Return to Video

Три причини зошто можеме да победиме во борбата против сиромаштијата

  • 0:01 - 0:04
    Десет години живеев во руралниот дел
    на Источна Африка,
  • 0:04 - 0:07
    и сакам да споделам одредени
    гледишта за глобалната сиромаштија.
  • 0:08 - 0:11
    Сметам дека најголемиот неуспех
    на човечката раса
  • 0:11 - 0:14
    е тоа што оставивме зад нас повеќе од
    една милијарда наши припадници.
  • 0:14 - 0:17
    Глад, крајна сиромаштија:
  • 0:17 - 0:20
    најчесто изгледаат гигантски,
    несовладливи проблеми,
  • 0:20 - 0:21
    преголеми за да се решат.
  • 0:22 - 0:24
    Но, како агроном,
  • 0:24 - 0:27
    верувам дека овие проблеми
    можат да се решат
  • 0:27 - 0:29
    ако примениме вистински стратегии.
  • 0:30 - 0:33
    Архимед бил старогрчки мислител,
  • 0:33 - 0:35
    кој рекол, ако се потпреме
    на вистинските лостови,
  • 0:35 - 0:36
    ќе ја поместиме Земјата.
  • 0:37 - 0:41
    Во борбата против крајната сиромаштија
    има 3 лостови.
  • 0:41 - 0:42
    каде може да
    се потпреме.
  • 0:42 - 0:45
    Овој говор е за тие лостови и зошто
    сиромаштијата претставува
  • 0:45 - 0:47
    победоносна битка во нашите животи.
  • 0:48 - 0:49
    Што е крајна сиромаштија?
  • 0:50 - 0:52
    Кога првпат отидов во Источна Африка,
  • 0:52 - 0:54
    престојував кај семејство на фармери.
  • 0:55 - 0:57
    Прекрасни луѓе.
  • 0:57 - 0:59
    Ме поканија во нивниот дом. Пеевме заедно
  • 1:00 - 1:01
    и јадевме скромна вечера.
  • 1:01 - 1:03
    Ми дадоа ќебе за да спијам на подот.
  • 1:03 - 1:06
    Но,науутро немаше ништо за јадење.
  • 1:06 - 1:10
    За време на ручек, имав чувство
    на загриженост кога ја гледав
  • 1:10 - 1:14
    најстарата ќерка како готви каша
    како замена за ручек.
  • 1:15 - 1:19
    За тој оброк, секое дете имаше
    по една шоља за да преживее.
  • 1:20 - 1:22
    Не можам да опишам колку бев засрамен
  • 1:22 - 1:24
    кога ми дадоа една шоља мене,
  • 1:24 - 1:26
    и знаев деека мора да го прифатам
    гостопримството.
  • 1:27 - 1:31
    Децата имаат потреба од храна не само за
    опстанок туку и за психо-физички развој.
  • 1:31 - 1:34
    Со секој ден, кога не јадат губат
    дел од нивната иднина.
  • 1:35 - 1:38
    Кај крајно сиромашните, едно од три деца
  • 1:38 - 1:42
    e коска и кожа од неухранетост.
  • 1:42 - 1:45
    Кога ќе додаме и недостиг
    од здравствена помош,
  • 1:45 - 1:49
    едно од 10 крајно сиромашни деца
    умираат пред да наполнат 5 години
  • 1:50 - 1:52
    И само 1/4од децата завршуваат
    средно образование
  • 1:52 - 1:54
    зашто немаат средства.
  • 1:54 - 2:00
    Крајната сиромаштија го ограничува
    човечкиот потенцијал на секој начин.
  • 2:01 - 2:05
    Се сметаме за морална човечка раса
    која умее да мисли и чувствува,
  • 2:05 - 2:08
    но сѐ додека не ги решиме
    проблемите на сите,
  • 2:08 - 2:10
    нема да го достигнеме тоа ниво,
  • 2:10 - 2:13
    бидејќи секој човек на оваа планета вреди.
  • 2:13 - 2:14
    Ова дете вреди.
  • 2:15 - 2:17
    Овие деца вредат.
  • 2:18 - 2:19
    Ова девојче вреди.
  • 2:20 - 2:22
    Ги гледаме овие работи,
  • 2:22 - 2:23
    и нѐ вознемируваат,
  • 2:24 - 2:25
    но, проблемите ни изгледаат огромни.
  • 2:25 - 2:28
    Не знаеме како да превземеме
    ефикасни дејствија.
  • 2:29 - 2:31
    Но, сетете се на Архимед.
  • 2:32 - 2:34
    Глобалната сиромаштија
    има моќни лостови.
  • 2:34 - 2:36
    Тоа е проблем како секој друг.
  • 2:36 - 2:38
    Живеам и работам на полињата
    и како агроном
  • 2:38 - 2:41
    верувам дека овие проблеми
    можат да се решат.
  • 2:41 - 2:43
    Наредните 10 минути,
  • 2:43 - 2:45
    да не бидеме тажни за
    состојбите во светот.
  • 2:45 - 2:47
    Да ги употребиме нашите умови,
  • 2:47 - 2:50
    и нашата заедничка страст
    за решавање на проблеми
  • 2:50 - 2:52
    и да откриеме кои се овие лостови.
  • 2:52 - 2:56
    Лост бр. 1:најголемиот број на сиромашни
    луѓе се фармери.
  • 2:56 - 2:58
    Помислете колку исклучително е тоа.
  • 2:58 - 3:01
    Ако сликава ги прикажува
    сиромашните во светот
  • 3:01 - 3:04
    тогаш за повеќе од 1/2 земјоделието
    е основен извор на приходи.
  • 3:04 - 3:06
    Ова навистина ме возбудува.
  • 3:06 - 3:09
    Сите овие луѓе а една професија.
  • 3:09 - 3:11
    Помислете колку е силно тоа.
  • 3:11 - 3:14
    Ако фармерите се попродуктивни, 1/2
    од сиромашните во светот
  • 3:14 - 3:17
    ќе заработуваат повеќе и нема
    да бидат сиромашни.
  • 3:17 - 3:18
    И ќе биде подобро.
  • 3:18 - 3:20
    Производот од земјоделие е храната.
  • 3:20 - 3:24
    Кога фармерите ќе станат попродуктивни,
    ќе заработат повеќе храна,
  • 3:24 - 3:26
    и нема да си помогнат само себе си,
  • 3:26 - 3:29
    туку ќе прехрануваат и заедници
    и економии во подем.
  • 3:29 - 3:33
    И со нивната продуктивност ќе го намалат
    притисокот врз животната средина.
  • 3:33 - 3:36
    Има само 2 начини како
    да го прехраниме светот:
  • 3:36 - 3:39
    или да ги направиме постоечките
    полиња попродуктивни,
  • 3:39 - 3:42
    или да сечеме шуми и савани
    за да имаме обработлива земја,
  • 3:42 - 3:45
    што ќе е катастрофално
    за животната средина.
  • 3:46 - 3:49
    Фармерите се навистина значајна потпора.
  • 3:49 - 3:51
    Ако фармерите се попродуктивни,
  • 3:51 - 3:54
    ќе заработуваат повеќе и нема
    да бидат сиромашни,
  • 3:54 - 3:58
    ќе ги прехранат заедниците и ќе го
    намалат притисокот врз природата.
  • 3:58 - 4:01
    Фармерите стојат во центарот на светот.
  • 4:02 - 4:04
    Но не фармери како овие,
  • 4:04 - 4:06
    туку како оваа жена.
  • 4:06 - 4:08
    Повеќето фармери кои ги познавам се жени.
  • 4:09 - 4:12
    Видете каква сила и волја
    зрачи од оваа жена.
  • 4:12 - 4:14
    Таа е физички силна, ментално цврста,
  • 4:14 - 4:18
    и ќе стори сѐ за да обезбеди
    подобар живот за своите деца.
  • 4:18 - 4:21
    Ако ја ставиме иднината на човештвото
    во рацете на еден човек,
  • 4:21 - 4:23
    би бил среќен да е таа.
  • 4:23 - 4:28
    (Аплауз)
  • 4:28 - 4:29
    Има само еден проблем,
  • 4:29 - 4:34
    многу индивидуални фармери немаат
    пристап до основните алати и знаење.
  • 4:35 - 4:38
    Во моментов, тие имаат мала
    количина од ланската жетва,
  • 4:38 - 4:42
    садат на нивите и копаат
    со рачна мотика.
  • 4:42 - 4:45
    Тоа се орудија и техники
    од Бронзеното време,
  • 4:45 - 4:48
    и зато многу фармери се сиромашни.
  • 4:49 - 4:50
    Но има и добри вести.
  • 4:50 - 4:51
    Лост број два:
  • 4:51 - 4:56
    човекот ги решил проблемите во
    земјоделието пред еден век.
  • 4:56 - 4:59
    Ќе ви ги прикажам трите основни
    фактори во земјоделието.
  • 5:00 - 5:04
    Прво,со вкрстување на две семиња
    се создаваат хибридни семиња.
  • 5:04 - 5:07
    Ако опрашувате по природен пат
    високо продуктивни врсти
  • 5:07 - 5:10
    со видови кои се отпорни на суша
  • 5:10 - 5:13
    добивате хибрид кои наследуваат
    позитивни белези од обата родители.
  • 5:13 - 5:17
    Потоа, одговорното користење на
    традиционалните ѓубрива
  • 5:17 - 5:19
    е еколошки одржливо.
  • 5:19 - 5:22
    Ако ставите миинимална доза на ѓубриво
  • 5:22 - 5:25
    на растение повиоко од мене
  • 5:25 - 5:27
    ќе доиете огромни приноси.
  • 5:27 - 5:29
    Тоа се вика
    земјоделски принос.
  • 5:29 - 5:32
    Земјоделскиот принос
    се комбинираа со добра пракса.
  • 5:32 - 5:36
    Кога се сади семето и се
    става голема количина на компост
  • 5:36 - 5:39
    фармерите ја мултиплицираат жетвата.
  • 5:39 - 5:42
    Овие докажани алати и
    техники тројно повеќе
  • 5:42 - 5:45
    ја зголемија продуктивноста во
    секој поголем регион на светот,
  • 5:45 - 5:47
    ослободувајќи од сиромаштија
    огромен број на луѓе.
  • 5:48 - 5:51
    Уште не сме ги доставиле
    овие работи на секој
  • 5:51 - 5:53
    особено во суб-сахарска Африка.
  • 5:54 - 5:56
    Значи, ова е одлична вест.
  • 5:56 - 5:59
    Човекот ги решил проблемите
    во земјоделието пред еден век,
  • 6:00 - 6:01
    теоретски.
  • 6:01 - 6:04
    Само уште не сме ги доставиле
    тие нешта до секој поединец .
  • 6:04 - 6:07
    Денес, причината за сиромаштија
    на многумина
  • 6:07 - 6:09
    е тоа што тие живеат во оддалечени краеви.
  • 6:09 - 6:11
    Немаат пристап до овие нешта.
  • 6:12 - 6:15
    Затоа, да се искорени сиромаштијата значи
  • 6:15 - 6:18
    доставување на потребните добра
    и услуги на луѓето.
  • 6:18 - 6:20
    Во моментов не ни треба некој генијалец.
  • 6:21 - 6:25
    Скромниот разнесувач може да ја
    искорени сиромаштијата.
  • 6:26 - 6:28
    Значи, овие се трите лостови,
  • 6:28 - 6:30
    и најсилниот е разнесувањето.
  • 6:31 - 6:34
    Ако светските компании,влади
    и невладините организации основаат
  • 6:34 - 6:37
    систем на достава за добра за
    подигнување на квалитетот
  • 6:37 - 6:40
    на живот,тогаш ќе ја искорениме и бедата.
  • 6:40 - 6:42
    Добро, теоретски убаво звучи,
  • 6:42 - 6:43
    но како е во пракса?
  • 6:43 - 6:45
    Како изгледаат мрежите за достава?
  • 6:46 - 6:49
    Ќе споделам конкретен пример
    кој најдобро го знам.
  • 6:49 - 6:50
    Мојата организација, One Acre Fund.
  • 6:51 - 6:53
    Ние го опслужуваме фармерот
  • 6:53 - 6:56
    и наша задача е да му го обезбедиме
    потребниот алат за успех.
  • 6:56 - 6:59
    Почнуваме со испорака на суровини
    во рурални краеви.
  • 6:59 - 7:02
    Ова може да изгледа тешко на почеток,
  • 7:02 - 7:04
    но е возможно. Ќе ви покажам.
  • 7:04 - 7:07
    Купуваме земјоделски суровини со помош
    на постоечката мрежа
  • 7:07 - 7:09
    и ги складираме во магацини како овој.
  • 7:10 - 7:14
    При доставувањето на репроматеријалите
    изнајмуваме 100-ина 10 тонски трактори
  • 7:14 - 7:16
    и ги праќаме кај фармерите кои
    ги чекаат на нивите.
  • 7:17 - 7:20
    Секој ја добива својата нарачка
    и ја носи на својата фарма.
  • 7:20 - 7:23
    Тоа е како Амазон за руралните фармери.
  • 7:24 - 7:29
    Реалната испорака исто вклучува
    и финансии, начин на плаќање.
  • 7:29 - 7:33
    Фармерите ни плаќаат дел по дел со тек
    на време покривајќи ги нашите трошоци.
  • 7:34 - 7:36
    Тоа го поткрепуваме со добра обука.
  • 7:36 - 7:40
    Нашите службеници на терен
    даваат практична обука
  • 7:40 - 7:41
    за фармерите на нивите
  • 7:41 - 7:43
    на секои две недели.
  • 7:43 - 7:47
    Таму каде ги доставуваме усугите фармерите
    ги користат сопствените алалти
  • 7:47 - 7:49
    за да излезат од сиромаштија.
  • 7:49 - 7:52
    Еве еден фармер во нашата програма,
    Консолата.
  • 7:52 - 7:54
    Погледнете колку е горда.
  • 7:54 - 7:58
    Таа постигна скромен успех што
    верувам е човеково право
  • 7:58 - 8:01
    на секој вреден човек на планетата.
  • 8:01 - 8:06
    Денес, горд сум што опслужуваме
    околу 400.000 фармери како Консолата.
  • 8:06 - 8:12
    (Аплауз)
  • 8:12 - 8:14
    Кључот на успехот е измерена достава.
  • 8:14 - 8:17
    Во секоја рурална област изнајмуваме
    теренски службеник
  • 8:17 - 8:21
    кој испорачува услуги за 200 фармери,
    во просек,
  • 8:21 - 8:23
    на повеќе од 1.000 луѓе кои живеат
    кај тие семејства.
  • 8:24 - 8:27
    Денес имаме 2.000 служнбеници на терен
  • 8:27 - 8:29
    и нивниот број расте.
  • 8:29 - 8:30
    Ова е нашата армија за испорака.
  • 8:31 - 8:33
    а ние сме само една организација.
  • 8:33 - 8:36
    Има многу компании,влади и
    невладини организации
  • 8:36 - 8:38
    кои имаат армии за испорака како нас.
  • 8:38 - 8:40
    и верувам дека се наоѓаме во оној миг
  • 8:40 - 8:45
    кога сите заедно можеме да доставуваме
    земјоделски услуги за сите.
  • 8:46 - 8:48
    Ќе ви покажам како е возможно тоа.
  • 8:48 - 8:50
    Ова е карта на суб-сахарска Африка,
  • 8:50 - 8:52
    со карта на САД како скала.
  • 8:52 - 8:55
    Ја одбрав суб-сахарска Африка зашто
    таа е огромна облст за испорака.
  • 8:55 - 8:57
    Предизвик е.
  • 8:57 - 9:01
    Ја анализиравме областа во секој 50 метар
    квадратен површина
  • 9:01 - 9:06
    и откривме дека половина од фармерите
    живеат во овие засенчени региони.
  • 9:07 - 9:10
    Тоа е исклучително мала област.
  • 9:10 - 9:13
    Ако ги поставите овие кутии една до друга
  • 9:13 - 9:14
    со картата на САД
  • 9:14 - 9:16
    тие ќе го покријат само источниот дел.
  • 9:17 - 9:21
    Можете да нарачате пица
    насекаде во овој дел
  • 9:21 - 9:24
    и ќе стигне во вашиот дом, топла и вкусна.
  • 9:25 - 9:28
    Ако Америка може да доставува пици
    во област со оваа големина
  • 9:28 - 9:31
    тогаш африканските компании,влади
    и невладини организации
  • 9:31 - 9:34
    можат да доставуваат услуги
    за сите нивни фармери.
  • 9:34 - 9:35
    Ова е возможно.
  • 9:37 - 9:40
    Ќе генерализирам само во областа
    на земјоделието,
  • 9:40 - 9:42
    во секое поле на човековиот развој,
  • 9:42 - 9:46
    човекот измислил ефикасни алати
    за искоренување на бедата.
  • 9:46 - 9:48
    Треба да ги доставиме.
  • 9:48 - 9:51
    Во секоја област на човековиот развој
  • 9:51 - 9:54
    супер интелигентни луѓе пред многу
    години измислиле ефтини
  • 9:54 - 9:56
    и високо ефикасни алати.
  • 9:56 - 9:58
    Човештвото е вооружено до заби
  • 9:58 - 10:01
    со едноставни, ефикасни решенија
    против сиромаштијата.
  • 10:02 - 10:04
    Ние само треба да ги доставиме
    до прилично мал регион.
  • 10:05 - 10:08
    Земајќи ја картата на суб-сахарска
    Африка како пример,
  • 10:08 - 10:12
    замомнете,руралната сиромаштија е
    концентрирана во сините делови.
  • 10:12 - 10:16
    Урбаната сиромаштија уште повеќе е
    концентририрана во малите зелени точки.
  • 10:17 - 10:20
    Повторно, ако ја земеме картата
    на САД како мерка
  • 10:20 - 10:24
    ова го нарекувам високо достижна
    зона на испорака.
  • 10:24 - 10:27
    Всушност,првпат во историјата
    на човештвото
  • 10:27 - 10:30
    имаме широк домен на
    достапна инфраструктура.
  • 10:30 - 10:33
    Светските компании,влади и
    невладини организации
  • 10:33 - 10:35
    имаат армии на дставувачи кои се способни
  • 10:35 - 10:37
    да ја покријат оваа релативно
    мала територија.
  • 10:38 - 10:40
    Немаме волја.
  • 10:41 - 10:42
    Ако имаме волја,
  • 10:42 - 10:44
    за секој од нас има улога.
  • 10:46 - 10:49
    Прво ни требаат повеќе луѓе кои
    ќе придонесат за човековиот развој,
  • 10:49 - 10:51
    особено ако живеат во неразвиени земји.
  • 10:51 - 10:55
    Ни требаат повеќе здравствени работници,
    наставници,фармери и обучувачи,
  • 10:55 - 10:57
    трговци со призводи за
    квалитетно живеење.
  • 10:57 - 11:00
    Овие се доставувачите кои се посветуваат
  • 11:00 - 11:02
    да го подобрат животот на другите.
  • 11:03 - 11:04
    Но, ни требаат и споредни улоги.
  • 11:06 - 11:09
    Овие улоги се достапни во
    мојата организација,
  • 11:09 - 11:10
    а ние не сме единствени.
  • 11:10 - 11:14
    Ќе ве изненади,но без разлика на
    вашата техничка стручност
  • 11:14 - 11:16
    има улога и за вас во оваа борба.
  • 11:17 - 11:21
    Без разлика колку е логистички издржано
    да се победи сиромаштијата
  • 11:21 - 11:22
    нам ни требаат повеќе ресурси.
  • 11:22 - 11:24
    Ова е нашиот прв приоритет.
  • 11:25 - 11:28
    За приватните инвеститори ни треба
    експанзија на капитал,
  • 11:28 - 11:32
    еднаквост во приватноста,обртни средства
    достапни за новите пазари.
  • 11:32 - 11:36
    Но има и ограничувања за достигнувањата
    на приватниот бизнис.
  • 11:36 - 11:40
    Приватниот бизнис се бори да заработи
    опслужувајќи ги сиромашните,
  • 11:40 - 11:42
    затоа филантропијата има глвана улога.
  • 11:43 - 11:46
    Секој може да даде, но ни требаат
    повеќе водачи.
  • 11:46 - 11:48
    Ни требаат повеќе филантропи- визионери
  • 11:48 - 11:52
    и глобални водачи кои ќе се соочат со
    проблемите во човековиот развој
  • 11:52 - 11:55
    и ќе го водат човештвото решавајќи
    ги тие проблеми.
  • 11:56 - 11:59
    Ако ве интересира,погледнете ја
    нашата веб-страна.
  • 11:59 - 12:01
    Нам ни требаат повеќе лидери.
  • 12:02 - 12:04
    Човештвото однесе луѓе на Месечината.
  • 12:04 - 12:07
    Измисливме супер-компјутери
    кои ги ставаме во џебовите
  • 12:07 - 12:09
    и се поврзуваме со сите ширум светот.
  • 12:09 - 12:12
    Трчаме маратони со брзина од 5 минути
    на милја.
  • 12:12 - 12:15
    Ние сме исклучителни луѓе.
  • 12:16 - 12:19
    Но оставивме повеќе од една
    милијарда луѓе зад нас.
  • 12:19 - 12:22
    Сѐ додека секоја девојка
    како оваа ја нема
  • 12:22 - 12:24
    можноста да достигне целосен потенцијал,
  • 12:24 - 12:28
    нема да успееме да бидеме вистински
    морална и хумана раса.
  • 12:29 - 12:31
    Логистички гледано возможно е
  • 12:31 - 12:33
    да се искорени сиромаштијата.
  • 12:33 - 12:36
    Треба само да ги доставиме
    потребните добра и услуги
  • 12:36 - 12:37
    до секој.
  • 12:38 - 12:41
    Ако имаме волја, за секој
    од нас има улога.
  • 12:42 - 12:45
    Да го искористиме нашето време,
    нашите кариери,
  • 12:45 - 12:46
    заедничкото богатство.
  • 12:47 - 12:50
    Да испорачаме крај на сиромаштијата
  • 12:50 - 12:51
    во овој живот.
  • 12:52 - 12:53
    Благодарам!
  • 12:53 - 13:00
    (Аплауз)
Title:
Три причини зошто можеме да победиме во борбата против сиромаштијата
Speaker:
Ендрју Јун
Description:

Половина од бројот на сиромашните во светот имаат нешто заедничко: тие се мали земјоделци. Во овој просветлувачки говор, активистот Ендрју Јун објаснува како неговата групација One Acre Fund, им помага на овие земјоделци да се избават од сиромаштијата со тоа што им доставуваат земјоделски услуги за одржлив живот кои се применуваат ширум светот. Почнуваме со недоверба на почетокот на говорот дека гладта и сиромаштијата можат да се победат за да на крај да ја разбереме тежината на најголемиот проблем во светот.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
13:14

Macedonian subtitles

Revisions