1 00:00:00,435 --> 00:00:04,613 Сакам да ви признаам нешто, 2 00:00:04,613 --> 00:00:07,876 но најпрвин, сакам вие 3 00:00:07,876 --> 00:00:11,469 нешто да ми признаете. 4 00:00:11,469 --> 00:00:14,557 Сакам да кренете рака доколку минатата година 5 00:00:14,557 --> 00:00:17,971 имате доживеано релативно малку стрес. 6 00:00:17,971 --> 00:00:20,604 Некој? 7 00:00:20,604 --> 00:00:23,133 А средно ниво на стрес? 8 00:00:23,133 --> 00:00:26,441 Кој има доживеано многу стрес? 9 00:00:26,441 --> 00:00:28,849 Да. И јас. 10 00:00:28,849 --> 00:00:31,113 Но нешто друго имав на ум. 11 00:00:31,113 --> 00:00:34,803 Ова е мојата исповед: јас сум здравствен психолог, 12 00:00:34,803 --> 00:00:39,392 а мојата мисија е да им помагам на луѓето да бидат посреќни и поздрави. 13 00:00:39,392 --> 00:00:42,926 Но страв ми е дека она што го предавав 14 00:00:42,926 --> 00:00:47,254 изминативе 10 години прави повеќе штета отколку добро, 15 00:00:47,254 --> 00:00:49,678 а поврзано е со стресот. 16 00:00:49,678 --> 00:00:52,853 Со години им кажував на луѓето, стресот ве разболува. 17 00:00:52,853 --> 00:00:55,748 Го зголемува ризикот од сè, почнувајќи од обична настинка, 18 00:00:55,748 --> 00:00:57,890 па до кардиоваскуларните болести. 19 00:00:57,890 --> 00:01:02,383 Во суштина, од стресот направив непријател. 20 00:01:02,383 --> 00:01:05,095 Но веќе поинаку гледам на стресот, 21 00:01:05,095 --> 00:01:09,010 а денес сакам и вие поинаку да гледате на него. 22 00:01:09,010 --> 00:01:11,390 Ќе започнам со студијата која ме натера да го преиспитам 23 00:01:11,390 --> 00:01:13,825 мојот дотогашен пристап кон стресот. 24 00:01:13,825 --> 00:01:17,244 Студијата следеше 30,000 возрасни луѓе од САД 25 00:01:17,244 --> 00:01:21,190 во текот на 8 години. Ги прашуваа луѓето, 26 00:01:21,190 --> 00:01:24,728 "Колку стрес имате доживеано изминатава година?" 27 00:01:24,728 --> 00:01:28,012 Исто така ги прашуваа, "Дали верувате 28 00:01:28,012 --> 00:01:32,165 дека стресот е штетен за вашето здравје?" 29 00:01:32,165 --> 00:01:34,043 А потоа преку јавниот регистар за починати 30 00:01:34,043 --> 00:01:36,124 утврдуваа кој починал. 31 00:01:36,124 --> 00:01:37,101 (Смеа) 32 00:01:37,101 --> 00:01:41,350 Добро. Прво лошите вести. 33 00:01:41,350 --> 00:01:44,636 Луѓето кои доживеале многу стрес претходната година, имаа 34 00:01:44,636 --> 00:01:48,405 43-процентно зголемување на ризикот од умирање. 35 00:01:48,405 --> 00:01:52,395 Но ова важеше само за луѓето 36 00:01:52,395 --> 00:01:56,931 кои истовремено веруваа дека стресот е штетен за здравјето. 37 00:01:56,931 --> 00:01:58,537 (Смеа) 38 00:01:58,537 --> 00:02:01,140 Луѓето кои доживеале многу стрес, но кои 39 00:02:01,140 --> 00:02:03,103 не претполагаа дека стресот е штетен, 40 00:02:03,103 --> 00:02:04,805 немаа зголемување на ризикот од умирање. 41 00:02:04,805 --> 00:02:08,459 Всушност, ризикот од умирање кај нив беше најнизок 42 00:02:08,459 --> 00:02:10,486 во споредба со другите, вклучувајќи ги и луѓето 43 00:02:10,486 --> 00:02:12,896 кои имаа релативно малку стрес. 44 00:02:12,896 --> 00:02:15,182 Во текот на осумте години, следејќи ги смртните случаи, 45 00:02:15,182 --> 00:02:16,776 истражувачите пресметаа дека 46 00:02:16,776 --> 00:02:20,334 182,000 Американци умреле предвремено, 47 00:02:20,334 --> 00:02:22,879 но не од стрес, туку од верувањето 48 00:02:22,879 --> 00:02:26,257 дека стресот е лош. (Смеа) 49 00:02:26,257 --> 00:02:29,709 Тоа е преку 20,000 починати на годишно ниво. 50 00:02:29,709 --> 00:02:32,759 Сега, ако оваа пресметка е точна, 51 00:02:32,759 --> 00:02:34,851 тогаш верувањето дека стресот е лош ќе стане 52 00:02:34,851 --> 00:02:37,297 15от најголем причинител на смрт 53 00:02:37,297 --> 00:02:39,215 во САД за минатата година, 54 00:02:39,215 --> 00:02:40,979 убивајќи повеќе луѓе отколку ракот на кожа, 55 00:02:40,979 --> 00:02:44,428 ХИВ/СИДАта и убиствата. 56 00:02:44,428 --> 00:02:47,311 (Смеа) 57 00:02:47,311 --> 00:02:50,136 Гледате зошто ме полуде оваа студија. 58 00:02:50,136 --> 00:02:53,827 А јас пак трошев толку многу енергија кажувајќи им на луѓето 59 00:02:53,827 --> 00:02:56,797 колку е лош стресот за нивното здравје. 60 00:02:56,797 --> 00:02:58,786 Оваа студија ме натера да размислувам: 61 00:02:58,786 --> 00:03:01,287 Дали ќе бидеш поздрав ако го промениш 62 00:03:01,287 --> 00:03:04,726 мислењето во однос на стресот? Овде науката вели да. 63 00:03:04,726 --> 00:03:06,808 Кога ќе го промениш размислувањето за стресот, 64 00:03:06,808 --> 00:03:10,327 тогаш го менуваш начинот на кој телото реагира под стрес. 65 00:03:10,327 --> 00:03:12,441 За да ви објаснам како функционира ова, 66 00:03:12,441 --> 00:03:15,322 сакам да се преправате божем сте учесници 67 00:03:15,322 --> 00:03:17,929 во студија наменета да ви предизвика стрес. 68 00:03:17,929 --> 00:03:20,613 Се вика тест на социјален стрес. 69 00:03:20,613 --> 00:03:22,667 Доаѓате во лабораторијата 70 00:03:22,667 --> 00:03:25,574 и ви велат дека треба да одржите пет-минутен 71 00:03:25,574 --> 00:03:29,301 импровизиран говор за вашите лични слабости 72 00:03:29,301 --> 00:03:32,958 пред група експерти-оценувачи кои седат пред вас, 73 00:03:32,958 --> 00:03:34,519 а за да го почувствувате притисокот, 74 00:03:34,519 --> 00:03:37,811 директно во лице ви насочуваат силни рефлектори и камера, 75 00:03:37,811 --> 00:03:40,620 како и овде. 76 00:03:40,620 --> 00:03:43,380 А оценувачите се обучени да 77 00:03:43,380 --> 00:03:48,246 ви даваат обесхрабрувачки, невербален фидбек, еве вака. 78 00:03:53,076 --> 00:03:56,534 (Смеа) 79 00:03:56,534 --> 00:03:59,356 Откако доволно ќе ве деморализираат, 80 00:03:59,356 --> 00:04:02,156 следи вториот дел: математички тест. 81 00:04:02,156 --> 00:04:04,257 И без да знаете, 82 00:04:04,257 --> 00:04:08,153 експериментаторот е обучен да ве малтретира за време на тестот. 83 00:04:08,153 --> 00:04:10,826 Сега ова ќе го направиме сите заедно. 84 00:04:10,826 --> 00:04:12,220 Ќе биде забавно. 85 00:04:12,220 --> 00:04:13,289 За мене. 86 00:04:13,289 --> 00:04:18,291 Добро. Сакам сите да броите назад 87 00:04:18,291 --> 00:04:21,138 од 996 во интервали од 7. 88 00:04:21,138 --> 00:04:22,666 Треба да броите наглас 89 00:04:22,666 --> 00:04:26,627 најбрзо што можете, почнувајќи од 996. 90 00:04:26,627 --> 00:04:27,769 Може! 91 00:04:27,769 --> 00:04:29,110 Публика: (Брои) 92 00:04:29,110 --> 00:04:31,699 Ајде побрзо. Побрзо ве молам. 93 00:04:31,699 --> 00:04:33,968 Премногу сте бавни. 94 00:04:33,968 --> 00:04:36,114 Стој. Стој, стој, стој. 95 00:04:36,114 --> 00:04:37,703 Дечково направи грешка. 96 00:04:37,703 --> 00:04:40,475 Ќе мора да почнете одново. (Смеа) 97 00:04:40,475 --> 00:04:42,753 Не сте многу добри во ова, нели? 98 00:04:42,753 --> 00:04:44,556 Добро, сфаќате како оди. 99 00:04:44,556 --> 00:04:46,299 Е сега, ако учествувавте во оваа студија, 100 00:04:46,299 --> 00:04:48,244 веројатно ќе чувствувавте малку стрес. 101 00:04:48,244 --> 00:04:49,825 Можеби срцето ќе ви лупаше, 102 00:04:49,825 --> 00:04:53,229 можеби ќе дишевте забрзано, можеби ќе се потевте. 103 00:04:53,229 --> 00:04:56,209 И нормално, овие физички промени ги интерпретираме 104 00:04:56,209 --> 00:04:57,825 како нервоза 105 00:04:57,825 --> 00:05:00,841 или како знаци дека не се справуваме добро со притисокот. 106 00:05:00,841 --> 00:05:02,910 Но што ако на нив гледавте како 107 00:05:02,910 --> 00:05:05,362 на знаци дека телото ви е полно енергија, 108 00:05:05,362 --> 00:05:08,804 дека ве подготвува да се соочите со предизвикот? 109 00:05:08,804 --> 00:05:11,650 Токму ова им беше кажано на учесниците во една 110 00:05:11,650 --> 00:05:14,311 студија спроведена на Универзитетот Харвард. 111 00:05:14,311 --> 00:05:17,417 Пред да се подложат на тестот за социјален стрес, 112 00:05:17,417 --> 00:05:20,378 им беше кажано дека стресната реакција е полезна. 113 00:05:20,378 --> 00:05:24,167 Срцето кое лупа те подготвува за акција. 114 00:05:24,167 --> 00:05:26,761 Ако дишеш забрзано, немај гајле. 115 00:05:26,761 --> 00:05:29,846 Така мозокот добива повеќе кислород. 116 00:05:29,846 --> 00:05:32,543 Учесниците кои научија дека стресната реакција 117 00:05:32,543 --> 00:05:34,780 им помага во перформансот, 118 00:05:34,780 --> 00:05:36,119 беа помалку вознемирени, 119 00:05:36,119 --> 00:05:38,287 помалку анксиозни, посамоуверени, 120 00:05:38,287 --> 00:05:40,380 но според мене најфасцинантно 121 00:05:40,380 --> 00:05:43,763 е тоа како се промени нивната физичка реакција. 122 00:05:43,763 --> 00:05:45,655 При типична стресна реакција, 123 00:05:45,655 --> 00:05:47,623 срцевите отчукувања ви се зголемуваат, 124 00:05:47,623 --> 00:05:51,944 а крвните садови ви се стеснуваат, еве вака. 125 00:05:51,960 --> 00:05:54,950 Ова е една од причините поради која хроничниот стрес 126 00:05:54,950 --> 00:05:57,809 понекогаш е поврзан со кардиоваскуларните болести. 127 00:05:57,809 --> 00:06:01,415 Воопшто не е здраво да бидете постојано во оваа состојба. 128 00:06:01,415 --> 00:06:03,432 Но во истражувањето, откако учесниците научија 129 00:06:03,432 --> 00:06:05,559 дека стресната реакција им помага, 130 00:06:05,559 --> 00:06:09,065 нивните крвни садови останаа опуштени, еве вака. 131 00:06:09,065 --> 00:06:10,372 Срцето сè уште им лупаше, 132 00:06:10,372 --> 00:06:13,728 но ова е далеку подобар кардиоваскуларен профил. 133 00:06:13,728 --> 00:06:16,383 Всушност многу наликува на она што се случува 134 00:06:16,383 --> 00:06:21,092 во моментите на радост и храброст. 135 00:06:21,092 --> 00:06:23,935 Во текот на животот доживуваме стресни ситуации, 136 00:06:23,935 --> 00:06:27,125 и токму ваквата биолошка промена 137 00:06:27,125 --> 00:06:28,429 може да биде разликата 138 00:06:28,429 --> 00:06:31,433 помеѓу срцев удар на 50 г., предизвикан од стрес 139 00:06:31,433 --> 00:06:34,297 и доживување на длабока старост. 140 00:06:34,297 --> 00:06:37,441 И токму ова го потврдуваат новите сознанија за стресот, 141 00:06:37,441 --> 00:06:40,980 дека е битно како размислувате за стресот. 142 00:06:40,980 --> 00:06:44,110 И така мојата цел како здравствен психолог се промени. 143 00:06:44,110 --> 00:06:46,272 Повеќе не сакам да ве ослободам од стресот. 144 00:06:46,272 --> 00:06:49,230 Сакам подобро да го искористите стресот. 145 00:06:49,230 --> 00:06:51,935 И штотуку извршивме една мала интервенција. 146 00:06:51,935 --> 00:06:53,293 Доколку ја кренавте раката и рековте 147 00:06:53,293 --> 00:06:55,552 дека сте биле под голем стрес минатата година, 148 00:06:55,552 --> 00:06:57,395 можеби сме ви го спасиле животот, 149 00:06:57,395 --> 00:06:58,926 оти следниот пат кога 150 00:06:58,926 --> 00:07:00,946 ќе ви лупа срцето за време на стрес, 151 00:07:00,946 --> 00:07:02,793 ќе се сетите на овој говор 152 00:07:02,793 --> 00:07:04,955 и ќе си речете, на овој начин 153 00:07:04,955 --> 00:07:10,129 телото ми помага да се справам со овој предизвик. 154 00:07:10,129 --> 00:07:12,553 И кога стресот го гледате на тој начин, 155 00:07:12,553 --> 00:07:14,525 вашето тело ви верува, 156 00:07:14,525 --> 00:07:18,204 а вашата стресна реакција станува поздрава. 157 00:07:18,204 --> 00:07:22,380 Реков дека повеќе од една деценија го демонизирав стресот 158 00:07:22,380 --> 00:07:24,354 за што сега треба да се искупам, 159 00:07:24,354 --> 00:07:26,964 па затоа ќе извршиме уште една интервенција. 160 00:07:26,964 --> 00:07:28,946 Сакам да ви кажам за еден од 161 00:07:28,946 --> 00:07:31,987 најмалку ценетите елементи на стресната реакција, 162 00:07:31,987 --> 00:07:34,001 а идејата е следна: 163 00:07:34,001 --> 00:07:37,266 Стресот ве прави друштвени. 164 00:07:37,266 --> 00:07:38,855 За да ја разбереме оваа страна на стресот, 165 00:07:38,855 --> 00:07:41,917 треба да зборуваме за еден хормон, за окситоцинот, 166 00:07:41,917 --> 00:07:44,918 и знам дека окситоцинот како хормон 167 00:07:44,918 --> 00:07:46,865 веќе ја достигна својата медиумска слава. 168 00:07:46,865 --> 00:07:50,204 Дури и си има свој прекар, хормонот на гушкањето, 169 00:07:50,204 --> 00:07:52,890 бидејќи се лачи кога ќе гушнете некого. 170 00:07:52,890 --> 00:07:57,383 Но ова е многу мал дел од задачите на окситоцинот. 171 00:07:57,383 --> 00:07:59,870 Окситоцинот е невро-хормон. 172 00:07:59,870 --> 00:08:03,444 Ги регулира социјалните инстинкти во вашиот мозок. 173 00:08:03,444 --> 00:08:05,975 Ве поттикнува да правите работи 174 00:08:05,975 --> 00:08:09,486 кои ќе ги зацврстат блиските врски. 175 00:08:09,486 --> 00:08:12,342 Окситоцинот ве тера да барате физички контакт 176 00:08:12,342 --> 00:08:14,334 со вашите пријатели и семејството. 177 00:08:14,334 --> 00:08:15,920 Ви ја зголемува емпатијата. 178 00:08:15,920 --> 00:08:18,628 Дури и ве прави склони да им помагате и да ги поддржувате 179 00:08:18,628 --> 00:08:21,596 луѓето кои ви се важни. 180 00:08:21,596 --> 00:08:23,291 Одредени луѓе дури и предложија дека 181 00:08:23,291 --> 00:08:26,886 треба да шмркаме окситоцин 182 00:08:26,886 --> 00:08:31,340 за да бидеме посочувствителни и погрижливи. 183 00:08:31,340 --> 00:08:33,756 Но еве што повеќето луѓе не сфаќаат 184 00:08:33,756 --> 00:08:36,164 за окситоцинот. 185 00:08:36,164 --> 00:08:39,130 Тој е хормон на стресот. 186 00:08:39,130 --> 00:08:42,248 Вашата хипофиза го лачи овој хормон 187 00:08:42,248 --> 00:08:43,796 како дел од стресната реакција. 188 00:08:43,796 --> 00:08:46,047 Игра исто толку голема улога 189 00:08:46,047 --> 00:08:50,155 колку и адреналинот поради кој ви лупа срцето. 190 00:08:50,155 --> 00:08:52,969 И кога ќе се ослободи окситоцинот за време на стресната реакција, 191 00:08:52,969 --> 00:08:56,330 тој ве мотивира да барате поддршка. 192 00:08:56,330 --> 00:08:58,383 Вашата биолошка стресна реакција 193 00:08:58,383 --> 00:09:01,813 ве тера на некого да му ги кажете своите чувства, 194 00:09:01,813 --> 00:09:04,306 наместо да ги чувате за себе. 195 00:09:04,306 --> 00:09:07,410 Вашата стресна реакција сака да биде сигурна 196 00:09:07,410 --> 00:09:09,729 дека ќе забележите кога некој во вашиот живот се мачи, 197 00:09:09,729 --> 00:09:12,228 за да можете да си помогнете едни на други. 198 00:09:12,228 --> 00:09:16,019 Кога животот е тежок, вашата стресна реакција сака 199 00:09:16,019 --> 00:09:21,158 да бидете опколени со луѓе кои се грижат за вас. 200 00:09:21,158 --> 00:09:23,687 Добро, и како познавањето на оваа страна на стресот 201 00:09:23,687 --> 00:09:25,503 ќе ве направи поздрави? 202 00:09:25,503 --> 00:09:28,271 Епа, окситоцинот не влијае само врз мозокот. 203 00:09:28,271 --> 00:09:30,772 Туку влијае и врз вашето тело, 204 00:09:30,772 --> 00:09:32,861 а една од главните улоги му е 205 00:09:32,861 --> 00:09:35,581 да го штити вашиот кардиоваскуларен систем 206 00:09:35,581 --> 00:09:37,956 од ефектите на стресот. 207 00:09:37,956 --> 00:09:40,524 Тој е природна против-воспалителна супстанца. 208 00:09:40,524 --> 00:09:43,969 Им помага на крвните садови да останат опуштени за време на стрес. 209 00:09:43,969 --> 00:09:47,366 Но мене омилен ми е ефектот кој го има врз срцето. 210 00:09:47,366 --> 00:09:51,032 Вашето срце има рецептори за овој хормон, 211 00:09:51,032 --> 00:09:54,806 а окситоцинот го помага регенерирањето и 212 00:09:54,806 --> 00:09:58,579 заздравувањето на срцевите клетки доколку се оштетат при стрес. 213 00:09:58,579 --> 00:10:03,160 Овој хормон на стресот ви го зајакнува срцето, 214 00:10:03,160 --> 00:10:06,857 и навистина е супер што сите овие позитивни ефекти 215 00:10:06,857 --> 00:10:10,374 на окситоцинот се зголемуваат при социјален 216 00:10:10,374 --> 00:10:11,907 контакт и поддршка, 217 00:10:11,907 --> 00:10:14,826 па кога ќе им се обратите на другите додека сте под стрес, 218 00:10:14,826 --> 00:10:18,099 за да побарате поддршка или да помогнете некому, 219 00:10:18,099 --> 00:10:20,107 лачењето на окситоцинот се зголемува, 220 00:10:20,107 --> 00:10:22,369 вашата стресна реакција станува поздрава, 221 00:10:22,369 --> 00:10:25,467 и всушност многу побрзо закрепнувате од стресот. 222 00:10:25,467 --> 00:10:27,801 Ова за мене е неверојатно, 223 00:10:27,801 --> 00:10:31,729 дека вашата стресна реакција има вграден механизам 224 00:10:31,729 --> 00:10:34,446 кој ве прави отпорни на стресот, 225 00:10:34,446 --> 00:10:38,808 а тој механизам е контактот со другите луѓе. 226 00:10:38,808 --> 00:10:42,490 За крај сакам да ви кажам за уште една студија. 227 00:10:42,490 --> 00:10:46,474 И слушајте, оти и оваа студија може да спаси живот. 228 00:10:46,474 --> 00:10:49,930 Оваа студија следеше околу 1,000 возрасни луѓе од САД, 229 00:10:49,930 --> 00:10:54,093 нивната возраст беше од 34 до 93 г., 230 00:10:54,093 --> 00:10:56,362 а студијата започна со прашањето, 231 00:10:56,362 --> 00:11:00,586 "Колку стрес имате доживеано изминатава година?" 232 00:11:00,586 --> 00:11:04,162 Исто така прашаа, "Колку време имате поминато 233 00:11:04,162 --> 00:11:07,379 помагајќи им на пријателите, соседите, 234 00:11:07,379 --> 00:11:10,133 на луѓето од вашата заедница?" 235 00:11:10,133 --> 00:11:12,908 А потоа, во следните пет години го користеа јавниот регистар 236 00:11:12,908 --> 00:11:15,531 за да видат кој починал. 237 00:11:15,531 --> 00:11:18,212 Во ред, прво лошите вести: 238 00:11:18,212 --> 00:11:21,171 Значајните стресни доживувања, 239 00:11:21,171 --> 00:11:24,220 како финансиски потешкотии или семејна криза, 240 00:11:24,220 --> 00:11:28,158 го зголемија ризикот од умирање за 30 проценти. 241 00:11:28,158 --> 00:11:32,445 Но -- и се надевам веќе научивте дека следи "но" - 242 00:11:32,445 --> 00:11:34,876 но тоа не важеше за сите. 243 00:11:34,876 --> 00:11:38,538 Луѓето кои поминале време помагајќи им на другите, 244 00:11:38,538 --> 00:11:44,646 стресот кај нив не доведе до зголемување на ризикот од умирање. Воопшто. 245 00:11:44,646 --> 00:11:48,190 Помагањето ги направи отпорни. 246 00:11:48,190 --> 00:11:49,716 И еве гледаме уште еднаш 247 00:11:49,716 --> 00:11:52,354 дека штетните ефекти на стресот врз вашето здравје 248 00:11:52,354 --> 00:11:54,316 не се неизбежни. 249 00:11:54,316 --> 00:11:57,038 Како размислувате и како се однесувате 250 00:11:57,038 --> 00:12:00,835 може да го промени вашето доживување на стресот. 251 00:12:00,835 --> 00:12:03,359 Доколку одлучите да ја гледате стресната реакција 252 00:12:03,359 --> 00:12:05,656 како полезна, 253 00:12:05,656 --> 00:12:10,667 тогаш создавате биологија на храброста. 254 00:12:10,667 --> 00:12:13,988 А кога ќе одлучите да се поврзете со другите за време на стрес, 255 00:12:13,988 --> 00:12:17,381 тогаш создавате отпорност. 256 00:12:17,381 --> 00:12:20,056 Не дека сакам да имам 257 00:12:20,056 --> 00:12:23,160 повеќе стресни ситуации во животот, 258 00:12:23,160 --> 00:12:25,465 но овие сознанија ми овозможија 259 00:12:25,465 --> 00:12:29,237 многу повеќе да го ценам стресот. 260 00:12:29,237 --> 00:12:33,671 Стресот ни дава пристап до срцето. 261 00:12:33,671 --> 00:12:37,580 Сочувствителното срце кое наоѓа смисла и е радосно 262 00:12:37,580 --> 00:12:39,118 кога се поврзува со другите, 263 00:12:39,118 --> 00:12:42,680 и да, зборувам за вашето физичко срце кое лупа, 264 00:12:42,680 --> 00:12:47,945 кое силно се труди да ви даде сила и енергија, 265 00:12:47,945 --> 00:12:51,288 а кога ќе одлучите да го гледате стресот на овој начин, 266 00:12:51,288 --> 00:12:53,800 не само што ќе имате корист од стресот, 267 00:12:53,800 --> 00:12:57,627 туку всушност си ветувате себеси нешто многу важно. 268 00:12:57,627 --> 00:13:00,680 Си велите дека сте способни да 269 00:13:00,680 --> 00:13:03,715 се справите со животните предизвици, 270 00:13:03,715 --> 00:13:06,640 и се потсетувате дека не мора 271 00:13:06,640 --> 00:13:09,351 да го правите тоа сами. 272 00:13:09,351 --> 00:13:10,733 Ви благодарам. 273 00:13:10,733 --> 00:13:20,014 (Аплауз) 274 00:13:20,014 --> 00:13:22,912 Крис Андерсон: Ова што ни го кажувате е некако неверојатно. 275 00:13:22,912 --> 00:13:27,017 Навистина е неверојатно дека верувањето за стресот 276 00:13:27,017 --> 00:13:31,500 може да има толку големо влијание врз нечиј животен век. 277 00:13:31,500 --> 00:13:33,726 Каков совет би дале, 278 00:13:33,726 --> 00:13:35,811 да речеме, ако некој треба да избере 279 00:13:35,811 --> 00:13:39,772 помеѓу, на пример, стресна работа и не-стресна работа, 280 00:13:39,772 --> 00:13:42,453 дали е важно што ќе избере? 281 00:13:42,453 --> 00:13:45,526 Можеш да избереш и стресна работа 282 00:13:45,526 --> 00:13:48,027 сè додека веруваш дека можеш да се справиш со неа, така? 283 00:13:48,027 --> 00:13:49,881 Кели МекГонигал: Да, Борбата за она 284 00:13:49,881 --> 00:13:52,611 што ви е важно е подобра за здравјето отколку обидите 285 00:13:52,611 --> 00:13:54,215 да ја избегнете нелагодноста. 286 00:13:54,215 --> 00:13:57,200 Би рекла дека е најдобро така да постапите, 287 00:13:57,200 --> 00:13:59,947 трагајте по она што ќе му даде смисла на вашиот живот 288 00:13:59,947 --> 00:14:03,225 и верувајте си дека ќе се справите со стресот кој ќе следи. 289 00:14:03,225 --> 00:14:05,767 КА: Ви благодарам многу, Кели. Навистина беше супер. КМ: Ви благодарам. 290 00:14:05,767 --> 00:14:09,767 (Аплауз)