WEBVTT 00:00:06.481 --> 00:00:11.020 Што ако ви кажам дека околу вас има трилион ситни бактерии? 00:00:11.044 --> 00:00:12.499 Вистина е. NOTE Paragraph 00:00:12.523 --> 00:00:16.598 Микроорганизмите наречени бактерии се едни од најраните облици на живот 00:00:16.622 --> 00:00:18.504 кои се појавиле на Земјата. 00:00:18.526 --> 00:00:20.833 Иако се состојат само од една клетка, NOTE Paragraph 00:00:20.857 --> 00:00:25.426 нивната вкупна биомаса е поголема од таа на сите растенија и животни заедно. 00:00:26.668 --> 00:00:28.618 Живеат практично насекаде: 00:00:28.642 --> 00:00:30.995 на земја, во вода, 00:00:31.019 --> 00:00:33.531 на вашата трпезариска маса, на вашата кожа, 00:00:33.555 --> 00:00:35.210 па дури и во вас. 00:00:35.945 --> 00:00:38.252 Сепак, сè уште не паничете. 00:00:38.276 --> 00:00:42.072 Иако вашето тело има 10 пати повеќе бактериски клетки 00:00:42.096 --> 00:00:43.993 отколку што има човечки клетки, NOTE Paragraph 00:00:44.018 --> 00:00:48.081 многу од овие бактерии се безопасни, па дури и корисни, 00:00:48.106 --> 00:00:50.246 и помагаат на варењето и имунитетот. 00:00:51.086 --> 00:00:54.871 Но постојат неколку кои можат да предизвикаат штетни инфекции, 00:00:54.895 --> 00:00:57.942 од најмали непријатности до смртоносни епидемии. 00:00:58.717 --> 00:01:04.120 За среќа, постојат одлични лекови наменети против бактериски инфекции. 00:01:04.144 --> 00:01:08.020 Создадени хемиски или од природни извори како мувла, 00:01:08.044 --> 00:01:11.091 овие антибиотици ги убиваат или неутрализираат бактериите 00:01:11.115 --> 00:01:13.951 преку прекинување на синтезата на нивниот клеточен ѕид 00:01:13.975 --> 00:01:18.031 или попречување на некои витални процеси како синтеза на протеини, 00:01:18.055 --> 00:01:20.759 правејќи го тоа без да ги уништат човековите клетки. 00:01:20.941 --> 00:01:24.430 Со употребата на антибиотици за време на 20-от век 00:01:24.454 --> 00:01:27.950 многу од смртоносните болести се денес лесно излечливи. 00:01:27.974 --> 00:01:30.847 Но денес сè повеќе и повеќе од антибиотиците 00:01:30.871 --> 00:01:32.963 стануваат помалку ефикасни. 00:01:32.987 --> 00:01:35.564 Дали некаков дефект ја наруши нивната делотворност? 00:01:35.588 --> 00:01:40.423 Проблемот не се антибиотиците, но бактериите против кои треба да се борат 00:01:40.447 --> 00:01:43.797 и причината лежи во Дарвиновата теорија за природна селекција. 00:01:44.587 --> 00:01:46.238 Исто како и секој друг организам, 00:01:46.262 --> 00:01:49.596 секоја бактерија може да биде изложена на мутации. 00:01:49.937 --> 00:01:53.211 Многу од овие мутации се штетни или бескорисни, 00:01:53.235 --> 00:01:56.584 но од време на време, настанува некоја мутација која му помага 00:01:56.608 --> 00:01:58.211 на организмот да преживее. 00:01:58.488 --> 00:01:59.870 За бактеријата, 00:01:59.895 --> 00:02:02.911 мутацијата која ја прави отпорна на некој антибиотик 00:02:02.936 --> 00:02:04.364 претставува огромна помош. 00:02:05.208 --> 00:02:07.976 Додека неотпорните бактерии се уништуваат 00:02:08.000 --> 00:02:11.350 доста брзо во присуство на голема количина на антибиотици, 00:02:11.374 --> 00:02:12.340 како во болниците, 00:02:12.340 --> 00:02:15.785 има повеќе услови за отпорните бактерии да напредуваат, 00:02:15.785 --> 00:02:19.573 пренесувајќи ги само мутираните гени кои им помагаат. 00:02:19.597 --> 00:02:21.905 Репродукцијата не е единствениот начин за ова. 00:02:22.580 --> 00:02:26.572 Некои ја ослободуваат ДНК-та со смртта за потоа да ги употребат други бактерии. 00:02:26.596 --> 00:02:29.158 Други користат процес наречен конјугација, 00:02:29.182 --> 00:02:32.107 се поврзуваат со пилуси за да ги споделат своите гени. 00:02:32.131 --> 00:02:34.833 Со тек на време, резистентните гени се распространуваат, 00:02:34.857 --> 00:02:37.837 создавајќи целосно нов тип на отпорни супербактерии. 00:02:39.127 --> 00:02:42.561 Колку време имаме пред овие супер бактерии да нè надвладеат? 00:02:43.466 --> 00:02:45.823 Некои бактерии го имаат веќе направено тоа. 00:02:46.989 --> 00:02:50.352 На пример, одреден тип на бактеријата стафилококус ауреус, 00:02:50.376 --> 00:02:54.157 која предизвикува сè,од кожни заболувања, до пневмонија и сепса, 00:02:54.181 --> 00:02:56.209 се разви во МРСА, 00:02:56.233 --> 00:02:59.100 и стана отпорна на бета лактамски антибиотици, 00:02:59.124 --> 00:03:01.581 како пеницилин, метицилин и оксацилин. 00:03:02.443 --> 00:03:07.527 Благодарение на генот кој заменува протеин за кој се врзуваат бета-лактамите, 00:03:07.527 --> 00:03:10.836 МРСА може да го одржи својот клеточен ѕид неоштетен. 00:03:10.860 --> 00:03:13.885 Други супербактерии, како салмонела, 00:03:13.909 --> 00:03:17.055 некогаш дури произведуваат ензими, како бета лактамази, 00:03:17.079 --> 00:03:20.678 кои ги разградуваат антибиотиците пред да им наштетат на бактериите. 00:03:20.702 --> 00:03:23.415 Ешерихија Коли, разновидна група на бактерии, 00:03:23.439 --> 00:03:26.827 која содржи форми што предизвикуваат дијареја и бубрежни заболувања. 00:03:26.851 --> 00:03:28.963 може да ја спречи улогата на антибиотиците, 00:03:28.987 --> 00:03:31.381 како хинолони,со активно исфрлување на напаѓачите 00:03:31.405 --> 00:03:33.214 кои успеале да влезат во клетката. 00:03:34.566 --> 00:03:36.368 Но постојат и добри вести. 00:03:36.392 --> 00:03:39.587 Научниците работат на тоа да се чекор понапред од бактериите, 00:03:39.611 --> 00:03:41.705 и иако развојот на нови антибиотици 00:03:41.729 --> 00:03:43.373 е намален во последните години, 00:03:43.397 --> 00:03:47.626 Светската здравствена организација дава приоритет на новите начини на лекување. 00:03:48.487 --> 00:03:51.249 Други научници истражуваат алтернативни решенија, 00:03:51.273 --> 00:03:54.912 како бактериофагна терапија, или користење на вакцини против инфекции. 00:03:55.784 --> 00:03:59.597 Најважно, намалувањето на прекумерното и непотребно користење на антибиотиците, 00:03:59.621 --> 00:04:02.584 на пример за мали инфекции кои се лечат сами по себе, 00:04:02.584 --> 00:04:06.320 како и менувањето на медицинската практика за спречување на болнички инфекции, 00:04:06.344 --> 00:04:07.717 можат да имаат огромна улога 00:04:07.741 --> 00:04:10.265 преку одржување во живот на неотпорни бактерии 00:04:10.289 --> 00:04:12.320 како конкуренција на отпорните бактерии. 00:04:12.922 --> 00:04:17.345 Во борбата против супербактериите, воздржаноста некогаш е поделотворна 00:04:17.345 --> 00:04:19.505 отколку жестокиот противнапад.