Return to Video

Мунир Вирани: Зошто ги сакам мршојадците

  • 0:01 - 0:02
    Сакам да ви зборувам за
  • 0:02 - 0:05
    еден посебен вид на животни.
  • 0:05 - 0:09
    Постојат 10.000 видови на птици во светот.
  • 0:09 - 0:14
    Мршојадците спаѓаат во најзагрозениот вид на птици.
  • 0:14 - 0:17
    Кога ќе видите мршојадец како овој, вашата прва помисла
  • 0:17 - 0:21
    е колку се тие одбивни, грди
  • 0:21 - 0:24
    и алчни суштества, гладни за вашето месо,
  • 0:24 - 0:31
    звучи како да е поврзано со денешниве политичари. (смеа) (аплауз)
  • 0:31 - 0:34
    Би сакал да ја променам оваа перцепција. Сакам да ги променам
  • 0:34 - 0:36
    чувствата што ги имате за овие птици, бидејќи тие
  • 0:36 - 0:39
    имаат потреба од наша солидарност. Навистина имаат. (смеа)
  • 0:39 - 0:41
    Ќе ви објаснам зошто.
  • 0:41 - 0:45
    Пред сè, зoшто имаат толку лоша репутација?
  • 0:45 - 0:49
    Кога Чарлс Дарвин го поминал Атлантикот во 1832 год.
  • 0:49 - 0:52
    на бродот Бигл, тој го здогледал мисиркиниот мршојадец
  • 0:52 - 0:55
    и рекол: „Колку се одвратни овие птици
  • 0:55 - 1:01
    со ќелави, црвени глави создадени само за уживање во скапаници.“ (смеа)
  • 1:01 - 1:05
    Не постои поголема навреда и тоа кажана од Чарлс Дарвин. (смеа)
  • 1:05 - 1:08
    Знаете, тој го сменил своето мислење кога се вратил назад
  • 1:08 - 1:09
    и ќе ви кажам зошто.
  • 1:09 - 1:13
    Тие исто така се поврзуваат со Дизни (смеа)
  • 1:13 - 1:17
    прикажани како несмасни, смотани, глупави ликови.
  • 1:17 - 1:21
    Неодамна, доколку ги следите печатените медиуми во Кенија
  • 1:21 - 1:28
    (смеа)(аплауз)(скандирање)
  • 1:28 - 1:32
    ова се одликите со коишто се преставуваат
  • 1:32 - 1:35
    пратениците во Кенија. Но, би сакал да го променам тоа.
  • 1:35 - 1:37
    Сакам да го сменам тоа. Дали знаете зошто?
  • 1:37 - 1:40
    Бидејки членовите на парламентот
  • 1:40 - 1:45
    не одржуваат чиста околина. (смеа)
  • 1:45 - 1:50
    Пратениците не помагаат во спречување на заразни болести.
  • 1:50 - 1:56
    Тие едвај се моногамни. (смеа) (аплауз)
  • 1:56 - 2:00
    Тие се далеку од истребување. (смеа)
  • 2:00 - 2:07
    И моето омилено, мршојадците изгледаат попривлечно. (аплауз) (смеа)
  • 2:07 - 2:11
    Има два вида мршојадци на оваа планета.
  • 2:11 - 2:13
    Постои фамилија мршојадци на Новиот свет кои главно се наоѓаат
  • 2:13 - 2:16
    во Америка, како што се кондорот и каракара
  • 2:16 - 2:18
    и мршојадци на Стариот свет, каде постојат
  • 2:18 - 2:22
    16 видови. Од овие 16 видови, 11 од нив се соочуваат со
  • 2:22 - 2:25
    голем ризик на истребување.
  • 2:25 - 2:28
    Зошто мршојадците се толку важни? Прво,
  • 2:28 - 2:32
    тие придонесуваат со своите важни еколошки услуги. Тие чистат.
  • 2:32 - 2:34
    Тие се нашите хигиеничари на природата.
  • 2:34 - 2:37
    Тие чистат лешеви до последната коска.
  • 2:37 - 2:40
    Помагаат во убивање на бактерии. Тие апсорбираат антракс,
  • 2:40 - 2:43
    којшто има потенцијал за заразување и предизвикува
  • 2:43 - 2:47
    загуба на голем број добиток и болести кај други животни.
  • 2:47 - 2:50
    Неодамнешни истражувања покажаа дека во области каде што
  • 2:50 - 2:53
    нема мршојадци, на лешевите им е потребно три до четири пати подолго време
  • 2:53 - 2:56
    за распаѓање, а ова претставува голема можност
  • 2:56 - 2:58
    за ширење на болести.
  • 2:58 - 3:02
    Мршојадците исто така имаат големо историско значење.
  • 3:02 - 3:05
    Тие се поврзани со древната египетска култура.
  • 3:05 - 3:08
    Некхбет била симбол на заштита
  • 3:08 - 3:11
    и на мајчинство и заедно со кобрата,
  • 3:11 - 3:15
    го симоблизирале единството на Горниот и Долниот Египет.
  • 3:15 - 3:19
    Во хиндуистичката митологија, Јатају бил возвишен бог
  • 3:19 - 3:24
    којшто го ризикувал сопствениот живот за да ја спаси божицата Сита
  • 3:24 - 3:27
    од демонот Равана со 10 глави.
  • 3:27 - 3:31
    Во тибетската култура, тие извршуваат многу важни
  • 3:31 - 3:33
    небесни закопи. Во места како Тибет нема простор
  • 3:33 - 3:36
    за да се закопаат мртвите или дрва за да се кремираат,
  • 3:36 - 3:40
    па мршојадците овозможуваат еден природен систем на отстранување.
  • 3:40 - 3:43
    Тогаш што е проблемот со мршојадците?
  • 3:43 - 3:46
    Имаме осум вида на мршојадци во Кенија
  • 3:46 - 3:50
    од кои шест се соочуват со сериозна закана од истребување.
  • 3:50 - 3:52
    Причината е дека тие се трујат и причината
  • 3:52 - 3:55
    поради која ги трујат е бидејќи постои
  • 3:55 - 3:58
    конфликт помеѓу луѓето и дивината. Руралните заедници
  • 3:58 - 4:01
    го користат отровот за да ги намамат предаторите
  • 4:01 - 4:05
    и поради тоа мршојадците се жртви.
  • 4:05 - 4:07
    Во Јужна Азија, во земји како Индија и Пакистан,
  • 4:07 - 4:11
    четири видови на мршојадци спаѓаат во листата на критично загрозени видови,
  • 4:11 - 4:14
    што значи дека за помалку од 10 или 15 години тие би биле истребени
  • 4:14 - 4:18
    бидејќи станале невини жртви со
  • 4:18 - 4:20
    конзумирање на стока што била третирана
  • 4:20 - 4:23
    со апчиња против болки како Диклофенак.
  • 4:23 - 4:26
    Сега, овoj лек е забранет за ветеринарна употреба во Индија,
  • 4:26 - 4:28
    каде имаат одреден став за ова.
  • 4:28 - 4:31
    Бидејќи повеќе нема мршојадци, бројот на
  • 4:31 - 4:33
    диви кучиња кои живеат на депониите е значително зголемен,
  • 4:33 - 4:37
    а кога имате диви кучиња, имате и голем ризик
  • 4:37 - 4:39
    од беснило. Бројот на случаите на беснило е
  • 4:39 - 4:42
    значително зголемен во Индија.
  • 4:42 - 4:45
    Кенија ќе има една од најголемите фарми со ветерници во Африка:
  • 4:45 - 4:49
    353 ветерни турбини ќе бидат поставени на езерото Туркана.
  • 4:49 - 4:51
    Јас не сум против ветерна енергија, но ние мора да соработуваме
  • 4:51 - 4:54
    со владите, бидејќи еве што ветерните турбини
  • 4:54 - 4:57
    им прават на птициве... ги пресекуваат на половина.
  • 4:57 - 5:00
    Тие се машини за сомелување на птици.
  • 5:00 - 5:02
    Во Западна Африка, постои ужасна трговија
  • 5:02 - 5:08
    на мртви мршојадци кои се користат во вештерството и на пазарот за фетиш.
  • 5:08 - 5:10
    Што може да се направи? Па, ние вршиме истражувања
  • 5:10 - 5:14
    врз овие птици. Поставуваме трансмитери на нив.
  • 5:14 - 5:16
    Ние се трудиме да ја одредиме нивната основна екологија
  • 5:16 - 5:19
    и да видиме каде одат тие.
  • 5:19 - 5:21
    Забележавме дека тие патуваат во различни земји, па
  • 5:21 - 5:24
    доколку проблемот се разгледа локално, тоа нема да ви биде од голема помош.
  • 5:24 - 5:27
    Треба да работиме со владите на регионални нивоа.
  • 5:27 - 5:29
    Ние работиме во локални општини.
  • 5:29 - 5:33
    Им зборуваме за почитување на овие мршојадци,
  • 5:33 - 5:35
    за внатрешната човекова потреба да се ценат овие
  • 5:35 - 5:38
    прекрасни животни и услуги кои тие ги нудат.
  • 5:38 - 5:41
    Како можете да помогнете? Можете да се активирате,
  • 5:41 - 5:44
    да кренете врева. Да напишете писмо до вашата влада
  • 5:44 - 5:46
    и да им кажете за потребата да го насочиме вниманието кон овие
  • 5:46 - 5:49
    погрешно сфатени суштества. Издвојте од своето време
  • 5:49 - 5:52
    за да ја раширите веста. Разгласете.
  • 5:52 - 5:54
    Кога ќе излезете надвор од собава, вие ќе бидете информирани
  • 5:54 - 5:57
    за мршојадците, но зборувајте им на вашите фамилии, на вашите деца,
  • 5:57 - 5:59
    на вашите соседи за мршојадците.
  • 5:59 - 6:02
    Тие се многу грациозни. Чарлс Дарвин рекол дека
  • 6:02 - 6:05
    го сменил своето мислење бидејќи ги видел како со леснотија
  • 6:05 - 6:09
    летаат грациозно на небото.
  • 6:09 - 6:12
    Кенија, овој свет, би биле многу посиромашни
  • 6:12 - 6:14
    без овие прекрасни видови.
  • 6:14 - 6:18
    Благодарам (аплауз)
Title:
Мунир Вирани: Зошто ги сакам мршојадците
Speaker:
Munir Virani
Description:

Како хигиеничари на природата, мршојадците се од големо значење за нашиот екосистем -- тогаш зошто имаат толку лош публицитет? Зошто многу од нив се загрозени од истребување? Биологот за птици предатори, Мунир Вирани, вели дека треба да се насочи поголемо внимание кон овие уникатни и погрешно сфатени суштества, да ја смениме нашата перцепција и да ги спасиме мршојадците.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
06:41
Dimitra Papageorgiou approved Macedonian subtitles for Why I love vultures
Dimitar Dimitrovski accepted Macedonian subtitles for Why I love vultures
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for Why I love vultures
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for Why I love vultures
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for Why I love vultures
Dimitar Dimitrovski edited Macedonian subtitles for Why I love vultures
Simonida Savik edited Macedonian subtitles for Why I love vultures
Simonida Savik added a translation

Macedonian subtitles

Revisions