1 00:00:00,422 --> 00:00:02,952 Знаете, омилениот дел од татковската улога 2 00:00:02,952 --> 00:00:06,211 ми е гледањето филмови. 3 00:00:06,211 --> 00:00:08,092 Обожавам да ги споделувам моите омилени филмови со децата 4 00:00:08,092 --> 00:00:10,688 и затоа кога ќерка ми имаше четири години, 5 00:00:10,688 --> 00:00:13,578 заедно го гледавме „Волшебникот од Оз." 6 00:00:13,578 --> 00:00:16,977 Тој со месеци целосно доминираше во нејзината фантазија. 7 00:00:16,977 --> 00:00:20,195 Нејзиниот омилен лик беше, секако, Глинда. 8 00:00:20,195 --> 00:00:22,255 Тоа и беше оправдување за да облече светкав фустан 9 00:00:22,255 --> 00:00:23,909 и да носи магично стапче. 10 00:00:23,909 --> 00:00:26,318 Но, ако доволно пати го изгледате филмот, 11 00:00:26,318 --> 00:00:27,751 почнувате да сфаќате колку е тој необичен. 12 00:00:27,751 --> 00:00:30,603 Во денешно време живееме и ги одгледуваме децата 13 00:00:30,603 --> 00:00:36,953 во еден вид на спектакуларен индустриски комплекс на детската фантазија. 14 00:00:36,953 --> 00:00:38,698 Но, „Волшебникот од Оз“ остана сам. 15 00:00:38,698 --> 00:00:40,885 Не го започна тој тренд. 16 00:00:40,885 --> 00:00:44,307 Овој тренд започна четириесет години подоцна, 17 00:00:44,307 --> 00:00:46,656 интересно, преку еден друг филм 18 00:00:46,656 --> 00:00:48,791 во кој беше прикажан еден метален тип 19 00:00:48,791 --> 00:00:50,175 и еден влакнест тип 20 00:00:50,175 --> 00:00:55,386 како спасуваат девојка преправени во непријателски чувари. 21 00:00:55,386 --> 00:00:57,827 Знаете за што ви зборувам, така? (смеа) 22 00:00:57,827 --> 00:00:59,302 Даааа. 23 00:00:59,302 --> 00:01:03,025 Постои голема разлика помеѓу овие два филма, 24 00:01:03,025 --> 00:01:05,062 неколку прилично големи разлики помеѓу „Волшебникот од Оз“ 25 00:01:05,062 --> 00:01:05,995 и денешниве филмови. 26 00:01:05,995 --> 00:01:09,300 Како прво, во „Волшебникот од Оз“ има многу малку насилство. 27 00:01:09,300 --> 00:01:14,545 Мајмуните се агресивни колку и јаболковите дрвја. 28 00:01:14,545 --> 00:01:18,152 Но, мислам дека ако „Волшебникот од Оз“ беше направен денес, 29 00:01:18,152 --> 00:01:22,578 волшебникот би рекол „Дороти, ти си спасителот на Оз 30 00:01:22,578 --> 00:01:24,340 којшто беше претскажан во пророштвото. 31 00:01:24,340 --> 00:01:26,414 Искористи ги твоите магични чевлички за да ги поразиш 32 00:01:26,414 --> 00:01:30,027 компјутерски-создадените армии на Лудата вештерка." 33 00:01:30,027 --> 00:01:31,679 Но, тоа не е така во реалноста. 34 00:01:31,679 --> 00:01:34,081 Друго нешто што е навистина уникатно за „Волшебникот од Оз“ 35 00:01:34,081 --> 00:01:37,384 е тоа што сите најхрабри, 36 00:01:37,384 --> 00:01:40,714 паметни, па дури и злобни ликови 37 00:01:40,714 --> 00:01:44,226 се женски. 38 00:01:44,226 --> 00:01:46,340 Ова почнав да го забележувам 39 00:01:46,340 --> 00:01:49,485 кога ѝ го пуштив „Војна на ѕвездите“ на ќерка ми, 40 00:01:49,485 --> 00:01:52,021 што беше неколку години подоцна, и ситуацијата беше поинаква. 41 00:01:52,021 --> 00:01:55,160 Во тоа време, исто така, имав и син. 42 00:01:55,160 --> 00:01:56,887 Тогаш тој имаше три години. 43 00:01:56,887 --> 00:02:01,033 Не му дозволував да го гледа. Беше премал за тоа. 44 00:02:01,033 --> 00:02:02,354 Но, тој беше второто дете, 45 00:02:02,354 --> 00:02:06,127 и нивото на претпазливост беше опаднато. (смеа) 46 00:02:06,127 --> 00:02:09,741 Па така ми влета внатре, 47 00:02:09,741 --> 00:02:13,770 и филмот влијаеше врз него, 48 00:02:13,770 --> 00:02:19,412 исто како што мајката-пајка влијае врз нејзините пајчиња, 49 00:02:19,412 --> 00:02:23,191 и мислам дека не сфаќа за што станува збор, 50 00:02:23,191 --> 00:02:26,718 но, со сигурност е внесен во филмот. 51 00:02:26,718 --> 00:02:28,087 А јас се прашувам во што е внесен. 52 00:02:28,087 --> 00:02:30,565 Дали ги сфаќа сцените на храброст, 53 00:02:30,565 --> 00:02:32,682 истрајност и лојалност? 54 00:02:32,682 --> 00:02:35,662 Дали го разбира фактот дека Лук 55 00:02:35,662 --> 00:02:40,556 ѝ се придружува на армијата за да ја собори владата? 56 00:02:40,556 --> 00:02:42,212 Дали заклучува дека 57 00:02:42,212 --> 00:02:45,315 во универзумот има само момчиња 58 00:02:45,315 --> 00:02:48,504 со исклучок на тетка Беру и секако оваа принцеза, 59 00:02:48,504 --> 00:02:52,954 која е навистина кул, но која низ целиот филм како да исчекува нешто 60 00:02:52,954 --> 00:02:56,183 за да може да го награди херојот со медал и со намигнување, 61 00:02:56,183 --> 00:02:58,736 да му се заблагодари за спасувањето на светот, нешто што тој го прави 62 00:02:58,736 --> 00:03:01,962 со помош на магијата која ја поседува уште од раѓање? 63 00:03:01,962 --> 00:03:04,928 Споредете го ова со „Волшебникот од Оз“ од 1939. 64 00:03:04,928 --> 00:03:07,557 Како победува Дороти во нејзиниот филм? 65 00:03:07,557 --> 00:03:10,507 На тој начин што се спријателува со сите 66 00:03:10,507 --> 00:03:12,284 и со тоа што станува водач. 67 00:03:12,284 --> 00:03:15,590 Епа во таков свет би сакал да растат моите деца -- 68 00:03:15,590 --> 00:03:19,480 Оз, така?-- а не во светот на батки кои се тепаат, 69 00:03:19,480 --> 00:03:21,383 каде што на некој начин сме и приморани да бидеме. 70 00:03:21,383 --> 00:03:25,163 Зошто има толку многу Сила -- големо С, Сила-- 71 00:03:25,163 --> 00:03:26,850 во филмовите наменети за нашите деца, 72 00:03:26,850 --> 00:03:29,295 а толку малку патеки од жолти тули? 73 00:03:29,295 --> 00:03:32,712 Има многу одлични написи за влијанието 74 00:03:32,712 --> 00:03:36,959 на машкуданските-насилни филмови врз девојчињата, 75 00:03:36,959 --> 00:03:39,577 и треба да си ги прочитате. Многу се добри. 76 00:03:39,577 --> 00:03:44,451 Немам прочитано за тоа како момчињата ги капираат овие пораки. 77 00:03:44,451 --> 00:03:47,001 Од моето лично искуство знам дека 78 00:03:47,001 --> 00:03:52,626 Принцезата Леја не ми го даде соодветниот контекст 79 00:03:52,626 --> 00:03:56,755 кој би го искористил за да функционирам во светот на возрасните 80 00:03:56,755 --> 00:04:01,356 т.е. во светот кој е машко-женски (смеа). 81 00:04:01,356 --> 00:04:04,546 Мислам дека имаше една "прв-бакнеж" сцена 82 00:04:04,546 --> 00:04:07,877 кога навистина очекував да почне да тече завршната шпица 83 00:04:07,877 --> 00:04:10,680 бидејќи тука е крајот на филмот, така? 84 00:04:10,680 --> 00:04:12,977 Ја завршив потрагата, ја фатив девојката. 85 00:04:12,977 --> 00:04:16,108 Зошто сè уште стоиш таму? 86 00:04:16,108 --> 00:04:17,553 Не знам што треба да правам. 87 00:04:17,553 --> 00:04:20,741 Филмовите се многу, многу концентрирани кон тоа да се порази негативецот 88 00:04:20,741 --> 00:04:23,329 и да се добие заслужената награда и нема многу простор 89 00:04:23,329 --> 00:04:26,220 за други врски и други патувања. 90 00:04:26,220 --> 00:04:28,459 Тоа отприлика му доаѓа, ако сте момче, 91 00:04:28,459 --> 00:04:30,540 тогаш сте примутаво животно, 92 00:04:30,540 --> 00:04:35,014 а ако сте девојче, тогаш треба да си го носите воениот костим. 93 00:04:35,014 --> 00:04:37,202 Има мноштво исклучоци, 94 00:04:37,202 --> 00:04:42,499 а јас ќе ги бранам принцезите на Дизни пред било кој од вас. 95 00:04:42,499 --> 00:04:45,551 Но, тие испраќаат порака и до момчињата. 96 00:04:45,551 --> 00:04:48,057 Момчињата баш и не се нивната целна публика. 97 00:04:48,057 --> 00:04:50,499 Тие вршат феноменална работа учејќи ги девојчињата 98 00:04:50,499 --> 00:04:53,871 како да се одбранат од патријархатот, 99 00:04:53,871 --> 00:04:55,836 но не им покажуваат на момчињата 100 00:04:55,836 --> 00:04:58,670 како тие би требало да се одбранат од патријархатот. 101 00:04:58,670 --> 00:05:00,810 Нема модел за нив. 102 00:05:00,810 --> 00:05:04,083 Исто така, имаме и извонредни жени 103 00:05:04,083 --> 00:05:06,220 кои пишуваат нови приказни за нашите деца 104 00:05:06,220 --> 00:05:10,962 и без оглед на тоа што Хермиона и Катнис се прекрасни, 105 00:05:10,962 --> 00:05:13,088 сепак ова се воени филмови. 106 00:05:13,088 --> 00:05:17,196 И секако, најуспешното студио на сите времиња 107 00:05:17,196 --> 00:05:21,326 продолжува да вади класик за класик, 108 00:05:21,326 --> 00:05:24,070 секој од нив за 109 00:05:24,070 --> 00:05:27,840 патувањето на момче или маж, 110 00:05:27,840 --> 00:05:31,484 или пак двајца мажи кои се пријатели, или маж и неговиот син, 111 00:05:31,484 --> 00:05:35,079 или пак двајца мажи кои одгледуваат мало девојче. 112 00:05:35,079 --> 00:05:38,819 Се до, како што многумина од вас си мислите, оваа година 113 00:05:38,819 --> 00:05:40,545 кога конечно излегоа со „Храбра“. 114 00:05:40,545 --> 00:05:44,552 Ви го препорачувам на сите вас. Го имате во домашната видеотека. 115 00:05:44,552 --> 00:05:48,446 Дали се сеќавате што рекоа критичарите кога излезе „Храбра“? 116 00:05:48,446 --> 00:05:52,854 „Леле, не можам да поверувам дека Пиксар направи филм со принцеза.“ 117 00:05:52,854 --> 00:05:54,975 Многу е добар. Не дозволувајте да ве одврати тоа. 118 00:05:54,975 --> 00:05:58,867 Епа видете вака, скоро ниеден од овие филмови не го поминува Бехдел тестот. 119 00:05:58,867 --> 00:06:00,053 Не знам дали сте слушнале за него. 120 00:06:00,053 --> 00:06:02,875 Сè уште нема земено замав, 121 00:06:02,875 --> 00:06:04,956 но, можеби денес ќе создадеме движење. 122 00:06:04,956 --> 00:06:07,738 Алисон Бехдел е стрип-уметник, 123 00:06:07,738 --> 00:06:12,844 и уште во средината на 80-тите, таа го снимила разговорот, 124 00:06:12,844 --> 00:06:16,418 кој го водела со пријателка, за оценување на филмовите кои ги гледале. 125 00:06:16,418 --> 00:06:19,404 Тестот е многу едноставен. Треба да поставите само три прашања: 126 00:06:19,404 --> 00:06:21,914 Дали во филмот има барем два женски лика 127 00:06:21,914 --> 00:06:25,515 кои имаат реплики? 128 00:06:25,515 --> 00:06:28,095 Па обидете се да го достигнете тој критериум. 129 00:06:28,095 --> 00:06:33,755 И дали овие жени зборуваат меѓу себе во било кој дел од филмот? 130 00:06:33,755 --> 00:06:37,208 Дали нивниот разговор е за нешто друго освен за 131 00:06:37,208 --> 00:06:40,524 мажот кој на двете им се допаѓа? (смеа) 132 00:06:40,524 --> 00:06:44,856 Јасно? Ви благодарам. (аплауз) 133 00:06:44,856 --> 00:06:46,681 Многу ви благодарам. 134 00:06:46,681 --> 00:06:54,284 Две жени кои постојат и зборуваат меѓу себе за работи. 135 00:06:54,284 --> 00:06:59,414 Се случува. Го имам видено тоа, 136 00:06:59,414 --> 00:07:02,362 и сепак премногу ретко го гледам тоа во филмовите 137 00:07:02,362 --> 00:07:03,529 кои ги знаеме и ги сакаме. 138 00:07:03,529 --> 00:07:05,689 Всушност, оваа седмица бев да гледам 139 00:07:05,689 --> 00:07:09,303 еден многу квалитетен филм, „Арго.“ 140 00:07:09,303 --> 00:07:12,962 Така? Фаворит за Оскар, помина одлично на бокс-офисот, 141 00:07:12,962 --> 00:07:17,246 пример за тоа што претставува еден квалитетен холивудски филм. 142 00:07:17,246 --> 00:07:19,930 Прилично лошо помина на Бехдел тестот. 143 00:07:19,930 --> 00:07:23,737 А мислам дека не требаше, бидејќи голем дел од филмот, 144 00:07:23,737 --> 00:07:25,318 не знам дали сте го гледале, но голем дел од филмот 145 00:07:25,318 --> 00:07:28,776 се случува во амбасада каде што мажите и жените 146 00:07:28,776 --> 00:07:31,453 се кријат за време на заложничка криза. 147 00:07:31,453 --> 00:07:33,342 Има неколку сцени каде мажите, 148 00:07:33,342 --> 00:07:37,503 во оваа криенка, водат длабоки и загрижувачки разговори, 149 00:07:37,503 --> 00:07:41,519 а големиот момент за една од актерките е тоа што 150 00:07:41,519 --> 00:07:46,641 ѕирнува низ вратата и вели: „Душо ќе дојдеш в кревет?“ 151 00:07:46,641 --> 00:07:48,642 Тоа ти е Холивуд. 152 00:07:48,642 --> 00:07:51,087 Затоа, ајде да ги погледнеме бројките. 153 00:07:51,087 --> 00:07:54,649 Во 2011-та, од 100-те најпопуларни филмови, 154 00:07:54,649 --> 00:07:58,894 колку од нив мислите дека имаат женски главни јунаци? 155 00:07:58,894 --> 00:08:02,188 Единаесет. Не е лошо. 156 00:08:02,188 --> 00:08:05,883 Овој број е помал од бројот на жени 157 00:08:05,883 --> 00:08:09,009 кои штотуку ги избравме за во Конгресот, и тоа е добро. 158 00:08:09,009 --> 00:08:12,013 Но, постои еден број којшто е поголем од овој, 159 00:08:12,013 --> 00:08:14,670 и кој ќе ве шлогира. 160 00:08:14,670 --> 00:08:18,332 Минатата година, Њујорк Тајмс објави едно истражување 161 00:08:18,332 --> 00:08:19,991 направено од страна на Владата. 162 00:08:19,991 --> 00:08:21,379 Еве што има во него. 163 00:08:21,379 --> 00:08:25,595 Една на секои пет жени во Америка 164 00:08:25,595 --> 00:08:31,848 вели дека била сексуално нападната во одреден период од нејзиниот живот. 165 00:08:31,848 --> 00:08:35,632 Мислам дека забавната индустрија не виновна за ова. 166 00:08:35,632 --> 00:08:39,915 Мислам дека детските филмови немаат врска со тоа. 167 00:08:39,915 --> 00:08:41,693 Не верувам ни дека 168 00:08:41,693 --> 00:08:45,248 музичките спотови или пак порнографијата се директно поврзани со тоа, 169 00:08:45,248 --> 00:08:48,013 но, нешто оди во погрешен правец, 170 00:08:48,013 --> 00:08:51,064 и кога ја слушам таа статистика 171 00:08:51,064 --> 00:08:53,569 си помислувам дека тоа 172 00:08:53,569 --> 00:08:57,694 се многу сексуални престапници. 173 00:08:57,694 --> 00:09:01,054 Кои се овие типови? Што научиле? 174 00:09:01,054 --> 00:09:02,770 Што не успеале да научат? 175 00:09:02,770 --> 00:09:04,920 Дали се под влијание на приказната дека 176 00:09:04,920 --> 00:09:09,447 целта на машкиот херој е да го победи негативецот со насилство 177 00:09:09,447 --> 00:09:11,980 за потоа да си ја земе наградата, којашто патем е жена 178 00:09:11,980 --> 00:09:17,028 која нема пријатели и не зборува? 179 00:09:17,028 --> 00:09:22,233 Дали ваквата приказна влијае врз нас? 180 00:09:22,233 --> 00:09:24,579 Знаете, 181 00:09:24,579 --> 00:09:27,346 како родител кој ја има привилегијата 182 00:09:27,346 --> 00:09:29,990 да воспитува ќерка, 183 00:09:29,990 --> 00:09:32,859 како и сите вие други, 184 00:09:32,859 --> 00:09:36,639 ваквиот свет и ваквата статистика се загрижувачки, 185 00:09:36,639 --> 00:09:37,776 и би требало да ги подготвиме децата. 186 00:09:37,776 --> 00:09:42,062 Имаме на располагање некои средства како „женската моќ“ 187 00:09:42,062 --> 00:09:44,796 и да се надеваме дека тоа ќе помогне, 188 00:09:44,796 --> 00:09:48,405 но мора да се запрашам дали женската моќ ќе ги заштити 189 00:09:48,405 --> 00:09:51,003 ако, во исто време, активно или пасивно, 190 00:09:51,003 --> 00:09:55,956 ги обучуваме нашите синови да ја задржат нивната машка моќ ? 191 00:09:55,956 --> 00:09:59,354 Мислам, преку изборот на вистинските филмови 192 00:09:59,354 --> 00:10:02,610 можеме да постигнеме нешто многу важно, 193 00:10:02,610 --> 00:10:05,665 и овде воглавно им се обраќам на татковците. 194 00:10:05,665 --> 00:10:08,515 Сметам дека мора да им покажеме на нашите синови 195 00:10:08,515 --> 00:10:10,371 една нова дефиниција за машкоста. 196 00:10:10,371 --> 00:10:14,891 Машкоста веќе фундаментално ја менува својата суштина. 197 00:10:14,891 --> 00:10:17,022 Сте прочитале за тоа како новата економија 198 00:10:17,022 --> 00:10:20,423 ги менува традиционалните машко-женски улоги. 199 00:10:20,423 --> 00:10:22,077 Сето тоа веќе паѓа во вода. 200 00:10:22,077 --> 00:10:24,695 Па така нашите синови ќе мора да најдат некој начин 201 00:10:24,695 --> 00:10:27,670 да се адаптираат на ова, да се поврзат на нов начин меѓу себе, 202 00:10:27,670 --> 00:10:31,517 и мислам дека мора да им покажеме, да им дадеме пример, 203 00:10:31,517 --> 00:10:35,218 за тоа како вистинскиот маж 204 00:10:35,218 --> 00:10:38,987 е некој кој им верува на сестрите, 205 00:10:38,987 --> 00:10:42,160 ги почитува и сака да биде дел од нивниот тим, 206 00:10:42,160 --> 00:10:45,783 и им се спротиставува на лошите дечки, 207 00:10:45,783 --> 00:10:49,639 односно на мажите кои сакаат да ги злоставуваат жените. 208 00:10:49,639 --> 00:10:52,690 Користејќи го Нетфликс системот, треба 209 00:10:52,690 --> 00:10:56,459 да ги бираме оние филмови кои го поминуваат Бехдел тестот, 210 00:10:56,459 --> 00:11:00,740 откако ќе ги најдеме, да ги побараме хероините 211 00:11:00,740 --> 00:11:02,326 кои се таму, 212 00:11:02,326 --> 00:11:06,115 кои покажуваат вистинска храброст, кои ги спојуваат луѓето, 213 00:11:06,115 --> 00:11:09,703 да ги поттикнеме нашите синови да се идентификуваат со овие хероини 214 00:11:09,703 --> 00:11:13,188 и да речат „Сакам да сум дел од нивниот тим," 215 00:11:13,188 --> 00:11:17,770 бидејќи ќе бидат дел од нивниот тим. 216 00:11:17,770 --> 00:11:21,464 Кога ја прашав ќерка ми кој ѝ е омилениот лик во „Војна на ѕвездите“, 217 00:11:21,464 --> 00:11:23,493 знаете што ми одговори? 218 00:11:23,493 --> 00:11:25,996 Оби-Ван. 219 00:11:25,996 --> 00:11:29,893 Оби-Ван Кеноби и Глинда. 220 00:11:29,893 --> 00:11:33,360 Што имаат заедничко овие двајца? 221 00:11:33,360 --> 00:11:35,284 Можеби не е само светкавиот фустан. 222 00:11:35,284 --> 00:11:38,911 Мислам дека овие луѓе се експерти. 223 00:11:38,911 --> 00:11:40,437 Овие ликови 224 00:11:40,437 --> 00:11:42,005 имаат најголемо знаење од сите, 225 00:11:42,005 --> 00:11:45,332 и сакаат да го споделат нивното знаење со другите луѓе 226 00:11:45,332 --> 00:11:48,436 за да им помогнат да го достигнат нивниот потенцијал. 227 00:11:48,436 --> 00:11:50,444 Тие всушност се лидери. 228 00:11:50,444 --> 00:11:52,662 Би сакал ќерка ми да се стреми кон тоа, 229 00:11:52,662 --> 00:11:54,849 а истото важи и за син ми. 230 00:11:54,849 --> 00:11:56,760 Сакам да има повеќе такви идеали. 231 00:11:56,760 --> 00:11:59,360 Не сакам филмови кои му велат на син ми, 232 00:11:59,360 --> 00:12:01,571 „Оди и бори се сам," 233 00:12:01,571 --> 00:12:06,776 туку филмови кои ќе го подучат да се вклучи во некој тим, 234 00:12:06,776 --> 00:12:10,876 можеби некој тим предводен од жена, 235 00:12:10,876 --> 00:12:16,496 да им помага на другите да станат 236 00:12:16,496 --> 00:12:18,888 и да бидат подобри луѓе, 237 00:12:18,888 --> 00:12:21,170 онака како што прави и Волшебникот од Оз. 238 00:12:21,170 --> 00:12:34,479 Ви благодарам.