацијата на згуриштата од рудниците каде се е 100 проценти соголено. Но пред многу години, ја земавме најлошата земја во Зимбабве каде понудив банкнота од 5 фунти на патување од 100 милји ако некој успее да најде макар една тревка. ете таму го утростручивме сточниот фонд, бројот на животни во првата година, без дополнително хранење само со преместување на стоката, имитирајки ја природата и користејки го принципот на сигмоидна крива. Малку е техничко за да се објасни овде, но тоа е тоа. КА: Па, баш би сакал... ...мислам, ова е баш интересна и важна идеја. Најдобрите луѓе на нашиот блог ќе се соберат и ќе ти се обраќаат и ќе се обидат да добијат повеќе информации за ова АС: Прекрасно КА: кои ќе можат да се споделат заедно со овој говор Ова е извонреден говор, навистина и мислам дека веќе слушна како те бодриме да продолжиш понатаму. Многу Ти благодарам. АС: Благодарам многу и на тебе, Крис