Return to Video

Како функционира менструацијата - Ема Брус

  • 0:07 - 0:10
    Тешко е да се верува, но токму во овој
    момент
  • 0:10 - 0:15
    300 милиони жени низ целиот свет го
    искусуваат истото нешто:
  • 0:15 - 0:16
    имаат менструација.
  • 0:16 - 0:19
    Месечниот циклус пред менструацијата
  • 0:19 - 0:23
    е реалност за повеќето жени на Земјата.
  • 0:23 - 0:25
    Зошто овој циклус е универзален?
  • 0:25 - 0:28
    Зошто е циклус?
  • 0:28 - 0:32
    Менструацијата трае од две до седум дена
  • 0:32 - 0:36
    и се појавува на секои 28 дена.
  • 0:36 - 0:38
    Целиот систем се повторува,
  • 0:38 - 0:43
    450 пати во текот на животот на жената.
  • 0:43 - 0:45
    Во позадината постои серија на
    хормонални контроли
  • 0:45 - 0:48
    кои ја контролираат внатрешната
    машинерија на телото
  • 0:48 - 0:53
    за да ја започнат и сопрат менструацијата
    за време на тие 28 дена.
  • 0:53 - 0:55
    Внатрешната машинерија се состои од
    два јајника
  • 0:55 - 0:58
    полни со мали торбички наречени фоликули,
  • 0:58 - 1:03
    Секоја фоликула има еден ооцит,
    неоплодена јајце-клетка.
  • 1:03 - 1:06
    Во пубертет, јајниците имаат околу
    400 илјади јајце-клетки,
  • 1:06 - 1:09
    но ослободуваат само по една, секој месец,
  • 1:09 - 1:12
    која резултира со бременост или период.
  • 1:12 - 1:15
    Еве како циклусот се развива:
  • 1:15 - 1:17
    Почнувајќи од пубертет, секој месец,
  • 1:17 - 1:20
    Хипофизата во мозокот
  • 1:20 - 1:23
    почнува да ослободува 2 хормони во крвта:
  • 1:23 - 1:26
    Фоликолу-стимулирачки хормон и
    лутеинизирачки хормон.
  • 1:26 - 1:28
    Ккога ќе стигнат до јајниците,
  • 1:28 - 1:31
    ги стимулираат јајце-клетките да
    пораснат и созреат.
  • 1:31 - 1:34
    Фоликулите лачат естроген.
  • 1:34 - 1:38
    Како што јајце-клетките растат,
    концентрацијата на естроген расте,
  • 1:38 - 1:39
    стопирајќи синтеза
  • 1:39 - 1:40
    на фоликостимулирачки хормон,
  • 1:40 - 1:44
    и стимулира лачење на лутенизирачки
    хормон од хипофизата.
  • 1:44 - 1:47
    Тоа допринесува само најзрелата
    од јајцеклетки
  • 1:47 - 1:51
    да излезе од фоликулата, и да пробие
    низ ѕидот на јајникот.
  • 1:51 - 1:52
    Овој процес е овулација,
  • 1:52 - 1:57
    Обично се случува 10-16 дена пред
    почетокот на менструацијата.
  • 1:57 - 2:00
    Малечкиот ооцит патува низ
    фалопиевите канали.
  • 2:00 - 2:04
    Ако јајце-клетката е оплодена,
    во текот на наредните 24 сати,
  • 2:04 - 2:07
    почнува нов период- бременост.
  • 2:07 - 2:09
    Ако не, тогаш јајце-клетката се распаѓа
  • 2:09 - 2:12
    и можноста да се забремени тој месец
    исчезнува.
  • 2:12 - 2:16
    Во меѓувреме, празниот фоликул
    ослободува прогестерон,
  • 2:16 - 2:18
    хормон кој делува на ѕидот на матката,
  • 2:18 - 2:21
    го набубрува со крв и храхливи состојки,
  • 2:21 - 2:25
    припремајќи го за оплодената јајце-клетка
    да се вдоми и развие.
  • 2:25 - 2:27
    Ако не се вдоми,
  • 2:27 - 2:31
    Неколку дена покасно, концентрацијата на
    прогестерон и естроген се намалува,
  • 2:31 - 2:35
    набубрениот слој на ѕидот на матката
    дегенерира,
  • 2:35 - 2:37
    и отпаѓа.
  • 2:37 - 2:41
    Крв и ткиво го напуштаат телото, и тоа е
    всушност менструацијата.
  • 2:41 - 2:46
    На матката и е потребно до недела дена да
    се исчисти од непотребната содржина,
  • 2:46 - 2:48
    и после тоа, циклусот почнува повторно.
  • 2:48 - 2:52
    Наскоро јајниците почнуваат да
    лачат естроген,
  • 2:52 - 2:53
    ѕидот на матката пак набубрува,
  • 2:53 - 2:56
    припремајќи се за оплодената јаце-клетка
  • 2:56 - 2:58
    или да се дегенерира неупотребена.
  • 2:58 - 3:01
    Овие промени се условени од
  • 3:01 - 3:05
    нивото на хормоните.
  • 3:05 - 3:07
    Циклусот продолжува,
  • 3:07 - 3:11
    секој ден и секоја недела е одредена
    фаза на циклусот
  • 3:11 - 3:13
    кој води или кон бременост или
    кон менструација.
  • 3:13 - 3:16
    Иако се чини дека циклусот е прецизен,
  • 3:16 - 3:18
    постојат варијации.
  • 3:18 - 3:20
    Жените и нивните тела се уникатни.
  • 3:20 - 3:24
    Менструацијата може да се случи во
    различен ден на месецот,
  • 3:24 - 3:27
    овулацијата се случува на
    различен дел од циклусот,
  • 3:27 - 3:30
    некои менструации се подолги,
    некои пократки.
  • 3:30 - 3:33
    Менструацијата дури почнува и завршува во
    различни делови од
  • 3:33 - 3:36
    животот, на различни жени.
  • 3:36 - 3:39
    Варијациите помеѓу периодите е нормално.
  • 3:39 - 3:43
    Препознавајќи ги разликите и
    знаејќи го месечниот процес
  • 3:43 - 3:45
    им дава сила на жените,
  • 3:45 - 3:49
    им дава можност да го контролираат
    своето тело.
  • 3:49 - 3:52
    Контролирајќи го овој краток
    месечен циклус,
  • 3:52 - 3:54
    жените го контролираат
    циклусот на животот.
Title:
Како функционира менструацијата - Ема Брус
Description:

Гледајте ја целата лекција: http://ed.ted.com/lessons/how-menstruation-works-emma-bryce
Создадено во партерство со Always #LikeAGirl кампањата
Во овој момент, триста илјади жени на светот ја искусуваат истата работа: имаат менструација. Месечниот циклус кој води до менструацијата е реалност која мнозина од жените ќе ја искусат за време на животот. Но, зошто е овој циклус универзален? И што воопшто го прави циклус? Ема Брус дава лесно објаснување за менструацијата.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TED-Ed
Duration:
04:12

Macedonian subtitles

Revisions