0:00:01.043,0:00:04.608 Крис Андерсон ме праша дали би можел да ги сумирам последните 25 години 0:00:04.608,0:00:09.307 од активизам против сиромаштијата во 10 минути за TED. 0:00:09.307,0:00:13.304 Англичанец бара од Ирец да биде концизен. 0:00:13.304,0:00:15.369 (Смеа) 0:00:15.369,0:00:19.942 Јас му реков: „Крис, за тоа е потребно чудо.“ 0:00:19.942,0:00:25.097 Тој рече: “Боно, зарем нема твојот месијански комплекс да биде од корист тука?„ 0:00:25.097,0:00:27.118 Па, да. 0:00:27.118,0:00:31.115 Потоа си помислив, наместо 25, ќе се навратам уште поназад. 0:00:31.115,0:00:34.850 Ќе почнам пред Христос, пред три милениуми, 0:00:34.850,0:00:39.217 време кога, барем според мене, борбата за правда 0:00:39.217,0:00:43.244 и маршот против нееднаквост и сиромаштија навистина започнале. 0:00:43.244,0:00:44.727 Пред три илјади години, 0:00:44.727,0:00:47.780 со зачеток на цивилизацијата на бреговите од Нил, 0:00:47.780,0:00:51.685 некои робови, еврејски овчари во овој случај, 0:00:51.685,0:00:54.593 претпоставувам мирисајќи на овчи лајна, 0:00:54.593,0:00:59.172 на фараонот кој седел на неговиот престол, му рекле: 0:00:59.172,0:01:04.656 „Ние, Височество, сме еднакви со вас.“ 0:01:04.656,0:01:08.037 А фараонот им одговорил: „Ааа, не. 0:01:08.037,0:01:11.305 Вие, ваше проклетство, мора да се зезате со мене.“ 0:01:11.305,0:01:15.117 А тие му велат: „Не, не, така пишува овде 0:01:15.117,0:01:17.128 во нашата света книга.“ 0:01:17.128,0:01:19.956 Денес во нашиот век, истата земја, истите пирамиди, 0:01:19.956,0:01:22.194 други луѓе ја шират истата идеја 0:01:22.194,0:01:24.185 за еднаквост преку поинаква книга. 0:01:24.185,0:01:27.744 Овој пат таа се вика Фејсбук. (бук=книга) 0:01:27.744,0:01:29.636 Толпи се собрани на плоштадот Тахрир. 0:01:29.636,0:01:32.049 Тие ја претворија социјалната мрежа од виртуелна во реална 0:01:32.049,0:01:35.539 и може да се каже го рестартираа 21от век. 0:01:35.539,0:01:38.022 Не сакам да го потценам хаосот и одвратноста 0:01:38.022,0:01:40.770 непосредно по „Арапската пролет," 0:01:40.770,0:01:43.545 ниту пак сакам да ја преценам улогата на технологијата, 0:01:43.545,0:01:46.912 но овие случувања покажаа што е возможно 0:01:46.912,0:01:51.271 кога прастариот модел на моќ, пирамидата, 0:01:51.271,0:01:54.083 се превртува наопаку, ставајќи ги луѓето на врвот, 0:01:54.083,0:01:57.883 а фараоните од денешницата на дното, како што и се случи. 0:01:57.883,0:02:00.958 Ова исто така ни покажа дека нешто толку моќно, 0:02:00.958,0:02:04.983 како што е споделувањето информации, може да ја разниша нееднаквоста, 0:02:04.983,0:02:07.946 бидејќи фактите, како и луѓето, 0:02:07.946,0:02:10.296 сакаат да бидат слободни, а кога се ослободени, 0:02:10.296,0:02:11.967 човековата слобода е вообичаено на дофат, 0:02:11.967,0:02:14.639 дури и за најсиромашните. 0:02:14.639,0:02:17.184 Факти кои му се спротивставуваат на цинизмот 0:02:17.184,0:02:20.066 и апатијата кои пак водат до инертност, 0:02:20.066,0:02:21.900 факти кои ни кажуваат што функционира 0:02:21.900,0:02:24.633 и многу поважно, што не функционира, за да можеме да го поправиме; 0:02:24.633,0:02:27.183 факти коишто ако ги чуеме и послушаме можат да ни помогнат 0:02:27.183,0:02:30.717 во постигнување на целта која Нелсон Мендела ја постави 0:02:30.717,0:02:33.242 во 2005, 0:02:33.242,0:02:35.930 кога побара од нас да бидеме таа голема генерација 0:02:35.930,0:02:38.993 која ќе ја надмине најужасната навреда кон човештвото, 0:02:38.993,0:02:40.968 екстремната сиромаштија - 0:02:40.968,0:02:45.067 факти кои стануваат сè посилна движечка сила. 0:02:45.067,0:02:47.655 Така, си реков, заборави на рокот, 0:02:47.655,0:02:52.781 бомбастичните изрази, моите вообичаени трикови. 0:02:52.781,0:02:56.805 Единственото нешто што ќе го пеам денеска се фактите, 0:02:56.805,0:03:02.243 бидејќи вистински ја прифатив бубалицата во мене. 0:03:02.243,0:03:08.531 Така излегувам од рок ѕвездата. 0:03:08.531,0:03:17.691 Влегувам во активистот базиран на докази - фактивист. 0:03:17.691,0:03:22.355 Бидејќи фактите ни кажуваат 0:03:22.355,0:03:25.632 дека долгата и бавна борба, 0:03:25.632,0:03:27.924 човековата долга и бавна борба за еднаквост, 0:03:27.924,0:03:29.687 всушност се вжестува. 0:03:29.687,0:03:31.771 Погледнете што е постигнато до сега. 0:03:31.771,0:03:35.121 Погледнете што ни кажуваат податоците. 0:03:35.121,0:03:38.045 Од 2000та па навака, од почетокот на новиот милениум, 0:03:38.045,0:03:39.939 бројката на болни од СИДА кои примаат 0:03:39.939,0:03:42.670 антиретровирална терапија се зголеми за 8 милиони. 0:03:42.670,0:03:45.907 Маларија: Во осум земји од суб-сахарска Африка, 0:03:45.907,0:03:49.558 смртната стапка е намалена за 75 проценти. 0:03:49.558,0:03:53.238 Кај децата под 5 години, смртната стапка 0:03:53.238,0:03:56.658 е намалена за 2.65 милиони годишно. 0:03:56.658,0:04:03.271 Односно, секојдневно се спасуваат по 7,256 детски животи. 0:04:03.271,0:04:08.521 Уау. Уау. (Аплауз) 0:04:08.521,0:04:10.809 Ајде да застанеме за момент и да размислиме за ова. 0:04:10.809,0:04:14.639 Дали во текот на изминатата недела, прочитавте 0:04:14.639,0:04:18.959 нешто што беше барем приближно толку важно како овој број? Уау. 0:04:18.959,0:04:22.947 Одлични вести. Се нервирам 0:04:22.947,0:04:25.835 бидејќи повеќето луѓе не го знаат овој факт. 0:04:25.835,0:04:28.694 Седум илјади деца на ден. Еве две од нив. 0:04:28.694,0:04:31.372 Ова се Мајкл и Бенедикта, 0:04:31.372,0:04:34.023 и тие се живи, благодарение воглавно 0:04:34.023,0:04:37.908 на Др. Патриша Асамоа - таа е неверојатна - 0:04:37.924,0:04:40.894 и на Меѓународниот Фонд кој сите вие финансиски го поддржувате, 0:04:40.894,0:04:42.430 без разлика дали сте свесни или не. 0:04:42.430,0:04:45.348 А Глобалниот Фонд обезбедува антиретровирални лекови 0:04:45.348,0:04:48.986 кои го спречуваат пренесувањето на ХИВ вирусот од мајките на нивните бебиња. 0:04:48.986,0:04:52.161 Овие неверојатни работи не се случија сами по себе. 0:04:52.161,0:04:54.036 За нив некој се борел, спроведувал кампањи, 0:04:54.036,0:04:55.707 создавал иновации. 0:04:55.707,0:05:00.936 А овие добри вести раѓаат уште повеќе добри вести, 0:05:00.936,0:05:03.816 бидејќи еве ви го историскиот тренд. 0:05:03.816,0:05:06.424 Бројот на луѓе кои живеат во најужасна и 0:05:06.424,0:05:09.011 екстремна сиромаштија е намален 0:05:09.011,0:05:14.101 од 43 проценти од светското население во 1990та 0:05:14.101,0:05:17.005 на 33 проценти до 2000та, 0:05:17.005,0:05:21.776 а потоа на 21 процент до 2010та. 0:05:21.776,0:05:26.039 Еден аплауз за ова. (Аплауз) 0:05:26.039,0:05:29.177 Преполовен. Преполовен. 0:05:29.177,0:05:33.477 Но, стапката е сè уште превисока - сè уште премногу луѓе 0:05:33.477,0:05:35.455 непотребно ги губат своите животи. 0:05:35.455,0:05:36.576 Сè уште има работа. 0:05:36.576,0:05:42.228 Но ова е зачудувачка ствар. 0:05:42.228,0:05:46.708 И ако живееш на помалку од 1.25 долари на ден, 0:05:46.708,0:05:48.856 ако живееш во таква сиромаштија, 0:05:48.856,0:05:50.758 тогаш ова не се само податоци. 0:05:50.758,0:05:52.637 Ова е сè. 0:05:52.637,0:05:58.436 Ако сте родител кој го посакува најдоброто за своите деца - а јас сум - 0:05:58.436,0:06:03.766 тогаш оваа молскавична транзиција е пат од очај кон надеж. 0:06:03.766,0:06:06.635 И погодете што? Ако продолжи овој тренд, 0:06:06.635,0:06:11.172 погледнете на колку ќе се намали бројот на луѓе кои живеат со 1,25 долари на ден 0:06:11.172,0:06:14.804 до 2030та. 0:06:14.804,0:06:18.116 Дали е тоа возможно? 0:06:18.116,0:06:22.504 Ете што ни кажуваат податоците. Ако трендот продолжи вака 0:06:22.504,0:06:27.645 ќе стигнеме до.. уау.. нулата. 0:06:27.645,0:06:29.120 За љубители на бројки, како нас, 0:06:29.120,0:06:32.629 тоа е ерогената зона, 0:06:32.629,0:06:35.820 и може да се каже дека јас сум, до сега, 0:06:35.820,0:06:40.869 сексуално возбуден од податоциве. 0:06:40.869,0:06:46.130 Значи, целосно искоренување на екстремната сиромаштија, 0:06:46.130,0:06:49.730 дефинирана како луѓе кои живеат со помалку од $1,25 на ден, 0:06:49.730,0:06:54.127 коригирана, секако - за инфлацијата од 1990та како основа. 0:06:54.127,0:06:57.144 Ние обожаваме добра основа, зарем не? 0:06:57.144,0:06:58.865 Тоа е неверојатно. 0:06:58.865,0:07:02.765 Некои од вас ќе речат дека овој напредок е само 0:07:02.765,0:07:05.456 во Азија или Латинска Америка или 0:07:05.456,0:07:06.788 во модел земјите како Бразил - 0:07:06.788,0:07:09.680 а кој не сака бразилски модели? - 0:07:09.680,0:07:13.790 но погледнете ја суб-сахарска Африка. 0:07:13.790,0:07:17.465 Има група од 10 земји - некои ги нарекуваат "лавовите" - 0:07:17.465,0:07:20.193 кои во последната деценија успеаја целосно 0:07:20.193,0:07:21.737 да го исплатат државниот долг, 0:07:21.737,0:07:24.478 добија огромна помош, имаат десетоструко зголемување 0:07:24.478,0:07:25.933 на директните странски инвестиции 0:07:25.933,0:07:29.855 кои пак предизвикаа четвороструко зголемување на домашните ресурси т.е. локалните пари - 0:07:29.855,0:07:32.519 кои, кога потрошени мудро т.е. добра политика - 0:07:32.519,0:07:34.789 ја намалија детската смртност за една третина, 0:07:34.789,0:07:36.496 ја дуплираа стапката на образованост 0:07:36.496,0:07:39.600 и ја преполовија екстремната сиромаштија, 0:07:39.600,0:07:44.029 а ако продолжат вака, и овие 10 земји ќе дојдат до нулата. 0:07:44.029,0:07:46.282 Значи гордоста на лавовите 0:07:46.282,0:07:48.998 е доказ за еден успешен концепт. 0:07:48.998,0:07:52.429 Има и други поволности од ова. 0:07:52.429,0:07:55.617 За почеток, не ќе морате да ги слушате 0:07:55.617,0:07:59.969 неподносливите и по малку арогантни Исуси како мене. 0:07:59.969,0:08:05.177 Што велите на тоа? (Аплауз) 0:08:05.177,0:08:09.215 А 2028, 2030? Еве ги кај се. 0:08:09.215,0:08:13.496 Мислам, уште три проштални концерти на Ролинг Стоунс. 0:08:13.496,0:08:18.823 (Смеа) Се надевам. 0:08:18.823,0:08:22.510 Нè прави да изгледаме многу млади. 0:08:22.510,0:08:25.536 Тогаш зошто не скокаме од радост поради ова? 0:08:25.536,0:08:29.247 Па, шансата е реална, но реален е, и ризикот. 0:08:29.247,0:08:33.061 Не можеме да успееме во ова, сè додека не прифатиме 0:08:33.061,0:08:35.536 дека можеме да успееме. 0:08:35.536,0:08:37.789 Погледнете го овој график. 0:08:37.789,0:08:42.607 Се вика инерција. Покажува како ја зезнавме работата. 0:08:42.607,0:08:44.481 А следниот е навистина убав. 0:08:44.481,0:08:48.014 Се вика движечка сила. 0:08:48.014,0:08:52.570 Ни покажува како да го свиткаме лакот на историјата 0:08:52.570,0:08:54.198 надолу кон нулата, 0:08:54.198,0:08:56.597 едноставно правејќи го она што знаеме дека функционира. 0:08:56.597,0:08:58.642 Значи инерција наспроти движечка сила. 0:08:58.642,0:09:01.183 Постои ризик, и секако, 0:09:01.183,0:09:03.555 колку сте поблиску, толку е сè потешко. 0:09:03.555,0:09:05.499 Ги знаеме пречките кои се наоѓаат на патот, 0:09:05.499,0:09:07.524 сега, во овие тешки времиња. 0:09:07.524,0:09:12.665 Всушност, денес во вашиот главен град, некои луѓе кои се загрижени 0:09:12.665,0:09:15.240 за чантата на државата, сакаат да ги укинат 0:09:15.240,0:09:17.645 програмите кои спасуваат животи, како Глобалниот Фонд. 0:09:17.645,0:09:19.458 Но вие можете да сторите нешто околу тоа. 0:09:19.458,0:09:21.442 Можете да им кажете на политичарите 0:09:21.442,0:09:24.348 дека овие укинувања чинат животи. 0:09:24.348,0:09:27.925 Баш сега, во Осло, нафтените компании 0:09:27.925,0:09:30.292 се борат да не излезе во јавност, фактот 0:09:30.292,0:09:31.770 дека им плаќале пари на владите 0:09:31.770,0:09:35.487 за да можат да вадат нафта во неразвиените земји. 0:09:35.487,0:09:37.206 И во врска со ова можете да направите нешто. 0:09:37.206,0:09:39.066 Можете да се приклучите на "One Campaign" движењето 0:09:39.066,0:09:43.419 и на лидерите како Мо Ибрахим, телеком претприемачот. 0:09:43.419,0:09:47.242 Ние се бориме за воведување на закони кои ќе осигураат 0:09:47.242,0:09:49.714 барем малку од богатството под земја 0:09:49.714,0:09:53.285 да заврши во рацете на луѓето кои живеат над него. 0:09:53.285,0:09:57.052 А денеска знаеме дека 0:09:57.052,0:10:00.764 најголемата болест од сите 0:10:00.764,0:10:03.727 не е болест. Тоа е корупцијата. 0:10:03.727,0:10:05.551 Но има вакцина и против тоа. 0:10:05.551,0:10:09.042 Се вика транспарентност, отворен пристап до податоци, 0:10:09.042,0:10:14.053 нешто за што TED заедницата се залага. 0:10:14.053,0:10:17.665 Можете да го наречете, транспарентност на дневна светлина. 0:10:17.665,0:10:20.227 А технологијата навистина помага во ова. 0:10:20.227,0:10:24.978 Сè потешко е да се скриете ако правите лоши работи. 0:10:24.978,0:10:27.960 Дозволете ми да ви кажам за ЈУ-извештајот 0:10:27.960,0:10:31.567 за кој сум многу возбуден. Се работи за 150,000 млади, 0:10:31.567,0:10:33.902 распространети низ Уганда 0:10:33.902,0:10:38.278 вооружени со 2ЏИ телефони и со СМС социјална мрежа 0:10:38.278,0:10:41.344 која ја открива владината корупција, 0:10:41.344,0:10:43.940 ја истражува состојбата во државниот буџет 0:10:43.940,0:10:46.803 и воедно како се трошат нивните пари. 0:10:46.803,0:10:49.478 Ова е возбудливо. 0:10:49.478,0:10:52.841 Видете, откако ќе дојдете до овие алатки, 0:10:52.841,0:10:54.565 невозможно е, а да не ги користите. 0:10:54.565,0:10:57.091 Штом еднаш го стекнете знаењето, не можете да го однезнаете. 0:10:57.091,0:11:00.366 Не можете да ги избришете овие податоци од вашиот мозок, 0:11:00.366,0:11:03.189 но можете да го избришете стереотипот 0:11:03.189,0:11:05.427 за слаби, сиромашни нации кои се 0:11:05.427,0:11:07.499 неспособни да управуваат со своите животи. 0:11:07.499,0:11:09.881 Можете да го избришете тоа, навистина можете, 0:11:09.881,0:11:15.358 бидејќи повеќе не е така. (Аплауз) 0:11:15.358,0:11:18.210 Ова е револуционерно. 0:11:18.210,0:11:22.083 2030? До 2030, роботи, 0:11:22.083,0:11:24.877 не само ќе што нè служат Гинис пиво, но и ќе го пијат. 0:11:24.877,0:11:27.011 Додека да стигнеме до таму, 0:11:27.011,0:11:30.140 ќе мораме да се избориме против коруптивните 0:11:30.140,0:11:34.170 влади кои ни стојат на патот. 0:11:34.170,0:11:37.975 Значи јас сум овде - ние сме овде - 0:11:37.975,0:11:43.483 да се обидеме да ве инфицираме со овој виртуозен, вирус базиран на факти, 0:11:43.483,0:11:45.533 вирус кој го нарекуваме фактивизам. 0:11:45.533,0:11:47.177 Нема да ве убие. 0:11:47.177,0:11:51.270 Туку може да спаси неброени животи. 0:11:51.270,0:11:53.949 Ние во "One Campaign" движењето би сакале 0:11:53.949,0:11:58.986 да бидете заразни, да го ширите, споделувате, да го пренесете. 0:11:58.986,0:12:04.196 Преку тоа, ќе ни се приклучите нам и на безброј други 0:12:04.196,0:12:09.159 во она што јас верувам е најголемата авантура било кога започната - 0:12:09.159,0:12:13.397 постојаната борба за глобална еднаквост. 0:12:13.397,0:12:16.634 Дали сме навистина големата генерација 0:12:16.634,0:12:18.595 како што рече Мендела? 0:12:18.595,0:12:22.575 Можеме ли да одговориме на тој повик со наука 0:12:22.575,0:12:25.234 со разум, со факти 0:12:25.234,0:12:29.272 и, ќе се осмелам да кажам, со емоции? 0:12:29.272,0:12:35.404 Бидејќи како што се гледа и фактивистите имаат чувства. 0:12:35.404,0:12:37.891 Впрочем, мислам на Ваел Гоним. 0:12:37.891,0:12:40.166 Некои од вас го знаат. Тој ја започна една од фејсбук групите 0:12:40.166,0:12:44.269 одговорни за протестот на плоштадот Тахрир во Каиро. 0:12:44.269,0:12:45.819 Беше фрлен во затвор поради тоа, 0:12:45.819,0:12:50.542 но неговите зборови ги имам истетовирано на мојот мозок. 0:12:50.542,0:12:55.029 „Ќе победиме бидејќи ние не се разбираме од политика. 0:12:55.029,0:12:58.154 Ќе победиме бидејќи ние не ги играме нивните валкани игри. 0:12:58.154,0:13:01.442 Ќе победиме бидејќи ние немаме политичка агенда. 0:13:01.442,0:13:03.413 Ќе победиме бидејќи солзите 0:13:03.413,0:13:06.519 кои течат од нашите очи всушност течат од нашите срца. 0:13:06.519,0:13:09.383 Ќе победиме бидејќи имаме соништа 0:13:09.383,0:13:12.893 и спремни сме да застанеме во име на тие соништа.“ 0:13:12.893,0:13:15.206 Ваел е во право. 0:13:15.206,0:13:17.068 Ќе победиме 0:13:17.068,0:13:19.300 ако работиме како едно, 0:13:19.300,0:13:21.744 бидејќи моќта на луѓето 0:13:21.744,0:13:25.568 е многу посилна од онаа на власта. 0:13:25.568,0:13:29.018 Ви благодарам. 0:13:29.018,0:13:31.890 (Аплауз) 0:13:31.890,0:13:35.890 Ви благодарам многу. (Аплауз)