Return to Video

Сет Прибач : Играчката обвивка на светот

  • 0:00 - 0:03
    Се викам Сет Прибач. Јас сум главната нинџа на SCVNGR.
  • 0:03 - 0:05
    Со гордост го напуштив Принстон колеџот.
  • 0:05 - 0:07
    Исто така, со гордост се преселив овде во Бостон,
  • 0:07 - 0:09
    каде всушност и пораснав.
  • 0:09 - 0:11
    Да, Бостон.
  • 0:11 - 0:14
    Лесно ве привлеков. Треба всушност да одам и да ги именувам областите кои ги имаме овде.
  • 0:14 - 0:16
    Така, прилично сум решен да се обидам и изградам
  • 0:16 - 0:18
    играчки слој врз светот.
  • 0:18 - 0:20
    Ова е донекаде нов концепт, и е многу важен.
  • 0:20 - 0:22
    Бидејќи, додека последната декада
  • 0:22 - 0:24
    беше декада на социјалните рамки
  • 0:24 - 0:26
    и декада каде рамките
  • 0:26 - 0:28
    во кои се поврзувавме со луѓето беше градена,
  • 0:28 - 0:30
    следната декада ќе биде декадата каде
  • 0:30 - 0:32
    ќе се гради рамката на игрите,
  • 0:32 - 0:35
    каде мотивацијата која ја користиме да влијаеме на однесувањето во реалноста,
  • 0:35 - 0:37
    и рамката во која тоа е конструирано,
  • 0:37 - 0:39
    ќе се одлучува, и тоа е многу важно.
  • 0:39 - 0:42
    Затоа велам дека сакам да го изградам играчкиот слој на светот,
  • 0:42 - 0:44
    но тоа не е баш точно
  • 0:44 - 0:46
    бидејќи тој е веќе во изградба; тоа веќе се случува.
  • 0:46 - 0:48
    и вака изгледа во моментов.
  • 0:48 - 0:51
    Изгледа како вебот во 1997, нели?
  • 0:51 - 0:53
    Не е баш добар. Пренатрупан е.
  • 0:53 - 0:55
    Полн е со многу различни работи
  • 0:55 - 0:57
    и на кратко, не е баш забавен.
  • 0:57 - 1:00
    Имаме шеми за кредитни картички и милји за авио компании
  • 1:00 - 1:03
    и купончиња и сите овие шеми за лојалност
  • 1:03 - 1:05
    кои всушност користат динамика на игри
  • 1:05 - 1:08
    и кои всушност го градат играчкиот слој, но воопшто не ги бива.
  • 1:08 - 1:11
    Не се баш добро дизајнирани, нели?
  • 1:11 - 1:13
    Тое не е баш добро.
  • 1:13 - 1:15
    Но за среќа, како што вели мојот омилен акционен херој,
  • 1:15 - 1:17
    Боб Градителот
  • 1:17 - 1:19
    „Можеме да направиме подобро. Можеме ова да го изградиме подобро.“
  • 1:19 - 1:21
    А алатките, ресурсите
  • 1:21 - 1:23
    кои ги користиме да го изградиме играчкиот слој
  • 1:23 - 1:25
    се динамиките на игри.
  • 1:25 - 1:27
    И така, поентата на оваа презентација ќе оди низ
  • 1:27 - 1:30
    4 навистина важни динамики на игра, многу интересни работи,
  • 1:30 - 1:32
    кои, ако ги користите свесно,
  • 1:32 - 1:35
    може да влијаете на однесувањето,
  • 1:35 - 1:37
    како за добро, за лошо, или за тоа помеѓу.
  • 1:37 - 1:39
    Се надевам ќе биде за добро.
  • 1:39 - 1:41
    Но ова се на некој начин битните фази
  • 1:41 - 1:43
    во кои таа рамка ќе се изгради,
  • 1:43 - 1:46
    и треба сите сега свесно да размислуваме за неа.
  • 1:46 - 1:49
    Пред да скокнеме во правење на истата, има едно прашање: Зошто е ова важно?
  • 1:49 - 1:52
    Јас тврдам на некој начин дека постои играчки слој на светот,
  • 1:52 - 1:55
    и дека е многу важно да го изградиме правилно.
  • 1:55 - 1:57
    Причината зошто е тоа толку важно е дека, во последната декада,
  • 1:57 - 2:00
    она што го видовме кое го градеше социјалниот слој,
  • 2:00 - 2:03
    беше таа рамка на врски,
  • 2:03 - 2:06
    и конструкцијата на тој слој е готова, завршена.
  • 2:06 - 2:08
    Сеуште има многу за истражување.
  • 2:08 - 2:10
    Сеуште има многу луѓе кои се обидуваат да го разберат социјалниот елемент
  • 2:10 - 2:12
    и како да го искористиме ова
  • 2:12 - 2:14
    но рамката е веќе готова,
  • 2:14 - 2:17
    и се нарекува Фејсбук.
  • 2:17 - 2:20
    И тоа е во ред , така ? Многу луѓе се многу задоволни со Фејсбук.
  • 2:20 - 2:22
    Јас исто така многу го сакам.
  • 2:22 - 2:24
    тие го креираа Oпен Граф,
  • 2:24 - 2:26
    и ги поседуваат сите наши врски.
  • 2:26 - 2:28
    Тие поседуваат половина милијарда луѓе.
  • 2:28 - 2:30
    и кога сакате да изградите социјален слој,
  • 2:30 - 2:33
    рамката е веќе одлучена: тоа е Open Graph API-то.
  • 2:33 - 2:35
    и ако сте задоволни од тоа, супер.
  • 2:35 - 2:38
    Ако не сте, лоша работа. Не можете ништо да сторите околу тоа.
  • 2:38 - 2:41
    Но во следнава декада -- и тоа е реална работа.
  • 2:41 - 2:43
    Сакам да кажам, сакаме да ги изградиме рамките
  • 2:43 - 2:46
    на начин кој ги прави прифатливи
  • 2:46 - 2:48
    и ги тера, знаете, да бидат продуктивни понатаму во иднина.
  • 2:48 - 2:51
    Така социјалниот слој беше околу овие врски.
  • 2:51 - 2:53
    Слојот на игра е околу влијанието.
  • 2:53 - 2:55
    не е околу додавање социјално ткиво на вебот
  • 2:55 - 2:57
    и ваше поврзување со другите луѓе
  • 2:57 - 2:59
    насекаде каде сте или каде и да одите.
  • 2:59 - 3:02
    Тој е околу користењето динамика, користењето сили,
  • 3:02 - 3:04
    да се влијае на однесувањето
  • 3:04 - 3:06
    каде сте, што правите таму, и како го правите тоа.
  • 3:06 - 3:09
    Ова е навистина, многу моќно и ќе биде поважно од социјалниот слој.
  • 3:09 - 3:11
    Ќе ги афектира нашите животи подлабоко
  • 3:11 - 3:13
    и можеби поневидливо.
  • 3:13 - 3:15
    Затоа е неверојатно битно
  • 3:15 - 3:17
    да во овој момент, додека се конструира,
  • 3:17 - 3:20
    додека рамките како Фејсбук, или Опен Граф,
  • 3:20 - 3:22
    се креирани за слојот на игра ,
  • 3:22 - 3:24
    да размислуваме околу тоа свесно,
  • 3:24 - 3:26
    и да го направиме на начин кој е отворен,
  • 3:26 - 3:28
    кој е присутен, и кој ќе може да се искористи за добро.
  • 3:28 - 3:30
    И тоа е она што сакам да го зборувам за динамиките на игра,
  • 3:30 - 3:32
    бидејќи конструкцијата само што почна,
  • 3:32 - 3:34
    и колку посвесно размислуваме околу ова
  • 3:34 - 3:36
    подобро ќе може да го искористиме
  • 3:36 - 3:38
    за било што сакаме.
  • 3:38 - 3:41
    Како што реков, начинот на кој го градиме слојот на игра
  • 3:41 - 3:44
    не е со стакло и челик и цемент.
  • 3:44 - 3:46
    Ресурсите кои ги користиме не се овие
  • 3:46 - 3:49
    дво-димензионални парчиња земја кои ги имаме.
  • 3:49 - 3:52
    Ресурсите се размена на знаење и алатките, сировите материјали се овие динамики на игра.
  • 3:52 - 3:55
    Па така, знаете, има неколку динамики на игра за кои ќе зборуваме.
  • 3:55 - 3:57
    Четири. Во SCVNGR, сакаме да се шегуваме
  • 3:57 - 4:00
    дека со седумте динамики на игра, може било кого да го натерате да прави било што.
  • 4:00 - 4:02
    и затоа денеска, ќе ви презентирам четири,
  • 4:02 - 4:05
    бидејќи се надевам дека ќе ја задржиме компетитивната предност и после овој говор.
  • 4:05 - 4:08
    (Смеа)
  • 4:08 - 4:10
    Првата, е многу едноставна динамика на игра.
  • 4:10 - 4:12
    Се вика Динамика на Средба.
  • 4:12 - 4:14
    И ова е динамика во која за да успеат,
  • 4:14 - 4:16
    играчите треба да направат нешто во предефинирано време,
  • 4:16 - 4:18
    генерално на предефинирано место.
  • 4:18 - 4:20
    И овие динамики се малку застрашувачки на моменти,
  • 4:20 - 4:22
    бидејќи си мислите, знаете,
  • 4:22 - 4:24
    други луѓе може да ги користат овие сили за манипулација
  • 4:24 - 4:27
    како правам интеракција, што правам,каде ја правам, кога ја правам.
  • 4:27 - 4:29
    Оваа загуба на слободна волја која се случува во игрите
  • 4:29 - 4:31
    може да биде застрашувачка.
  • 4:31 - 4:33
    со секоја динамика , ќе ви дадам 3 примери --
  • 4:33 - 4:36
    еден кој покажува како ова веќе се користи во светот,
  • 4:36 - 4:38
    за да може да го рационализирате малку,
  • 4:38 - 4:41
    и еден кој го покажува она што го сметаме за конвенционална игра --
  • 4:41 - 4:43
    јас мислам дека се е игра, ова е
  • 4:43 - 4:46
    повеќе од она што би мислеле дека е игра на табла или на компјутерски екран,
  • 4:46 - 4:48
    и уште еден како ова може да се користи за добро,
  • 4:48 - 4:50
    за да може да видиме дека овие сили може да се доста моќни.
  • 4:50 - 4:53
    Првата -- најпознатата динамика за средби во светот --
  • 4:53 - 4:56
    е нешто што се вика happy hour.
  • 4:56 - 4:59
    Јас доста скоро го напуштив Принстон
  • 4:59 - 5:01
    и всушност за првпат се најдов во бар,
  • 5:01 - 5:04
    и ги видов тие happy hour работи во секое место , нели.
  • 5:04 - 5:06
    и ова е едноставно динамика за средби.
  • 5:06 - 5:08
    Дојдете тука во одредено време, и добијте ги пијачките за половина цена.
  • 5:08 - 5:11
    За да добиете, се што треба да направите е да бидете на правото место во правото време.
  • 5:12 - 5:14
    Оваа динамика на игри е толку моќна,
  • 5:14 - 5:17
    што не само што влијае на нашето однесување, туку влијае и на целата култура.
  • 5:17 - 5:19
    Тоа е многу застрашувачка помисла,
  • 5:19 - 5:22
    дека една динамика на игри може да ги смени работите толку силно.
  • 5:22 - 5:24
    Ова исто така постои и во поконвенционалните форми на игри.
  • 5:24 - 5:26
    Сигурен сум дека сте чуле за Фармвил до сега.
  • 5:26 - 5:28
    Ако не сте чуле, препорачувам да играте.
  • 5:28 - 5:30
    нема да направите ништо до крајот на денот.
  • 5:30 - 5:33
    Фармвил има повеќе активни корисници од Твитер.
  • 5:33 - 5:35
    Неверојатно е моќна и ја имаа оваа динамика
  • 5:35 - 5:37
    каде мора да се вратите во одредено време
  • 5:37 - 5:40
    за да ги наводните посевите -- лажни посеви - или ќе овенат.
  • 5:40 - 5:43
    И ова е толку моќно што, кога ги подесуваат статистиките,
  • 5:43 - 5:45
    кога ќе ви кажат дека вашите посеви венеат
  • 5:45 - 5:48
    после 8 часа,или после 6 часа ,или по 24 часа,
  • 5:48 - 5:50
    тоа го менува секојдневието
  • 5:50 - 5:52
    на 70 и нешто милиони луѓе во текот на денот.
  • 5:52 - 5:55
    Тие доаѓаат како по часовник во различни времиња.
  • 5:55 - 5:58
    Така ако сакаа да го натераат светот да запре, ако сакаат да запре продуктивноста
  • 5:58 - 6:00
    можеле да ги направат циклусите на 30 минути
  • 6:00 - 6:02
    и никој немаше да прави ништо друго.
  • 6:02 - 6:04
    (Смеа)
  • 6:04 - 6:06
    Тоа е малку страшно.
  • 6:06 - 6:08
    Но ова исто така може да се користи за добро.
  • 6:08 - 6:10
    Ова е локална компанија која се вика Виталити, и тие креираа производ
  • 6:10 - 6:12
    кој им помага на луѓето да ги пијат апчињата на време.
  • 6:12 - 6:14
    Тоа е договорен состанок.
  • 6:14 - 6:16
    Тоа е нешто што луѓето не го прават многу добро.
  • 6:16 - 6:19
    И тие ги имаат овие Глоукапс кои,знаете, светкаат и ви праќаат емаилови
  • 6:19 - 6:21
    и прават разни кул работи за да ве потсетат да си ги земете лековите.
  • 6:21 - 6:23
    Следново не е игра сеуште ,но навистина би требало да биде.
  • 6:23 - 6:25
    Треба да добивате поени за да го правите ова на време.
  • 6:25 - 6:27
    и треба да губите поени ако не го правите на време.
  • 6:27 - 6:29
    Тие треба свесно да препознаат
  • 6:29 - 6:31
    дека вградиле динамика на состаноци и да ги искористат игрите.
  • 6:31 - 6:34
    и тогаш можете да направите добро на интересни начини.
  • 6:34 - 6:36
    Ќе прејдеме на следната , можеби. Да.
  • 6:36 - 6:38
    Влијание и статус.
  • 6:38 - 6:40
    Ова е една од најпознатите динамики на игра.
  • 6:40 - 6:42
    Се користи насекаде.
  • 6:42 - 6:44
    го користите во вашите паричници, во моментов.
  • 6:44 - 6:46
    сите ја сакаме картичката на десниот крај
  • 6:46 - 6:48
    бидејќи е црна.
  • 6:48 - 6:50
    и кога гледате некој во ЦВС или --
  • 6:50 - 6:53
    не ЦВС -- во Кристијан Диор или слично, и тогаш...
  • 6:53 - 6:56
    не знам. немам црна картичка, јас имам само дебитна картичка.
  • 6:56 - 6:59
    (Смеа)
  • 6:59 - 7:01
    Тогаш ја вадат. И гледате луѓе кои ја имаат црната картичка.
  • 7:01 - 7:03
    И јас го сакам тоа бидејќи тоа значи дека сте покул од мене,
  • 7:03 - 7:05
    и тоа и мене ми треба.
  • 7:05 - 7:07
    И ова се користи во игри исто така.
  • 7:07 - 7:10
    „Модерно војување“, една од најпознатите игри на сите времиња.
  • 7:10 - 7:13
    Јас сум само до ниво 4, а очајно сакам да сум до ниво 10,
  • 7:13 - 7:15
    бидејќи имаат кул црвени значки,
  • 7:15 - 7:18
    и тоа значи дека јас сум некако подобар од сите останати.
  • 7:18 - 7:21
    И тоа е многу силно за мене. Статусот е многу добар мотиватор.
  • 7:21 - 7:23
    Исто се користи и во поконвеционални средини
  • 7:23 - 7:26
    и може да се користи свесно во конвенционални ситуации.
  • 7:26 - 7:29
    Училиште -- и сетете се, успеав да пројдам една година,
  • 7:29 - 7:31
    па сметам дека сум квалификуван да зборувам за училишта --
  • 7:31 - 7:34
    е игра, само што не е многу добро дизајнирана, нели.
  • 7:34 - 7:37
    Има нивоа. Има 3ки. Има 4ки. Има 5ки.
  • 7:37 - 7:40
    Има статуси. Мислам што е да се биде прв во класот , ако не статус ?
  • 7:40 - 7:44
    Ако го крстевме „бел витез паладин ниво 20“,
  • 7:44 - 7:47
    мислам дека луѓето веројатно ќе се трудеа многу повеќе.
  • 7:47 - 7:49
    (Смеа)
  • 7:50 - 7:53
    Училиштата се игра, и имало доста експерименти
  • 7:53 - 7:55
    како да ја играме правилно.
  • 7:55 - 7:58
    но ајде да го гледаме свесно. Зошто да имаме игри каде може да изгубите?
  • 7:58 - 8:00
    Зошто да одиме од 5 до 1 или од 4 на 3 ?
  • 8:00 - 8:02
    тоа нечини. зошто да не добиваме нови нивоа ?
  • 8:02 - 8:04
    И во Принстон, всушност експериментираа со ова,
  • 8:04 - 8:06
    и имаа тестови каде добиваш поени на искуство,
  • 8:06 - 8:08
    и добиваш ново ниво од 4 на 5.
  • 8:08 - 8:10
    И е многу моќно.
  • 8:10 - 8:13
    Може да се користи на интересни начини.
  • 8:13 - 8:15
    Третата за која сакам да зборувам набрзина е динамика на прогресија,
  • 8:15 - 8:17
    каде мора да правите прогрес,
  • 8:17 - 8:20
    треба да правите различни чекори на многу грануларен , фин, начин.
  • 8:20 - 8:23
    Ова се користи насекаде, вклучувајќи го LinkedIn,
  • 8:23 - 8:25
    каде јас сум нецела личност.
  • 8:25 - 8:28
    Јас сум само 85% комплетен на LinkedIn,
  • 8:28 - 8:30
    и тоа ми пречи.
  • 8:30 - 8:33
    Ова е толку длабоко вградено во нашата психа
  • 8:33 - 8:35
    што, кога ќе ни покажат линија на прогрес
  • 8:35 - 8:37
    заедно со лесни ,грануларни чекори
  • 8:37 - 8:40
    за да се комплетира линијата на успех, ние ќе го сториме тоа.
  • 8:40 - 8:42
    Ќе најдеме начин да ја исполниме таа сина линија.
  • 8:42 - 8:45
    целосно до десниот крај на екранот.
  • 8:45 - 8:47
    Ова исто така се користи и во конвенционални игри.
  • 8:47 - 8:49
    Мислам, го гледате тој паладин ниво 10,
  • 8:49 - 8:51
    и онаму има паладин ниво 20,
  • 8:51 - 8:54
    и ако треба да се борите , знаете, со Орки во полињата на Мордор
  • 8:54 - 8:56
    против Раз ал Гул,
  • 8:56 - 8:58
    веројатно сакате да сте оној поголемиот, нели.
  • 8:58 - 9:00
    Јас би сакал.
  • 9:00 - 9:02
    и така луѓето многу се трудат за да добијат нивоа.
  • 9:02 - 9:05
    „World of Warcraft" е една од најуспешните игри на сите времиња.
  • 9:05 - 9:07
    Просечниот играч троши некаде околу
  • 9:07 - 9:09
    6 , 6 и пол часови на ден.
  • 9:09 - 9:12
    за најпосветените играчи, е како вистинска работа.
  • 9:12 - 9:15
    Тоа е лудо. И имаат разни системи каде можеш да добиеш ниво.
  • 9:15 - 9:18
    И тоа е многу моќна работа. Прогресијата е моќна.
  • 9:19 - 9:22
    Може да се користи на многу привлечен начин за добро.
  • 9:22 - 9:24
    Една од работите на кои работиме во SCVNGR
  • 9:24 - 9:27
    е како да ги користиме игрите за да насочуваме сообраќај и поттикнуваме бизнис кај локалните продавници,
  • 9:27 - 9:29
    кон нешто што е многу клучно за економијата.
  • 9:29 - 9:32
    И тука имаме игри кои луѓето ги играат.
  • 9:32 - 9:34
    Тие одат на места, прават задачи, добиваат поени.
  • 9:34 - 9:36
    И ја воведовме и динамиката на прогресија во ова,
  • 9:36 - 9:38
    каде , со одење на истото место повторно и повторно,
  • 9:38 - 9:40
    со правење предизвици, и интеракција со продавниците,
  • 9:40 - 9:43
    поместувате зелена лента од лево на екранот кон десниот крај на екранот,
  • 9:43 - 9:45
    и потоа добивате награди.
  • 9:45 - 9:47
    И ова е доволно моќно што гледаме
  • 9:47 - 9:49
    дека привлекува луѓе со овие динамики,
  • 9:49 - 9:51
    ги влече назад кон истата локална продавница,
  • 9:51 - 9:53
    креира голема лојалност, креира инволвираност,
  • 9:53 - 9:55
    и е во можност да постигне значаен приход
  • 9:55 - 9:57
    и забава и инволвираност за бизнисот.
  • 9:57 - 9:59
    Овие динамики на прогресија се моќни
  • 9:59 - 10:01
    и може да се користат во реалниот свет.
  • 10:01 - 10:04
    Финалната за која сакам да ви зборувам -- и е одлична за крај --
  • 10:04 - 10:06
    е овој концепт на комунално откривање,
  • 10:06 - 10:09
    динамика во која сите мора да работат заедно
  • 10:09 - 10:11
    за да постигнат нешто.
  • 10:11 - 10:13
    И комуналното откривање е моќно бидејќи влијае
  • 10:13 - 10:15
    на општествената мрежа за да
  • 10:15 - 10:18
    реши проблеми.
  • 10:18 - 10:21
    Ова се користи во некои од нашите славни потрошувачки веб приказни,
  • 10:21 - 10:23
    како Digg, за кој сум сигурен дека сте чуле сите.
  • 10:23 - 10:25
    Digg e комунална динамика
  • 10:25 - 10:27
    која се обидува да ги најде и да ги собере најдобрите вести,
  • 10:27 - 10:29
    најинтересните приказни.
  • 10:29 - 10:31
    И тие го имаат ова направено како игра, иницијално.
  • 10:31 - 10:34
    Имаа ранг листа, каде, ако вие ги препорачувате најдобрите приказни,
  • 10:34 - 10:36
    ќе добиете поени.
  • 10:36 - 10:38
    И ова навистина ги мотивираше луѓето за да ги најдат најдобрите приказни.
  • 10:38 - 10:41
    Но стана толку моќно, што имаше всушност таен круг,
  • 10:41 - 10:44
    група на луѓе , најдобрите седум на ранг листата,
  • 10:44 - 10:47
    кои работеа заедно за да се осигураат дека ќе ја задржат таа позиција.
  • 10:47 - 10:49
    и тие ги препорачуваа приказните од другите луѓе.
  • 10:49 - 10:51
    И тогаш играта стана посилна од целта.
  • 10:51 - 10:53
    И на крајот мораа да ја исклучат ранг листата
  • 10:53 - 10:55
    бидејќи, иако беше ефикасна,
  • 10:55 - 10:57
    беше толку моќна што можеше да запре некои од најдобрите приказни
  • 10:57 - 11:00
    со тоа што луѓето работеа да го одржат своето водство.
  • 11:00 - 11:02
    Затоа, ова мора да го користиме многу внимателно.
  • 11:02 - 11:04
    Исто така се користи на места како Мекдоналдс Монополот,
  • 11:04 - 11:06
    каде играта не е монополот што го играте,
  • 11:06 - 11:08
    туку малите индустрии кои
  • 11:08 - 11:10
    се обидуваат да се најдат на големиот пат, нели.
  • 11:10 - 11:13
    и сега тие само бараат да најдат мала налепница која вели „Бордвок“.
  • 11:13 - 11:15
    Но може да се користи и во реални работи.
  • 11:15 - 11:17
    Ова е DARPA предизвикот со балон,
  • 11:17 - 11:20
    каде имаа скриено балони низ Соединетите Држави
  • 11:20 - 11:22
    и рекоа,„ Користете мрежи.
  • 11:22 - 11:25
    Обидете се да ги најдете балоните најбрзо, а победникот ќе добие 40 000 долари“.
  • 11:25 - 11:27
    И победниците беа всушност група од МИТ,
  • 11:27 - 11:29
    кои креираа некаква пирамидална шема, мрежа,
  • 11:29 - 11:31
    каде првиот човек кој ќе препорача локација на балон
  • 11:31 - 11:34
    добива 2 000 долари и секој кој ќе ја помогне таа препорака
  • 11:34 - 11:36
    исто така добива дел од парите.
  • 11:36 - 11:38
    и за 12 часа, можеа да ги најдат
  • 11:38 - 11:40
    сите балони, низ целата земја, нели.
  • 11:40 - 11:42
    Навистина моќна динамика.
  • 11:42 - 11:45
    И така, имам уште 20 секунди,
  • 11:45 - 11:47
    така ќе ве оставам со нешто, дека
  • 11:47 - 11:49
    последната декада беше декада на социјализација.
  • 11:49 - 11:51
    Следната декада е декада на игри.
  • 11:51 - 11:53
    Користиме динамики на игра врз кои ќе градиме. Градиме распределба на знаење.
  • 11:53 - 11:55
    Можеме да влијаеме на однесувањето.
  • 11:55 - 11:57
    Тоа е многу моќно. Тоа е многу возбудливо.
  • 11:57 - 12:00
    ајде да го градиме заедно, ајде да го градиме добро и да се забавуваме играјќи.
Title:
Сет Прибач : Играчката обвивка на светот
Speaker:
Seth Priebatsch
Description:

До сега , се навикнавме да му дозволуваме на Фејсбук и на Твитер да ги прибираат нашите социјални животи во интернет мрежата -- градејќи „социјална обвивка“ врз реалниот свет. На ТEДхБостон, Сет Прибач ја разгледува следната обвивка во овој прогрес: „играчкиот слој“, сеопфатна мрежа на управувачко-однесување преку динамики на игри кои ќе ги обликуваат едукацијата и економијата.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:02
Marko Marcevski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions