1 00:00:01,600 --> 00:00:03,536 Јас сум Британец. 2 00:00:03,560 --> 00:00:05,696 (Смеа) 3 00:00:05,720 --> 00:00:08,856 (Аплауз) 4 00:00:08,880 --> 00:00:12,656 Никогаш порано фразата „Британец сум“ не звучела толку жално. 5 00:00:12,680 --> 00:00:14,776 (Смеа) 6 00:00:14,800 --> 00:00:17,536 Потекнувам од еден остров каде многумина веруваме 7 00:00:17,560 --> 00:00:20,680 дека постои континуитет последниве илјада години. 8 00:00:21,400 --> 00:00:24,136 Се трудевме да наметнеме историски промени на другите 9 00:00:24,160 --> 00:00:26,480 но малку од нив применивме за себе. 10 00:00:27,360 --> 00:00:29,816 За мене беше страшен шок 11 00:00:29,840 --> 00:00:32,616 кога се разбудив утрото на 24 -ти јуни 12 00:00:32,640 --> 00:00:36,496 и дознав дека мојата земја гласаше за излез од Европската Унија, 13 00:00:36,520 --> 00:00:38,376 мојот премиер си даде оставка 14 00:00:38,400 --> 00:00:40,976 а Шкотска размислува за референдум 15 00:00:41,000 --> 00:00:45,840 што ќе го доведе до крај самото постоење на Обединетото Кралство. 16 00:00:46,920 --> 00:00:49,856 За мене тоа беше страшен шок, 17 00:00:49,880 --> 00:00:52,160 и за многу други беше шок. 18 00:00:53,080 --> 00:00:56,536 Но, тоа беше и нешто што изминативе неколку дена 19 00:00:56,560 --> 00:00:59,296 создаде еден цел политички распад 20 00:00:59,320 --> 00:01:00,776 во мојата земја. 21 00:01:00,800 --> 00:01:03,016 Се бараше втор референдум, 22 00:01:03,040 --> 00:01:05,576 како да сме на спортски натпревар, 23 00:01:05,600 --> 00:01:08,370 и можеме да бараме реванш. 24 00:01:08,880 --> 00:01:11,336 Секој го обвинуваше секого. 25 00:01:11,360 --> 00:01:12,756 Луѓето го обвинуваа премиерот 26 00:01:12,810 --> 00:01:14,706 за свикување на референдумот пред сѐ. 27 00:01:14,730 --> 00:01:17,686 Го обвинуваа и лидерот на опозицијата дека недоволно се борел. 28 00:01:17,700 --> 00:01:19,896 Младите ги обвинуваа постарите. 29 00:01:19,920 --> 00:01:22,800 Образованите ги обвинуваа помалку образованите. 30 00:01:22,840 --> 00:01:26,536 Ова целосно претопување уште повеќе се влоши 31 00:01:26,560 --> 00:01:28,666 со најтрагичниот елемент: 32 00:01:28,666 --> 00:01:32,536 нивото на ксенофобија и расизмот на улиците на Британија, 33 00:01:32,560 --> 00:01:34,816 до степен кој никогаш не сум го видел 34 00:01:34,840 --> 00:01:36,080 во мојот живот. 35 00:01:37,800 --> 00:01:41,870 Луѓето сега зборуваат дали мојата земја ќе стане Мала Англија, 36 00:01:41,870 --> 00:01:44,296 или, како што рече еден мој колега, 37 00:01:44,320 --> 00:01:48,496 дали ќе станеме носталгичен Луна-парк од 50-те 38 00:01:48,520 --> 00:01:50,536 кој плови по Атлантикот. 39 00:01:50,560 --> 00:01:52,640 (Смеа) 40 00:01:53,840 --> 00:01:56,376 Но, јас се прашувам, 41 00:01:56,400 --> 00:02:00,680 дали требаше да го доживееме шокот до овој степен? 42 00:02:01,440 --> 00:02:03,816 Дали тоа е нешто што се случи прек ноќ? 43 00:02:03,840 --> 00:02:08,336 Или има подлабоки структурални фактори што нѐ доведоа до овој степен? 44 00:02:08,360 --> 00:02:12,936 Сакам да се вратам назад и да поставам 2 суштински прашања. 45 00:02:12,960 --> 00:02:15,856 Прво, што претставува Брегзит. 46 00:02:15,880 --> 00:02:17,416 не само за мојата земја, 47 00:02:17,440 --> 00:02:20,176 туку за целиот свет? 48 00:02:20,200 --> 00:02:23,376 Второ, што можеме да направиме околу тоа? 49 00:02:23,400 --> 00:02:25,736 Како треба сите ние да реагираме? 50 00:02:25,760 --> 00:02:28,280 Значи, прво: што е Брегзит? 51 00:02:28,960 --> 00:02:31,200 Искуствата се убава работа. 52 00:02:31,840 --> 00:02:35,896 Од Брегзит научивме многу нешта за нашето општество 53 00:02:35,920 --> 00:02:38,280 и за други општества во светот. 54 00:02:39,400 --> 00:02:42,616 Ни покажува колку не сме свесни 55 00:02:42,640 --> 00:02:44,360 за поделеноста на нашите општества. 56 00:02:44,840 --> 00:02:51,176 Гласовите се поделија во однос на возраст, образование, класа и географија. 57 00:02:51,200 --> 00:02:54,096 Младите не се одзваа да гласаат во голем број, 58 00:02:54,120 --> 00:02:56,336 но, токму тие сакаа да останат. 59 00:02:56,360 --> 00:03:00,096 Постарите беа оние кои сакаа да излезат од Европската Унија. 60 00:03:00,120 --> 00:03:03,616 Географски, Лондон и Шкотска беа најсилни приврзаници 61 00:03:03,640 --> 00:03:05,656 да бидат дел од Европската Унија, 62 00:03:05,680 --> 00:03:09,800 додека во други делови на земјата мислењата беа силно поделени. 63 00:03:11,000 --> 00:03:15,376 Овие поделби треба да ги согледаме и сериозно да ги сфатиме. 64 00:03:15,400 --> 00:03:18,256 Но, уште поважно, научивме од гласањето нешто 65 00:03:18,280 --> 00:03:20,616 за природата на политиката. 66 00:03:20,640 --> 00:03:24,896 Во современата политика веќе нема само леви и десни. 67 00:03:24,920 --> 00:03:27,656 Нема веќе само даноци и трошоци. 68 00:03:27,680 --> 00:03:29,616 Во неа има глобализација. 69 00:03:29,640 --> 00:03:34,456 Расколот во современата политика е меѓу тие кои ја прифатиле глобализацијата, 70 00:03:34,480 --> 00:03:37,480 и оние кои се плашат од неа. 71 00:03:38,320 --> 00:03:40,600 (Аплауз) 72 00:03:43,680 --> 00:03:46,336 Ако погледнеме зошто оние кои гласале за излез- 73 00:03:46,360 --> 00:03:48,896 ги нарекуваме `Заминувачи` наспроти `Останувачите`- 74 00:03:48,920 --> 00:03:51,136 можеме да забележиме 2 фактори во анкетите 75 00:03:51,160 --> 00:03:52,536 кои навистина беа значајни. 76 00:03:52,560 --> 00:03:55,896 Првиот фактор беа имигрантите а вториот суверенитетот, 77 00:03:55,920 --> 00:04:01,376 и ја изразуваа желбата на народот да ја врати контролата врз своите животи, 78 00:04:01,400 --> 00:04:05,280 и чувството дека политичарите не ги штитат нивните интереси. 79 00:04:06,560 --> 00:04:11,936 Но, тоа се идеи кои сигнализирааат страв и оттуѓеност. 80 00:04:11,960 --> 00:04:16,976 Покажуваат повлекување назад кон национализам и граници, 81 00:04:17,000 --> 00:04:19,319 на начин кој многумина од нас не го прифаќаат. 82 00:04:19,600 --> 00:04:22,816 Сакам да предочам дека сликата е посложена, 83 00:04:22,840 --> 00:04:24,376 либералните интернационалисти, 84 00:04:24,400 --> 00:04:27,616 како мене, со сигурност се вбројувам меѓу нив, 85 00:04:27,640 --> 00:04:30,176 треба да се вратиме во тие редови 86 00:04:30,200 --> 00:04:34,280 за да разбереме како се најдовме таму каде што сме денес. 87 00:04:35,200 --> 00:04:38,296 Ако ги погледнеме гласачите во Обединетото Кралство, 88 00:04:38,320 --> 00:04:40,520 ќе ја забележиме поделеноста. 89 00:04:41,240 --> 00:04:43,576 Сините делови се `Останувам`, 90 00:04:43,600 --> 00:04:45,696 црвените се `Излегувам`. 91 00:04:45,720 --> 00:04:46,976 Кога го видов ова, 92 00:04:47,000 --> 00:04:50,856 најмногу впечаток ми остави тоа дека многу мал дел од животот 93 00:04:50,880 --> 00:04:54,096 имам поминато во црвените делови. 94 00:04:54,120 --> 00:04:59,256 Гледајќи ги 50-те области кои најмногу го поддржуваа заминувањето 95 00:04:59,280 --> 00:05:01,136 сфатив дека таму имам поминато 96 00:05:01,160 --> 00:05:06,560 вкупно 4 дена од мојот живот. 97 00:05:07,560 --> 00:05:09,056 Во некои од тие места, 98 00:05:09,080 --> 00:05:12,656 не ги ни знаев имињата на гласачките места. 99 00:05:12,680 --> 00:05:14,536 Беше шок за мене, 100 00:05:14,560 --> 00:05:16,616 и покажуваше дека луѓето како мене, 101 00:05:16,640 --> 00:05:20,736 кои се сметаат за инклузивни, отворени и толерантни, 102 00:05:20,760 --> 00:05:23,456 можеби не ги познаваат сопствените земји и општества 103 00:05:23,480 --> 00:05:26,096 ни приближно онолку колку што сакаме да веруваме. 104 00:05:26,120 --> 00:05:29,000 (Аплауз) 105 00:05:36,200 --> 00:05:39,976 Предизвикот кој доаѓа со тоа е: треба да најдеме нов начин 106 00:05:40,000 --> 00:05:43,096 да им раскажеме за глобализацијата на тие луѓе, 107 00:05:43,120 --> 00:05:47,496 да признаеме дека, луѓето кои можеби немаат високо образование, 108 00:05:47,520 --> 00:05:49,936 кои можеби не пораснале со интернет, 109 00:05:49,960 --> 00:05:51,976 кои немаат можности за патувања, 110 00:05:52,000 --> 00:05:55,856 можеби не се убедени од приказните кои за нас се убедливи 111 00:05:55,880 --> 00:05:58,080 во нашите либерални кругови. 112 00:05:58,520 --> 00:06:01,040 (Аплауз) 113 00:06:03,880 --> 00:06:07,496 Треба да посегнеме подалеку и да разбереме. 114 00:06:07,520 --> 00:06:13,536 Мал дел од гласачите за излез пропагираат политика на страв и омраза, 115 00:06:13,560 --> 00:06:16,056 која шири лаги и недоверба, 116 00:06:16,080 --> 00:06:19,016 на пример, идејата да се гласа за Европа 117 00:06:19,040 --> 00:06:23,176 ќе значи намалување на бројот на бегалци и азиланти од Европа, 118 00:06:23,200 --> 00:06:26,766 и покрај тоа што гласањето за излез од Европа нема врска со имиграција 119 00:06:26,780 --> 00:06:29,010 надвор од Европската Унија. 120 00:06:29,120 --> 00:06:32,656 Но, значителен број од гласачите за излез 121 00:06:32,680 --> 00:06:36,336 беа разочарани од политичкото раководство. 122 00:06:36,360 --> 00:06:38,536 Ова беше глас за протест на многумина, 123 00:06:38,560 --> 00:06:41,016 чувство дека никој не ги претставува, 124 00:06:41,040 --> 00:06:44,456 дека не можат да најдат политичка партија која ќе ги застапува, 125 00:06:44,480 --> 00:06:47,720 затоа го отфрлија политичкото раководство. 126 00:06:49,440 --> 00:06:54,496 Ова се повтори низ Европа и во повеќето либерални демократии. 127 00:06:54,520 --> 00:06:59,416 Го гледаме во порастот на популарноста на Доналд Трамп во САД, 128 00:06:59,440 --> 00:07:03,496 во растечкиот пораст на национализам со Орбан во Унгарија, 129 00:07:03,520 --> 00:07:08,216 со зголемената популарност на Марин Ле Пен во Франција. 130 00:07:08,240 --> 00:07:12,120 Спектарот на Брегзит е во сите наши општества. 131 00:07:13,080 --> 00:07:16,096 Она што треба да се запрашаме е моето второ прашање: 132 00:07:16,120 --> 00:07:18,640 Како треба колективно да одговориме на ова? 133 00:07:19,280 --> 00:07:25,256 Сите, кои се грижиме да создадеме либерални, отворени и толерантни општества 134 00:07:25,280 --> 00:07:27,936 треба веднаш да изнајдеме нова визија, 135 00:07:27,960 --> 00:07:31,656 визија за потолерантна, инклузивна глобализација, 136 00:07:31,680 --> 00:07:35,480 која ќе ги доближи луѓето наместо да ги остава назад. 137 00:07:36,640 --> 00:07:38,576 Таа визија за глобализација е онаа 138 00:07:38,600 --> 00:07:43,416 која ќе почне да ги признава позитивните придобивки од глобализацијата. 139 00:07:43,440 --> 00:07:46,016 Економистите се сложуваат 140 00:07:46,040 --> 00:07:48,816 дека слободната трговија, протокот на капитал, 141 00:07:48,840 --> 00:07:50,776 движењето на луѓето преку граници, 142 00:07:50,800 --> 00:07:53,536 носи генерални придобивки. 143 00:07:53,560 --> 00:07:55,960 Стручњаците за меѓународни односи се согласуваат 144 00:07:56,500 --> 00:07:58,606 дека глобализацијата носи меѓузависност 145 00:07:58,606 --> 00:08:01,066 што носи соработка и мир. 146 00:08:01,880 --> 00:08:06,336 Но, глобализацијата врши и прераспределба. 147 00:08:06,360 --> 00:08:09,096 Создава победници и поразени. 148 00:08:09,120 --> 00:08:11,256 Пример со миграциите, 149 00:08:11,280 --> 00:08:14,936 знаеме дека имиграцијата е нето позитивна за економијата во целост 150 00:08:14,960 --> 00:08:18,090 речиси во секакви околности. 151 00:08:18,360 --> 00:08:21,136 Но треба да сме свесни 152 00:08:21,160 --> 00:08:24,216 дека има последици од прераспределбата. 153 00:08:24,240 --> 00:08:27,696 дека особено, неквалификуваните имигранти 154 00:08:27,720 --> 00:08:32,135 можат да доведат до намалување на платите во најсиромашните општества 155 00:08:32,159 --> 00:08:34,296 и да повлијаат на цената на домовите. 156 00:08:34,320 --> 00:08:36,856 Тоа не значи дека таа е негативна, 157 00:08:36,880 --> 00:08:39,775 туку дека луѓето ќе треба да ги делат придобивките 158 00:08:39,799 --> 00:08:41,380 и да се свесни за тоа. 159 00:08:43,200 --> 00:08:48,096 Во 2002 г. тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, 160 00:08:48,120 --> 00:08:51,016 одржа говор на Универзитетот Јејл, 161 00:08:51,040 --> 00:08:55,016 на тема инклузивна глобализација. 162 00:08:55,040 --> 00:08:58,096 Во тој говор беше создаден терминот. 163 00:08:58,120 --> 00:09:00,896 Ќе парафразирам што рече тој: 164 00:09:00,920 --> 00:09:06,256 „Стаклената куќа на глобализацијата треба да се отвори за секој 165 00:09:06,280 --> 00:09:08,840 ако сакаме да остане сигурна. 166 00:09:09,280 --> 00:09:12,536 Нетрпеливоста и незнаењето 167 00:09:12,560 --> 00:09:19,136 се грдото лице на дискриминаторска и опасна глобализација. “ 168 00:09:19,160 --> 00:09:24,336 Во 2008 г. идејата за инклузивна глобализација повторно беше вратена 169 00:09:24,360 --> 00:09:26,936 на конференцијата за прогресивно владеење 170 00:09:26,960 --> 00:09:30,400 од страна на повеќе лидери на Европски држави. 171 00:09:31,160 --> 00:09:35,136 Но, во услови на штедење и финансиската криза во 2008-та, 172 00:09:35,160 --> 00:09:38,256 концептот неповратно исчезна. 173 00:09:38,280 --> 00:09:42,736 Глобализацијата ја имаа усвоено неолибералите. 174 00:09:42,760 --> 00:09:45,696 Таа се смета за дел на елитистичка политика, 175 00:09:45,720 --> 00:09:48,296 а не нешто што ќе биде корисно за сите. 176 00:09:48,320 --> 00:09:51,936 Неопходно е да ја вратиме глобализацијата да биде поинклузивна 177 00:09:51,960 --> 00:09:53,160 отколку што е сега. 178 00:09:53,720 --> 00:09:57,456 Прашањето е како да го направиме тоа? 179 00:09:57,480 --> 00:10:02,216 Како да се справиме со стравот и оттуѓеноста на една страна, 180 00:10:02,240 --> 00:10:05,656 а на друга страна жестоко да се 181 00:10:05,680 --> 00:10:09,456 спротивставиме на ксенофобијата и национализмот? 182 00:10:09,480 --> 00:10:11,616 Тоа е прашање за сите нас. 183 00:10:11,640 --> 00:10:13,456 Како социолог, сметам, 184 00:10:13,480 --> 00:10:16,280 дека социјалните науки нудат можности за да почнеме. 185 00:10:17,000 --> 00:10:22,216 Трансформација треба да биде во однос на идеите и материјалната промена, 186 00:10:22,240 --> 00:10:25,856 и ќе ви дадам четири идеи за почеток. 187 00:10:25,880 --> 00:10:30,416 Првата е идејата за граѓанско образование. 188 00:10:30,440 --> 00:10:32,216 Кај Брегзит очигледен е 189 00:10:32,240 --> 00:10:36,296 јазот помеѓу јавното мислење и емпириската реалност. 190 00:10:36,320 --> 00:10:40,016 Се смета дека се придвижуваме кон пост-фактичко општество 191 00:10:40,040 --> 00:10:42,696 каде доказите и вистината немаат значење, 192 00:10:42,720 --> 00:10:46,816 а лагите имаат еднаков статус со доказите. 193 00:10:46,840 --> 00:10:48,096 Па, како можеме- 194 00:10:48,120 --> 00:10:50,816 (Аплауз) 195 00:10:50,840 --> 00:10:56,016 Како повторно да изградиме почит кон вистината и докази за нашата демократија? 196 00:10:56,040 --> 00:10:57,976 Мора да се започне со образованието, 197 00:10:58,000 --> 00:11:01,320 но, мора да се почнеме со препознавањето на огромните јазови. 198 00:11:02,440 --> 00:11:06,616 Во 2014, анкетната комисија МОРИ 199 00:11:06,640 --> 00:11:09,936 објави анкета за прашањето за имиграција 200 00:11:09,960 --> 00:11:13,976 и се утврди дека со порастот на бројот на имигрантите, 201 00:11:14,000 --> 00:11:17,216 се зголемува и загриженоста на јавноста, 202 00:11:17,240 --> 00:11:19,656 причинско-последичните врски не беа прикажани, 203 00:11:19,680 --> 00:11:22,816 зашто резултатите не зависат само од бројките, 204 00:11:22,840 --> 00:11:25,240 туку и од политичко-медиумскиот контекст. 205 00:11:25,800 --> 00:11:29,576 Но, анкетата покажа 206 00:11:29,600 --> 00:11:31,736 силна медиумска дезинформираност 207 00:11:31,760 --> 00:11:35,496 и неразбирање на проблемот на имиграциите. 208 00:11:35,520 --> 00:11:38,736 На пример, во ставовите на Обединетото Кралство, 209 00:11:38,760 --> 00:11:41,496 јавноста веруваше дека степенот на азиланти 210 00:11:41,520 --> 00:11:44,936 е многу поголем од вистинската бројка, 211 00:11:44,960 --> 00:11:48,416 но, истотака веруваа дека степенот на миграции во образовниот сектор 212 00:11:48,440 --> 00:11:51,536 е многу понизок од реалната бројка 213 00:11:51,560 --> 00:11:53,056 на миграциите во целина. 214 00:11:53,080 --> 00:11:55,736 Значи, треба да се свртиме кон овие дезинформации 215 00:11:55,760 --> 00:12:00,256 јазот меѓу перцепцијата и реалноста кај кључните аспекти на глобализацијата. 216 00:12:00,280 --> 00:12:03,096 Тоа не може да им го препуштиме само на училиштата, 217 00:12:03,120 --> 00:12:05,536 иако е важно да се започне на рана возраст. 218 00:12:05,560 --> 00:12:08,616 Тоа треба да биде доживотно граѓанско учество 219 00:12:08,640 --> 00:12:12,800 и јавно ангажирање што ќе го поттикнеме во нашите општествота. 220 00:12:14,000 --> 00:12:16,776 Втората работа која ја сметам за можност 221 00:12:16,800 --> 00:12:21,416 е идејата да промовираме поголема соработка во различните заедници. 222 00:12:21,440 --> 00:12:24,040 (Аплауз) 223 00:12:25,760 --> 00:12:28,736 Ако го погледнеме односот кон имиграциите во Велика Британија, 224 00:12:28,760 --> 00:12:31,616 она што најмногу ми паѓа в очи 225 00:12:31,640 --> 00:12:34,416 e иронијата дека регионите во мојата земја 226 00:12:34,440 --> 00:12:36,345 кои се најтолерантни кон имигрантите 227 00:12:36,369 --> 00:12:39,136 имаат најголем број имигранти. 228 00:12:39,160 --> 00:12:43,496 На пример, Лондон и југо-западниот дел имаат најголем број на имигранти 229 00:12:43,520 --> 00:12:46,656 и најтолерантни се во однос на други делови. 230 00:12:46,680 --> 00:12:50,296 Тоа се оние области кои имаат најмал степен на имиграции 231 00:12:50,320 --> 00:12:54,840 кои се најнепријателски и најнетолерантни кон имигрантите. 232 00:12:55,400 --> 00:12:57,736 Затоа ни се потребни програми за размена. 233 00:12:57,760 --> 00:13:01,216 Треба да им обезбедиме пристап до интернет на постарите генерации 234 00:13:01,240 --> 00:13:03,376 кои немаат можности за патување. 235 00:13:03,400 --> 00:13:06,096 На локално и национално ниво треба да промовираме 236 00:13:06,120 --> 00:13:07,976 повеќе движење, поголемо учество, 237 00:13:08,000 --> 00:13:10,696 повеќе комуникации со луѓе кои не ги познаваме 238 00:13:10,720 --> 00:13:13,640 и со чии ставови можеби не се согласуваме. 239 00:13:14,880 --> 00:13:17,216 Третата работа која сметам дека е значајна 240 00:13:17,240 --> 00:13:19,016 и фундаментална пред сѐ, 241 00:13:19,040 --> 00:13:21,336 е да им овозможиме на сите еднаков дел 242 00:13:21,360 --> 00:13:23,600 од придобивките на глобализацијата. 243 00:13:24,520 --> 00:13:29,256 Оваа илустрацијата на Брегзит во Фајненшл Тајмс е поразителна. 244 00:13:29,280 --> 00:13:33,016 Тоа е трагичен приказ дека луѓето кои гласале за излез од Европската Унија 245 00:13:33,040 --> 00:13:35,856 се оние кои всушност имале најмноги придобивки 246 00:13:35,880 --> 00:13:38,400 од трговијата со Европската Унија. 247 00:13:39,080 --> 00:13:41,616 Но, проблемот е дека луѓето во тие делови 248 00:13:41,640 --> 00:13:44,296 не ги доживувале придобивките како корист. 249 00:13:44,320 --> 00:13:47,096 Не веруваа дека всушност имале пристап 250 00:13:47,120 --> 00:13:52,840 до материјалните придобивки од порастотот на трговијата и мобилноста во светот. 251 00:13:53,800 --> 00:13:57,576 Работам на прашања кои се претежно поврзани со бегалците 252 00:13:57,600 --> 00:14:00,256 и една од идеите која подолго време ја промовирам 253 00:14:00,280 --> 00:14:03,056 во неразвиените земји особено, 254 00:14:03,080 --> 00:14:06,656 е дека, за да овозможиме интеграција за бегалците, 255 00:14:06,680 --> 00:14:09,016 не можеме да се грижиме само за бегалците, 256 00:14:09,040 --> 00:14:14,080 треба да се осврнеме кон проблемите на локалните заедници-домаќини. 257 00:14:15,480 --> 00:14:16,816 Од таа гледна точка, 258 00:14:16,840 --> 00:14:19,856 една од програмските препораки е обезбедување 259 00:14:19,880 --> 00:14:23,496 на несразмерно подобри образовни и здравствени услови, 260 00:14:23,520 --> 00:14:25,296 пристап до социјалните услуги 261 00:14:25,320 --> 00:14:27,576 во региони со зголемена миграција 262 00:14:27,600 --> 00:14:30,416 при справување со проблемите на локалното население. 263 00:14:30,440 --> 00:14:33,096 Но, додека го правиме тоа во неразвиените земји, 264 00:14:33,120 --> 00:14:34,696 не го применуваме истото и дома, 265 00:14:34,720 --> 00:14:37,560 не ги применуваме во нашите сопствени општества. 266 00:14:38,520 --> 00:14:41,536 Истотака, ако сакаме сериозно да ја сфатиме 267 00:14:41,560 --> 00:14:44,896 потребата луѓето да ги споделуваат економските придобивки, 268 00:14:44,920 --> 00:14:48,576 ни треба модел на глобализација во бизнисот и корпорациите 269 00:14:48,600 --> 00:14:52,200 кои ќе признаваат дека и тие треба да ги придобијат луѓето. 270 00:14:53,440 --> 00:14:56,496 Четвртата и последна идеја која сакам да ја претставам 271 00:14:56,520 --> 00:14:59,400 е идејата дека ни треба поодговорна политика. 272 00:15:00,080 --> 00:15:03,216 Социјалните науки не ни даваат доволно докази 273 00:15:03,240 --> 00:15:06,056 кои ги споредуваат ставовите за глобализација. 274 00:15:06,080 --> 00:15:08,616 Но, од анкетите кои ги имаме, 275 00:15:08,640 --> 00:15:13,376 очигледна е огромната разлика во различни земји 276 00:15:13,400 --> 00:15:15,696 и временските периоди во тие земји 277 00:15:15,720 --> 00:15:17,096 за ставовите и толеранцијата 278 00:15:17,120 --> 00:15:20,816 кон прашања како што е миграцијата и мобилноста од една страна, 279 00:15:20,840 --> 00:15:22,896 и слободната трговија од друга страна. 280 00:15:22,920 --> 00:15:28,176 Една хипотеза која се појавува вака гледајќи ги податоците 281 00:15:28,200 --> 00:15:34,296 е идејата дека поларизираните општества се помалку толерантни кон глобализацијата. 282 00:15:34,320 --> 00:15:37,136 Општествата како Шведска во минатото, на пример, 283 00:15:37,160 --> 00:15:38,576 или како денешна Канада, 284 00:15:38,600 --> 00:15:40,416 каде постои централистичка политика, 285 00:15:40,440 --> 00:15:42,496 каде левите и десните работат взаемно, 286 00:15:42,520 --> 00:15:46,536 се општества каде се создаваат позитивни ставови кон глобализацијата. 287 00:15:46,560 --> 00:15:50,376 Денес, сведоци сме на уништувачка поларизација, 288 00:15:50,400 --> 00:15:53,416 неуспешни обиди за дијалог меѓу спротивни политички страни, 289 00:15:53,440 --> 00:15:56,216 го нема либералниот центар, 290 00:15:56,240 --> 00:15:59,900 за да промовира соработка и взаемно разбирање. 291 00:15:59,900 --> 00:16:01,696 Можеби нема да го оствариме тоа денес 292 00:16:01,720 --> 00:16:05,536 но, барем можеме да ги повикаме политичарите и медиумите 293 00:16:05,560 --> 00:16:09,336 да го отфрлат јазикот на страв и да бидат потрпеливи едни кон други. 294 00:16:09,360 --> 00:16:12,240 (Аплауз) 295 00:16:17,800 --> 00:16:20,576 Овие идеи се многу кревки 296 00:16:20,600 --> 00:16:25,000 поради тоа што не се дел од инклузивен и заеднички проект. 297 00:16:26,000 --> 00:16:28,400 Јас сум сеуште Британец. 298 00:16:28,920 --> 00:16:31,080 Јас сум сеуште Европеец. 299 00:16:31,640 --> 00:16:34,640 Јас сум сеуште глобален граѓанин. 300 00:16:35,200 --> 00:16:37,216 Сите ние кои веруваме 301 00:16:37,240 --> 00:16:41,336 дека можеме да имаме повеќе идентитети 302 00:16:41,360 --> 00:16:44,376 треба сите да работиме заедно 303 00:16:44,400 --> 00:16:48,096 за да бидеме сите опфатени од глобализацијата 304 00:16:48,120 --> 00:16:50,336 и никој да не остане назад. 305 00:16:50,360 --> 00:16:55,936 Само така ќе завладее мир помеѓу демократијата и глобализацијата. 306 00:16:55,960 --> 00:16:57,176 Благодарам! 307 00:16:57,200 --> 00:17:09,480 (Аплауз)