Return to Video

Одминувањето на времето прикажано преку една фотографија

  • 0:01 - 0:03
    Mе понесува вистинската страст
  • 0:03 - 0:06
    да создадам фотографии кои
    раскажуваат приказни.
  • 0:07 - 0:11
    Фотографијата може да се опише
    како запис на еден миг
  • 0:11 - 0:13
    застанат во дел од времето.
  • 0:14 - 0:18
    Секој миг или фотографија прикажува
    опипливо парче
  • 0:18 - 0:21
    од нашите сеќавања со
    одминувањето на времето.
  • 0:22 - 0:25
    Но, што ако можете да опфатите повеќе
    од еден миг во една фотографија?
  • 0:26 - 0:29
    Што ако фотографијата го сруши времето,
  • 0:29 - 0:32
    и ги збие најубавите мигови
    на денот или ноќта
  • 0:32 - 0:35
    незабележително во една слика?
  • 0:35 - 0:38
    Создадаов концепт кој се вика
    „Од денот до ноќта“
  • 0:38 - 0:40
    верувам дека тој ќе го промени
  • 0:40 - 0:41
    начинот на кој гледаме светот.
  • 0:41 - 0:42
    Мене ми го смени.
  • 0:43 - 0:48
    Мојот процес почнува со фотографирање
    на култни локации,
  • 0:48 - 0:51
    места кои јас ги нарекувам
    наша колективна меморија.
  • 0:52 - 0:55
    Фотографирам од фиксирана, погодна точка
    и никогаш не се поместувам.
  • 0:55 - 0:59
    Ги фаќам минливите мигови на човештвото
    и светлината додека времето одминува.
  • 1:00 - 1:03
    Фотографирам некаде од 15-30 часа
  • 1:03 - 1:05
    и снимам преку 1.500 слики.
  • 1:06 - 1:08
    Потоа ги одбирам најдобрите
    мигови на денот и ноќта.
  • 1:10 - 1:11
    Времето ми е водич
  • 1:11 - 1:15
    и незабележително ги спојувам најдобрите
    мигови во една фотографија,
  • 1:15 - 1:18
    во визија на нашето патување низ времето.
  • 1:19 - 1:21
    Можам да ве одведам во Париз
  • 1:21 - 1:23
    да видите поглед од мостот Турнел.
  • 1:24 - 1:26
    Можам да ви ги покажам веслачите на Сена
  • 1:26 - 1:28
    во раните утрински часови.
  • 1:29 - 1:30
    Истовремено
  • 1:30 - 1:33
    можам да ви ја прикажам Нотр Дам ноќе.
  • 1:34 - 1:38
    Во меѓувреме, можам да ви ја покажам
    романтиката во градот на светлината.
  • 1:40 - 1:43
    Во основа јас сум уличен фотограф
    на 15 метри од земјата
  • 1:43 - 1:46
    и секој детаљ кој го гледате
    на оваа фотографија
  • 1:46 - 1:47
    се случува на тој ден.
  • 1:51 - 1:53
    „Од денот до ноќта“ е глобален проект.
  • 1:53 - 1:55
    Работата отсекогаш ми била
    поврзана со историја.
  • 1:56 - 1:59
    Ме фасцинираат концепти
    како што е одењето на места како Венеција
  • 1:59 - 2:02
    и да го гледам
    во текот на одреден настан.
  • 2:02 - 2:05
    Одлучив да ја погледнам
    историската Регата,
  • 2:05 - 2:09
    настан кој се одржува од 1498 год.
  • 2:10 - 2:14
    Бродовите и костимите се исти како
    што биле во тоа време.
  • 2:15 - 2:18
    Вистински значен елемент кој сакам
    да ви го предочам
  • 2:18 - 2:20
    е дека нема временска разлика,
  • 2:20 - 2:24
    ова сум јас кој ги фотографира
    денот и ноќта.
  • 2:25 - 2:28
    Неуморно собирам волшебни мигови.
  • 2:29 - 2:33
    Она што ме поттикнува е стравот
    дека ќе изгубам еден од нив.
  • 2:36 - 2:41
    Целиот концепт се случи во 1996 год.
  • 2:41 - 2:45
    Списанието Лајф ме ангажира да направам
    панорамски фотографии
  • 2:45 - 2:50
    од актерите на филмот
    „Ромео и Јулија“ на Баз Луман.
  • 2:51 - 2:54
    Отидов на теренот и видов
    дека е во форма на квадрат.
  • 2:54 - 2:59
    Можев да направам панорама само со колаж
  • 2:59 - 3:01
    од 250 поединечни фотографии.
  • 3:01 - 3:05
    Ги имав Ди Каприо и Клер Дејнс
    како се прегрнуваат.
  • 3:05 - 3:08
    Кога го придвижив апаратот во десно,
  • 3:08 - 3:10
    забележав огледало на ѕидот
  • 3:10 - 3:13
    и го видов нивниот одраз во него.
  • 3:13 - 3:15
    Во тој миг, за таа единствена слика
  • 3:15 - 3:17
    ги прашав: „Може ли дечки да се бакнете
  • 3:17 - 3:18
    само за оваа слика?“
  • 3:18 - 3:21
    Потоа се вратив во моето студио во Њујорк
  • 3:21 - 3:25
    и ги споив овие 250 фотографии,
  • 3:25 - 3:28
    подзастанав и си реков „Фантастично.
  • 3:28 - 3:30
    Го менувам времето во фотографиите.“
  • 3:30 - 3:34
    Овој концепт го задржав 13 години
  • 3:34 - 3:38
    сѐ додека технологијата не го
    престигна мојот сон.
  • 3:38 - 3:42
    Ова е слика на пристаништето Санта Моника
    што ја направив за „Денот до ноќта“.
  • 3:43 - 3:45
    Ќе ви прикажам едно видео
  • 3:45 - 3:48
    и ќе ја имате идејата како изгледа
    да се биде со мене
  • 3:48 - 3:50
    кога ги правам овие фотографии.
  • 3:50 - 3:53
    На почеток, треба да сфатите дека,
    за да се има овој поглед,
  • 3:53 - 3:56
    најмногу време поминувам горе,
    на дигалка со седиште
  • 3:56 - 3:58
    или на кран.
  • 3:58 - 4:01
    Ова е типичен ден од 12-18 часа,
    со постојано
  • 4:01 - 4:03
    снимање на светот кој го откриваме.
  • 4:04 - 4:07
    Една од работите кои ги сакам
    е да ги набљудувам луѓето.
  • 4:07 - 4:09
    Верувајте ми,
  • 4:09 - 4:11
    Ова е најдоброто место што може да се има.
  • 4:12 - 4:15
    Но, ова е начинот на кој ги создавам
    моите фотографии.
  • 4:16 - 4:19
    Кога го имам погледот и локацијата,
  • 4:20 - 4:23
    треба да одлучам кога почнува
    и кога завршува денот.
  • 4:23 - 4:25
    Тоа го нарекувам временски вектор.
  • 4:25 - 4:29
    Ајнштајн го опишува времето како ткаенина.
  • 4:29 - 4:32
    Помислете на површината на трамболина:
  • 4:32 - 4:34
    се искривува и растегнува со гравитација.
  • 4:35 - 4:38
    И јас го гледам времето како ткаенина,
  • 4:38 - 4:43
    само што јас ја земам ткаенината и ја
    израмнувам, ја збивам во една рамнина.
  • 4:43 - 4:45
    Еден од единствените аспекти
    на оваа работа е,
  • 4:45 - 4:47
    кога ги гледате моите слики
  • 4:47 - 4:48
    временскиот вектор се менува:
  • 4:48 - 4:50
    понекогаш одам од лево кон десно,
  • 4:50 - 4:54
    понекогаш напред-назад, горе-долу,
    дури и дијагонално.
  • 4:55 - 4:58
    Го истражувам просторно-временскиот
    континиум
  • 4:58 - 5:00
    со дводимензионални,
    неподвижни фотографии.
  • 5:01 - 5:03
    Кога ги правам овие фотографии,
  • 5:03 - 5:06
    во главата како да ми поминува сложувалка
    на реалниот живот.
  • 5:07 - 5:09
    Правам фотографии засновани на времето
  • 5:09 - 5:11
    И ова го нарекувам главна основа.
  • 5:12 - 5:15
    За да го завршиме потребни се месеци.
  • 5:15 - 5:17
    Забавниот дел на оваа работа е
  • 5:17 - 5:21
    што немам воопшто контрола кога сум горе
  • 5:21 - 5:23
    било кој ден кога фотографирам.
  • 5:23 - 5:26
    Никогаш не знам кој ќе биде
    на фотографијата,
  • 5:26 - 5:29
    дали ќе виде изгрејсонце или залез
    - немам контрола.
  • 5:29 - 5:30
    На крајот на процесот,
  • 5:30 - 5:33
    ако имам вистински убав ден
    и сѐ останува исто,
  • 5:33 - 5:36
    тогаш одлучувам кој останува а, кој не
  • 5:36 - 5:38
    и сѐ се заснова на времето.
  • 5:38 - 5:41
    Ги земам најдобрите мигови кои
    ги бирам во тек на 1 месец уредување
  • 5:41 - 5:45
    и тие незабележително се
    спојуваат со главната основа.
  • 5:46 - 5:48
    Ги збивам денот и ноќта
  • 5:48 - 5:50
    како што ги гледам,
  • 5:50 - 5:54
    и создавам единствена хармонија
    меѓу два спротивставени светови.
  • 5:55 - 5:59
    Сликарството отсекогаш имаше
    силно влијание во мојата работа
  • 5:59 - 6:02
    и отсекогаш омилен сликар
    ми бил Алберт Берштад,
  • 6:02 - 6:04
    од школата на реката Хадсон.
  • 6:04 - 6:07
    Тој ми беше инспирација за серијата
    за национални паркови.
  • 6:07 - 6:09
    Ова е „Долината на Јосемит“ од Бернштат.
  • 6:10 - 6:13
    Значи, ова е фотографијата
    што ја креирав за Јосемит.
  • 6:13 - 6:17
    Таа е всушност е тема
    од напис од јануари 2016
  • 6:17 - 6:19
    во Национална Географија.
  • 6:20 - 6:22
    Фотографирав над 30 часа
    за оваа фотографија.
  • 6:22 - 6:24
    Бев буквално на работ на една карпа,
  • 6:25 - 6:29
    снимајќи ги ѕвездите и Месечината
    додека транзитира,
  • 6:29 - 6:31
    и ја осветлува Ел Капитан.
  • 6:31 - 6:35
    Ја сликав и транзицијата на времето
    низ пределот.
  • 6:36 - 6:40
    Најдобриот дел ја отсликува
    магијата на човештвото
  • 6:40 - 6:41
    со промената на времето -
  • 6:43 - 6:44
    од ден во ноќ.
  • 6:46 - 6:48
    Што се однесува до мене лично,
  • 6:48 - 6:52
    во џебот носев фотокопија
    од слика на Берштад.
  • 6:52 - 6:54
    Кога сонцето почна да изгрева во долината,
  • 6:54 - 6:56
    буквално се тресев од возбуда
  • 6:56 - 6:59
    зашто гледав во сликата и реков:
  • 6:59 - 7:02
    „Господе, ја фатив истата светлина
    како Берштад
  • 7:02 - 7:04
    пред 100 години.“
  • 7:06 - 7:09
    „Од денот до ноќта“ се однесува
    на сите работи,
  • 7:09 - 7:11
    тоа е збир од сите нешта кои ги сакам
  • 7:11 - 7:13
    во врска со фотографирањето.
  • 7:13 - 7:15
    Се однесува на пејсажи,
  • 7:15 - 7:16
    на улични фотографии,
  • 7:16 - 7:19
    на бои, на архитектура,
  • 7:19 - 7:22
    перспектива, размер - и особено историја.
  • 7:22 - 7:24
    Ова е еден од најголемите историски мигови
  • 7:24 - 7:26
    кои ги фотографирав,
  • 7:26 - 7:29
    инаугурацијата на Барак Обама во 2013 год.
  • 7:30 - 7:32
    Ако внимателно ја погледнете
    фотографијата,
  • 7:32 - 7:34
    ќе го видите времето како се менува
  • 7:34 - 7:36
    на оние големи телевизиски приемници.
  • 7:36 - 7:38
    Ќе ја видите Мишел како чека со децата,
  • 7:38 - 7:40
    сега претседателот се поздравува
    со народот,
  • 7:40 - 7:42
    дава заклетва
  • 7:42 - 7:44
    и му се обраќа на народот.
  • 7:45 - 7:49
    Има многу предизвици кога
    правам вакви фотографии.
  • 7:49 - 7:51
    Конкретно за оваа фотографија,
  • 7:51 - 7:55
    бев на 30м височина на подвижно скеле
  • 7:55 - 7:56
    - не беше многу стабилно.
  • 7:56 - 7:59
    Секој пат кога со мојот асистент
    ја поместувавме тежината
  • 7:59 - 8:01
    се менуваше линијата на хоризонтот.
  • 8:01 - 8:02
    Секоја слика што ја гледате,
  • 8:02 - 8:05
    а има околу 1.800 на оваа фотографија,
  • 8:05 - 8:08
    двајцата моравме да ги фиксираме стапалата
  • 8:08 - 8:10
    на секое кликнување
    на фотографскиот апарат.
  • 8:10 - 8:14
    (Аплауз)
  • 8:14 - 8:18
    Во оваа работа научив многу
    извонредни нешта.
  • 8:19 - 8:22
    Двете најзначајни се: трпение
  • 8:22 - 8:24
    и моќта на набљудување.
  • 8:25 - 8:28
    Кога се фотографира град како Њујорк
    од горе,
  • 8:28 - 8:30
    открив дека луѓето во автомобилите,
  • 8:31 - 8:33
    со кои секојдневно живеам
    на извесен начин,
  • 8:33 - 8:35
    не изгледаат веќе како луѓе во автомобили.
  • 8:35 - 8:37
    Изгледаат како огромно јато риби.
  • 8:37 - 8:39
    Тоа е еден нов вид на однесување.
  • 8:40 - 8:43
    Кога луѓето ја опишуваат енергијата
    на Њујорк,
  • 8:43 - 8:46
    мислам дека оваа фотографија
    почнува да го опфаќа тоа.
  • 8:46 - 8:48
    Ако внимателно погледнете во моите
  • 8:48 - 8:50
    фотографии, ќе видите приказни во нив.
  • 8:50 - 8:53
    Сфаќате дека Тајмс сквер е кањон,
  • 8:53 - 8:55
    сенки и сончева светлина.
  • 8:56 - 8:59
    Решив на оваа слика да направам
    временска шаховска табла.
  • 8:59 - 9:01
    Каде што има сенки, ноќ е,
  • 9:01 - 9:03
    каде што е сонцето, таму е ден.
  • 9:04 - 9:07
    Времето е исклучително нешто
  • 9:07 - 9:09
    кое никогаш не можеме да го
    разбереме вистински.
  • 9:10 - 9:12
    Но, на единствен и посебен начин,
  • 9:12 - 9:16
    мислам дека овие слики почнуваат
    да даваат претстава за времето.
  • 9:17 - 9:21
    Отелотворуваат нова метафизичка,
    визуелна реалност.
  • 9:23 - 9:26
    Кога поминувате 15 часа гледајќи
    во едно место,
  • 9:27 - 9:29
    ги гледате работите на поинаков начин
  • 9:29 - 9:31
    од обичното шетање со фото-апарат,
  • 9:31 - 9:33
    кога само фотографирате и заминуавате.
  • 9:33 - 9:35
    Овој беше одличен пример.
  • 9:35 - 9:37
    Го нареков Сакре Кер селфи.
  • 9:38 - 9:39
    Ги набљудував околу 15 часа
  • 9:39 - 9:42
    сите овие луѓе кои не ни
    гледаа во Сакре Кер.
  • 9:42 - 9:45
    Повеќе ги интересираше
    да ја имаат како позадина.
  • 9:45 - 9:48
    Се приближуваа, фотографираа
  • 9:48 - 9:50
    и заминуваа.
  • 9:50 - 9:55
    Сметам дека ова е апсолутно
    извонреден пример,
  • 9:55 - 9:59
    моќна раздвоеност меѓу она што
    мислиме дека е човечкото искуство,
  • 10:00 - 10:03
    наспроти она кон што еволуира
    човечкото искуство.
  • 10:04 - 10:09
    Споделувањето наеднаш станува поважно
  • 10:09 - 10:11
    од самото искуство.
  • 10:11 - 10:15
    (Аплауз)
  • 10:15 - 10:18
    На крај, мојата најнова фотографија,
  • 10:18 - 10:21
    која има посебно значење за мене:
  • 10:21 - 10:25
    ова е Националниот парк
    Серенгети во Тазанија.
  • 10:25 - 10:27
    И ова е фотографирано насред Сиеронере,
  • 10:28 - 10:29
    ова не е резерват.
  • 10:30 - 10:32
    Намерно отидов во екот
    на миграција
  • 10:32 - 10:36
    со надеж дека ќе ги сликам
    најразноврсните животни.
  • 10:37 - 10:38
    За жал, кога стигнавме таму,
  • 10:38 - 10:41
    имаше суша во екот
    на миграциија
  • 10:41 - 10:42
    во траење од 5 недели.
  • 10:42 - 10:44
    Сите животни беа упатени кон водата.
  • 10:45 - 10:47
    Наидов на ова водопој
  • 10:47 - 10:51
    и мислев ако сѐ остане
    како што се одвива,
  • 10:51 - 10:54
    ќе имам вистинска можност
    да фотографирам нешто уникатно.
  • 10:54 - 10:56
    Поминавме 3 дена во истражување
  • 10:56 - 10:58
    и ништо не ме имаше подготвено
  • 10:58 - 11:00
    за тоа што го доживеав тој ден.
  • 11:00 - 11:03
    Фотографирав 15 часа
  • 11:03 - 11:07
    на 5м височина, во засолниште
    недостапно за крокодили.
  • 11:07 - 11:10
    Она што го доживеав беше незамисливо.
  • 11:10 - 11:11
    Беше библиско, навистина.
  • 11:11 - 11:14
    Ги гледавме 25 часа
  • 11:14 - 11:19
    овие натпреварувачки видови како
    споделуваат единствен извор-водата.
  • 11:19 - 11:23
    Истиот извор за кој човештвото војува
  • 11:23 - 11:25
    во последните 50 години.
  • 11:25 - 11:29
    Животните ниту еднаш не загрофтаа
    едни на други.
  • 11:30 - 11:33
    Тие разбираат нешто што ние -
    луѓето не разбираме.
  • 11:34 - 11:36
    Дека овој скапоцен извор што се вика вода
  • 11:36 - 11:39
    е нешто што треба зеднички да го делиме.
  • 11:40 - 11:42
    Кога ја создадов оваа фотографија,
  • 11:43 - 11:47
    сфатив дека „Од денот до ноќта“
    е нов начин на гледање,
  • 11:48 - 11:49
    збивање на времето,
  • 11:50 - 11:54
    истражување на просторно-временскиот
    континиум во слика.
  • 11:55 - 11:59
    Како што се развива технологијата
    заедно со фотографијата,
  • 11:59 - 12:03
    фотографиите не само што ќе пренесуваат
    подлабоко значење за времето и сеќавањата,
  • 12:04 - 12:10
    туку ќе создаваат и нови стории
    од нераскажани приказни
  • 12:11 - 12:15
    и ќе отвораат безвременски прозорци
    во нашиот свет.
  • 12:15 - 12:16
    Ви бгаодарам!
  • 12:16 - 12:23
    (Аплауз)
Title:
Одминувањето на времето прикажано преку една фотографија
Speaker:
Стивен Вилкс
Description:

Фотографот Стивен Вилкс создава прекрасни композиции од пејсажи во текот на преминот од ден во ноќ, истражувајќи го просторно-временскиот континиум во дводимензионална, неподвижна слика. Патувајте со него низ култни места како што се: мостот Турнел во Париз, Ел Капитан во Националниот Парк Јосемит и животворниот водопој во срцето на Серенгети, во оваа турнеја која е приказ на неговата уметност и фотографија.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:36

Macedonian subtitles

Revisions