Return to Video

Ривс: Одново осмислување на енциклопедиската игра

  • 0:01 - 0:04
    Минатиот месец енциклопедијата „Британика“ најави
  • 0:04 - 0:06
    дека престанува со печатење
  • 0:06 - 0:10
    по 244 години, што направи да се почуствувам носталгично,
  • 0:10 - 0:15
    затоа што паметам како си играв со џиновската енциклопедија во градската библиотека
  • 0:15 - 0:16
    кога бев дете,
  • 0:16 - 0:18
    некаде околу 12 години.
  • 0:18 - 0:20
    И се запрашав дали можам да ја модернизирам таа игра,
  • 0:20 - 0:22
    не само за модерните методи,
  • 0:22 - 0:24
    туку и за модерниот јас.
  • 0:24 - 0:25
    И се обидов.
  • 0:25 - 0:27
    Ја посетив онлајн енциклопедијата,
  • 0:27 - 0:29
    Википедија, и пишав „Земја“.
  • 0:29 - 0:32
    Можете да почнете од секаде, но овој пат ја одбрав Земјата.
  • 0:32 - 0:35
    Првото правило на играта е доста едноставно.
  • 0:35 - 0:36
    Треба да ја читате статијата
  • 0:36 - 0:39
    сè додека не наидете на нешто непознато,
  • 0:39 - 0:42
    и по можност нешто што дури ни татко ви не го знае.
  • 0:42 - 0:45
    Во случајов, набрзина го најдов ова:
  • 0:45 - 0:47
    Најоддалечената точка од центарот на Земјата
  • 0:47 - 0:49
    не е врвот Еверест, како што си мислев,
  • 0:49 - 0:53
    туку врвот на планината Чимборазо во Еквадор.
  • 0:53 - 0:56
    Земјата, секако, се врти додека патува околу сонцето,
  • 0:56 - 0:58
    па затоа таа е малку испупчена на средината,
  • 0:58 - 0:59
    исто како и некои Земјани.
  • 0:59 - 1:04
    Иако врвот Чимборазо не е највисокиот врв на Андите,
  • 1:04 - 1:06
    тој се наоѓа на еден степен од екваторот,
  • 1:06 - 1:09
    токму на тоа испупчување, па затоа врвот Чимборазо
  • 1:09 - 1:12
    е најоддалечената точка на земјата од нејзиниот центар.
  • 1:12 - 1:15
    И многу е интересно за кажување.
  • 1:15 - 1:16
    Па затоа веднаш одлучив,
  • 1:16 - 1:18
    вака ќе се вика играта,
  • 1:18 - 1:20
    односно мојот нов извик.
  • 1:20 - 1:20
    Може да го користите на ТЕД.
  • 1:20 - 1:22
    Чимборазо, нели?
  • 1:22 - 1:24
    Тоа е како „еурека“ и „бинго“ да направиле бебе.
  • 1:24 - 1:25
    Не го знаев тоа;
  • 1:25 - 1:27
    мошне интересно.
  • 1:27 - 1:29
    Чимборазо!
  • 1:29 - 1:32
    Следното правило на играта е исто така доста едноставно.
  • 1:32 - 1:35
    Треба само да најдете друг непознат збор и да го побарате.
  • 1:35 - 1:37
    Во старите времиња, тоа значело вадење на еден том
  • 1:37 - 1:39
    и пребарување по азбучен ред,
  • 1:39 - 1:40
    па можеби и одвлекување на вниманието,
  • 1:40 - 1:41
    забавно било.
  • 1:41 - 1:43
    Во денешно време има избор од илјадници линкови.
  • 1:43 - 1:45
    Можам да одам буквално каде било во светот,
  • 1:45 - 1:47
    и си помислив кога веќе сум во Еквадор,
  • 1:47 - 1:50
    одлучив да кликнам на зборчето „тропски“.
  • 1:50 - 1:55
    Тоа ме одведе на овој влажен и топол тропски појас
  • 1:55 - 1:56
    што ја обиколува Земјата.
  • 1:56 - 1:59
    Оноа е Тропик на ракот на север
  • 1:59 - 2:00
    и Тропик на јарецот на југ,
  • 2:00 - 2:01
    тоа го знаев,
  • 2:01 - 2:03
    но се изненадив од следново фактче:
  • 2:03 - 2:05
    Тие не се картографкси одредници,
  • 2:05 - 2:09
    како географска ширина или границите помеѓу земјите,
  • 2:09 - 2:12
    тие се астрономски феномени предизвикани од накосеноста на Земјата,
  • 2:12 - 2:13
    и променливи се.
  • 2:13 - 2:16
    Се движат; одат нагоре, одат надолу.
  • 2:16 - 2:19
    Впрочем, со години, Тропикот на ракот и Тропикот на јарецот
  • 2:19 - 2:22
    постепено се поместуваат накај екваторот
  • 2:22 - 2:24
    со стапка од околу 15 метри годишно,
  • 2:24 - 2:25
    и никој не ми го кажал тоа.
  • 2:25 - 2:26
    Не го знаев.
  • 2:26 - 2:28
    Чимборазо!
  • 2:28 - 2:33
    Па, за да продолжи играта, треба да најдам друг збор и да го побарам.
  • 2:33 - 2:37
    Кога веќе сум во тропските предели, одбрав „Тропски дождовни шуми“.
  • 2:37 - 2:39
    Познати по нивната разноликост, човекова разноликост.
  • 2:39 - 2:45
    Сè уште има десетици и десетици неоткирени племиња на планетава.
  • 2:45 - 2:49
    Ги има насекаде, но во суштина сите живеат во тропските шуми.
  • 2:49 - 2:54
    Тоа е единственото место во денешно време каде може да отидете, а да не се „спријателите“.
  • 2:54 - 3:03
    Линкот што го кликнав тука беше егзотичен на почетокот и апсолутно мистериозен при самиот крај.
  • 3:03 - 3:10
    Се однесуваше на леопарди и коати, отровни жаби и боа констриктори, потоа
  • 3:10 - 3:12
    тврдокрилци,
  • 3:12 - 3:15
    што излезе дека се бубачки.
  • 3:15 - 3:17
    Е сега намерно кликнав тука,
  • 3:17 - 3:19
    но ако се најдев овде по грешка,
  • 3:19 - 3:21
    ќе ме асоцираше, за бендот одете на „Битлси“,
  • 3:21 - 3:23
    за автомобилот одете на „Фолксваген Буба“,
  • 3:23 - 3:25
    но јас сум тука баш за бубачките.
  • 3:25 - 3:29
    Ова е дефинитивно најуспешниот поредок на планетава.
  • 3:29 - 3:34
    Некаде околу 20 и 25 проценти од сиот жив свет на планетава,
  • 3:34 - 3:35
    вклучувајќи ги и растенијата, се бубачки.
  • 3:35 - 3:38
    Тоа значи наредниот пат кога ќе одите во продавница,
  • 3:38 - 3:40
    погледнете ги четворицата пред вас во редот.
  • 3:40 - 3:43
    Статистички, еден од вас е бубачка.
  • 3:43 - 3:48
    И ако тоа сте вие, неверојатно добро сте се адаптирале.
  • 3:48 - 3:53
    Има бубачки мршојадци кои ја глодаат кожата и месото од коските во музеи.
  • 3:53 - 3:57
    Има бубчки предатори, кои напаѓаат други инсекти
  • 3:57 - 3:58
    и пак ни се слатки.
  • 3:58 - 4:02
    Има бубачки кои тркалаат мали топчиња од измет
  • 4:02 - 4:05
    на огромни далечини низ пустините за да ги нахранат малечките.
  • 4:05 - 4:09
    Ова ги потсетувало античките Египјани на нивниот бог Кхепри,
  • 4:09 - 4:12
    кој секое утро ја обновувал куглата на сонцето,
  • 4:12 - 4:14
    па така овој лепешкар
  • 4:14 - 4:20
    станал светиот лепешкар на панцирот на фараонот Тутанкамон.
  • 4:20 - 4:26
    Се потсетив дека бубачките имаат најромантичен флерт во царството на животните.
  • 4:26 - 4:28
    Светулките не се мушички, туку бубачки.
  • 4:28 - 4:33
    Светулките се тврдокрилци, а тврдокрилците комуницираат и на други начини.
  • 4:33 - 4:35
    Како следниов линк:
  • 4:35 - 4:38
    Хемискиот јазик на феромоните.
  • 4:38 - 4:44
    Страницата за феромоните сега ме одведе до едно видео од морски еж што се секса.
  • 4:44 - 4:47
    Тоа е тоа.
  • 4:47 - 4:51
    (Смеа)
  • 4:51 - 4:53
    И линкот за афродизијак.
  • 4:53 - 4:54
    Тоа е нешто што го зголемува сексуалниот нагон,
  • 4:54 - 4:56
    по можност чоколадата.
  • 4:56 - 5:00
    Во чоколадата има соединение што се вика фенилетиламин
  • 5:00 - 5:01
    што може да биде афродизијак.
  • 5:01 - 5:04
    Но како што се споменува во статијата,
  • 5:04 - 5:05
    поради разложување на ензимите,
  • 5:05 - 5:09
    малку е веројатно дека фенилетиламинот ќе стигне до мозокот ако се зема орално.
  • 5:09 - 5:12
    Па затоа, вие што само јадете чоколада, може ќе треба да експериментирате малку.
  • 5:12 - 5:16
    Го кликнав линкот тука,
  • 5:16 - 5:21
    „симпатична магија“, најмногу зашто ги разбирам и двата збора.
  • 5:21 - 5:23
    Но, не и кога се вака заедно.
  • 5:23 - 5:26
    Ја сакам симпатијата. Ја сакам магијата.
  • 5:26 - 5:28
    Па кога ќе кликнам на „симпатична магија“,
  • 5:28 - 5:32
    добивам симпатична магија и вуду кукли.
  • 5:32 - 5:35
    На детето во мене повторно му се посреќи.
  • 5:35 - 5:37
    Симпатичната магија е имитација.
  • 5:37 - 5:39
    Ако имитирате нешто, можеби ќе можете да влијаете врз нештото.
  • 5:39 - 5:44
    Тоа е идејата на вуду куклите, како и на пештерските цртежи.
  • 5:44 - 5:49
    Линкот на пештерските цртежи ме одведе до еден од најстарите живописи во човештвото.
  • 5:49 - 5:51
    Баш би сакал да видам Гугл мапи за некои од пештериве.
  • 5:51 - 5:55
    Имаме десетици илјади години стари цртежи.
  • 5:55 - 6:00
    Најзастапените теми околу светот содржат големи диви животни и отпечатоци од човечки раце,
  • 6:00 - 6:02
    обично левата.
  • 6:02 - 6:06
    Со милениуми сме биле претежно деснорако племе,
  • 6:06 - 6:12
    па иако не знам зошто палеолитска особа би си ја отцртувал раката
  • 6:12 - 6:14
    или би ја пигментирал,
  • 6:14 - 6:16
    можам да замислам како го правел тоа.
  • 6:16 - 6:21
    Мислам дека навистина не се разликува многу од нашата доминантна мала рака аватар
  • 6:21 - 6:24
    онаму со којашто сега ќе кликнам на зборот „рака“,
  • 6:24 - 6:30
    одам на страницата за „рака“, каде што најдов најинтересна и веројатно непријатна тривијалност
  • 6:30 - 6:32
    каква што не сум нашол одамна. Станува збор за ова:
  • 6:32 - 6:37
    Задниот дел од раката формално се нарекува опистенар.
  • 6:37 - 6:40
    Е тоа е срамота, затоа што сè досега,
  • 6:40 - 6:43
    секој пат кога велев, „го знам тоа како како задниот дел од раката“,
  • 6:43 - 6:46
    всушност сум велел, „сосема ми е познато тоа,
  • 6:46 - 6:48
    само што не му го знам името да му се сневиди, нели?“
  • 6:48 - 6:52
    Линкот што го кликнав тука,
  • 6:52 - 6:56
    значи лемурите, мајмуните и шимпанзате имаат мали опистенари.
  • 6:56 - 7:00
    Кликнувам на шимпанзо, и го добивам генетички најблискиот роднина.
  • 7:00 - 7:04
    Пан троглодити, како што ги нарекуваме, значи „пештерски жител“.
  • 7:04 - 7:06
    Но, не е така.
  • 7:06 - 7:08
    Тие живеат во дождовните шуми и саваните.
  • 7:08 - 7:11
    Само што секогаш си мислиме дека тие заостануваат зад нас,
  • 7:11 - 7:14
    еволуциски или некако чудно ни се прикрадуваат,
  • 7:14 - 7:18
    па во некои случаи се и пред нас.
  • 7:18 - 7:23
    Како на следниов мој линк, речиси неодоливиот линк, Хам астро-шимпанзото.
  • 7:23 - 7:27
    Кликнувам на него, и навистина мислев дека повторно ќе ме сврти во круг.
  • 7:27 - 7:28
    Роден е во Камерун,
  • 7:28 - 7:32
    што се наоѓа токму среде мојата тропска мапа,
  • 7:32 - 7:38
    а згора на тоа неговиот скелет се најде во Смитсонијан музејот каде го глодаа бубачки.
  • 7:38 - 7:41
    Покрај тие две значајни настани во животот на Хам,
  • 7:41 - 7:44
    тој леташе и во вселената.
  • 7:44 - 7:47
    Тој ја доживеа бестежинската состојба и приземјувањето,
  • 7:47 - 7:50
    месеци пред првиот човек да го стори тоа,
  • 7:50 - 7:52
    советскиот космонаут Јури Гагарин.
  • 7:52 - 7:55
    Кога кликнувам на страницата на Јури Гагарин,
  • 7:55 - 7:57
    го добивам овој тип кој бил доста низок,
  • 7:57 - 7:59
    но многу смел.
  • 7:59 - 8:03
    Врвните пресметки, Советските пресметки, велат дека бил висок 1.65 метри,
  • 8:03 - 8:06
    тоа е помалку од пет ипол стапки,
  • 8:06 - 8:09
    можеби затоа што бил неухранет како мал.
  • 8:09 - 8:12
    Германците ја окупираа Русија.
  • 8:12 - 8:15
    Нацистички офицер се вселил во домаќинството на Гагарин,
  • 8:15 - 8:18
    а тој и неговото семејство изградиле и живееле во колиба од кал.
  • 8:18 - 8:21
    Години подоцна, детето од таа тесна колиба
  • 8:21 - 8:25
    порасна и стана човекот што влезе во таа тесна капсула,
  • 8:25 - 8:26
    на врвот од ракетата,
  • 8:26 - 8:30
    којшто доброволно се пријавил да биде лансиран во вселената,
  • 8:30 - 8:34
    првиот човек кој навистина физички ја напуштил планетата.
  • 8:34 - 8:35
    И не само што ја напуштил,
  • 8:35 - 8:38
    туку ја заобиколил.
  • 8:38 - 8:40
    Педесет години подоцна, во знак на почит,
  • 8:40 - 8:44
    Меѓународната вселенска станица, којашто е таму горе и вечерва,
  • 8:44 - 8:48
    ја синхронизираше својата орбита со онаа на Гагарин,
  • 8:48 - 8:49
    во точното време од денот,
  • 8:49 - 8:51
    и ја снимаше,
  • 8:51 - 8:55
    па така можете да одите онлајн и да гледате преку 100 минути
  • 8:55 - 8:58
    од тоа крајно вчудовидувачко,
  • 8:58 - 8:59
    а веројатно и осамено возење,
  • 8:59 - 9:01
    првиот човек што некогаш видел такво нешто.
  • 9:01 - 9:03
    Па кога тоа ќе ви здодее,
  • 9:03 - 9:06
    можете да кликнете на уште еден линк.
  • 9:06 - 9:07
    Може да се вратите на Земјата.
  • 9:07 - 9:09
    Се враќате на почетокот.
  • 9:09 - 9:11
    Може да ја завршите играта.
  • 9:11 - 9:15
    Треба само да најдете уште еден факт што не сте го знаеле.
  • 9:15 - 9:17
    Па така јас набрзина наидов на ова:
  • 9:17 - 9:22
    Земјата има отпорност од околу .17 проценти од референтниот сфероид,
  • 9:22 - 9:26
    што е помалку од .22-те проценти, дозволени кај топките за билјард.
  • 9:26 - 9:29
    Вакви факти обожавав како мал.
  • 9:29 - 9:30
    Го пронајдов самиот.
  • 9:30 - 9:32
    Има малку математика што ја разбирам.
  • 9:32 - 9:34
    Прилично сум сигурен дека татко ми не го знае.
  • 9:34 - 9:40
    Тоа значи дека кога би можеле да ја смалите Земјата колку една топка за билјард,
  • 9:40 - 9:46
    кога би можеле да ја земете планетата Земја, со сите свои планински врвови и пештери,
  • 9:46 - 9:51
    дождовни шуми, астронаути и неоткриени племиња и шимпанза, вуду кукли,
  • 9:51 - 9:56
    светулки, чоколада, морски суштества што водат љубов во длабочините на морето,
  • 9:56 - 9:59
    сето тоа да го смалите колку една топка за билјард,
  • 9:59 - 10:03
    би била мазна исто како топка за билјард,
  • 10:03 - 10:08
    а топката веројатно би била малку испупчена на средината.
  • 10:08 - 10:11
    Тоа е доста штосно.
  • 10:11 - 10:13
    Не го знаев тоа.
  • 10:13 - 10:15
    Чимборазо!
  • 10:15 - 10:16
    Ви благодарам.
  • 10:16 - 10:16
    (Аплауз)
Title:
Ривс: Одново осмислување на енциклопедиската игра
Speaker:
Rives
Description:

Поттикнат од фактот што енциклопедијата Британика стави крај на своите печатени изданија, поетот Ривс ја оживува играта од своето детство. Говорејќи на TEDxSummit средбата во Доха, Ривс не води на една шармантна турнеја низ случајни (и помалку случајни) делови од човечкото знаење: од Чимборазо, најоддалечената точка од центарот на Земјата, до Хем астро-шимпанзото, првото шимпанзо во вселената.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
10:46
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
Hari Furnadjiski - Adams edited Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
Hari Furnadjiski - Adams edited Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
Hari Furnadjiski - Adams edited Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
Hari Furnadjiski - Adams edited Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
Hari Furnadjiski - Adams edited Macedonian subtitles for Reinventing the encyclopedia game
Show all

Macedonian subtitles

Revisions