Return to Video

Капитализмот ќе ја изеде демократијата -- ако не кренеме глас

  • 0:01 - 0:02
    Демократија.
  • 0:03 - 0:04
    Овде на Запад,
  • 0:04 - 0:08
    правиме огромна грешка кога
    ја земаме здраво за готово.
  • 0:08 - 0:10
    На демократија гледаме
  • 0:10 - 0:14
    не како на најкревкото цвеќе
    кое таа навистина е,
  • 0:14 - 0:17
    туку ја гледаме како дел од
    мебелот на нашето општество.
  • 0:18 - 0:22
    На неа гледаме како на нешто
    што ни е дадено за навек.
  • 0:23 - 0:28
    Погрешно веруваме дека капитализмот
    неизбежно води до демократија.
  • 0:28 - 0:29
    Не е така.
  • 0:29 - 0:34
    Сингапурецот Ли Куан Ју и неговите
    имитатори од Пекинг
  • 0:34 - 0:37
    недвосмислено покажаа
  • 0:37 - 0:41
    дека може да имаш развиен капитализам,
  • 0:41 - 0:42
    спектакуларен раст,
  • 0:43 - 0:46
    а политиката да не биде демократска.
  • 0:46 - 0:50
    Навистина, демократијата ни ја снемува
  • 0:50 - 0:52
    токму овде во Европа.
  • 0:52 - 0:55
    На стартот од оваа година,
    додека ја претставував Грција --
  • 0:55 - 0:58
    новоизбраната Грчка влада --
  • 0:58 - 1:01
    во Еврогрупата како нејзин
    Министер за Финансии,
  • 1:01 - 1:03
    ми беше кажано доста директно
  • 1:03 - 1:06
    дека демократските процеси на
    нашата земја --
  • 1:06 - 1:07
    нашите избори --
  • 1:07 - 1:08
    не смеат да влијаат
  • 1:08 - 1:13
    врз економските политики кои
    се имплементираат во Грција.
  • 1:13 - 1:15
    Во тој момент,
  • 1:15 - 1:17
    помислив дека Ли Куан Ју и Кинеската
    Комунистичка партија
  • 1:17 - 1:19
    биле потполно во право.
  • 1:19 - 1:21
    Дека биле потполно во право
  • 1:21 - 1:24
    моите тврдоглави пријатели
    кои постојано ми велеа
  • 1:24 - 1:30
    дека демократијата ќе биде забранета
    доколку се обиде да промени нешто.
  • 1:30 - 1:33
    Вечерва, овде, сакам да ви претставам
  • 1:33 - 1:36
    економски причини зошто
    ни треба автентична демократија.
  • 1:36 - 1:39
    Сакам заедно сите да докажеме
  • 1:39 - 1:43
    дека Ли Куан Ју,
  • 1:43 - 1:46
    Кинеската Комунистичка Партија
  • 1:46 - 1:48
    и секако Еврогрупата
  • 1:48 - 1:51
    грешат кога велат дека не
    ни треба демократија.
  • 1:51 - 1:55
    Напротив, ни треба автентична
    и жестока демократија.
  • 1:55 - 1:57
    А без демократија,
  • 1:57 - 2:00
    нашите општества ќе бидат погнасни,
  • 2:00 - 2:03
    нашата иднина ќе биде мрачна,
  • 2:03 - 2:05
    а новите технологии бесмислени.
  • 2:06 - 2:08
    Кога сме кај бесмисленоста,
  • 2:08 - 2:10
    дозволете ми да ви посочам
    интересен парадокс
  • 2:10 - 2:13
    кој им се заканува на нашите
    економии во моментов.
  • 2:13 - 2:16
    Јас го нарекувам парадоксот на
    планините близначки.
  • 2:16 - 2:17
    Едната планина
  • 2:17 - 2:19
    ви е добро позната.
  • 2:19 - 2:21
    Тоа е огромната планина од долгови која
  • 2:21 - 2:26
    надвисна над Соединетите
    Држави, Европа и целиот свет.
  • 2:26 - 2:28
    На сите добро ни е позната.
  • 2:28 - 2:33
    Но многу малку луѓе знаат дека
    таа има близначка.
  • 2:33 - 2:36
    Планина од неактивни пари
  • 2:36 - 2:40
    која им припаѓа на богатите
    штедачи и корпорациите.
  • 2:40 - 2:43
    Ним им е страв да ги инвестираат овие пари
  • 2:43 - 2:47
    во продуктивни активности
    што би можеле да создадат приходи
  • 2:47 - 2:49
    со кои ќе можеме да ја
    намалиме планината од долгови.
  • 2:49 - 2:52
    Со овие пари можеме да ги создадеме
  • 2:52 - 2:54
    сите оние нешта што му требаат
    на човештвото,
  • 2:54 - 2:56
    како што е зелената енергија
  • 2:56 - 2:58
    Сега слушнете ги овие две бројки.
  • 2:58 - 2:59
    Во текот на изминативе три месеци,
  • 2:59 - 3:02
    во Соединетите Држави, во
    В.Британија и во Еврозоната,
  • 3:02 - 3:06
    имаме инвестирано 3.4 трилиони долари
  • 3:06 - 3:09
    за унапредување на економијата.
  • 3:09 - 3:11
    За изградба на фабрики, машини,
  • 3:11 - 3:14
    канцелариски згради, училишта,
  • 3:14 - 3:16
    патишта, железница итн.
  • 3:18 - 3:20
    3.4 трилиони долари звучи како многу пари
  • 3:20 - 3:24
    сè додека не ги споредите со
    оние 5.1 трилиони долари
  • 3:24 - 3:27
    што кружат во истите овие земји,
  • 3:27 - 3:29
    во нашите финансиски институции,
  • 3:29 - 3:31
    каде не прават апсолутно ништо
  • 3:31 - 3:38
    освен што ги дуваат берзанските
    акции и ги креваат цените на куќите.
  • 3:38 - 3:43
    Значи планината од долгови и
    планината од неактивни пари
  • 3:43 - 3:47
    се близначки кои не умеат
    да соработуваат меѓусебе
  • 3:47 - 3:50
    во контекст на нормалните пазарни процеси.
  • 3:50 - 3:53
    Резултатот е стагнација на платите
  • 3:53 - 3:57
    и висока невработеност на луѓето
    од Америка, Јапонија и Европа,
  • 3:57 - 4:00
    кои се на возраст од 25 до 54 години.
  • 4:00 - 4:03
    Како последица на ова, имаме
    ниска агрегатна побарувачка,
  • 4:03 - 4:04
    која преку магичен круг,
  • 4:04 - 4:08
    го зајакнува песимизмот на инвеститорите,
  • 4:08 - 4:12
    кои, плашејќи се од ниска
    побарувачка, само ја влошуваат
  • 4:12 - 4:13
    со тоа што не инвестираат --
  • 4:13 - 4:15
    исто како татко му на Едип,
  • 4:15 - 4:18
    кој, плашејќи се од пророштвото
    на оракулот
  • 4:18 - 4:20
    дека ќе биде убиен од неговиот син,
  • 4:20 - 4:23
    несакајќи создал токму таква ситуација
  • 4:23 - 4:26
    која довела до тоа да биде убиен од Едип.
  • 4:27 - 4:29
    Ете зошто сум скаран со капитализмот.
  • 4:29 - 4:31
    Зборуваме за огромно расипништво,
  • 4:31 - 4:33
    сите овие неактивни пари,
  • 4:33 - 4:36
    треба да се искористат за подобрување
    на животот,
  • 4:37 - 4:39
    за развој на човечките таленти,
  • 4:39 - 4:41
    и за финансирање на сите овие технологии,
  • 4:41 - 4:42
    зелени технологии
  • 4:42 - 4:45
    кои се апсолутно суштински за
    спас на планетата Земја.
  • 4:46 - 4:49
    Дали сум во право кога велам
    дека демократијата е одговорот?
  • 4:49 - 4:50
    Верувам дека да,
  • 4:50 - 4:52
    но пред да продолжиме,
  • 4:52 - 4:54
    да видиме што подразбираме
    под демократија?
  • 4:54 - 4:57
    Аристотел ја дефинирал демократијата
  • 4:57 - 5:01
    како облик на управување во
    кое слободните и сиромашните,
  • 5:01 - 5:04
    кои се мнозинство, ја
    контролираат владата.
  • 5:05 - 5:08
    Се разбира, Атинската демократија им
    го ускратувала правото на многумина.
  • 5:08 - 5:11
    Жените, мигрантите и секако робовите.
  • 5:12 - 5:13
    Но погрешно е
  • 5:13 - 5:16
    доколку врз основа на ова ја отфрлиме
  • 5:16 - 5:17
    Атинската демократија.
  • 5:20 - 5:22
    Она што е поважно
  • 5:22 - 5:25
    е дека древната Атинска демократија
  • 5:25 - 5:28
    ги вклучувала сиромашните работници,
  • 5:28 - 5:33
    кои не само што имале право на
    слободен говор,
  • 5:33 - 5:35
    туку и уште поважно, најважно,
  • 5:35 - 5:38
    е дека имале право на политички ставови.
  • 5:38 - 5:40
    Нивните ставови имале еднаква важност
  • 5:40 - 5:44
    кога се донесувале одлуки поврзани
    со државни прашања.
  • 5:44 - 5:47
    Се разбира, Атинската демократија
    не траела долго.
  • 5:47 - 5:51
    Како свеќа која свети силно, изгоре брзо.
  • 5:52 - 5:52
    И навистина,
  • 5:52 - 5:57
    нашите денешни либерални
    демократии не потекнуваат од древна Атина.
  • 5:57 - 5:59
    Нивните корени се во Магна Карта,
  • 5:59 - 6:03
    во Славната Револуција од 1688.
  • 6:03 - 6:05
    Тие потекнуваат од Американскиот устав.
  • 6:05 - 6:10
    Атинската демократија била насочена
    кон слободните граѓани.
  • 6:10 - 6:12
    Таа им давала моќ на
    сиромашните работници.
  • 6:13 - 6:16
    Нашите либерални демократии
    се базирани
  • 6:16 - 6:18
    на традицијата на Магна Карта,
  • 6:18 - 6:20
    која во основа е повелба за господарите.
  • 6:21 - 6:23
    Либералната демократија
    изникнала тогаш кога
  • 6:23 - 6:26
    настанало целосно одвојување на
  • 6:26 - 6:29
    политичката од економската сфера.
  • 6:29 - 6:33
    Демократските процеси биле
    целосно ограничени на политичката сфера,
  • 6:34 - 6:36
    оставајќи ја економската сфера --
  • 6:36 - 6:37
    корпоративниот свет, ако сакате --
  • 6:37 - 6:40
    како зона без демократија.
  • 6:42 - 6:45
    Кога почна да се одвојува
  • 6:45 - 6:50
    економската од политичката
    сфера, помеѓу нив
  • 6:50 - 6:52
    веднаш започна една
  • 6:52 - 6:55
    незапирлива и епска битка.
  • 6:55 - 6:58
    Економската сфера почна да
    ја колонизира политичката сфера,
  • 6:58 - 7:00
    почна да ја разјадува.
  • 7:00 - 7:04
    Сте се запрашале ли зошто
    политичарите не се она што беа?
  • 7:05 - 7:07
    Не е затоа што им дегенерираше ДНКта.
  • 7:07 - 7:08
    (Смеа)
  • 7:08 - 7:13
    Туку затоа што денес може да имаш
    влада ама да немаш моќ,
  • 7:13 - 7:17
    оти моќта мигрираше од политичката
    во економската сфера,
  • 7:17 - 7:18
    а тие се различни.
  • 7:18 - 7:20
    Навистина,
  • 7:20 - 7:23
    зборував за мојата караница
    со капитализмот.
  • 7:23 - 7:24
    Ако размислите,
  • 7:24 - 7:28
    тој е како група на предатори,
  • 7:28 - 7:34
    кои се толку успешни во убивањето
    на пленот од кој се хранат,
  • 7:35 - 7:36
    што на крај умираат од глад.
  • 7:36 - 7:38
    Слично,
  • 7:38 - 7:42
    економската сфера ја колонизираше
    и ја разјадуваше политичката сфера
  • 7:42 - 7:45
    до тој степен што и самата се поткопа,
  • 7:45 - 7:47
    предизвикувајќи економска криза.
  • 7:47 - 7:49
    Моќта на корпорациите се зголемува,
  • 7:49 - 7:51
    политичките средства губат вредност,
  • 7:51 - 7:53
    нееднаквоста расте,
  • 7:53 - 7:55
    агрегатната побарувачка опаѓа,
  • 7:55 - 8:00
    а директорите на корпорациите
    се премногу исплашени за да инвестираат.
  • 8:01 - 8:04
    Па така, како што капитализмот
  • 8:04 - 8:08
    му ја одзема демократијата
    на народот,
  • 8:08 - 8:10
    така и се зголемуваат планините близначки
  • 8:10 - 8:13
    и толку повеќе се уништуваат
    човечките ресурси
  • 8:13 - 8:14
    и богатството на човештвото.
  • 8:16 - 8:18
    Очигледно, ако ова е точно,
  • 8:18 - 8:21
    ќе мораме одново да ја
    споиме политичката со економската сфера
  • 8:21 - 8:25
    така што народот ќе ја има контролата,
  • 8:25 - 8:28
    исто како во древна Атина, но овојпат
    без робови и
  • 8:28 - 8:31
    без исклучување на жените и мигрантите.
  • 8:32 - 8:34
    Оваа идеја не е нова.
  • 8:34 - 8:37
    Левите Марксисти ја дале оваа
    идеја пред 100 години
  • 8:37 - 8:38
    и не им успеа баш, така?
  • 8:39 - 8:42
    Лекцијата што ја научивме од
    Советскиот распад
  • 8:42 - 8:45
    е дека треба чудо да се деси
  • 8:45 - 8:49
    за сиромашните работници да ја
    имаат моќта
  • 8:49 - 8:50
    што ја имале во древна Атина,
  • 8:50 - 8:54
    а без притоа да се создаваат
    дополнителни страдања и штети.
  • 8:55 - 8:56
    Но, постои решение:
  • 8:57 - 8:59
    ослободете се од сиромашните работници.
  • 8:59 - 9:01
    Капитализмот тоа го постигнува
  • 9:01 - 9:03
    така што ги заменува ниско-платените
  • 9:03 - 9:05
    работници со автомати, андроиди и роботи.
  • 9:07 - 9:08
    Проблемот е што
  • 9:08 - 9:11
    сè додека економската сфера е
    одвоена од политичката,
  • 9:11 - 9:16
    автоматизацијата ги прави
    планините близначки повисоки,
  • 9:17 - 9:18
    штетата се поголема,
  • 9:18 - 9:20
    а социјалните конфликти сè подлабоки.
  • 9:20 - 9:22
    Ова верувам
  • 9:22 - 9:24
    набргу ќе се случи
  • 9:24 - 9:25
    на места како Кина.
  • 9:27 - 9:29
    Значи ни треба промена,
  • 9:29 - 9:32
    потребно е одново да ги обединиме
    во едно економската и политичката сфера,
  • 9:33 - 9:38
    но тоа треба да биде така што ќе
    ја демократизираме оваа нова сфера,
  • 9:38 - 9:44
    да не би завршиле како
    хипер-автократија гладна за надзор
  • 9:44 - 9:48
    наспроти која Матрикс, филмот,
    би изгледал како документарец.
  • 9:48 - 9:49
    (Смеа)
  • 9:49 - 9:53
    Оттука, прашањето не е
    дали капитализмот ќе ги преживее
  • 9:53 - 9:55
    технолошките иновации што ги создава.
  • 9:56 - 9:57
    Позанимливото прашање
  • 9:57 - 10:03
    е дали капитализмот ќе биде наследен
    од нешто налик на Матрикс дистопија
  • 10:03 - 10:08
    или пак од општество што наликува
    на Ѕвездени Патеки,
  • 10:08 - 10:10
    каде машините ги служат луѓето,
  • 10:10 - 10:14
    а луѓето ја трошат својата
    енергија истражувајќи го универзумот
  • 10:14 - 10:19
    и водејќи долги дебати за смислата
    на животот
  • 10:19 - 10:23
    во некаква си древна, како во
    Атина, високо технолошка агора.
  • 10:24 - 10:28
    Мислам дека можеме да бидеме оптимистични.
  • 10:29 - 10:31
    Но што е потребно,
  • 10:31 - 10:32
    како би изгледало
  • 10:32 - 10:38
    да живееш во утопијата Ѕвездени
    Патеки наместо во дистопијата Матрикс?
  • 10:38 - 10:39
    На практично ниво,
  • 10:39 - 10:41
    дозволете ми накратко да споделам
  • 10:41 - 10:42
    неколку примери.
  • 10:43 - 10:45
    На ниво на претпријатие,
  • 10:45 - 10:47
    замислете пазар на капитал,
  • 10:47 - 10:50
    каде заработувате капитал работејќи,
  • 10:51 - 10:56
    а вашиот капитал ве следи како
    што се движите од една работа на друга,
  • 10:56 - 10:58
    од една компанија во друга,
  • 10:58 - 10:59
    а компанијата --
  • 10:59 - 11:02
    за која работите во моментот --
  • 11:02 - 11:07
    е во сопственост само на оние
    кои работат во неа во тој момент.
  • 11:08 - 11:12
    Тогаш сиот приход потекнува
    од капиталот, од профитите,
  • 11:12 - 11:16
    а самиот концепт
    "работник за плата" станува излишен.
  • 11:17 - 11:19
    Повеќе нема да има јаз помеѓу оние
  • 11:19 - 11:23
    кои ја поседуваат, но не работат
    во фирмата
  • 11:23 - 11:26
    и оние кои работат, но не ја
    поседуваат фирмата.
  • 11:26 - 11:30
    Повеќе нема да има натегања
    помеѓу капиталот и трудот.
  • 11:31 - 11:34
    Нема да има голем јаз
    помеѓу инвестирањето и штедењето.
  • 11:35 - 11:38
    Навистина, нема да има високи
    планини близначки.
  • 11:39 - 11:41
    На ниво на глобалната политичка економија,
  • 11:41 - 11:42
    замислете за момент
  • 11:43 - 11:48
    дека нашите национални валути
    имаат слободен флуктуирачки курс,
  • 11:48 - 11:51
    со одредена универзална,
    глобална, дигитална валута,
  • 11:51 - 11:56
    која ќе ја издава
    Меѓународниот Монетарен Фонд,
  • 11:56 - 11:57
    групата Г-20,
  • 11:57 - 11:59
    во име на целото човештво.
  • 11:59 - 12:01
    И замислете понатаму
  • 12:01 - 12:05
    дека сите меѓународни тргувања
    одат преку оваа валута --
  • 12:05 - 12:07
    да ја наречеме "космос,"
  • 12:07 - 12:09
    во единица космос --
  • 12:09 - 12:14
    при што секоја влада ќе се согласи
    да уплаќа во еден заеднички фонд,
  • 12:14 - 12:16
    одредена сума на космоси
  • 12:16 - 12:20
    пропорционална на трговскиот
    дефицит на земјата,
  • 12:20 - 12:23
    или на трговскиот суфицит.
  • 12:24 - 12:28
    И замислете дека тој фонд се користи
    за инвестирање во зелени технологии,
  • 12:28 - 12:34
    особено во делови од светот
    каде инвестициите се ретки.
  • 12:35 - 12:36
    Ова не е нова идеја.
  • 12:36 - 12:40
    Ова, всушност, го предложил Џон
    Мејнард Кејнс
  • 12:40 - 12:43
    во 1944 на Бретон Вудс Коннференцијата.
  • 12:44 - 12:45
    Проблемот бил
  • 12:45 - 12:49
    што тогаш ја немале
    потребната технологија.
  • 12:49 - 12:50
    Сега ја имаме
  • 12:50 - 12:51
    особено во контекст на
  • 12:51 - 12:56
    одново обединетата
    политичко-економска сфера.
  • 12:57 - 12:58
    Светот за кој ви говорам
  • 12:59 - 13:01
    е истовремено либертаријански,
  • 13:01 - 13:06
    оти во прв план ја става моќта
    на индивидуата,
  • 13:06 - 13:07
    Марксистички,
  • 13:07 - 13:10
    зашто ќе ја испрати во заборав
  • 13:10 - 13:13
    поделбата помеѓу капиталот и трудот,
  • 13:13 - 13:14
    и Кејнезијански,
  • 13:15 - 13:17
    глобално Кејнезијанство.
  • 13:18 - 13:20
    Но пред сè,
  • 13:20 - 13:25
    тоа е свет во кој ќе имаме
    автентична демократија.
  • 13:26 - 13:28
    Ќе нè огрее ли таков свет?
  • 13:28 - 13:32
    Или ќе потонеме во дистопија
    налик на Матрикс?
  • 13:33 - 13:37
    Одговорот лежи во политичките
    одлуки кои ќе ги донесеме како колектив.
  • 13:38 - 13:40
    Тоа е наша одлука,
  • 13:40 - 13:42
    и подобро да ја направиме демократски.
  • 13:42 - 13:43
    Ви благодарам.
  • 13:43 - 13:48
    (Аплауз)
  • 13:50 - 13:52
    Бруно Џусани: Јанис ...
  • 13:52 - 13:56
    во твојата биографија ти самиот се
    опиша како либертаријански Марксист.
  • 13:59 - 14:01
    Каква релевантност имаат идеите
    на Маркс денес?
  • 14:02 - 14:05
    Јанис Варуфакис: Ако барем нешто од
    ова што го кажав беше релевантно,
  • 14:05 - 14:06
    тогаш Маркс е релевантен.
  • 14:06 - 14:08
    Бидејќи главната поента за
  • 14:08 - 14:11
    одново обединување на политичкото
    и економското е --
  • 14:11 - 14:12
    ако не го направиме тоа,
  • 14:12 - 14:14
    тогаш технолошката иновација ќе создаде
  • 14:14 - 14:16
    огромен пад на агрегатната побарувачка,
  • 14:16 - 14:20
    она што Лери Самерс го
    нарекува секуларна стагнација.
  • 14:20 - 14:24
    Кризава движејќи се од
    еден на друг крај од светот,
  • 14:24 - 14:25
    како во моментов,
  • 14:25 - 14:28
    ќе ги дестабилизира не само
    нашите демократии,
  • 14:28 - 14:32
    туку и земјите во развој кои не ѝ се
    баш наклонети на либералната демократија.
  • 14:32 - 14:36
    Ако анализава држи вода, тогаш
    Маркс е апсолутно релевантен.
  • 14:36 - 14:37
    Но и Хајек,
  • 14:37 - 14:39
    затоа сум либертаријански Марксист,
  • 14:39 - 14:40
    а и Кејнс,
  • 14:40 - 14:43
    па затоа сум и целосно збунет.
  • 14:43 - 14:44
    (Смеа)
  • 14:44 - 14:46
    БЏ: Навистина, веројатно и ние сме.
  • 14:46 - 14:47
    (Смеа)
  • 14:47 - 14:50
    (Аплауз)
  • 14:50 - 14:51
    ЈВ: Ако не си збунет, значи дека
    не мислиш, ОК?
  • 14:51 - 14:55
    БЏ: Звучи како Грчки филозоф да го
    кажал --
  • 14:55 - 14:57
    ЈВ: Всушност, Ајнштајн го кажал --
  • 14:57 - 14:59
    БЏ: За време на говорот ги
    спомна Сингапур и Кина,
  • 14:59 - 15:01
    а синоќа за време на вечерата,
  • 15:01 - 15:06
    изрази свое видување за тоа како
    Западот гледа на Кина.
  • 15:07 - 15:08
    Ќе сакаш ли да го споделиш тоа?
  • 15:08 - 15:11
    ЈВ: Има голема хипокризија тука.
  • 15:11 - 15:15
    Во нашите либерални демократии
    имаме лажна демократија.
  • 15:16 - 15:18
    Тоа е така затоа што ја ограничивме,
    како што веќе кажав,
  • 15:18 - 15:20
    демократијата на политичката сфера,
  • 15:20 - 15:24
    а другата сфера каде е вистинската
    акција --
  • 15:24 - 15:25
    економската сфера --
  • 15:25 - 15:27
    ја оставивме без демократија.
  • 15:27 - 15:28
    На некој начин,
  • 15:28 - 15:31
    ако смеам да бидам провокативен,
  • 15:32 - 15:36
    Кина денес наликува на Британија
    од 19от век.
  • 15:36 - 15:38
    Бидејќи како што реков,
  • 15:38 - 15:40
    ние го поврзуваме либерализмот
    со демократија --
  • 15:40 - 15:41
    тоа е грешка, историски гледано.
  • 15:41 - 15:44
    Либерализам, либерален, е како
    Џон Стјуарт Мил.
  • 15:44 - 15:48
    Џон Стјуарт Мил беше особено
    скептичен кон демократските процеси.
  • 15:49 - 15:54
    Она што сега го гледате во Кина е
    многу сличен процес
  • 15:54 - 15:57
    на оној кој го имавме во Британија
    за време на Индустриската Револуција,
  • 15:57 - 16:00
    особено при преминот од првата
    кон втората индустриска револуција.
  • 16:00 - 16:05
    Да ја обвинувате Кина бидејќи прави
  • 16:05 - 16:07
    нешто што Западот го правел во 19от век,
  • 16:07 - 16:08
    наликува на хипокризија.
  • 16:09 - 16:13
    БЏ: Сигурен сум дека многу луѓе
    овде ги интересира твоето искуство
  • 16:13 - 16:16
    како Министер за Финансии на Грција
    на почетокот од оваа година.
  • 16:16 - 16:18
    ЈВ: Знаев дека ќе ме прашате.
  • 16:18 - 16:18
    БЏ: Да
  • 16:18 - 16:20
    БЏ: Шест месеци подоцна,
  • 16:20 - 16:22
    како гледаш на првата половина
    од годината?
  • 16:24 - 16:27
    ЈВ: Крајно возбуден од лична гледна точка,
  • 16:27 - 16:28
    но и многу разочаран,
  • 16:28 - 16:31
    затоа што имавме прилика
    да ја рестартираме Еврозоната.
  • 16:31 - 16:34
    Не само Грција, туку и Еврозоната.
  • 16:34 - 16:37
    Да ја надминеме самобендисаноста
  • 16:37 - 16:39
    и постојаното негирање на фактот
  • 16:39 - 16:43
    дека постои голема тектонска линија
  • 16:43 - 16:44
    во Еврозоната,
  • 16:44 - 16:49
    која им се заканува на сите
    процеси во Европската Унија.
  • 16:49 - 16:52
    Имавме прилика преку
    грчката програма,
  • 16:52 - 16:53
    која патем,
  • 16:53 - 16:58
    беше првата програма преку која се
    манифестираше тоа негирање,
  • 16:58 - 16:59
    да ги исправиме работите.
  • 16:59 - 17:01
    И, за несреќа,
  • 17:01 - 17:02
    моќниците во Еврозоната,
  • 17:02 - 17:03
    во Еврогрупата,
  • 17:03 - 17:06
    избраа да живеат во негирање.
  • 17:06 - 17:07
    Но, знаете што се случува.
  • 17:07 - 17:10
    Ваква беше ситуацијата со
    Советскиот Сојуз.
  • 17:10 - 17:12
    Кога се обидуваш да одржуваш во живот
  • 17:12 - 17:16
    економски систем кој во својата
    суштина е неодржлив,
  • 17:16 - 17:19
    и тоа преку политичка волја
    и авторитарност,
  • 17:19 - 17:21
    можеби ќе успееш да му го
    продолжиш животот,
  • 17:21 - 17:23
    но кога промените ќе се случат,
  • 17:23 - 17:25
    тие се случуваат нагло и катастрофално.
  • 17:25 - 17:27
    БЏ: Какви промени предвидуваш?
  • 17:27 - 17:28
    ЈВ: Нема сомнежи
  • 17:28 - 17:31
    дека ако не ја промениме
    архитектурата на Еврозоната,
  • 17:31 - 17:33
    за неа ќе нема иднина.
  • 17:33 - 17:36
    БЏ: Правеше ли грешки додека
    беше министер за финансии?
  • 17:36 - 17:37
    ЈВ: Секој ден.
  • 17:37 - 17:39
    БЏ: На пример?
    ЈВ: Ако се навратиме --
  • 17:39 - 17:44
    (Аплауз)
  • 17:44 - 17:45
    Не, озбилно.
  • 17:45 - 17:49
    Ако некој министер за финансии или
    за било што друго,
  • 17:49 - 17:51
    после шест месеци работа и
  • 17:51 - 17:54
    соочување со секакви стресни ситуации,
  • 17:54 - 17:58
    ви каже дека не направил грешка,
    тогаш си имате работа со опасен човек.
  • 17:58 - 17:59
    Се разбира дека правев грешки.
  • 17:59 - 18:02
    Најголемата грешка е тоа
    што ја потпишав апликацијата
  • 18:02 - 18:04
    за продолжување на договорот за заем
  • 18:04 - 18:06
    на крајот на Февруари.
  • 18:06 - 18:07
    Мислев дека
  • 18:07 - 18:09
    доверителите имаат искрена намера
  • 18:09 - 18:11
    да постигнеме заеднички договор.
  • 18:11 - 18:12
    Но немаа.
  • 18:12 - 18:15
    Нив единствено ги интересираше
    да ја сломат нашата влада,
  • 18:15 - 18:17
    само затоа што не сакаа
  • 18:17 - 18:19
    да се занимаваат со фундаменталните
  • 18:19 - 18:22
    проблеми на Еврозоната.
  • 18:22 - 18:23
    И затоа што не сакаа да признаат
  • 18:23 - 18:24
    дека веќе пет години
  • 18:24 - 18:27
    имплементираат катастрофална
    програма во Грција.
  • 18:27 - 18:30
    Изгубивме една-третина од
    нашиот номинален БДП.
  • 18:30 - 18:32
    Тоа е полошо и од Големата Депресија.
  • 18:32 - 18:34
    И ниту еден од тројцата кредитори
  • 18:34 - 18:37
    кои стоеја зад оваа политика не сакаа
  • 18:37 - 18:39
    да признаат и да речат,
    "Ова беше огромна грешка."
  • 18:39 - 18:40
    БЏ: И покрај сево ова,
  • 18:40 - 18:42
    и покрај жестоката дискусија,
  • 18:42 - 18:45
    се чини дека и понатаму со про-Европски.
  • 18:45 - 18:47
    ЈВ: Апсолутно.
  • 18:47 - 18:50
    Види, мојата критика кон
    Европската Унија и Еврозоната
  • 18:50 - 18:55
    доаѓа од особа која живее и
    дише за Европа.
  • 18:55 - 18:59
    Мојот најголем страв е дека
    Еврозоната нема да преживее.
  • 18:59 - 19:01
    Зашто ако не преживее,
  • 19:01 - 19:03
    ќе се створат такви
  • 19:03 - 19:05
    демонски центрифугални сили,
  • 19:05 - 19:07
    што ќе ја уништат Европската Унија.
  • 19:07 - 19:10
    А тоа ќе биде катастрофално не
    само за Европа
  • 19:10 - 19:11
    туку и за целата глобална екномија.
  • 19:11 - 19:15
    Ние сме веројатно најголемата
    економија во светот.
  • 19:15 - 19:17
    И ако си дозволиме
  • 19:17 - 19:20
    да тргнеме по патот на постмодерните 30ти,
  • 19:20 - 19:23
    каде мислам веќе сме и тргнати,
  • 19:23 - 19:25
    тоа ќе биде погубно
  • 19:25 - 19:28
    како за иднината на Европејците
    така и за иднината на останатите.
  • 19:28 - 19:30
    БЏ: Искрено се надеваме дека нема
    да биде така.
  • 19:30 - 19:32
    Јанис, ти благодарам што дојде на TED.
  • 19:32 - 19:33
    ЈВ: Ти благодарам.
  • 19:33 - 19:38
    (Аплауз)
Title:
Капитализмот ќе ја изеде демократијата -- ако не кренеме глас
Speaker:
Јанис Варуфакис
Description:

Сте се запрашале ли зошто политичарите не се она што беа, зошто владите не можат да ги решат вистинските проблеми? Економистот Јанис Варуфакис, поранешниот Министер за Финансии на Грција, вели тоа е така затоа што денешниве политичари немаат моќ -- затоа што вистинската моќ денес е во рацете на оние што ја контролираат економијата. Тој смета дека мега-богатите и корпорациите ја разјадуваат политичката сфера, преку финансиските кризи што ги предизвикуваат. Во овој говор, слушнете го неговиот сон за свет во кој капиталот и трудот повеќе не се борат еден против друг, "свет кој е истовремено либертаријански, Марксистички и Кејнезијански."

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:51

Macedonian subtitles

Revisions