Кренете рака сите што знаете барем еден човек од овие на екранот. Тоа се речиси сите. Навистина, тие се доста познати во нивните области. Но, знаете ли што имаат сите од нив заедничко? Сите починале од рак на панкреасот. Како и да е, иако овие вести се навистина тажни благодарение на нивните лични приказни знаеме колку смртоносна може да биде оваа болест. Стана третата по ред причина за смрт предизвикана од рак. Само 8% од пациентите преживуваат повеќе од 5 год. Тоа е многу мал број, посебно ако го споредимо со бројот на пациенти со рак на дојка, каде што степенот на преживување е скоро 90%. Што значи дека не е изненадување дека дијагнозата со рак на панкреасот е скоро точна смртна казна. Шок е тоа што во последните 40тина години бројката воопшто не се сменила додека со други видови на тумори сме виделе огромен напредок. Како можеме да го направиме третманот за рак на панкреасот поефективен? Како биомедицински претприемач, сакам да работам на проблеми кои изгледаат невозможни, разбирајќи ги нивните бариери и обидувајќи се да најдам нови, иновативни решенија кои ќе можат да го променат исходот. Првите лоши вести за рак на пакреасот е што панкреасот е буквално во средина на стомакот. Обележано е со портокалово на екранот. Но, едвај можете да го видите додека не ги поместам органите што се пред него. Исто така опкружен е и со многу витални органи, како црниот дроб, желудникот и жолчното кесе. Способноста на туморите да израснат во овие органи е причината поради која ракот на панкреасот е еден од најболните видови на тумори. Оваа тешко достапна локација исто така го спречува докторот да изврши хирушка интервенција, како што се прави кога е случај со рак на дојка на пример. Сите овие причини ја оставаат хемотерапијата како единствена опција за пациентот кој има рак на панкреасот. Ова не води до вторите лоши вести. Туморите на панкреасот имаат многу малку крвни садови. Зошто треба да се грижиме за крвните садови на туморот? Да размислиме како функционира хемотерапијата. Лекот е вбризган во вената и се навигира низ телото додека не стигне до локацијата на туморот. Тоа е како возењето по автопат обидувајќи се да стигнеш до дестинацијата. Но, што ако дестинацијата нема излез на автопатот? Никогаш нема да стигнеш таму. Тоа е потполно истиот проблем со хемотерапијата и ракот на панкреасот. Лековите се навигираат низ целото тело. Стигаат до здрави органи, што резултира со висок токсичен ефект за пациентите во целост но, мал дел од тоа ќе стигне до туморот. Со тоа, ефикасноста е лимитирана. За мене, нелогично е да се користи третман на цело тело за да се погоди одреден орган. Меѓутоа во последниве 40 год., многу пари, истражувања и труд се вложени во изнаоѓање на нови, појаки лекови за лекување на ракот на панкреасот, но, ништо се нема сменето во начинот на кој им го доделуваме на пациентите. После двете лоши вести, ќе ви дадам една добра вест, се надевам дека е добра. Во соработка со колега од MИT и Massachusetts General Hospital во Бостон, револуционеризиравме нов начин на лечење на ракот со тоа што го направивме локалното предавање на лековите реалност. Буквално ве носиме до крајот на дестинацијата без да мора да возите по автопатот. Го внесовме лекот во уреди кои изгледаат како овој. Тие се доволно флексибилни за да бидат свиткани и да влезат во катетерот, за докторот да може да го постави директно врз туморот со минимално инванзивна операција. Но, се доволно цврсти за да бидат поставени врз туморот и да функцираат како кафез. Тие физички ќе го запрат туморот да се прошири кон другите органи и ќе ја контролира метастазата. Уредите се исто така биоразградливи. Што значи дека кога ќе навлезат во телото, ќе почнат да се распаѓаат, пренесувајќи го лекот, локално, полека и многу поефективно од тоа што се прави со сегашниот систем кој го инволвира целото тело. Во пред клиничката студија, демонстриравме како локализираниот пристап може да го подобри одговорот на третманот за 12 пати. Зедовме лек кој е веќе познат и со тоа што го пренесовме локално каде што треба највеќе дозволивме одговор кој е 12 пати појак намалувајќи го системскиот токсичен ефект. Работиме да ја однесеме оваа технологија на следното ниво. Го финализираме пред-клиничкото тестирање и животинскиот модел пред да бараме дозвола од FDA за клинички тестирања. Моментално, голем дел од пациентите ќе починат од рак на пакреасот. Се надеваме дека еден ден, ќе можеме да им ја намалиме болката, зголемиме животот и да го направиме ракот на панкреасот излечива болест. Со премислување на начинот на кој го пренесуваме лекот, не само што го правиме системот поефикасен и помалку токсичен, туку и ги отвараме вратите за наоѓање на нови иновативни решенија за скоро сите други невозможни проблеми на пациентите со рак на пакреасот и подалеку. Ви Благодарам (Аплауз)