Return to Video

Панамските документи истакнаа огромен глобален проблем. Што следува?

  • 0:01 - 0:06
    На 3.04.2016 г. се случи најголемото
    “протекување“ на податоци во историјата.
  • 0:06 - 0:09
    Панамските документи разоткрија
    богати и моќни луѓе
  • 0:09 - 0:11
    со тајни сметки со огромни суми
    во странски банки.
  • 0:12 - 0:14
    Што значи ова?
  • 0:15 - 0:18
    Го поканивме Роберт Палмер од
    Глобал Витнес да објасни.
  • 0:21 - 0:26
    Оваа недела имаше навала
    на бројни приказни
  • 0:26 - 0:29
    појавени по истекот на
    11 милиони документи
  • 0:29 - 0:34
    од компанијата Мосак Фосека со седиште
    во Панама.
  • 0:34 - 0:39
    Објавувањето на документите од Панама
    открива еден мал дел
  • 0:39 - 0:42
    од тајниот офшор свет.
  • 0:42 - 0:47
    Имаме увид како клиентите, банкарите
    и адвокатите
  • 0:47 - 0:49
    се обраќаат на компании како Мосак Фонсека
  • 0:49 - 0:52
    и велат:„Ни треба анонимна компанија,
  • 0:52 - 0:53
    ќе ни предложите некоја?“
  • 0:53 - 0:55
    Всушност, може да ги видите мејловите,
  • 0:55 - 0:57
    размената на пораките
  • 0:57 - 1:00
    и да видите како фунционира
  • 1:00 - 1:01
    самата процедура.
  • 1:01 - 1:05
    Веќе ги гледаме последиците од ова.
  • 1:05 - 1:08
    Премиерот на Исланд си даде оставка.
  • 1:08 - 1:09
    Имаме вести
  • 1:09 - 1:14
    дека сојузникот на бруталниот Сириски
    диктатор Башар Ал-Асад
  • 1:14 - 1:17
    истотака поседува офшор компании.
  • 1:17 - 1:22
    Постојат тврдења за трагата на
    2 милијарди долари
  • 1:22 - 1:26
    која води до Владимир Путин,
    претседателот на Русија
  • 1:26 - 1:29
    преку негов другар од детството,
  • 1:29 - 1:31
    кој случајно е врвен виолончелист.
  • 1:31 - 1:33
    Има многумина од светот на богатите
  • 1:33 - 1:38
    и други кои ќе се вознемират од
    приказните кои ќе следат
  • 1:38 - 1:40
    и од документи кои ќе се појават
    во јавност.
  • 1:40 - 1:45
    Ова звучи како заплет на шпиунски трилер
  • 1:45 - 1:46
    или роман на Џон Гришам.
  • 1:46 - 1:50
    Нам, обичните луѓе тоа ни изгледа далечно.
  • 1:50 - 1:53
    Зошто да се грижиме за тоа?
  • 1:53 - 1:57
    Но, фактот е: ако богатите и моќни луѓе
  • 1:57 - 2:00
    имаат можност да ги чуваат
    парите во странство
  • 2:00 - 2:02
    и да не плаќаат даноци за кои се обврзани,
  • 2:02 - 2:06
    тоа значи дека ќе има помалку пари
    за виталните јавни услуги
  • 2:06 - 2:10
    како здравство, образование, патишта.
  • 2:10 - 2:12
    Тоа е нешто што нѐ засега сите.
  • 2:12 - 2:15
    За мојата организација Глобал Витнес
  • 2:15 - 2:19
    ова беше феноменално разоткривање.
  • 2:19 - 2:23
    Светските медиуми и
    политичките лидери
  • 2:23 - 2:28
    зборуваат за тоа како поединци можат да ја
    користат офшор доверливоста
  • 2:28 - 2:31
    за да ги сокријат или камуфлираат
    своите имоти-
  • 2:31 - 2:35
    нешто за кое ние зборувавме и го
    разоткривавме повеќе од една деценија.
  • 2:35 - 2:40
    Мислам дека многумина се збунети
    и збркани,
  • 2:40 - 2:45
    и не им е јасно како функционира
    овој офшор свет.
  • 2:45 - 2:47
    Јас ќе го споредам
    со познатата руска кукла (матрешка).
  • 2:47 - 2:51
    Имате една компанија вметната во друга
    компанија,
  • 2:51 - 2:53
    која е вметната во трета компанија,
  • 2:53 - 2:57
    и речиси е невозможно да се разбере
  • 2:57 - 3:00
    кој стои зад овие структури.
  • 3:00 - 3:02
    Тешко можат до нив да допрат
    законски регулативи
  • 3:02 - 3:06
    даночниот систем, новинарите или
    граѓанското општество
  • 3:06 - 3:08
    за да сфатат што се случува навистина.
  • 3:08 - 3:12
    Сметам дека интересен податок
    е тоа што
  • 3:12 - 3:15
    во САД помалку се занимаваат
    со овој проблем.
  • 3:15 - 3:20
    Можеби затоа што некои угледни луѓе во САД
  • 3:20 - 3:23
    не се откриени во овој скандал.
  • 3:23 - 3:27
    Не поради тоа што нема богати Американци
  • 3:27 - 3:29
    кои ги трупаат своите богатства
    во странство,
  • 3:29 - 3:32
    туку поради начинот на кој
    функционира офшорот.
  • 3:33 - 3:35
    Мосак Фонсека има само неколку
    американски клиенти.
  • 3:35 - 3:39
    Мислам дека ако видиме тајни документи
    од Кајманските острови
  • 3:39 - 3:42
    од Делавер, од Вајоминг или Невада,
  • 3:42 - 3:48
    ќе видиме многу повеќе случаи и примери
    кои водат до американците.
  • 3:48 - 3:55
    Всушност, во многу држави на САД помалку
    информации се потребни,
  • 3:55 - 3:57
    помалку информации ви требаат за
    да добиете компанија
  • 3:57 - 4:01
    отколку што ви требаат за членска
    карта во библиотека.
  • 4:01 - 4:04
    Ова во Америка овозможува, вработените
    во школските региони,
  • 4:04 - 4:09
    да вршат грабеж врз учениците
  • 4:09 - 4:13
    и измамниците да ограбуваат
    ранливи инвеститори.
  • 4:13 - 4:17
    Ваквото однесување нѐ засега сите.
  • 4:17 - 4:20
    Ние во Глобал Витнес
  • 4:20 - 4:23
    сакаме да видиме како изгледа
    ова во пракса.
  • 4:23 - 4:26
    Како всушност функционира ова?
  • 4:26 - 4:27
    Еве што направивме.
  • 4:27 - 4:33
    Пративме таен истражувач во 13
    адвокатски фирми на Менхетен.
  • 4:34 - 4:38
    Тој се претстави како африкански министер
  • 4:38 - 4:42
    кој сака да префрли сомнителни
    средства во САД
  • 4:42 - 4:45
    за да купи куќа, јахта или авион.
  • 4:45 - 4:50
    Навистина шокантно беше што сите
    освен еден од адвокатите
  • 4:50 - 4:55
    му предложија на нашиот истражувач
  • 4:55 - 4:57
    како да ги префрли средствата.
  • 4:57 - 4:59
    Сите овие беа прелиминарни средби
  • 4:59 - 5:01
    и ниеден адвокат не нѐ превзеде
    како клиент
  • 5:01 - 5:03
    и се разбира, никави пари
    не беа разменети,
  • 5:03 - 5:07
    но тоа го покажува проблемот со системот.
  • 5:07 - 5:09
    Истотака е важно
  • 5:09 - 5:12
    да не се размислува за ова како за
    поединечен случај.
  • 5:12 - 5:14
    Не се работи само за еден адвокат
  • 5:14 - 5:18
    кој разговараше со нашиот таен истражувач
    и му даде предлози.
  • 5:18 - 5:21
    Не се работи само за еден
    висок функционер
  • 5:21 - 5:23
    кој е фатен во скандал.
  • 5:23 - 5:26
    Се работи за функционирањето на системот
  • 5:26 - 5:32
    кој овозможува корупција, даночно
    избегнување, сиромаштија и нестабилност.
  • 5:32 - 5:34
    За да се справиме со ова
  • 5:34 - 5:35
    треба да ја смениме играта.
  • 5:35 - 5:38
    треба да ги смениме правилата на игра
  • 5:38 - 5:40
    за да го оневозможиме ова однесување.
  • 5:40 - 5:43
    Може да ни звучи безнадежно,
  • 5:43 - 5:45
    бесмислено за да сториме нешто,
  • 5:45 - 5:47
    дека никогаш ништо не се сменило
  • 5:47 - 5:50
    дека секогаш ќе има богати и сиромашни.
  • 5:50 - 5:52
    Но, јас сум по природа оптимист,
  • 5:52 - 5:56
    гледам дека почнуваат да се
    случуваат промени.
  • 5:56 - 5:58
    Изминативе години
  • 5:58 - 6:01
    видовме огромен чекор напред кон
    поголема транспарентност
  • 6:02 - 6:04
    во однос на сопственоста на компаниите.
  • 6:04 - 6:06
    Овој проблем беше ставен
    на политичка агенда
  • 6:06 - 6:09
    од страна на британскиот премиер
    Дејвид Камерон
  • 6:09 - 6:13
    на големиот Г8 самит кој се одржа
    во 2013 во Северна Ирска.
  • 6:14 - 6:18
    Оттогаш Европската Унија почнува
    да создава
  • 6:18 - 6:20
    централен регистер на национално ниво
  • 6:20 - 6:24
    за да се види кој поседува и контролира
    компании ширум Европа.
  • 6:24 - 6:29
    Една од работите кои се кажаа е дека
    САД заостануваат.
  • 6:29 - 6:32
    Постои двопартиски закон кој е претставен
  • 6:32 - 6:34
    во Домот и Сенатот,
  • 6:34 - 6:37
    но не напредува како што очекувавме.
  • 6:37 - 6:40
    Навистина сакаме да видиме како
    “протекувањето“ од Панама
  • 6:40 - 6:44
    овoј врвен дострел во офшор светот,
  • 6:44 - 6:49
    ќе се примени како отворање на пат
    кон САД и ширум светот.
  • 6:49 - 6:54
    За нас во Глобал Витнес, овој е миг
    на промена.
  • 6:54 - 6:58
    Сакаме обичните луѓе да се разлутат
  • 6:58 - 7:01
    за начинот на кој богатите го кријат
    својот идентитет
  • 7:01 - 7:03
    зад тајните компании.
  • 7:03 - 7:07
    Ни требаат бизнис лидери да
    се спротивстават и речат:
  • 7:07 - 7:10
    „Овој вид на тајност не е добар
    за бизнисот.“
  • 7:10 - 7:14
    Ни требаат политички лидери за да
    го препознаат проблемот
  • 7:14 - 7:19
    и да се посветат на промена на законите
    и да ја разоткријат оваа тајност.
  • 7:20 - 7:23
    Заеднички можеме да ја прекинеме тајноста
  • 7:23 - 7:26
    која во моментов дозволува затајувањето
    на даноци,
  • 7:26 - 7:31
    корупцијата и перењето на пари
    да цветаат.
Title:
Панамските документи истакнаа огромен глобален проблем. Што следува?
Speaker:
Роберт Палмер
Description:

На 3-ти април 2016 год., се случи најголемот истек на податоци во историјата. Панамските Документи ни покажаа дека богати и моќни луѓе, на офшор сметки, кријат огромни суми на пари. Што значи сето тоа? Го поканивме Роберт Палмер од Глобал Витнес да ни открие.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
07:49

Macedonian subtitles

Revisions