Return to Video

Добри вести во борбата против ракот на панкреасот

  • 0:02 - 0:04
    Кренете рака
  • 0:04 - 0:07
    сите што знаете барем еден човек
    од овие на екранот.
  • 0:08 - 0:10
    Тоа се речиси сите.
  • 0:10 - 0:13
    Навистина, тие се доста познати во нивните
    области.
  • 0:13 - 0:16
    Но, знаете ли што имаат сите од нив
    заедничко?
  • 0:16 - 0:19
    Сите починале од рак на панкреасот.
  • 0:19 - 0:21
    Како и да е, иако овие вести се навистина
    тажни
  • 0:21 - 0:24
    благодарение на нивните лични приказни
  • 0:24 - 0:28
    знаеме колку смртоносна може
    да биде оваа болест.
  • 0:28 - 0:32
    Стана третата по ред причина за смрт
    предизвикана од рак.
  • 0:32 - 0:37
    Само 8% од пациентите преживуваат повеќе
    од 5 год.
  • 0:37 - 0:39
    Тоа е многу мал број,
  • 0:39 - 0:42
    посебно ако го споредимо со бројот на
    пациенти со рак на дојка,
  • 0:42 - 0:45
    каде што степенот на преживување е скоро
    90%.
  • 0:46 - 0:48
    Што значи дека не е изненадување
  • 0:48 - 0:51
    дека дијагнозата со рак на панкреасот
  • 0:51 - 0:54
    е скоро точна смртна казна.
  • 0:54 - 0:58
    Шок е тоа што во последните 40тина
    години
  • 0:58 - 1:00
    бројката воопшто не се сменила
  • 1:00 - 1:02
    додека со други видови на тумори сме
  • 1:02 - 1:04
    виделе огромен напредок.
  • 1:05 - 1:08
    Како можеме да го направиме третманот
    за рак на панкреасот поефективен?
  • 1:09 - 1:11
    Како биомедицински претприемач,
  • 1:11 - 1:14
    сакам да работам на проблеми кои
    изгледаат невозможни,
  • 1:14 - 1:16
    разбирајќи ги нивните бариери
  • 1:16 - 1:19
    и обидувајќи се да најдам нови, иновативни
    решенија
  • 1:19 - 1:21
    кои ќе можат да го променат исходот.
  • 1:21 - 1:24
    Првите лоши вести за рак на пакреасот
  • 1:24 - 1:27
    е што панкреасот е буквално
    во средина на стомакот.
  • 1:27 - 1:30
    Обележано е со портокалово на екранот.
  • 1:30 - 1:32
    Но, едвај можете да го видите
  • 1:32 - 1:35
    додека не ги поместам органите што се
    пред него.
  • 1:35 - 1:38
    Исто така опкружен е и со многу витални
    органи,
  • 1:38 - 1:41
    како црниот дроб, желудникот и жолчното
    кесе.
  • 1:41 - 1:45
    Способноста на туморите да израснат во
    овие органи
  • 1:45 - 1:47
    е причината поради која ракот на
    панкреасот
  • 1:47 - 1:50
    е еден од најболните видови на тумори.
  • 1:50 - 1:53
    Оваа тешко достапна локација исто така го
    спречува докторот
  • 1:53 - 1:55
    да изврши хирушка интервенција,
  • 1:55 - 1:58
    како што се прави кога е случај со рак
    на дојка на пример.
  • 1:59 - 2:02
    Сите овие причини ја оставаат
    хемотерапијата како единствена опција
  • 2:02 - 2:04
    за пациентот кој има рак на панкреасот.
  • 2:05 - 2:07
    Ова не води до вторите лоши вести.
  • 2:08 - 2:11
    Туморите на панкреасот имаат многу малку
    крвни садови.
  • 2:12 - 2:15
    Зошто треба да се грижиме за крвните
    садови на туморот?
  • 2:15 - 2:19
    Да размислиме како функционира
    хемотерапијата.
  • 2:19 - 2:21
    Лекот е вбризган во вената
  • 2:21 - 2:25
    и се навигира низ телото додека не стигне
    до локацијата на туморот.
  • 2:26 - 2:30
    Тоа е како возењето по автопат
    обидувајќи се да стигнеш до дестинацијата.
  • 2:30 - 2:34
    Но, што ако дестинацијата нема излез на
    автопатот?
  • 2:34 - 2:36
    Никогаш нема да стигнеш таму.
  • 2:36 - 2:38
    Тоа е потполно истиот проблем
  • 2:38 - 2:40
    со хемотерапијата и ракот на панкреасот.
  • 2:41 - 2:44
    Лековите се навигираат низ целото тело.
  • 2:44 - 2:46
    Стигаат до здрави органи,
  • 2:46 - 2:50
    што резултира со висок токсичен ефект
    за пациентите во целост
  • 2:50 - 2:53
    но, мал дел од тоа ќе стигне до туморот.
  • 2:53 - 2:55
    Со тоа, ефикасноста е лимитирана.
  • 2:57 - 3:01
    За мене, нелогично е да се користи
    третман на цело тело
  • 3:01 - 3:04
    за да се погоди одреден орган.
  • 3:04 - 3:06
    Меѓутоа во последниве 40 год.,
  • 3:06 - 3:10
    многу пари, истражувања и труд се вложени
  • 3:10 - 3:15
    во изнаоѓање на нови, појаки лекови за
    лекување на ракот на панкреасот,
  • 3:15 - 3:17
    но, ништо се нема сменето во начинот на
  • 3:17 - 3:19
    кој им го доделуваме на пациентите.
  • 3:20 - 3:22
    После двете лоши вести,
  • 3:22 - 3:25
    ќе ви дадам една добра вест, се надевам
    дека е добра.
  • 3:26 - 3:28
    Во соработка со колега од MИT и
  • 3:28 - 3:30
    Massachusetts General Hospital во Бостон,
  • 3:30 - 3:33
    револуционеризиравме нов начин на лечење
    на ракот
  • 3:33 - 3:36
    со тоа што го направивме локалното
    предавање на лековите реалност.
  • 3:37 - 3:41
    Буквално ве носиме до крајот на
    дестинацијата
  • 3:41 - 3:44
    без да мора да возите по автопатот.
  • 3:44 - 3:49
    Го внесовме лекот во уреди кои изгледаат
    како овој.
  • 3:49 - 3:54
    Тие се доволно флексибилни за да бидат
    свиткани
  • 3:54 - 3:56
    и да влезат во катетерот,
  • 3:56 - 4:00
    за докторот да може да го постави
    директно врз туморот
  • 4:00 - 4:02
    со минимално инванзивна операција.
  • 4:03 - 4:06
    Но, се доволно цврсти за да
    бидат поставени
  • 4:06 - 4:08
    врз туморот
  • 4:08 - 4:10
    и да функцираат како кафез.
  • 4:10 - 4:13
    Тие физички ќе го запрат туморот
  • 4:13 - 4:15
    да се прошири кон другите органи
  • 4:15 - 4:17
    и ќе ја контролира метастазата.
  • 4:18 - 4:21
    Уредите се исто така биоразградливи.
  • 4:21 - 4:23
    Што значи дека кога ќе навлезат во телото,
  • 4:23 - 4:24
    ќе почнат да се распаѓаат,
  • 4:24 - 4:30
    пренесувајќи го лекот, локално, полека и
    многу поефективно
  • 4:30 - 4:33
    од тоа што се прави со сегашниот систем
    кој го инволвира целото тело.
  • 4:33 - 4:36
    Во пред клиничката студија, демонстриравме
  • 4:36 - 4:38
    како локализираниот пристап
  • 4:38 - 4:42
    може да го подобри одговорот на третманот
    за 12 пати.
  • 4:43 - 4:46
    Зедовме лек кој е веќе познат
  • 4:46 - 4:49
    и со тоа што го пренесовме локално каде
    што треба највеќе
  • 4:49 - 4:53
    дозволивме одговор кој е 12 пати појак
  • 4:53 - 4:56
    намалувајќи го системскиот токсичен ефект.
  • 4:57 - 5:01
    Работиме да ја однесеме оваа технологија
    на следното ниво.
  • 5:01 - 5:04
    Го финализираме пред-клиничкото тестирање
  • 5:04 - 5:08
    и животинскиот модел пред да бараме
    дозвола од FDA
  • 5:08 - 5:10
    за клинички тестирања.
  • 5:11 - 5:16
    Моментално, голем дел од пациентите
    ќе починат од рак на пакреасот.
  • 5:16 - 5:18
    Се надеваме дека еден ден,
  • 5:18 - 5:21
    ќе можеме да им ја намалиме болката,
    зголемиме животот
  • 5:21 - 5:24
    и да го направиме ракот на панкреасот
  • 5:24 - 5:26
    излечива болест.
  • 5:26 - 5:29
    Со премислување на начинот на кој го
    пренесуваме лекот,
  • 5:29 - 5:33
    не само што го правиме системот поефикасен
    и помалку токсичен,
  • 5:33 - 5:38
    туку и ги отвараме вратите за наоѓање на
    нови иновативни решенија
  • 5:38 - 5:40
    за скоро сите други невозможни проблеми
  • 5:40 - 5:44
    на пациентите со рак на пакреасот и
    подалеку.
  • 5:44 - 5:45
    Ви Благодарам
  • 5:45 - 5:50
    (Аплауз)
Title:
Добри вести во борбата против ракот на панкреасот
Speaker:
Лаура Индолфи
Description:

Сите кои изгубиле некој сакан поради рак на панкреасот ја знаат разорувачката брзина со која може да влијае на здрав човек. Партнерот на TED и медицинскиот претприемач Лаура Индолфи разивава револуционерен начин на решавање на оваа комплексна и смртоносна болест: систем на пренесување на лекови што функционира како кафез на местото на туморот и воедно го спречува истиот да се шири и го пренесува лекот само каде што е потребен. "Се надеваме дека еден ден ќе го направиме ракот на панкреасот излечива болест", вели таа.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
06:03

Macedonian subtitles

Revisions