Return to Video

Како да го направите стресот ваш пријател

  • 0:00 - 0:05
    Сакам да ви признаам нешто,
  • 0:05 - 0:08
    но најпрвин, сакам вие
  • 0:08 - 0:11
    нешто да ми признаете.
  • 0:11 - 0:15
    Сакам да кренете рака доколку минатата година
  • 0:15 - 0:18
    имате доживеано релативно малку стрес.
  • 0:18 - 0:21
    Некој?
  • 0:21 - 0:23
    А средно ниво на стрес?
  • 0:23 - 0:26
    Кој има доживеано многу стрес?
  • 0:26 - 0:29
    Да. И јас.
  • 0:29 - 0:31
    Но нешто друго имав на ум.
  • 0:31 - 0:35
    Ова е мојата исповед: јас сум здравствен психолог,
  • 0:35 - 0:39
    а мојата мисија е да им помагам на луѓето да бидат посреќни и поздрави.
  • 0:39 - 0:43
    Но страв ми е дека она што го предавав
  • 0:43 - 0:47
    изминативе 10 години прави повеќе штета отколку добро,
  • 0:47 - 0:50
    а поврзано е со стресот.
  • 0:50 - 0:53
    Со години им кажував на луѓето, стресот ве разболува.
  • 0:53 - 0:56
    Го зголемува ризикот од сè, почнувајќи од обична настинка,
  • 0:56 - 0:58
    па до кардиоваскуларните болести.
  • 0:58 - 1:02
    Во суштина, од стресот направив непријател.
  • 1:02 - 1:05
    Но веќе поинаку гледам на стресот,
  • 1:05 - 1:09
    а денес сакам и вие поинаку да гледате на него.
  • 1:09 - 1:11
    Ќе започнам со студијата која ме натера да го преиспитам
  • 1:11 - 1:14
    мојот дотогашен пристап кон стресот.
  • 1:14 - 1:17
    Студијата следеше 30,000 возрасни луѓе од САД
  • 1:17 - 1:21
    во текот на 8 години. Ги прашуваа луѓето,
  • 1:21 - 1:25
    "Колку стрес имате доживеано изминатава година?"
  • 1:25 - 1:28
    Исто така ги прашуваа, "Дали верувате
  • 1:28 - 1:32
    дека стресот е штетен за вашето здравје?"
  • 1:32 - 1:34
    А потоа преку јавниот регистар за починати
  • 1:34 - 1:36
    утврдуваа кој починал.
  • 1:36 - 1:37
    (Смеа)
  • 1:37 - 1:41
    Добро. Прво лошите вести.
  • 1:41 - 1:45
    Луѓето кои доживеале многу стрес претходната година, имаа
  • 1:45 - 1:48
    43-процентно зголемување на ризикот од умирање.
  • 1:48 - 1:52
    Но ова важеше само за луѓето
  • 1:52 - 1:57
    кои истовремено веруваа дека стресот е штетен за здравјето.
  • 1:57 - 1:59
    (Смеа)
  • 1:59 - 2:01
    Луѓето кои доживеале многу стрес, но кои
  • 2:01 - 2:03
    не претполагаа дека стресот е штетен,
  • 2:03 - 2:05
    немаа зголемување на ризикот од умирање.
  • 2:05 - 2:08
    Всушност, ризикот од умирање кај нив беше најнизок
  • 2:08 - 2:10
    во споредба со другите, вклучувајќи ги и луѓето
  • 2:10 - 2:13
    кои имаа релативно малку стрес.
  • 2:13 - 2:15
    Во текот на осумте години, следејќи ги смртните случаи,
  • 2:15 - 2:17
    истражувачите пресметаа дека
  • 2:17 - 2:20
    182,000 Американци умреле предвремено,
  • 2:20 - 2:23
    но не од стрес, туку од верувањето
  • 2:23 - 2:26
    дека стресот е лош. (Смеа)
  • 2:26 - 2:30
    Тоа е преку 20,000 починати на годишно ниво.
  • 2:30 - 2:33
    Сега, ако оваа пресметка е точна,
  • 2:33 - 2:35
    тогаш верувањето дека стресот е лош ќе стане
  • 2:35 - 2:37
    15от најголем причинител на смрт
  • 2:37 - 2:39
    во САД за минатата година,
  • 2:39 - 2:41
    убивајќи повеќе луѓе отколку ракот на кожа,
  • 2:41 - 2:44
    ХИВ/СИДАта и убиствата.
  • 2:44 - 2:47
    (Смеа)
  • 2:47 - 2:50
    Гледате зошто ме полуде оваа студија.
  • 2:50 - 2:54
    А јас пак трошев толку многу енергија кажувајќи им на луѓето
  • 2:54 - 2:57
    колку е лош стресот за нивното здравје.
  • 2:57 - 2:59
    Оваа студија ме натера да размислувам:
  • 2:59 - 3:01
    Дали ќе бидеш поздрав ако го промениш
  • 3:01 - 3:05
    мислењето во однос на стресот? Овде науката вели да.
  • 3:05 - 3:07
    Кога ќе го промениш размислувањето за стресот,
  • 3:07 - 3:10
    тогаш го менуваш начинот на кој телото реагира под стрес.
  • 3:10 - 3:12
    За да ви објаснам како функционира ова,
  • 3:12 - 3:15
    сакам да се преправате божем сте учесници
  • 3:15 - 3:18
    во студија наменета да ви предизвика стрес.
  • 3:18 - 3:21
    Се вика тест на социјален стрес.
  • 3:21 - 3:23
    Доаѓате во лабораторијата
  • 3:23 - 3:26
    и ви велат дека треба да одржите пет-минутен
  • 3:26 - 3:29
    импровизиран говор за вашите лични слабости
  • 3:29 - 3:33
    пред група експерти-оценувачи кои седат пред вас,
  • 3:33 - 3:35
    а за да го почувствувате притисокот,
  • 3:35 - 3:38
    директно во лице ви насочуваат силни рефлектори и камера,
  • 3:38 - 3:41
    како и овде.
  • 3:41 - 3:43
    А оценувачите се обучени да
  • 3:43 - 3:48
    ви даваат обесхрабрувачки, невербален фидбек, еве вака.
  • 3:53 - 3:57
    (Смеа)
  • 3:57 - 3:59
    Откако доволно ќе ве деморализираат,
  • 3:59 - 4:02
    следи вториот дел: математички тест.
  • 4:02 - 4:04
    И без да знаете,
  • 4:04 - 4:08
    експериментаторот е обучен да ве малтретира за време на тестот.
  • 4:08 - 4:11
    Сега ова ќе го направиме сите заедно.
  • 4:11 - 4:12
    Ќе биде забавно.
  • 4:12 - 4:13
    За мене.
  • 4:13 - 4:18
    Добро. Сакам сите да броите назад
  • 4:18 - 4:21
    од 996 во интервали од 7.
  • 4:21 - 4:23
    Треба да броите наглас
  • 4:23 - 4:27
    најбрзо што можете, почнувајќи од 996.
  • 4:27 - 4:28
    Може!
  • 4:28 - 4:29
    Публика: (Брои)
  • 4:29 - 4:32
    Ајде побрзо. Побрзо ве молам.
  • 4:32 - 4:34
    Премногу сте бавни.
  • 4:34 - 4:36
    Стој. Стој, стој, стој.
  • 4:36 - 4:38
    Дечково направи грешка.
  • 4:38 - 4:40
    Ќе мора да почнете одново. (Смеа)
  • 4:40 - 4:43
    Не сте многу добри во ова, нели?
  • 4:43 - 4:45
    Добро, сфаќате како оди.
  • 4:45 - 4:46
    Е сега, ако учествувавте во оваа студија,
  • 4:46 - 4:48
    веројатно ќе чувствувавте малку стрес.
  • 4:48 - 4:50
    Можеби срцето ќе ви лупаше,
  • 4:50 - 4:53
    можеби ќе дишевте забрзано, можеби ќе се потевте.
  • 4:53 - 4:56
    И нормално, овие физички промени ги интерпретираме
  • 4:56 - 4:58
    како нервоза
  • 4:58 - 5:01
    или како знаци дека не се справуваме добро со притисокот.
  • 5:01 - 5:03
    Но што ако на нив гледавте како
  • 5:03 - 5:05
    на знаци дека телото ви е полно енергија,
  • 5:05 - 5:09
    дека ве подготвува да се соочите со предизвикот?
  • 5:09 - 5:12
    Токму ова им беше кажано на учесниците во една
  • 5:12 - 5:14
    студија спроведена на Универзитетот Харвард.
  • 5:14 - 5:17
    Пред да се подложат на тестот за социјален стрес,
  • 5:17 - 5:20
    им беше кажано дека стресната реакција е полезна.
  • 5:20 - 5:24
    Срцето кое лупа те подготвува за акција.
  • 5:24 - 5:27
    Ако дишеш забрзано, немај гајле.
  • 5:27 - 5:30
    Така мозокот добива повеќе кислород.
  • 5:30 - 5:33
    Учесниците кои научија дека стресната реакција
  • 5:33 - 5:35
    им помага во перформансот,
  • 5:35 - 5:36
    беа помалку вознемирени,
  • 5:36 - 5:38
    помалку анксиозни, посамоуверени,
  • 5:38 - 5:40
    но според мене најфасцинантно
  • 5:40 - 5:44
    е тоа како се промени нивната физичка реакција.
  • 5:44 - 5:46
    При типична стресна реакција,
  • 5:46 - 5:48
    срцевите отчукувања ви се зголемуваат,
  • 5:48 - 5:52
    а крвните садови ви се стеснуваат, еве вака.
  • 5:52 - 5:55
    Ова е една од причините поради која хроничниот стрес
  • 5:55 - 5:58
    понекогаш е поврзан со кардиоваскуларните болести.
  • 5:58 - 6:01
    Воопшто не е здраво да бидете постојано во оваа состојба.
  • 6:01 - 6:03
    Но во истражувањето, откако учесниците научија
  • 6:03 - 6:06
    дека стресната реакција им помага,
  • 6:06 - 6:09
    нивните крвни садови останаа опуштени, еве вака.
  • 6:09 - 6:10
    Срцето сè уште им лупаше,
  • 6:10 - 6:14
    но ова е далеку подобар кардиоваскуларен профил.
  • 6:14 - 6:16
    Всушност многу наликува на она што се случува
  • 6:16 - 6:21
    во моментите на радост и храброст.
  • 6:21 - 6:24
    Во текот на животот доживуваме стресни ситуации,
  • 6:24 - 6:27
    и токму ваквата биолошка промена
  • 6:27 - 6:28
    може да биде разликата
  • 6:28 - 6:31
    помеѓу срцев удар на 50 г., предизвикан од стрес
  • 6:31 - 6:34
    и доживување на длабока старост.
  • 6:34 - 6:37
    И токму ова го потврдуваат новите сознанија за стресот,
  • 6:37 - 6:41
    дека е битно како размислувате за стресот.
  • 6:41 - 6:44
    И така мојата цел како здравствен психолог се промени.
  • 6:44 - 6:46
    Повеќе не сакам да ве ослободам од стресот.
  • 6:46 - 6:49
    Сакам подобро да го искористите стресот.
  • 6:49 - 6:52
    И штотуку извршивме една мала интервенција.
  • 6:52 - 6:53
    Доколку ја кренавте раката и рековте
  • 6:53 - 6:56
    дека сте биле под голем стрес минатата година,
  • 6:56 - 6:57
    можеби сме ви го спасиле животот,
  • 6:57 - 6:59
    оти следниот пат кога
  • 6:59 - 7:01
    ќе ви лупа срцето за време на стрес,
  • 7:01 - 7:03
    ќе се сетите на овој говор
  • 7:03 - 7:05
    и ќе си речете, на овој начин
  • 7:05 - 7:10
    телото ми помага да се справам со овој предизвик.
  • 7:10 - 7:13
    И кога стресот го гледате на тој начин,
  • 7:13 - 7:15
    вашето тело ви верува,
  • 7:15 - 7:18
    а вашата стресна реакција станува поздрава.
  • 7:18 - 7:22
    Реков дека повеќе од една деценија го демонизирав стресот
  • 7:22 - 7:24
    за што сега треба да се искупам,
  • 7:24 - 7:27
    па затоа ќе извршиме уште една интервенција.
  • 7:27 - 7:29
    Сакам да ви кажам за еден од
  • 7:29 - 7:32
    најмалку ценетите елементи на стресната реакција,
  • 7:32 - 7:34
    а идејата е следна:
  • 7:34 - 7:37
    Стресот ве прави друштвени.
  • 7:37 - 7:39
    За да ја разбереме оваа страна на стресот,
  • 7:39 - 7:42
    треба да зборуваме за еден хормон, за окситоцинот,
  • 7:42 - 7:45
    и знам дека окситоцинот како хормон
  • 7:45 - 7:47
    веќе ја достигна својата медиумска слава.
  • 7:47 - 7:50
    Дури и си има свој прекар, хормонот на гушкањето,
  • 7:50 - 7:53
    бидејќи се лачи кога ќе гушнете некого.
  • 7:53 - 7:57
    Но ова е многу мал дел од задачите на окситоцинот.
  • 7:57 - 8:00
    Окситоцинот е невро-хормон.
  • 8:00 - 8:03
    Ги регулира социјалните инстинкти во вашиот мозок.
  • 8:03 - 8:06
    Ве поттикнува да правите работи
  • 8:06 - 8:09
    кои ќе ги зацврстат блиските врски.
  • 8:09 - 8:12
    Окситоцинот ве тера да барате физички контакт
  • 8:12 - 8:14
    со вашите пријатели и семејството.
  • 8:14 - 8:16
    Ви ја зголемува емпатијата.
  • 8:16 - 8:19
    Дури и ве прави склони да им помагате и да ги поддржувате
  • 8:19 - 8:22
    луѓето кои ви се важни.
  • 8:22 - 8:23
    Одредени луѓе дури и предложија дека
  • 8:23 - 8:27
    треба да шмркаме окситоцин
  • 8:27 - 8:31
    за да бидеме посочувствителни и погрижливи.
  • 8:31 - 8:34
    Но еве што повеќето луѓе не сфаќаат
  • 8:34 - 8:36
    за окситоцинот.
  • 8:36 - 8:39
    Тој е хормон на стресот.
  • 8:39 - 8:42
    Вашата хипофиза го лачи овој хормон
  • 8:42 - 8:44
    како дел од стресната реакција.
  • 8:44 - 8:46
    Игра исто толку голема улога
  • 8:46 - 8:50
    колку и адреналинот поради кој ви лупа срцето.
  • 8:50 - 8:53
    И кога ќе се ослободи окситоцинот за време на стресната реакција,
  • 8:53 - 8:56
    тој ве мотивира да барате поддршка.
  • 8:56 - 8:58
    Вашата биолошка стресна реакција
  • 8:58 - 9:02
    ве тера на некого да му ги кажете своите чувства,
  • 9:02 - 9:04
    наместо да ги чувате за себе.
  • 9:04 - 9:07
    Вашата стресна реакција сака да биде сигурна
  • 9:07 - 9:10
    дека ќе забележите кога некој во вашиот живот се мачи,
  • 9:10 - 9:12
    за да можете да си помогнете едни на други.
  • 9:12 - 9:16
    Кога животот е тежок, вашата стресна реакција сака
  • 9:16 - 9:21
    да бидете опколени со луѓе кои се грижат за вас.
  • 9:21 - 9:24
    Добро, и како познавањето на оваа страна на стресот
  • 9:24 - 9:26
    ќе ве направи поздрави?
  • 9:26 - 9:28
    Епа, окситоцинот не влијае само врз мозокот.
  • 9:28 - 9:31
    Туку влијае и врз вашето тело,
  • 9:31 - 9:33
    а една од главните улоги му е
  • 9:33 - 9:36
    да го штити вашиот кардиоваскуларен систем
  • 9:36 - 9:38
    од ефектите на стресот.
  • 9:38 - 9:41
    Тој е природна против-воспалителна супстанца.
  • 9:41 - 9:44
    Им помага на крвните садови да останат опуштени за време на стрес.
  • 9:44 - 9:47
    Но мене омилен ми е ефектот кој го има врз срцето.
  • 9:47 - 9:51
    Вашето срце има рецептори за овој хормон,
  • 9:51 - 9:55
    а окситоцинот го помага регенерирањето и
  • 9:55 - 9:59
    заздравувањето на срцевите клетки доколку се оштетат при стрес.
  • 9:59 - 10:03
    Овој хормон на стресот ви го зајакнува срцето,
  • 10:03 - 10:07
    и навистина е супер што сите овие позитивни ефекти
  • 10:07 - 10:10
    на окситоцинот се зголемуваат при социјален
  • 10:10 - 10:12
    контакт и поддршка,
  • 10:12 - 10:15
    па кога ќе им се обратите на другите додека сте под стрес,
  • 10:15 - 10:18
    за да побарате поддршка или да помогнете некому,
  • 10:18 - 10:20
    лачењето на окситоцинот се зголемува,
  • 10:20 - 10:22
    вашата стресна реакција станува поздрава,
  • 10:22 - 10:25
    и всушност многу побрзо закрепнувате од стресот.
  • 10:25 - 10:28
    Ова за мене е неверојатно,
  • 10:28 - 10:32
    дека вашата стресна реакција има вграден механизам
  • 10:32 - 10:34
    кој ве прави отпорни на стресот,
  • 10:34 - 10:39
    а тој механизам е контактот со другите луѓе.
  • 10:39 - 10:42
    За крај сакам да ви кажам за уште една студија.
  • 10:42 - 10:46
    И слушајте, оти и оваа студија може да спаси живот.
  • 10:46 - 10:50
    Оваа студија следеше околу 1,000 возрасни луѓе од САД,
  • 10:50 - 10:54
    нивната возраст беше од 34 до 93 г.,
  • 10:54 - 10:56
    а студијата започна со прашањето,
  • 10:56 - 11:01
    "Колку стрес имате доживеано изминатава година?"
  • 11:01 - 11:04
    Исто така прашаа, "Колку време имате поминато
  • 11:04 - 11:07
    помагајќи им на пријателите, соседите,
  • 11:07 - 11:10
    на луѓето од вашата заедница?"
  • 11:10 - 11:13
    А потоа, во следните пет години го користеа јавниот регистар
  • 11:13 - 11:16
    за да видат кој починал.
  • 11:16 - 11:18
    Во ред, прво лошите вести:
  • 11:18 - 11:21
    Значајните стресни доживувања,
  • 11:21 - 11:24
    како финансиски потешкотии или семејна криза,
  • 11:24 - 11:28
    го зголемија ризикот од умирање за 30 проценти.
  • 11:28 - 11:32
    Но -- и се надевам веќе научивте дека следи "но" -
  • 11:32 - 11:35
    но тоа не важеше за сите.
  • 11:35 - 11:39
    Луѓето кои поминале време помагајќи им на другите,
  • 11:39 - 11:45
    стресот кај нив не доведе до зголемување на ризикот од умирање. Воопшто.
  • 11:45 - 11:48
    Помагањето ги направи отпорни.
  • 11:48 - 11:50
    И еве гледаме уште еднаш
  • 11:50 - 11:52
    дека штетните ефекти на стресот врз вашето здравје
  • 11:52 - 11:54
    не се неизбежни.
  • 11:54 - 11:57
    Како размислувате и како се однесувате
  • 11:57 - 12:01
    може да го промени вашето доживување на стресот.
  • 12:01 - 12:03
    Доколку одлучите да ја гледате стресната реакција
  • 12:03 - 12:06
    како полезна,
  • 12:06 - 12:11
    тогаш создавате биологија на храброста.
  • 12:11 - 12:14
    А кога ќе одлучите да се поврзете со другите за време на стрес,
  • 12:14 - 12:17
    тогаш создавате отпорност.
  • 12:17 - 12:20
    Не дека сакам да имам
  • 12:20 - 12:23
    повеќе стресни ситуации во животот,
  • 12:23 - 12:25
    но овие сознанија ми овозможија
  • 12:25 - 12:29
    многу повеќе да го ценам стресот.
  • 12:29 - 12:34
    Стресот ни дава пристап до срцето.
  • 12:34 - 12:38
    Сочувствителното срце кое наоѓа смисла и е радосно
  • 12:38 - 12:39
    кога се поврзува со другите,
  • 12:39 - 12:43
    и да, зборувам за вашето физичко срце кое лупа,
  • 12:43 - 12:48
    кое силно се труди да ви даде сила и енергија,
  • 12:48 - 12:51
    а кога ќе одлучите да го гледате стресот на овој начин,
  • 12:51 - 12:54
    не само што ќе имате корист од стресот,
  • 12:54 - 12:58
    туку всушност си ветувате себеси нешто многу важно.
  • 12:58 - 13:01
    Си велите дека сте способни да
  • 13:01 - 13:04
    се справите со животните предизвици,
  • 13:04 - 13:07
    и се потсетувате дека не мора
  • 13:07 - 13:09
    да го правите тоа сами.
  • 13:09 - 13:11
    Ви благодарам.
  • 13:11 - 13:20
    (Аплауз)
  • 13:20 - 13:23
    Крис Андерсон: Ова што ни го кажувате е некако неверојатно.
  • 13:23 - 13:27
    Навистина е неверојатно дека верувањето за стресот
  • 13:27 - 13:32
    може да има толку големо влијание врз нечиј животен век.
  • 13:32 - 13:34
    Каков совет би дале,
  • 13:34 - 13:36
    да речеме, ако некој треба да избере
  • 13:36 - 13:40
    помеѓу, на пример, стресна работа и не-стресна работа,
  • 13:40 - 13:42
    дали е важно што ќе избере?
  • 13:42 - 13:46
    Можеш да избереш и стресна работа
  • 13:46 - 13:48
    сè додека веруваш дека можеш да се справиш со неа, така?
  • 13:48 - 13:50
    Кели МекГонигал: Да, Борбата за она
  • 13:50 - 13:53
    што ви е важно е подобра за здравјето отколку обидите
  • 13:53 - 13:54
    да ја избегнете нелагодноста.
  • 13:54 - 13:57
    Би рекла дека е најдобро така да постапите,
  • 13:57 - 14:00
    трагајте по она што ќе му даде смисла на вашиот живот
  • 14:00 - 14:03
    и верувајте си дека ќе се справите со стресот кој ќе следи.
  • 14:03 - 14:06
    КА: Ви благодарам многу, Кели. Навистина беше супер.
    КМ: Ви благодарам.
  • 14:06 - 14:10
    (Аплауз)
Title:
Како да го направите стресот ваш пријател
Speaker:
Кели МекГонигал
Description:

Стрес. Од него ви лупа срцето, ви забрзува дишењето и ви се поти челото. Стресот го сметаме за непријател на здравјето на луѓето, но сепак едно ново истражување сугерира дека стресот ќе биде лош за вас само доколку верувате во тоа. Психологот Кели МекГонигал нè поттикнува позитивно да гледаме на стресот и ни претставува еден неопеан механизам за намалување на стресот: поврзаноста со другите луѓе.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
14:28

Macedonian subtitles

Revisions