Return to Video

Зошто се случи Брегзит? -- и што да правиме понатаму

  • 0:02 - 0:04
    Јас сум Британец.
  • 0:04 - 0:06
    (Смеа)
  • 0:06 - 0:09
    (Аплауз)
  • 0:09 - 0:13
    Никогаш порано фразата „Британец сум“
    не звучела толку жално.
  • 0:13 - 0:15
    (Смеа)
  • 0:15 - 0:18
    Потекнувам од еден остров каде
    многумина веруваме
  • 0:18 - 0:21
    дека постои континуитет
    последниве илјада години.
  • 0:21 - 0:24
    Се трудевме да наметнеме
    историски промени на другите
  • 0:24 - 0:26
    но малку од нив применивме за себе.
  • 0:27 - 0:30
    За мене беше страшен шок
  • 0:30 - 0:33
    кога се разбудив утрото на 24 -ти јуни
  • 0:33 - 0:36
    и дознав дека мојата земја гласаше
    за излез од Европската Унија,
  • 0:37 - 0:38
    мојот премиер си даде оставка
  • 0:38 - 0:41
    а Шкотска размислува за референдум
  • 0:41 - 0:46
    што ќе го доведе до крај самото постоење
    на Обединетото Кралство.
  • 0:47 - 0:50
    За мене тоа беше страшен шок,
  • 0:50 - 0:52
    и за многу други беше шок.
  • 0:53 - 0:57
    Но, тоа беше и нешто што
    изминативе неколку дена
  • 0:57 - 0:59
    создаде еден цел политички распад
  • 0:59 - 1:01
    во мојата земја.
  • 1:01 - 1:03
    Се бараше втор референдум,
  • 1:03 - 1:06
    како да сме на спортски натпревар,
  • 1:06 - 1:08
    и можеме да бараме реванш.
  • 1:09 - 1:11
    Секој го обвинуваше секого.
  • 1:11 - 1:13
    Луѓето го обвинуваа премиерот
  • 1:13 - 1:15
    за свикување на референдумот пред сѐ.
  • 1:15 - 1:18
    Го обвинуваа и лидерот на опозицијата
    дека недоволно се борел.
  • 1:18 - 1:20
    Младите ги обвинуваа постарите.
  • 1:20 - 1:23
    Образованите ги обвинуваа
    помалку образованите.
  • 1:23 - 1:27
    Ова целосно претопување
    уште повеќе се влоши
  • 1:27 - 1:29
    со најтрагичниот елемент:
  • 1:29 - 1:33
    нивото на ксенофобија и расизмот
    на улиците на Британија,
  • 1:33 - 1:35
    до степен кој никогаш не сум го видел
  • 1:35 - 1:36
    во мојот живот.
  • 1:38 - 1:42
    Луѓето сега зборуваат дали мојата
    земја ќе стане Мала Англија,
  • 1:42 - 1:44
    или, како што рече еден мој колега,
  • 1:44 - 1:48
    дали ќе станеме носталгичен
    Луна-парк од 50-те
  • 1:49 - 1:51
    кој плови по Атлантикот.
  • 1:51 - 1:53
    (Смеа)
  • 1:54 - 1:56
    Но, јас се прашувам,
  • 1:56 - 2:01
    дали требаше да го доживееме
    шокот до овој степен?
  • 2:01 - 2:04
    Дали тоа е нешто што се случи прек ноќ?
  • 2:04 - 2:08
    Или има подлабоки структурални фактори
    што нѐ доведоа до овој степен?
  • 2:08 - 2:13
    Сакам да се вратам назад и да
    поставам 2 суштински прашања.
  • 2:13 - 2:16
    Прво, што претставува Брегзит.
  • 2:16 - 2:17
    не само за мојата земја,
  • 2:17 - 2:20
    туку за целиот свет?
  • 2:20 - 2:23
    Второ, што можеме да направиме околу тоа?
  • 2:23 - 2:26
    Како треба сите ние да реагираме?
  • 2:26 - 2:28
    Значи, прво: што е Брегзит?
  • 2:29 - 2:31
    Искуствата се убава работа.
  • 2:32 - 2:36
    Од Брегзит научивме многу
    нешта за нашето општество
  • 2:36 - 2:38
    и за други општества во светот.
  • 2:39 - 2:43
    Ни покажува колку не сме свесни
  • 2:43 - 2:44
    за поделеноста на нашите општества.
  • 2:45 - 2:51
    Гласовите се поделија во однос на возраст,
    образование, класа и географија.
  • 2:51 - 2:54
    Младите не се одзваа да гласаат
    во голем број,
  • 2:54 - 2:56
    но, токму тие сакаа да останат.
  • 2:56 - 3:00
    Постарите беа оние кои сакаа
    да излезат од Европската Унија.
  • 3:00 - 3:04
    Географски, Лондон и Шкотска
    беа најсилни приврзаници
  • 3:04 - 3:06
    да бидат дел од Европската Унија,
  • 3:06 - 3:10
    додека во други делови на земјата
    мислењата беа силно поделени.
  • 3:11 - 3:15
    Овие поделби треба да ги согледаме
    и сериозно да ги сфатиме.
  • 3:15 - 3:18
    Но, уште поважно, научивме
    од гласањето нешто
  • 3:18 - 3:21
    за природата на политиката.
  • 3:21 - 3:25
    Во современата политика веќе нема
    само леви и десни.
  • 3:25 - 3:28
    Нема веќе само
    даноци и трошоци.
  • 3:28 - 3:30
    Во неа има глобализација.
  • 3:30 - 3:34
    Расколот во современата политика е меѓу
    тие кои ја прифатиле глобализацијата,
  • 3:34 - 3:37
    и оние кои се плашат од неа.
  • 3:38 - 3:41
    (Аплауз)
  • 3:44 - 3:46
    Ако погледнеме зошто оние
    кои гласале за излез-
  • 3:46 - 3:49
    ги нарекуваме `Заминувачи`
    наспроти `Останувачите`-
  • 3:49 - 3:51
    можеме да забележиме 2 фактори во анкетите
  • 3:51 - 3:53
    кои навистина беа значајни.
  • 3:53 - 3:56
    Првиот фактор беа имигрантите
    а вториот суверенитетот,
  • 3:56 - 4:01
    и ја изразуваа желбата на народот да
    ја врати контролата врз своите животи,
  • 4:01 - 4:05
    и чувството дека политичарите
    не ги штитат нивните интереси.
  • 4:07 - 4:12
    Но, тоа се идеи кои сигнализирааат
    страв и оттуѓеност.
  • 4:12 - 4:17
    Покажуваат повлекување назад
    кон национализам и граници,
  • 4:17 - 4:19
    на начин кој многумина од нас
    не го прифаќаат.
  • 4:20 - 4:23
    Сакам да предочам дека
    сликата е посложена,
  • 4:23 - 4:24
    либералните интернационалисти,
  • 4:24 - 4:28
    како мене, со сигурност се вбројувам
    меѓу нив,
  • 4:28 - 4:30
    треба да се вратиме во тие редови
  • 4:30 - 4:34
    за да разбереме како се најдовме
    таму каде што сме денес.
  • 4:35 - 4:38
    Ако ги погледнеме гласачите
    во Обединетото Кралство,
  • 4:38 - 4:41
    ќе ја забележиме поделеноста.
  • 4:41 - 4:44
    Сините делови се `Останувам`,
  • 4:44 - 4:46
    црвените се `Излегувам`.
  • 4:46 - 4:47
    Кога го видов ова,
  • 4:47 - 4:51
    најмногу впечаток ми остави тоа
    дека многу мал дел од животот
  • 4:51 - 4:54
    имам поминато во црвените делови.
  • 4:54 - 4:59
    Гледајќи ги 50-те области кои
    најмногу го поддржуваа заминувањето
  • 4:59 - 5:01
    сфатив дека таму имам поминато
  • 5:01 - 5:07
    вкупно 4 дена од мојот живот.
  • 5:08 - 5:09
    Во некои од тие места,
  • 5:09 - 5:13
    не ги ни знаев имињата
    на гласачките места.
  • 5:13 - 5:15
    Беше шок за мене,
  • 5:15 - 5:17
    и покажуваше дека луѓето како мене,
  • 5:17 - 5:21
    кои се сметаат за инклузивни,
    отворени и толерантни,
  • 5:21 - 5:23
    можеби не ги познаваат сопствените
    земји и општества
  • 5:23 - 5:26
    ни приближно онолку колку што
    сакаме да веруваме.
  • 5:26 - 5:29
    (Аплауз)
  • 5:36 - 5:40
    Предизвикот кој доаѓа со тоа е:
    треба да најдеме нов начин
  • 5:40 - 5:43
    да им раскажеме за глобализацијата
    на тие луѓе,
  • 5:43 - 5:47
    да признаеме дека, луѓето кои можеби
    немаат високо образование,
  • 5:48 - 5:50
    кои можеби не пораснале со интернет,
  • 5:50 - 5:52
    кои немаат можности за патувања,
  • 5:52 - 5:56
    можеби не се убедени од приказните
    кои за нас се убедливи
  • 5:56 - 5:58
    во нашите либерални кругови.
  • 5:59 - 6:01
    (Аплауз)
  • 6:04 - 6:07
    Треба да посегнеме подалеку
    и да разбереме.
  • 6:08 - 6:14
    Мал дел од гласачите за излез
    пропагираат политика на страв и омраза,
  • 6:14 - 6:16
    која шири лаги и недоверба,
  • 6:16 - 6:19
    на пример, идејата
    да се гласа за Европа
  • 6:19 - 6:23
    ќе значи намалување на бројот на бегалци
    и азиланти од Европа,
  • 6:23 - 6:27
    и покрај тоа што гласањето за
    излез од Европа нема врска со имиграција
  • 6:27 - 6:29
    надвор од Европската Унија.
  • 6:29 - 6:33
    Но, значителен број од гласачите за излез
  • 6:33 - 6:36
    беа разочарани од политичкото раководство.
  • 6:36 - 6:39
    Ова беше глас за протест на многумина,
  • 6:39 - 6:41
    чувство дека никој не ги претставува,
  • 6:41 - 6:44
    дека не можат да најдат политичка
    партија која ќе ги застапува,
  • 6:44 - 6:48
    затоа го отфрлија политичкото
    раководство.
  • 6:49 - 6:54
    Ова се повтори низ Европа и во повеќето
    либерални демократии.
  • 6:55 - 6:59
    Го гледаме во порастот на популарноста
    на Доналд Трамп во САД,
  • 6:59 - 7:03
    во растечкиот пораст на национализам
    со Орбан во Унгарија,
  • 7:04 - 7:08
    со зголемената популарност на Марин Ле Пен
    во Франција.
  • 7:08 - 7:12
    Спектарот на Брегзит е во сите
    наши општества.
  • 7:13 - 7:16
    Она што треба да се запрашаме
    е моето второ прашање:
  • 7:16 - 7:19
    Како треба колективно
    да одговориме на ова?
  • 7:19 - 7:25
    Сите, кои се грижиме да создадеме
    либерални, отворени и толерантни општества
  • 7:25 - 7:28
    треба веднаш да изнајдеме нова визија,
  • 7:28 - 7:32
    визија за потолерантна, инклузивна
    глобализација,
  • 7:32 - 7:35
    која ќе ги доближи луѓето наместо
    да ги остава назад.
  • 7:37 - 7:39
    Таа визија за глобализација е онаа
  • 7:39 - 7:43
    која ќе почне да ги признава позитивните
    придобивки од глобализацијата.
  • 7:43 - 7:46
    Економистите се сложуваат
  • 7:46 - 7:49
    дека слободната трговија,
    протокот на капитал,
  • 7:49 - 7:51
    движењето на луѓето преку граници,
  • 7:51 - 7:54
    носи генерални придобивки.
  • 7:54 - 7:56
    Стручњаците за меѓународни
    односи се согласуваат
  • 7:56 - 7:59
    дека глобализацијата
    носи меѓузависност
  • 7:59 - 8:01
    што носи соработка и мир.
  • 8:02 - 8:06
    Но, глобализацијата врши и прераспределба.
  • 8:06 - 8:09
    Создава победници и поразени.
  • 8:09 - 8:11
    Пример со миграциите,
  • 8:11 - 8:15
    знаеме дека имиграцијата е нето позитивна
    за економијата во целост
  • 8:15 - 8:18
    речиси во секакви околности.
  • 8:18 - 8:21
    Но треба да сме свесни
  • 8:21 - 8:24
    дека има последици од прераспределбата.
  • 8:24 - 8:28
    дека особено, неквалификуваните имигранти
  • 8:28 - 8:32
    можат да доведат до намалување на платите
    во најсиромашните општества
  • 8:32 - 8:34
    и да повлијаат на цената на домовите.
  • 8:34 - 8:37
    Тоа не значи дека таа е негативна,
  • 8:37 - 8:40
    туку дека луѓето ќе треба
    да ги делат придобивките
  • 8:40 - 8:41
    и да се свесни за тоа.
  • 8:43 - 8:48
    Во 2002 г. тогашниот генерален
    секретар на ОН, Кофи Анан,
  • 8:48 - 8:51
    одржа говор на Универзитетот Јејл,
  • 8:51 - 8:55
    на тема инклузивна глобализација.
  • 8:55 - 8:58
    Во тој говор беше создаден терминот.
  • 8:58 - 9:01
    Ќе парафразирам што рече тој:
  • 9:01 - 9:06
    „Стаклената куќа на глобализацијата
    треба да се отвори за секој
  • 9:06 - 9:09
    ако сакаме да остане сигурна.
  • 9:09 - 9:13
    Нетрпеливоста и незнаењето
  • 9:13 - 9:19
    се грдото лице на дискриминаторска
    и опасна глобализација. “
  • 9:19 - 9:24
    Во 2008 г. идејата за инклузивна
    глобализација повторно беше вратена
  • 9:24 - 9:27
    на конференцијата за прогресивно владеење
  • 9:27 - 9:30
    од страна на повеќе лидери
    на Европски држави.
  • 9:31 - 9:35
    Но, во услови на штедење
    и финансиската криза во 2008-та,
  • 9:35 - 9:38
    концептот неповратно исчезна.
  • 9:38 - 9:43
    Глобализацијата ја имаа усвоено
    неолибералите.
  • 9:43 - 9:46
    Таа се смета за дел на елитистичка
    политика,
  • 9:46 - 9:48
    а не нешто што ќе биде корисно за сите.
  • 9:48 - 9:52
    Неопходно е да ја вратиме глобализацијата
    да биде поинклузивна
  • 9:52 - 9:53
    отколку што е сега.
  • 9:54 - 9:57
    Прашањето е како да го направиме тоа?
  • 9:57 - 10:02
    Како да се справиме со стравот
    и оттуѓеноста на една страна,
  • 10:02 - 10:06
    а на друга страна жестоко да се
  • 10:06 - 10:09
    спротивставиме на ксенофобијата
    и национализмот?
  • 10:09 - 10:12
    Тоа е прашање за сите нас.
  • 10:12 - 10:13
    Како социолог, сметам,
  • 10:13 - 10:16
    дека социјалните науки нудат
    можности за да почнеме.
  • 10:17 - 10:22
    Трансформација треба да биде во однос
    на идеите и материјалната промена,
  • 10:22 - 10:26
    и ќе ви дадам четири идеи за почеток.
  • 10:26 - 10:30
    Првата е идејата за граѓанско
    образование.
  • 10:30 - 10:32
    Кај Брегзит очигледен е
  • 10:32 - 10:36
    јазот помеѓу јавното мислење
    и емпириската реалност.
  • 10:36 - 10:40
    Се смета дека се придвижуваме
    кон пост-фактичко општество
  • 10:40 - 10:43
    каде доказите и вистината немаат значење,
  • 10:43 - 10:47
    а лагите имаат еднаков
    статус со доказите.
  • 10:47 - 10:48
    Па, како можеме-
  • 10:48 - 10:51
    (Аплауз)
  • 10:51 - 10:56
    Како повторно да изградиме почит кон
    вистината и докази за нашата демократија?
  • 10:56 - 10:58
    Мора да се започне со образованието,
  • 10:58 - 11:01
    но, мора да се почнеме со препознавањето
    на огромните јазови.
  • 11:02 - 11:07
    Во 2014, анкетната комисија МОРИ
  • 11:07 - 11:10
    објави анкета за прашањето за имиграција
  • 11:10 - 11:14
    и се утврди дека со порастот
    на бројот на имигрантите,
  • 11:14 - 11:17
    се зголемува и загриженоста на јавноста,
  • 11:17 - 11:20
    причинско-последичните врски
    не беа прикажани,
  • 11:20 - 11:23
    зашто резултатите не зависат
    само од бројките,
  • 11:23 - 11:25
    туку и од политичко-медиумскиот контекст.
  • 11:26 - 11:30
    Но, анкетата покажа
  • 11:30 - 11:32
    силна медиумска дезинформираност
  • 11:32 - 11:35
    и неразбирање на проблемот
    на имиграциите.
  • 11:36 - 11:39
    На пример, во ставовите
    на Обединетото Кралство,
  • 11:39 - 11:41
    јавноста веруваше дека степенот
    на азиланти
  • 11:42 - 11:45
    е многу поголем од вистинската бројка,
  • 11:45 - 11:48
    но, истотака веруваа дека степенот
    на миграции во образовниот сектор
  • 11:48 - 11:52
    е многу понизок од реалната бројка
  • 11:52 - 11:53
    на миграциите во целина.
  • 11:53 - 11:56
    Значи, треба да се свртиме кон
    овие дезинформации
  • 11:56 - 12:00
    јазот меѓу перцепцијата и реалноста кај
    кључните аспекти на глобализацијата.
  • 12:00 - 12:03
    Тоа не може да им го препуштиме
    само на училиштата,
  • 12:03 - 12:06
    иако е важно да се започне
    на рана возраст.
  • 12:06 - 12:09
    Тоа треба да биде доживотно
    граѓанско учество
  • 12:09 - 12:13
    и јавно ангажирање што ќе го поттикнеме
    во нашите општествота.
  • 12:14 - 12:17
    Втората работа која ја сметам за можност
  • 12:17 - 12:21
    е идејата да промовираме поголема
    соработка во различните заедници.
  • 12:21 - 12:24
    (Аплауз)
  • 12:26 - 12:29
    Ако го погледнеме односот кон имиграциите
    во Велика Британија,
  • 12:29 - 12:32
    она што најмногу ми паѓа в очи
  • 12:32 - 12:34
    e иронијата дека регионите во мојата земја
  • 12:34 - 12:36
    кои се најтолерантни кон имигрантите
  • 12:36 - 12:39
    имаат најголем број имигранти.
  • 12:39 - 12:43
    На пример, Лондон и југо-западниот
    дел имаат најголем број на имигранти
  • 12:44 - 12:47
    и најтолерантни се во однос
    на други делови.
  • 12:47 - 12:50
    Тоа се оние области кои имаат
    најмал степен на имиграции
  • 12:50 - 12:55
    кои се најнепријателски и најнетолерантни
    кон имигрантите.
  • 12:55 - 12:58
    Затоа ни се потребни програми за размена.
  • 12:58 - 13:01
    Треба да им обезбедиме пристап
    до интернет на постарите генерации
  • 13:01 - 13:03
    кои немаат можности за патување.
  • 13:03 - 13:06
    На локално и национално ниво
    треба да промовираме
  • 13:06 - 13:08
    повеќе движење, поголемо учество,
  • 13:08 - 13:11
    повеќе комуникации со луѓе
    кои не ги познаваме
  • 13:11 - 13:14
    и со чии ставови
    можеби не се согласуваме.
  • 13:15 - 13:17
    Третата работа која сметам дека е значајна
  • 13:17 - 13:19
    и фундаментална пред сѐ,
  • 13:19 - 13:21
    е да им овозможиме на сите еднаков дел
  • 13:21 - 13:24
    од придобивките на глобализацијата.
  • 13:25 - 13:29
    Оваа илустрацијата на Брегзит
    во Фајненшл Тајмс е поразителна.
  • 13:29 - 13:33
    Тоа е трагичен приказ дека луѓето кои
    гласале за излез од Европската Унија
  • 13:33 - 13:36
    се оние кои всушност имале
    најмноги придобивки
  • 13:36 - 13:38
    од трговијата со Европската Унија.
  • 13:39 - 13:42
    Но, проблемот е дека луѓето во тие делови
  • 13:42 - 13:44
    не ги доживувале придобивките како корист.
  • 13:44 - 13:47
    Не веруваа дека всушност имале пристап
  • 13:47 - 13:53
    до материјалните придобивки од порастотот
    на трговијата и мобилноста во светот.
  • 13:54 - 13:58
    Работам на прашања кои се претежно
    поврзани со бегалците
  • 13:58 - 14:00
    и една од идеите која подолго
    време ја промовирам
  • 14:00 - 14:03
    во неразвиените земји особено,
  • 14:03 - 14:07
    е дека, за да овозможиме интеграција
    за бегалците,
  • 14:07 - 14:09
    не можеме да се грижиме само за бегалците,
  • 14:09 - 14:14
    треба да се осврнеме кон проблемите
    на локалните заедници-домаќини.
  • 14:15 - 14:17
    Од таа гледна точка,
  • 14:17 - 14:20
    една од програмските препораки
    е обезбедување
  • 14:20 - 14:23
    на несразмерно подобри образовни
    и здравствени услови,
  • 14:24 - 14:25
    пристап до социјалните услуги
  • 14:25 - 14:28
    во региони со зголемена миграција
  • 14:28 - 14:30
    при справување со проблемите
    на локалното население.
  • 14:30 - 14:33
    Но, додека го правиме тоа
    во неразвиените земји,
  • 14:33 - 14:35
    не го применуваме истото и дома,
  • 14:35 - 14:38
    не ги применуваме во нашите
    сопствени општества.
  • 14:39 - 14:42
    Истотака, ако сакаме сериозно
    да ја сфатиме
  • 14:42 - 14:45
    потребата луѓето да ги споделуваат
    економските придобивки,
  • 14:45 - 14:49
    ни треба модел на глобализација
    во бизнисот и корпорациите
  • 14:49 - 14:52
    кои ќе признаваат дека и тие треба
    да ги придобијат луѓето.
  • 14:53 - 14:56
    Четвртата и последна идеја
    која сакам да ја претставам
  • 14:57 - 14:59
    е идејата дека ни треба
    поодговорна политика.
  • 15:00 - 15:03
    Социјалните науки не ни даваат
    доволно докази
  • 15:03 - 15:06
    кои ги споредуваат ставовите
    за глобализација.
  • 15:06 - 15:09
    Но, од анкетите кои ги имаме,
  • 15:09 - 15:13
    очигледна е огромната разлика
    во различни земји
  • 15:13 - 15:16
    и временските периоди во тие земји
  • 15:16 - 15:17
    за ставовите и толеранцијата
  • 15:17 - 15:21
    кон прашања како што е миграцијата
    и мобилноста од една страна,
  • 15:21 - 15:23
    и слободната трговија од друга страна.
  • 15:23 - 15:28
    Една хипотеза која се појавува
    вака гледајќи ги податоците
  • 15:28 - 15:34
    е идејата дека поларизираните општества
    се помалку толерантни кон глобализацијата.
  • 15:34 - 15:37
    Општествата како Шведска во минатото,
    на пример,
  • 15:37 - 15:39
    или како денешна Канада,
  • 15:39 - 15:40
    каде постои централистичка политика,
  • 15:40 - 15:42
    каде левите и десните работат взаемно,
  • 15:43 - 15:47
    се општества каде се создаваат позитивни
    ставови кон глобализацијата.
  • 15:47 - 15:50
    Денес, сведоци сме на уништувачка
    поларизација,
  • 15:50 - 15:53
    неуспешни обиди за дијалог
    меѓу спротивни политички страни,
  • 15:53 - 15:56
    го нема либералниот центар,
  • 15:56 - 16:00
    за да промовира соработка
    и взаемно разбирање.
  • 16:00 - 16:02
    Можеби нема да го оствариме тоа денес
  • 16:02 - 16:06
    но, барем можеме да ги повикаме
    политичарите и медиумите
  • 16:06 - 16:09
    да го отфрлат јазикот на страв и да бидат
    потрпеливи едни кон други.
  • 16:09 - 16:12
    (Аплауз)
  • 16:18 - 16:21
    Овие идеи се многу кревки
  • 16:21 - 16:25
    поради тоа што не се дел од инклузивен
    и заеднички проект.
  • 16:26 - 16:28
    Јас сум сеуште Британец.
  • 16:29 - 16:31
    Јас сум сеуште Европеец.
  • 16:32 - 16:35
    Јас сум сеуште глобален граѓанин.
  • 16:35 - 16:37
    Сите ние кои веруваме
  • 16:37 - 16:41
    дека можеме да имаме повеќе идентитети
  • 16:41 - 16:44
    треба сите да работиме заедно
  • 16:44 - 16:48
    за да бидеме сите опфатени
    од глобализацијата
  • 16:48 - 16:50
    и никој да не остане назад.
  • 16:50 - 16:56
    Само така ќе завладее мир помеѓу
    демократијата и глобализацијата.
  • 16:56 - 16:57
    Благодарам!
  • 16:57 - 17:09
    (Аплауз)
Title:
Зошто се случи Брегзит? -- и што да правиме понатаму
Speaker:
Александер Бетс
Description:

„Срамота е колку не сме свесни за поделеноста на нашите општества. Брегзит изникна од длабоката, неиспитана поделеност помеѓу оние кои се плашат од глобализација и тие што ја прифаќаат“-вели социологот Александер Бетс. Како да се справиме сега со тој страв и со разочараноста во политичката поставеност без притоа да се предадеме на ксенофобија и национализам? Слушнете го Бетс кој предлага неколку чекори кои треба да се преземат после Брегзит за да се придвижиме кон еден свет без граници.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:22

Macedonian subtitles

Revisions