На 3.04.2016 г. се случи најголемото “протекување“ на податоци во историјата. Панамските документи разоткрија богати и моќни луѓе со тајни сметки со огромни суми во странски банки. Што значи ова? Го поканивме Роберт Палмер од Глобал Витнес да објасни. Оваа недела имаше навала на бројни приказни појавени по истекот на 11 милиони документи од компанијата Мосак Фосека со седиште во Панама. Објавувањето на документите од Панама открива еден мал дел од тајниот офшор свет. Имаме увид како клиентите, банкарите и адвокатите се обраќаат на компании како Мосак Фонсека и велат:„Ни треба анонимна компанија, ќе ни предложите некоја?“ Всушност, може да ги видите мејловите, размената на пораките и да видите како фунционира самата процедура. Веќе ги гледаме последиците од ова. Премиерот на Исланд си даде оставка. Имаме вести дека сојузникот на бруталниот Сириски диктатор Башар Ал-Асад истотака поседува офшор компании. Постојат тврдења за трагата на 2 милијарди долари која води до Владимир Путин, претседателот на Русија преку негов другар од детството, кој случајно е врвен виолончелист. Има многумина од светот на богатите и други кои ќе се вознемират од приказните кои ќе следат и од документи кои ќе се појават во јавност. Ова звучи како заплет на шпиунски трилер или роман на Џон Гришам. Нам, обичните луѓе тоа ни изгледа далечно. Зошто да се грижиме за тоа? Но, фактот е: ако богатите и моќни луѓе имаат можност да ги чуваат парите во странство и да не плаќаат даноци за кои се обврзани, тоа значи дека ќе има помалку пари за виталните јавни услуги како здравство, образование, патишта. Тоа е нешто што нѐ засега сите. За мојата организација Глобал Витнес ова беше феноменално разоткривање. Светските медиуми и политичките лидери зборуваат за тоа како поединци можат да ја користат офшор доверливоста за да ги сокријат или камуфлираат своите имоти- нешто за кое ние зборувавме и го разоткривавме повеќе од една деценија. Мислам дека многумина се збунети и збркани, и не им е јасно како функционира овој офшор свет. Јас ќе го споредам со познатата руска кукла (матрешка). Имате една компанија вметната во друга компанија, која е вметната во трета компанија, и речиси е невозможно да се разбере кој стои зад овие структури. Тешко можат до нив да допрат законски регулативи даночниот систем, новинарите или граѓанското општество за да сфатат што се случува навистина. Сметам дека интересен податок е тоа што во САД помалку се занимаваат со овој проблем. Можеби затоа што некои угледни луѓе во САД не се откриени во овој скандал. Не поради тоа што нема богати Американци кои ги трупаат своите богатства во странство, туку поради начинот на кој функционира офшорот. Мосак Фонсека има само неколку американски клиенти. Мислам дека ако видиме тајни документи од Кајманските острови од Делавер, од Вајоминг или Невада, ќе видиме многу повеќе случаи и примери кои водат до американците. Всушност, во многу држави на САД помалку информации се потребни, помалку информации ви требаат за да добиете компанија отколку што ви требаат за членска карта во библиотека. Ова во Америка овозможува, вработените во школските региони, да вршат грабеж врз учениците и измамниците да ограбуваат ранливи инвеститори. Ваквото однесување нѐ засега сите. Ние во Глобал Витнес сакаме да видиме како изгледа ова во пракса. Како всушност функционира ова? Еве што направивме. Пративме таен истражувач во 13 адвокатски фирми на Менхетен. Тој се претстави како африкански министер кој сака да префрли сомнителни средства во САД за да купи куќа, јахта или авион. Навистина шокантно беше што сите освен еден од адвокатите му предложија на нашиот истражувач како да ги префрли средствата. Сите овие беа прелиминарни средби и ниеден адвокат не нѐ превзеде како клиент и се разбира, никави пари не беа разменети, но тоа го покажува проблемот со системот. Истотака е важно да не се размислува за ова како за поединечен случај. Не се работи само за еден адвокат кој разговараше со нашиот таен истражувач и му даде предлози. Не се работи само за еден висок функционер кој е фатен во скандал. Се работи за функционирањето на системот кој овозможува корупција, даночно избегнување, сиромаштија и нестабилност. За да се справиме со ова треба да ја смениме играта. треба да ги смениме правилата на игра за да го оневозможиме ова однесување. Може да ни звучи безнадежно, бесмислено за да сториме нешто, дека никогаш ништо не се сменило дека секогаш ќе има богати и сиромашни. Но, јас сум по природа оптимист, гледам дека почнуваат да се случуваат промени. Изминативе години видовме огромен чекор напред кон поголема транспарентност во однос на сопственоста на компаниите. Овој проблем беше ставен на политичка агенда од страна на британскиот премиер Дејвид Камерон на големиот Г8 самит кој се одржа во 2013 во Северна Ирска. Оттогаш Европската Унија почнува да создава централен регистер на национално ниво за да се види кој поседува и контролира компании ширум Европа. Една од работите кои се кажаа е дека САД заостануваат. Постои двопартиски закон кој е претставен во Домот и Сенатот, но не напредува како што очекувавме. Навистина сакаме да видиме како “протекувањето“ од Панама овoј врвен дострел во офшор светот, ќе се примени како отворање на пат кон САД и ширум светот. За нас во Глобал Витнес, овој е миг на промена. Сакаме обичните луѓе да се разлутат за начинот на кој богатите го кријат својот идентитет зад тајните компании. Ни требаат бизнис лидери да се спротивстават и речат: „Овој вид на тајност не е добар за бизнисот.“ Ни требаат политички лидери за да го препознаат проблемот и да се посветат на промена на законите и да ја разоткријат оваа тајност. Заеднички можеме да ја прекинеме тајноста која во моментов дозволува затајувањето на даноци, корупцијата и перењето на пари да цветаат.