Return to Video

Тајната на успешен и ненасилен отпор.

  • 0:01 - 0:04
    Војната е дел од мојот живот
    откако паметам.
  • 0:05 - 0:09
    Родена сум во Авганистан, шест месеци
    по Советската инвазија
  • 0:10 - 0:13
    и иако бев премлада да сфатам
    што се случува
  • 0:13 - 0:16
    длабоко го чувствував страдањето
    и стравот околу мене.
  • 0:17 - 0:22
    Ова рано искуство најмногу влијаеше на
    мојот денешен став кон војната и судирот.
  • 0:23 - 0:26
    Научив дека, кога основните човекови права
    им се нарушени,
  • 0:27 - 0:28
    повеќето луѓе
  • 0:28 - 0:29
    се борат до крај.
  • 0:30 - 0:32
    За овие видови судири-
  • 0:32 - 0:33
    кога човековите права се нарушени,
  • 0:33 - 0:35
    кога нивните земји се окупирани,
  • 0:35 - 0:37
    кога тие се угнетени и понижени-
  • 0:37 - 0:41
    потребен е моќен начин за отпор и борба.
  • 0:41 - 0:46
    Што значи, без разлика колку уништувачко
    и ужасно е насилството,
  • 0:46 - 0:48
    ако луѓето си го постават
    како единствен избор,
  • 0:48 - 0:50
    тие ќе го употребат.
  • 0:50 - 0:54
    Повеќето од нас сме загрижени за
    степенот на насилство во светот.
  • 0:54 - 0:55
    Но нема да запреме војна
  • 0:56 - 0:58
    зборувајќи дека насилството
    е морално погрешно.
  • 0:59 - 1:01
    Наместо тоа треба да им дадеме алат
  • 1:01 - 1:05
    кој е истото толку моќен и ефикасен
    како и насилството.
  • 1:06 - 1:07
    Ова е мојата работа.
  • 1:08 - 1:09
    Последните 13 години
  • 1:09 - 1:11
    ги подучувам луѓето
  • 1:11 - 1:14
    во најтешките состојби во светот
  • 1:14 - 1:17
    како да употребат ненасилна борба
    за справување со конфликт.
  • 1:18 - 1:23
    Повеќето ја поистоветуваат оваа
    активност со Ганди и М.Л.Кинг.
  • 1:24 - 1:27
    Но луѓето користат ненасилни дејствија
    илјадници години.
  • 1:28 - 1:32
    Всушност, повеќето права кои
    ги имаме денес во оваа земја-
  • 1:32 - 1:33
    како жени,
  • 1:33 - 1:35
    како малцинства,
  • 1:35 - 1:36
    како работници,
  • 1:36 - 1:38
    како луѓе со различна
    сексуална ориентација
  • 1:38 - 1:41
    и граѓани загрижени за животната средина-
  • 1:41 - 1:43
    овие права не ни беа доделени.
  • 1:43 - 1:45
    Беа стекнати од луѓе кои
    се изборија за нив
  • 1:45 - 1:47
    и кои се жртвуваа за нив.
  • 1:47 - 1:50
    Но бидејќи не научивме
    од ова минато,
  • 1:50 - 1:54
    ненасилната борба како вештина е
    нашироко погрешно сфатена.
  • 1:54 - 1:58
    Неодамна се сретнав со група
    активисти од Етиопија,
  • 1:58 - 2:01
    и ми кажаа нешто што често го слушам.
  • 2:01 - 2:03
    Рекоа веќе се обиделе со
    ненансилни дејствија
  • 2:03 - 2:05
    и не им успеа.
  • 2:05 - 2:07
    Пред неколку години организирале протест.
  • 2:07 - 2:11
    Власта ги уапсила сите
    и тоа бил крај на сѐ.
  • 2:11 - 2:15
    Идејата дека ненасилната борба е
    еднаква на уличните протести
  • 2:15 - 2:17
    е вистински проблем.
  • 2:17 - 2:22
    Иако протестите се одличен начин
    луѓето да покажат дека сакаат промени,
  • 2:22 - 2:24
    сепак сами по себе, тие
    не водат промени-
  • 2:25 - 2:26
    барем не коренити промени.
  • 2:27 - 2:28
    (Смеа)
  • 2:28 - 2:31
    Моќните противници нема да им
    дадат на луѓето она што го бараат
  • 2:31 - 2:33
    само затоа што тие културно побарале ...
  • 2:34 - 2:35
    или дури не толку културно.
  • 2:35 - 2:37
    (Смеа)
  • 2:37 - 2:40
    Ненасилната борба го уништува
    противникот,
  • 2:40 - 2:41
    не физички,
  • 2:41 - 2:46
    туку со препознавање на институциите
    нужни за опстанок на противникот
  • 2:46 - 2:48
    а потоа не давајќи им пристап
    до изворите на моќ.
  • 2:48 - 2:51
    Ненасилните активисти можат да
    ја неутрализираат армијата
  • 2:51 - 2:53
    така што ги тераат војниците
    да дезертираат.
  • 2:54 - 2:57
    Можат да ја подринат економијата
    преку штрајк и бојкот.
  • 2:57 - 2:59
    И можат да ја предизвикаат
    владина пропаганда
  • 3:00 - 3:01
    со создавање на алтернативни медиуми.
  • 3:02 - 3:05
    Има разни методи кои можат да се применат.
  • 3:05 - 3:08
    Мојата колешка и ментор, Џин Шарп,
  • 3:08 - 3:13
    идентификува 198 методи на
    ненасилни дејствија.
  • 3:14 - 3:16
    Протестот е само еден пример.
  • 3:16 - 3:18
    Ќе ви дадам неодамнешен пример.
  • 3:19 - 3:20
    До пред неколку месеци ,
  • 3:20 - 3:24
    во Гватемала владееја корумпирани
    воени службеници
  • 3:24 - 3:25
    поврзани со организиран криминал.
  • 3:26 - 3:28
    Луѓето беа свесни за ова,
  • 3:28 - 3:31
    но повеќето не беа доволни моќни
    да направат било што,
  • 3:32 - 3:36
    сѐ додека група граѓани, само 12
    обични луѓе,
  • 3:37 - 3:39
    не ги повикаа нивните пријатели на Фејсбук
  • 3:39 - 3:43
    да се соберат на градскиот плоштад
    држејќи знаци со порака:
  • 3:43 - 3:44
    "Renuncia YA" --
  • 3:45 - 3:46
    -Оставка веќе.
  • 3:47 - 3:49
    На нивно изненадување
  • 3:49 - 3:50
    30.000 луѓе се појавија.
  • 3:51 - 3:54
    Останаа таму со месеци при што
    протестот се ширеше во земјата.
  • 3:55 - 3:56
    Едно време,
  • 3:56 - 4:00
    организаторите доставија стотици јајца
    во разни владини згради
  • 4:00 - 4:01
    со порака:
  • 4:02 - 4:04
    „Ако немате huevos'" -
  • 4:04 - 4:05
    мадиња-
  • 4:05 - 4:08
    да ги спречите корумпираните кандидати
    да се кандидираат на избори
  • 4:08 - 4:10
    може да ги позајмите нашите.“
  • 4:10 - 4:11
    (Смеа)
  • 4:11 - 4:15
    (Аплауз)
  • 4:16 - 4:18
    Претседателот Молина одговори
  • 4:18 - 4:20
    колнејќи се дека никогаш
    нема да отстапи.
  • 4:21 - 4:24
    Активистите сфатија дека не можат
    само да протестираат
  • 4:24 - 4:26
    и да бараат оставка од претседателот.
  • 4:26 - 4:28
    Мораа да го остават без избор.
  • 4:29 - 4:31
    Организираа генерален штрајк
  • 4:31 - 4:33
    со кој луѓето ширум земјата
    одбиваа да работат.
  • 4:33 - 4:35
    Само во градот Гватемала
  • 4:35 - 4:38
    преку 400 фирми и училишта
    ги затворија вратите.
  • 4:38 - 4:40
    Во меѓувреме,
  • 4:40 - 4:42
    земјоделците во земјата ги
    блокираа главните патишта.
  • 4:42 - 4:44
    За пет дена,
  • 4:44 - 4:45
    претседателот
  • 4:45 - 4:48
    заедно со повеќе владини службеници
  • 4:48 - 4:49
    поднесоа оставка.
  • 4:49 - 4:53
    (Аплауз)
  • 4:53 - 4:55
    Мошне сум инспирирана
  • 4:55 - 4:59
    од креативноста и смелоста на луѓето
    кои користат ненасилни средства
  • 4:59 - 5:01
    во речиси секоја земја во светот.
  • 5:02 - 5:03
    На пример,
  • 5:03 - 5:05
    неодамна група активисти во Уганда
  • 5:05 - 5:08
    ослободија кафез со свињи на улиците.
  • 5:08 - 5:12
    Овде гледате дека полицијата е збунета
    и не знае како да реагира.
  • 5:12 - 5:13
    (Смеа)
  • 5:13 - 5:15
    Свињите беа обоени во боите
    на владејачката партија.
  • 5:16 - 5:18
    Една свиња дури носеше и шешир
  • 5:18 - 5:20
    кој луѓето го препознаа.
  • 5:20 - 5:21
    (Смеа)
  • 5:22 - 5:26
    Активистите во светот стануваат сѐ подобри
    во придобивање наслови
  • 5:26 - 5:28
    но овие изолирани дејствија прават малку
  • 5:28 - 5:31
    ако не се дел од поголема стратегија.
  • 5:31 - 5:33
    Генералот нема да ги поведе
    трупите во битка
  • 5:33 - 5:35
    ако нема план да ја добие војната.
  • 5:35 - 5:38
    Сепак, вака оперираат повеќето
    светски ненасилни движења.
  • 5:39 - 5:43
    Ненасилната битка е исто толку
    сложена колку и војувањето,
  • 5:43 - 5:44
    ако не и повеќе.
  • 5:44 - 5:49
    Нејзините учесници мора да се
    добро обучени и со јасни цели,
  • 5:49 - 5:53
    а водачите мора да имаат стратегија
    како да ги достигнат целите.
  • 5:53 - 5:57
    Вештината на војување е
    создавана илјадници години
  • 5:57 - 5:58
    со огромни ресурси,
  • 5:58 - 6:01
    а некои од најдобрите умови
    се посветија да го разберат
  • 6:01 - 6:03
    и унапредат начинот на работа.
  • 6:04 - 6:08
    Во меѓувреме, ненасилната борба ретко
    е систематски проучувана,
  • 6:08 - 6:10
    и иако бројот расте,
  • 6:10 - 6:14
    сеуште има само десетина луѓе
    во светот кои го предаваат тоа.
  • 6:15 - 6:16
    Тоа е опасно,
  • 6:16 - 6:20
    бидејќи знаеме дека старите начини
    за справување со конфликти
  • 6:20 - 6:24
    не се адекватни на новите предизвици
    со кои се соочуваме.
  • 6:24 - 6:26
    Владата на САД неодамна призна
  • 6:26 - 6:29
    дека е во ќор-сокак во војната со ИСИС.
  • 6:29 - 6:31
    Но она што повеќето луѓе не го знаат
  • 6:31 - 6:35
    е дека луѓето им се спротивставија
    на ИСИС со ненасилни средства.
  • 6:35 - 6:39
    Кога ИСИС го зароби Мосул во јуни 2014,
  • 6:39 - 6:43
    изјавија дека воведуваат нови
    наставни планови во училиштата засновани
  • 6:43 - 6:45
    на нивната екстремистичка идеологија.
  • 6:46 - 6:47
    Но на првиот училишен ден,
  • 6:48 - 6:49
    ниту едно дете не се појави.
  • 6:50 - 6:53
    Родителите едноставно одбија да ги пратат.
  • 6:53 - 6:56
    Им кажаа на новинарите дека подобро
    дома ќе ги подучуваат децата
  • 6:56 - 6:58
    отколку да им ги перат мозоците.
  • 6:59 - 7:02
    Ова е само еден пример
    на непослушност
  • 7:02 - 7:03
    само во еден град.
  • 7:04 - 7:05
    Но што ако се координира
  • 7:05 - 7:08
    со многу други дејствија
    на ненасилен отпор
  • 7:08 - 7:10
    кои веќе се случија кон ИСИС?
  • 7:10 - 7:13
    Што ако бојкотот на родителите
    беше дел од поголема стратегија
  • 7:13 - 7:18
    да се откријат и прекинат
    потребните извори за ИСИС;
  • 7:18 - 7:21
    Квалификувани работници
    кои произведуваат храна;
  • 7:21 - 7:24
    инжињери неопходни за вадење
    и преработка на нафта;
  • 7:24 - 7:27
    медиумската инфраструктура,
    комуникациската мрежа
  • 7:27 - 7:29
    транспортниот систем
  • 7:29 - 7:31
    и локалните бизниси
    на кои ИСИС се потпира?
  • 7:32 - 7:35
    Изгледа незамисливо да се победи ИСИС
  • 7:35 - 7:37
    со дејствија кои се ненасилни.
  • 7:38 - 7:41
    Но време е да се запрашаме како
    размислуваме за конфликтот
  • 7:41 - 7:43
    и каков избор имаме
    да се соочиме со него.
  • 7:44 - 7:46
    Еве идеја што вреди да се распространи:
  • 7:46 - 7:50
    да научиме повеќе за тоа каде успеале
    ненасилните дејствија
  • 7:50 - 7:52
    и како да ги направиме посилни,
  • 7:52 - 7:55
    како што правиме со други
    системи и технологии
  • 7:55 - 7:59
    кои постојано се подобруваат во
    корист на потребите на луѓето.
  • 7:59 - 8:03
    Можеби можеме да го подобриме
    ненасилното дејствување
  • 8:03 - 8:06
    до точка кога сѐ почесто
    ќе се користи наместо војна.
  • 8:07 - 8:11
    Насилството како алат на конфликтот
    тогаш може да се отфрли
  • 8:11 - 8:13
    исто како што се исфрлени
    лакот и стрелата.
  • 8:13 - 8:17
    зашто ги заменивме со оружје
    кое е поефикасно.
  • 8:17 - 8:22
    Со човековите откритија можеме да ја
    направиме ненасилната борба помоќна
  • 8:22 - 8:25
    од последните и најнови
    технологии на војна.
  • 8:26 - 8:30
    Најголемата надеж за човештвото
    не е во осудата на насилството
  • 8:30 - 8:33
    туку во неговото надминување.
  • 8:34 - 8:36
    Благодарам!
  • 8:36 - 8:44
    (Аплауз)
Title:
Тајната на успешен и ненасилен отпор.
Speaker:
Џамила Ракиб
Description:

Насилството нема да заврши со тоа што ќе им кажуваме на луѓето дека тоа е морално погрешно, вели Џамила Ракиб, извршен директор на Институтот Алберт Ајнштајн. Наместо тоа, треба да изнајдеме алтернативни начини за справување со конфликти, начини кои се исто толку моќни и ефикасни. Ракиб промовира ненасилен отпор за луѓето кои живеат под тиранија- тоа е многу повеќе од улични протести. Таа споделува охрабрувачки примери за креативни стратегии кои овозможиле промени во светот и порака со надеж за иднина без вооружени конфликти. „Најголемата надеж за човештвото не лежи во осудување на насилството туку негово надминување“-вели Ракиб.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
08:57
ALEKSANDAR MITEVSKI approved Macedonian subtitles for How nonviolence can win a war
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How nonviolence can win a war
Davor Stevcheski accepted Macedonian subtitles for How nonviolence can win a war
Davor Stevcheski edited Macedonian subtitles for How nonviolence can win a war
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How nonviolence can win a war
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How nonviolence can win a war
Julia Kalaputi edited Macedonian subtitles for How nonviolence can win a war

Macedonian subtitles

Revisions