1 00:00:00,900 --> 00:00:06,081 На 3.04.2016 г. се случи најголемото “протекување“ на податоци во историјата. 2 00:00:06,081 --> 00:00:08,892 Панамските документи разоткрија богати и моќни луѓе 3 00:00:08,932 --> 00:00:11,382 со тајни сметки со огромни суми во странски банки. 4 00:00:11,828 --> 00:00:14,338 Што значи ова? 5 00:00:15,312 --> 00:00:18,212 Го поканивме Роберт Палмер од Глобал Витнес да објасни. 6 00:00:20,852 --> 00:00:25,804 Оваа недела имаше навала на бројни приказни 7 00:00:25,828 --> 00:00:29,124 појавени по истекот на 11 милиони документи 8 00:00:29,148 --> 00:00:33,572 од компанијата Мосак Фосека со седиште во Панама. 9 00:00:33,596 --> 00:00:39,378 Објавувањето на документите од Панама открива еден мал дел 10 00:00:39,402 --> 00:00:41,640 од тајниот офшор свет. 11 00:00:41,664 --> 00:00:46,972 Имаме увид како клиентите, банкарите и адвокатите 12 00:00:46,996 --> 00:00:49,024 се обраќаат на компании како Мосак Фонсека 13 00:00:49,048 --> 00:00:51,555 и велат:„Ни треба анонимна компанија, 14 00:00:51,579 --> 00:00:52,971 ќе ни предложите некоја?“ 15 00:00:52,995 --> 00:00:54,805 Всушност, може да ги видите мејловите, 16 00:00:54,829 --> 00:00:56,792 размената на пораките 17 00:00:56,816 --> 00:00:59,891 и да видите како фунционира 18 00:00:59,915 --> 00:01:01,316 самата процедура. 19 00:01:01,340 --> 00:01:05,393 Веќе ги гледаме последиците од ова. 20 00:01:05,417 --> 00:01:08,018 Премиерот на Исланд си даде оставка. 21 00:01:08,042 --> 00:01:09,257 Имаме вести 22 00:01:09,281 --> 00:01:14,324 дека сојузникот на бруталниот Сириски диктатор Башар Ал-Асад 23 00:01:14,348 --> 00:01:16,903 истотака поседува офшор компании. 24 00:01:16,927 --> 00:01:22,156 Постојат тврдења за трагата на 2 милијарди долари 25 00:01:22,180 --> 00:01:26,083 која води до Владимир Путин, претседателот на Русија 26 00:01:26,107 --> 00:01:28,568 преку негов другар од детството, 27 00:01:28,592 --> 00:01:30,820 кој случајно е врвен виолончелист. 28 00:01:30,844 --> 00:01:33,444 Има многумина од светот на богатите 29 00:01:33,468 --> 00:01:37,786 и други кои ќе се вознемират од приказните кои ќе следат 30 00:01:37,810 --> 00:01:40,363 и од документи кои ќе се појават во јавност. 31 00:01:40,387 --> 00:01:44,573 Ова звучи како заплет на шпиунски трилер 32 00:01:44,597 --> 00:01:46,260 или роман на Џон Гришам. 33 00:01:46,284 --> 00:01:50,300 Нам, обичните луѓе тоа ни изгледа далечно. 34 00:01:50,324 --> 00:01:52,832 Зошто да се грижиме за тоа? 35 00:01:52,856 --> 00:01:57,099 Но, фактот е: ако богатите и моќни луѓе 36 00:01:57,123 --> 00:01:59,777 имаат можност да ги чуваат парите во странство 37 00:01:59,801 --> 00:02:02,288 и да не плаќаат даноци за кои се обврзани, 38 00:02:02,312 --> 00:02:06,406 тоа значи дека ќе има помалку пари за виталните јавни услуги 39 00:02:06,430 --> 00:02:09,783 како здравство, образование, патишта. 40 00:02:09,807 --> 00:02:12,128 Тоа е нешто што нѐ засега сите. 41 00:02:12,152 --> 00:02:14,868 За мојата организација Глобал Витнес 42 00:02:14,892 --> 00:02:18,954 ова беше феноменално разоткривање. 43 00:02:18,978 --> 00:02:23,466 Светските медиуми и политичките лидери 44 00:02:23,490 --> 00:02:28,145 зборуваат за тоа како поединци можат да ја користат офшор доверливоста 45 00:02:28,169 --> 00:02:30,564 за да ги сокријат или камуфлираат своите имоти- 46 00:02:30,588 --> 00:02:35,372 нешто за кое ние зборувавме и го разоткривавме повеќе од една деценија. 47 00:02:35,396 --> 00:02:40,031 Мислам дека многумина се збунети и збркани, 48 00:02:40,055 --> 00:02:44,520 и не им е јасно како функционира овој офшор свет. 49 00:02:44,544 --> 00:02:47,376 Јас ќе го споредам со познатата руска кукла (матрешка). 50 00:02:47,400 --> 00:02:50,859 Имате една компанија вметната во друга компанија, 51 00:02:50,883 --> 00:02:52,994 која е вметната во трета компанија, 52 00:02:53,018 --> 00:02:57,333 и речиси е невозможно да се разбере 53 00:02:57,333 --> 00:02:59,680 кој стои зад овие структури. 54 00:02:59,704 --> 00:03:02,407 Тешко можат до нив да допрат законски регулативи 55 00:03:02,421 --> 00:03:05,604 даночниот систем, новинарите или граѓанското општество 56 00:03:05,628 --> 00:03:07,890 за да сфатат што се случува навистина. 57 00:03:08,128 --> 00:03:11,785 Сметам дека интересен податок е тоа што 58 00:03:11,860 --> 00:03:15,387 во САД помалку се занимаваат со овој проблем. 59 00:03:15,387 --> 00:03:19,879 Можеби затоа што некои угледни луѓе во САД 60 00:03:19,879 --> 00:03:22,708 не се откриени во овој скандал. 61 00:03:22,708 --> 00:03:27,328 Не поради тоа што нема богати Американци 62 00:03:27,382 --> 00:03:29,478 кои ги трупаат своите богатства во странство, 63 00:03:29,478 --> 00:03:31,708 туку поради начинот на кој функционира офшорот. 64 00:03:32,512 --> 00:03:35,228 Мосак Фонсека има само неколку американски клиенти. 65 00:03:35,372 --> 00:03:38,577 Мислам дека ако видиме тајни документи од Кајманските острови 66 00:03:38,577 --> 00:03:42,293 од Делавер, од Вајоминг или Невада, 67 00:03:42,293 --> 00:03:48,345 ќе видиме многу повеќе случаи и примери кои водат до американците. 68 00:03:48,345 --> 00:03:54,643 Всушност, во многу држави на САД помалку информации се потребни, 69 00:03:54,733 --> 00:03:57,360 помалку информации ви требаат за да добиете компанија 70 00:03:57,380 --> 00:04:00,860 отколку што ви требаат за членска карта во библиотека. 71 00:04:01,230 --> 00:04:04,256 Ова во Америка овозможува, вработените во школските региони, 72 00:04:04,256 --> 00:04:08,616 да вршат грабеж врз учениците 73 00:04:08,616 --> 00:04:13,052 и измамниците да ограбуваат ранливи инвеститори. 74 00:04:13,232 --> 00:04:17,256 Ваквото однесување нѐ засега сите. 75 00:04:17,256 --> 00:04:20,037 Ние во Глобал Витнес 76 00:04:20,061 --> 00:04:23,322 сакаме да видиме како изгледа ова во пракса. 77 00:04:23,346 --> 00:04:25,759 Како всушност функционира ова? 78 00:04:25,783 --> 00:04:26,958 Еве што направивме. 79 00:04:26,982 --> 00:04:33,219 Пративме таен истражувач во 13 адвокатски фирми на Менхетен. 80 00:04:33,763 --> 00:04:37,537 Тој се претстави како африкански министер 81 00:04:37,561 --> 00:04:41,688 кој сака да префрли сомнителни средства во САД 82 00:04:41,712 --> 00:04:44,851 за да купи куќа, јахта или авион. 83 00:04:45,288 --> 00:04:50,349 Навистина шокантно беше што сите освен еден од адвокатите 84 00:04:50,373 --> 00:04:54,966 му предложија на нашиот истражувач 85 00:04:54,990 --> 00:04:56,954 како да ги префрли средствата. 86 00:04:56,978 --> 00:04:58,790 Сите овие беа прелиминарни средби 87 00:04:58,814 --> 00:05:01,086 и ниеден адвокат не нѐ превзеде како клиент 88 00:05:01,110 --> 00:05:03,399 и се разбира, никави пари не беа разменети, 89 00:05:03,423 --> 00:05:06,881 но тоа го покажува проблемот со системот. 90 00:05:06,905 --> 00:05:08,824 Истотака е важно 91 00:05:08,848 --> 00:05:12,214 да не се размислува за ова како за поединечен случај. 92 00:05:12,238 --> 00:05:14,451 Не се работи само за еден адвокат 93 00:05:14,475 --> 00:05:18,329 кој разговараше со нашиот таен истражувач и му даде предлози. 94 00:05:18,353 --> 00:05:21,208 Не се работи само за еден висок функционер 95 00:05:21,232 --> 00:05:22,861 кој е фатен во скандал. 96 00:05:22,885 --> 00:05:25,941 Се работи за функционирањето на системот 97 00:05:25,965 --> 00:05:31,908 кој овозможува корупција, даночно избегнување, сиромаштија и нестабилност. 98 00:05:31,932 --> 00:05:33,747 За да се справиме со ова 99 00:05:33,771 --> 00:05:35,442 треба да ја смениме играта. 100 00:05:35,466 --> 00:05:37,988 треба да ги смениме правилата на игра 101 00:05:38,012 --> 00:05:40,004 за да го оневозможиме ова однесување. 102 00:05:40,028 --> 00:05:42,972 Може да ни звучи безнадежно, 103 00:05:42,996 --> 00:05:44,917 бесмислено за да сториме нешто, 104 00:05:44,941 --> 00:05:46,571 дека никогаш ништо не се сменило 105 00:05:46,595 --> 00:05:49,931 дека секогаш ќе има богати и сиромашни. 106 00:05:49,955 --> 00:05:52,402 Но, јас сум по природа оптимист, 107 00:05:52,426 --> 00:05:55,904 гледам дека почнуваат да се случуваат промени. 108 00:05:55,928 --> 00:05:57,803 Изминативе години 109 00:05:57,827 --> 00:06:01,495 видовме огромен чекор напред кон поголема транспарентност 110 00:06:01,519 --> 00:06:03,553 во однос на сопственоста на компаниите. 111 00:06:03,755 --> 00:06:06,092 Овој проблем беше ставен на политичка агенда 112 00:06:06,116 --> 00:06:08,610 од страна на британскиот премиер Дејвид Камерон 113 00:06:08,634 --> 00:06:13,394 на големиот Г8 самит кој се одржа во 2013 во Северна Ирска. 114 00:06:13,872 --> 00:06:18,222 Оттогаш Европската Унија почнува да создава 115 00:06:18,246 --> 00:06:20,403 централен регистер на национално ниво 116 00:06:20,427 --> 00:06:23,834 за да се види кој поседува и контролира компании ширум Европа. 117 00:06:23,858 --> 00:06:28,537 Една од работите кои се кажаа е дека САД заостануваат. 118 00:06:28,958 --> 00:06:31,658 Постои двопартиски закон кој е претставен 119 00:06:31,682 --> 00:06:33,585 во Домот и Сенатот, 120 00:06:33,609 --> 00:06:36,766 но не напредува како што очекувавме. 121 00:06:36,790 --> 00:06:39,877 Навистина сакаме да видиме како “протекувањето“ од Панама 122 00:06:39,901 --> 00:06:43,695 овoј врвен дострел во офшор светот, 123 00:06:43,719 --> 00:06:48,771 ќе се примени како отворање на пат кон САД и ширум светот. 124 00:06:48,795 --> 00:06:53,585 За нас во Глобал Витнес, овој е миг на промена. 125 00:06:53,950 --> 00:06:57,698 Сакаме обичните луѓе да се разлутат 126 00:06:57,722 --> 00:07:00,975 за начинот на кој богатите го кријат својот идентитет 127 00:07:00,999 --> 00:07:02,912 зад тајните компании. 128 00:07:02,936 --> 00:07:06,523 Ни требаат бизнис лидери да се спротивстават и речат: 129 00:07:06,547 --> 00:07:09,831 „Овој вид на тајност не е добар за бизнисот.“ 130 00:07:09,855 --> 00:07:14,235 Ни требаат политички лидери за да го препознаат проблемот 131 00:07:14,259 --> 00:07:19,266 и да се посветат на промена на законите и да ја разоткријат оваа тајност. 132 00:07:19,639 --> 00:07:22,918 Заеднички можеме да ја прекинеме тајноста 133 00:07:22,942 --> 00:07:25,999 која во моментов дозволува затајувањето на даноци, 134 00:07:26,023 --> 00:07:30,554 корупцијата и перењето на пари да цветаат.