1 00:00:16,798 --> 00:00:22,548 Најголемото цунами, 2 00:00:22,548 --> 00:00:28,730 совршената бура натежнува над нас. 3 00:00:28,730 --> 00:00:34,710 Оваа совршена бура навестува тмурна реалност 4 00:00:34,710 --> 00:00:37,578 која расте 5 00:00:37,578 --> 00:00:43,831 а ние се соочуваме со таа реалност со целосна верба 6 00:00:43,831 --> 00:00:46,708 дека ќе можеме да си ги решиме проблемите со технологија 7 00:00:46,708 --> 00:00:48,967 и тоа е многу разбирливо. 8 00:00:48,967 --> 00:00:52,632 Оваа совршена бура со која се соочуваме 9 00:00:52,632 --> 00:00:56,251 е резултат на нашата растечка популација 10 00:00:56,251 --> 00:00:59,167 која се ближи кон 10 милијарди луѓе, 11 00:00:59,167 --> 00:01:01,654 земјата која се претвора во пустина, 12 00:01:01,654 --> 00:01:04,798 и се разбира, климатските промени. 13 00:01:04,798 --> 00:01:07,961 Нема двоумење во врска со тоа дека 14 00:01:07,961 --> 00:01:13,411 ќе го решиме проблемот единствено со замена на фосилните горива со помош на технологијата. 15 00:01:13,411 --> 00:01:16,551 Но фосилните горива - нафта, јаглен и гас 16 00:01:16,551 --> 00:01:21,948 во никој случај не се единственото нешто кое предизвикува климатски промени. 17 00:01:22,795 --> 00:01:29,175 "Дезертификација" е фенси збор за процесот при кој земјата се претвора во пустина 18 00:01:29,175 --> 00:01:36,298 и ова се случува само кога ние создаваме премногу соголена почва, нема друг причинител. 19 00:01:36,298 --> 00:01:40,411 Јас ќе се фокусирам на најголемиот дел од земјата во светот 20 00:01:40,411 --> 00:01:42,987 која се претвора во пустина. 21 00:01:44,587 --> 00:01:48,494 Но имам за вас една многу едноставна порака 22 00:01:48,494 --> 00:01:51,823 која нуди повеќе надеж одколку што можете да си замислите. 23 00:01:52,962 --> 00:01:57,883 Имаме места каде што влажноста е загарантирана преку целата година. 24 00:01:57,883 --> 00:02:03,249 Таму, скоро е невозможно да се создадат огромни површини соголена земја. 25 00:02:03,249 --> 00:02:06,785 Што и да направите, природата ќе го покрие многу бргу. 26 00:02:06,785 --> 00:02:10,913 Од друга страна, имаме места каде што има влажност неколку месеци 27 00:02:10,913 --> 00:02:13,168 проследени со повеќе месеци сува клима. 28 00:02:13,168 --> 00:02:16,754 Овде се јавува дезертификацијата. 29 00:02:16,754 --> 00:02:18,505 За среќа, со денешната вселенска технологија 30 00:02:18,505 --> 00:02:20,416 може да ги видиме овие области од вселената 31 00:02:20,416 --> 00:02:24,549 и еве овде, многу убаво може да се видат размерите на тие области. 32 00:02:24,549 --> 00:02:27,411 Генерално гледано - она што го гледате во зелена боја е во ред, 33 00:02:27,411 --> 00:02:30,335 а она што е кафено се претвора во пустина. 34 00:02:30,335 --> 00:02:34,702 А овие области зафаќаат огромни делови од Земјата. 35 00:02:34,702 --> 00:02:39,136 околу две третини, по мое гледање, од светот, полека се претвораат во пустина. 36 00:02:39,136 --> 00:02:42,385 Оваа слика е од пустината Тиама: 37 00:02:42,385 --> 00:02:43,967 Иако паднаа 25 милиметри дожд 38 00:02:43,967 --> 00:02:46,078 тоа е околу еден инч - 39 00:02:46,078 --> 00:02:48,827 замислете ги овие мерки како буриња со вода - 40 00:02:48,827 --> 00:02:51,945 секое од нив содржи 200 литри. 41 00:02:51,945 --> 00:02:58,347 Над 1000 буриња вода паднаа на секој хектар земја тој ден. 42 00:02:58,347 --> 00:03:01,633 Следниот ден, земјата изгледаше вака 43 00:03:01,633 --> 00:03:04,129 Каде отиде целата таа вода? 44 00:03:04,129 --> 00:03:06,468 Дел од неа се отцеди преку поплави 45 00:03:06,468 --> 00:03:11,409 Но поголемиот дел кој се впи во земјата едноставно повторно испари. 46 00:03:11,409 --> 00:03:17,244 Исто како што испарува и во вашата градина ако ја оставите земјата непокриена. 47 00:03:17,244 --> 00:03:23,635 Сега, бидејки водата и јаглеродот се врзани заедно во органската материја на почвата, 48 00:03:23,635 --> 00:03:28,129 кога таа се оштетува, се ослободува јаглерод диоксид. 49 00:03:28,129 --> 00:03:31,636 Jаглеродот се враќа назад во атмосферата. 50 00:03:31,636 --> 00:03:34,665 Постојано ни повторуваат 51 00:03:34,665 --> 00:03:42,217 дека дезертификацијата се јавува само во суви и полусуви предели во светот, 52 00:03:42,217 --> 00:03:44,676 и дека високите пасишта, како ова, 53 00:03:44,676 --> 00:03:49,372 со висока стапка на врнежи, не се засегнати. 54 00:03:49,372 --> 00:03:51,833 Но ако не гледате однадвор на пасиштата 55 00:03:51,833 --> 00:03:53,967 туку внатре во нив, 56 00:03:53,967 --> 00:03:56,911 ќе сватите дека поголемиот дел од почвата во тие пасишта 57 00:03:56,911 --> 00:04:00,869 е гола и покриена со кора од алги, 58 00:04:00,869 --> 00:04:03,885 која придонесува за зголемено отцедување и испарување на водата. 59 00:04:03,885 --> 00:04:07,707 Тоа е ракот на дезертификацијата, 60 00:04:07,707 --> 00:04:13,201 кој не го препознаваме се до неговата последна, терминална фаза. 61 00:04:13,201 --> 00:04:18,204 Знаеме дека дезертификацијата во најголем дел е предизвикана од добитокот - 62 00:04:18,204 --> 00:04:20,541 говеда, овци и кози 63 00:04:20,541 --> 00:04:24,666 кои ги испасуваат растенијата над нивната моќ за обнова, оставајќи ја почвата соголена 64 00:04:24,666 --> 00:04:27,375 и оддавајќи метан. 65 00:04:27,375 --> 00:04:30,866 Скоро секој го знае ова, од нобелови лауреати 66 00:04:30,866 --> 00:04:35,461 до обичниот работник, односно го научиле дека е така, како мене. 67 00:04:35,461 --> 00:04:38,626 Животните средини како оваа која ја гледате, 68 00:04:38,626 --> 00:04:41,631 прашливите области во Африка - овде пораснав, 69 00:04:41,631 --> 00:04:44,557 со љубов спрема дивиот свет 70 00:04:44,557 --> 00:04:47,908 и мразејќи го добитокот, 71 00:04:47,908 --> 00:04:50,119 заради штетата која ја прави. 72 00:04:50,119 --> 00:04:52,382 А потоа моето универзитетско образование 73 00:04:52,382 --> 00:04:56,466 како еколог, ги засили овие верувања. 74 00:04:57,389 --> 00:05:01,661 Епа, имам новости за вас. 75 00:05:01,661 --> 00:05:06,756 Некогаш порано сме биле исто толку сигурни и дека земјата е рамна плоча. 76 00:05:06,756 --> 00:05:10,676 Сме грешеле тогаш, а грешиме и сега. 77 00:05:10,676 --> 00:05:13,004 Сега сакам да ве поканам 78 00:05:13,004 --> 00:05:15,300 да ми се придружите на едно патување 79 00:05:15,300 --> 00:05:19,304 кон ре-едукација и откритие. 80 00:05:20,258 --> 00:05:22,556 Кога бев млад човек, 81 00:05:22,556 --> 00:05:25,331 млад биолог во Африка 82 00:05:25,331 --> 00:05:27,009 бев дел од еден проект 83 00:05:27,009 --> 00:05:31,880 за бирање на најубавите предели и нивна подготовка за идни национални паркови 84 00:05:31,880 --> 00:05:35,169 Ова беше во 1950тите 85 00:05:35,169 --> 00:05:41,633 И веднаш штом ги отселивме домородците кои ловеа и удираа во тапани 86 00:05:41,633 --> 00:05:44,202 земјата почна да пропаѓа, 87 00:05:44,202 --> 00:05:48,080 како што може да се види кај овој парк што го формиравме. 88 00:05:48,080 --> 00:05:50,805 А овојпат немаше влијание од добиток. 89 00:05:50,805 --> 00:05:53,970 Се посомневавме дека имаме премногу слонови. 90 00:05:53,970 --> 00:05:55,918 Направив истражување 91 00:05:55,918 --> 00:05:58,580 и докажав дека имаме премногу слонови. 92 00:05:58,580 --> 00:06:00,723 Препорачав дека би морале 93 00:06:00,723 --> 00:06:03,244 да го намалиме нивниот број 94 00:06:03,244 --> 00:06:05,989 до ниво кое таа област би можела да го поднесе. 95 00:06:05,989 --> 00:06:08,257 Е тоа беше страшна одлука 96 00:06:08,257 --> 00:06:10,248 која требаше да ја донесам. 97 00:06:10,248 --> 00:06:12,552 и искрено, беше политички динамит. 98 00:06:12,552 --> 00:06:15,658 Па така, нашата влада формираше тим од експерти 99 00:06:15,658 --> 00:06:18,450 да го оценат мојот труд. 100 00:06:18,450 --> 00:06:20,611 Го преиспитаа и се сложија со мене. 101 00:06:20,611 --> 00:06:22,631 Во текот на наредните години 102 00:06:22,631 --> 00:06:28,806 убивме 40.000 слонови во обид да ја сопреме штетата, 103 00:06:28,806 --> 00:06:30,268 но, ситуацијата само се влоши, 104 00:06:30,268 --> 00:06:32,471 не се подобри. 105 00:06:32,471 --> 00:06:34,584 За мене, кој ги сакам слоновите толку многу, 106 00:06:34,584 --> 00:06:35,804 тоа беше најтажната 107 00:06:35,804 --> 00:06:38,332 и најголемата грешка во мојот живот 108 00:06:38,332 --> 00:06:40,744 која ќе си ја носам со мене до гроб. 109 00:06:40,744 --> 00:06:43,583 Сепак, една добра работа излезе од сето тоа. 110 00:06:43,583 --> 00:06:47,253 Ме направи апсолутно решен 111 00:06:47,253 --> 00:06:49,053 да го посветам мојот живот 112 00:06:49,053 --> 00:06:52,716 на пронаоѓање решение. 113 00:06:52,716 --> 00:06:55,082 Кога дојдов во САД 114 00:06:55,082 --> 00:06:56,749 се шокирав 115 00:06:56,749 --> 00:06:59,367 дознавајки дека и тамошните национални паркови како овој 116 00:06:59,367 --> 00:07:03,244 се во процес на дезертификација во иста мера колку и во Африка 117 00:07:03,244 --> 00:07:07,835 А таму не постои влијание од добиток веќе 70 години. 118 00:07:07,835 --> 00:07:12,457 И разбрав дека американските научници немаат објаснување за ова 119 00:07:12,457 --> 00:07:15,931 - освен дека е суво и природно - 120 00:07:15,931 --> 00:07:19,632 Тогаш почнав да ги разгледувам 121 00:07:19,632 --> 00:07:22,412 сите истражувања кои можев да ги најдам 122 00:07:22,412 --> 00:07:25,226 за целата западна област на САД 123 00:07:25,226 --> 00:07:27,166 од каде што добитокот бил отстранет 124 00:07:27,166 --> 00:07:30,220 за да докажам дека тоа би требало да ја запре дезертификацијата, 125 00:07:30,220 --> 00:07:31,980 но дојдов до спротивниот заклучок, 126 00:07:31,980 --> 00:07:34,915 како што може да се забележи на оваа станица за испитување, 127 00:07:34,915 --> 00:07:38,388 каде што пасиштата биле зелени во 1961, 128 00:07:38,388 --> 00:07:43,961 а веќе во 2002 се промениле во оваа состојба. 129 00:07:43,961 --> 00:07:48,329 Авторите на месното истражување за климатски промени 130 00:07:48,329 --> 00:07:50,582 од каде ги извлеков овие слики 131 00:07:50,582 --> 00:07:52,366 ја припишуваат оваа промена 132 00:07:52,366 --> 00:07:56,826 на "непознати процеси". 133 00:07:56,826 --> 00:07:58,333 Станува јасно дека всушност никогаш не сме 134 00:07:58,333 --> 00:08:03,071 разбрале што ја предизвикува дезертификацијата 135 00:08:03,071 --> 00:08:06,164 која уништила многу цивилизации 136 00:08:06,164 --> 00:08:09,291 и сега ни се заканува глобално. 137 00:08:09,291 --> 00:08:11,582 Никогаш не сме го разбрале тоа. 138 00:08:11,582 --> 00:08:13,636 Земете еден метар квадратен земја 139 00:08:13,636 --> 00:08:16,334 и соголете ја како оваа овде, 140 00:08:16,334 --> 00:08:17,662 и ве уверувам 141 00:08:17,662 --> 00:08:19,305 дека ќе ја најдете многу поладна взори 142 00:08:19,305 --> 00:08:22,831 и многу пожешка напладне 143 00:08:22,831 --> 00:08:24,533 споредено со тоа исто парче земја 144 00:08:24,533 --> 00:08:27,536 ако е само покриено со растителни отпадоци. 145 00:08:27,536 --> 00:08:30,636 Микро-климата на почвата се менува. 146 00:08:30,636 --> 00:08:32,970 Додека ние го правиме ова 147 00:08:32,970 --> 00:08:38,218 зголемувајки го во голема мера процентот на соголена земја 148 00:08:38,218 --> 00:08:42,378 на повеќе од половина од земјиштето на планетата, 149 00:08:42,378 --> 00:08:45,635 веќе ја менуваме и макро-климата. 150 00:08:45,635 --> 00:08:51,704 Па сепак, никогаш не свативме зошто сето ова почнало да се случува пред 10.000 години? 151 00:08:51,704 --> 00:08:54,914 И зошто одскоро почна да се забрзува овој процес? 152 00:08:54,914 --> 00:08:56,704 За тие прашања немавме одговор. 153 00:08:56,704 --> 00:09:00,124 Она кое не успеавме да го сватиме 154 00:09:00,124 --> 00:09:04,330 е дека во сите предели во светот со сезонски врнежи и суши 155 00:09:04,330 --> 00:09:06,811 земјата и вегетацијата 156 00:09:06,811 --> 00:09:12,661 се развивале паралелно со многу големи популации тревопасни животни 157 00:09:12,661 --> 00:09:14,721 и дека овие тревопасни животни 158 00:09:14,721 --> 00:09:20,822 се развивале заедно со свирепи глутници предатори. 159 00:09:20,822 --> 00:09:26,744 Главен начин на одбрана од овие глутници е групирањето во стада 160 00:09:26,744 --> 00:09:31,055 и колку е поголемо стадото, толку е поголема сигурноста на единката. 161 00:09:31,055 --> 00:09:35,550 Овие огромни стада оставаат урина и лепешки по целата површина 162 00:09:35,550 --> 00:09:38,666 каде што пасат и се постојано во движење. 163 00:09:38,666 --> 00:09:43,327 А тоа движење е она кое ги спречува стадата да ја исцрпат тревата со преголемо испасување 164 00:09:43,327 --> 00:09:52,022 додека повременото набивање обезбедува добра покриеност на земјата, како на сликава 165 00:09:52,022 --> 00:09:55,577 Ова на сликата е типично 166 00:09:55,577 --> 00:09:57,725 сезонско пасиште 167 00:09:57,725 --> 00:10:00,708 кое штотуку поминало низ четиримесечен дождовен период 168 00:10:00,708 --> 00:10:04,162 и сега влегува во осуммесечен сув период. 169 00:10:04,162 --> 00:10:07,997 Гледајте ги промените низ кои поминува во овој долг сув период 170 00:10:07,997 --> 00:10:10,577 Целата трева која ја гледате над земјата 171 00:10:10,577 --> 00:10:14,638 Мора да се распадне биолошки 172 00:10:14,638 --> 00:10:17,123 пред следната сезона 173 00:10:17,123 --> 00:10:18,507 а ако не се распадне 174 00:10:18,507 --> 00:10:22,557 пасиштето и почвата почнуваат да умираат. 175 00:10:22,557 --> 00:10:25,665 Ако не се распадне тревата биолошки, 176 00:10:25,665 --> 00:10:28,415 се префрла на процес на оксидација 177 00:10:28,415 --> 00:10:30,496 кој што е многу спор 178 00:10:30,496 --> 00:10:33,804 и ги гуши и убива тревите 179 00:10:33,804 --> 00:10:37,911 водејки кон појава на дрвна вегетација и гола почва и 180 00:10:37,911 --> 00:10:40,248 ослободувајки јаглерод диоксид. 181 00:10:40,248 --> 00:10:42,006 За да го спречиме тоа 182 00:10:42,006 --> 00:10:45,328 ние по традиција се служиме со оган. 183 00:10:45,328 --> 00:10:49,244 Но оганот исто така ја остава земјата соголена, 184 00:10:49,244 --> 00:10:51,116 ослободувајки јаглерод диоксид. 185 00:10:51,116 --> 00:10:53,164 и уште полошо 186 00:10:53,164 --> 00:10:56,662 со горење на еден хектар пасишта се ослободуваат повеќе 187 00:10:56,662 --> 00:10:58,301 и поштетни 188 00:10:58,301 --> 00:11:01,551 загадувачи од 6.000 автомобили 189 00:11:02,475 --> 00:11:05,411 А ние во Африка 190 00:11:05,411 --> 00:11:07,286 секоја година гориме 191 00:11:07,286 --> 00:11:11,246 повеќе од една милијарда хектари на пасишта 192 00:11:11,246 --> 00:11:14,687 и скоро никој не зборува за тоа. 193 00:11:15,411 --> 00:11:19,372 Го оправдуваме горењето, како научници 194 00:11:19,373 --> 00:11:25,304 затоа што, навистина, го отстранува мртвиот материјал и му дозволува на растението да расте 195 00:11:25,304 --> 00:11:28,227 Сега, гледајки како наше ова пасиште се исушило 196 00:11:28,227 --> 00:11:31,081 Што можеме да направиме за да го задржиме здраво? 197 00:11:31,081 --> 00:11:31,912 И, внимавајте, 198 00:11:31,912 --> 00:11:34,244 зборувам за поголемиот дел од светските пасишта сега. 199 00:11:34,244 --> 00:11:35,247 Во ред? 200 00:11:35,417 --> 00:11:38,880 Не можеме да го намалиме бројот на животни за да го одмориме земјиштето 201 00:11:38,880 --> 00:11:42,453 без да предизвикаме опустошување и климатски промени. 202 00:11:42,453 --> 00:11:47,806 Не можеме да го изгориме без да предизвикаме опустошување и климатски промени. 203 00:11:47,806 --> 00:11:51,015 Што да направиме? 204 00:11:54,478 --> 00:11:56,646 Има само една можност, 205 00:11:56,646 --> 00:11:57,475 повторувам 206 00:11:57,475 --> 00:12:01,831 само една можност им останува на климатолозите и научниците 207 00:12:01,831 --> 00:12:05,376 а тоа е да го направат незамисливото, 208 00:12:05,376 --> 00:12:08,308 и да употребат добиток. 209 00:12:08,308 --> 00:12:10,478 во стадо кое се движи 210 00:12:10,478 --> 00:12:14,082 како замена за поранешните диви стада и предатори 211 00:12:14,082 --> 00:12:15,849 и да се имитира природата. 212 00:12:15,849 --> 00:12:20,056 Нема друга алтернатива која му останува на човештвото. 213 00:12:20,533 --> 00:12:22,160 Па ајде да го направиме тоа 214 00:12:22,637 --> 00:12:23,957 Еве на ова парче земја 215 00:12:23,957 --> 00:12:24,619 ќе го направиме тоа, 216 00:12:24,619 --> 00:12:25,992 но само во предниот дел. 217 00:12:25,992 --> 00:12:28,913 Ќе влијаеме на него многу интензивно со добиток имитирајки ја природата. 218 00:12:28,913 --> 00:12:31,738 Го сторивме тоа и видете го резултатот 219 00:12:31,738 --> 00:12:36,370 Целата таа трева сега ја покрива земјата како отпадок 220 00:12:36,370 --> 00:12:39,331 урина и лепешки - со други зборови - прекривка 221 00:12:39,331 --> 00:12:42,729 како што секој од вас кој градинарел веќе знае. 222 00:12:42,729 --> 00:12:46,994 И таа земја е подготвена за го впие и задржи дождот 223 00:12:46,994 --> 00:12:51,213 да складира CO2 и да го разложи метанот. 224 00:12:52,152 --> 00:12:54,580 Го постигнавме сево ова 225 00:12:54,580 --> 00:12:56,705 без употреба на оган кој ја оштетува почвата, 226 00:12:56,705 --> 00:12:59,626 и растенијата се слободни да растат. 227 00:12:59,902 --> 00:13:04,661 Кога сватив дека немаме друга опција како научници 228 00:13:04,661 --> 00:13:07,662 освен да го користиме озлогласениот добиток 229 00:13:07,662 --> 00:13:12,708 во врска со климатските промени и опустошувањето, 230 00:13:12,708 --> 00:13:15,181 бев сoочен со вистинска дилема 231 00:13:15,181 --> 00:13:17,128 Како да се изведе тоа? 232 00:13:17,128 --> 00:13:20,751 Сме имале 10.000 години високо образовани 233 00:13:20,751 --> 00:13:22,776 сточари кои го групирале својот добиток во стада и го испасувале во движење 234 00:13:22,776 --> 00:13:24,916 но тие го предизвикале создавањето на 235 00:13:24,916 --> 00:13:27,161 големите вештачки пустини во светот. 236 00:13:27,161 --> 00:13:31,289 Потоа имавме 100 години модерна наука 237 00:13:31,289 --> 00:13:33,892 која само го забрза процесот на опустошување 238 00:13:33,892 --> 00:13:38,907 како што најпрво откривме во Африка, а потоа потврдивме во САД 239 00:13:38,907 --> 00:13:44,580 и како што гледате на сликава од подрачје менаџирано од федералната влада 240 00:13:44,796 --> 00:13:48,951 Јасно е дека е требно нешто повеќе од групирање и движење на добитокот. 241 00:13:48,951 --> 00:13:52,503 Луѓето во текот на илјадници години 242 00:13:52,503 --> 00:13:56,576 не биле моќни да се справат со сите комплексности на природата. 243 00:13:56,576 --> 00:14:01,911 Но ние биолозите и еколозите никогаш не сме се бореле со нешто волку комплексно. 244 00:14:01,911 --> 00:14:04,577 Па, наместо да измислувам топла вода 245 00:14:04,577 --> 00:14:08,081 почнав да проучувам други професии да видам дали некој друг го правел тоа. 246 00:14:08,081 --> 00:14:11,455 И дознав дека постојат техники на планирање 247 00:14:11,455 --> 00:14:14,745 кои можам да ги преземам и адаптирам на нашите биолошки потреби 248 00:14:14,745 --> 00:14:17,082 Од нив го развив таканаречениот 249 00:14:17,082 --> 00:14:21,412 Холистички менаџмент и планирано испасување, 250 00:14:21,412 --> 00:14:22,867 процес на планирање 251 00:14:22,867 --> 00:14:26,308 кој се осврнува, како на целата комплексност на природата, 252 00:14:26,308 --> 00:14:31,626 така и на нашата социјална, еколошка и економска комплексност 253 00:14:31,626 --> 00:14:36,561 Денес, имаме млади жени како оваа кои ги подучуваат селаните во Африка 254 00:14:36,561 --> 00:14:39,128 како да ги групираат своите животни во поголеми стада, 255 00:14:39,128 --> 00:14:42,162 да го планираат пасењето како имитација на природата 256 00:14:42,162 --> 00:14:46,328 и каде да ги сместуваат животните преку ноќ. 257 00:14:46,328 --> 00:14:48,759 - животните се заштитени од предаторите - 258 00:14:48,759 --> 00:14:50,636 бидејки имаме многу пасишта итн 259 00:14:50,636 --> 00:14:53,142 а каде што ќе испасат и останат преку ноќ 260 00:14:53,142 --> 00:14:55,127 - како припрема на посевите - 261 00:14:55,127 --> 00:14:59,245 исто така добиваме многу голем пораст во приносите. 262 00:14:59,245 --> 00:15:00,731 Да погледнеме некои од резултатите: 263 00:15:00,731 --> 00:15:04,995 Оваа површина е блиску до една која ние ја раководиме во Зимбабве. 264 00:15:04,995 --> 00:15:08,003 Парцелите штотуку поминаа низ четири месеци солиден дожд 265 00:15:08,003 --> 00:15:09,412 од таа година 266 00:15:09,412 --> 00:15:11,830 и сега влегуваат во сув период. 267 00:15:11,830 --> 00:15:13,119 Но како што можете да видите 268 00:15:13,119 --> 00:15:14,113 целиот тој дожд, 269 00:15:14,113 --> 00:15:14,903 скоро цел 270 00:15:14,903 --> 00:15:17,867 испарил од површината на земјата. 271 00:15:17,867 --> 00:15:22,155 Реката е сува и покрај штотуку завршената дождовна сезона. 272 00:15:22,155 --> 00:15:29,245 А овде имаме 150,000 луѓе, кои се скоро постојано на помош во храна. 273 00:15:29,245 --> 00:15:33,480 Сега, да се префрлиме на другата парцела близу до оваа, на тој ист ден, 274 00:15:33,480 --> 00:15:35,120 со истата количина дожд. 275 00:15:35,120 --> 00:15:36,662 Погледнете го ова: 276 00:15:36,662 --> 00:15:38,869 Нашата река е полна, здрава и чиста 277 00:15:38,869 --> 00:15:41,332 Се е во ред. 278 00:15:41,332 --> 00:15:46,627 Тревите, грмушките, дрвата, дивиот свет 279 00:15:46,627 --> 00:15:49,619 се е попродуктивно 280 00:15:49,619 --> 00:15:53,080 и немаме баш никаков страв од сушни години. 281 00:15:53,080 --> 00:16:01,125 А ова го направивме преку зголемување на бројот на говеда и кози на 400 проценти 282 00:16:01,125 --> 00:16:04,252 планирајки го испасувањето да ја имитира природата 283 00:16:04,252 --> 00:16:06,244 и интегрирајки ги со слоновите, 284 00:16:06,244 --> 00:16:10,411 бафалата, жирафите и другите диви животни 285 00:16:10,411 --> 00:16:14,384 Но пред да почнеме, нашата земја изгледаше вака 286 00:16:16,369 --> 00:16:20,082 Овој предел беше гол и еродиран 287 00:16:20,082 --> 00:16:21,827 над 30 години 288 00:16:21,827 --> 00:16:24,367 без разлика колку дожд паѓаше годишно. 289 00:16:24,996 --> 00:16:26,900 Погледнете го маркираното дрво и видете 290 00:16:26,900 --> 00:16:30,502 ја разликата откако употребуваме стада да ја имитираме природата 291 00:16:30,733 --> 00:16:35,244 Ова е друг предел кој беше гол и еродиран 292 00:16:35,244 --> 00:16:38,004 и во подножјето на малото маркирано дрво 293 00:16:38,004 --> 00:16:41,911 има над 30 см ерозија на почвата. 294 00:16:42,494 --> 00:16:47,081 И повторно, погледнете ја промената само од користење стада кои ја имитираат природата 295 00:16:47,081 --> 00:16:49,077 Има и паднати дрва сега 296 00:16:49,077 --> 00:16:54,002 затоа што вака подобрената земја ги привлекува и слоновите итн 297 00:16:54,002 --> 00:16:57,534 Оваа земја во Мексико беше во очајна состојба 298 00:16:57,534 --> 00:16:59,665 И морав да го обележам ридот 299 00:16:59,665 --> 00:17:03,054 затоа што промената е толку коренита 300 00:17:11,664 --> 00:17:14,702 Почнав да и помагам на една фамилија во пустината Кару 301 00:17:14,702 --> 00:17:17,282 во 1970тите настаната е пустината 302 00:17:17,282 --> 00:17:20,995 која ја гледате десно на сликата 303 00:17:20,995 --> 00:17:22,161 и за среќа 304 00:17:22,161 --> 00:17:24,059 денес нивните внуци 305 00:17:24,059 --> 00:17:26,419 се на таа земја со надеж за иднината. 306 00:17:26,419 --> 00:17:28,978 А погледнете ја неверојатната промена кај ова пасиште 307 00:17:28,978 --> 00:17:32,060 онаа бразда целосно се затворила 308 00:17:32,060 --> 00:17:36,412 само со употреба на стада кои ја имитираат природата. 309 00:17:36,412 --> 00:17:37,734 И уште еднаш, 310 00:17:37,734 --> 00:17:40,493 ја имаме третата генерација од таа фамилија 311 00:17:40,493 --> 00:17:43,902 на таа земја со нивното знаме како се виори 312 00:17:43,902 --> 00:17:46,502 Пространите пасишта на Патагонија 313 00:17:46,502 --> 00:17:48,495 се претвораат во пустина како што гледате овде. 314 00:17:48,495 --> 00:17:52,063 Човекот во средината е истражувач од Аргентина 315 00:17:52,063 --> 00:17:53,369 и тој го има документирано 316 00:17:53,369 --> 00:17:55,624 постојаното пропаѓање на таа земја со текот 317 00:17:55,624 --> 00:17:59,564 на годините како што го намалувале бројот на овците. 318 00:17:59,564 --> 00:18:04,033 Тие собраа 25.000 овци во едно стадо 319 00:18:04,033 --> 00:18:08,747 стварно имитирајки ја природата овојпат, со планирана испаша 320 00:18:08,747 --> 00:18:11,569 и документираа повеќе од 50 проценти пораст 321 00:18:11,569 --> 00:18:15,242 на продуктивноста на земјата уште во првата година 322 00:18:15,242 --> 00:18:19,068 Сега кај Виолент Хорн во Африка имаме 323 00:18:19,068 --> 00:18:22,167 сточари кои ја планираат испашата според урнекот на природата 324 00:18:22,167 --> 00:18:25,494 и отворено кажуваат дека тоа им е единствената надеж 325 00:18:25,494 --> 00:18:28,570 за спас на нивните семејства и култура. 326 00:18:28,570 --> 00:18:30,744 Деведесет и пет проценти од таа земја 327 00:18:30,744 --> 00:18:34,254 може да ги нахрани луѓето само преку добитокот. 328 00:18:34,254 --> 00:18:39,079 Ве потсетувам дека зборувам за поголемиот дел од светската земја сега 329 00:18:39,079 --> 00:18:40,954 која ја контролира нашата судбина 330 00:18:40,954 --> 00:18:43,981 вклучувајки ги и најнегостопримливите региони во светот 331 00:18:43,981 --> 00:18:50,448 каде само животните можат да ги нахранат луѓето од околу 95 проценти од земјата 332 00:18:50,448 --> 00:18:55,164 Она што го правиме со пасиштата, глобално покренува климатски промени 333 00:18:55,164 --> 00:18:56,754 верувам, исто колку и 334 00:18:56,754 --> 00:18:58,620 фосилните горива, 335 00:18:58,620 --> 00:19:02,246 а можеби и повеќе од нив. 336 00:19:02,246 --> 00:19:03,671 Но, уште полошо, 337 00:19:03,671 --> 00:19:05,309 предизвикува глад, 338 00:19:05,309 --> 00:19:06,827 сиромаштија, насилство, 339 00:19:06,827 --> 00:19:08,980 социјално раслојување и војни 340 00:19:08,980 --> 00:19:11,303 и во моментов додека ви зборувам 341 00:19:11,303 --> 00:19:16,458 милиони мажи, жени и деца страдаат и умираат. 342 00:19:16,458 --> 00:19:19,925 Ако ова продолжи, 343 00:19:19,925 --> 00:19:23,283 тешко дека ќе можеме да ги сопреме климатските промени, 344 00:19:23,283 --> 00:19:28,496 дури и откако сме ја елиминирале употребата на фосилни горива. 345 00:19:28,496 --> 00:19:31,744 Верувам дека ви објаснив како можеме да соработуваме 346 00:19:31,744 --> 00:19:38,067 со природата по многу ниска цена за да го смениме текот на работите. 347 00:19:38,067 --> 00:19:46,411 Веќе работиме на 15 милиони хектари на пет континенти 348 00:19:46,411 --> 00:19:49,915 и луѓето кои се рабираат многу повеќе во јаглеродните емисии 349 00:19:49,915 --> 00:19:53,077 од мене, пресметале дека - за илустрација 350 00:19:53,077 --> 00:19:56,534 - ако правиме како што ви покажав овде, 351 00:19:56,534 --> 00:20:00,616 можеме да одземеме доволно јаглерод диоксид од атмосферата 352 00:20:00,616 --> 00:20:03,666 и безбедно да го складираме во почвата од пасиштата 353 00:20:03,666 --> 00:20:05,619 за илјадници години. 354 00:20:05,619 --> 00:20:08,202 Ако го направиме тоа на само половина 355 00:20:08,202 --> 00:20:11,662 од светските пасишта кои ви ги покажав 356 00:20:11,662 --> 00:20:15,552 можеме да се вратиме на прединдустриските нивоа од јаглерони емисии 357 00:20:15,552 --> 00:20:16,995 додека во исто време ги храниме луѓето. 358 00:20:16,995 --> 00:20:20,376 Не можам да смислам скоро ништо друго 359 00:20:20,376 --> 00:20:23,565 што нуди повеќе надеж за нашата планета, 360 00:20:23,565 --> 00:20:25,625 нашите деца 361 00:20:25,625 --> 00:20:27,078 и нивните деца 362 00:20:27,078 --> 00:20:28,743 и целото човештво. 363 00:20:28,743 --> 00:20:30,415 Благодарам. 364 00:20:39,527 --> 00:20:42,665 Благодарам. 365 00:20:53,385 --> 00:20:55,004 Благодарам, Крис 366 00:20:55,004 --> 00:20:57,339 Крис Андерсон: Благодарам. 367 00:20:57,339 --> 00:21:00,415 Јас, а мислам и сите други овде имаме 368 00:21:00,415 --> 00:21:01,344 А) стотици прашања 369 00:21:01,344 --> 00:21:03,577 Б) сакаме да те гушнеме 370 00:21:03,577 --> 00:21:05,619 Сакам само да те прашам едно кратко прашање 371 00:21:05,619 --> 00:21:09,245 Кога прв пат почнува ова и го собрираш првото стадо добиток, 372 00:21:09,245 --> 00:21:10,942 пасиштето е пустина. 373 00:21:10,942 --> 00:21:11,987 Што јадат животните? 374 00:21:11,987 --> 00:21:13,039 Како функционира тој дел? 375 00:21:13,039 --> 00:21:13,996 Како се започнува? 376 00:21:13,996 --> 00:21:15,480 Ален Сејвори: Па, ова го правиме веќе долго време 377 00:21:15,480 --> 00:21:18,369 и едниствениот пат кога моравме да обезбедиме 378 00:21:18,369 --> 00:21:20,827 било каква храна беше при ревитализацијата на згуриштата од рудниците 379 00:21:20,827 --> 00:21:22,877 каде се е 100 проценти соголено. 380 00:21:22,877 --> 00:21:25,002 Но пред многу години, 381 00:21:25,002 --> 00:21:27,745 ја земавме најлошата земја во Зимбабве 382 00:21:27,745 --> 00:21:32,408 каде понудив банкнота од 5 фунти на патување од 100 милји 383 00:21:32,408 --> 00:21:36,601 ако некој успее да најде макар една тревка. 384 00:21:36,601 --> 00:21:37,580 ете таму 385 00:21:37,580 --> 00:21:40,050 го утростручивме сточниот фонд, бројот на животни 386 00:21:40,050 --> 00:21:43,249 во првата година, без дополнително хранење 387 00:21:43,249 --> 00:21:44,662 само со преместување на стоката, 388 00:21:44,662 --> 00:21:48,745 имитирајки ја природата и користејки 389 00:21:48,745 --> 00:21:50,801 го принципот на сигмоидна крива. 390 00:21:50,801 --> 00:21:53,263 Малку е техничко за да се објасни овде, но тоа е тоа. 391 00:21:53,263 --> 00:21:54,350 КА: Па, баш би сакал... 392 00:21:54,350 --> 00:21:55,635 ...мислам, ова е баш интересна и 393 00:21:55,635 --> 00:21:56,711 важна идеја. 394 00:21:56,711 --> 00:21:57,939 Најдобрите луѓе на нашиот блог ќе се соберат 395 00:21:57,939 --> 00:21:59,231 и ќе ти се обраќаат и ќе се обидат 396 00:21:59,231 --> 00:22:01,210 да добијат повеќе информации за ова 397 00:22:01,210 --> 00:22:02,164 АС: Прекрасно 398 00:22:02,164 --> 00:22:04,384 КА: кои ќе можат да се споделат заедно со овој говор 399 00:22:04,384 --> 00:22:08,358 Ова е извонреден говор, навистина 400 00:22:08,358 --> 00:22:10,542 и мислам дека веќе слушна како те бодриме да продолжиш понатаму. 401 00:22:10,542 --> 00:22:11,911 Многу Ти благодарам. 402 00:22:11,911 --> 00:22:14,036 АС: Благодарам многу и на тебе, Крис