Return to Video

Зошто некои од нас имаат повеќе занимања

  • 0:01 - 0:03
    Кренете рака ако некогаш ви
    го поставиле прашањето
  • 0:03 - 0:06
    „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“
  • 0:07 - 0:08
    Ако треба да погодувате,
  • 0:08 - 0:12
    колку години сте имале кога
    првпат ве прашале?
  • 0:12 - 0:13
    Покажете со прстите.
  • 0:14 - 0:19
    Три. Пет.Три. Пет. Добро.
  • 0:19 - 0:23
    Сега, кренете рака ако прашањето
  • 0:23 - 0:25
    „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“
  • 0:25 - 0:28
    некогаш ве вознемирило.
  • 0:28 - 0:30
    (Смеа)
  • 0:30 - 0:32
    Барем малку ве вознемирило.
  • 0:33 - 0:36
    Јас никогаш не сум можела да
    одговорам на прашањето.
  • 0:36 - 0:38
    „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“
  • 0:38 - 0:42
    Проблемот не беше во тоа што
    немав интереси-
  • 0:42 - 0:44
    туку во тоа што ги имав премногу.
  • 0:44 - 0:48
    Во средно сакав англиски, математика,
    уметност, креирав веб страни
  • 0:48 - 0:53
    свирев гитара во панк група под име
    Фрустриран Телефонски Оператор.
  • 0:53 - 0:55
    Можеби сте чуле за нас.
  • 0:55 - 0:57
    (Смеа)
  • 0:57 - 0:59
    Ова продолжи после средно,
  • 0:59 - 1:04
    и во еден момент почнав забележувам
    како функционирам.
  • 1:04 - 1:06
    Кога ќе се заинтересирав за некоја област
  • 1:06 - 1:09
    јас навлегував во неа, станував опседната
    со тоа
  • 1:09 - 1:13
    и станував прилично добра во тоа,
    што и да беше,
  • 1:13 - 1:18
    потоа ќе дојдеше моментот кога
    ќе ми здосадеше.
  • 1:18 - 1:21
    Обично ќе се потрудев да издржам
  • 1:21 - 1:24
    бидејќи сум посветила многу
    време и енергија
  • 1:24 - 1:26
    а понекогаш и пари во некоја област.
  • 1:26 - 1:29
    Но, на крај чувството на досада,
  • 1:29 - 1:33
    чувството дека го можам ова
    и веќе не ми е веќе предизвик-
  • 1:33 - 1:35
    стануваше премногу за мене.
  • 1:36 - 1:37
    И ќе го оставев.
  • 1:38 - 1:41
    Но, потоа ќе ме заинтересираше
    нешто друго,
  • 1:41 - 1:44
    нешто сосема различно
    и ќе се нурнев во тоа,
  • 1:44 - 1:48
    ќе ме обземеше и ќе си речев
    „Да, го најдов“,
  • 1:48 - 1:53
    и повторно ќе ми се случеше
    моментот на досада.
  • 1:53 - 1:56
    На крај, ќе го баталев.
  • 1:57 - 2:00
    Потоа ќе откриев нешто ново,
    сосема различно
  • 2:00 - 2:02
    и ќе се нурнев во тоа.
  • 2:03 - 2:07
    Овој образец ме направи многу неспокојна,
  • 2:07 - 2:08
    заради две причини.
  • 2:08 - 2:11
    Првата е што не бев сигурна
  • 2:11 - 2:14
    како да направам кариера
    од овие избори.
  • 2:14 - 2:17
    Мислев на крај ќе морам да одберам едно
  • 2:17 - 2:19
    и да се откажам од другите
  • 2:19 - 2:23
    и да се помирам со досадата.
  • 2:24 - 2:26
    Другата причина што ме направи неспокојна
  • 2:26 - 2:28
    беше повеќе лична.
  • 2:28 - 2:31
    Се плашев дека нешто не беше во ред
  • 2:31 - 2:35
    и дека со мене нешто не е во ред
    штом не можам да се пронајдам во ништо.
  • 2:36 - 2:38
    Бев загрижена дека се плашам
    од посветеност,
  • 2:38 - 2:42
    или дека сум расеана,
    или дека самата си ставам сопки,
  • 2:42 - 2:43
    уплашена од мојот успех.
  • 2:45 - 2:49
    Ако се препознавате во мојата приказна
    и во моите чувства
  • 2:49 - 2:51
    би сакала да си поставите едно прашање
  • 2:51 - 2:54
    кое камо јас да можев да си го
    поставам порано.
  • 2:55 - 3:00
    Прашајте се каде научивте дека правењето
    на повеќе работи се поврзува
  • 3:00 - 3:03
    со нешто што е погрешно или ненормално.
  • 3:04 - 3:05
    Ќе ви кажам каде го научивте тоа:
  • 3:06 - 3:08
    го научивте од вашата култура.
  • 3:10 - 3:14
    Прв пат нѐ прашуваат
    „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“
  • 3:14 - 3:15
    кога имаме околу пет години.
  • 3:15 - 3:19
    И всушност, никому не му е грижа што
    кажуваме на таа возраст.
  • 3:19 - 3:20
    (Смеа)
  • 3:20 - 3:23
    Безначајно прашање за мали деца,
  • 3:23 - 3:25
    за да се изнудат слатки одговори,
  • 3:25 - 3:29
    како „сакам да сум астронаут“
    или „Сакам да сум балерина“,
  • 3:29 - 3:31
    или „ Сакам да сум пират“.
  • 3:31 - 3:33
    Тука ставете го и костимот за маскенбал.
  • 3:33 - 3:34
    (Смеа)
  • 3:34 - 3:39
    Но, прашањето продолжува како што растеме,
  • 3:39 - 3:42
    во различни форми-на пример,
    средношколците ги прашуваат
  • 3:42 - 3:45
    што ќе студираат.
  • 3:45 - 3:47
    И во одреден момент,
  • 3:47 - 3:49
    „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“
  • 3:49 - 3:52
    од слатка вежба се претвара
  • 3:52 - 3:55
    во нешто што не нѐ оставаме
    да заспиеме ноќе.
  • 3:55 - 3:56
    Зошто?
  • 3:57 - 4:02
    Ова прашање ги поттикнува децата
    да сонуваат што ќе бидат,
  • 4:03 - 4:06
    но не ги поттикнува да сонуваат за
    сѐ она можат да бидат.
  • 4:06 - 4:08
    Всушност, се постигнува спротивното,
  • 4:08 - 4:11
    зашто ако ве праша некој
    што сакате да бидете,
  • 4:11 - 4:14
    не може да одговорите
    со 20 различни нешта,
  • 4:14 - 4:17
    иако добронамерните возрасни
    ќе се смешкаат,
  • 4:17 - 4:21
    „Ах, колку слатко, но не можеш да бидеш
    и мајстор за виолини и психолог.
  • 4:21 - 4:23
    Мораш да одбереш.“
  • 4:24 - 4:26
    Ова е Д-р Боб Чајлдс-
  • 4:26 - 4:29
    (Смеа)
  • 4:29 - 4:32
    и тој е мајстор за жичани интрументи
    и психотерапевт.
  • 4:33 - 4:37
    А ова е Ејми Ниг, уредник на списание,
    која стана илустратор, претприемач,
  • 4:37 - 4:39
    наставник и креативен директор.
  • 4:39 - 4:42
    Но повеќето деца не слушаат за вакви луѓе.
  • 4:42 - 4:44
    Тоа што го слушаат
  • 4:44 - 4:46
    е дека мора да изберат.
  • 4:47 - 4:49
    И не само тоа.
  • 4:49 - 4:52
    Дека животот треба да ни биде тесно
    фокусиран
  • 4:52 - 4:55
    е нешто што многу се нагласува
    во нашата култура.
  • 4:55 - 4:59
    Тоа е идејата дека судбински
    имаме едно вистинско занимање,
  • 4:59 - 5:02
    идејата дека секој од нас е создаден
  • 5:02 - 5:05
    за да направи една голема работа
    во текот на животот,
  • 5:05 - 5:07
    и дека треба да откриеме што е тоа
  • 5:07 - 5:10
    и да го посветиме својот живот на тоа.
  • 5:11 - 5:14
    Но, што ако некој не е скроен
    на овој начин?
  • 5:15 - 5:18
    Што ако постојат многу предмети
    кои ве интересираат,
  • 5:18 - 5:20
    и многу различни работи кои ги сакате?
  • 5:21 - 5:25
    Е па, нема место за некој како вас
    во оваа рамка.
  • 5:26 - 5:28
    И ќе се почувствувате осамено.
  • 5:28 - 5:31
    Можеби ќе се чувствувате како
    да немате цел.
  • 5:31 - 5:34
    Можеби ќе помислите дека нешто
    не е во ред со вас.
  • 5:35 - 5:36
    Сѐ е во ред со вас.
  • 5:37 - 5:41
    Вие сте мулти-потенцијалист.
  • 5:41 - 5:43
    (Смеа)
  • 5:43 - 5:50
    (Аплауз)
  • 5:50 - 5:55
    Мулти-потенцијалистите имаат повеќе
    интереси и креативни определби.
  • 5:56 - 5:58
    Тешко се изговара.
  • 5:58 - 6:01
    Можеби е подобро ако го
    поделиме зборот на 3 дела:
  • 6:01 - 6:05
    `мулти`,` потенцијал` и `ист`.
  • 6:05 - 6:08
    Можете да користите и друг термин
    кој го има истото значење,
  • 6:08 - 6:11
    како сестрана личност,
    ренесансна личност.
  • 6:11 - 6:13
    Всушност, за време на Ренесансата,
  • 6:13 - 6:17
    да те бива за повеќе работи,
    било сметано за идеал.
  • 6:17 - 6:20
    Барбара Шер нѐ нарекува `скенери`.
  • 6:20 - 6:23
    Употребете кој термин сакате,
    или создадете свој.
  • 6:23 - 6:27
    Морам да кажам дека сосема ни прилега
    што како заедница,
  • 6:27 - 6:29
    не можеме да се согласиме за еден термин.
  • 6:29 - 6:31
    (Смеа)
  • 6:33 - 6:35
    На вашата мулти-потенцијалност
    може да гледаат
  • 6:35 - 6:39
    како на ограничување или недостаток
    што треба да го надминете.
  • 6:39 - 6:42
    Но, она што го научив зборувајќи со луѓето
  • 6:42 - 6:44
    и пишувајќи за овие идеи
    на мојата веб страна,
  • 6:44 - 6:49
    е дека ваквите луѓе поседуваат
    неколку силни страни.
  • 6:50 - 6:52
    Ќе наведам три
  • 6:52 - 6:55
    мулти-потенцијални супер моќи.
  • 6:55 - 6:59
    Прва: синтеза на идеи.
  • 6:59 - 7:01
    Односно, комбинирање на две
    или повеќе области
  • 7:01 - 7:04
    и создавање нешто ново во тој пресек.
  • 7:06 - 7:09
    Ша Хванг и Рејчел Бинкс го искористија
    заедничкиот интерес
  • 7:09 - 7:14
    за картографија, визуелизирање на
    податоци, патувања, математика и дизајн,
  • 7:14 - 7:16
    кога го основаа Мешу.
  • 7:17 - 7:23
    Мешу е компанија која изработува
    географски инспириран уникатен накит.
  • 7:23 - 7:26
    Ша и Рејчел дојдоа до оваа уникатна идеја
  • 7:26 - 7:32
    токму како резултат на нивните бројни
    вештини и искуства.
  • 7:33 - 7:36
    Иновациите се случуваат во пресеците.
  • 7:37 - 7:39
    Од таму доаѓаат новите идеи.
  • 7:40 - 7:43
    Мулти-потенцијалистите со
    сета нивна позадина
  • 7:43 - 7:46
    можат да допрат до многу точки
    во тој пресек.
  • 7:48 - 7:51
    Втората моќ на мулти-потенцијалистите
  • 7:51 - 7:53
    е брзото учење.
  • 7:53 - 7:56
    Кога мулти-потенцијалистите
    ќе се заинтересираат за нешто
  • 7:56 - 7:58
    тие многу се трудат.
  • 7:58 - 8:01
    Набљудуваме сѐ што можеме да дофатиме.
  • 8:01 - 8:03
    Навикнати сме да бидеме почетници,
  • 8:03 - 8:06
    зашто сме биле почетници многу
    пати претходно,
  • 8:06 - 8:09
    и тоа значи дека помалку се плашиме
    да пробуваме нови работи
  • 8:09 - 8:12
    и да излегуваме од нашата комфорна зона.
  • 8:12 - 8:16
    Уште поважно, многу вештини се преносливи
    од една во друга дисциплина,
  • 8:16 - 8:20
    сѐ што сме научиле, ние го
    пренесуваме во новата област,
  • 8:20 - 8:22
    така што ретко почнуваме од нула.
  • 8:23 - 8:27
    Нора Дан е постојан патник
    и слободен писател.
  • 8:27 - 8:31
    Како дете била концертен пијанист
    заради што има неверојатна способност
  • 8:31 - 8:33
    да развие мускулна меморија.
  • 8:33 - 8:36
    Сега, најбрзо пишува
    од сите кои ги познава.
  • 8:36 - 8:37
    (Смеа)
  • 8:37 - 8:41
    Пред да стане писател Нора била
    финансиски планер.
  • 8:41 - 8:43
    Морала да го научи механизмот на продажба
  • 8:43 - 8:45
    пред да започне со работата.
  • 8:45 - 8:49
    Сега, таа вештина ѝ помага да пишува
    убедливи понуди за издавачите.
  • 8:50 - 8:54
    Не е залудно доколку правите
    нешто што ве привлекува,
  • 8:54 - 8:55
    дури и да се откажете на крајот.
  • 8:55 - 8:59
    Тоа знаење може да го примените во сосема
    други области,
  • 8:59 - 9:01
    на начин кој не сте го очекувале.
  • 9:03 - 9:05
    Tретата мулти-потенцијална супермоќ
  • 9:05 - 9:07
    е прилагодливоста;
  • 9:07 - 9:11
    односно, способноста да се преобразите
    во нешто што е прикладно за
  • 9:11 - 9:13
    дадената ситуација.
  • 9:14 - 9:19
    Ејб Кахудо понекогаш е режисер
    на спотови, понекогаш веб дизајнер,
  • 9:19 - 9:23
    понекогаш консултант во Кикстартер,
    понекогаш наставник
  • 9:23 - 9:25
    а понекогаш, очигледно Џејмс Бонд.
  • 9:25 - 9:27
    (Смеа)
  • 9:27 - 9:30
    Тој е ценет бидејќи добро работи.
  • 9:30 - 9:33
    Уште повеќе вреди бидејќи може
    да преземе различни улоги
  • 9:33 - 9:35
    во зависност од потребите на клиентите.
  • 9:36 - 9:39
    Според списанието Фаст Компани
    прилагодливоста
  • 9:39 - 9:42
    е најважната вештина која е потребна
    за да успеете
  • 9:42 - 9:44
    во 21-от век.
  • 9:44 - 9:48
    Економскиот свет се менува толку брзо
    и непредвидливо
  • 9:48 - 9:50
    што само поединците и организации
    кои се прилагодуваат
  • 9:50 - 9:54
    за потребите на пазарот, ќе успеат.
  • 9:58 - 10:02
    Синтеза на идеи, брзо учење
    и прилагодливоста
  • 10:02 - 10:06
    се три вештини кои се изразени кај
    мулти-потенцијалистите
  • 10:06 - 10:10
    и три вештини кои тие можат да ги изгубат
    ако ги натерате да го стеснат фокусот.
  • 10:13 - 10:18
    Како општество, имаме заеднички
    интерес да ги охрабруваме
  • 10:18 - 10:20
    мулти-потенцијалистите, да бидат свои.
  • 10:20 - 10:24
    Имаме бројни, сложени повеќе димензионални
    проблеми во светот во моментов,
  • 10:24 - 10:28
    и ни требаат креативни,
    луѓе кои размислуваат подалеку.
  • 10:30 - 10:34
    Сега, да речеме дека во
    душата сте специјалист.
  • 10:34 - 10:39
    Се родивте со желбата да бидете
    детски невро-хирург.
  • 10:40 - 10:43
    Не грижете се-сѐ е во ред со вас.
  • 10:43 - 10:44
    (Смеа)
  • 10:44 - 10:47
    Всушност, најдобрите екипи се составени
    од специјалисти
  • 10:47 - 10:49
    и мулти-потенцијалисти.
  • 10:49 - 10:53
    Специјалистот може да нурне длабоко
    и да ги примени идеите,
  • 10:53 - 10:56
    додека мулти-потенцијалистот придонесува
    со ширината на неговото знаење.
  • 10:56 - 10:58
    Прекрасно партнерство.
  • 10:59 - 11:02
    Ние сите треба да градиме животи и кариери
  • 11:02 - 11:04
    усогласени со начинот на кој сме скроени.
  • 11:04 - 11:09
    За жал, мулти-потенцијалистите
    се главно охрабрувани
  • 11:09 - 11:12
    едноставно да бидат како нивните
    колеги специјалисти.
  • 11:13 - 11:15
    Знаејќи го тоа,
  • 11:15 - 11:18
    ако барем некаква поука извлековте
    од говоров
  • 11:18 - 11:21
    се надевам дека е следнава:
  • 11:21 - 11:25
    прегрнете ја вашата внатрешна склоност,
    каква и да е таа.
  • 11:26 - 11:28
    Ако сте во душата специјалист,
  • 11:28 - 11:30
    тогаш по секоја цена специјализирајте.
  • 11:30 - 11:32
    Тука ќе ја направите најдобрата работа.
  • 11:33 - 11:36
    Но, на мулти-потенцијалистите
    во оваа просторија
  • 11:36 - 11:38
    и оние кои можеби сфативте
  • 11:38 - 11:40
    во овие 12 мин. дека сте еден од нив-
  • 11:40 - 11:42
    (Смеа)
  • 11:42 - 11:44
    вам ви велам:
  • 11:44 - 11:46
    прегрнете ги вашите бројни пасии.
  • 11:47 - 11:50
    Следете ја вашата љубопитност
    низ оние зајачки дупки.
  • 11:51 - 11:53
    Истражете ги вашите пресеци.
  • 11:54 - 11:59
    Препознавањето што сме во душата води
    до посреќен, поавтентичен живот.
  • 12:00 - 12:03
    И уште поважно-
  • 12:03 - 12:07
    мулти-потенцијалисти,
    потребни сме му на светот.
  • 12:08 - 12:09
    Благодарам.
  • 12:09 - 12:12
    (Аплауз)
Title:
Зошто некои од нас имаат повеќе занимања
Speaker:
Емили Вапник
Description:

Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Ако не сте сигурни дека сакате да правите само една работа до крајот на животот, не сте единствени. Во овој просветлувачки говор, Емили Вапник, писател и уметник, ги опишува луѓето кои ги нарекува „мулти-потенцијалисти“-кои поседуваат низа на интереси и занимања во текот на животот. Дали сте вие еден од нив?

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
12:26

Macedonian subtitles

Revisions