WEBVTT 00:00:00.758 --> 00:00:05.001 Во 2012, кога го бојадисав минарето на Џамијата Џара 00:00:05.025 --> 00:00:07.956 во мојот роден град Габес, на југот на Тунис, 00:00:07.980 --> 00:00:13.247 не помислував дека едни графити можат да го свртат вниманието кон еден град. NOTE Paragraph 00:00:13.271 --> 00:00:17.197 На почетокот, бев во потрага на ѕид во мојот град, 00:00:17.221 --> 00:00:20.451 и излезе дека минарето било изградено во '94. 00:00:21.102 --> 00:00:25.719 И 18 години, тие 57 метри бетон биле сиви. 00:00:26.617 --> 00:00:30.218 Кога за првпат го сретнав имамот, и му кажав што сакам да направам, 00:00:30.242 --> 00:00:32.686 тој рече, "Фала Богу што конечно дојде," 00:00:32.710 --> 00:00:35.517 ми рече дека со години чекал некој 00:00:35.541 --> 00:00:37.384 што ќе направи нешто на него. 00:00:37.422 --> 00:00:41.508 Овој имам беше неверојатен бидејќи не побара ништо од мене -- 00:00:41.532 --> 00:00:44.942 ниту скица, ниту пак ме праша што ќе цртам. NOTE Paragraph 00:00:45.959 --> 00:00:48.832 Во секое дело што го работам, вметнувам пораки 00:00:48.856 --> 00:00:52.979 преку мојот стил калиграфити -- мешавина од калиграф и графити. 00:00:53.622 --> 00:00:55.494 Користам цитати или поезија. 00:00:56.153 --> 00:00:58.860 За минарето, мислев дека на џамија најдобро би било 00:00:58.884 --> 00:01:01.500 да ставам порака која доаѓа од Куранот, 00:01:01.524 --> 00:01:03.135 и така го избрав овој стих: 00:01:03.159 --> 00:01:06.399 "Ех човештво, те создадовме од маж и жена, 00:01:06.423 --> 00:01:09.838 и те направивме луѓе и племе за да се знаете едни со други." 00:01:09.862 --> 00:01:13.179 Тоа е универзален повик за мир, толеранција и прифатеност 00:01:13.203 --> 00:01:17.172 кој доаѓа од страна што обично не ја претставуваме во добро светло во медиумите. NOTE Paragraph 00:01:17.661 --> 00:01:21.429 Бев изненаден кога видов како локалната заедница реагираше на сликата, 00:01:21.453 --> 00:01:25.760 и како беа горди за тоа што минарето добива толку многу внимание 00:01:25.784 --> 00:01:28.489 од новинарите од целиот свет. 00:01:29.346 --> 00:01:31.514 За имамот, не беше важна само сликата; 00:01:31.538 --> 00:01:33.403 за него беше многу посуштинско. 00:01:33.427 --> 00:01:36.864 Тој се надеваше дека минарето ќе стане споменик на градот, 00:01:36.888 --> 00:01:39.759 и дека ќе привлече луѓе во ова заборавено место во Тунис. 00:01:40.759 --> 00:01:42.909 Универзалноста на пораката, 00:01:42.933 --> 00:01:45.179 политичкиот контекст на Тунис во тоа време, 00:01:45.203 --> 00:01:48.687 и фактот дека го цитирав Куранот преку графити 00:01:48.711 --> 00:01:50.353 не беше незначајно. 00:01:50.377 --> 00:01:52.431 Одново ја обедини заедницата. NOTE Paragraph 00:01:53.559 --> 00:01:56.573 Спојување на луѓе, идни генерации, 00:01:56.573 --> 00:01:59.573 заедно преку арапски калиграфи 00:01:59.573 --> 00:02:01.058 е она што јас го правам. 00:02:01.082 --> 00:02:04.087 Пишувањето на пораки е суштината на мојата работа. 00:02:04.896 --> 00:02:08.047 Интересно е тоа што дури и луѓето кои зборуваат арапски 00:02:08.071 --> 00:02:11.906 мораат навистина да бидат фокусирани за да го одгатнат напишаното. 00:02:12.668 --> 00:02:15.965 Не мора да го познавате значењето за да го почувствувате делото. 00:02:16.012 --> 00:02:19.883 Мислам дека арапското писмо ја допира вашата душа пред да стигне до вашите очи. 00:02:19.883 --> 00:02:22.827 Во него има убавина што не морате да ја преведувате. 00:02:23.628 --> 00:02:25.906 Арапското писмо се обраќа на сите, верувам; 00:02:25.930 --> 00:02:29.447 на тебе, на него, на неа, на секого, 00:02:29.471 --> 00:02:31.431 и тогаш кога ќе ја сфатите смислата, 00:02:31.431 --> 00:02:33.435 се чувствувате поврзани со него. 00:02:33.435 --> 00:02:35.782 Секогаш се трудам да пишувам пораки 00:02:35.806 --> 00:02:38.177 кои се релевантни за местото каде сликам, 00:02:38.201 --> 00:02:41.282 но пораки кои имаат универзална димензија, 00:02:41.306 --> 00:02:44.048 за секој да може да ги разбере, без оглед од каде доаѓа. NOTE Paragraph 00:02:44.699 --> 00:02:47.026 Јас сум роден и пораснав во Франција, во Париз, 00:02:47.050 --> 00:02:50.995 и почнав да учам како да пишувам и да читам арапски кога бев 18. 00:02:51.560 --> 00:02:55.060 Пораките денес ги пишувам само на арапски. 00:02:55.084 --> 00:02:58.281 Една од причините зошто ова ми е важно, 00:02:58.305 --> 00:03:02.121 е заради реакциите кои ги добивам насекаде низ светот. NOTE Paragraph 00:03:03.700 --> 00:03:07.606 Во Рио де Женеиро, ја преведов оваа португалска поема 00:03:07.630 --> 00:03:09.542 од Габриела Торес Барбоса, 00:03:09.566 --> 00:03:12.946 која им оддаваше почит на сиромашните луѓе од фавелата, 00:03:12.970 --> 00:03:14.938 после што ја насликав на кровот. 00:03:15.367 --> 00:03:18.630 Локалната заедница беше навистина заинтригирана од она што го правев, 00:03:18.630 --> 00:03:21.897 и штом им го кажав значењето на калиграфот, 00:03:21.921 --> 00:03:24.850 тие ми заблагодарија, зашто чувствуваа поврзаност со делото. NOTE Paragraph 00:03:26.723 --> 00:03:28.713 Во Јужна Африка, во Кејп Таун, 00:03:28.737 --> 00:03:31.786 локалната заедница Филипи 00:03:31.810 --> 00:03:34.857 ми го понуди единствениот бетонски ѕид во сиромашниот кварт. 00:03:34.881 --> 00:03:37.254 Тоа беше училиште, на кое напишав 00:03:37.278 --> 00:03:38.746 цитат од Нелсон Мендела, 00:03:38.770 --> 00:03:41.433 кој вели, "[на арапски]," 00:03:41.457 --> 00:03:44.140 што значи, "Изгледа невозможно додека не биде направено." 00:03:44.489 --> 00:03:48.074 Тогаш ми пријде еден дечко и рече, "Зошто не го напишеш на англиски?" 00:03:48.098 --> 00:03:52.193 на што му одговорив, "Твојата загриженост ќе сметав дека е реална доколку ме прашаше 00:03:52.217 --> 00:03:53.801 зошто не сум ја напишал на Зулу." NOTE Paragraph 00:03:54.912 --> 00:03:57.056 Во Париз, еднаш, имаш еден настан, 00:03:57.080 --> 00:04:00.986 и некој го имаше отстапено ѕидот на него да се слика. 00:04:02.016 --> 00:04:04.373 Кога ме виде дека сликам на арапски, 00:04:04.397 --> 00:04:08.421 толку се налути -- всушност, се дереше -- што побара да го избришам. 00:04:08.445 --> 00:04:10.412 Бев лут и разочаран. 00:04:10.436 --> 00:04:14.313 Но недела дена подоцна, организаторот на настанот ме замоли да се вратам, 00:04:14.337 --> 00:04:18.055 и ми кажа дека има еден ѕид карши куќата на типов. 00:04:18.079 --> 00:04:19.231 И така, типов -- 00:04:19.255 --> 00:04:21.474 (Смеа) 00:04:21.498 --> 00:04:23.683 некако, беше приморан да го гледа секој ден. 00:04:23.683 --> 00:04:26.531 На почеток, сакав да напишам, "[на арапски]," 00:04:26.555 --> 00:04:28.546 што значи, "Еве ти го," но 00:04:28.570 --> 00:04:30.913 (Смеа) 00:04:30.937 --> 00:04:34.596 Решив да бидам попаметен и напишав, "[на арапски]," 00:04:34.620 --> 00:04:36.254 што значи, "Отвори го срцето." NOTE Paragraph 00:04:37.095 --> 00:04:40.171 Навистина сум горд на мојата култура, 00:04:40.195 --> 00:04:45.710 и се обидувам да бидам нејзин амбасадор преку мојата уметност. 00:04:45.734 --> 00:04:50.670 И се надевам дека ќе ги разбиеме стереотипите за кои сите сме свесни, 00:04:50.694 --> 00:04:52.468 преку убавината на арапското писмо. 00:04:53.207 --> 00:04:58.655 Денес, повеќе не го пишувам преводот на пораката на ѕидот. 00:04:59.148 --> 00:05:02.689 Не сакам поезијата на калиграфот да биде уништена, 00:05:02.689 --> 00:05:06.690 бидејќи е уметност на која можете да и се воодушевувате без да го знаете значењето, 00:05:06.690 --> 00:05:09.090 исто како што уживате во музика од другите земји. 00:05:09.630 --> 00:05:13.405 Некои луѓе ова сметаат дека е отфрлање или затворена врата, 00:05:13.429 --> 00:05:15.898 но за мене, претставува покана -- 00:05:15.922 --> 00:05:19.201 да се запознаете со мојот јазик, култура и уметност. NOTE Paragraph 00:05:19.225 --> 00:05:20.383 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:05:20.407 --> 00:05:23.259 (Аплауз)