1 00:00:01,200 --> 00:00:02,400 Демократија. 2 00:00:02,960 --> 00:00:04,296 Овде на Запад, 3 00:00:04,320 --> 00:00:08,256 правиме огромна грешка кога ја земаме здраво за готово. 4 00:00:08,280 --> 00:00:09,576 На демократија гледаме 5 00:00:09,600 --> 00:00:14,096 не како на најкревкото цвеќе кое таа навистина е, 6 00:00:14,120 --> 00:00:16,960 туку ја гледаме како дел од мебелот на нашето општество. 7 00:00:17,960 --> 00:00:21,960 На неа гледаме како на нешто што ни е дадено за навек. 8 00:00:22,680 --> 00:00:27,896 Погрешно веруваме дека капитализмот неизбежно води до демократија. 9 00:00:27,920 --> 00:00:29,256 Не е така. 10 00:00:29,280 --> 00:00:33,656 Сингапурецот Ли Куан Ју и неговите имитатори од Пекинг 11 00:00:33,680 --> 00:00:36,616 недвосмислено покажаа 12 00:00:36,640 --> 00:00:40,536 дека може да имаш развиен капитализам, 13 00:00:40,560 --> 00:00:42,160 спектакуларен раст, 14 00:00:42,960 --> 00:00:46,016 а политиката да не биде демократска. 15 00:00:46,040 --> 00:00:50,456 Навистина, демократијата ни ја снемува 16 00:00:50,480 --> 00:00:52,056 токму овде во Европа. 17 00:00:52,080 --> 00:00:55,456 На стартот од оваа година, додека ја претставував Грција -- 18 00:00:55,480 --> 00:00:57,900 новоизбраната Грчка влада -- 19 00:00:57,900 --> 00:01:00,720 во Еврогрупата како нејзин Министер за Финансии, 20 00:01:00,720 --> 00:01:02,820 ми беше кажано доста директно 21 00:01:02,820 --> 00:01:05,896 дека демократските процеси на нашата земја -- 22 00:01:05,920 --> 00:01:06,992 нашите избори -- 23 00:01:06,992 --> 00:01:08,064 не смеат да влијаат 24 00:01:08,064 --> 00:01:12,776 врз економските политики кои се имплементираат во Грција. 25 00:01:12,776 --> 00:01:14,550 Во тој момент, 26 00:01:14,550 --> 00:01:17,266 помислив дека Ли Куан Ју и Кинеската Комунистичка партија 27 00:01:17,266 --> 00:01:19,339 биле потполно во право. 28 00:01:19,339 --> 00:01:21,412 Дека биле потполно во право 29 00:01:21,412 --> 00:01:23,826 моите тврдоглави пријатели кои постојано ми велеа 30 00:01:23,826 --> 00:01:30,016 дека демократијата ќе биде забранета доколку се обиде да промени нешто. 31 00:01:30,016 --> 00:01:32,680 Вечерва, овде, сакам да ви претставам 32 00:01:32,680 --> 00:01:36,176 економски причини зошто ни треба автентична демократија. 33 00:01:36,176 --> 00:01:38,650 Сакам заедно сите да докажеме 34 00:01:38,650 --> 00:01:42,676 дека Ли Куан Ју, 35 00:01:42,676 --> 00:01:46,110 Кинеската Комунистичка Партија 36 00:01:46,110 --> 00:01:47,626 и секако Еврогрупата 37 00:01:47,636 --> 00:01:50,666 грешат кога велат дека не ни треба демократија. 38 00:01:50,666 --> 00:01:54,940 Напротив, ни треба автентична и жестока демократија. 39 00:01:54,940 --> 00:01:57,056 А без демократија, 40 00:01:57,056 --> 00:02:00,406 нашите општества ќе бидат погнасни, 41 00:02:00,406 --> 00:02:02,846 нашата иднина ќе биде мрачна, 42 00:02:02,846 --> 00:02:05,336 а новите технологии бесмислени. 43 00:02:06,186 --> 00:02:07,786 Кога сме кај бесмисленоста, 44 00:02:07,786 --> 00:02:10,186 дозволете ми да ви посочам интересен парадокс 45 00:02:10,186 --> 00:02:13,095 кој им се заканува на нашите економии во моментов. 46 00:02:13,095 --> 00:02:15,626 Јас го нарекувам парадоксот на планините близначки. 47 00:02:15,626 --> 00:02:16,756 Едната планина 48 00:02:16,756 --> 00:02:18,536 ви е добро позната. 49 00:02:18,536 --> 00:02:20,736 Тоа е огромната планина од долгови која 50 00:02:20,736 --> 00:02:25,930 надвисна над Соединетите Држави, Европа и целиот свет. 51 00:02:25,930 --> 00:02:28,270 На сите добро ни е позната. 52 00:02:28,270 --> 00:02:32,870 Но многу малку луѓе знаат дека таа има близначка. 53 00:02:32,870 --> 00:02:35,850 Планина од неактивни пари 54 00:02:35,850 --> 00:02:39,870 која им припаѓа на богатите штедачи и корпорациите. 55 00:02:39,870 --> 00:02:43,260 Ним им е страв да ги инвестираат овие пари 56 00:02:43,260 --> 00:02:46,870 во продуктивни активности што би можеле да создадат приходи 57 00:02:46,870 --> 00:02:49,410 со кои ќе можеме да ја намалиме планината од долгови. 58 00:02:49,410 --> 00:02:51,670 Со овие пари можеме да ги создадеме 59 00:02:51,670 --> 00:02:54,186 сите оние нешта што му требаат на човештвото, 60 00:02:54,186 --> 00:02:56,176 како што е зелената енергија 61 00:02:56,176 --> 00:02:57,786 Сега слушнете ги овие две бројки. 62 00:02:57,786 --> 00:02:59,440 Во текот на изминативе три месеци, 63 00:02:59,440 --> 00:03:02,006 во Соединетите Држави, во В.Британија и во Еврозоната, 64 00:03:02,006 --> 00:03:05,756 имаме инвестирано 3.4 трилиони долари 65 00:03:05,756 --> 00:03:09,156 за унапредување на економијата. 66 00:03:09,156 --> 00:03:11,336 За изградба на фабрики, машини, 67 00:03:11,336 --> 00:03:14,336 канцелариски згради, училишта, 68 00:03:14,336 --> 00:03:16,446 патишта, железница итн. 69 00:03:17,586 --> 00:03:20,466 3.4 трилиони долари звучи како многу пари 70 00:03:20,466 --> 00:03:24,196 сè додека не ги споредите со оние 5.1 трилиони долари 71 00:03:24,196 --> 00:03:27,166 што кружат во истите овие земји, 72 00:03:27,166 --> 00:03:29,076 во нашите финансиски институции, 73 00:03:29,076 --> 00:03:31,376 каде не прават апсолутно ништо 74 00:03:31,376 --> 00:03:37,740 освен што ги дуваат берзанските акции и ги креваат цените на куќите. 75 00:03:38,490 --> 00:03:43,046 Значи планината од долгови и планината од неактивни пари 76 00:03:43,046 --> 00:03:47,486 се близначки кои не умеат да соработуваат меѓусебе 77 00:03:47,486 --> 00:03:50,006 во контекст на нормалните пазарни процеси. 78 00:03:50,006 --> 00:03:52,766 Резултатот е стагнација на платите 79 00:03:52,766 --> 00:03:56,690 и висока невработеност на луѓето од Америка, Јапонија и Европа, 80 00:03:56,690 --> 00:04:00,160 кои се на возраст од 25 до 54 години. 81 00:04:00,160 --> 00:04:03,140 Како последица на ова, имаме ниска агрегатна побарувачка, 82 00:04:03,140 --> 00:04:04,306 која преку магичен круг, 83 00:04:04,306 --> 00:04:07,756 го зајакнува песимизмот на инвеститорите, 84 00:04:07,756 --> 00:04:11,780 кои, плашејќи се од ниска побарувачка, само ја влошуваат 85 00:04:11,780 --> 00:04:13,130 со тоа што не инвестираат -- 86 00:04:13,130 --> 00:04:14,886 исто како татко му на Едип, 87 00:04:14,886 --> 00:04:17,676 кој, плашејќи се од пророштвото на оракулот 88 00:04:17,676 --> 00:04:20,115 дека ќе биде убиен од неговиот син, 89 00:04:20,115 --> 00:04:22,716 несакајќи создал токму таква ситуација 90 00:04:22,716 --> 00:04:25,586 која довела до тоа да биде убиен од Едип. 91 00:04:26,606 --> 00:04:28,770 Ете зошто сум скаран со капитализмот. 92 00:04:29,290 --> 00:04:31,220 Зборуваме за огромно расипништво, 93 00:04:31,220 --> 00:04:32,660 сите овие неактивни пари, 94 00:04:32,660 --> 00:04:36,396 треба да се искористат за подобрување на животот, 95 00:04:36,796 --> 00:04:38,630 за развој на човечките таленти, 96 00:04:38,630 --> 00:04:40,896 и за финансирање на сите овие технологии, 97 00:04:40,896 --> 00:04:42,380 зелени технологии 98 00:04:42,380 --> 00:04:45,456 кои се апсолутно суштински за спас на планетата Земја. 99 00:04:46,096 --> 00:04:49,350 Дали сум во право кога велам дека демократијата е одговорот? 100 00:04:49,350 --> 00:04:50,480 Верувам дека да, 101 00:04:50,480 --> 00:04:51,890 но пред да продолжиме, 102 00:04:51,890 --> 00:04:53,946 да видиме што подразбираме под демократија? 103 00:04:54,106 --> 00:04:56,660 Аристотел ја дефинирал демократијата 104 00:04:56,660 --> 00:05:01,446 како облик на управување во кое слободните и сиромашните, 105 00:05:01,446 --> 00:05:04,100 кои се мнозинство, ја контролираат владата. 106 00:05:04,580 --> 00:05:08,310 Се разбира, Атинската демократија им го ускратувала правото на многумина. 107 00:05:08,310 --> 00:05:11,226 Жените, мигрантите и секако робовите. 108 00:05:12,196 --> 00:05:13,220 Но погрешно е 109 00:05:13,220 --> 00:05:15,506 доколку врз основа на ова ја отфрлиме 110 00:05:15,506 --> 00:05:16,896 Атинската демократија. 111 00:05:19,780 --> 00:05:21,730 Она што е поважно 112 00:05:21,730 --> 00:05:25,476 е дека древната Атинска демократија 113 00:05:25,476 --> 00:05:27,996 ги вклучувала сиромашните работници, 114 00:05:27,996 --> 00:05:32,716 кои не само што имале право на слободен говор, 115 00:05:33,076 --> 00:05:35,046 туку и уште поважно, најважно, 116 00:05:35,046 --> 00:05:37,716 е дека имале право на политички ставови. 117 00:05:37,716 --> 00:05:40,356 Нивните ставови имале еднаква важност 118 00:05:40,356 --> 00:05:43,786 кога се донесувале одлуки поврзани со државни прашања. 119 00:05:44,146 --> 00:05:46,746 Се разбира, Атинската демократија не траела долго. 120 00:05:46,746 --> 00:05:51,010 Како свеќа која свети силно, изгоре брзо. 121 00:05:51,540 --> 00:05:52,290 И навистина, 122 00:05:52,290 --> 00:05:56,946 нашите денешни либерални демократии не потекнуваат од древна Атина. 123 00:05:56,946 --> 00:05:59,166 Нивните корени се во Магна Карта, 124 00:05:59,166 --> 00:06:02,746 во Славната Револуција од 1688. 125 00:06:02,746 --> 00:06:04,650 Тие потекнуваат од Американскиот устав. 126 00:06:04,650 --> 00:06:09,756 Атинската демократија била насочена кон слободните граѓани. 127 00:06:09,756 --> 00:06:12,320 Таа им давала моќ на сиромашните работници. 128 00:06:13,470 --> 00:06:15,780 Нашите либерални демократии се базирани 129 00:06:15,780 --> 00:06:17,510 на традицијата на Магна Карта, 130 00:06:17,510 --> 00:06:19,976 која во основа е повелба за господарите. 131 00:06:20,526 --> 00:06:23,000 Либералната демократија изникнала тогаш кога 132 00:06:23,000 --> 00:06:25,710 настанало целосно одвојување на 133 00:06:25,710 --> 00:06:28,900 политичката од економската сфера. 134 00:06:28,900 --> 00:06:33,346 Демократските процеси биле целосно ограничени на политичката сфера, 135 00:06:33,506 --> 00:06:35,586 оставајќи ја економската сфера -- 136 00:06:35,586 --> 00:06:37,366 корпоративниот свет, ако сакате -- 137 00:06:37,366 --> 00:06:40,066 како зона без демократија. 138 00:06:42,066 --> 00:06:44,640 Кога почна да се одвојува 139 00:06:44,640 --> 00:06:49,756 економската од политичката сфера, помеѓу нив 140 00:06:49,756 --> 00:06:52,116 веднаш започна една 141 00:06:52,116 --> 00:06:54,926 незапирлива и епска битка. 142 00:06:54,926 --> 00:06:58,196 Економската сфера почна да ја колонизира политичката сфера, 143 00:06:58,196 --> 00:07:00,000 почна да ја разјадува. 144 00:07:00,000 --> 00:07:03,860 Сте се запрашале ли зошто политичарите не се она што беа? 145 00:07:04,790 --> 00:07:07,050 Не е затоа што им дегенерираше ДНКта. 146 00:07:07,050 --> 00:07:08,010 (Смеа) 147 00:07:08,310 --> 00:07:13,356 Туку затоа што денес може да имаш влада ама да немаш моќ, 148 00:07:13,356 --> 00:07:16,756 оти моќта мигрираше од политичката во економската сфера, 149 00:07:16,756 --> 00:07:17,816 а тие се различни. 150 00:07:17,816 --> 00:07:19,760 Навистина, 151 00:07:19,760 --> 00:07:23,006 зборував за мојата караница со капитализмот. 152 00:07:23,006 --> 00:07:24,436 Ако размислите, 153 00:07:24,436 --> 00:07:27,766 тој е како група на предатори, 154 00:07:28,366 --> 00:07:33,540 кои се толку успешни во убивањето на пленот од кој се хранат, 155 00:07:34,730 --> 00:07:36,490 што на крај умираат од глад. 156 00:07:36,490 --> 00:07:37,850 Слично, 157 00:07:37,850 --> 00:07:41,836 економската сфера ја колонизираше и ја разјадуваше политичката сфера 158 00:07:41,836 --> 00:07:44,776 до тој степен што и самата се поткопа, 159 00:07:44,776 --> 00:07:46,546 предизвикувајќи економска криза. 160 00:07:46,546 --> 00:07:48,636 Моќта на корпорациите се зголемува, 161 00:07:48,636 --> 00:07:50,896 политичките средства губат вредност, 162 00:07:50,896 --> 00:07:52,746 нееднаквоста расте, 163 00:07:52,746 --> 00:07:54,736 агрегатната побарувачка опаѓа, 164 00:07:54,736 --> 00:08:00,480 а директорите на корпорациите се премногу исплашени за да инвестираат. 165 00:08:01,050 --> 00:08:04,266 Па така, како што капитализмот 166 00:08:04,266 --> 00:08:07,980 му ја одзема демократијата на народот, 167 00:08:07,980 --> 00:08:09,960 така и се зголемуваат планините близначки 168 00:08:09,960 --> 00:08:12,956 и толку повеќе се уништуваат човечките ресурси 169 00:08:12,956 --> 00:08:14,356 и богатството на човештвото. 170 00:08:15,796 --> 00:08:17,970 Очигледно, ако ова е точно, 171 00:08:17,970 --> 00:08:21,146 ќе мораме одново да ја споиме политичката со економската сфера 172 00:08:21,146 --> 00:08:25,006 така што народот ќе ја има контролата, 173 00:08:25,006 --> 00:08:27,786 исто како во древна Атина, но овојпат без робови и 174 00:08:27,786 --> 00:08:30,850 без исклучување на жените и мигрантите. 175 00:08:32,500 --> 00:08:33,900 Оваа идеја не е нова. 176 00:08:33,900 --> 00:08:36,506 Левите Марксисти ја дале оваа идеја пред 100 години 177 00:08:36,506 --> 00:08:38,269 и не им успеа баш, така? 178 00:08:38,889 --> 00:08:41,669 Лекцијата што ја научивме од Советскиот распад 179 00:08:42,169 --> 00:08:45,100 е дека треба чудо да се деси 180 00:08:45,100 --> 00:08:48,816 за сиромашните работници да ја имаат моќта 181 00:08:48,816 --> 00:08:50,360 што ја имале во древна Атина, 182 00:08:50,360 --> 00:08:54,456 а без притоа да се создаваат дополнителни страдања и штети. 183 00:08:54,646 --> 00:08:56,230 Но, постои решение: 184 00:08:56,620 --> 00:08:58,740 ослободете се од сиромашните работници. 185 00:08:59,340 --> 00:09:00,828 Капитализмот тоа го постигнува 186 00:09:00,828 --> 00:09:02,797 така што ги заменува ниско-платените 187 00:09:02,797 --> 00:09:05,416 работници со автомати, андроиди и роботи. 188 00:09:07,306 --> 00:09:08,280 Проблемот е што 189 00:09:08,280 --> 00:09:11,116 сè додека економската сфера е одвоена од политичката, 190 00:09:11,116 --> 00:09:15,840 автоматизацијата ги прави планините близначки повисоки, 191 00:09:16,820 --> 00:09:18,280 штетата се поголема, 192 00:09:18,280 --> 00:09:20,436 а социјалните конфликти сè подлабоки. 193 00:09:20,436 --> 00:09:21,536 Ова верувам 194 00:09:21,536 --> 00:09:23,510 набргу ќе се случи 195 00:09:23,510 --> 00:09:25,206 на места како Кина. 196 00:09:26,826 --> 00:09:28,890 Значи ни треба промена, 197 00:09:28,890 --> 00:09:32,466 потребно е одново да ги обединиме во едно економската и политичката сфера, 198 00:09:32,986 --> 00:09:37,946 но тоа треба да биде така што ќе ја демократизираме оваа нова сфера, 199 00:09:38,336 --> 00:09:43,526 да не би завршиле како хипер-автократија гладна за надзор 200 00:09:43,986 --> 00:09:47,976 наспроти која Матрикс, филмот, би изгледал како документарец. 201 00:09:47,976 --> 00:09:49,020 (Смеа) 202 00:09:49,360 --> 00:09:52,876 Оттука, прашањето не е дали капитализмот ќе ги преживее 203 00:09:52,876 --> 00:09:55,376 технолошките иновации што ги создава. 204 00:09:55,956 --> 00:09:57,450 Позанимливото прашање 205 00:09:57,450 --> 00:10:03,036 е дали капитализмот ќе биде наследен од нешто налик на Матрикс дистопија 206 00:10:03,376 --> 00:10:07,746 или пак од општество што наликува на Ѕвездени Патеки, 207 00:10:07,746 --> 00:10:09,930 каде машините ги служат луѓето, 208 00:10:09,930 --> 00:10:14,266 а луѓето ја трошат својата енергија истражувајќи го универзумот 209 00:10:14,266 --> 00:10:18,610 и водејќи долги дебати за смислата на животот 210 00:10:18,610 --> 00:10:22,826 во некаква си древна, како во Атина, високо технолошка агора. 211 00:10:24,456 --> 00:10:27,680 Мислам дека можеме да бидеме оптимистични. 212 00:10:29,460 --> 00:10:30,800 Но што е потребно, 213 00:10:30,800 --> 00:10:32,216 како би изгледало 214 00:10:32,216 --> 00:10:37,616 да живееш во утопијата Ѕвездени Патеки наместо во дистопијата Матрикс? 215 00:10:38,166 --> 00:10:39,390 На практично ниво, 216 00:10:39,390 --> 00:10:40,986 дозволете ми накратко да споделам 217 00:10:40,986 --> 00:10:42,336 неколку примери. 218 00:10:43,046 --> 00:10:44,800 На ниво на претпријатие, 219 00:10:44,800 --> 00:10:46,836 замислете пазар на капитал, 220 00:10:47,096 --> 00:10:49,996 каде заработувате капитал работејќи, 221 00:10:50,576 --> 00:10:56,250 а вашиот капитал ве следи како што се движите од една работа на друга, 222 00:10:56,250 --> 00:10:57,810 од една компанија во друга, 223 00:10:57,810 --> 00:10:58,670 а компанијата -- 224 00:10:58,670 --> 00:11:02,266 за која работите во моментот -- 225 00:11:02,266 --> 00:11:06,686 е во сопственост само на оние кои работат во неа во тој момент. 226 00:11:07,506 --> 00:11:11,830 Тогаш сиот приход потекнува од капиталот, од профитите, 227 00:11:12,130 --> 00:11:16,020 а самиот концепт "работник за плата" станува излишен. 228 00:11:16,560 --> 00:11:19,120 Повеќе нема да има јаз помеѓу оние 229 00:11:19,120 --> 00:11:22,836 кои ја поседуваат, но не работат во фирмата 230 00:11:23,086 --> 00:11:25,796 и оние кои работат, но не ја поседуваат фирмата. 231 00:11:25,796 --> 00:11:29,586 Повеќе нема да има натегања помеѓу капиталот и трудот. 232 00:11:30,506 --> 00:11:34,320 Нема да има голем јаз помеѓу инвестирањето и штедењето. 233 00:11:34,650 --> 00:11:37,856 Навистина, нема да има високи планини близначки. 234 00:11:38,546 --> 00:11:40,990 На ниво на глобалната политичка економија, 235 00:11:40,990 --> 00:11:42,280 замислете за момент 236 00:11:42,790 --> 00:11:47,916 дека нашите национални валути имаат слободен флуктуирачки курс, 237 00:11:47,916 --> 00:11:51,456 со одредена универзална, глобална, дигитална валута, 238 00:11:51,456 --> 00:11:55,816 која ќе ја издава Меѓународниот Монетарен Фонд, 239 00:11:55,816 --> 00:11:57,070 групата Г-20, 240 00:11:57,070 --> 00:11:59,136 во име на целото човештво. 241 00:11:59,136 --> 00:12:00,970 И замислете понатаму 242 00:12:00,970 --> 00:12:05,266 дека сите меѓународни тргувања одат преку оваа валута -- 243 00:12:05,266 --> 00:12:06,976 да ја наречеме "космос," 244 00:12:06,976 --> 00:12:08,596 во единица космос -- 245 00:12:09,356 --> 00:12:13,820 при што секоја влада ќе се согласи да уплаќа во еден заеднички фонд, 246 00:12:13,820 --> 00:12:15,880 одредена сума на космоси 247 00:12:15,880 --> 00:12:19,586 пропорционална на трговскиот дефицит на земјата, 248 00:12:19,586 --> 00:12:23,236 или на трговскиот суфицит. 249 00:12:23,906 --> 00:12:28,390 И замислете дека тој фонд се користи за инвестирање во зелени технологии, 250 00:12:28,390 --> 00:12:34,416 особено во делови од светот каде инвестициите се ретки. 251 00:12:35,036 --> 00:12:36,410 Ова не е нова идеја. 252 00:12:36,410 --> 00:12:39,786 Ова, всушност, го предложил Џон Мејнард Кејнс 253 00:12:39,786 --> 00:12:43,016 во 1944 на Бретон Вудс Коннференцијата. 254 00:12:43,776 --> 00:12:44,870 Проблемот бил 255 00:12:44,870 --> 00:12:48,646 што тогаш ја немале потребната технологија. 256 00:12:48,646 --> 00:12:49,505 Сега ја имаме 257 00:12:49,505 --> 00:12:51,230 особено во контекст на 258 00:12:51,230 --> 00:12:55,686 одново обединетата политичко-економска сфера. 259 00:12:56,606 --> 00:12:58,470 Светот за кој ви говорам 260 00:12:59,190 --> 00:13:01,266 е истовремено либертаријански, 261 00:13:01,266 --> 00:13:05,686 оти во прв план ја става моќта на индивидуата, 262 00:13:06,086 --> 00:13:06,980 Марксистички, 263 00:13:06,980 --> 00:13:10,316 зашто ќе ја испрати во заборав 264 00:13:10,316 --> 00:13:12,686 поделбата помеѓу капиталот и трудот, 265 00:13:13,376 --> 00:13:14,396 и Кејнезијански, 266 00:13:15,496 --> 00:13:16,840 глобално Кејнезијанство. 267 00:13:18,170 --> 00:13:19,580 Но пред сè, 268 00:13:19,840 --> 00:13:24,706 тоа е свет во кој ќе имаме автентична демократија. 269 00:13:25,836 --> 00:13:27,700 Ќе нè огрее ли таков свет? 270 00:13:28,260 --> 00:13:32,310 Или ќе потонеме во дистопија налик на Матрикс? 271 00:13:33,020 --> 00:13:37,156 Одговорот лежи во политичките одлуки кои ќе ги донесеме како колектив. 272 00:13:37,916 --> 00:13:39,520 Тоа е наша одлука, 273 00:13:39,520 --> 00:13:42,226 и подобро да ја направиме демократски. 274 00:13:42,226 --> 00:13:43,330 Ви благодарам. 275 00:13:43,330 --> 00:13:47,946 (Аплауз) 276 00:13:49,566 --> 00:13:52,200 Бруно Џусани: Јанис ... 277 00:13:52,200 --> 00:13:55,900 во твојата биографија ти самиот се опиша како либертаријански Марксист. 278 00:13:58,600 --> 00:14:00,900 Каква релевантност имаат идеите на Маркс денес? 279 00:14:01,500 --> 00:14:04,920 Јанис Варуфакис: Ако барем нешто од ова што го кажав беше релевантно, 280 00:14:04,920 --> 00:14:06,360 тогаш Маркс е релевантен. 281 00:14:06,360 --> 00:14:08,040 Бидејќи главната поента за 282 00:14:08,040 --> 00:14:10,576 одново обединување на политичкото и економското е -- 283 00:14:10,576 --> 00:14:12,010 ако не го направиме тоа, 284 00:14:12,010 --> 00:14:14,116 тогаш технолошката иновација ќе создаде 285 00:14:14,116 --> 00:14:16,256 огромен пад на агрегатната побарувачка, 286 00:14:16,256 --> 00:14:20,106 она што Лери Самерс го нарекува секуларна стагнација. 287 00:14:20,106 --> 00:14:23,806 Кризава движејќи се од еден на друг крај од светот, 288 00:14:23,806 --> 00:14:24,990 како во моментов, 289 00:14:24,990 --> 00:14:27,996 ќе ги дестабилизира не само нашите демократии, 290 00:14:27,996 --> 00:14:31,926 туку и земјите во развој кои не ѝ се баш наклонети на либералната демократија. 291 00:14:31,926 --> 00:14:36,046 Ако анализава држи вода, тогаш Маркс е апсолутно релевантен. 292 00:14:36,046 --> 00:14:37,046 Но и Хајек, 293 00:14:37,046 --> 00:14:39,276 затоа сум либертаријански Марксист, 294 00:14:39,276 --> 00:14:40,230 а и Кејнс, 295 00:14:40,230 --> 00:14:42,816 па затоа сум и целосно збунет. 296 00:14:42,816 --> 00:14:43,826 (Смеа) 297 00:14:43,826 --> 00:14:46,006 БЏ: Навистина, веројатно и ние сме. 298 00:14:46,006 --> 00:14:46,996 (Смеа) 299 00:14:46,996 --> 00:14:49,556 (Аплауз) 300 00:14:49,556 --> 00:14:51,436 ЈВ: Ако не си збунет, значи дека не мислиш, ОК? 301 00:14:51,436 --> 00:14:54,646 БЏ: Звучи како Грчки филозоф да го кажал -- 302 00:14:54,646 --> 00:14:56,596 ЈВ: Всушност, Ајнштајн го кажал -- 303 00:14:56,596 --> 00:14:58,966 БЏ: За време на говорот ги спомна Сингапур и Кина, 304 00:14:58,966 --> 00:15:01,376 а синоќа за време на вечерата, 305 00:15:01,376 --> 00:15:06,096 изрази свое видување за тоа како Западот гледа на Кина. 306 00:15:06,746 --> 00:15:08,296 Ќе сакаш ли да го споделиш тоа? 307 00:15:08,296 --> 00:15:10,726 ЈВ: Има голема хипокризија тука. 308 00:15:11,066 --> 00:15:15,340 Во нашите либерални демократии имаме лажна демократија. 309 00:15:15,530 --> 00:15:18,256 Тоа е така затоа што ја ограничивме, како што веќе кажав, 310 00:15:18,256 --> 00:15:20,046 демократијата на политичката сфера, 311 00:15:20,046 --> 00:15:23,726 а другата сфера каде е вистинската акција -- 312 00:15:23,726 --> 00:15:24,910 економската сфера -- 313 00:15:24,910 --> 00:15:26,616 ја оставивме без демократија. 314 00:15:26,616 --> 00:15:28,090 На некој начин, 315 00:15:28,090 --> 00:15:30,726 ако смеам да бидам провокативен, 316 00:15:31,726 --> 00:15:35,790 Кина денес наликува на Британија од 19от век. 317 00:15:35,790 --> 00:15:37,510 Бидејќи како што реков, 318 00:15:37,510 --> 00:15:39,796 ние го поврзуваме либерализмот со демократија -- 319 00:15:39,796 --> 00:15:41,340 тоа е грешка, историски гледано. 320 00:15:41,340 --> 00:15:43,866 Либерализам, либерален, е како Џон Стјуарт Мил. 321 00:15:43,866 --> 00:15:48,336 Џон Стјуарт Мил беше особено скептичен кон демократските процеси. 322 00:15:48,676 --> 00:15:53,676 Она што сега го гледате во Кина е многу сличен процес 323 00:15:53,676 --> 00:15:57,176 на оној кој го имавме во Британија за време на Индустриската Револуција, 324 00:15:57,176 --> 00:16:00,336 особено при преминот од првата кон втората индустриска револуција. 325 00:16:00,336 --> 00:16:04,516 Да ја обвинувате Кина бидејќи прави 326 00:16:04,516 --> 00:16:06,836 нешто што Западот го правел во 19от век, 327 00:16:06,836 --> 00:16:08,240 наликува на хипокризија. 328 00:16:09,090 --> 00:16:12,980 БЏ: Сигурен сум дека многу луѓе овде ги интересира твоето искуство 329 00:16:12,980 --> 00:16:15,996 како Министер за Финансии на Грција на почетокот од оваа година. 330 00:16:15,996 --> 00:16:17,506 ЈВ: Знаев дека ќе ме прашате. 331 00:16:17,506 --> 00:16:18,441 БЏ: Да 332 00:16:18,441 --> 00:16:20,036 БЏ: Шест месеци подоцна, 333 00:16:20,036 --> 00:16:22,346 како гледаш на првата половина од годината? 334 00:16:23,866 --> 00:16:26,510 ЈВ: Крајно возбуден од лична гледна точка, 335 00:16:26,510 --> 00:16:28,090 но и многу разочаран, 336 00:16:28,090 --> 00:16:31,486 затоа што имавме прилика да ја рестартираме Еврозоната. 337 00:16:31,486 --> 00:16:33,686 Не само Грција, туку и Еврозоната. 338 00:16:33,686 --> 00:16:36,896 Да ја надминеме самобендисаноста 339 00:16:36,896 --> 00:16:38,856 и постојаното негирање на фактот 340 00:16:38,856 --> 00:16:42,696 дека постои голема тектонска линија 341 00:16:42,696 --> 00:16:43,640 во Еврозоната, 342 00:16:43,640 --> 00:16:48,596 која им се заканува на сите процеси во Европската Унија. 343 00:16:48,596 --> 00:16:51,736 Имавме прилика преку грчката програма, 344 00:16:51,736 --> 00:16:52,906 која патем, 345 00:16:52,906 --> 00:16:57,656 беше првата програма преку која се манифестираше тоа негирање, 346 00:16:57,656 --> 00:16:59,280 да ги исправиме работите. 347 00:16:59,280 --> 00:17:00,656 И, за несреќа, 348 00:17:00,656 --> 00:17:02,256 моќниците во Еврозоната, 349 00:17:02,256 --> 00:17:03,466 во Еврогрупата, 350 00:17:03,466 --> 00:17:05,930 избраа да живеат во негирање. 351 00:17:05,930 --> 00:17:07,439 Но, знаете што се случува. 352 00:17:07,439 --> 00:17:09,546 Ваква беше ситуацијата со Советскиот Сојуз. 353 00:17:09,546 --> 00:17:11,995 Кога се обидуваш да одржуваш во живот 354 00:17:11,995 --> 00:17:15,695 економски систем кој во својата суштина е неодржлив, 355 00:17:16,385 --> 00:17:18,929 и тоа преку политичка волја и авторитарност, 356 00:17:18,929 --> 00:17:21,055 можеби ќе успееш да му го продолжиш животот, 357 00:17:21,055 --> 00:17:22,706 но кога промените ќе се случат, 358 00:17:22,706 --> 00:17:25,295 тие се случуваат нагло и катастрофално. 359 00:17:25,295 --> 00:17:26,766 БЏ: Какви промени предвидуваш? 360 00:17:26,766 --> 00:17:28,361 ЈВ: Нема сомнежи 361 00:17:28,361 --> 00:17:30,975 дека ако не ја промениме архитектурата на Еврозоната, 362 00:17:30,975 --> 00:17:32,886 за неа ќе нема иднина. 363 00:17:32,886 --> 00:17:35,525 БЏ: Правеше ли грешки додека беше министер за финансии? 364 00:17:35,525 --> 00:17:37,376 ЈВ: Секој ден. 365 00:17:37,376 --> 00:17:39,136 БЏ: На пример? ЈВ: Ако се навратиме -- 366 00:17:39,136 --> 00:17:44,286 (Аплауз) 367 00:17:44,286 --> 00:17:45,200 Не, озбилно. 368 00:17:45,200 --> 00:17:48,666 Ако некој министер за финансии или за било што друго, 369 00:17:48,666 --> 00:17:51,426 после шест месеци работа и 370 00:17:51,426 --> 00:17:54,136 соочување со секакви стресни ситуации, 371 00:17:54,136 --> 00:17:57,510 ви каже дека не направил грешка, тогаш си имате работа со опасен човек. 372 00:17:57,510 --> 00:17:58,950 Се разбира дека правев грешки. 373 00:17:58,950 --> 00:18:01,926 Најголемата грешка е тоа што ја потпишав апликацијата 374 00:18:01,926 --> 00:18:03,966 за продолжување на договорот за заем 375 00:18:03,966 --> 00:18:05,526 на крајот на Февруари. 376 00:18:05,526 --> 00:18:06,676 Мислев дека 377 00:18:06,676 --> 00:18:09,046 доверителите имаат искрена намера 378 00:18:09,046 --> 00:18:11,156 да постигнеме заеднички договор. 379 00:18:11,156 --> 00:18:12,136 Но немаа. 380 00:18:12,136 --> 00:18:14,886 Нив единствено ги интересираше да ја сломат нашата влада, 381 00:18:14,886 --> 00:18:16,606 само затоа што не сакаа 382 00:18:16,606 --> 00:18:19,226 да се занимаваат со фундаменталните 383 00:18:19,226 --> 00:18:21,580 проблеми на Еврозоната. 384 00:18:21,580 --> 00:18:23,400 И затоа што не сакаа да признаат 385 00:18:23,400 --> 00:18:24,380 дека веќе пет години 386 00:18:24,380 --> 00:18:27,036 имплементираат катастрофална програма во Грција. 387 00:18:27,036 --> 00:18:29,886 Изгубивме една-третина од нашиот номинален БДП. 388 00:18:29,886 --> 00:18:31,786 Тоа е полошо и од Големата Депресија. 389 00:18:31,786 --> 00:18:34,476 И ниту еден од тројцата кредитори 390 00:18:34,476 --> 00:18:36,576 кои стоеја зад оваа политика не сакаа 391 00:18:36,576 --> 00:18:39,056 да признаат и да речат, "Ова беше огромна грешка." 392 00:18:39,056 --> 00:18:40,500 БЏ: И покрај сево ова, 393 00:18:40,500 --> 00:18:42,476 и покрај жестоката дискусија, 394 00:18:42,476 --> 00:18:45,156 се чини дека и понатаму со про-Европски. 395 00:18:45,156 --> 00:18:46,680 ЈВ: Апсолутно. 396 00:18:46,680 --> 00:18:50,336 Види, мојата критика кон Европската Унија и Еврозоната 397 00:18:50,336 --> 00:18:54,826 доаѓа од особа која живее и дише за Европа. 398 00:18:54,826 --> 00:18:59,090 Мојот најголем страв е дека Еврозоната нема да преживее. 399 00:18:59,090 --> 00:19:00,856 Зашто ако не преживее, 400 00:19:00,856 --> 00:19:02,666 ќе се створат такви 401 00:19:02,666 --> 00:19:05,070 демонски центрифугални сили, 402 00:19:05,070 --> 00:19:07,110 што ќе ја уништат Европската Унија. 403 00:19:07,110 --> 00:19:09,616 А тоа ќе биде катастрофално не само за Европа 404 00:19:09,616 --> 00:19:11,486 туку и за целата глобална екномија. 405 00:19:11,486 --> 00:19:15,116 Ние сме веројатно најголемата економија во светот. 406 00:19:15,116 --> 00:19:16,510 И ако си дозволиме 407 00:19:16,510 --> 00:19:20,236 да тргнеме по патот на постмодерните 30ти, 408 00:19:20,236 --> 00:19:22,506 каде мислам веќе сме и тргнати, 409 00:19:22,506 --> 00:19:24,650 тоа ќе биде погубно 410 00:19:24,650 --> 00:19:27,946 како за иднината на Европејците така и за иднината на останатите. 411 00:19:27,946 --> 00:19:30,166 БЏ: Искрено се надеваме дека нема да биде така. 412 00:19:30,166 --> 00:19:32,016 Јанис, ти благодарам што дојде на TED. 413 00:19:32,016 --> 00:19:32,956 ЈВ: Ти благодарам. 414 00:19:32,956 --> 00:19:37,866 (Аплауз)