Return to Video

Боно: Добрите вести во врска со сиромаштијата (Да, има добри вести)

  • 0:01 - 0:05
    Крис Андерсон ме праша дали би можел да ги сумирам последните 25 години
  • 0:05 - 0:09
    од активизам против сиромаштијата во 10 минути за TED.
  • 0:09 - 0:13
    Англичанец бара од Ирец да биде концизен.
  • 0:13 - 0:15
    (Смеа)
  • 0:15 - 0:20
    Јас му реков: „Крис, за тоа е потребно чудо.“
  • 0:20 - 0:25
    Тој рече: “Боно, зарем нема твојот месијански комплекс да биде од корист тука?„
  • 0:25 - 0:27
    Па, да.
  • 0:27 - 0:31
    Потоа си помислив, наместо 25, ќе се навратам уште поназад.
  • 0:31 - 0:35
    Ќе почнам пред Христос, пред три милениуми,
  • 0:35 - 0:39
    време кога, барем според мене, борбата за правда
  • 0:39 - 0:43
    и маршот против нееднаквост и сиромаштија навистина започнале.
  • 0:43 - 0:45
    Пред три илјади години,
  • 0:45 - 0:48
    со зачеток на цивилизацијата на бреговите од Нил,
  • 0:48 - 0:52
    некои робови, еврејски овчари во овој случај,
  • 0:52 - 0:55
    претпоставувам мирисајќи на овчи лајна,
  • 0:55 - 0:59
    на фараонот кој седел на неговиот престол, му рекле:
  • 0:59 - 1:05
    „Ние, Височество, сме еднакви со вас.“
  • 1:05 - 1:08
    А фараонот им одговорил: „Ааа, не.
  • 1:08 - 1:11
    Вие, ваше проклетство, мора да се зезате со мене.“
  • 1:11 - 1:15
    А тие му велат: „Не, не, така пишува овде
  • 1:15 - 1:17
    во нашата света книга.“
  • 1:17 - 1:20
    Денес во нашиот век, истата земја, истите пирамиди,
  • 1:20 - 1:22
    други луѓе ја шират истата идеја
  • 1:22 - 1:24
    за еднаквост преку поинаква книга.
  • 1:24 - 1:28
    Овој пат таа се вика Фејсбук. (бук=книга)
  • 1:28 - 1:30
    Толпи се собрани на плоштадот Тахрир.
  • 1:30 - 1:32
    Тие ја претворија социјалната мрежа од виртуелна во реална
  • 1:32 - 1:36
    и може да се каже го рестартираа 21от век.
  • 1:36 - 1:38
    Не сакам да го потценам хаосот и одвратноста
  • 1:38 - 1:41
    непосредно по „Арапската пролет,"
  • 1:41 - 1:44
    ниту пак сакам да ја преценам улогата на технологијата,
  • 1:44 - 1:47
    но овие случувања покажаа што е возможно
  • 1:47 - 1:51
    кога прастариот модел на моќ, пирамидата,
  • 1:51 - 1:54
    се превртува наопаку, ставајќи ги луѓето на врвот,
  • 1:54 - 1:58
    а фараоните од денешницата на дното, како што и се случи.
  • 1:58 - 2:01
    Ова исто така ни покажа дека нешто толку моќно,
  • 2:01 - 2:05
    како што е споделувањето информации, може да ја разниша нееднаквоста,
  • 2:05 - 2:08
    бидејќи фактите, како и луѓето,
  • 2:08 - 2:10
    сакаат да бидат слободни, а кога се ослободени,
  • 2:10 - 2:12
    човековата слобода е вообичаено на дофат,
  • 2:12 - 2:15
    дури и за најсиромашните.
  • 2:15 - 2:17
    Факти кои му се спротивставуваат на цинизмот
  • 2:17 - 2:20
    и апатијата кои пак водат до инертност,
  • 2:20 - 2:22
    факти кои ни кажуваат што функционира
  • 2:22 - 2:25
    и многу поважно, што не функционира, за да можеме да го поправиме;
  • 2:25 - 2:27
    факти коишто ако ги чуеме и послушаме можат да ни помогнат
  • 2:27 - 2:31
    во постигнување на целта која Нелсон Мендела ја постави
  • 2:31 - 2:33
    во 2005,
  • 2:33 - 2:36
    кога побара од нас да бидеме таа голема генерација
  • 2:36 - 2:39
    која ќе ја надмине најужасната навреда кон човештвото,
  • 2:39 - 2:41
    екстремната сиромаштија -
  • 2:41 - 2:45
    факти кои стануваат сè посилна движечка сила.
  • 2:45 - 2:48
    Така, си реков, заборави на рокот,
  • 2:48 - 2:53
    бомбастичните изрази, моите вообичаени трикови.
  • 2:53 - 2:57
    Единственото нешто што ќе го пеам денеска се фактите,
  • 2:57 - 3:02
    бидејќи вистински ја прифатив бубалицата во мене.
  • 3:02 - 3:09
    Така излегувам од рок ѕвездата.
  • 3:09 - 3:18
    Влегувам во активистот базиран на докази - фактивист.
  • 3:18 - 3:22
    Бидејќи фактите ни кажуваат
  • 3:22 - 3:26
    дека долгата и бавна борба,
  • 3:26 - 3:28
    човековата долга и бавна борба за еднаквост,
  • 3:28 - 3:30
    всушност се вжестува.
  • 3:30 - 3:32
    Погледнете што е постигнато до сега.
  • 3:32 - 3:35
    Погледнете што ни кажуваат податоците.
  • 3:35 - 3:38
    Од 2000та па навака, од почетокот на новиот милениум,
  • 3:38 - 3:40
    бројката на болни од СИДА кои примаат
  • 3:40 - 3:43
    антиретровирална терапија се зголеми за 8 милиони.
  • 3:43 - 3:46
    Маларија: Во осум земји од суб-сахарска Африка,
  • 3:46 - 3:50
    смртната стапка е намалена за 75 проценти.
  • 3:50 - 3:53
    Кај децата под 5 години, смртната стапка
  • 3:53 - 3:57
    е намалена за 2.65 милиони годишно.
  • 3:57 - 4:03
    Односно, секојдневно се спасуваат по 7,256 детски животи.
  • 4:03 - 4:09
    Уау. Уау. (Аплауз)
  • 4:09 - 4:11
    Ајде да застанеме за момент и да размислиме за ова.
  • 4:11 - 4:15
    Дали во текот на изминатата недела, прочитавте
  • 4:15 - 4:19
    нешто што беше барем приближно толку важно како овој број? Уау.
  • 4:19 - 4:23
    Одлични вести. Се нервирам
  • 4:23 - 4:26
    бидејќи повеќето луѓе не го знаат овој факт.
  • 4:26 - 4:29
    Седум илјади деца на ден. Еве две од нив.
  • 4:29 - 4:31
    Ова се Мајкл и Бенедикта,
  • 4:31 - 4:34
    и тие се живи, благодарение воглавно
  • 4:34 - 4:38
    на Др. Патриша Асамоа - таа е неверојатна -
  • 4:38 - 4:41
    и на Меѓународниот Фонд кој сите вие финансиски го поддржувате,
  • 4:41 - 4:42
    без разлика дали сте свесни или не.
  • 4:42 - 4:45
    А Глобалниот Фонд обезбедува антиретровирални лекови
  • 4:45 - 4:49
    кои го спречуваат пренесувањето на ХИВ вирусот од мајките на нивните бебиња.
  • 4:49 - 4:52
    Овие неверојатни работи не се случија сами по себе.
  • 4:52 - 4:54
    За нив некој се борел, спроведувал кампањи,
  • 4:54 - 4:56
    создавал иновации.
  • 4:56 - 5:01
    А овие добри вести раѓаат уште повеќе добри вести,
  • 5:01 - 5:04
    бидејќи еве ви го историскиот тренд.
  • 5:04 - 5:06
    Бројот на луѓе кои живеат во најужасна и
  • 5:06 - 5:09
    екстремна сиромаштија е намален
  • 5:09 - 5:14
    од 43 проценти од светското население во 1990та
  • 5:14 - 5:17
    на 33 проценти до 2000та,
  • 5:17 - 5:22
    а потоа на 21 процент до 2010та.
  • 5:22 - 5:26
    Еден аплауз за ова. (Аплауз)
  • 5:26 - 5:29
    Преполовен. Преполовен.
  • 5:29 - 5:33
    Но, стапката е сè уште превисока - сè уште премногу луѓе
  • 5:33 - 5:35
    непотребно ги губат своите животи.
  • 5:35 - 5:37
    Сè уште има работа.
  • 5:37 - 5:42
    Но ова е зачудувачка ствар.
  • 5:42 - 5:47
    И ако живееш на помалку од 1.25 долари на ден,
  • 5:47 - 5:49
    ако живееш во таква сиромаштија,
  • 5:49 - 5:51
    тогаш ова не се само податоци.
  • 5:51 - 5:53
    Ова е сè.
  • 5:53 - 5:58
    Ако сте родител кој го посакува најдоброто за своите деца - а јас сум -
  • 5:58 - 6:04
    тогаш оваа молскавична транзиција е пат од очај кон надеж.
  • 6:04 - 6:07
    И погодете што? Ако продолжи овој тренд,
  • 6:07 - 6:11
    погледнете на колку ќе се намали бројот на луѓе кои живеат со 1,25 долари на ден
  • 6:11 - 6:15
    до 2030та.
  • 6:15 - 6:18
    Дали е тоа возможно?
  • 6:18 - 6:23
    Ете што ни кажуваат податоците. Ако трендот продолжи вака
  • 6:23 - 6:28
    ќе стигнеме до.. уау.. нулата.
  • 6:28 - 6:29
    За љубители на бројки, како нас,
  • 6:29 - 6:33
    тоа е ерогената зона,
  • 6:33 - 6:36
    и може да се каже дека јас сум, до сега,
  • 6:36 - 6:41
    сексуално возбуден од податоциве.
  • 6:41 - 6:46
    Значи, целосно искоренување на екстремната сиромаштија,
  • 6:46 - 6:50
    дефинирана како луѓе кои живеат со помалку од $1,25 на ден,
  • 6:50 - 6:54
    коригирана, секако - за инфлацијата од 1990та како основа.
  • 6:54 - 6:57
    Ние обожаваме добра основа, зарем не?
  • 6:57 - 6:59
    Тоа е неверојатно.
  • 6:59 - 7:03
    Некои од вас ќе речат дека овој напредок е само
  • 7:03 - 7:05
    во Азија или Латинска Америка или
  • 7:05 - 7:07
    во модел земјите како Бразил -
  • 7:07 - 7:10
    а кој не сака бразилски модели? -
  • 7:10 - 7:14
    но погледнете ја суб-сахарска Африка.
  • 7:14 - 7:17
    Има група од 10 земји - некои ги нарекуваат "лавовите" -
  • 7:17 - 7:20
    кои во последната деценија успеаја целосно
  • 7:20 - 7:22
    да го исплатат државниот долг,
  • 7:22 - 7:24
    добија огромна помош, имаат десетоструко зголемување
  • 7:24 - 7:26
    на директните странски инвестиции
  • 7:26 - 7:30
    кои пак предизвикаа четвороструко зголемување на домашните ресурси т.е. локалните пари -
  • 7:30 - 7:33
    кои, кога потрошени мудро т.е. добра политика -
  • 7:33 - 7:35
    ја намалија детската смртност за една третина,
  • 7:35 - 7:36
    ја дуплираа стапката на образованост
  • 7:36 - 7:40
    и ја преполовија екстремната сиромаштија,
  • 7:40 - 7:44
    а ако продолжат вака, и овие 10 земји ќе дојдат до нулата.
  • 7:44 - 7:46
    Значи гордоста на лавовите
  • 7:46 - 7:49
    е доказ за еден успешен концепт.
  • 7:49 - 7:52
    Има и други поволности од ова.
  • 7:52 - 7:56
    За почеток, не ќе морате да ги слушате
  • 7:56 - 8:00
    неподносливите и по малку арогантни Исуси како мене.
  • 8:00 - 8:05
    Што велите на тоа? (Аплауз)
  • 8:05 - 8:09
    А 2028, 2030? Еве ги кај се.
  • 8:09 - 8:13
    Мислам, уште три проштални концерти на Ролинг Стоунс.
  • 8:13 - 8:19
    (Смеа) Се надевам.
  • 8:19 - 8:23
    Нè прави да изгледаме многу млади.
  • 8:23 - 8:26
    Тогаш зошто не скокаме од радост поради ова?
  • 8:26 - 8:29
    Па, шансата е реална, но реален е, и ризикот.
  • 8:29 - 8:33
    Не можеме да успееме во ова, сè додека не прифатиме
  • 8:33 - 8:36
    дека можеме да успееме.
  • 8:36 - 8:38
    Погледнете го овој график.
  • 8:38 - 8:43
    Се вика инерција. Покажува како ја зезнавме работата.
  • 8:43 - 8:44
    А следниот е навистина убав.
  • 8:44 - 8:48
    Се вика движечка сила.
  • 8:48 - 8:53
    Ни покажува како да го свиткаме лакот на историјата
  • 8:53 - 8:54
    надолу кон нулата,
  • 8:54 - 8:57
    едноставно правејќи го она што знаеме дека функционира.
  • 8:57 - 8:59
    Значи инерција наспроти движечка сила.
  • 8:59 - 9:01
    Постои ризик, и секако,
  • 9:01 - 9:04
    колку сте поблиску, толку е сè потешко.
  • 9:04 - 9:05
    Ги знаеме пречките кои се наоѓаат на патот,
  • 9:05 - 9:08
    сега, во овие тешки времиња.
  • 9:08 - 9:13
    Всушност, денес во вашиот главен град, некои луѓе кои се загрижени
  • 9:13 - 9:15
    за чантата на државата, сакаат да ги укинат
  • 9:15 - 9:18
    програмите кои спасуваат животи, како Глобалниот Фонд.
  • 9:18 - 9:19
    Но вие можете да сторите нешто околу тоа.
  • 9:19 - 9:21
    Можете да им кажете на политичарите
  • 9:21 - 9:24
    дека овие укинувања чинат животи.
  • 9:24 - 9:28
    Баш сега, во Осло, нафтените компании
  • 9:28 - 9:30
    се борат да не излезе во јавност, фактот
  • 9:30 - 9:32
    дека им плаќале пари на владите
  • 9:32 - 9:35
    за да можат да вадат нафта во неразвиените земји.
  • 9:35 - 9:37
    И во врска со ова можете да направите нешто.
  • 9:37 - 9:39
    Можете да се приклучите на "One Campaign" движењето
  • 9:39 - 9:43
    и на лидерите како Мо Ибрахим, телеком претприемачот.
  • 9:43 - 9:47
    Ние се бориме за воведување на закони кои ќе осигураат
  • 9:47 - 9:50
    барем малку од богатството под земја
  • 9:50 - 9:53
    да заврши во рацете на луѓето кои живеат над него.
  • 9:53 - 9:57
    А денеска знаеме дека
  • 9:57 - 10:01
    најголемата болест од сите
  • 10:01 - 10:04
    не е болест. Тоа е корупцијата.
  • 10:04 - 10:06
    Но има вакцина и против тоа.
  • 10:06 - 10:09
    Се вика транспарентност, отворен пристап до податоци,
  • 10:09 - 10:14
    нешто за што TED заедницата се залага.
  • 10:14 - 10:18
    Можете да го наречете, транспарентност на дневна светлина.
  • 10:18 - 10:20
    А технологијата навистина помага во ова.
  • 10:20 - 10:25
    Сè потешко е да се скриете ако правите лоши работи.
  • 10:25 - 10:28
    Дозволете ми да ви кажам за ЈУ-извештајот
  • 10:28 - 10:32
    за кој сум многу возбуден. Се работи за 150,000 млади,
  • 10:32 - 10:34
    распространети низ Уганда
  • 10:34 - 10:38
    вооружени со 2ЏИ телефони и со СМС социјална мрежа
  • 10:38 - 10:41
    која ја открива владината корупција,
  • 10:41 - 10:44
    ја истражува состојбата во државниот буџет
  • 10:44 - 10:47
    и воедно како се трошат нивните пари.
  • 10:47 - 10:49
    Ова е возбудливо.
  • 10:49 - 10:53
    Видете, откако ќе дојдете до овие алатки,
  • 10:53 - 10:55
    невозможно е, а да не ги користите.
  • 10:55 - 10:57
    Штом еднаш го стекнете знаењето, не можете да го однезнаете.
  • 10:57 - 11:00
    Не можете да ги избришете овие податоци од вашиот мозок,
  • 11:00 - 11:03
    но можете да го избришете стереотипот
  • 11:03 - 11:05
    за слаби, сиромашни нации кои се
  • 11:05 - 11:07
    неспособни да управуваат со своите животи.
  • 11:07 - 11:10
    Можете да го избришете тоа, навистина можете,
  • 11:10 - 11:15
    бидејќи повеќе не е така. (Аплауз)
  • 11:15 - 11:18
    Ова е револуционерно.
  • 11:18 - 11:22
    2030? До 2030, роботи,
  • 11:22 - 11:25
    не само ќе што нè служат Гинис пиво, но и ќе го пијат.
  • 11:25 - 11:27
    Додека да стигнеме до таму,
  • 11:27 - 11:30
    ќе мораме да се избориме против коруптивните
  • 11:30 - 11:34
    влади кои ни стојат на патот.
  • 11:34 - 11:38
    Значи јас сум овде - ние сме овде -
  • 11:38 - 11:43
    да се обидеме да ве инфицираме со овој виртуозен, вирус базиран на факти,
  • 11:43 - 11:46
    вирус кој го нарекуваме фактивизам.
  • 11:46 - 11:47
    Нема да ве убие.
  • 11:47 - 11:51
    Туку може да спаси неброени животи.
  • 11:51 - 11:54
    Ние во "One Campaign" движењето би сакале
  • 11:54 - 11:59
    да бидете заразни, да го ширите, споделувате, да го пренесете.
  • 11:59 - 12:04
    Преку тоа, ќе ни се приклучите нам и на безброј други
  • 12:04 - 12:09
    во она што јас верувам е најголемата авантура било кога започната -
  • 12:09 - 12:13
    постојаната борба за глобална еднаквост.
  • 12:13 - 12:17
    Дали сме навистина големата генерација
  • 12:17 - 12:19
    како што рече Мендела?
  • 12:19 - 12:23
    Можеме ли да одговориме на тој повик со наука
  • 12:23 - 12:25
    со разум, со факти
  • 12:25 - 12:29
    и, ќе се осмелам да кажам, со емоции?
  • 12:29 - 12:35
    Бидејќи како што се гледа и фактивистите имаат чувства.
  • 12:35 - 12:38
    Впрочем, мислам на Ваел Гоним.
  • 12:38 - 12:40
    Некои од вас го знаат. Тој ја започна една од фејсбук групите
  • 12:40 - 12:44
    одговорни за протестот на плоштадот Тахрир во Каиро.
  • 12:44 - 12:46
    Беше фрлен во затвор поради тоа,
  • 12:46 - 12:51
    но неговите зборови ги имам истетовирано на мојот мозок.
  • 12:51 - 12:55
    „Ќе победиме бидејќи ние не се разбираме од политика.
  • 12:55 - 12:58
    Ќе победиме бидејќи ние не ги играме нивните валкани игри.
  • 12:58 - 13:01
    Ќе победиме бидејќи ние немаме политичка агенда.
  • 13:01 - 13:03
    Ќе победиме бидејќи солзите
  • 13:03 - 13:07
    кои течат од нашите очи всушност течат од нашите срца.
  • 13:07 - 13:09
    Ќе победиме бидејќи имаме соништа
  • 13:09 - 13:13
    и спремни сме да застанеме во име на тие соништа.“
  • 13:13 - 13:15
    Ваел е во право.
  • 13:15 - 13:17
    Ќе победиме
  • 13:17 - 13:19
    ако работиме како едно,
  • 13:19 - 13:22
    бидејќи моќта на луѓето
  • 13:22 - 13:26
    е многу посилна од онаа на власта.
  • 13:26 - 13:29
    Ви благодарам.
  • 13:29 - 13:32
    (Аплауз)
  • 13:32 - 13:36
    Ви благодарам многу. (Аплауз)
Title:
Боно: Добрите вести во врска со сиромаштијата (Да, има добри вести)
Speaker:
Bono
Description:

Луѓето се бореле против општествената нееднаквост и сиромаштија цели 3,000 години. Но, ваквата борба станува сè по жестока. Боно "допира до својата внатрешна бубалица" и ни споделува инспиративни податоци кои покажуваат дека крајот на екстремната сиромаштија е близу... само ако успееме да го одржиме моменталниот интензитет.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
13:57

Macedonian subtitles

Revisions