0:00:00.000,0:00:03.000 Се викам Сет Прибач. Јас сум главната нинџа на SCVNGR. 0:00:03.000,0:00:05.000 Со гордост го напуштив Принстон колеџот. 0:00:05.000,0:00:07.000 Исто така, со гордост се преселив овде во Бостон, 0:00:07.000,0:00:09.000 каде всушност и пораснав. 0:00:09.000,0:00:11.000 Да, Бостон. 0:00:11.000,0:00:14.000 Лесно ве привлеков. Треба всушност да одам и да ги именувам областите кои ги имаме овде. 0:00:14.000,0:00:16.000 Така, прилично сум решен да се обидам и изградам 0:00:16.000,0:00:18.000 играчки слој врз светот. 0:00:18.000,0:00:20.000 Ова е донекаде нов концепт, и е многу важен. 0:00:20.000,0:00:22.000 Бидејќи, додека последната декада 0:00:22.000,0:00:24.000 беше декада на социјалните рамки 0:00:24.000,0:00:26.000 и декада каде рамките 0:00:26.000,0:00:28.000 во кои се поврзувавме со луѓето беше градена, 0:00:28.000,0:00:30.000 следната декада ќе биде декадата каде 0:00:30.000,0:00:32.000 ќе се гради рамката на игрите, 0:00:32.000,0:00:35.000 каде мотивацијата која ја користиме да влијаеме на однесувањето во реалноста, 0:00:35.000,0:00:37.000 и рамката во која тоа е конструирано, 0:00:37.000,0:00:39.000 ќе се одлучува, и тоа е многу важно. 0:00:39.000,0:00:42.000 Затоа велам дека сакам да го изградам играчкиот слој на светот, 0:00:42.000,0:00:44.000 но тоа не е баш точно 0:00:44.000,0:00:46.000 бидејќи тој е веќе во изградба; тоа веќе се случува. 0:00:46.000,0:00:48.000 и вака изгледа во моментов. 0:00:48.000,0:00:51.000 Изгледа како вебот во 1997, нели? 0:00:51.000,0:00:53.000 Не е баш добар. Пренатрупан е. 0:00:53.000,0:00:55.000 Полн е со многу различни работи 0:00:55.000,0:00:57.000 и на кратко, не е баш забавен. 0:00:57.000,0:01:00.000 Имаме шеми за кредитни картички и милји за авио компании 0:01:00.000,0:01:03.000 и купончиња и сите овие шеми за лојалност 0:01:03.000,0:01:05.000 кои всушност користат динамика на игри 0:01:05.000,0:01:08.000 и кои всушност го градат играчкиот слој, но воопшто не ги бива. 0:01:08.000,0:01:11.000 Не се баш добро дизајнирани, нели? 0:01:11.000,0:01:13.000 Тое не е баш добро. 0:01:13.000,0:01:15.000 Но за среќа, како што вели мојот омилен акционен херој, 0:01:15.000,0:01:17.000 Боб Градителот 0:01:17.000,0:01:19.000 „Можеме да направиме подобро. Можеме ова да го изградиме подобро.“ 0:01:19.000,0:01:21.000 А алатките, ресурсите 0:01:21.000,0:01:23.000 кои ги користиме да го изградиме играчкиот слој 0:01:23.000,0:01:25.000 се динамиките на игри. 0:01:25.000,0:01:27.000 И така, поентата на оваа презентација ќе оди низ 0:01:27.000,0:01:30.000 4 навистина важни динамики на игра, многу интересни работи, 0:01:30.000,0:01:32.000 кои, ако ги користите свесно, 0:01:32.000,0:01:35.000 може да влијаете на однесувањето, 0:01:35.000,0:01:37.000 како за добро, за лошо, или за тоа помеѓу. 0:01:37.000,0:01:39.000 Се надевам ќе биде за добро. 0:01:39.000,0:01:41.000 Но ова се на некој начин битните фази 0:01:41.000,0:01:43.000 во кои таа рамка ќе се изгради, 0:01:43.000,0:01:46.000 и треба сите сега свесно да размислуваме за неа. 0:01:46.000,0:01:49.000 Пред да скокнеме во правење на истата, има едно прашање: Зошто е ова важно? 0:01:49.000,0:01:52.000 Јас тврдам на некој начин дека постои играчки слој на светот, 0:01:52.000,0:01:55.000 и дека е многу важно да го изградиме правилно. 0:01:55.000,0:01:57.000 Причината зошто е тоа толку важно е дека, во последната декада, 0:01:57.000,0:02:00.000 она што го видовме кое го градеше социјалниот слој, 0:02:00.000,0:02:03.000 беше таа рамка на врски, 0:02:03.000,0:02:06.000 и конструкцијата на тој слој е готова, завршена. 0:02:06.000,0:02:08.000 Сеуште има многу за истражување. 0:02:08.000,0:02:10.000 Сеуште има многу луѓе кои се обидуваат да го разберат социјалниот елемент 0:02:10.000,0:02:12.000 и како да го искористиме ова 0:02:12.000,0:02:14.000 но рамката е веќе готова, 0:02:14.000,0:02:17.000 и се нарекува Фејсбук. 0:02:17.000,0:02:20.000 И тоа е во ред , така ? Многу луѓе се многу задоволни со Фејсбук. 0:02:20.000,0:02:22.000 Јас исто така многу го сакам. 0:02:22.000,0:02:24.000 тие го креираа Oпен Граф, 0:02:24.000,0:02:26.000 и ги поседуваат сите наши врски. 0:02:26.000,0:02:28.000 Тие поседуваат половина милијарда луѓе. 0:02:28.000,0:02:30.000 и кога сакате да изградите социјален слој, 0:02:30.000,0:02:33.000 рамката е веќе одлучена: тоа е Open Graph API-то. 0:02:33.000,0:02:35.000 и ако сте задоволни од тоа, супер. 0:02:35.000,0:02:38.000 Ако не сте, лоша работа. Не можете ништо да сторите околу тоа. 0:02:38.000,0:02:41.000 Но во следнава декада -- и тоа е реална работа. 0:02:41.000,0:02:43.000 Сакам да кажам, сакаме да ги изградиме рамките 0:02:43.000,0:02:46.000 на начин кој ги прави прифатливи 0:02:46.000,0:02:48.000 и ги тера, знаете, да бидат продуктивни понатаму во иднина. 0:02:48.000,0:02:51.000 Така социјалниот слој беше околу овие врски. 0:02:51.000,0:02:53.000 Слојот на игра е околу влијанието. 0:02:53.000,0:02:55.000 не е околу додавање социјално ткиво на вебот 0:02:55.000,0:02:57.000 и ваше поврзување со другите луѓе 0:02:57.000,0:02:59.000 насекаде каде сте или каде и да одите. 0:02:59.000,0:03:02.000 Тој е околу користењето динамика, користењето сили, 0:03:02.000,0:03:04.000 да се влијае на однесувањето 0:03:04.000,0:03:06.000 каде сте, што правите таму, и како го правите тоа. 0:03:06.000,0:03:09.000 Ова е навистина, многу моќно и ќе биде поважно од социјалниот слој. 0:03:09.000,0:03:11.000 Ќе ги афектира нашите животи подлабоко 0:03:11.000,0:03:13.000 и можеби поневидливо. 0:03:13.000,0:03:15.000 Затоа е неверојатно битно 0:03:15.000,0:03:17.000 да во овој момент, додека се конструира, 0:03:17.000,0:03:20.000 додека рамките како Фејсбук, или Опен Граф, 0:03:20.000,0:03:22.000 се креирани за слојот на игра , 0:03:22.000,0:03:24.000 да размислуваме околу тоа свесно, 0:03:24.000,0:03:26.000 и да го направиме на начин кој е отворен, 0:03:26.000,0:03:28.000 кој е присутен, и кој ќе може да се искористи за добро. 0:03:28.000,0:03:30.000 И тоа е она што сакам да го зборувам за динамиките на игра, 0:03:30.000,0:03:32.000 бидејќи конструкцијата само што почна, 0:03:32.000,0:03:34.000 и колку посвесно размислуваме околу ова 0:03:34.000,0:03:36.000 подобро ќе може да го искористиме 0:03:36.000,0:03:38.000 за било што сакаме. 0:03:38.000,0:03:41.000 Како што реков, начинот на кој го градиме слојот на игра 0:03:41.000,0:03:44.000 не е со стакло и челик и цемент. 0:03:44.000,0:03:46.000 Ресурсите кои ги користиме не се овие 0:03:46.000,0:03:49.000 дво-димензионални парчиња земја кои ги имаме. 0:03:49.000,0:03:52.000 Ресурсите се размена на знаење и алатките, сировите материјали се овие динамики на игра. 0:03:52.000,0:03:55.000 Па така, знаете, има неколку динамики на игра за кои ќе зборуваме. 0:03:55.000,0:03:57.000 Четири. Во SCVNGR, сакаме да се шегуваме 0:03:57.000,0:04:00.000 дека со седумте динамики на игра, може било кого да го натерате да прави било што. 0:04:00.000,0:04:02.000 и затоа денеска, ќе ви презентирам четири, 0:04:02.000,0:04:05.000 бидејќи се надевам дека ќе ја задржиме компетитивната предност и после овој говор. 0:04:05.000,0:04:08.000 (Смеа) 0:04:08.000,0:04:10.000 Првата, е многу едноставна динамика на игра. 0:04:10.000,0:04:12.000 Се вика Динамика на Средба. 0:04:12.000,0:04:14.000 И ова е динамика во која за да успеат, 0:04:14.000,0:04:16.000 играчите треба да направат нешто во предефинирано време, 0:04:16.000,0:04:18.000 генерално на предефинирано место. 0:04:18.000,0:04:20.000 И овие динамики се малку застрашувачки на моменти, 0:04:20.000,0:04:22.000 бидејќи си мислите, знаете, 0:04:22.000,0:04:24.000 други луѓе може да ги користат овие сили за манипулација 0:04:24.000,0:04:27.000 како правам интеракција, што правам,каде ја правам, кога ја правам. 0:04:27.000,0:04:29.000 Оваа загуба на слободна волја која се случува во игрите 0:04:29.000,0:04:31.000 може да биде застрашувачка. 0:04:31.000,0:04:33.000 со секоја динамика , ќе ви дадам 3 примери -- 0:04:33.000,0:04:36.000 еден кој покажува како ова веќе се користи во светот, 0:04:36.000,0:04:38.000 за да може да го рационализирате малку, 0:04:38.000,0:04:41.000 и еден кој го покажува она што го сметаме за конвенционална игра -- 0:04:41.000,0:04:43.000 јас мислам дека се е игра, ова е 0:04:43.000,0:04:46.000 повеќе од она што би мислеле дека е игра на табла или на компјутерски екран, 0:04:46.000,0:04:48.000 и уште еден како ова може да се користи за добро, 0:04:48.000,0:04:50.000 за да може да видиме дека овие сили може да се доста моќни. 0:04:50.000,0:04:53.000 Првата -- најпознатата динамика за средби во светот -- 0:04:53.000,0:04:56.000 е нешто што се вика happy hour. 0:04:56.000,0:04:59.000 Јас доста скоро го напуштив Принстон 0:04:59.000,0:05:01.000 и всушност за првпат се најдов во бар, 0:05:01.000,0:05:04.000 и ги видов тие happy hour работи во секое место , нели. 0:05:04.000,0:05:06.000 и ова е едноставно динамика за средби. 0:05:06.000,0:05:08.000 Дојдете тука во одредено време, и добијте ги пијачките за половина цена. 0:05:08.000,0:05:11.000 За да добиете, се што треба да направите е да бидете на правото место во правото време. 0:05:12.000,0:05:14.000 Оваа динамика на игри е толку моќна, 0:05:14.000,0:05:17.000 што не само што влијае на нашето однесување, туку влијае и на целата култура. 0:05:17.000,0:05:19.000 Тоа е многу застрашувачка помисла, 0:05:19.000,0:05:22.000 дека една динамика на игри може да ги смени работите толку силно. 0:05:22.000,0:05:24.000 Ова исто така постои и во поконвенционалните форми на игри. 0:05:24.000,0:05:26.000 Сигурен сум дека сте чуле за Фармвил до сега. 0:05:26.000,0:05:28.000 Ако не сте чуле, препорачувам да играте. 0:05:28.000,0:05:30.000 нема да направите ништо до крајот на денот. 0:05:30.000,0:05:33.000 Фармвил има повеќе активни корисници од Твитер. 0:05:33.000,0:05:35.000 Неверојатно е моќна и ја имаа оваа динамика 0:05:35.000,0:05:37.000 каде мора да се вратите во одредено време 0:05:37.000,0:05:40.000 за да ги наводните посевите -- лажни посеви - или ќе овенат. 0:05:40.000,0:05:43.000 И ова е толку моќно што, кога ги подесуваат статистиките, 0:05:43.000,0:05:45.000 кога ќе ви кажат дека вашите посеви венеат 0:05:45.000,0:05:48.000 после 8 часа,или после 6 часа ,или по 24 часа, 0:05:48.000,0:05:50.000 тоа го менува секојдневието 0:05:50.000,0:05:52.000 на 70 и нешто милиони луѓе во текот на денот. 0:05:52.000,0:05:55.000 Тие доаѓаат како по часовник во различни времиња. 0:05:55.000,0:05:58.000 Така ако сакаа да го натераат светот да запре, ако сакаат да запре продуктивноста 0:05:58.000,0:06:00.000 можеле да ги направат циклусите на 30 минути 0:06:00.000,0:06:02.000 и никој немаше да прави ништо друго. 0:06:02.000,0:06:04.000 (Смеа) 0:06:04.000,0:06:06.000 Тоа е малку страшно. 0:06:06.000,0:06:08.000 Но ова исто така може да се користи за добро. 0:06:08.000,0:06:10.000 Ова е локална компанија која се вика Виталити, и тие креираа производ 0:06:10.000,0:06:12.000 кој им помага на луѓето да ги пијат апчињата на време. 0:06:12.000,0:06:14.000 Тоа е договорен состанок. 0:06:14.000,0:06:16.000 Тоа е нешто што луѓето не го прават многу добро. 0:06:16.000,0:06:19.000 И тие ги имаат овие Глоукапс кои,знаете, светкаат и ви праќаат емаилови 0:06:19.000,0:06:21.000 и прават разни кул работи за да ве потсетат да си ги земете лековите. 0:06:21.000,0:06:23.000 Следново не е игра сеуште ,но навистина би требало да биде. 0:06:23.000,0:06:25.000 Треба да добивате поени за да го правите ова на време. 0:06:25.000,0:06:27.000 и треба да губите поени ако не го правите на време. 0:06:27.000,0:06:29.000 Тие треба свесно да препознаат 0:06:29.000,0:06:31.000 дека вградиле динамика на состаноци и да ги искористат игрите. 0:06:31.000,0:06:34.000 и тогаш можете да направите добро на интересни начини. 0:06:34.000,0:06:36.000 Ќе прејдеме на следната , можеби. Да. 0:06:36.000,0:06:38.000 Влијание и статус. 0:06:38.000,0:06:40.000 Ова е една од најпознатите динамики на игра. 0:06:40.000,0:06:42.000 Се користи насекаде. 0:06:42.000,0:06:44.000 го користите во вашите паричници, во моментов. 0:06:44.000,0:06:46.000 сите ја сакаме картичката на десниот крај 0:06:46.000,0:06:48.000 бидејќи е црна. 0:06:48.000,0:06:50.000 и кога гледате некој во ЦВС или -- 0:06:50.000,0:06:53.000 не ЦВС -- во Кристијан Диор или слично, и тогаш... 0:06:53.000,0:06:56.000 не знам. немам црна картичка, јас имам само дебитна картичка. 0:06:56.000,0:06:59.000 (Смеа) 0:06:59.000,0:07:01.000 Тогаш ја вадат. И гледате луѓе кои ја имаат црната картичка. 0:07:01.000,0:07:03.000 И јас го сакам тоа бидејќи тоа значи дека сте покул од мене, 0:07:03.000,0:07:05.000 и тоа и мене ми треба. 0:07:05.000,0:07:07.000 И ова се користи во игри исто така. 0:07:07.000,0:07:10.000 „Модерно војување“, една од најпознатите игри на сите времиња. 0:07:10.000,0:07:13.000 Јас сум само до ниво 4, а очајно сакам да сум до ниво 10, 0:07:13.000,0:07:15.000 бидејќи имаат кул црвени значки, 0:07:15.000,0:07:18.000 и тоа значи дека јас сум некако подобар од сите останати. 0:07:18.000,0:07:21.000 И тоа е многу силно за мене. Статусот е многу добар мотиватор. 0:07:21.000,0:07:23.000 Исто се користи и во поконвеционални средини 0:07:23.000,0:07:26.000 и може да се користи свесно во конвенционални ситуации. 0:07:26.000,0:07:29.000 Училиште -- и сетете се, успеав да пројдам една година, 0:07:29.000,0:07:31.000 па сметам дека сум квалификуван да зборувам за училишта -- 0:07:31.000,0:07:34.000 е игра, само што не е многу добро дизајнирана, нели. 0:07:34.000,0:07:37.000 Има нивоа. Има 3ки. Има 4ки. Има 5ки. 0:07:37.000,0:07:40.000 Има статуси. Мислам што е да се биде прв во класот , ако не статус ? 0:07:40.000,0:07:44.000 Ако го крстевме „бел витез паладин ниво 20“, 0:07:44.000,0:07:47.000 мислам дека луѓето веројатно ќе се трудеа многу повеќе. 0:07:47.000,0:07:49.000 (Смеа) 0:07:50.000,0:07:53.000 Училиштата се игра, и имало доста експерименти 0:07:53.000,0:07:55.000 како да ја играме правилно. 0:07:55.000,0:07:58.000 но ајде да го гледаме свесно. Зошто да имаме игри каде може да изгубите? 0:07:58.000,0:08:00.000 Зошто да одиме од 5 до 1 или од 4 на 3 ? 0:08:00.000,0:08:02.000 тоа нечини. зошто да не добиваме нови нивоа ? 0:08:02.000,0:08:04.000 И во Принстон, всушност експериментираа со ова, 0:08:04.000,0:08:06.000 и имаа тестови каде добиваш поени на искуство, 0:08:06.000,0:08:08.000 и добиваш ново ниво од 4 на 5. 0:08:08.000,0:08:10.000 И е многу моќно. 0:08:10.000,0:08:13.000 Може да се користи на интересни начини. 0:08:13.000,0:08:15.000 Третата за која сакам да зборувам набрзина е динамика на прогресија, 0:08:15.000,0:08:17.000 каде мора да правите прогрес, 0:08:17.000,0:08:20.000 треба да правите различни чекори на многу грануларен , фин, начин. 0:08:20.000,0:08:23.000 Ова се користи насекаде, вклучувајќи го LinkedIn, 0:08:23.000,0:08:25.000 каде јас сум нецела личност. 0:08:25.000,0:08:28.000 Јас сум само 85% комплетен на LinkedIn, 0:08:28.000,0:08:30.000 и тоа ми пречи. 0:08:30.000,0:08:33.000 Ова е толку длабоко вградено во нашата психа 0:08:33.000,0:08:35.000 што, кога ќе ни покажат линија на прогрес 0:08:35.000,0:08:37.000 заедно со лесни ,грануларни чекори 0:08:37.000,0:08:40.000 за да се комплетира линијата на успех, ние ќе го сториме тоа. 0:08:40.000,0:08:42.000 Ќе најдеме начин да ја исполниме таа сина линија. 0:08:42.000,0:08:45.000 целосно до десниот крај на екранот. 0:08:45.000,0:08:47.000 Ова исто така се користи и во конвенционални игри. 0:08:47.000,0:08:49.000 Мислам, го гледате тој паладин ниво 10, 0:08:49.000,0:08:51.000 и онаму има паладин ниво 20, 0:08:51.000,0:08:54.000 и ако треба да се борите , знаете, со Орки во полињата на Мордор 0:08:54.000,0:08:56.000 против Раз ал Гул, 0:08:56.000,0:08:58.000 веројатно сакате да сте оној поголемиот, нели. 0:08:58.000,0:09:00.000 Јас би сакал. 0:09:00.000,0:09:02.000 и така луѓето многу се трудат за да добијат нивоа. 0:09:02.000,0:09:05.000 „World of Warcraft" е една од најуспешните игри на сите времиња. 0:09:05.000,0:09:07.000 Просечниот играч троши некаде околу 0:09:07.000,0:09:09.000 6 , 6 и пол часови на ден. 0:09:09.000,0:09:12.000 за најпосветените играчи, е како вистинска работа. 0:09:12.000,0:09:15.000 Тоа е лудо. И имаат разни системи каде можеш да добиеш ниво. 0:09:15.000,0:09:18.000 И тоа е многу моќна работа. Прогресијата е моќна. 0:09:19.000,0:09:22.000 Може да се користи на многу привлечен начин за добро. 0:09:22.000,0:09:24.000 Една од работите на кои работиме во SCVNGR 0:09:24.000,0:09:27.000 е како да ги користиме игрите за да насочуваме сообраќај и поттикнуваме бизнис кај локалните продавници, 0:09:27.000,0:09:29.000 кон нешто што е многу клучно за економијата. 0:09:29.000,0:09:32.000 И тука имаме игри кои луѓето ги играат. 0:09:32.000,0:09:34.000 Тие одат на места, прават задачи, добиваат поени. 0:09:34.000,0:09:36.000 И ја воведовме и динамиката на прогресија во ова, 0:09:36.000,0:09:38.000 каде , со одење на истото место повторно и повторно, 0:09:38.000,0:09:40.000 со правење предизвици, и интеракција со продавниците, 0:09:40.000,0:09:43.000 поместувате зелена лента од лево на екранот кон десниот крај на екранот, 0:09:43.000,0:09:45.000 и потоа добивате награди. 0:09:45.000,0:09:47.000 И ова е доволно моќно што гледаме 0:09:47.000,0:09:49.000 дека привлекува луѓе со овие динамики, 0:09:49.000,0:09:51.000 ги влече назад кон истата локална продавница, 0:09:51.000,0:09:53.000 креира голема лојалност, креира инволвираност, 0:09:53.000,0:09:55.000 и е во можност да постигне значаен приход 0:09:55.000,0:09:57.000 и забава и инволвираност за бизнисот. 0:09:57.000,0:09:59.000 Овие динамики на прогресија се моќни 0:09:59.000,0:10:01.000 и може да се користат во реалниот свет. 0:10:01.000,0:10:04.000 Финалната за која сакам да ви зборувам -- и е одлична за крај -- 0:10:04.000,0:10:06.000 е овој концепт на комунално откривање, 0:10:06.000,0:10:09.000 динамика во која сите мора да работат заедно 0:10:09.000,0:10:11.000 за да постигнат нешто. 0:10:11.000,0:10:13.000 И комуналното откривање е моќно бидејќи влијае 0:10:13.000,0:10:15.000 на општествената мрежа за да 0:10:15.000,0:10:18.000 реши проблеми. 0:10:18.000,0:10:21.000 Ова се користи во некои од нашите славни потрошувачки веб приказни, 0:10:21.000,0:10:23.000 како Digg, за кој сум сигурен дека сте чуле сите. 0:10:23.000,0:10:25.000 Digg e комунална динамика 0:10:25.000,0:10:27.000 која се обидува да ги најде и да ги собере најдобрите вести, 0:10:27.000,0:10:29.000 најинтересните приказни. 0:10:29.000,0:10:31.000 И тие го имаат ова направено како игра, иницијално. 0:10:31.000,0:10:34.000 Имаа ранг листа, каде, ако вие ги препорачувате најдобрите приказни, 0:10:34.000,0:10:36.000 ќе добиете поени. 0:10:36.000,0:10:38.000 И ова навистина ги мотивираше луѓето за да ги најдат најдобрите приказни. 0:10:38.000,0:10:41.000 Но стана толку моќно, што имаше всушност таен круг, 0:10:41.000,0:10:44.000 група на луѓе , најдобрите седум на ранг листата, 0:10:44.000,0:10:47.000 кои работеа заедно за да се осигураат дека ќе ја задржат таа позиција. 0:10:47.000,0:10:49.000 и тие ги препорачуваа приказните од другите луѓе. 0:10:49.000,0:10:51.000 И тогаш играта стана посилна од целта. 0:10:51.000,0:10:53.000 И на крајот мораа да ја исклучат ранг листата 0:10:53.000,0:10:55.000 бидејќи, иако беше ефикасна, 0:10:55.000,0:10:57.000 беше толку моќна што можеше да запре некои од најдобрите приказни 0:10:57.000,0:11:00.000 со тоа што луѓето работеа да го одржат своето водство. 0:11:00.000,0:11:02.000 Затоа, ова мора да го користиме многу внимателно. 0:11:02.000,0:11:04.000 Исто така се користи на места како Мекдоналдс Монополот, 0:11:04.000,0:11:06.000 каде играта не е монополот што го играте, 0:11:06.000,0:11:08.000 туку малите индустрии кои 0:11:08.000,0:11:10.000 се обидуваат да се најдат на големиот пат, нели. 0:11:10.000,0:11:13.000 и сега тие само бараат да најдат мала налепница која вели „Бордвок“. 0:11:13.000,0:11:15.000 Но може да се користи и во реални работи. 0:11:15.000,0:11:17.000 Ова е DARPA предизвикот со балон, 0:11:17.000,0:11:20.000 каде имаа скриено балони низ Соединетите Држави 0:11:20.000,0:11:22.000 и рекоа,„ Користете мрежи. 0:11:22.000,0:11:25.000 Обидете се да ги најдете балоните најбрзо, а победникот ќе добие 40 000 долари“. 0:11:25.000,0:11:27.000 И победниците беа всушност група од МИТ, 0:11:27.000,0:11:29.000 кои креираа некаква пирамидална шема, мрежа, 0:11:29.000,0:11:31.000 каде првиот човек кој ќе препорача локација на балон 0:11:31.000,0:11:34.000 добива 2 000 долари и секој кој ќе ја помогне таа препорака 0:11:34.000,0:11:36.000 исто така добива дел од парите. 0:11:36.000,0:11:38.000 и за 12 часа, можеа да ги најдат 0:11:38.000,0:11:40.000 сите балони, низ целата земја, нели. 0:11:40.000,0:11:42.000 Навистина моќна динамика. 0:11:42.000,0:11:45.000 И така, имам уште 20 секунди, 0:11:45.000,0:11:47.000 така ќе ве оставам со нешто, дека 0:11:47.000,0:11:49.000 последната декада беше декада на социјализација. 0:11:49.000,0:11:51.000 Следната декада е декада на игри. 0:11:51.000,0:11:53.000 Користиме динамики на игра врз кои ќе градиме. Градиме распределба на знаење. 0:11:53.000,0:11:55.000 Можеме да влијаеме на однесувањето. 0:11:55.000,0:11:57.000 Тоа е многу моќно. Тоа е многу возбудливо. 0:11:57.000,0:12:00.000 ајде да го градиме заедно, ајде да го градиме добро и да се забавуваме играјќи.