Return to Video

Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста

  • 0:00 - 0:03
    Знаете, омилениот дел од татковската улога
  • 0:03 - 0:06
    ми е гледањето филмови.
  • 0:06 - 0:08
    Обожавам да ги споделувам моите омилени филмови со децата
  • 0:08 - 0:11
    и затоа кога ќерка ми имаше четири години,
  • 0:11 - 0:14
    заедно го гледавме „Волшебникот од Оз."
  • 0:14 - 0:17
    Тој со месеци целосно доминираше во нејзината фантазија.
  • 0:17 - 0:20
    Нејзиниот омилен лик беше, секако, Глинда.
  • 0:20 - 0:22
    Тоа и беше оправдување за да облече светкав фустан
  • 0:22 - 0:24
    и да носи магично стапче.
  • 0:24 - 0:26
    Но, ако доволно пати го изгледате филмот,
  • 0:26 - 0:28
    почнувате да сфаќате колку е тој необичен.
  • 0:28 - 0:31
    Во денешно време живееме и ги одгледуваме децата
  • 0:31 - 0:37
    во еден вид на спектакуларен индустриски комплекс на детската фантазија.
  • 0:37 - 0:39
    Но, „Волшебникот од Оз“ остана сам.
  • 0:39 - 0:41
    Не го започна тој тренд.
  • 0:41 - 0:44
    Овој тренд започна четириесет години подоцна,
  • 0:44 - 0:47
    интересно, преку еден друг филм
  • 0:47 - 0:49
    во кој беше прикажан еден метален тип
  • 0:49 - 0:50
    и еден влакнест тип
  • 0:50 - 0:55
    како спасуваат девојка преправени во непријателски чувари.
  • 0:55 - 0:58
    Знаете за што ви зборувам, така? (смеа)
  • 0:58 - 0:59
    Даааа.
  • 0:59 - 1:03
    Постои голема разлика помеѓу овие два филма,
  • 1:03 - 1:05
    неколку прилично големи разлики помеѓу „Волшебникот од Оз“
  • 1:05 - 1:06
    и денешниве филмови.
  • 1:06 - 1:09
    Како прво, во „Волшебникот од Оз“ има многу малку насилство.
  • 1:09 - 1:15
    Мајмуните се агресивни колку и јаболковите дрвја.
  • 1:15 - 1:18
    Но, мислам дека ако „Волшебникот од Оз“ беше направен денес,
  • 1:18 - 1:23
    волшебникот би рекол „Дороти, ти си спасителот на Оз
  • 1:23 - 1:24
    којшто беше претскажан во пророштвото.
  • 1:24 - 1:26
    Искористи ги твоите магични чевлички за да ги поразиш
  • 1:26 - 1:30
    компјутерски-создадените армии на Лудата вештерка."
  • 1:30 - 1:32
    Но, тоа не е така во реалноста.
  • 1:32 - 1:34
    Друго нешто што е навистина уникатно за „Волшебникот од Оз“
  • 1:34 - 1:37
    е тоа што сите најхрабри,
  • 1:37 - 1:41
    паметни, па дури и злобни ликови
  • 1:41 - 1:44
    се женски.
  • 1:44 - 1:46
    Ова почнав да го забележувам
  • 1:46 - 1:49
    кога ѝ го пуштив „Војна на ѕвездите“ на ќерка ми,
  • 1:49 - 1:52
    што беше неколку години подоцна, и ситуацијата беше поинаква.
  • 1:52 - 1:55
    Во тоа време, исто така, имав и син.
  • 1:55 - 1:57
    Тогаш тој имаше три години.
  • 1:57 - 2:01
    Не му дозволував да го гледа. Беше премал за тоа.
  • 2:01 - 2:02
    Но, тој беше второто дете,
  • 2:02 - 2:06
    и нивото на претпазливост беше опаднато. (смеа)
  • 2:06 - 2:10
    Па така ми влета внатре,
  • 2:10 - 2:14
    и филмот влијаеше врз него,
  • 2:14 - 2:19
    исто како што мајката-пајка влијае врз нејзините пајчиња,
  • 2:19 - 2:23
    и мислам дека не сфаќа за што станува збор,
  • 2:23 - 2:27
    но, со сигурност е внесен во филмот.
  • 2:27 - 2:28
    А јас се прашувам во што е внесен.
  • 2:28 - 2:31
    Дали ги сфаќа сцените на храброст,
  • 2:31 - 2:33
    истрајност и лојалност?
  • 2:33 - 2:36
    Дали го разбира фактот дека Лук
  • 2:36 - 2:41
    ѝ се придружува на армијата за да ја собори владата?
  • 2:41 - 2:42
    Дали заклучува дека
  • 2:42 - 2:45
    во универзумот има само момчиња
  • 2:45 - 2:49
    со исклучок на тетка Беру и секако оваа принцеза,
  • 2:49 - 2:53
    која е навистина кул, но која низ целиот филм како да исчекува нешто
  • 2:53 - 2:56
    за да може да го награди херојот со медал и со намигнување,
  • 2:56 - 2:59
    да му се заблагодари за спасувањето на светот, нешто што тој го прави
  • 2:59 - 3:02
    со помош на магијата која ја поседува уште од раѓање?
  • 3:02 - 3:05
    Споредете го ова со „Волшебникот од Оз“ од 1939.
  • 3:05 - 3:08
    Како победува Дороти во нејзиниот филм?
  • 3:08 - 3:11
    На тој начин што се спријателува со сите
  • 3:11 - 3:12
    и со тоа што станува водач.
  • 3:12 - 3:16
    Епа во таков свет би сакал да растат моите деца --
  • 3:16 - 3:19
    Оз, така?-- а не во светот на батки кои се тепаат,
  • 3:19 - 3:21
    каде што на некој начин сме и приморани да бидеме.
  • 3:21 - 3:25
    Зошто има толку многу Сила -- големо С, Сила--
  • 3:25 - 3:27
    во филмовите наменети за нашите деца,
  • 3:27 - 3:29
    а толку малку патеки од жолти тули?
  • 3:29 - 3:33
    Има многу одлични написи за влијанието
  • 3:33 - 3:37
    на машкуданските-насилни филмови врз девојчињата,
  • 3:37 - 3:40
    и треба да си ги прочитате. Многу се добри.
  • 3:40 - 3:44
    Немам прочитано за тоа како момчињата ги капираат овие пораки.
  • 3:44 - 3:47
    Од моето лично искуство знам дека
  • 3:47 - 3:53
    Принцезата Леја не ми го даде соодветниот контекст
  • 3:53 - 3:57
    кој би го искористил за да функционирам во светот на возрасните
  • 3:57 - 4:01
    т.е. во светот кој е машко-женски (смеа).
  • 4:01 - 4:05
    Мислам дека имаше една "прв-бакнеж" сцена
  • 4:05 - 4:08
    кога навистина очекував да почне да тече завршната шпица
  • 4:08 - 4:11
    бидејќи тука е крајот на филмот, така?
  • 4:11 - 4:13
    Ја завршив потрагата, ја фатив девојката.
  • 4:13 - 4:16
    Зошто сè уште стоиш таму?
  • 4:16 - 4:18
    Не знам што треба да правам.
  • 4:18 - 4:21
    Филмовите се многу, многу концентрирани кон тоа да се порази негативецот
  • 4:21 - 4:23
    и да се добие заслужената награда и нема многу простор
  • 4:23 - 4:26
    за други врски и други патувања.
  • 4:26 - 4:28
    Тоа отприлика му доаѓа, ако сте момче,
  • 4:28 - 4:31
    тогаш сте примутаво животно,
  • 4:31 - 4:35
    а ако сте девојче, тогаш треба да си го носите воениот костим.
  • 4:35 - 4:37
    Има мноштво исклучоци,
  • 4:37 - 4:42
    а јас ќе ги бранам принцезите на Дизни пред било кој од вас.
  • 4:42 - 4:46
    Но, тие испраќаат порака и до момчињата.
  • 4:46 - 4:48
    Момчињата баш и не се нивната целна публика.
  • 4:48 - 4:50
    Тие вршат феноменална работа учејќи ги девојчињата
  • 4:50 - 4:54
    како да се одбранат од патријархатот,
  • 4:54 - 4:56
    но не им покажуваат на момчињата
  • 4:56 - 4:59
    како тие би требало да се одбранат од патријархатот.
  • 4:59 - 5:01
    Нема модел за нив.
  • 5:01 - 5:04
    Исто така, имаме и извонредни жени
  • 5:04 - 5:06
    кои пишуваат нови приказни за нашите деца
  • 5:06 - 5:11
    и без оглед на тоа што Хермиона и Катнис се прекрасни,
  • 5:11 - 5:13
    сепак ова се воени филмови.
  • 5:13 - 5:17
    И секако, најуспешното студио на сите времиња
  • 5:17 - 5:21
    продолжува да вади класик за класик,
  • 5:21 - 5:24
    секој од нив за
  • 5:24 - 5:28
    патувањето на момче или маж,
  • 5:28 - 5:31
    или пак двајца мажи кои се пријатели, или маж и неговиот син,
  • 5:31 - 5:35
    или пак двајца мажи кои одгледуваат мало девојче.
  • 5:35 - 5:39
    Се до, како што многумина од вас си мислите, оваа година
  • 5:39 - 5:41
    кога конечно излегоа со „Храбра“.
  • 5:41 - 5:45
    Ви го препорачувам на сите вас. Го имате во домашната видеотека.
  • 5:45 - 5:48
    Дали се сеќавате што рекоа критичарите кога излезе „Храбра“?
  • 5:48 - 5:53
    „Леле, не можам да поверувам дека Пиксар направи филм со принцеза.“
  • 5:53 - 5:55
    Многу е добар. Не дозволувајте да ве одврати тоа.
  • 5:55 - 5:59
    Епа видете вака, скоро ниеден од овие филмови не го поминува Бехдел тестот.
  • 5:59 - 6:00
    Не знам дали сте слушнале за него.
  • 6:00 - 6:03
    Сè уште нема земено замав,
  • 6:03 - 6:05
    но, можеби денес ќе создадеме движење.
  • 6:05 - 6:08
    Алисон Бехдел е стрип-уметник,
  • 6:08 - 6:13
    и уште во средината на 80-тите, таа го снимила разговорот,
  • 6:13 - 6:16
    кој го водела со пријателка, за оценување на филмовите кои ги гледале.
  • 6:16 - 6:19
    Тестот е многу едноставен. Треба да поставите само три прашања:
  • 6:19 - 6:22
    Дали во филмот има барем два женски лика
  • 6:22 - 6:26
    кои имаат реплики?
  • 6:26 - 6:28
    Па обидете се да го достигнете тој критериум.
  • 6:28 - 6:34
    И дали овие жени зборуваат меѓу себе во било кој дел од филмот?
  • 6:34 - 6:37
    Дали нивниот разговор е за нешто друго освен за
  • 6:37 - 6:41
    мажот кој на двете им се допаѓа? (смеа)
  • 6:41 - 6:45
    Јасно? Ви благодарам. (аплауз)
  • 6:45 - 6:47
    Многу ви благодарам.
  • 6:47 - 6:54
    Две жени кои постојат и зборуваат меѓу себе за работи.
  • 6:54 - 6:59
    Се случува. Го имам видено тоа,
  • 6:59 - 7:02
    и сепак премногу ретко го гледам тоа во филмовите
  • 7:02 - 7:04
    кои ги знаеме и ги сакаме.
  • 7:04 - 7:06
    Всушност, оваа седмица бев да гледам
  • 7:06 - 7:09
    еден многу квалитетен филм, „Арго.“
  • 7:09 - 7:13
    Така? Фаворит за Оскар, помина одлично на бокс-офисот,
  • 7:13 - 7:17
    пример за тоа што претставува еден квалитетен холивудски филм.
  • 7:17 - 7:20
    Прилично лошо помина на Бехдел тестот.
  • 7:20 - 7:24
    А мислам дека не требаше, бидејќи голем дел од филмот,
  • 7:24 - 7:25
    не знам дали сте го гледале, но голем дел од филмот
  • 7:25 - 7:29
    се случува во амбасада каде што мажите и жените
  • 7:29 - 7:31
    се кријат за време на заложничка криза.
  • 7:31 - 7:33
    Има неколку сцени каде мажите,
  • 7:33 - 7:38
    во оваа криенка, водат длабоки и загрижувачки разговори,
  • 7:38 - 7:42
    а големиот момент за една од актерките е тоа што
  • 7:42 - 7:47
    ѕирнува низ вратата и вели: „Душо ќе дојдеш в кревет?“
  • 7:47 - 7:49
    Тоа ти е Холивуд.
  • 7:49 - 7:51
    Затоа, ајде да ги погледнеме бројките.
  • 7:51 - 7:55
    Во 2011-та, од 100-те најпопуларни филмови,
  • 7:55 - 7:59
    колку од нив мислите дека имаат женски главни јунаци?
  • 7:59 - 8:02
    Единаесет. Не е лошо.
  • 8:02 - 8:06
    Овој број е помал од бројот на жени
  • 8:06 - 8:09
    кои штотуку ги избравме за во Конгресот, и тоа е добро.
  • 8:09 - 8:12
    Но, постои еден број којшто е поголем од овој,
  • 8:12 - 8:15
    и кој ќе ве шлогира.
  • 8:15 - 8:18
    Минатата година, Њујорк Тајмс објави едно истражување
  • 8:18 - 8:20
    направено од страна на Владата.
  • 8:20 - 8:21
    Еве што има во него.
  • 8:21 - 8:26
    Една на секои пет жени во Америка
  • 8:26 - 8:32
    вели дека била сексуално нападната во одреден период од нејзиниот живот.
  • 8:32 - 8:36
    Мислам дека забавната индустрија не виновна за ова.
  • 8:36 - 8:40
    Мислам дека детските филмови немаат врска со тоа.
  • 8:40 - 8:42
    Не верувам ни дека
  • 8:42 - 8:45
    музичките спотови или пак порнографијата се директно поврзани со тоа,
  • 8:45 - 8:48
    но, нешто оди во погрешен правец,
  • 8:48 - 8:51
    и кога ја слушам таа статистика
  • 8:51 - 8:54
    си помислувам дека тоа
  • 8:54 - 8:58
    се многу сексуални престапници.
  • 8:58 - 9:01
    Кои се овие типови? Што научиле?
  • 9:01 - 9:03
    Што не успеале да научат?
  • 9:03 - 9:05
    Дали се под влијание на приказната дека
  • 9:05 - 9:09
    целта на машкиот херој е да го победи негативецот со насилство
  • 9:09 - 9:12
    за потоа да си ја земе наградата, којашто патем е жена
  • 9:12 - 9:17
    која нема пријатели и не зборува?
  • 9:17 - 9:22
    Дали ваквата приказна влијае врз нас?
  • 9:22 - 9:25
    Знаете,
  • 9:25 - 9:27
    како родител кој ја има привилегијата
  • 9:27 - 9:30
    да воспитува ќерка,
  • 9:30 - 9:33
    како и сите вие други,
  • 9:33 - 9:37
    ваквиот свет и ваквата статистика се загрижувачки,
  • 9:37 - 9:38
    и би требало да ги подготвиме децата.
  • 9:38 - 9:42
    Имаме на располагање некои средства како „женската моќ“
  • 9:42 - 9:45
    и да се надеваме дека тоа ќе помогне,
  • 9:45 - 9:48
    но мора да се запрашам дали женската моќ ќе ги заштити
  • 9:48 - 9:51
    ако, во исто време, активно или пасивно,
  • 9:51 - 9:56
    ги обучуваме нашите синови да ја задржат нивната машка моќ ?
  • 9:56 - 9:59
    Мислам, преку изборот на вистинските филмови
  • 9:59 - 10:03
    можеме да постигнеме нешто многу важно,
  • 10:03 - 10:06
    и овде воглавно им се обраќам на татковците.
  • 10:06 - 10:09
    Сметам дека мора да им покажеме на нашите синови
  • 10:09 - 10:10
    една нова дефиниција за машкоста.
  • 10:10 - 10:15
    Машкоста веќе фундаментално ја менува својата суштина.
  • 10:15 - 10:17
    Сте прочитале за тоа како новата економија
  • 10:17 - 10:20
    ги менува традиционалните машко-женски улоги.
  • 10:20 - 10:22
    Сето тоа веќе паѓа во вода.
  • 10:22 - 10:25
    Па така нашите синови ќе мора да најдат некој начин
  • 10:25 - 10:28
    да се адаптираат на ова, да се поврзат на нов начин меѓу себе,
  • 10:28 - 10:32
    и мислам дека мора да им покажеме, да им дадеме пример,
  • 10:32 - 10:35
    за тоа како вистинскиот маж
  • 10:35 - 10:39
    е некој кој им верува на сестрите,
  • 10:39 - 10:42
    ги почитува и сака да биде дел од нивниот тим,
  • 10:42 - 10:46
    и им се спротиставува на лошите дечки,
  • 10:46 - 10:50
    односно на мажите кои сакаат да ги злоставуваат жените.
  • 10:50 - 10:53
    Користејќи го Нетфликс системот, треба
  • 10:53 - 10:56
    да ги бираме оние филмови кои го поминуваат Бехдел тестот,
  • 10:56 - 11:01
    откако ќе ги најдеме, да ги побараме хероините
  • 11:01 - 11:02
    кои се таму,
  • 11:02 - 11:06
    кои покажуваат вистинска храброст, кои ги спојуваат луѓето,
  • 11:06 - 11:10
    да ги поттикнеме нашите синови да се идентификуваат со овие хероини
  • 11:10 - 11:13
    и да речат „Сакам да сум дел од нивниот тим,"
  • 11:13 - 11:18
    бидејќи ќе бидат дел од нивниот тим.
  • 11:18 - 11:21
    Кога ја прашав ќерка ми кој ѝ е омилениот лик во „Војна на ѕвездите“,
  • 11:21 - 11:23
    знаете што ми одговори?
  • 11:23 - 11:26
    Оби-Ван.
  • 11:26 - 11:30
    Оби-Ван Кеноби и Глинда.
  • 11:30 - 11:33
    Што имаат заедничко овие двајца?
  • 11:33 - 11:35
    Можеби не е само светкавиот фустан.
  • 11:35 - 11:39
    Мислам дека овие луѓе се експерти.
  • 11:39 - 11:40
    Овие ликови
  • 11:40 - 11:42
    имаат најголемо знаење од сите,
  • 11:42 - 11:45
    и сакаат да го споделат нивното знаење со другите луѓе
  • 11:45 - 11:48
    за да им помогнат да го достигнат нивниот потенцијал.
  • 11:48 - 11:50
    Тие всушност се лидери.
  • 11:50 - 11:53
    Би сакал ќерка ми да се стреми кон тоа,
  • 11:53 - 11:55
    а истото важи и за син ми.
  • 11:55 - 11:57
    Сакам да има повеќе такви идеали.
  • 11:57 - 11:59
    Не сакам филмови кои му велат на син ми,
  • 11:59 - 12:02
    „Оди и бори се сам,"
  • 12:02 - 12:07
    туку филмови кои ќе го подучат да се вклучи во некој тим,
  • 12:07 - 12:11
    можеби некој тим предводен од жена,
  • 12:11 - 12:16
    да им помага на другите да станат
  • 12:16 - 12:19
    и да бидат подобри луѓе,
  • 12:19 - 12:21
    онака како што прави и Волшебникот од Оз.
  • 12:21 - 12:34
    Ви благодарам.
Title:
Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста
Speaker:
Colin Stokes
Description:

Кога тригодишниот син на Колин Стоукс го здогледал „Војна на ѕвездите,“ тој веднаш станал опседнат од филмот. Но, какви пораки, всушност, добил од научно-фантастичниот класик? Стоукс бара да има повеќе филмови кои праќаат позитивни пораки до момчињата: дека соработката е херојска и дека почитувањето на жените е онолку мажествено колку и поразувањето на негативецот. (Снимено на TEDxBeaconStreet.)

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:56
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for How movies teach manhood
ALEKSANDAR MITEVSKI accepted Macedonian subtitles for How movies teach manhood
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood
ALEKSANDAR MITEVSKI edited Macedonian subtitles for How movies teach manhood
Show all

Macedonian subtitles

Revisions