1 00:00:00,000 --> 00:00:02,000 Денеска би сакала да зборувам 2 00:00:02,000 --> 00:00:05,000 за подемот на заедничката потрошувачка. 3 00:00:05,000 --> 00:00:07,000 Ќе објаснам за што се работи и ќе се обидам 4 00:00:07,000 --> 00:00:10,000 да ве убедам, за само 15 минути, 5 00:00:10,000 --> 00:00:12,000 дека ова не е наивна идеја 6 00:00:12,000 --> 00:00:14,000 или краткорочен тренд, 7 00:00:14,000 --> 00:00:17,000 туку моќна социо-економска сила, 8 00:00:17,000 --> 00:00:19,000 која редефинира не само што конзумираме 9 00:00:19,000 --> 00:00:21,000 туку и како конзумираме. 10 00:00:21,000 --> 00:00:24,000 Како за почеток, еве ви еден навидум, едноставен пример. 11 00:00:24,000 --> 00:00:27,000 Кренете рака, колкумина од вас 12 00:00:27,000 --> 00:00:30,000 имате книги, ЦД-а, ДВД-ја или видеа 13 00:00:30,000 --> 00:00:32,000 расфрлани низ вашите домови, 14 00:00:32,000 --> 00:00:34,000 кои најверојатно никогаш повеќе нема да ги употребите, 15 00:00:34,000 --> 00:00:36,000 а сепак не можете да се натерате да ги фрлите? 16 00:00:37,000 --> 00:00:39,000 Не можам да ги видам сите кренати раце, 17 00:00:39,000 --> 00:00:41,000 ама изгледа сите од вас, нели? 18 00:00:41,000 --> 00:00:43,000 На нашите полици дома 19 00:00:43,000 --> 00:00:46,000 имаме цела колекција од ДВД серијата „24." 20 00:00:46,000 --> 00:00:48,000 Шеста сезона да бидам попрецизна. 21 00:00:48,000 --> 00:00:51,000 Ако добро се сеќавам, ја добивме за Божиќ пред три години. 22 00:00:51,000 --> 00:00:53,000 Мојот сопруг - Крис и јас 23 00:00:53,000 --> 00:00:55,000 ја обожаваме оваа серија. 24 00:00:55,000 --> 00:00:58,000 Но да бидеме искрени, ако ја изгледате еднаш, можеби двапати, 25 00:00:58,000 --> 00:01:00,000 потоа веќе не ви е интересна, 26 00:01:00,000 --> 00:01:03,000 бидејќи веќе знаете како Џек Бауер ќе ги победи терористите. 27 00:01:03,000 --> 00:01:05,000 Па така серијата си седи на полица 28 00:01:05,000 --> 00:01:07,000 застарена за нас, 29 00:01:07,000 --> 00:01:10,000 но со голем скриен потенцијал за некој друг. 30 00:01:10,000 --> 00:01:13,000 Но пред да продолжиме, морам да признаам нешто. 31 00:01:13,000 --> 00:01:15,000 Живеев во Њујорк 10 години 32 00:01:15,000 --> 00:01:18,000 и сум голем обожавател на „Сексот и градот." 33 00:01:18,000 --> 00:01:20,000 Би сакала повторно да го гледам првиот дел од филмот. 34 00:01:20,000 --> 00:01:23,000 само како загревање за продолжението кое излегува следната недела. 35 00:01:23,000 --> 00:01:25,000 Па како најлесно би можела 36 00:01:25,000 --> 00:01:27,000 да ја земенам нашата стара копија од „24," 37 00:01:27,000 --> 00:01:30,000 за копијата што ја сакам од „Сексот и градот“? 38 00:01:30,000 --> 00:01:32,000 Можеби некои од вас забележале дека се развива 39 00:01:32,000 --> 00:01:34,000 нов сектор на пазарот, наречен „тргување со размена." 40 00:01:34,000 --> 00:01:37,000 Тргувањето со размена ви е како 41 00:01:37,000 --> 00:01:39,000 онлајн платформа за состаноци 42 00:01:39,000 --> 00:01:41,000 за сите работи кои не ви се потребни. 43 00:01:41,000 --> 00:01:43,000 Функционира така што го користи интернетот 44 00:01:43,000 --> 00:01:45,000 за да креира неограничен пазар 45 00:01:45,000 --> 00:01:47,000 во кој се поврзуваат „понудата“ на личноста А, 46 00:01:47,000 --> 00:01:49,000 со „желбите“ на личноста Ц, 47 00:01:49,000 --> 00:01:51,000 без разлика за што се работи. 48 00:01:51,000 --> 00:01:54,000 Минатата недела посетив една од овие вебстрани, 49 00:01:54,000 --> 00:01:57,000 соодветно наречена Swaptree (Дрво за размена) 50 00:01:57,000 --> 00:02:00,000 и пронајдов повеќе од 59 300 работи 51 00:02:00,000 --> 00:02:02,000 кои во истиот момент можев да ги заменам 52 00:02:02,000 --> 00:02:05,000 за мојата копија од серијата „24." 53 00:02:05,000 --> 00:02:07,000 Баш во овој момент, 54 00:02:07,000 --> 00:02:09,000 некаде во Калифорнија, беше Рондорон 55 00:02:09,000 --> 00:02:11,000 кој сакаше да ја замени својата 56 00:02:11,000 --> 00:02:13,000 речиси нова копија од „Сексот и градот“ 57 00:02:13,000 --> 00:02:16,000 за мојата копија од „24." 58 00:02:16,000 --> 00:02:18,000 Со други зборови, 59 00:02:18,000 --> 00:02:20,000 Swaptree (Дрвото за размена) 60 00:02:20,000 --> 00:02:22,000 успеа да го реши мојот проблем, 61 00:02:22,000 --> 00:02:25,000 или проблем кој економистите го нарекуваат „коинциденција на потребите," 62 00:02:25,000 --> 00:02:28,000 за само 60 секунди. 63 00:02:28,000 --> 00:02:31,000 Уште поинтересно, во истиот момент добивате сметка 64 00:02:31,000 --> 00:02:33,000 бидејќи веќе ги имате сите податоци за нарачката. 65 00:02:33,000 --> 00:02:35,000 Се разбира, има одлична техничка поддршка 66 00:02:35,000 --> 00:02:38,000 зад вебстраните како Swaptree, 67 00:02:38,000 --> 00:02:40,000 но тоа не ме интересира, 68 00:02:40,000 --> 00:02:43,000 а не е ни поентата на тргувањето со размена. 69 00:02:43,000 --> 00:02:45,000 Мојата страст и тоа што посветено го истражувам 70 00:02:45,000 --> 00:02:47,000 во изминативе неколку години, 71 00:02:47,000 --> 00:02:50,000 e соработката и механизмите на доверба 72 00:02:50,000 --> 00:02:53,000 втемелени во овие системи. 73 00:02:53,000 --> 00:02:55,000 Кога ќе се замислите 74 00:02:55,000 --> 00:02:58,000 изгледа како луда идеја, дури и до пред неколку години, 75 00:02:58,000 --> 00:03:01,000 дека јас би ги разменувала моите работи со тотален странец, 76 00:03:01,000 --> 00:03:03,000 чие вистинско име не го познавам 77 00:03:03,000 --> 00:03:06,000 и без да размениме никакви пари. 78 00:03:06,000 --> 00:03:08,000 Но сепак, 99% од размената на Swaptree 79 00:03:08,000 --> 00:03:10,000 е целосно успешна, 80 00:03:10,000 --> 00:03:12,000 а само 1% добива негативен рејтинг, 81 00:03:12,000 --> 00:03:14,000 и тоа заради помали ситници, 82 00:03:14,000 --> 00:03:17,000 на пример дека испораката не била навремена. 83 00:03:17,000 --> 00:03:20,000 Значи што уствари се одвива овде? 84 00:03:20,000 --> 00:03:22,000 Во игра имаме една исклучително моќна 85 00:03:22,000 --> 00:03:25,000 динамика со огромен комерцијален и културолошки 86 00:03:25,000 --> 00:03:27,000 потенцијал. 87 00:03:27,000 --> 00:03:29,000 Имено, технологијата 88 00:03:29,000 --> 00:03:31,000 овозможува 89 00:03:31,000 --> 00:03:33,000 создавање на доверба помеѓу непознати лица. 90 00:03:33,000 --> 00:03:35,000 Денеска живееме во т.н. глобално село, 91 00:03:35,000 --> 00:03:37,000 каде можеме да го имитираме односот 92 00:03:37,000 --> 00:03:40,000 кој се случува лице в лице, 93 00:03:40,000 --> 00:03:42,000 но во размери и начини 94 00:03:42,000 --> 00:03:44,000 кои никогаш порано не биле возможни. 95 00:03:44,000 --> 00:03:46,000 Во основа, гледаме како 96 00:03:46,000 --> 00:03:48,000 социјалните мрежи и технологијата 97 00:03:48,000 --> 00:03:50,000 нè враќаат назад во времето. 98 00:03:50,000 --> 00:03:52,000 Повторно се трампаме, тргуваме, 99 00:03:52,000 --> 00:03:54,000 разменуваме, делиме 100 00:03:54,000 --> 00:03:56,000 но на современ начин, 101 00:03:56,000 --> 00:03:58,000 кој има динамична и привлечна форма. 102 00:03:58,000 --> 00:04:00,000 За мене е неверојатно 103 00:04:00,000 --> 00:04:03,000 тоа што ние, всушност, се поврзуваме за да делиме, 104 00:04:03,000 --> 00:04:05,000 без разлика дали е тоа нашето соседство, училиште 105 00:04:05,000 --> 00:04:08,000 нашата канцеларија или Фејсбук мрежата, 106 00:04:08,000 --> 00:04:10,000 а сето тоа создава нова економија 107 00:04:10,000 --> 00:04:12,000 на „она што е мое, е и твое." 108 00:04:12,000 --> 00:04:14,000 Од моќниот eBay, 109 00:04:14,000 --> 00:04:16,000 најстариот од сите онлајн пазари за размена, 110 00:04:16,000 --> 00:04:19,000 до компании за заедничко користење на автомобили, како GoGet 111 00:04:19,000 --> 00:04:22,000 каде со месечна членарина можете да изнајмите автомобил во секое време, 112 00:04:22,000 --> 00:04:25,000 па сè до социјални мрежи за позајмување, како Zopa, 113 00:04:25,000 --> 00:04:27,000 мрежа што било кој од оваа публика 114 00:04:27,000 --> 00:04:29,000 кој може да позајми 100 долари, 115 00:04:29,000 --> 00:04:32,000 ќе го поврзе со некој кому му се потребни, било каде во светот 116 00:04:32,000 --> 00:04:35,000 повторно почнуваме меѓусебно да делиме и соработуваме 117 00:04:35,000 --> 00:04:37,000 на нови начини, кои јас верувам 118 00:04:37,000 --> 00:04:40,000 дека се повеќе модерни, отколку застарени. 119 00:04:40,000 --> 00:04:43,000 Овој тренд јас го нарекувам „заедничка потрошувачка." 120 00:04:43,000 --> 00:04:45,000 Сега, пред да навлезам во различните системи 121 00:04:45,000 --> 00:04:47,000 на заедничката потрошувачка, 122 00:04:47,000 --> 00:04:49,000 би сакала да одговорам на прашањето 123 00:04:49,000 --> 00:04:52,000 кое, на секој автор со право му се поставува, 124 00:04:52,000 --> 00:04:55,000 а тоа е: Од каде потекнува оваа идеја? 125 00:04:55,000 --> 00:04:57,000 Би сакала да можев да кажам дека се разбудив едно утро 126 00:04:57,000 --> 00:05:00,000 и си реков: „Ќе пишувам за заедничка потрошувачка," 127 00:05:00,000 --> 00:05:02,000 но всушност сè започна од еден комплициран сплет 128 00:05:02,000 --> 00:05:05,000 на навидум неповрзани идеи. 129 00:05:05,000 --> 00:05:07,000 Во текот на следната минута, 130 00:05:07,000 --> 00:05:09,000 она што ќе го видите ќе наликува на мрежа 131 00:05:09,000 --> 00:05:12,000 од сите аспекти кои поминуваа низ мојата глава. 132 00:05:13,000 --> 00:05:15,000 Најпрвин почнав да забележувам дека 133 00:05:15,000 --> 00:05:17,000 се појавуваат многу значајни концепти, 134 00:05:17,000 --> 00:05:20,000 од мудроста на толпата до т.н. смарт групи 135 00:05:20,000 --> 00:05:22,000 и за тоа колку е неверојатно лесно 136 00:05:22,000 --> 00:05:24,000 да се формираат групи за одредена цел. 137 00:05:24,000 --> 00:05:26,000 Го поврзав овој глобален тренд 138 00:05:26,000 --> 00:05:28,000 со примери од целиот свет, 139 00:05:28,000 --> 00:05:30,000 почнувајќи од претседателски избори 140 00:05:30,000 --> 00:05:32,000 па се до неславната Wikipedia и се останато 141 00:05:32,000 --> 00:05:35,000 што може да се постигне со моќта на бројките. 142 00:05:35,000 --> 00:05:38,000 Сега, знаете како е кога ќе научите некој нов збор 143 00:05:38,000 --> 00:05:41,000 и во истиот момент почнувате да го забележувате насекаде? 144 00:05:41,000 --> 00:05:43,000 Токму тоа ми се случи мене, 145 00:05:43,000 --> 00:05:45,000 кога ми стана јасно дека еволуираме 146 00:05:45,000 --> 00:05:47,000 од пасивни конзументи 147 00:05:47,000 --> 00:05:49,000 во креатори, 148 00:05:49,000 --> 00:05:52,000 и на крајот прераснуваме во „соработувачи." 149 00:05:52,000 --> 00:05:54,000 Во основа интернетот 150 00:05:54,000 --> 00:05:56,000 ја отстранува потребата за посредник, 151 00:05:56,000 --> 00:05:58,000 па така секој, на пример дизајнер на маички 152 00:05:58,000 --> 00:06:00,000 или некој што знае да плете 153 00:06:00,000 --> 00:06:02,000 ќе може да заработи продавајќи од еден на друг. 154 00:06:02,000 --> 00:06:04,000 Моќта на "од еден на друг" револуцијата 155 00:06:04,000 --> 00:06:06,000 е распорстранета насекаде, а тоа 156 00:06:06,000 --> 00:06:09,000 значи дека меѓусебното делење се случува во огромни размери. 157 00:06:09,000 --> 00:06:11,000 На пример, фасцинантно е 158 00:06:11,000 --> 00:06:14,000 тоа што во секоја минута од мојот говор 159 00:06:14,000 --> 00:06:16,000 на YouTube 160 00:06:16,000 --> 00:06:19,000 се аплоудираат по 25 часа видео материјал. 161 00:06:19,000 --> 00:06:22,000 Овие примери ме фасцинираат бидејќи тие 162 00:06:22,000 --> 00:06:24,000 всушност ги осветлуваат 163 00:06:24,000 --> 00:06:26,000 нашите приматски инстинкти. 164 00:06:26,000 --> 00:06:28,000 Мислам, ние сме мајмуни, 165 00:06:28,000 --> 00:06:30,000 родени сме и воспитувани да споделуваме и да соработуваме. 166 00:06:30,000 --> 00:06:33,000 И тоа сме го правеле илјадници години, 167 00:06:33,000 --> 00:06:35,000 без разлика дали е тоа ловење во групи 168 00:06:35,000 --> 00:06:38,000 или пак заедничка обработка на земјата, 169 00:06:38,000 --> 00:06:41,000 се до појавата на денешниов систем, наречен хипер-потрошувачка, 170 00:06:41,000 --> 00:06:43,000 кога си се затворивме 171 00:06:43,000 --> 00:06:45,000 и си создадовме сопствени мали имоти. 172 00:06:45,000 --> 00:06:47,000 Но работите се менуваат 173 00:06:47,000 --> 00:06:49,000 и една од причините 174 00:06:49,000 --> 00:06:52,000 е Интернет генерацијата (Gem-Y). 175 00:06:52,000 --> 00:06:54,000 Тие растат споделувајќи 176 00:06:54,000 --> 00:06:56,000 документи, видео игри и знаење. 177 00:06:56,000 --> 00:06:58,000 Тоа е нормално за оваа генерација. 178 00:06:58,000 --> 00:07:01,000 Па така ние, од милениумската генерација (јас сум од таа генерација) 179 00:07:01,000 --> 00:07:04,000 ги следиме нивните чекори, 180 00:07:04,000 --> 00:07:06,000 тие нè пренесуваат од индивидуална, во колективна култура. 181 00:07:06,000 --> 00:07:08,000 Оваа транзиција се одвива ептен брзо 182 00:07:08,000 --> 00:07:10,000 заради динамичната соработка. 183 00:07:10,000 --> 00:07:13,000 Денеска живееме во поврзан свет 184 00:07:13,000 --> 00:07:16,000 каде можеме да лоцираме било кој, во било кое време, 185 00:07:16,000 --> 00:07:19,000 преку некој мал уред во нашите раце. 186 00:07:19,000 --> 00:07:21,000 Сето ова ми минуваше низ главата 187 00:07:21,000 --> 00:07:23,000 кон крајот на 2008, 188 00:07:23,000 --> 00:07:26,000 кога, како што знаете, се случи големата финансиска криза. 189 00:07:26,000 --> 00:07:29,000 Томас Фридман, еден од моите омилени колумнисти на Њујорк Тајмс, 190 00:07:29,000 --> 00:07:31,000 остроумно кажа 191 00:07:31,000 --> 00:07:34,000 дека во 2008 удривме во ѕид, 192 00:07:34,000 --> 00:07:37,000 тогаш мајка природа и пазарот 193 00:07:37,000 --> 00:07:39,000 заедно рекоа „доста е." 194 00:07:39,000 --> 00:07:41,000 Денеска ни е многу јасно 195 00:07:41,000 --> 00:07:44,000 дека економија базирана на хипер-потрошувачка 196 00:07:44,000 --> 00:07:47,000 е лабилна стратегија. Тоа е кула од карти. 197 00:07:47,000 --> 00:07:50,000 Сепак, како поединци не знаеме што да правиме. 198 00:07:50,000 --> 00:07:53,000 За сето ова се зборува многу на Twitter, нели? 199 00:07:53,000 --> 00:07:55,000 Па така, некое време бев многу збунета, 200 00:07:55,000 --> 00:07:57,000 се додека не сфатив дека сето ова се случува 201 00:07:57,000 --> 00:07:59,000 заради четири клучни движечки сили. 202 00:07:59,000 --> 00:08:02,000 Прво, враќањето на вербата во заедницата 203 00:08:02,000 --> 00:08:05,000 и согледување на вистинската вредност на пријателите и соседите. 204 00:08:05,000 --> 00:08:08,000 Следно, навалата на социјалните мрежи 205 00:08:08,000 --> 00:08:10,000 и технологии 206 00:08:10,000 --> 00:08:13,000 кои од корен го сменија нашето однесување. 207 00:08:13,000 --> 00:08:16,000 Трето, притисокот од нерешените еколошки проблеми. 208 00:08:16,000 --> 00:08:18,000 И четврто, глобалната рецесија 209 00:08:18,000 --> 00:08:20,000 која пред сè ги шокираше потрошувачите 210 00:08:20,000 --> 00:08:22,000 и го промени нивното однесување. 211 00:08:22,000 --> 00:08:24,000 Овие четири двигатели 212 00:08:24,000 --> 00:08:26,000 се здружуваат во едно 213 00:08:26,000 --> 00:08:28,000 и ја создаваат големата промена -- 214 00:08:28,000 --> 00:08:30,000 која нè оддалечува од 20-от век, 215 00:08:30,000 --> 00:08:32,000 доминиран од хипер-потрошувачката, 216 00:08:32,000 --> 00:08:34,000 и нè внесува во 21-от век, 217 00:08:34,000 --> 00:08:37,000 чиј главен белег е заедничката потрошувачка. 218 00:08:37,000 --> 00:08:40,000 Генерално гледано, верувам дека сме во преодна фаза 219 00:08:40,000 --> 00:08:42,000 во која споделувањата -- 220 00:08:42,000 --> 00:08:44,000 кои ги правиме преку страни како Flickr и Twitter, 221 00:08:44,000 --> 00:08:46,000 и кои веќе ни се ептен нормална работа, 222 00:08:46,000 --> 00:08:49,000 веќе се случуваат во области од нашиот секојдневен живот. 223 00:08:49,000 --> 00:08:52,000 Од утринското патување до работа, до начинот на кој се дизајнира модата, 224 00:08:52,000 --> 00:08:54,000 до тоа како одгледуваме храна 225 00:08:54,000 --> 00:08:57,000 ние одново заеднички конзумираме и соработуваме. 226 00:08:59,000 --> 00:09:02,000 Јас и мојот коавтор Ру Роџерс 227 00:09:02,000 --> 00:09:04,000 собравме илјадници примери 228 00:09:04,000 --> 00:09:06,000 на заедничка потрошувачка од целиот свет. 229 00:09:06,000 --> 00:09:08,000 И иако се меѓусебно различни 230 00:09:08,000 --> 00:09:10,000 во нивната големина, развиеност и намена, 231 00:09:10,000 --> 00:09:12,000 кога се задлабочивме 232 00:09:12,000 --> 00:09:15,000 сфативме дека можат да се организираат во три посебни системи. 233 00:09:15,000 --> 00:09:18,000 Првиот, пазари за редистрибуција 234 00:09:18,000 --> 00:09:21,000 Пазарите за редистрибуција, исто како и Swaptree, 235 00:09:21,000 --> 00:09:23,000 земаат користен или претходно поседуван предмет 236 00:09:23,000 --> 00:09:25,000 и го пренесуваат од едно место каде веќе не е потребен 237 00:09:25,000 --> 00:09:28,000 до таму или до оној, кој има потреба од истиот. 238 00:09:28,000 --> 00:09:30,000 Тие припаѓаат на т.н. концепт на 5-те „R“ -- 239 00:09:30,000 --> 00:09:32,000 намалување, повторна употреба, рециклирање, 240 00:09:32,000 --> 00:09:34,000 поправање и редистрибуирање -- 241 00:09:34,000 --> 00:09:36,000 бидејќи го продолжуваат векот на траење на производот, 242 00:09:36,000 --> 00:09:38,000 а со самото тоа го намалуваат отпадот. 243 00:09:38,000 --> 00:09:41,000 Вториот систем е т.н. содружнички стил на живот. 244 00:09:41,000 --> 00:09:43,000 Ова подразбира споделување на ресурси 245 00:09:43,000 --> 00:09:46,000 од типот на пари, вештини и време. 246 00:09:46,000 --> 00:09:48,000 Можам да се кладам, дека за неколку години 247 00:09:48,000 --> 00:09:50,000 термини како „заедничко работење“ 248 00:09:50,000 --> 00:09:53,000 „кауч сурфање“ и „банки на време“ 249 00:09:53,000 --> 00:09:56,000 ќе бидат дел од нашиот секојдневен речник. 250 00:09:56,000 --> 00:09:59,000 Еден од моите омилени примери на содружнички животен стил 251 00:09:59,000 --> 00:10:01,000 се вика Landshare (споделување на земја). 252 00:10:01,000 --> 00:10:03,000 Оваа шема од Велика Британија 253 00:10:03,000 --> 00:10:05,000 го поврзува одреден г-дин Џоунс 254 00:10:05,000 --> 00:10:08,000 кој има слободен простор во својот двор, 255 00:10:08,000 --> 00:10:11,000 со одредена г-ѓа Смит, која сака да одгледува градинарски култури. 256 00:10:11,000 --> 00:10:13,000 На тој начин тие заедно ја одгледуваат својата храна. 257 00:10:13,000 --> 00:10:16,000 Ова е една од оние идеи што се толку едноставни, а сепак генијални 258 00:10:16,000 --> 00:10:19,000 па ве тераат да се замислите зошто досега не била реализирана. 259 00:10:19,000 --> 00:10:21,000 Следен е третиот систем 260 00:10:21,000 --> 00:10:23,000 - системите за услуги. 261 00:10:23,000 --> 00:10:25,000 Овде плаќате за бенефитот што го нуди производот 262 00:10:25,000 --> 00:10:27,000 и намената која ја има, 263 00:10:27,000 --> 00:10:29,000 без потребата да го купите истиот. 264 00:10:29,000 --> 00:10:32,000 Оваа идеја е исклучително корисна 265 00:10:32,000 --> 00:10:34,000 за оние предмети кои 266 00:10:34,000 --> 00:10:36,000 не се користат многу често. 267 00:10:36,000 --> 00:10:38,000 Може да се работи за било што, од бебешка опрема 268 00:10:38,000 --> 00:10:40,000 до облека, до... 269 00:10:40,000 --> 00:10:42,000 - Колку од вас имаат бормашина? 270 00:10:42,000 --> 00:10:44,000 Сопствена бормашина? Добро. 271 00:10:44,000 --> 00:10:47,000 Таа бормашина ќе ја искористите околу 12-13 минути 272 00:10:47,000 --> 00:10:49,000 во текот на целиот ваш живот. 273 00:10:49,000 --> 00:10:51,000 (смеа) 274 00:10:51,000 --> 00:10:53,000 Малку апсурдно, нели? 275 00:10:53,000 --> 00:10:55,000 Така е бидејќи ви треба дупката, а не бормашината. 276 00:10:55,000 --> 00:10:57,000 (смеа) 277 00:10:57,000 --> 00:10:59,000 (аплауз) 278 00:10:59,000 --> 00:11:01,000 Па зошто тогаш не изнајмите бормашина 279 00:11:01,000 --> 00:11:03,000 или, уште подобро, изнајмете ја вашата на други луѓе 280 00:11:03,000 --> 00:11:05,000 и заработете пари од неа? 281 00:11:05,000 --> 00:11:08,000 Сите три системи се здружуваат заедно 282 00:11:08,000 --> 00:11:10,000 и им дозволуваат на луѓето да споделуваат ресурси 283 00:11:10,000 --> 00:11:12,000 без притоа да го жртвуваат својот начин на живот 284 00:11:12,000 --> 00:11:14,000 или слободното време. 285 00:11:14,000 --> 00:11:16,000 Јас не барам од луѓето 286 00:11:16,000 --> 00:11:18,000 културно сè да си делат меѓусебе. 287 00:11:20,000 --> 00:11:22,000 Би сакала само да ви дадам пример за тоа 288 00:11:22,000 --> 00:11:24,000 колку влијателна може да биде заедничката потрошувачка 289 00:11:24,000 --> 00:11:26,000 врз однесувањето на луѓето. 290 00:11:26,000 --> 00:11:28,000 Трошоците за еден просечен автомобил 291 00:11:28,000 --> 00:11:31,000 чинат околу 8 000 долари годишно. 292 00:11:31,000 --> 00:11:33,000 А тој автомобил стои паркиран 293 00:11:33,000 --> 00:11:35,000 23 часа на ден. 294 00:11:35,000 --> 00:11:37,000 Па кога ќе размислите за овие два факта 295 00:11:37,000 --> 00:11:39,000 ви станува малку нелогично 296 00:11:39,000 --> 00:11:42,000 тоа дека морате да имате сопствен автомобил. 297 00:11:42,000 --> 00:11:44,000 Токму овде влегуваат во игра компаниите за 298 00:11:44,000 --> 00:11:46,000 споделување автомобили, како Zipcar и GoGet. 299 00:11:46,000 --> 00:11:48,000 Во 2009-та 300 00:11:48,000 --> 00:11:50,000 Zipcar експериментираше со 250 учесници 301 00:11:50,000 --> 00:11:53,000 од 13 различни градови -- 302 00:11:53,000 --> 00:11:55,000 декларирани зависници од автомобил 303 00:11:55,000 --> 00:11:57,000 кои немале искуство со ваквиот систем -- 304 00:11:57,000 --> 00:12:00,000 и ги натерале да ги предадат своите клучеви во текот на еден месец. 305 00:12:00,000 --> 00:12:02,000 Наместо да возат, овие луѓе морале да пешачат, 306 00:12:02,000 --> 00:12:04,000 да возат точак, да користат воз 307 00:12:04,000 --> 00:12:06,000 или други форми на јавен превоз. 308 00:12:06,000 --> 00:12:08,000 Им било дозволено да го употребат своето Zipcar членство 309 00:12:08,000 --> 00:12:10,000 исклучиво кога било апсолутно неопходно. 310 00:12:10,000 --> 00:12:13,000 Резултатите од овој предизвик, за само еден месец 311 00:12:13,000 --> 00:12:15,000 се покажаа како неверојатни! 312 00:12:15,000 --> 00:12:17,000 Воодушевувачки 200 кг. биле изгубени 313 00:12:17,000 --> 00:12:20,000 од самата физичка активност. 314 00:12:20,000 --> 00:12:22,000 Но, мојот омилен статистички податок 315 00:12:22,000 --> 00:12:24,000 е дека над 100, 316 00:12:24,000 --> 00:12:27,000 од вкупно 250 учесници, 317 00:12:27,000 --> 00:12:30,000 не ги сакале назад своите клучеви. 318 00:12:30,000 --> 00:12:32,000 Со други зборови, зависниците 319 00:12:32,000 --> 00:12:34,000 ја изгубиле потребата за сопствен автомобил. 320 00:12:34,000 --> 00:12:37,000 Системите за услуги постојат од многу одамна. 321 00:12:37,000 --> 00:12:39,000 Само помислете на библиотеки и јавни перални. 322 00:12:39,000 --> 00:12:41,000 Но јас мислам дека истите влегуваат во нова ера, 323 00:12:41,000 --> 00:12:43,000 бидејќи технологијата го прави споделувањето 324 00:12:43,000 --> 00:12:45,000 едноставно и забавно. 325 00:12:45,000 --> 00:12:48,000 Има еден одличен цитат објавен во Њујорк Тајмс 326 00:12:48,000 --> 00:12:50,000 кој вели: "Споделувањето е за сопственоста, 327 00:12:50,000 --> 00:12:53,000 она што ајподот е за музичката касета, 328 00:12:53,000 --> 00:12:56,000 и она што соларните панели се за рудниците за јаглен.“ 329 00:12:56,000 --> 00:12:59,000 Јас сум уверена, дека нашата генерација, 330 00:12:59,000 --> 00:13:02,000 нашиот однос кон задоволување на потребите 331 00:13:02,000 --> 00:13:04,000 е многу помалку материјален 332 00:13:04,000 --> 00:13:06,000 во однос на претходните генерации. 333 00:13:06,000 --> 00:13:09,000 Јас не го сакам ДВД-то; го сакам филмот кој го има. 334 00:13:09,000 --> 00:13:11,000 Не ја сакам гломазната телефонска секретарка; 335 00:13:11,000 --> 00:13:13,000 ја сакам пораката која е зачувана во неа. 336 00:13:13,000 --> 00:13:16,000 Не го сакам ЦД-то, туку музиката која ја свири. 337 00:13:16,000 --> 00:13:19,000 Со други зборови, не сакам предмети, 338 00:13:19,000 --> 00:13:22,000 туку ги сакам искуствата кои ни ги нудат. 339 00:13:22,000 --> 00:13:25,000 Ова предизвикува огромна промена 340 00:13:25,000 --> 00:13:27,000 каде употребата е поважна од сопственоста 341 00:13:27,000 --> 00:13:30,000 или, како што ќе рече Кевин Кели, уредник на списанието Wired 342 00:13:30,000 --> 00:13:33,000 „Каде достапноста е подобра од сопственоста." 343 00:13:33,000 --> 00:13:35,000 Е сега, како што нашата сопственост 344 00:13:35,000 --> 00:13:37,000 се дематеријализира во облаците, 345 00:13:37,000 --> 00:13:39,000 така се формира нејасна граница 346 00:13:39,000 --> 00:13:41,000 помеѓу она што е мое, твое 347 00:13:41,000 --> 00:13:43,000 и наше. 348 00:13:43,000 --> 00:13:45,000 Би сакала да посочам еден пример 349 00:13:45,000 --> 00:13:48,000 кој покажува колку брзо се случува оваа еволуција. 350 00:13:48,000 --> 00:13:51,000 Ова се однесува на временски период од 8 години. 351 00:13:51,000 --> 00:13:54,000 Преминавме од традиционалната сопственост на автомобили 352 00:13:54,000 --> 00:13:57,000 кон компании за споделување на автомобили, како Zipcar и GoGet, 353 00:13:57,000 --> 00:14:00,000 до онлајн платформи за споделување на сопствениот превоз, 354 00:14:00,000 --> 00:14:03,000 па се до најновиот изум за меѓусебно позајмување, 355 00:14:03,000 --> 00:14:06,000 преку кој, всушност, можете да заработите пари 356 00:14:06,000 --> 00:14:09,000 изнајмувајќи му ја на соседот вашата кола која ви стои 357 00:14:09,000 --> 00:14:11,000 во место 23 часа на ден. 358 00:14:11,000 --> 00:14:13,000 Е сега, сите овие системи 359 00:14:13,000 --> 00:14:15,000 бараат одреден степен на доверба, 360 00:14:15,000 --> 00:14:17,000 а основата за тоа да се оствари 361 00:14:17,000 --> 00:14:19,000 е угледот. 362 00:14:19,000 --> 00:14:21,000 Во стариот систем на потрошувачка, 363 00:14:21,000 --> 00:14:23,000 нашиот углед не беше од големо значење 364 00:14:23,000 --> 00:14:25,000 бидејќи многу поважна беше нашата кредитна историја, 365 00:14:25,000 --> 00:14:28,000 а не туѓото мислење за нас. 366 00:14:28,000 --> 00:14:31,000 Но сега на интернет ние постојано оставаме траги. 367 00:14:31,000 --> 00:14:34,000 Со секое спамување, 368 00:14:34,000 --> 00:14:37,000 со секое постирање, споделување на коментар, 369 00:14:37,000 --> 00:14:39,000 ние всушност покажуваме колку добро соработуваме, 370 00:14:39,000 --> 00:14:42,000 а со тоа и дали сме луѓе од доверба. 371 00:14:42,000 --> 00:14:44,000 Еве да се вратиме на првиот пример, 372 00:14:44,000 --> 00:14:46,000 Swaptree. 373 00:14:46,000 --> 00:14:48,000 Јас можев да видам дека Рондорон 374 00:14:48,000 --> 00:14:51,000 имал 553 размени 375 00:14:51,000 --> 00:14:54,000 кои биле 100% успешни. 376 00:14:54,000 --> 00:14:57,000 Со други зборови, јас можам да му/ѝ верувам. 377 00:14:58,000 --> 00:15:00,000 Запамтете ги моите зборови, 378 00:15:00,000 --> 00:15:02,000 во прашање е само време 379 00:15:02,000 --> 00:15:05,000 кога ќе можеме преку интернет да си го проверуваме 380 00:15:05,000 --> 00:15:07,000 рангот кој говори 381 00:15:07,000 --> 00:15:09,000 за нашиот углед. 382 00:15:09,000 --> 00:15:11,000 Токму овој ранг 383 00:15:11,000 --> 00:15:14,000 ќе го одреди нашиот пристап до заедничката потрошувачка. 384 00:15:14,000 --> 00:15:16,000 Оваa нова социјална валута, така да ја наречеме, 385 00:15:16,000 --> 00:15:19,000 може да стане исто толку важна како и вашата кредитоспособност. 386 00:15:20,000 --> 00:15:22,000 Како завршна мисла, 387 00:15:22,000 --> 00:15:25,000 верувам дека се наоѓаме во период 388 00:15:25,000 --> 00:15:27,000 во кој се будиме 389 00:15:27,000 --> 00:15:29,000 од еден тежок мамурлак 390 00:15:29,000 --> 00:15:31,000 предизвикан од празнина и загуби, 391 00:15:31,000 --> 00:15:33,000 и правиме отскок 392 00:15:33,000 --> 00:15:35,000 кон создавање на поодржлив систем 393 00:15:35,000 --> 00:15:37,000 формиран да им служи на нашите вродени потреби, 394 00:15:37,000 --> 00:15:40,000 за заедништво и личен идентитет. 395 00:15:40,000 --> 00:15:42,000 Уверена сум дека за него ќе се зборува 396 00:15:42,000 --> 00:15:44,000 како за револуција, така да ја наречеме, 397 00:15:44,000 --> 00:15:47,000 кога општеството, соочено со огромни предизвици 398 00:15:47,000 --> 00:15:49,000 успеало да направи сеизмичко поместување 399 00:15:49,000 --> 00:15:51,000 од индвидуална сопственост и потрошувачка 400 00:15:51,000 --> 00:15:54,000 кон повторно откривање на заедничкото добро. 401 00:15:54,000 --> 00:15:57,000 Мојата мисија е да го направам споделувањето популарно. 402 00:15:57,000 --> 00:15:59,000 Мојата мисија е да го направам модерно. 403 00:15:59,000 --> 00:16:01,000 Зошто верувам, дека може да ги промени 404 00:16:01,000 --> 00:16:03,000 застарените бизнис модели 405 00:16:03,000 --> 00:16:05,000 и да ни помогне да ги надминеме 406 00:16:05,000 --> 00:16:07,000 бескорисните форми на хипер-потршувачка 407 00:16:07,000 --> 00:16:10,000 и да ни укаже кога доволно е навистина доволно. 408 00:16:10,000 --> 00:16:12,000 Ви благодарам многу. 409 00:16:12,000 --> 00:16:14,000 (аплауз)