Return to Video

Улична уметност со порака за надеж и мир

  • 0:01 - 0:05
    Во 2012, кога го бојадисав минарето на
    Џамијата Џара
  • 0:05 - 0:08
    во мојот роден град Габес,
    на југот на Тунис,
  • 0:08 - 0:13
    не помислував дека едни графити можат
    да го свртат вниманието кон еден град.
  • 0:13 - 0:17
    На почетокот, бев во потрага на ѕид
    во мојот град,
  • 0:17 - 0:20
    и излезе дека минарето било изградено
    во '94.
  • 0:21 - 0:26
    И 18 години, тие 57 метри бетон
    биле сиви.
  • 0:27 - 0:30
    Кога за првпат го сретнав имамот,
    и му кажав што сакам да направам,
  • 0:30 - 0:33
    тој рече, "Фала Богу што конечно дојде,"
  • 0:33 - 0:36
    ми рече дека со години чекал
    некој
  • 0:36 - 0:37
    што ќе направи нешто на него.
  • 0:37 - 0:42
    Овој имам беше неверојатен бидејќи
    не побара ништо од мене --
  • 0:42 - 0:45
    ниту скица, ниту пак
    ме праша што ќе цртам.
  • 0:46 - 0:49
    Во секое дело што го работам,
    вметнувам пораки
  • 0:49 - 0:53
    преку мојот стил калиграфити --
    мешавина од калиграф и графити.
  • 0:54 - 0:55
    Користам цитати или поезија.
  • 0:56 - 0:59
    За минарето, мислев дека
    на џамија најдобро би било
  • 0:59 - 1:02
    да ставам порака која
    доаѓа од Куранот,
  • 1:02 - 1:03
    и така го избрав овој стих:
  • 1:03 - 1:06
    "Ех човештво, те создадовме од
    маж и жена,
  • 1:06 - 1:10
    и те направивме луѓе и племе
    за да се знаете едни со други."
  • 1:10 - 1:13
    Тоа е универзален повик за мир,
    толеранција и прифатеност
  • 1:13 - 1:17
    кој доаѓа од страна што обично не ја
    претставуваме во добро светло во медиумите.
  • 1:18 - 1:21
    Бев изненаден кога видов како локалната
    заедница реагираше на сликата,
  • 1:21 - 1:26
    и како беа горди за тоа што минарето
    добива толку многу внимание
  • 1:26 - 1:28
    од новинарите од целиот свет.
  • 1:29 - 1:32
    За имамот, не беше важна
    само сликата;
  • 1:32 - 1:33
    за него беше многу посуштинско.
  • 1:33 - 1:37
    Тој се надеваше дека минарето ќе стане
    споменик на градот,
  • 1:37 - 1:40
    и дека ќе привлече луѓе во ова
    заборавено место во Тунис.
  • 1:41 - 1:43
    Универзалноста на пораката,
  • 1:43 - 1:45
    политичкиот контекст
    на Тунис во тоа време,
  • 1:45 - 1:49
    и фактот дека го цитирав Куранот
    преку графити
  • 1:49 - 1:50
    не беше незначајно.
  • 1:50 - 1:52
    Одново ја обедини заедницата.
  • 1:54 - 1:57
    Спојување на луѓе, идни генерации,
  • 1:57 - 2:00
    заедно преку арапски калиграфи
  • 2:00 - 2:01
    е она што јас го правам.
  • 2:01 - 2:04
    Пишувањето на пораки е суштината
    на мојата работа.
  • 2:05 - 2:08
    Интересно е тоа што дури и
    луѓето кои зборуваат арапски
  • 2:08 - 2:12
    мораат навистина да бидат фокусирани
    за да го одгатнат напишаното.
  • 2:13 - 2:16
    Не мора да го познавате значењето
    за да го почувствувате делото.
  • 2:16 - 2:20
    Мислам дека арапското писмо ја допира
    вашата душа пред да стигне до вашите очи.
  • 2:20 - 2:23
    Во него има убавина што не морате
    да ја преведувате.
  • 2:24 - 2:26
    Арапското писмо
    се обраќа на сите, верувам;
  • 2:26 - 2:29
    на тебе, на него, на неа, на секого,
  • 2:29 - 2:31
    и тогаш кога ќе ја сфатите смислата,
  • 2:31 - 2:33
    се чувствувате поврзани со него.
  • 2:33 - 2:36
    Секогаш се трудам да пишувам пораки
  • 2:36 - 2:38
    кои се релевантни за местото
    каде сликам,
  • 2:38 - 2:41
    но пораки кои имаат универзална
    димензија,
  • 2:41 - 2:44
    за секој да може да ги разбере, без оглед
    од каде доаѓа.
  • 2:45 - 2:47
    Јас сум роден и пораснав
    во Франција, во Париз,
  • 2:47 - 2:51
    и почнав да учам како да пишувам
    и да читам арапски кога бев 18.
  • 2:52 - 2:55
    Пораките денес ги пишувам само на арапски.
  • 2:55 - 2:58
    Една од причините зошто ова
    ми е важно,
  • 2:58 - 3:02
    е заради реакциите кои ги добивам
    насекаде низ светот.
  • 3:04 - 3:08
    Во Рио де Женеиро, ја преведов
    оваа португалска поема
  • 3:08 - 3:10
    од Габриела Торес Барбоса,
  • 3:10 - 3:13
    која им оддаваше почит на сиромашните
    луѓе од фавелата,
  • 3:13 - 3:15
    после што ја насликав на кровот.
  • 3:15 - 3:19
    Локалната заедница беше навистина
    заинтригирана од она што го правев,
  • 3:19 - 3:22
    и штом им го кажав
    значењето на калиграфот,
  • 3:22 - 3:25
    тие ми заблагодарија, зашто
    чувствуваа поврзаност со делото.
  • 3:27 - 3:29
    Во Јужна Африка, во Кејп Таун,
  • 3:29 - 3:32
    локалната заедница Филипи
  • 3:32 - 3:35
    ми го понуди единствениот
    бетонски ѕид во сиромашниот кварт.
  • 3:35 - 3:37
    Тоа беше училиште, на кое напишав
  • 3:37 - 3:39
    цитат од Нелсон Мендела,
  • 3:39 - 3:41
    кој вели, "[на арапски],"
  • 3:41 - 3:44
    што значи, "Изгледа невозможно
    додека не биде направено."
  • 3:44 - 3:48
    Тогаш ми пријде еден дечко и рече,
    "Зошто не го напишеш на англиски?"
  • 3:48 - 3:52
    на што му одговорив, "Твојата загриженост
    ќе сметав дека е реална доколку ме прашаше
  • 3:52 - 3:54
    зошто не сум ја напишал на Зулу."
  • 3:55 - 3:57
    Во Париз, еднаш, имаш еден настан,
  • 3:57 - 4:01
    и некој го имаше отстапено ѕидот на
    него да се слика.
  • 4:02 - 4:04
    Кога ме виде дека сликам на арапски,
  • 4:04 - 4:08
    толку се налути -- всушност, се дереше --
    што побара да го избришам.
  • 4:08 - 4:10
    Бев лут и разочаран.
  • 4:10 - 4:14
    Но недела дена подоцна, организаторот
    на настанот ме замоли да се вратам,
  • 4:14 - 4:18
    и ми кажа дека има еден ѕид карши
    куќата на типов.
  • 4:18 - 4:19
    И така, типов --
  • 4:19 - 4:21
    (Смеа)
  • 4:21 - 4:24
    некако, беше приморан да
    го гледа секој ден.
  • 4:24 - 4:27
    На почеток, сакав да
    напишам, "[на арапски],"
  • 4:27 - 4:29
    што значи, "Еве ти го," но
  • 4:29 - 4:31
    (Смеа)
  • 4:31 - 4:35
    Решив да бидам попаметен
    и напишав, "[на арапски],"
  • 4:35 - 4:36
    што значи, "Отвори го срцето."
  • 4:37 - 4:40
    Навистина сум горд на мојата култура,
  • 4:40 - 4:46
    и се обидувам да бидам нејзин амбасадор
    преку мојата уметност.
  • 4:46 - 4:51
    И се надевам дека ќе ги разбиеме
    стереотипите за кои сите сме свесни,
  • 4:51 - 4:52
    преку убавината на арапското писмо.
  • 4:53 - 4:59
    Денес, повеќе не го пишувам преводот
    на пораката на ѕидот.
  • 4:59 - 5:03
    Не сакам поезијата на
    калиграфот да биде уништена,
  • 5:03 - 5:07
    бидејќи е уметност на која можете да и се
    воодушевувате без да го знаете значењето,
  • 5:07 - 5:09
    исто како што уживате во музика
    од другите земји.
  • 5:10 - 5:13
    Некои луѓе ова сметаат дека е
    отфрлање или затворена врата,
  • 5:13 - 5:16
    но за мене, претставува покана --
  • 5:16 - 5:19
    да се запознаете со мојот
    јазик, култура и уметност.
  • 5:19 - 5:20
    Ви благодарам.
  • 5:20 - 5:23
    (Аплауз)
Title:
Улична уметност со порака за надеж и мир
Speaker:
ел Сид
Description:

Роден во Франција во тунижанско семејство, ел Сид ужива да плива во различни култури, јазици и идентитети. Не е исклучок и неговата уметност, која вклучува арапска поезија во стил кој е инспириран од уличната уметност и графити. Во овој тивок, но страствен говор, уметникот и TED Пријател ја опишува неговата главна амбиција: да создаде уметност која е толку убава што нема потреба од превод.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
05:39

Macedonian subtitles

Revisions