Return to Video

Стивен Пинкер за митот за насилството

  • 0:00 - 0:04
    Ваквите слики, од концентрациониот логор Аушвиц,
  • 0:04 - 0:09
    се врежаа во нашата свест во текот на 20от век
  • 0:09 - 0:14
    и ни дадоа нов увид во тоа кои сме,
  • 0:14 - 0:17
    од каде сме дојдени и во какви времиња живееме.
  • 0:17 - 0:21
    Во текот на 20от век, бевме сведоци на ѕверствата
  • 0:21 - 0:26
    на Сталин, Хитлер, Мао, Пол Пот, Руанда и други геноциди,
  • 0:26 - 0:30
    и иако 21от век наполни само седум години,
  • 0:30 - 0:34
    веќе сме сведоци на тековниот геноцид во Дарфур
  • 0:34 - 0:36
    и секојдневните ужаси во Ирак.
  • 0:37 - 0:40
    Ова не доведува до заедничко разбирање на нашата состојба,
  • 0:40 - 0:44
    имено: дека модерниот живот ни има донесено ужасно насилство, и можеби
  • 0:44 - 0:47
    дека нашите предци живееле во состојба на хармонија која сме ја напуштиле на наша штета.
  • 0:47 - 0:52
    Еве еден пример
  • 0:52 - 0:55
    од колумна за Денот на благодарноста од весникот Бостон глоуб
  • 0:55 - 0:58
    од пред неколку години, каде што авторот вели, „Индијанскиот начин на живот
  • 0:59 - 1:02
    бил тежок, но не постоеле проблеми со вработувањето,
  • 1:02 - 1:04
    хармонијата во заедницата била силна, злоупотребата на супстанции непозната,
  • 1:05 - 1:08
    криминалот практично непостоечки, ретките борби меѓу племињата
  • 1:09 - 1:12
    биле главно ритуални и ретко доведувале до големи
  • 1:12 - 1:16
    крвопролевања.“ Сите ја знаеме оваа шеќерна водичка.
  • 1:17 - 1:20
    Така ги учиме нашите деца; слушаме на телевизија
  • 1:20 - 1:25
    и во приказните. Бидејќи темата на оваа сесија
  • 1:25 - 1:28
    е, „Сè што знаете е неточно“, ќе ви претставам докази
  • 1:28 - 1:31
    дека овој конкретен дел од нашето заедничко сфаќање е погрешно:
  • 1:31 - 1:35
    дека фактички нашите предци били многу понасилни од нас,
  • 1:35 - 1:38
    дека насилството ебило во опаѓање веќе подолг временски период,
  • 1:39 - 1:42
    и дека денес веројатно живееме во најмирниот период од постоењето на нашиот вид.
  • 1:42 - 1:46
    Сега, во деценијата на Дарфур и Ирак,
  • 1:47 - 1:50
    ваквата изјава би можела да се смета за некаде меѓу халуцинаторна
  • 1:50 - 1:53
    и опсцена. Но ќе се обидам да ве убедам
  • 1:53 - 1:59
    дека тоа и точната слика. Намалувањето на насилството
  • 1:59 - 2:02
    е фрактален феномен. Се забележува во текот на милениумите,
  • 2:02 - 2:05
    вековите, децениите и годините,
  • 2:06 - 2:08
    иако се чини дека главната пресвртница е со почетокот
  • 2:08 - 2:12
    на Рационализмот во 16от век. Ова се забележува
  • 2:12 - 2:15
    ширум светот, иако невоедначено.
  • 2:16 - 2:18
    Ова е особено се забележува на Западот, започнувајќи со Англија
  • 2:19 - 2:21
    и Холандија за време на Просветлувањето.
  • 2:22 - 2:25
    Дозволете да ве поведам на патување од неколку степени на 10 --
  • 2:26 - 2:28
    од размерот на милениум до размерот на година --
  • 2:28 - 2:32
    да се обидам да ве убедам во ова. До пред 10,.000 години, сите луѓе
  • 2:32 - 2:35
    живееле како ловци и собирачи, без постојани населби
  • 2:35 - 2:38
    или влада. Ова е состојба што обично се смета
  • 2:38 - 2:43
    за исконска хармонија. Но археологот
  • 2:44 - 2:48
    Лоренс Кили, анализирајќи ги стапките на смртност
  • 2:48 - 2:51
    кај денешните ловци-собирачи -- нашиот најдобар извор
  • 2:52 - 2:58
    на информации за ваквиот начин на живот -- води кон сосем поинаков заклучок.
  • 2:58 - 3:00
    Еве еден негов график на кој што
  • 3:00 - 3:03
    се гледа процентот на смртност кај мажите како резултат од борба
  • 3:03 - 3:07
    во поголем број вакви општества.
  • 3:08 - 3:14
    Црвените столбови соодветствуваат на веројатноста дека некој маж ќе биде убиен
  • 3:14 - 3:17
    од некој друг маж, наместо да умре од природна
  • 3:17 - 3:21
    смрт, во поголем број собирачки општества
  • 3:21 - 3:24
    во висорамнините на Нова Гвинеја и амазонската џунгла.
  • 3:25 - 3:28
    Тие се движат од стапка од скоро 60 проценти веројатност дека еден маж ќе загине
  • 3:28 - 3:31
    убиен од друг маж, до, во случајот со Гебуси,
  • 3:32 - 3:36
    само 15 проценти веројатност. Малиот син столб во долниот
  • 3:36 - 3:39
    лев агол ја прикажува истата статистика од САД
  • 3:40 - 3:44
    и Европа во 20от век, и ги вклучува сите смртни случаи
  • 3:44 - 3:49
    во обете светски војни. Доколку стапката на смртност во племенските војни се задржала
  • 3:49 - 3:55
    во текот на 20от век, би станало збор за две милијарди смртни случаи, наместо 100 милиони.
  • 3:55 - 3:58
    Исто така, на размерот на милениум, можеме да го погледнеме
  • 3:58 - 4:03
    начинот на живот на раните цивилизации како оние опишани
  • 4:03 - 4:08
    во Библијата. Во овој наводен извор за морални вредности
  • 4:08 - 4:12
    можеме да прочитаме што можело да се очекува во војна,
  • 4:12 - 4:15
    како на пример следново од Броеви 31: „И тие војуваа
  • 4:15 - 4:18
    продив Мидианитите кога Бог му нареди на Мојсие,
  • 4:18 - 4:21
    и тие ги убија сите мажи. И Мојсие им рече,
  • 4:21 - 4:25
    „Дали ги спасивте сите жени живи? Сега, затоа, убијте ги сите
  • 4:25 - 4:28
    машки деца и убијте ја секоја жена што познала маж
  • 4:28 - 4:32
    со тоа што спиела со него, но сите женски деца што не познале маж
  • 4:32 - 4:35
    со тоа што спиеле со него, зачувајте ги за вас.“ Со други зборови,
  • 4:35 - 4:40
    убијте ги мажите, убијте ги децата, ако видите девици
  • 4:40 - 4:42
    тогаш може да ги оставите живи, за да можете да ги силувате.
  • 4:43 - 4:47
    Во Библијата има четири или пет вакви пасуси.
  • 4:47 - 4:50
    Исто така, во Библијата забележуваме дека смртната казна
  • 4:50 - 4:55
    била вообичаената мерка за кривични дела како што се хомосексуалноста,
  • 4:55 - 4:59
    неверството, богохулието, идолизирањето, пререкувањето на родителите --
  • 4:59 - 5:03
    (Смеење) -- и собирање прачки во сабота.
  • 5:03 - 5:06
    Добро, да се спуштиме сега долу
  • 5:06 - 5:09
    за еден ред величини и да погледнеме на размер на век.
  • 5:09 - 5:13
    Иако немаме статистика за војните од
  • 5:14 - 5:15
    Средниот век до современието,
  • 5:15 - 5:18
    од конвенционалната историја знаеме -- доказите
  • 5:18 - 5:22
    ни се пред нос дека има намалување
  • 5:22 - 5:25
    во општествено прифатливите облици на насилство.
  • 5:25 - 5:29
    На пример, знаеме дека сакатењето и мачењето
  • 5:29 - 5:32
    како вообичаени облици на казнување на криминалците. За прекршоци за
  • 5:32 - 5:36
    кои денес следи мала парична казна, во тогашно време би биле казнети
  • 5:36 - 5:40
    со отсекување на јазикот, сечење уши, ослепување,
  • 5:40 - 5:42
    отсекување рака, и така натаму.
  • 5:42 - 5:46
    Постоеле голем број инвентивни облици на садистички смртни казни:
  • 5:47 - 5:49
    горење на живи луѓе, вадење на цревата, извлекување на тркало,
  • 5:50 - 5:52
    расчеречување со коњи, и така натаму.
  • 5:53 - 5:57
    Смртната казна била санкција за голем број ненасилни дела:
  • 5:57 - 6:01
    критикување на кралот, крадење векна леб. Ропството, се разбира,
  • 6:02 - 6:05
    било претпочитаното средство за заштеда на труд, а свирепоста
  • 6:06 - 6:09
    била популарна разонода. Можеби најживописен пример
  • 6:09 - 6:12
    била практиката на горење мачки, при која мачката била
  • 6:12 - 6:15
    носена на бина и врзана била спуштана во оган,
  • 6:15 - 6:20
    при што публиката се смеела и кикотела, додека мачката, завивајќи од болка
  • 6:21 - 6:23
    горела жива.
  • 6:23 - 6:26
    Што е со обичните убиствата? Па, за тоа имаме добри статистики,
  • 6:26 - 6:32
    бидејќи голем број општини ја заведувале причината за смртта.
  • 6:32 - 6:36
    Криминологот Мануел Ејзнер
  • 6:37 - 6:39
    ги има истражувано историските податоци ширум Европа
  • 6:39 - 6:44
    за стапките на убиства во секое село, град и општина
  • 6:44 - 6:46
    за кои што можел да најде податоци, а истите ги дополнил
  • 6:46 - 6:49
    со национални податоци од времето кога државите започнале со водење статистика.
  • 6:50 - 6:57
    Нив ги нанесол на логаритамски график, од 100 смртни случаи
  • 6:57 - 7:03
    на 100,000 луѓе годишно, што е приближната стапка на
  • 7:03 - 7:08
    убиства во Средниот век. Оваа бројка паѓа на помалку од
  • 7:08 - 7:12
    едно убиство на 100.,000 луѓе годишно
  • 7:13 - 7:17
    во седум или осум европски земји. Потоа има мало покачување
  • 7:17 - 7:21
    во 1960те. Луѓето што тврдеа дека рокенролот ќе доведе
  • 7:21 - 7:24
    до опаѓање на моралните вредности всушност имале право до некаде.
  • 7:25 - 7:28
    Но, станува збор за намалување од скоро два реда величини
  • 7:29 - 7:31
    во бројот на убиства од Средниот век до денес,
  • 7:32 - 7:35
    а до клучна пресвртница доаѓа во раниот 16ти век.
  • 7:37 - 7:39
    Да го погледнеме сега размерот на децении.
  • 7:39 - 7:41
    Според невладините организации
  • 7:42 - 7:46
    што водат ваква статистика, од 1945 година во Европа и Америка
  • 7:46 - 7:49
    се бележи драстично намалување на бројот на војни меѓу државите,
  • 7:50 - 7:54
    на смртоносните етнички судири или погроми, како и на воените удари
  • 7:54 - 7:58
    дури и во Јужна Америка. Ширум светот, се забележува драстично опаѓање
  • 7:58 - 8:03
    на бројот на жртви во војните меѓу државите. Жолтите столбови овде го прикажуваат бројот
  • 8:04 - 8:08
    на смртни случаи по војна од 1950 година наваму.
  • 8:09 - 8:13
    Како што можете да видите, бројот на жртви опаѓа од 65.000 жртви
  • 8:13 - 8:17
    по конфликт по година во 1950те, до помалку од 2.000 смртни
  • 8:17 - 8:21
    случаи по конфликт по година во текот на оваа деценија, колку и да е таа ужасна.
  • 8:21 - 8:24
    Дури и на размер на година може да се забележи намалување на насилството.
  • 8:25 - 8:28
    Од крајот на Студената војна избувнале помалку граѓански војни,
  • 8:28 - 8:34
    помалку геноциди -- навистина, намалување од 90 проценти од највисоките вредности од повоенитениот период --
  • 8:34 - 8:40
    па дури и тренд спротивен на зголемувањето во убиствата и насилниот криминал од 1960те.
  • 8:40 - 8:44
    Овие податоци се од Воедначената статистика за криминалот на ФБИ: можете да забележите
  • 8:44 - 8:47
    дека има прилично ниска стапка на насилство во '50те и '60те
  • 8:48 - 8:52
    потоа таа остварува голем подем во наредните децении, за да започне
  • 8:52 - 8:56
    со оштар пад, почнувајќи во 1990те, враќајќи се
  • 8:56 - 9:00
    скоро на нивото од 1960 година.
  • 9:00 - 9:02
    Претседателе Клинтон, доколку сте овде, ви благодарам.
  • 9:02 - 9:04
    (Смеа)
  • 9:04 - 9:07
    Затоа, моето прашање е: зошто толку многу луѓе грешат
  • 9:07 - 9:11
    за нешто олку важно? Мислам дека постојат повеќе причини.
  • 9:11 - 9:14
    Една од нив е дека имаме подобро известување: „Асошиејтид прес
  • 9:14 - 9:18
    подобро ги евидентира војните ширум Земјата
  • 9:18 - 9:22
    отколку што тоа го правеле монасите од 16 век.“
  • 9:22 - 9:27
    Нам, когнитивните психолози, позната ни е следнава когнитивната илузија: колку ни е полесно
  • 9:27 - 9:30
    да се сетиме за конкретен пример за нешто,
  • 9:30 - 9:33
    толку поголема веројатност му припишуваме.
  • 9:33 - 9:36
    Сликите од крвавите настани за кои што читаме во весниците
  • 9:37 - 9:41
    ни се врежуваат во сеќавањето повеќе отколку вестите за многу повеќе луѓе што умираат
  • 9:41 - 9:46
    од старост во својот кревет. Во пазарот на јавното мислење
  • 9:47 - 9:52
    постои правило: никој никогаш не привлекол публика, поборници
  • 9:52 - 9:53
    или донатори велејќи
  • 9:54 - 9:56
    „се чини дека работите одат на подобро и подобро.“
  • 9:56 - 9:57
    (Смеа)
  • 9:57 - 9:59
    во современиот интелектуален живот чувствуваме вина заради начинот на кој
  • 10:00 - 10:03
    сме ги третирале домородците, која не ни дозволува да признаеме
  • 10:03 - 10:05
    дека западната култура има било какви доблести.
  • 10:06 - 10:10
    Исто така, се разбира, нашите промени во стандардите можат да ги претекнат промените
  • 10:11 - 10:13
    во однесувањето. Една од причините за намалувањето на насилството
  • 10:14 - 10:17
    е тоа што на луѓето им се има смачено крвопролевањето и свирепоста во нивното време.
  • 10:17 - 10:20
    Тоа е процес што се чини дека продолжува,
  • 10:20 - 10:24
    но доколку го претекне однесувањето според стандардите на денешницата,
  • 10:24 - 10:27
    работите тогаш изгледаат поварварски отколку што би биле
  • 10:27 - 10:31
    според историски стандарди. Затоа денес, се вознемируваме -- и тоа со право --
  • 10:31 - 10:37
    доколку над неколку убијци се изведе смртна казна
  • 10:37 - 10:41
    во Тексас по истекот на 15 годишен апелациски процес. Ние не земаме предвид
  • 10:42 - 10:45
    дека пред неколку стотици години тие би биле живи изгорени
  • 10:45 - 10:48
    заради критика на кралот, по судење
  • 10:48 - 10:51
    што траело 10 минути -- и навистина, дека тоа би се повторувало
  • 10:51 - 10:55
    одново и наново. Денес смртната казна ја сметаме
  • 10:56 - 10:59
    за доказ за тоа колку ниско може да падне нашето однесување,
  • 10:59 - 11:01
    наместо за тоа колку сме ги кренале нашите стандарди.
  • 11:03 - 11:06
    Добро, зошто се намалило насилството? Никој не знае навистина,
  • 11:06 - 11:10
    но имам сретнато четири објаснувања кои што помагаат
  • 11:11 - 11:14
    во разбирањето. Првото е: можеби
  • 11:14 - 11:17
    Томас Хобс бил во право. Тој има речено дека
  • 11:17 - 11:22
    животот во природата бил „самечки, сиромашен, гаден, животински
  • 11:22 - 11:26
    и кус.“ Не затоа што, тврди тој,
  • 11:26 - 11:29
    луѓето имаат некоја исконска жед за крв,
  • 11:29 - 11:32
    или агресивни инстинкти или територијален императив,
  • 11:33 - 11:36
    туку заради логикта на анархија. При анархија
  • 11:36 - 11:40
    луѓето се под притисок да го нападнат својот сосед,
  • 11:40 - 11:43
    пред тој да ги нападне нив. Во поскоро време, Томас Шелинг
  • 11:43 - 11:45
    дава аналогија за некој човек што слушнал звуци во
  • 11:46 - 11:48
    визбата. Како добар Американец, тој го зел пиштолот
  • 11:48 - 11:51
    и слегол по скалите.
  • 11:52 - 11:54
    И што ќе види таму, ако не крадец со пиштол во раката.
  • 11:55 - 11:56
    Обајцата си мислат,
  • 11:56 - 12:00
    „Не сакам да го убијам човеков, но тој ќе ме убие мене.
  • 12:00 - 12:04
    Можеби е подобро да пукам пред тој да пука во мене,
  • 12:04 - 12:06
    особено бидејќи, дури и тој да не сака да ме убие,
  • 12:06 - 12:09
    веројатно е уплашен дека јас ќе го убијам
  • 12:09 - 12:11
    пред тој да ме убие.“ И така натаму.
  • 12:12 - 12:16
    Луѓето што се ловци-собирачи експлицитно минуваат низ овој тек на размислување,
  • 12:17 - 12:20
    и често ги напаѓаат своите соседи од страв дека тие ќе ги нападнат први.
  • 12:22 - 12:25
    Еден начин за справување со овој проблем е преку обесхрабрување:
  • 12:25 - 12:30
    не напаѓате први, но имате јавно објавена политикиа
  • 12:30 - 12:33
    дека немилосрдно ќе возвратите доколку ве нападнат.
  • 12:33 - 12:35
    Она што е важно е дека ваквата политика е
  • 12:35 - 12:39
    изложена на проверка, така што функционира само
  • 12:40 - 12:44
    доколку е кредибилна. За да стане таква, морате да се осветите за сите навреди
  • 12:45 - 12:49
    да ги порамните сите сметки, што доведува до постојана крвна освета.
  • 12:49 - 12:54
    Животот станува како мафијашки филм. Решението на Хобс,
  • 12:54 - 12:58
    „Левиатанот“, беше дека доколку авторитетот за легитимна употреба
  • 12:58 - 13:03
    на насилство биде доделен на единствена демократска агенција -- еден левиатан --
  • 13:04 - 13:07
    тогаш ќе се намали примамливоста за напад,
  • 13:07 - 13:10
    бидејќи секоја агресија ќе се казни,
  • 13:10 - 13:15
    со што користа од неа е нула. Тоа би ја отстранила потребата
  • 13:15 - 13:19
    да нападнете превентивно од страв тие да не ве нападнат први.
  • 13:19 - 13:23
    Исто така, се отстранува потребата за брза одмазда со
  • 13:23 - 13:26
    цел да дадете кредибилитет на вашите закани. На тој, начин, ова би довело
  • 13:26 - 13:32
    до мир. Ајзнер -- човекот што ги проучуваше стапките на убиства
  • 13:32 - 13:34
    кои што не ги видовте во претходниот слајд --
  • 13:35 - 13:38
    сметаше дека почетокот на намалувањето на бројот на убиства во Европа
  • 13:39 - 13:43
    се поклопува со подемот на централизираните држави.
  • 13:43 - 13:46
    Ова дава одредена потврда на теоријата за левиатанот.
  • 13:46 - 13:50
    Исто така, за поддршка служи и фактот дека денес гледеаме ерупција на насилство
  • 13:50 - 13:54
    во зоните на анархија: во пропаднатите држави, урнати империи,
  • 13:54 - 13:58
    регионите на границите, мафиите, уличните банди и така натаму.
  • 14:00 - 14:03
    Второто објаснување е дека во многу места и времиња
  • 14:03 - 14:06
    постои раширено убедување дека животот е евтин.
  • 14:07 - 14:11
    Порано, кога страдањето и раната смрт биле вообичаени
  • 14:11 - 14:15
    во секојдневниот живот, на луѓето не им паѓало многу тешко истите
  • 14:15 - 14:19
    да им ги нанесат на други. Со напредокот на технологијата и економската ефикасност
  • 14:19 - 14:23
    животот станува подолг и попријатен, со што тој станува повреден земено воопшто.
  • 14:23 - 14:26
    Ова е аргументот на политичкиот научник Џејмс Пејн.
  • 14:27 - 14:31
    Трето објаснување почива на концептот „игра со ненулта сума,“
  • 14:31 - 14:35
    што новинарот Роберт Рајт го има разработено во книгата
  • 14:35 - 14:38
    Не-Нула. Рајт укажува на тоа дека во одредени околности
  • 14:39 - 14:42
    соработката, вклучувајќи го и ненасилството, може да им користи на обете страни
  • 14:42 - 14:48
    при нивниот контакт, како при користа од трговија, кога две страни ги разменуваат
  • 14:48 - 14:52
    своите вишоци и обете користат, или пак кога две страни
  • 14:52 - 14:55
    ќе го положат оружјето и поделат придобивките од мирот
  • 14:55 - 14:58
    што произлегуваат од тоа што не мораат постојано да се борат.
  • 14:59 - 15:01
    Рајт тврди дека технологијата го има зголемено бројот
  • 15:01 - 15:05
    на игри со позитивна сума во кои што луѓето често се впуштаат
  • 15:06 - 15:09
    со овозможување на размена на стоки, услуги и идеи
  • 15:09 - 15:12
    преку поголеми далечини и меѓу поголеми групи луѓе.
  • 15:13 - 15:16
    На тој начин, другите луѓе вредат повеќе живи отколку мртви
  • 15:16 - 15:21
    и насилството опаѓа од себични причини. Како што вели Рајт,
  • 15:22 - 15:24
    „Меѓу многуте причини заради кои што сметам дека не би требало да им фрлиме бомби
  • 15:24 - 15:27
    на јапонците е тоа што тие ми го имаат направено возилото.“
  • 15:27 - 15:29
    (Смеа)
  • 15:29 - 15:33
    Четвртото објаснување е илустрирано во насловот на книгата
  • 15:33 - 15:36
    „Кругот што се шири“, од филозофот Петар Сингер,
  • 15:37 - 15:40
    кој тврди дека еволуцијата ги обдарила луѓето со чувство
  • 15:40 - 15:45
    на емпатија: способност да се однесуваат со интересите на останатите слично
  • 15:45 - 15:49
    како што се однесуваме кон сопствените. За жал, по правило
  • 15:49 - 15:53
    ние тоа го правиме само со мал круг на пријатели и семејство.
  • 15:53 - 15:56
    Луѓето надвор од тој круг ги третираме како да не се сосем луѓе,
  • 15:56 - 16:00
    како да можеме неказнето да ги експлоатираме. Но со текот на времето,
  • 16:00 - 16:04
    овој круг постојано се шири. Преку историските податоци можеме да видиме
  • 16:04 - 16:07
    како се шири од село, до клан, до племе,
  • 16:08 - 16:11
    до народ, до други раси, до обата пола
  • 16:11 - 16:13
    и, како што тврди Сингер, нешто што ќе го прошириме на сите
  • 16:13 - 16:18
    сетилни битија. Прашањето е,
  • 16:18 - 16:21
    доколку ова се има случено, што е она што влијае на ваквото проширување?
  • 16:21 - 16:24
    Постојат поголем број можности. Ширечки кругови на
  • 16:24 - 16:28
    реципроцитет во смисол на аргументите на Роберт Рајт.
  • 16:29 - 16:33
    Логиката на златното правило: колку повеќе размислуваме за другите луѓе и
  • 16:33 - 16:37
    контактираме со нив, толку повеќе сваќаме дека е невозможно да го
  • 16:37 - 16:41
    одбраниме привилигирањето на сопствените интереси во однос на нивните,
  • 16:41 - 16:44
    барем не доколку сакаме да не слушаат. Ако некој тврди дека
  • 16:44 - 16:47
    неговите интереси се специјални во споредба со туѓите,
  • 16:47 - 16:49
    тоа е како да вели дека местото на кое што стои
  • 16:50 - 16:52
    во моментот е специјален дел од универзумот
  • 16:53 - 16:55
    затоа што тој тогаш се наоѓа таму.
  • 16:56 - 17:00
    Тоа може исто така да биде водено од космополитанизмот: преку историите
  • 17:00 - 17:04
    и новинарството и мемоарите и реалистична белетристика и патувањата
  • 17:04 - 17:08
    и писменоста, што овозможува да се префрлиме во животите
  • 17:08 - 17:12
    на другите луѓе кои што порано можеби би ги третирале како пониски од луѓе,
  • 17:12 - 17:16
    и исто така да ја увидиме случајноста на сопственото место
  • 17:16 - 17:19
    во животот; за улогата на среќата во животните околности.
  • 17:21 - 17:24
    Што и да е причината, намалувањето на насилството
  • 17:24 - 17:28
    има далекусежни последици. Треба да се запрашаме не само „Зошто
  • 17:28 - 17:32
    има војна“ туку и „Зошто има мир?“ Не само
  • 17:33 - 17:36
    „Што не чини што правиме?“ туку и „Што правиме што чини?“
  • 17:37 - 17:38
    Бидејќи доколку сме направиле нешто како што треба,
  • 17:39 - 17:41
    навистина би било добро да дознаеме што е тоа.
  • 17:41 - 17:42
    Ви благодарам многу.
  • 17:42 - 17:53
    (Аплауз).
  • 17:53 - 17:57
    Крис Андерсон: Уживав во предавањето. Мислам дека многумина овде би рекле
  • 17:57 - 18:00
    дека ширењето на -- она за што зборувавте,
  • 18:00 - 18:03
    за кое што зборува Петер Сингер, е резултат на технологијата,
  • 18:03 - 18:07
    преку поголемата видливост на другите и на чувството дека светот
  • 18:07 - 18:10
    се намалува. Дали има малку вистина и во ова?
  • 18:11 - 18:14
    Стивен Пинкер. Многу. Се вклопува и во теоријата на Рајт,
  • 18:15 - 18:18
    дека ни овозможува да уживаме во придобивките од соработката
  • 18:19 - 18:22
    во поголеми и поголеми кругови. Но, исто така, мислам дека ни помага
  • 18:24 - 18:27
    да замислиме што значи да се биде некој друг. Кога човек чита за
  • 18:27 - 18:30
    ужасните измачувања вообичаени во Средниот век, си мисли,
  • 18:30 - 18:32
    како можеле да прават такви работи,
  • 18:32 - 18:34
    како можеле да не сочувствуваат со луѓето
  • 18:35 - 18:37
    што им ги ваделе цревата? Но, јасно е дека,
  • 18:38 - 18:41
    што се однесува до нив, тие биле други суштества
  • 18:41 - 18:44
    што немаат чувства како нивните. Било што, сметам,
  • 18:44 - 18:46
    што ни овозможува да замислиме како ги менуваме местата
  • 18:47 - 18:50
    со некој друг доведува до подобрување на нашиот моралниот однос
  • 18:50 - 18:51
    кон тој човек.
  • 18:51 - 18:55
    КА: Добро, Стив, би сакал во текот на наредната година секој сопственик на
  • 18:55 - 18:57
    новински медиум да го чуе ова предавање. Мислам дека е навистина важно. Ви благодарам многу.
  • 18:57 - 18:58
    СП: Ми беше задоволство.
Title:
Стивен Пинкер за митот за насилството
Speaker:
Steven Pinker
Description:

Стивен Пинкер го анализира опаѓањето на насилството од библиско време до денешницата и тврди дека, иако навидум нелогично или дури опсцено заради Ирак и Дарфур, ние живееме во најмирниот период во историјата на постоењето на нашиот вид.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
18:58
TED added a translation

Macedonian subtitles

Revisions