Тешко е да се верува, но токму во овој момент 300 милиони жени низ целиот свет го искусуваат истото нешто: имаат менструација. Месечниот циклус пред менструацијата е реалност за повеќето жени на Земјата. Зошто овој циклус е универзален? Зошто е циклус? Менструацијата трае од две до седум дена и се појавува на секои 28 дена. Целиот систем се повторува, 450 пати во текот на животот на жената. Во позадината постои серија на хормонални контроли кои ја контролираат внатрешната машинерија на телото за да ја започнат и сопрат менструацијата за време на тие 28 дена. Внатрешната машинерија се состои од два јајника полни со мали торбички наречени фоликули, Секоја фоликула има еден ооцит, неоплодена јајце-клетка. Во пубертет, јајниците имаат околу 400 илјади јајце-клетки, но ослободуваат само по една, секој месец, која резултира со бременост или период. Еве како циклусот се развива: Почнувајќи од пубертет, секој месец, Хипофизата во мозокот почнува да ослободува 2 хормони во крвта: Фоликолу-стимулирачки хормон и лутеинизирачки хормон. Ккога ќе стигнат до јајниците, ги стимулираат јајце-клетките да пораснат и созреат. Фоликулите лачат естроген. Како што јајце-клетките растат, концентрацијата на естроген расте, стопирајќи синтеза на фоликостимулирачки хормон, и стимулира лачење на лутенизирачки хормон од хипофизата. Тоа допринесува само најзрелата од јајцеклетки да излезе од фоликулата, и да пробие низ ѕидот на јајникот. Овој процес е овулација, Обично се случува 10-16 дена пред почетокот на менструацијата. Малечкиот ооцит патува низ фалопиевите канали. Ако јајце-клетката е оплодена, во текот на наредните 24 сати, почнува нов период- бременост. Ако не, тогаш јајце-клетката се распаѓа и можноста да се забремени тој месец исчезнува. Во меѓувреме, празниот фоликул ослободува прогестерон, хормон кој делува на ѕидот на матката, го набубрува со крв и храхливи состојки, припремајќи го за оплодената јајце-клетка да се вдоми и развие. Ако не се вдоми, Неколку дена покасно, концентрацијата на прогестерон и естроген се намалува, набубрениот слој на ѕидот на матката дегенерира, и отпаѓа. Крв и ткиво го напуштаат телото, и тоа е всушност менструацијата. На матката и е потребно до недела дена да се исчисти од непотребната содржина, и после тоа, циклусот почнува повторно. Наскоро јајниците почнуваат да лачат естроген, ѕидот на матката пак набубрува, припремајќи се за оплодената јаце-клетка или да се дегенерира неупотребена. Овие промени се условени од нивото на хормоните. Циклусот продолжува, секој ден и секоја недела е одредена фаза на циклусот кој води или кон бременост или кон менструација. Иако се чини дека циклусот е прецизен, постојат варијации. Жените и нивните тела се уникатни. Менструацијата може да се случи во различен ден на месецот, овулацијата се случува на различен дел од циклусот, некои менструации се подолги, некои пократки. Менструацијата дури почнува и завршува во различни делови од животот, на различни жени. Варијациите помеѓу периодите е нормално. Препознавајќи ги разликите и знаејќи го месечниот процес им дава сила на жените, им дава можност да го контролираат своето тело. Контролирајќи го овој краток месечен циклус, жените го контролираат циклусот на животот.