Return to Video

Естер Перел: Како да ја одржите еротската желба во долготрајните врски

  • 0:01 - 0:04
    Зошто добриот секс толку често згаснува,
  • 0:04 - 0:09
    дури и кај паровите чијашто љубов не се менува со текот на времето?
  • 0:09 - 0:13
    И зошто добрата интимност не гарантира добар секс,
  • 0:13 - 0:15
    нешто што е спротивно на популарното верување?
  • 0:15 - 0:17
    Или, следното прашање ќе биде,
  • 0:17 - 0:20
    можеме ли да го посакуваме она што веќе го имаме?
  • 0:20 - 0:23
    Ова е прашањето за милион долари, така?
  • 0:23 - 0:24
    И зошто забранетото е толку еротско?
  • 0:24 - 0:29
    Зошто престапот ја прави желбата толку силна?
  • 0:29 - 0:30
    И зошто сексот прави бебиња,
  • 0:30 - 0:34
    а бебињата им носат еротска катастрофа на паровите?
  • 0:34 - 0:37
    Еден вид на фатален еротски удар, нели?
  • 0:37 - 0:39
    Кога љубите, какво е чувството?
  • 0:39 - 0:43
    А кога копнеете, како е поразлично?
  • 0:43 - 0:44
    Ова се дел од прашањата
  • 0:44 - 0:47
    кои се во основата на моето истражување
  • 0:47 - 0:50
    за природата на еротската желба
  • 0:50 - 0:54
    и дилемите кои одат со нејзе во рамки на модерната љубов.
  • 0:54 - 0:55
    Јас патувам низ светот,
  • 0:55 - 0:58
    и тоа што забележувам е дека секаде
  • 0:58 - 1:00
    онаму каде што навлегла романтиката,
  • 1:00 - 1:03
    се чини дека постои и криза на желбата.
  • 1:03 - 1:08
    Криза на желбата, во смисла на поседување на сакањето --
  • 1:08 - 1:11
    желбата како израз на нашата индивидуалност,
  • 1:11 - 1:15
    на нашиот слободен избор, на нашите преференции, нашиот идентитет --
  • 1:15 - 1:18
    желбата која стана централен концепт во
  • 1:18 - 1:22
    рамки на модерната љубов и индивидуалистичките општества.
  • 1:22 - 1:25
    Знаете, за првпат во историјата на човештвото
  • 1:25 - 1:31
    се обидуваме да ја доживееме сексуалноста на долг рок,
  • 1:31 - 1:35
    не затоа што сакаме 14 деца,
  • 1:35 - 1:39
    за што би требало да имаме уште повеќе бидејќи многу од нив нема да преживеат,
  • 1:39 - 1:43
    и не затоа што сексуалноста е исклучиво брачна должност на жената.
  • 1:43 - 1:48
    За првпат сакаме секс поради задоволството
  • 1:48 - 1:52
    и поврзаноста, кои пак се вкоренети во сексуалната желба.
  • 1:52 - 1:56
    И што ја одржува желбата и зошто е толку тешко да ја одржите?
  • 1:56 - 2:01
    Јас мислам дека за да ја одржите еротската желба во една посветена врска,
  • 2:01 - 2:07
    ќе треба да ги помирите двете основни човечки потреби.
  • 2:07 - 2:12
    Од една страна, нашата потреба за безбедност, за предвидливост,
  • 2:12 - 2:19
    за безбедност, за доверба, за сигурност, за постојаност --
  • 2:19 - 2:22
    сите овие закотвувачки, приземјувачки искуства во нашите животи
  • 2:22 - 2:24
    кои ги нарекуваме дом.
  • 2:24 - 2:28
    Но истовремено, ние имаме еднакво силна потреба -- и мажите и жените --
  • 2:28 - 2:34
    за авантура, за новитети, за мистерија, за ризик, за опасност,
  • 2:34 - 2:37
    за непознатото, за неочекуваното, за изненадување --
  • 2:37 - 2:41
    ви текнува -- за патување, патешествие.
  • 2:41 - 2:43
    Помирувањето на нашата потреба за сигурност
  • 2:43 - 2:46
    и нашата потреба за авантура во една единствена врска,
  • 2:46 - 2:49
    или она што денес го нарекуваме страствен брак,
  • 2:49 - 2:52
    порано беше контрадикција само по себе.
  • 2:52 - 2:55
    Бракот беше економска институција
  • 2:55 - 2:58
    во која добиваш доживотно партнерство во смисла
  • 2:58 - 3:01
    на деца, социјален статус,
  • 3:01 - 3:03
    продолжување на родот и другарство.
  • 3:03 - 3:08
    Денеска сѐ уште ги бараме овие работи од нашиот партнер,
  • 3:08 - 3:10
    но плус сакам да ми бидеш и најдобар пријател,
  • 3:10 - 3:14
    и човек од доверба, страствен љубовник и сакам да живееме
  • 3:14 - 3:15
    двапати подолго.
  • 3:15 - 3:18
    (Смеа)
  • 3:18 - 3:22
    Значи доаѓаме до една личност, и од неа бараме да ни даде
  • 3:22 - 3:25
    нешто што порано било обезбедувано од цело село:
  • 3:25 - 3:29
    дај ми припадност, дај ми идентитет, дај ми континуитет,
  • 3:29 - 3:33
    но дај ми и трансцендентност, мистерија и изненадување, сè во едно.
  • 3:33 - 3:35
    Дај ми удобност, дај ми авантура.
  • 3:35 - 3:37
    Дај ми нешто ново, дај ми нешто познато.
  • 3:37 - 3:39
    Дај ми предвидливост, дај ми изненадување.
  • 3:39 - 3:43
    Сè земаме здраво за готово, мислејќи дека ќе нè спасат секс-играчките и женската долна облека.
  • 3:43 - 3:49
    (Аплауз)
  • 3:49 - 3:53
    И полека доаѓаме до егзистенцијалната реалност на приказната, така?
  • 3:53 - 3:59
    Бидејќи мислам дека, на некој начин -- и ќе се навратам на тоа --
  • 3:59 - 4:02
    кризата на желбата е честопати криза на имагинацијата.
  • 4:02 - 4:06
    И зошто добриот секс толку често згаснува?
  • 4:06 - 4:08
    Каква е врската помеѓу љубовта и желбата?
  • 4:08 - 4:12
    Каков е нивниот однос и како доаѓаат во конфликт?
  • 4:12 - 4:15
    Бидејќи токму таму лежи тајната на еротиката.
  • 4:15 - 4:19
    Според мене, ако постои глагол кој оди со љубовта, тој би бил „да имаш.“
  • 4:19 - 4:23
    А ако постои глагол кој оди со желбата, тој би бил „да посакуваш.“
  • 4:23 - 4:27
    Во љубовта, сакаме да имаме, сакаме да го знаеме саканиот.
  • 4:27 - 4:32
    Сакаме да ја намалиме дистанцата. Сакаме да ја пополниме таа празнина.
  • 4:32 - 4:36
    Сакаме да ги отстраниме тензиите. Сакаме блискост.
  • 4:36 - 4:41
    Но во еротската желба, баш и не сакаме да се враќаме онаму каде што веќе сме биле.
  • 4:41 - 4:44
    Минатите заклучоци веќе не нè интересираат.
  • 4:44 - 4:49
    Во желбата, сакаме некој друг, некој од другата страна кој можеме да го посетиме,
  • 4:49 - 4:52
    со кого можеме да поминеме некое време,
  • 4:52 - 4:56
    и кој ќе можеме да го посетиме во неговиот еротски свет.
  • 4:56 - 4:59
    Во желбата, сакаме да го преминеме мостот.
  • 4:59 - 5:03
    Или со други зборови, понекогаш велам, на огнот му треба воздух.
  • 5:03 - 5:05
    На желбата ѝ е потребен простор.
  • 5:05 - 5:08
    Кога ќе кажеме вака, честопати тоа звучи апстрактно.
  • 5:08 - 5:10
    Но тогаш решив да поставам едно прашање.
  • 5:10 - 5:13
    Во последниве неколку години со мојата книга "Mating in Captivity,"
  • 5:13 - 5:15
    посетив повеќе од 20 земји, каде ги прашав луѓето,
  • 5:15 - 5:19
    во кои моменти сте најмногу привлечени од вашите партнери?
  • 5:19 - 5:22
    Не во сексуална смисла, туку едноставно привлечени.
  • 5:22 - 5:25
    И во сите култури, во сите религии и кај двата пола --
  • 5:25 - 5:31
    со еден исклучок -- имаше неколку одговори кои постојано се појавуваа.
  • 5:31 - 5:35
    Првата група е: Најмногу ме привлекува кога е отидена
  • 5:35 - 5:42
    некаде, кога сме разделени, кога се среќаваме одново.
  • 5:42 - 5:46
    Во основа, кога одново ќе дојдам во допир
  • 5:46 - 5:49
    со мојата способност да фантазирам како партнерот
  • 5:49 - 5:52
    и јас сме заедно, кога во отсуство
  • 5:52 - 5:57
    и копнеж ќе ми проработи имагинацијата,
  • 5:57 - 6:00
    која е пак главна компонента на желбата.
  • 6:00 - 6:03
    Но втората група е уште поинтересна:
  • 6:03 - 6:05
    Мојот партнер најмногу ме привлекува
  • 6:05 - 6:09
    кога ќе го видам во студио, кога е на сцена,
  • 6:09 - 6:13
    кога е во својот елемент, кога прави нешто кон што има голема страст,
  • 6:13 - 6:16
    кога ќе го видам на забава на која другите луѓе се постојано околу него,
  • 6:16 - 6:19
    кога ќе ја видам како држи сè под контрола.
  • 6:19 - 6:23
    Во основа, кога ќе видам дека партнерот зрачи и дека е самоуверен,
  • 6:23 - 6:26
    веројатно ова е и најпривлечната особина.
  • 6:26 - 6:29
    Зрачи, во смисла на самодоволност.
  • 6:29 - 6:32
    Гледам во оваа личност -- и патем,
  • 6:32 - 6:34
    страста многу ретко се јавува кога сме споени во едно,
  • 6:34 - 6:38
    на пет сантиметри еден од друг. Не знам колку би било во инчи.
  • 6:38 - 6:41
    Но не се јавува и кога личноста е толку далеку
  • 6:41 - 6:43
    што веќе не можете да ја видите.
  • 6:43 - 6:47
    Страста се буди кога го гледам мојот партнер од една удобна далечина,
  • 6:47 - 6:51
    кога оваа личност што веќе ми е позната, ептен позната,
  • 6:51 - 6:56
    за краток момент, уште еднаш станува мистериозна и некако недофатлива.
  • 6:56 - 7:01
    И во овој простор помеѓу мене и другиот лежи еротскиот елан,
  • 7:01 - 7:04
    лежи придвижувањето кон другиот.
  • 7:04 - 7:06
    Бидејќи понекогаш, како што вели Пруст,
  • 7:06 - 7:08
    мистеријата не е патување на некои нови места,
  • 7:08 - 7:11
    туку гледање со нови очи.
  • 7:11 - 7:14
    Значи, кога ќе го видам мојот партнер или партнерка,
  • 7:14 - 7:17
    како прави нешто во што ужива, ќе ја погледнам
  • 7:17 - 7:22
    оваа личност и во самиот момент ми се менува перцепцијата,
  • 7:22 - 7:27
    и останувам отворена за мистериите кои се одвиваат токму пред мене.
  • 7:27 - 7:32
    Уште поважно, а и најинтересно е тоа
  • 7:32 - 7:35
    што во страста, односно во еротската желба
  • 7:35 - 7:38
    не постои посесивност.
  • 7:38 - 7:40
    Немаме потреба од некој друг.
  • 7:40 - 7:42
    Во страста не постои негување.
  • 7:42 - 7:48
    Негувањето е силна љубов, но воедно и моќен анти-афродизијак.
  • 7:48 - 7:50
    Не сум сретнала некој кој се пали на
  • 7:50 - 7:52
    посесивен партнер.
  • 7:52 - 7:55
    Да ги сакате е едно, но ако ви требаат, тоа им ја убива еротската желба,
  • 7:55 - 7:57
    а жените го знаеле тоа отсекогаш,
  • 7:57 - 8:00
    бидејќи разговорите околу родителството
  • 8:00 - 8:03
    веднаш ви го намалуваат еротскиот набој.
  • 8:03 - 8:05
    И има добри причини за тоа, нели?
  • 8:05 - 8:08
    И третата група одговори вообичаено е кога сум
  • 8:08 - 8:13
    изненадена, кога се смееме заедно,
  • 8:13 - 8:15
    како што ми кажаа денес во кабинетот,
  • 8:15 - 8:17
    кога е во неговиот смокинг, а јас реков, знаеш,
  • 8:17 - 8:20
    или е до смокингот или до каубојските чизми.
  • 8:20 - 8:23
    Но во основа кога постои некоја новост.
  • 8:23 - 8:28
    Но новоста не се состои од нови секс пози. Таа не е репертоар на техники.
  • 8:28 - 8:31
    Новоста се однесува на тоа кои делови од себе ги откриваш?
  • 8:31 - 8:34
    Што можеме да видиме кај тебе?
  • 8:34 - 8:36
    Бидејќи на некој начин можеме да кажеме
  • 8:36 - 8:38
    дека сексот не е нешто што го правиш, а?
  • 8:38 - 8:41
    Сексот е место на кое одиш. Тоа е простор во себе
  • 8:41 - 8:45
    во кој влегуваш заедно со некој друг, или други.
  • 8:45 - 8:47
    И каде одите за време на сексот?
  • 8:47 - 8:50
    Со кој дел од себе се поврзувате?
  • 8:50 - 8:52
    Што сакате да изразите во сексот?
  • 8:52 - 8:55
    Дали е место за трансенденција и духовно единство?
  • 8:55 - 8:59
    Дали е место за палавост и дали е место за безбедна агресивност?
  • 8:59 - 9:02
    Дали е место каде конечно ќе можете да се опуштите
  • 9:02 - 9:05
    и не ќе морате да се грижите за ништо?
  • 9:05 - 9:08
    Дали е место каде можете да ги изразите вашите детски желби?
  • 9:08 - 9:10
    Како се изразувате таму? Тоа е јазик.
  • 9:10 - 9:12
    Не е само однесување.
  • 9:12 - 9:15
    И токму поезијата на тој јазик ме интересира, и токму
  • 9:15 - 9:19
    поради тоа започнав да го истражувам концептот наречен еротска интелигенција.
  • 9:19 - 9:21
    Знаете, животните имаат секс.
  • 9:21 - 9:25
    Тој е најважен, тоа е биологија, природен инстинкт.
  • 9:25 - 9:28
    Само ние луѓето имаме еротски живот, кој во основа
  • 9:28 - 9:34
    претставува сексуалност преобразена со помош на човековата имагинација.
  • 9:34 - 9:38
    Само ние можеме да водиме љубов со часови,
  • 9:38 - 9:41
    да чувствуваме благодет, да имаме повеќекратни оргазми,
  • 9:41 - 9:45
    без никого да допреме, само бидејќи имаме имагинација.
  • 9:45 - 9:47
    Можеме да мислиме на сексот. Дури не мора да имаме секс.
  • 9:47 - 9:51
    Можеме да ја доживееме моќта на исчекувањето,
  • 9:51 - 9:53
    која уште повеќе ја зголемува желбата,
  • 9:53 - 9:57
    способноста да замислуваме, како да се случува,
  • 9:57 - 10:01
    да го доживееме демек се случува, додека ништо не се случува,
  • 10:01 - 10:04
    но во исто време сè се случува.
  • 10:04 - 10:06
    Кога почнав да размислувам за еротиката,
  • 10:06 - 10:09
    размислував за поезијата на сексот,
  • 10:09 - 10:12
    а ако на неа гледам како на интелигенција,
  • 10:12 - 10:14
    тогаш таа е нешто што можете да го усовршувате.
  • 10:14 - 10:18
    Кои се состојките? Имагинација, игривост,
  • 10:18 - 10:22
    новост, љубопитност, мистерија.
  • 10:22 - 10:26
    Сепак, најважната од сите е имагинацијата.
  • 10:26 - 10:30
    Но поважно, за да можев да сфатам кои се тие
  • 10:30 - 10:32
    парови кои имаат еротска искра, што е тоа што
  • 10:32 - 10:35
    ја одржува желбата, морав да се навратам
  • 10:35 - 10:38
    на првобитната дефиниција за еротиката,
  • 10:38 - 10:40
    мистичната дефиниција, а тоа го направив
  • 10:40 - 10:44
    преку поделба, набљудувајќи ја всушност траумата,
  • 10:44 - 10:46
    која е спротивна на еротиката, ја проучував
  • 10:46 - 10:49
    проучувајќи ја заедницата во која пораснав,
  • 10:49 - 10:53
    заедница во Белгија, составена од луѓе кои го преживеале Холокаустот,
  • 10:53 - 10:55
    а во мојата заедница има две групи:
  • 10:55 - 10:59
    оние кои не умреле, и оние кои се вратиле во живот.
  • 10:59 - 11:03
    Оние кои не умреле животот го поминале со наведната глава,
  • 11:03 - 11:06
    не можеле да доживеат задоволство, немале доверба,
  • 11:06 - 11:09
    бидејќи кога сте внимателни, загрижени, нервозни
  • 11:09 - 11:12
    и несигурни, тогаш не можете да ја кренете главата
  • 11:12 - 11:17
    за да полетате во вселената, да бидете разиграни, сигурни и имагинативни.
  • 11:17 - 11:20
    Оние кои се вратиле во живот се оние
  • 11:20 - 11:22
    кои сфатиле дека еротиката е противотров за смртта.
  • 11:22 - 11:26
    Знаеле како да се одржуваат во живот.
  • 11:26 - 11:30
    И кога ќе почнам да слушам за недостатокот на секс кај паровите со кои работам,
  • 11:30 - 11:33
    понекогаш клиентите ми велат, „Сакам да имам повеќе секс,“
  • 11:33 - 11:36
    но всушност тие сакаат подобар секс,
  • 11:36 - 11:39
    а тоа значи дека треба да се поврзат со живоста,
  • 11:39 - 11:43
    со вибрацијата, со виталноста, со еросот, со енергијата
  • 11:43 - 11:46
    со сето она што сексот порано им го давал, или пак се надевале
  • 11:46 - 11:47
    дека ќе им го даде.
  • 11:47 - 11:50
    Потоа почнав да поставувам поинакво прашање.
  • 11:50 - 11:55
    Почнав со прашањето, „Се исклучувам кога ...“
  • 11:55 - 11:59
    „Си ги гасам желбите кога ...“ што не е исто како прашањето,
  • 11:59 - 12:03
    „Се гасам од ...“ и „Ти ме гасиш кога ...“
  • 12:03 - 12:06
    Луѓето почнаа да кажуваат, „Се гасам кога
  • 12:06 - 12:09
    чувствувам внатрешно мртвило, кога не си го сакам телото,
  • 12:09 - 12:12
    кога се чувствувам стар, кога немам време за себе,
  • 12:12 - 12:14
    кога немам прилика да те ѕирнам,
  • 12:14 - 12:16
    кога не ми оди во работата,
  • 12:16 - 12:19
    кога имам ниско самопочитување, кога чувствувам дека не вредам како личност,
  • 12:19 - 12:22
    кога чувствувам дека немам право да посакувам, да имам,
  • 12:22 - 12:25
    да примам задоволство.“
  • 12:25 - 12:27
    Потоа започнав да го поставувам обратното прашање.
  • 12:27 - 12:30
    „Се палам кога ...“ Бидејќи најчесто луѓето го
  • 12:30 - 12:33
    поставуваат прашањето, „Ти ме палиш кога,
  • 12:33 - 12:36
    она што ме пали,“ и ЈАС го снемува од прашањето . Знаете?
  • 12:36 - 12:41
    Е сега, ако сте мртви одвнатре, другата личност за Св. Валентин може да направи било што,
  • 12:41 - 12:44
    но нема ништо да промени бидејќи на „рецепција“ нема никој.
  • 12:44 - 12:45
    (Смеа)
  • 12:45 - 12:47
    Значи се палам кога,
  • 12:47 - 12:51
    ми се будат желбите, се будам кога ...
  • 12:51 - 12:56
    Е сега, во овој парадокс помеѓу љубовта и желбата,
  • 12:56 - 13:00
    најзбунувачки делува тоа што самите оние состојки
  • 13:00 - 13:04
    кои ја хранат љубовта -- заедништво, реципроцитет,
  • 13:04 - 13:08
    заштита, грижа, одговорност за другиот --
  • 13:08 - 13:12
    понекогаш се истите оние состојки кои ја гушат желбата.
  • 13:12 - 13:17
    Бидејќи еротската желба оди во пакет со повеќе чувства
  • 13:17 - 13:20
    кои не секогаш ѝ се омилени на љубовта:
  • 13:20 - 13:25
    љубомора, посесивност, агресија, моќ, доминација,
  • 13:25 - 13:26
    палавост, пакост.
  • 13:26 - 13:30
    Во основа повеќето од нас, навечер ќе се „попалат“
  • 13:30 - 13:34
    од истите оние нешта против кои се буниме преку ден.
  • 13:34 - 13:37
    Знаете, еротскиот ум не е баш политички коректен.
  • 13:37 - 13:40
    Ако сите фантазираа на постела од рози, тогаш
  • 13:40 - 13:43
    не би имале олку интересни разговори за оваа ствар.
  • 13:43 - 13:46
    Но не, во нашиот ум
  • 13:46 - 13:50
    има повеќе работи коишто баш и не знаеме како
  • 13:50 - 13:52
    да ѝ ги покажеме на личноста што ја сакаме,
  • 13:52 - 13:55
    бидејќи ја поистоветуваме љубовта со несебичност,
  • 13:55 - 13:58
    а всушност еротската желба има одредено ниво на себичност
  • 13:58 - 14:00
    во најдобрата смисла на зборот:
  • 14:00 - 14:03
    како способност да бидете во допир со себе
  • 14:03 - 14:05
    во присуство на некој друг.
  • 14:05 - 14:08
    Сакам да ви дадам еден пример,
  • 14:08 - 14:11
    бидејќи ние се раѓаме со потребата да ги помириме овие
  • 14:11 - 14:13
    две потреби.
  • 14:13 - 14:16
    Нашата потреба за поврзаност, за одвоеност,
  • 14:16 - 14:18
    или нашата потреба за сигурност и авантура,
  • 14:18 - 14:21
    или нашата потреба за заедништво и за автономија,
  • 14:21 - 14:23
    и помислете на едно мало дете кое седи во вашиот скут
  • 14:23 - 14:28
    и кое така удобно седејќи чувствува голема сигурност и комфор,
  • 14:28 - 14:32
    а во одреден период, како и другите, мора да излезе за да
  • 14:32 - 14:34
    го открие и истражи светот.
  • 14:34 - 14:36
    Тоа е зачетокот на желбата,
  • 14:36 - 14:40
    истражувањето се состои од љубопитност, откривање.
  • 14:40 - 14:44
    И тогаш во одреден момент детето ќе се сврти назад и ќе погледне во вас,
  • 14:44 - 14:47
    и ако му кажете,
  • 14:47 - 14:49
    „Еј мали, светот е прекрасно место. Шибај.
  • 14:49 - 14:51
    Има многу интересни работи во него,“
  • 14:51 - 14:53
    тогаш ќе може да се сврти нанадвор и истовремено ќе
  • 14:53 - 14:56
    доживее и поврзаност, но и одвоеност.
  • 14:56 - 14:59
    Ќе може да ѝ се предаде на имагинацијата, на телото,
  • 14:59 - 15:02
    на игривоста, а истовремено ќе знае
  • 15:02 - 15:05
    дека кога ќе се врати ќе има некој кој го чека.
  • 15:05 - 15:07
    Но ако на спротивната страна има некој кој вели,
  • 15:07 - 15:11
    „Загрижена сум, Нервозна сум. Депресивна сум.
  • 15:11 - 15:13
    Веќе долго време партнерот не се грижи за мене.
  • 15:13 - 15:15
    Што е толку интересно таму? Зарем немаме сè што
  • 15:15 - 15:17
    ни треба, на нас двајцата?“
  • 15:17 - 15:20
    е тогаш ќе се јават неколку мали реакции
  • 15:20 - 15:23
    кои повеќето од вас веројатно ќе ги препознаат.
  • 15:23 - 15:28
    Некои од нас ќе се вратат, или одамна веќе се вратиле,
  • 15:28 - 15:30
    а малото дете кое ќе се врати
  • 15:30 - 15:33
    е дете кое се одрекнува од еден свој дел
  • 15:33 - 15:35
    со цел да не го изгуби другиот.
  • 15:35 - 15:39
    Ќе се одрекнам од слободата за да не ја изгубам поврзаноста.
  • 15:39 - 15:42
    И ќе научам да сакам на одреден начин,
  • 15:42 - 15:46
    на начин кој ќе биде натоварен со додатни грижи,
  • 15:46 - 15:49
    додатни одговорности, додатни сигурности,
  • 15:49 - 15:52
    и каде нема да знам како да те напуштам
  • 15:52 - 15:55
    за да одам да си играм, за да доживеам задоволство,
  • 15:55 - 15:59
    за да откривам, за да влезам внатре во себе.
  • 15:59 - 16:02
    Преведете го ова на јазикот на возрасните.
  • 16:02 - 16:05
    Започнува од мала возраст. И продолжува во нашите сексуални животи
  • 16:05 - 16:07
    сè до крајот.
  • 16:07 - 16:09
    Второто дете се враќа,
  • 16:09 - 16:12
    но цело време погледнува вака преку рамо.
  • 16:12 - 16:14
    „Ќе останеш ли тука?
  • 16:14 - 16:16
    Ќе ме проколнуваш ли? Ќе ме караш ли?
  • 16:16 - 16:18
    Ќе ми се лутиш ли?“
  • 16:18 - 16:22
    Тие може да заминат, но всушност никогаш не се заминати,
  • 16:22 - 16:24
    а честопати тоа се луѓето кои ќе ви кажат,
  • 16:24 - 16:26
    дека на почетокот имало голема страст.
  • 16:26 - 16:30
    Бидејќи на почетокот, интимноста сѐ уште
  • 16:30 - 16:31
    не била толку силна
  • 16:31 - 16:35
    за да може да доведе до намалување на желбата.
  • 16:35 - 16:38
    Колку повеќе се зближував, толку поголема одговорност чувствував,
  • 16:38 - 16:42
    и сè помалку можев да се опуштам во твое присуство.
  • 16:42 - 16:44
    Третото дете воопшто не се враќа.
  • 16:44 - 16:48
    И што треба за да ја одржите еротската желба,
  • 16:48 - 16:50
    тоа е вистинска дијалектичка драма.
  • 16:50 - 16:54
    Од една страна ви треба сигурноста за да можете да си заминете.
  • 16:54 - 16:57
    Од друга страна пак ако не можете да си заминете, ќе немате задоволство,
  • 16:57 - 17:00
    нема да свршите, нема да имате оргазам,
  • 17:00 - 17:03
    нема да се возбудите бидејќи вашето време го поминувате
  • 17:03 - 17:06
    во телото и главата на другиот, а не во сопствената глава и тело.
  • 17:06 - 17:10
    За разрешување на оваа дилема,
  • 17:10 - 17:12
    и помирување на овие две основни потреби,
  • 17:12 - 17:17
    сфатив дека еротските парови прават неколку нешта.
  • 17:17 - 17:20
    Прво, тие имаат голема сексуална приватност.
  • 17:20 - 17:22
    Јасно им е тоа дека секој си има сопствен
  • 17:22 - 17:24
    еротски простор, само за себе.
  • 17:24 - 17:27
    Јасно им е дека предиграта не започнува
  • 17:27 - 17:29
    на пет минути пред „вистинската работа.“
  • 17:29 - 17:33
    Предиграта отприлика започнува на крајот од претходниот оргазам.
  • 17:33 - 17:36
    Исто така јасно им е дека еротика не е
  • 17:36 - 17:38
    кога ќе почнете да се милувате.
  • 17:38 - 17:42
    Туку создавате место каде нема однапред зацртани правила и секако
  • 17:42 - 17:44
    место каде нема да бидете дежурен полицаец,
  • 17:44 - 17:46
    (Смеа)
  • 17:46 - 17:49
    и едноставно влегувате во тоа место
  • 17:49 - 17:51
    во кое веќе не сте добриот граѓанин
  • 17:51 - 17:54
    кој се грижи за работите и кој е одговорен.
  • 17:54 - 17:57
    Одговорноста и желбата се непријатели.
  • 17:57 - 18:00
    Баш и не се согласуваат.
  • 18:00 - 18:04
    Еротските парови исто така знаат дека страста оди горе-долу.
  • 18:04 - 18:08
    Како и месечината. Понекогаш има помрачувања.
  • 18:08 - 18:10
    Но сепак знаат како да ја воскреснат.
  • 18:10 - 18:12
    Знаат како да ја вратат,
  • 18:12 - 18:13
    а знаат како да ја вратат
  • 18:13 - 18:16
    бидејќи го имаат демистифицирано големиот мит,
  • 18:16 - 18:19
    а тоа е митот за спонтаноста, кој вели дека
  • 18:19 - 18:22
    спонтаноста едноставно ќе ви падне од небо додека ги диплите алиштата,
  • 18:22 - 18:25
    исто како „deux ex machina“ и воедно на нив им е јасно
  • 18:25 - 18:28
    дека било што да се случи, тоа веќе
  • 18:28 - 18:31
    се има случено во некоја долготрајна врска.
  • 18:31 - 18:34
    Посветениот секс е секс со предумисла.
  • 18:34 - 18:36
    Тој е волев. Со намера.
  • 18:36 - 18:39
    Тој е фокусираност и присуство.
  • 18:39 - 18:41
    Среќен Свети Валентин.
  • 18:41 - 18:49
    (Аплауз)
Title:
Естер Перел: Како да ја одржите еротската желба во долготрајните врски
Speaker:
Esther Perel
Description:

Во долготрајните врски, честопати очекуваме нашите сакани да ни бидат и најдобри пријатели, но и еротски партнери. Но како што Естер Перел тврди, добриот и посветен секс се базира на две конфликтни потреби: нашата потреба за сигурност и нашата потреба за изненадување. Тогаш како да ја одржите еротската желба? Со хумор и елоквенција, Перел ни ја открива мистеријата на еротската интелигенција.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
19:10

Macedonian subtitles

Revisions