Return to Video

Рејчел Ботсман: Поволностите на заедничката потрошувачка

  • 0:00 - 0:02
    Денеска би сакала да зборувам
  • 0:02 - 0:05
    за подемот на заедничката потрошувачка.
  • 0:05 - 0:07
    Ќе објаснам за што се работи и ќе се обидам
  • 0:07 - 0:10
    да ве убедам, за само 15 минути,
  • 0:10 - 0:12
    дека ова не е наивна идеја
  • 0:12 - 0:14
    или краткорочен тренд,
  • 0:14 - 0:17
    туку моќна социо-економска сила,
  • 0:17 - 0:19
    која редефинира не само
    што конзумираме
  • 0:19 - 0:21
    туку и како конзумираме.
  • 0:21 - 0:24
    Како за почеток, еве ви еден навидум, едноставен пример.
  • 0:24 - 0:27
    Кренете рака, колкумина од вас
  • 0:27 - 0:30
    имате книги, ЦД-а, ДВД-ја или видеа
  • 0:30 - 0:32
    расфрлани низ вашите домови,
  • 0:32 - 0:34
    кои најверојатно никогаш повеќе
    нема да ги употребите,
  • 0:34 - 0:36
    а сепак не можете да се натерате да ги фрлите?
  • 0:37 - 0:39
    Не можам да ги видам сите кренати раце,
  • 0:39 - 0:41
    ама изгледа сите од вас, нели?
  • 0:41 - 0:43
    На нашите полици дома
  • 0:43 - 0:46
    имаме цела колекција од ДВД серијата „24."
  • 0:46 - 0:48
    Шеста сезона да бидам попрецизна.
  • 0:48 - 0:51
    Ако добро се сеќавам, ја добивме за Божиќ
    пред три години.
  • 0:51 - 0:53
    Мојот сопруг - Крис и јас
  • 0:53 - 0:55
    ја обожаваме оваа серија.
  • 0:55 - 0:58
    Но да бидеме искрени, ако ја изгледате еднаш, можеби двапати,
  • 0:58 - 1:00
    потоа веќе не ви е интересна,
  • 1:00 - 1:03
    бидејќи веќе знаете како Џек Бауер ќе ги победи терористите.
  • 1:03 - 1:05
    Па така серијата си седи на полица
  • 1:05 - 1:07
    застарена за нас,
  • 1:07 - 1:10
    но со голем скриен потенцијал за некој друг.
  • 1:10 - 1:13
    Но пред да продолжиме, морам да признаам нешто.
  • 1:13 - 1:15
    Живеев во Њујорк 10 години
  • 1:15 - 1:18
    и сум голем обожавател на „Сексот и градот."
  • 1:18 - 1:20
    Би сакала повторно да го гледам
    првиот дел од филмот.
  • 1:20 - 1:23
    само како загревање за продолжението кое излегува следната недела.
  • 1:23 - 1:25
    Па како најлесно би можела
  • 1:25 - 1:27
    да ја земенам нашата стара копија од „24,"
  • 1:27 - 1:30
    за копијата што ја сакам од „Сексот и градот“?
  • 1:30 - 1:32
    Можеби некои од вас забележале дека се развива
  • 1:32 - 1:34
    нов сектор на пазарот,
    наречен „тргување со размена."
  • 1:34 - 1:37
    Тргувањето со размена ви е како
  • 1:37 - 1:39
    онлајн платформа за состаноци
  • 1:39 - 1:41
    за сите работи кои не ви се потребни.
  • 1:41 - 1:43
    Функционира така што го користи интернетот
  • 1:43 - 1:45
    за да креира неограничен пазар
  • 1:45 - 1:47
    во кој се поврзуваат „понудата“ на личноста А,
  • 1:47 - 1:49
    со „желбите“ на личноста Ц,
  • 1:49 - 1:51
    без разлика за што се работи.
  • 1:51 - 1:54
    Минатата недела посетив една од овие вебстрани,
  • 1:54 - 1:57
    соодветно наречена Swaptree (Дрво за размена)
  • 1:57 - 2:00
    и пронајдов повеќе од 59 300 работи
  • 2:00 - 2:02
    кои во истиот момент можев да ги заменам
  • 2:02 - 2:05
    за мојата копија од серијата „24."
  • 2:05 - 2:07
    Баш во овој момент,
  • 2:07 - 2:09
    некаде во Калифорнија, беше Рондорон
  • 2:09 - 2:11
    кој сакаше да ја замени својата
  • 2:11 - 2:13
    речиси нова копија од „Сексот и градот“
  • 2:13 - 2:16
    за мојата копија од „24."
  • 2:16 - 2:18
    Со други зборови,
  • 2:18 - 2:20
    Swaptree (Дрвото за размена)
  • 2:20 - 2:22
    успеа да го реши мојот проблем,
  • 2:22 - 2:25
    или проблем кој економистите го нарекуваат
    „коинциденција на потребите,"
  • 2:25 - 2:28
    за само 60 секунди.
  • 2:28 - 2:31
    Уште поинтересно, во истиот момент добивате сметка
  • 2:31 - 2:33
    бидејќи веќе ги имате сите податоци за нарачката.
  • 2:33 - 2:35
    Се разбира, има одлична техничка поддршка
  • 2:35 - 2:38
    зад вебстраните како Swaptree,
  • 2:38 - 2:40
    но тоа не ме интересира,
  • 2:40 - 2:43
    а не е ни поентата
    на тргувањето со размена.
  • 2:43 - 2:45
    Мојата страст и тоа што посветено го истражувам
  • 2:45 - 2:47
    во изминативе неколку години,
  • 2:47 - 2:50
    e соработката и механизмите на доверба
  • 2:50 - 2:53
    втемелени во овие системи.
  • 2:53 - 2:55
    Кога ќе се замислите
  • 2:55 - 2:58
    изгледа како луда идеја,
    дури и до пред неколку години,
  • 2:58 - 3:01
    дека јас би ги разменувала моите
    работи со тотален странец,
  • 3:01 - 3:03
    чие вистинско име не го познавам
  • 3:03 - 3:06
    и без да размениме никакви пари.
  • 3:06 - 3:08
    Но сепак, 99% од размената на Swaptree
  • 3:08 - 3:10
    е целосно успешна,
  • 3:10 - 3:12
    а само 1% добива негативен рејтинг,
  • 3:12 - 3:14
    и тоа заради помали ситници,
  • 3:14 - 3:17
    на пример дека испораката не била навремена.
  • 3:17 - 3:20
    Значи што уствари се одвива овде?
  • 3:20 - 3:22
    Во игра имаме една исклучително моќна
  • 3:22 - 3:25
    динамика со огромен комерцијален и културолошки
  • 3:25 - 3:27
    потенцијал.
  • 3:27 - 3:29
    Имено, технологијата
  • 3:29 - 3:31
    овозможува
  • 3:31 - 3:33
    создавање на доверба помеѓу непознати лица.
  • 3:33 - 3:35
    Денеска живееме во т.н. глобално село,
  • 3:35 - 3:37
    каде можеме да го имитираме односот
  • 3:37 - 3:40
    кој се случува лице в лице,
  • 3:40 - 3:42
    но во размери и начини
  • 3:42 - 3:44
    кои никогаш порано не биле возможни.
  • 3:44 - 3:46
    Во основа, гледаме како
  • 3:46 - 3:48
    социјалните мрежи и технологијата
  • 3:48 - 3:50
    нè враќаат назад во времето.
  • 3:50 - 3:52
    Повторно се трампаме, тргуваме,
  • 3:52 - 3:54
    разменуваме, делиме
  • 3:54 - 3:56
    но на современ начин,
  • 3:56 - 3:58
    кој има динамична и привлечна форма.
  • 3:58 - 4:00
    За мене е неверојатно
  • 4:00 - 4:03
    тоа што ние, всушност, се поврзуваме за да делиме,
  • 4:03 - 4:05
    без разлика дали е тоа нашето соседство, училиште
  • 4:05 - 4:08
    нашата канцеларија или Фејсбук мрежата,
  • 4:08 - 4:10
    а сето тоа создава нова економија
  • 4:10 - 4:12
    на „она што е мое, е и твое."
  • 4:12 - 4:14
    Од моќниот eBay,
  • 4:14 - 4:16
    најстариот од сите онлајн пазари за размена,
  • 4:16 - 4:19
    до компании за заедничко користење на автомобили, како GoGet
  • 4:19 - 4:22
    каде со месечна членарина можете да изнајмите автомобил во секое време,
  • 4:22 - 4:25
    па сè до социјални мрежи за позајмување, како Zopa,
  • 4:25 - 4:27
    мрежа што било кој од оваа публика
  • 4:27 - 4:29
    кој може да позајми 100 долари,
  • 4:29 - 4:32
    ќе го поврзе со некој кому му се потребни, било каде во светот
  • 4:32 - 4:35
    повторно почнуваме меѓусебно да делиме и соработуваме
  • 4:35 - 4:37
    на нови начини, кои јас верувам
  • 4:37 - 4:40
    дека се повеќе модерни, отколку застарени.
  • 4:40 - 4:43
    Овој тренд јас го нарекувам „заедничка потрошувачка."
  • 4:43 - 4:45
    Сега, пред да навлезам во различните системи
  • 4:45 - 4:47
    на заедничката потрошувачка,
  • 4:47 - 4:49
    би сакала да одговорам на прашањето
  • 4:49 - 4:52
    кое, на секој автор со право му се поставува,
  • 4:52 - 4:55
    а тоа е: Од каде потекнува оваа идеја?
  • 4:55 - 4:57
    Би сакала да можев да кажам дека се разбудив едно утро
  • 4:57 - 5:00
    и си реков: „Ќе пишувам за заедничка потрошувачка,"
  • 5:00 - 5:02
    но всушност сè започна од еден комплициран сплет
  • 5:02 - 5:05
    на навидум неповрзани идеи.
  • 5:05 - 5:07
    Во текот на следната минута,
  • 5:07 - 5:09
    она што ќе го видите ќе наликува на мрежа
  • 5:09 - 5:12
    од сите аспекти кои поминуваа низ мојата глава.
  • 5:13 - 5:15
    Најпрвин почнав да забележувам дека
  • 5:15 - 5:17
    се појавуваат многу значајни концепти,
  • 5:17 - 5:20
    од мудроста на толпата до т.н. смарт групи
  • 5:20 - 5:22
    и за тоа колку е неверојатно лесно
  • 5:22 - 5:24
    да се формираат групи за одредена цел.
  • 5:24 - 5:26
    Го поврзав овој глобален тренд
  • 5:26 - 5:28
    со примери од целиот свет,
  • 5:28 - 5:30
    почнувајќи од претседателски избори
  • 5:30 - 5:32
    па се до неславната Wikipedia и се останато
  • 5:32 - 5:35
    што може да се постигне со моќта на бројките.
  • 5:35 - 5:38
    Сега, знаете како е кога ќе научите некој нов збор
  • 5:38 - 5:41
    и во истиот момент почнувате да го забележувате насекаде?
  • 5:41 - 5:43
    Токму тоа ми се случи мене,
  • 5:43 - 5:45
    кога ми стана јасно дека еволуираме
  • 5:45 - 5:47
    од пасивни конзументи
  • 5:47 - 5:49
    во креатори,
  • 5:49 - 5:52
    и на крајот прераснуваме во „соработувачи."
  • 5:52 - 5:54
    Во основа интернетот
  • 5:54 - 5:56
    ја отстранува потребата за посредник,
  • 5:56 - 5:58
    па така секој, на пример дизајнер на маички
  • 5:58 - 6:00
    или некој што знае да плете
  • 6:00 - 6:02
    ќе може да заработи продавајќи од еден на друг.
  • 6:02 - 6:04
    Моќта на "од еден на друг" револуцијата
  • 6:04 - 6:06
    е распорстранета насекаде, а тоа
  • 6:06 - 6:09
    значи дека меѓусебното делење се случува во огромни размери.
  • 6:09 - 6:11
    На пример, фасцинантно е
  • 6:11 - 6:14
    тоа што во секоја минута од мојот говор
  • 6:14 - 6:16
    на YouTube
  • 6:16 - 6:19
    се аплоудираат по 25 часа видео материјал.
  • 6:19 - 6:22
    Овие примери ме фасцинираат бидејќи тие
  • 6:22 - 6:24
    всушност ги осветлуваат
  • 6:24 - 6:26
    нашите приматски инстинкти.
  • 6:26 - 6:28
    Мислам, ние сме мајмуни,
  • 6:28 - 6:30
    родени сме и воспитувани да
    споделуваме и да соработуваме.
  • 6:30 - 6:33
    И тоа сме го правеле илјадници години,
  • 6:33 - 6:35
    без разлика дали е тоа ловење во групи
  • 6:35 - 6:38
    или пак заедничка обработка на земјата,
  • 6:38 - 6:41
    се до појавата на денешниов систем, наречен хипер-потрошувачка,
  • 6:41 - 6:43
    кога си се затворивме
  • 6:43 - 6:45
    и си создадовме сопствени мали имоти.
  • 6:45 - 6:47
    Но работите се менуваат
  • 6:47 - 6:49
    и една од причините
  • 6:49 - 6:52
    е Интернет генерацијата (Gem-Y).
  • 6:52 - 6:54
    Тие растат споделувајќи
  • 6:54 - 6:56
    документи, видео игри и знаење.
  • 6:56 - 6:58
    Тоа е нормално за оваа генерација.
  • 6:58 - 7:01
    Па така ние, од милениумската генерација
    (јас сум од таа генерација)
  • 7:01 - 7:04
    ги следиме нивните чекори,
  • 7:04 - 7:06
    тие нè пренесуваат од индивидуална,
    во колективна култура.
  • 7:06 - 7:08
    Оваа транзиција се одвива ептен брзо
  • 7:08 - 7:10
    заради динамичната соработка.
  • 7:10 - 7:13
    Денеска живееме во поврзан свет
  • 7:13 - 7:16
    каде можеме да лоцираме било кој, во било кое време,
  • 7:16 - 7:19
    преку некој мал уред во нашите раце.
  • 7:19 - 7:21
    Сето ова ми минуваше низ главата
  • 7:21 - 7:23
    кон крајот на 2008,
  • 7:23 - 7:26
    кога, како што знаете, се случи големата финансиска криза.
  • 7:26 - 7:29
    Томас Фридман, еден од моите омилени колумнисти на Њујорк Тајмс,
  • 7:29 - 7:31
    остроумно кажа
  • 7:31 - 7:34
    дека во 2008 удривме во ѕид,
  • 7:34 - 7:37
    тогаш мајка природа и пазарот
  • 7:37 - 7:39
    заедно рекоа „доста е."
  • 7:39 - 7:41
    Денеска ни е многу јасно
  • 7:41 - 7:44
    дека економија базирана на хипер-потрошувачка
  • 7:44 - 7:47
    е лабилна стратегија. Тоа е кула од карти.
  • 7:47 - 7:50
    Сепак, како поединци не знаеме што да правиме.
  • 7:50 - 7:53
    За сето ова се зборува многу на Twitter, нели?
  • 7:53 - 7:55
    Па така, некое време бев многу збунета,
  • 7:55 - 7:57
    се додека не сфатив дека сето ова се случува
  • 7:57 - 7:59
    заради четири клучни движечки сили.
  • 7:59 - 8:02
    Прво, враќањето на вербата во заедницата
  • 8:02 - 8:05
    и согледување на вистинската вредност на пријателите и соседите.
  • 8:05 - 8:08
    Следно, навалата на социјалните мрежи
  • 8:08 - 8:10
    и технологии
  • 8:10 - 8:13
    кои од корен го сменија нашето однесување.
  • 8:13 - 8:16
    Трето, притисокот од нерешените еколошки проблеми.
  • 8:16 - 8:18
    И четврто, глобалната рецесија
  • 8:18 - 8:20
    која пред сè ги шокираше потрошувачите
  • 8:20 - 8:22
    и го промени нивното однесување.
  • 8:22 - 8:24
    Овие четири двигатели
  • 8:24 - 8:26
    се здружуваат во едно
  • 8:26 - 8:28
    и ја создаваат големата промена --
  • 8:28 - 8:30
    која нè оддалечува од 20-от век,
  • 8:30 - 8:32
    доминиран од хипер-потрошувачката,
  • 8:32 - 8:34
    и нè внесува во 21-от век,
  • 8:34 - 8:37
    чиј главен белег е заедничката потрошувачка.
  • 8:37 - 8:40
    Генерално гледано, верувам дека
    сме во преодна фаза
  • 8:40 - 8:42
    во која споделувањата --
  • 8:42 - 8:44
    кои ги правиме преку страни како Flickr и Twitter,
  • 8:44 - 8:46
    и кои веќе ни се ептен нормална работа,
  • 8:46 - 8:49
    веќе се случуваат во области од
    нашиот секојдневен живот.
  • 8:49 - 8:52
    Од утринското патување до работа, до начинот на кој се дизајнира модата,
  • 8:52 - 8:54
    до тоа како одгледуваме храна
  • 8:54 - 8:57
    ние одново заеднички конзумираме и соработуваме.
  • 8:59 - 9:02
    Јас и мојот коавтор Ру Роџерс
  • 9:02 - 9:04
    собравме илјадници примери
  • 9:04 - 9:06
    на заедничка потрошувачка од целиот свет.
  • 9:06 - 9:08
    И иако се меѓусебно различни
  • 9:08 - 9:10
    во нивната големина, развиеност и намена,
  • 9:10 - 9:12
    кога се задлабочивме
  • 9:12 - 9:15
    сфативме дека можат да се организираат
    во три посебни системи.
  • 9:15 - 9:18
    Првиот, пазари за редистрибуција
  • 9:18 - 9:21
    Пазарите за редистрибуција, исто како и Swaptree,
  • 9:21 - 9:23
    земаат користен или
    претходно поседуван предмет
  • 9:23 - 9:25
    и го пренесуваат од едно место каде
    веќе не е потребен
  • 9:25 - 9:28
    до таму или до оној,
    кој има потреба од истиот.
  • 9:28 - 9:30
    Тие припаѓаат на т.н. концепт на 5-те „R“ --
  • 9:30 - 9:32
    намалување, повторна употреба, рециклирање,
  • 9:32 - 9:34
    поправање и редистрибуирање --
  • 9:34 - 9:36
    бидејќи го продолжуваат векот на траење на производот,
  • 9:36 - 9:38
    а со самото тоа го намалуваат отпадот.
  • 9:38 - 9:41
    Вториот систем е т.н. содружнички стил на живот.
  • 9:41 - 9:43
    Ова подразбира споделување на ресурси
  • 9:43 - 9:46
    од типот на пари, вештини и време.
  • 9:46 - 9:48
    Можам да се кладам, дека за неколку години
  • 9:48 - 9:50
    термини како „заедничко работење“
  • 9:50 - 9:53
    „кауч сурфање“ и „банки на време“
  • 9:53 - 9:56
    ќе бидат дел од нашиот секојдневен речник.
  • 9:56 - 9:59
    Еден од моите омилени примери на содружнички животен стил
  • 9:59 - 10:01
    се вика Landshare (споделување на земја).
  • 10:01 - 10:03
    Оваа шема од Велика Британија
  • 10:03 - 10:05
    го поврзува одреден г-дин Џоунс
  • 10:05 - 10:08
    кој има слободен простор во својот двор,
  • 10:08 - 10:11
    со одредена г-ѓа Смит, која сака да одгледува градинарски култури.
  • 10:11 - 10:13
    На тој начин тие заедно ја одгледуваат својата храна.
  • 10:13 - 10:16
    Ова е една од оние идеи што се толку едноставни,
    а сепак генијални
  • 10:16 - 10:19
    па ве тераат да се замислите зошто досега не била реализирана.
  • 10:19 - 10:21
    Следен е третиот систем
  • 10:21 - 10:23
    - системите за услуги.
  • 10:23 - 10:25
    Овде плаќате за бенефитот што го нуди производот
  • 10:25 - 10:27
    и намената која ја има,
  • 10:27 - 10:29
    без потребата да го купите истиот.
  • 10:29 - 10:32
    Оваа идеја е исклучително корисна
  • 10:32 - 10:34
    за оние предмети кои
  • 10:34 - 10:36
    не се користат многу често.
  • 10:36 - 10:38
    Може да се работи за било што,
    од бебешка опрема
  • 10:38 - 10:40
    до облека, до...
  • 10:40 - 10:42
    - Колку од вас имаат бормашина?
  • 10:42 - 10:44
    Сопствена бормашина? Добро.
  • 10:44 - 10:47
    Таа бормашина ќе ја искористите околу
    12-13 минути
  • 10:47 - 10:49
    во текот на целиот ваш живот.
  • 10:49 - 10:51
    (смеа)
  • 10:51 - 10:53
    Малку апсурдно, нели?
  • 10:53 - 10:55
    Така е бидејќи ви треба дупката,
    а не бормашината.
  • 10:55 - 10:57
    (смеа)
  • 10:57 - 10:59
    (аплауз)
  • 10:59 - 11:01
    Па зошто тогаш не изнајмите бормашина
  • 11:01 - 11:03
    или, уште подобро, изнајмете ја вашата на други луѓе
  • 11:03 - 11:05
    и заработете пари од неа?
  • 11:05 - 11:08
    Сите три системи се здружуваат заедно
  • 11:08 - 11:10
    и им дозволуваат на луѓето
    да споделуваат ресурси
  • 11:10 - 11:12
    без притоа да го жртвуваат својот начин на живот
  • 11:12 - 11:14
    или слободното време.
  • 11:14 - 11:16
    Јас не барам од луѓето
  • 11:16 - 11:18
    културно сè да си делат меѓусебе.
  • 11:20 - 11:22
    Би сакала само да ви дадам пример за тоа
  • 11:22 - 11:24
    колку влијателна може да биде
    заедничката потрошувачка
  • 11:24 - 11:26
    врз однесувањето на луѓето.
  • 11:26 - 11:28
    Трошоците за еден просечен автомобил
  • 11:28 - 11:31
    чинат околу 8 000 долари годишно.
  • 11:31 - 11:33
    А тој автомобил стои паркиран
  • 11:33 - 11:35
    23 часа на ден.
  • 11:35 - 11:37
    Па кога ќе размислите за овие два факта
  • 11:37 - 11:39
    ви станува малку нелогично
  • 11:39 - 11:42
    тоа дека морате да
    имате сопствен автомобил.
  • 11:42 - 11:44
    Токму овде влегуваат во игра компаниите за
  • 11:44 - 11:46
    споделување автомобили, како Zipcar и GoGet.
  • 11:46 - 11:48
    Во 2009-та
  • 11:48 - 11:50
    Zipcar експериментираше со 250 учесници
  • 11:50 - 11:53
    од 13 различни градови --
  • 11:53 - 11:55
    декларирани зависници од автомобил
  • 11:55 - 11:57
    кои немале искуство со ваквиот систем --
  • 11:57 - 12:00
    и ги натерале да ги предадат своите
    клучеви во текот на еден месец.
  • 12:00 - 12:02
    Наместо да возат, овие луѓе морале да пешачат,
  • 12:02 - 12:04
    да возат точак, да користат воз
  • 12:04 - 12:06
    или други форми на јавен превоз.
  • 12:06 - 12:08
    Им било дозволено да го употребат
    своето Zipcar членство
  • 12:08 - 12:10
    исклучиво кога било апсолутно неопходно.
  • 12:10 - 12:13
    Резултатите од овој предизвик, за само еден месец
  • 12:13 - 12:15
    се покажаа како неверојатни!
  • 12:15 - 12:17
    Воодушевувачки 200 кг. биле изгубени
  • 12:17 - 12:20
    од самата физичка активност.
  • 12:20 - 12:22
    Но, мојот омилен статистички
    податок
  • 12:22 - 12:24
    е дека над 100,
  • 12:24 - 12:27
    од вкупно 250 учесници,
  • 12:27 - 12:30
    не ги сакале назад своите клучеви.
  • 12:30 - 12:32
    Со други зборови, зависниците
  • 12:32 - 12:34
    ја изгубиле потребата за сопствен автомобил.
  • 12:34 - 12:37
    Системите за услуги постојат од многу одамна.
  • 12:37 - 12:39
    Само помислете на библиотеки и јавни перални.
  • 12:39 - 12:41
    Но јас мислам дека истите влегуваат во нова ера,
  • 12:41 - 12:43
    бидејќи технологијата го прави споделувањето
  • 12:43 - 12:45
    едноставно и забавно.
  • 12:45 - 12:48
    Има еден одличен цитат објавен во Њујорк Тајмс
  • 12:48 - 12:50
    кој вели: "Споделувањето е за сопственоста,
  • 12:50 - 12:53
    она што ајподот е за музичката касета,
  • 12:53 - 12:56
    и она што соларните панели се за рудниците за јаглен.“
  • 12:56 - 12:59
    Јас сум уверена, дека нашата генерација,
  • 12:59 - 13:02
    нашиот однос кон задоволување на
    потребите
  • 13:02 - 13:04
    е многу помалку материјален
  • 13:04 - 13:06
    во однос на претходните генерации.
  • 13:06 - 13:09
    Јас не го сакам ДВД-то; го сакам филмот кој го има.
  • 13:09 - 13:11
    Не ја сакам гломазната телефонска секретарка;
  • 13:11 - 13:13
    ја сакам пораката која е зачувана во неа.
  • 13:13 - 13:16
    Не го сакам ЦД-то, туку музиката која ја свири.
  • 13:16 - 13:19
    Со други зборови, не сакам предмети,
  • 13:19 - 13:22
    туку ги сакам искуствата
    кои ни ги нудат.
  • 13:22 - 13:25
    Ова предизвикува огромна промена
  • 13:25 - 13:27
    каде употребата е поважна од сопственоста
  • 13:27 - 13:30
    или, како што ќе рече Кевин Кели,
    уредник на списанието Wired
  • 13:30 - 13:33
    „Каде достапноста е подобра од сопственоста."
  • 13:33 - 13:35
    Е сега, како што нашата сопственост
  • 13:35 - 13:37
    се дематеријализира во облаците,
  • 13:37 - 13:39
    така се формира нејасна граница
  • 13:39 - 13:41
    помеѓу она што е мое, твое
  • 13:41 - 13:43
    и наше.
  • 13:43 - 13:45
    Би сакала да посочам еден пример
  • 13:45 - 13:48
    кој покажува колку брзо се случува
    оваа еволуција.
  • 13:48 - 13:51
    Ова се однесува на временски период од 8 години.
  • 13:51 - 13:54
    Преминавме од традиционалната
    сопственост на автомобили
  • 13:54 - 13:57
    кон компании за споделување на автомобили, како Zipcar и GoGet,
  • 13:57 - 14:00
    до онлајн платформи за споделување
    на сопствениот превоз,
  • 14:00 - 14:03
    па се до најновиот изум за меѓусебно позајмување,
  • 14:03 - 14:06
    преку кој, всушност, можете да заработите пари
  • 14:06 - 14:09
    изнајмувајќи му ја на соседот вашата кола која ви стои
  • 14:09 - 14:11
    во место 23 часа на ден.
  • 14:11 - 14:13
    Е сега, сите овие системи
  • 14:13 - 14:15
    бараат одреден степен на доверба,
  • 14:15 - 14:17
    а основата за тоа да се оствари
  • 14:17 - 14:19
    е угледот.
  • 14:19 - 14:21
    Во стариот систем на потрошувачка,
  • 14:21 - 14:23
    нашиот углед не беше од големо значење
  • 14:23 - 14:25
    бидејќи многу поважна беше нашата кредитна историја,
  • 14:25 - 14:28
    а не туѓото мислење за нас.
  • 14:28 - 14:31
    Но сега на интернет ние постојано
    оставаме траги.
  • 14:31 - 14:34
    Со секое спамување,
  • 14:34 - 14:37
    со секое постирање, споделување на коментар,
  • 14:37 - 14:39
    ние всушност покажуваме колку добро соработуваме,
  • 14:39 - 14:42
    а со тоа и дали сме луѓе од доверба.
  • 14:42 - 14:44
    Еве да се вратиме на првиот пример,
  • 14:44 - 14:46
    Swaptree.
  • 14:46 - 14:48
    Јас можев да видам дека Рондорон
  • 14:48 - 14:51
    имал 553 размени
  • 14:51 - 14:54
    кои биле 100% успешни.
  • 14:54 - 14:57
    Со други зборови, јас можам да му/ѝ верувам.
  • 14:58 - 15:00
    Запамтете ги моите зборови,
  • 15:00 - 15:02
    во прашање е само време
  • 15:02 - 15:05
    кога ќе можеме преку интернет да си го проверуваме
  • 15:05 - 15:07
    рангот кој говори
  • 15:07 - 15:09
    за нашиот углед.
  • 15:09 - 15:11
    Токму овој ранг
  • 15:11 - 15:14
    ќе го одреди нашиот пристап до заедничката
    потрошувачка.
  • 15:14 - 15:16
    Оваa нова социјална валута,
    така да ја наречеме,
  • 15:16 - 15:19
    може да стане исто толку важна
    како и вашата кредитоспособност.
  • 15:20 - 15:22
    Како завршна мисла,
  • 15:22 - 15:25
    верувам дека се наоѓаме
    во период
  • 15:25 - 15:27
    во кој се будиме
  • 15:27 - 15:29
    од еден тежок мамурлак
  • 15:29 - 15:31
    предизвикан од празнина и загуби,
  • 15:31 - 15:33
    и правиме отскок
  • 15:33 - 15:35
    кон создавање на поодржлив систем
  • 15:35 - 15:37
    формиран да им служи на нашите
    вродени потреби,
  • 15:37 - 15:40
    за заедништво и личен идентитет.
  • 15:40 - 15:42
    Уверена сум дека за него ќе се зборува
  • 15:42 - 15:44
    како за револуција, така да ја наречеме,
  • 15:44 - 15:47
    кога општеството, соочено со
    огромни предизвици
  • 15:47 - 15:49
    успеало да направи сеизмичко поместување
  • 15:49 - 15:51
    од индвидуална сопственост и потрошувачка
  • 15:51 - 15:54
    кон повторно откривање на заедничкото добро.
  • 15:54 - 15:57
    Мојата мисија е да го направам споделувањето
    популарно.
  • 15:57 - 15:59
    Мојата мисија е да го направам
    модерно.
  • 15:59 - 16:01
    Зошто верувам, дека може да ги промени
  • 16:01 - 16:03
    застарените бизнис модели
  • 16:03 - 16:05
    и да ни помогне да ги надминеме
  • 16:05 - 16:07
    бескорисните форми
    на хипер-потршувачка
  • 16:07 - 16:10
    и да ни укаже кога доволно е навистина доволно.
  • 16:10 - 16:12
    Ви благодарам многу.
  • 16:12 - 16:14
    (аплауз)
Title:
Рејчел Ботсман: Поволностите на заедничката потрошувачка
Speaker:
Rachel Botsman
Description:

На TEDx Сиднеј, Рејчел Ботсман вели дека ние сме „создадени за да споделуваме“ - и покажува како вебстраните од типот на Zipcar и Swaptree ги менуваат правилата на човековото однесување.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
16:14

Macedonian subtitles

Revisions