Return to Video

Хјонсео Ли: Моето бегство од Северна Кореја

  • 0:00 - 0:02
    Кога бев малечка,
  • 0:02 - 0:05
    мислев дека мојата земја е најдобрата на светот,
  • 0:05 - 0:08
    и израснав пеејќи ја песната "Нема на што да завидуваме".
  • 0:08 - 0:11
    И бев многу горда.
  • 0:11 - 0:13
    Во училиште, многу долго време поминавме
  • 0:13 - 0:15
    учејќи за историјата на Ким Ил Сон,
  • 0:15 - 0:19
    но не учевме многу за надворешниот свет,
  • 0:19 - 0:24
    освен тоа дека Америка, Јужна Кореја и Јапонија ни се непријатели.
  • 0:24 - 0:27
    Иако честопати размислував за надворешниот свет,
  • 0:27 - 0:31
    сепак претпоставував дека целиот живот ќе го поминам во С.Кореја,
  • 0:31 - 0:35
    сè до моментот кога наеднаш сè се смени.
  • 0:35 - 0:39
    Кога имав седум години, за првпат присуствував на јавно погубување,
  • 0:39 - 0:43
    но си мислев дека животот во Северна Кореја е нормален.
  • 0:43 - 0:45
    Моето семејство не беше сиромашно,
  • 0:45 - 0:48
    а јас никогаш немав почувствувано глад.
  • 0:48 - 0:53
    Но еден ден, во 1995, мајка ми дома донесе писмо
  • 0:53 - 0:55
    од сестрата на една нејзина колешка.
  • 0:55 - 1:00
    Пишуваше, "Кога ќе го читате ова, сите пет членови на семејството
  • 1:00 - 1:03
    ќе бидеме починати,
  • 1:03 - 1:07
    бидејќи немаме јадено изминативе две недели.
  • 1:07 - 1:09
    Сите заедно лежиме на подот,
  • 1:09 - 1:18
    а нашите тела се толку слаби и подготвени сме да умреме."
  • 1:18 - 1:21
    Јас бев шокирана.
  • 1:21 - 1:23
    Тогаш за првпат слушнав
  • 1:23 - 1:28
    дека луѓето во мојата земја страдаат.
  • 1:28 - 1:31
    Набргу после тоа, кога поминав покрај железничката станица,
  • 1:31 - 1:32
    видов нешто ужасно
  • 1:32 - 1:36
    што не можам да го избришам од сеќавањето.
  • 1:36 - 1:39
    Безживотна жена лежеше на земјата,
  • 1:39 - 1:43
    додека слабото дете во нејзините раце,
  • 1:43 - 1:47
    беспомошно зјапаше во лицето на неговата мајка.
  • 1:47 - 1:51
    Но никој не им помогна, бидејќи сите беа
  • 1:51 - 1:56
    загрижени за себе и за своите семејства.
  • 1:56 - 2:00
    Огромна глад ја погоди Северна Кореја во средината на 90-тите.
  • 2:00 - 2:03
    На крајот, повеќе од милион Севернокорејци
  • 2:03 - 2:06
    починаа за време на гладот, и многумина преживеаја
  • 2:06 - 2:12
    јадејќи само трева, бубачки и кора од дрво.
  • 2:12 - 2:15
    Сè почести беа прекините на струја,
  • 2:15 - 2:19
    а ноќите беа обвиени во целосен мрак,
  • 2:19 - 2:22
    освен морето од светилки во Кина,
  • 2:22 - 2:24
    која беше веднаш преку реката од мојот дом.
  • 2:24 - 2:30
    Отсекогаш се прашував зошто немаме светилки како нив.
  • 2:30 - 2:34
    Ова е сателитска снимка на која се гледа Северна Кореја навечер
  • 2:34 - 2:37
    во споредба со соседите.
  • 2:37 - 2:39
    Ова е реката Амрок,
  • 2:39 - 2:42
    која служи како дел од границата
  • 2:42 - 2:44
    помеѓу Северна Кореја и Кина.
  • 2:44 - 2:47
    Како што гледате, на одредени места, реката
  • 2:47 - 2:53
    е многу тесна, овозможувајќи им на Севернокорејците тајно да преминат.
  • 2:53 - 2:55
    Но многумина умираат.
  • 2:55 - 3:02
    Понекогаш, можев да видам мртви тела како пловат по реката.
  • 3:02 - 3:07
    Не можам да откријам многу детали за тоа како ја напуштив С.Кореја,
  • 3:07 - 3:11
    само ќе кажам дека за време на грдите години додека траеше гладот,
  • 3:11 - 3:16
    бев испратена да живеам во Кина, кај едни далечни роднини.
  • 3:16 - 3:18
    Но, си мислев
  • 3:18 - 3:22
    дека од семејството ќе бидам раздвоена само за краток период.
  • 3:22 - 3:24
    Не можев ни да претпоставам
  • 3:24 - 3:29
    дека ќе поминат 14 години до нашата следна средба.
  • 3:29 - 3:33
    Во Кина, ми беше тешко без моето семејство бидејќи сеуште бев мала.
  • 3:33 - 3:36
    Немав претстава каков ќе ми биде животот
  • 3:36 - 3:38
    како севернокорејски бегалец,
  • 3:38 - 3:42
    но набргу сфатив дека не само што е неверојатно тешко,
  • 3:42 - 3:44
    туку е, и многу опасно,
  • 3:44 - 3:49
    бидејќи во Кина, бегалците од Северна Кореја се сметаат
  • 3:49 - 3:52
    како илегални мигранти.
  • 3:52 - 3:54
    Па така, живеев во постојан страв
  • 3:54 - 3:57
    дека ќе ми го откријат идентитетот,
  • 3:57 - 4:00
    и ќе ме депортираат во Северна Кореја, каде
  • 4:00 - 4:03
    ќе ме снајде ужасна судбина.
  • 4:03 - 4:06
    Еден ден, мојот најлош кошмар се оствари,
  • 4:06 - 4:08
    кога бев приведена од кинеската полиција и
  • 4:08 - 4:12
    однесена во полициската станица на испрашување.
  • 4:12 - 4:16
    Некој ме пријавил дека сум од Северна Кореја,
  • 4:16 - 4:20
    па затоа ме тестираа да видат колку го познавам
  • 4:20 - 4:23
    Кинескиот јазик, и ми поставија куп прашања.
  • 4:23 - 4:25
    Бев ептен исплашена,
  • 4:25 - 4:28
    мислев дека ќе ми експлодира срцето.
  • 4:28 - 4:32
    Ако се посомневаа, можеа да ме затворат
  • 4:32 - 4:34
    и да ме депортираат.
  • 4:34 - 4:36
    Мислев дека е дојден крајот,
  • 4:36 - 4:40
    но некако ги исконтролирав емоциите
  • 4:40 - 4:41
    и одговорив на прашањата.
  • 4:41 - 4:44
    Откако завршија со испрашувањето,
  • 4:44 - 4:46
    едниот инспектор му рече на другиот,
  • 4:46 - 4:48
    "Ова е лажна пријава.
  • 4:48 - 4:50
    Не е од Северна Кореја."
  • 4:50 - 4:54
    И така ме пуштија. Тоа беше чудо.
  • 4:54 - 4:57
    Во Кина, некои Севернокорејци бараат азил
  • 4:57 - 4:59
    во странските амбасади,
  • 4:59 - 5:03
    но ризикуваат да бидат фатени од кинеската полиција
  • 5:03 - 5:04
    и да бидат депортирани.
  • 5:04 - 5:06
    Овие девојчиња имаа многу среќа.
  • 5:06 - 5:08
    Иако беа фатени, на крај
  • 5:08 - 5:09
    сепак беа ослободени
  • 5:09 - 5:12
    после силниот меѓународен притисок.
  • 5:12 - 5:16
    Овие Севернокорејци немаа толку среќа.
  • 5:16 - 5:20
    Во Кина, секоја година фаќаат безброј Севернокорејци,
  • 5:20 - 5:22
    и ги депортираат во Северна Кореја,
  • 5:22 - 5:26
    каде што може да бидат мачени, затворени
  • 5:26 - 5:29
    или јавно погубени.
  • 5:29 - 5:32
    Иако јас имав огромна среќа да избегам,
  • 5:32 - 5:35
    многу други Севернокорејци немаат таква среќа.
  • 5:35 - 5:39
    Трагично е што Севернокорејците мораат да си го кријат идентитетот
  • 5:39 - 5:43
    и да поминуваат голготи само за да преживеат.
  • 5:43 - 5:46
    Дури и кога ќе научат нов јазик и кога ќе најдат работа,
  • 5:46 - 5:50
    сепак нивниот живот може да се сруши како кула од карти.
  • 5:50 - 5:54
    Затоа, после 10 години криење на идентитетот,
  • 5:54 - 5:58
    решив да ризикувам и отидов во Јужна Кореја,
  • 5:58 - 6:01
    и уште еднаш започнав нов живот.
  • 6:01 - 6:04
    Прилагодувањето во Јужна Кореја ми беше многу потешко
  • 6:04 - 6:06
    одошто очекував.
  • 6:06 - 6:10
    Англискиот беше многу важен во Јужна Кореја,
  • 6:10 - 6:13
    па затоа морав да учам и трет јазик.
  • 6:13 - 6:16
    Исто така, сфатив дека постои голема разлика
  • 6:16 - 6:18
    помеѓу Северот и Југот.
  • 6:18 - 6:20
    Сите ние сме Корејци, но однатре,
  • 6:20 - 6:22
    сме станале многу различни
  • 6:22 - 6:26
    поради 67-годишната поделба.
  • 6:26 - 6:30
    Јас дури и поминав низ криза на идентитетот.
  • 6:30 - 6:33
    Дали сум Јужнокорејка или Севернокорејка?
  • 6:33 - 6:36
    Од каде сум? Која сум?
  • 6:36 - 6:38
    Наеднаш, немаше земја за која
  • 6:38 - 6:43
    со гордост би рекла дека е моја.
  • 6:43 - 6:47
    Иако прилагодувањето на животот во Јужна Кореја не беше лесно,
  • 6:47 - 6:48
    јас направив план.
  • 6:48 - 6:52
    Започнав да учам за приемен испит на факултет.
  • 6:52 - 6:56
    Само што почнав да се навикнувам на мојот нов живот,
  • 6:56 - 6:58
    добив шокантен телефонски повик.
  • 6:58 - 7:00
    Севернокорејските власти
  • 7:00 - 7:03
    пресретнале пари кои ги имав испратено на моето семејство,
  • 7:03 - 7:05
    и ми кажаа дека семејството, како казна,
  • 7:05 - 7:08
    ќе биде насилно преселено
  • 7:08 - 7:11
    на некоја пуста локација во внатрешноста.
  • 7:11 - 7:14
    Мораа веднаш да ја напуштат земјата,
  • 7:14 - 7:17
    и така почнав да кројам план за нивното бегство.
  • 7:17 - 7:21
    Севернокорејците мораат да поминат долг пат
  • 7:21 - 7:24
    за да дојдат до слобода.
  • 7:24 - 7:26
    Речиси е невозможно да се помине границата
  • 7:26 - 7:29
    помеѓу Северна Кореја и Јужна Кореја,
  • 7:29 - 7:33
    па затоа, иронично, летав назад во Кина,
  • 7:33 - 7:36
    и се упатив кон севернокорејската граница.
  • 7:36 - 7:39
    Бидејќи моето семејство не зборува Кинески,
  • 7:39 - 7:41
    морав јас да ги водам некако
  • 7:41 - 7:45
    преку патот долг повеќе од 3000 километри во рамки
  • 7:45 - 7:48
    на Кина, а потоа и во Југоисточна Азија.
  • 7:48 - 7:51
    Патувањето со автобус траеше една недела,
  • 7:51 - 7:54
    и неколку пати за малку ќе нè фатеа.
  • 7:54 - 7:57
    Во една прилика, ни го сопреа автобусот,
  • 7:57 - 8:01
    при што се качи еден кинески полицаец.
  • 8:01 - 8:03
    Ни ги собра личните карти,
  • 8:03 - 8:06
    и почна да поставува прашања.
  • 8:06 - 8:09
    Бидејќи моите не разбираат Кинески,
  • 8:09 - 8:14
    си помислив дека ќе ги уапсат.
  • 8:14 - 8:17
    Додека кинескиот полицаец се приближуваше до моето семејство,
  • 8:17 - 8:19
    јас наеднаш станав, и му реков
  • 8:19 - 8:22
    дека овие луѓе се глуви и глупави,
  • 8:22 - 8:24
    и дека се под мој надзор.
  • 8:24 - 8:26
    Тој ме погледна сомнително,
  • 8:26 - 8:30
    но за среќа ми поверува.
  • 8:30 - 8:33
    Успеавме да стигнеме до границата со Лаос,
  • 8:33 - 8:38
    но морав да ги потрошам речиси сите пари
  • 8:38 - 8:40
    за да ги поткупам граничните стражари во Лаос.
  • 8:40 - 8:43
    Но дури кога ја поминавме границата,
  • 8:43 - 8:46
    моите сепак ги уапсија и ги затворија
  • 8:46 - 8:49
    поради илегален премин на границата.
  • 8:49 - 8:51
    Откако ја платив казната и поткупот,
  • 8:51 - 8:55
    моите беа ослободени на еден месец,
  • 8:55 - 8:58
    но набргу, повторно беа уапсени и затворени
  • 8:58 - 9:01
    во главниот град на Лаос.
  • 9:01 - 9:05
    Ова ми беше еден од најтешките периоди во животот.
  • 9:05 - 9:11
    Направив сè за да им обезбедам слобода на моите,
  • 9:11 - 9:13
    и бевме ептен близу,
  • 9:13 - 9:15
    но повторно беа фрлени во затвор
  • 9:15 - 9:19
    на само неколку метри од јужнокорејската амбасада.
  • 9:19 - 9:22
    Постојано бев на релација помеѓу бирото за имиграција
  • 9:22 - 9:24
    и полициската станица,
  • 9:24 - 9:27
    очајно обидувајќи се да ги ослободам моите,
  • 9:27 - 9:28
    но немав доволно пари
  • 9:28 - 9:31
    за да ја платам казната или поткупот.
  • 9:31 - 9:33
    Изгубив секаква надеж.
  • 9:33 - 9:36
    Во тој момент, слушнав еден глас кој ме праша,
  • 9:36 - 9:38
    "Што е работата?"
  • 9:38 - 9:39
    Бев многу изненадена
  • 9:39 - 9:43
    од прашањето и заинтересираноста на овој туѓинец.
  • 9:43 - 9:46
    На едвај разбирлив Англиски и со речник,
  • 9:46 - 9:50
    му ја објаснив ситуацијата, и без двоумење
  • 9:50 - 9:52
    човекот отиде до банкоматот
  • 9:52 - 9:55
    и го плати остатокот од парите за моето семејство
  • 9:55 - 9:59
    и за уште двајца Севернокорејци за да излезат од затвор.
  • 9:59 - 10:02
    Му заблагодарив од сè срце, и го прашав,
  • 10:02 - 10:05
    "Зошто ми помагате?"
  • 10:05 - 10:07
    "Не ти помагам на тебе," рече тој.
  • 10:07 - 10:10
    "Му помагам на севернокорејскиот народ."
  • 10:10 - 10:15
    Сфатив дека ова беше симболичен момент во мојот живот.
  • 10:15 - 10:18
    Љубезниот странец симболизираше нова надеж за мене
  • 10:18 - 10:22
    и за севернокорејскиот народ, во оние моменти кога најмногу ни требаше,
  • 10:22 - 10:25
    и ми покажа дека добрината на странците
  • 10:25 - 10:28
    и поддршката на меѓународната заедница
  • 10:28 - 10:33
    се навистина зраци на надежта која нам Севернокорејците ни е потребна.
  • 10:33 - 10:35
    Конечно, после долго патување,
  • 10:35 - 10:39
    јас и моето семејство бевме заедно во Јужна Кореја,
  • 10:39 - 10:42
    но доаѓање до слободата е само половина од патот.
  • 10:42 - 10:46
    Многу Севернокорејци се разделени од нивните семејства,
  • 10:46 - 10:49
    а кога ќе пристигнат во некоја друга земја,
  • 10:49 - 10:52
    тие започнуваат со малку или без пари.
  • 10:52 - 10:55
    Затоа меѓународната заедница би можела да ни помогне
  • 10:55 - 10:58
    во образованието, во изучување на Англискиот,
  • 10:58 - 11:01
    во обуките за работа и уште повеќе.
  • 11:01 - 11:03
    Ние можеме да бидеме и своевиден
  • 11:03 - 11:05
    мост помеѓу луѓето во Северна Кореја
  • 11:05 - 11:07
    и надворешниот свет,
  • 11:07 - 11:10
    бидејќи многу од нас остануваат во контакт
  • 11:10 - 11:12
    со луѓето кои се сеуште внатре,
  • 11:12 - 11:15
    на кои им испраќаме информации и пари,
  • 11:15 - 11:19
    односно помагаме да се промени Северна Кореја однатре.
  • 11:19 - 11:22
    Јас имав голема среќа, добив голема помош
  • 11:22 - 11:24
    и инспирација во мојот живот,
  • 11:24 - 11:28
    па затоа, со поддршка на меѓународната заедница, сакам да им помогнам
  • 11:28 - 11:31
    на амбициозните Севернокорејци,
  • 11:31 - 11:34
    и да им дадам шанса за успех.
  • 11:34 - 11:36
    Уверена сум дека ќе гледате сè повеќе и повеќе
  • 11:36 - 11:39
    успешни Севернокорејци низ целиот свет,
  • 11:39 - 11:41
    а тука вклучувајќи ја и сцената на TED.
  • 11:41 - 11:44
    Ви благодарам.
  • 11:44 - 11:53
    (Аплауз)
Title:
Хјонсео Ли: Моето бегство од Северна Кореја
Speaker:
Hyeonseo Lee
Description:

Како дете додека растела во Северна Кореја, Хјонсео Ли мислела дека нејзината земја е "најдобрата на светот." Таа не се сомневала во ваквата претпоставка сè до гладот кој се појавил во 90-тите. На 14 години таа избегала од земјата, и започнала таен живот, како бегалец во Кина. Ова е стравична, лична приказна која говори за преживувањето и надежта -- и воедно претставува еден моќен потсетник за сите оние кои се соочени со постојана опасност, дури и кога границата е многу далеку.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:15
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for My escape from North Korea
Manuela Mann accepted Macedonian subtitles for My escape from North Korea
Manuela Mann edited Macedonian subtitles for My escape from North Korea
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for My escape from North Korea
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for My escape from North Korea
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for My escape from North Korea
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for My escape from North Korea
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for My escape from North Korea
Show all

Macedonian subtitles

Revisions