Return to Video

Што предизвикува отпорност на антибиотици?

  • 0:06 - 0:11
    Што ако ви кажам дека околу вас
    има трилион ситни бактерии?
  • 0:11 - 0:12
    Вистина е.
  • 0:13 - 0:17
    Микроорганизмите наречени бактерии
    се едни од најраните облици на живот
  • 0:17 - 0:19
    кои се појавиле на Земјата.
  • 0:19 - 0:21
    Иако се состојат само од една клетка,
  • 0:21 - 0:25
    нивната вкупна биомаса е поголема од таа
    на сите растенија и животни заедно.
  • 0:27 - 0:29
    Живеат практично насекаде:
  • 0:29 - 0:31
    на земја, во вода,
  • 0:31 - 0:34
    на вашата трпезариска маса,
    на вашата кожа,
  • 0:34 - 0:35
    па дури и во вас.
  • 0:36 - 0:38
    Сепак, сè уште не паничете.
  • 0:38 - 0:42
    Иако вашето тело има 10 пати
    повеќе бактериски клетки
  • 0:42 - 0:44
    отколку што има човечки клетки,
  • 0:44 - 0:48
    многу од овие бактерии се безопасни,
    па дури и корисни,
  • 0:48 - 0:50
    и помагаат на варењето
    и имунитетот.
  • 0:51 - 0:55
    Но постојат неколку кои можат да
    предизвикаат штетни инфекции,
  • 0:55 - 0:58
    од најмали непријатности
    до смртоносни епидемии.
  • 0:59 - 1:04
    За среќа, постојат одлични лекови
    наменети против бактериски инфекции.
  • 1:04 - 1:08
    Создадени хемиски или од
    природни извори како мувла,
  • 1:08 - 1:11
    овие антибиотици ги убиваат
    или неутрализираат бактериите
  • 1:11 - 1:14
    преку прекинување на синтезата
    на нивниот клеточен ѕид
  • 1:14 - 1:18
    или попречување на некои
    витални процеси како синтеза на протеини,
  • 1:18 - 1:21
    правејќи го тоа без да ги уништат
    човековите клетки.
  • 1:21 - 1:24
    Со употребата на антибиотици
    за време на 20-от век
  • 1:24 - 1:28
    многу од смртоносните болести
    се денес лесно излечливи.
  • 1:28 - 1:31
    Но денес сè повеќе и повеќе
    од антибиотиците
  • 1:31 - 1:33
    стануваат помалку ефикасни.
  • 1:33 - 1:36
    Дали некаков дефект ја
    наруши нивната делотворност?
  • 1:36 - 1:40
    Проблемот не се антибиотиците, но
    бактериите против кои треба да се борат
  • 1:40 - 1:44
    и причината лежи во Дарвиновата
    теорија за природна селекција.
  • 1:45 - 1:46
    Исто како и секој друг организам,
  • 1:46 - 1:50
    секоја бактерија може да биде
    изложена на мутации.
  • 1:50 - 1:53
    Многу од овие мутации
    се штетни или бескорисни,
  • 1:53 - 1:57
    но од време на време, настанува некоја
    мутација која му помага
  • 1:57 - 1:58
    на организмот да преживее.
  • 1:58 - 2:00
    За бактеријата,
  • 2:00 - 2:03
    мутацијата која ја прави отпорна
    на некој антибиотик
  • 2:03 - 2:04
    претставува огромна помош.
  • 2:05 - 2:08
    Додека неотпорните бактерии се уништуваат
  • 2:08 - 2:11
    доста брзо во присуство на
    голема количина на антибиотици,
  • 2:11 - 2:12
    како во болниците,
  • 2:12 - 2:16
    има повеќе услови за отпорните
    бактерии да напредуваат,
  • 2:16 - 2:20
    пренесувајќи ги само мутираните
    гени кои им помагаат.
  • 2:20 - 2:22
    Репродукцијата не е единствениот
    начин за ова.
  • 2:23 - 2:27
    Некои ја ослободуваат ДНК-та со смртта
    за потоа да ги употребат други бактерии.
  • 2:27 - 2:29
    Други користат процес наречен
    конјугација,
  • 2:29 - 2:32
    се поврзуваат со пилуси за да ги
    споделат своите гени.
  • 2:32 - 2:35
    Со тек на време, резистентните
    гени се распространуваат,
  • 2:35 - 2:38
    создавајќи целосно нов тип на отпорни
    супербактерии.
  • 2:39 - 2:43
    Колку време имаме пред овие супер
    бактерии да нè надвладеат?
  • 2:43 - 2:46
    Некои бактерии го имаат
    веќе направено тоа.
  • 2:47 - 2:50
    На пример, одреден тип на бактеријата
    стафилококус ауреус,
  • 2:50 - 2:54
    која предизвикува сè,од кожни заболувања,
    до пневмонија и сепса,
  • 2:54 - 2:56
    се разви во МРСА,
  • 2:56 - 2:59
    и стана отпорна на бета лактамски
    антибиотици,
  • 2:59 - 3:02
    како пеницилин, метицилин и оксацилин.
  • 3:02 - 3:08
    Благодарение на генот кој заменува
    протеин за кој се врзуваат бета-лактамите,
  • 3:08 - 3:11
    МРСА може да го одржи својот
    клеточен ѕид неоштетен.
  • 3:11 - 3:14
    Други супербактерии, како салмонела,
  • 3:14 - 3:17
    некогаш дури произведуваат ензими, како
    бета лактамази,
  • 3:17 - 3:21
    кои ги разградуваат антибиотиците пред
    да им наштетат на бактериите.
  • 3:21 - 3:23
    Ешерихија Коли, разновидна
    група на бактерии,
  • 3:23 - 3:27
    која содржи форми што предизвикуваат
    дијареја и бубрежни заболувања.
  • 3:27 - 3:29
    може да ја спречи улогата на
    антибиотиците,
  • 3:29 - 3:31
    како хинолони,со активно
    исфрлување на напаѓачите
  • 3:31 - 3:33
    кои успеале да влезат во клетката.
  • 3:35 - 3:36
    Но постојат и добри вести.
  • 3:36 - 3:40
    Научниците работат на тоа да се
    чекор понапред од бактериите,
  • 3:40 - 3:42
    и иако развојот на нови антибиотици
  • 3:42 - 3:43
    е намален во последните години,
  • 3:43 - 3:48
    Светската здравствена организација дава
    приоритет на новите начини на лекување.
  • 3:48 - 3:51
    Други научници истражуваат
    алтернативни решенија,
  • 3:51 - 3:55
    како бактериофагна терапија, или
    користење на вакцини против инфекции.
  • 3:56 - 4:00
    Најважно, намалувањето на прекумерното и
    непотребно користење на антибиотиците,
  • 4:00 - 4:03
    на пример за мали инфекции кои
    се лечат сами по себе,
  • 4:03 - 4:06
    како и менувањето на медицинската практика
    за спречување на болнички инфекции,
  • 4:06 - 4:08
    можат да имаат огромна улога
  • 4:08 - 4:10
    преку одржување во живот
    на неотпорни бактерии
  • 4:10 - 4:12
    како конкуренција на отпорните бактерии.
  • 4:13 - 4:17
    Во борбата против супербактериите,
    воздржаноста некогаш е поделотворна
  • 4:17 - 4:20
    отколку жестокиот противнапад.
Title:
Што предизвикува отпорност на антибиотици?
Description:

Гледајте го целото видео: http://ed.ted.com/lessons/how-antibiotics-become-resistant-over-time-kevin-wu

Моментално во вас живеат трилиони микроорганизми. Многу од овие бактерии се безопасни (па дури и корисни), но има неколку врсти на супер бактерии кои се доста гадни - стануваат резистентни на антибиотици. Зошто ова се случува? Кевин Ву детално ја објаснува еволуцијата на овај проблем, кој претставува огромен предизвик за иднината на медицината.

Автор: Кевин Ву, анимација: Брет Андерхил.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TED-Ed
Duration:
04:35

Macedonian subtitles

Revisions