Return to Video

Што значи да бидеш граѓанин на светот?

  • 0:01 - 0:03
    Сакам да ви претставам една
    исклучителна жена.
  • 0:04 - 0:06
    Нејзиното име е Давиниа.
  • 0:06 - 0:11
    Давинија е родена во Јамајка,
    емигрирала во САД на 18 год. возраст
  • 0:11 - 0:14
    и сега живее во близина на Вашингтон ДЦ.
  • 0:14 - 0:17
    Таа не е моќен политички претставник,
  • 0:17 - 0:18
    ниту лобист.
  • 0:19 - 0:22
    Веројатно самата ќе ви каже дека
    е прилично незабележителна,
  • 0:22 - 0:24
    но таа има исклучително влијание.
  • 0:24 - 0:26
    Она што е посебно кај Давинија
  • 0:26 - 0:29
    е нејзината подготвеност секоја недела
    да посветува време
  • 0:29 - 0:31
    на луѓе кои не се тоа што е таа:
  • 0:31 - 0:36
    луѓе кои не се од нејзиното соседство,
    не се ни и во нејзината држава-
  • 0:36 - 0:38
    луѓе кои веројатно никогаш
    не би ги сретнала.
  • 0:38 - 0:40
    Влијанието на Давинија започна
    пред неколку години.
  • 0:40 - 0:43
    кога ги контактираше сите нејзини
    пријатели на Фејсбук
  • 0:43 - 0:45
    и ги замоли да донираат ситни пари
  • 0:45 - 0:47
    за да може да финансира
    образование за девојки.
  • 0:47 - 0:50
    Не очекуваше голем одзив,
  • 0:50 - 0:53
    но со 700.000 метални парички подоцна
  • 0:53 - 0:56
    таа им овозможи школување на 120 девојки.
  • 0:56 - 0:57
    Минатата недела,
  • 0:57 - 1:00
    ми рече дека станала непопуларна
    во локалната банка
  • 1:00 - 1:05
    зашто секој пат се појавува со
    полна кеса парички.
  • 1:05 - 1:08
    Давинија не е единствена.
  • 1:08 - 1:09
    Далеку од тоа.
  • 1:10 - 1:12
    Таа е дел од едно движење во подем.
  • 1:12 - 1:14
    И постои име за луѓето како Давинија:
  • 1:15 - 1:16
    глобални граѓани.
  • 1:17 - 1:21
    Глобален граѓанин е оној кој првенствено
    се идентификува себе си
  • 1:21 - 1:25
    не како припадник на една држава,
    група или народ,
  • 1:25 - 1:27
    туку како припадник на човечката раса,
  • 1:27 - 1:32
    и е подготвен да делува
    во склад со тоа верување,
  • 1:32 - 1:35
    да се соочи со најголемите
    предизвици во светот.
  • 1:35 - 1:38
    Нашата работа е насочена кон пронаоѓање,
  • 1:38 - 1:41
    поддршка и активирање на
    глобални граѓани.
  • 1:41 - 1:43
    Тие постојат во секоја земја
  • 1:43 - 1:44
    и во секоја популација.
  • 1:45 - 1:47
    Денес сакам да ви образложам
  • 1:47 - 1:50
    дека иднината на светот зависи
    од глобалните граѓани.
  • 1:50 - 1:54
    Убеден сум дека ако имаме повеќе
    глобални граѓани во светот,
  • 1:54 - 1:57
    секој од поголемите предизвици
    со кои се соочуваме -
  • 1:57 - 2:01
    од сиромаштијата до климатските
    промени и родовата нееднаквост -
  • 2:01 - 2:03
    сите тие проблеми ќе станат решливи.
  • 2:03 - 2:05
    Тие се сепак глобални проблеми,
  • 2:05 - 2:07
    и можат да се решат
  • 2:07 - 2:12
    со глобални граѓани кои бараат
    глобални решенија од водачите.
  • 2:13 - 2:15
    Одредени реакции на оваа идеја
  • 2:15 - 2:19
    се дека тоа е утопија или дури и закана.
  • 2:20 - 2:23
    Затоа сакам да ја споделам
    својата приказна со вас денес,
  • 2:23 - 2:24
    како дојдов тука,
  • 2:24 - 2:26
    каква врска има тоа со Давинија,
  • 2:26 - 2:28
    и се надевам со вас.
  • 2:28 - 2:30
    Пораснав во Мелбурн, Австралија
  • 2:30 - 2:33
    и бев дете кое ги нервираше другите
  • 2:33 - 2:36
    и без престан прашуваше „Зошто?“
  • 2:36 - 2:37
    Можеби и вие сте биле такво дете.
  • 2:37 - 2:41
    Постојано ѝ досадував на мајка
    ми со прашања
  • 2:41 - 2:44
    како на пример: „Мамо, зошто
    не можам да се дотерам
  • 2:44 - 2:46
    и да играм со кукли цел ден?“
  • 2:46 - 2:48
    „Зошто сакаш помфрит со тоа?“
  • 2:48 - 2:49
    „Што се ракчиња,
  • 2:49 - 2:52
    и зошто мораме да ги фрламе
    на барбиката?“
  • 2:52 - 2:53
    (Смеа)
  • 2:53 - 2:55
    „И мамо-оваа фризура.
  • 2:55 - 2:56
    Зошто?
  • 2:56 - 2:57
    (Смеа)
  • 2:58 - 3:00
    Најлошата фризура, мислам.
  • 3:01 - 3:03
    Сеуште ужасна.
  • 3:03 - 3:05
    како „Зошто“ дете мислев ќе
    го променам светот,
  • 3:05 - 3:08
    и беше невозможно да ме
    убедат во спротивното.
  • 3:08 - 3:11
    Кога имав 12 год. и бев прва
    година во средно
  • 3:11 - 3:14
    почнав да собирам пари за заедници
    во неразвиениот свет.
  • 3:14 - 3:16
    Бевме група на деца - ентузијасти
  • 3:16 - 3:19
    и собиравме повеќе пари од било
    кое училиште во Австралија.
  • 3:19 - 3:23
    Така добив можност да одам на Филипините
    и да научам повеќе.
  • 3:23 - 3:25
    Тоа беше во 1998 година.
  • 3:25 - 3:29
    Нѐ однесоа во сиромашниот
    дел во предградието на Манила.
  • 3:29 - 3:32
    Таму се спријателив со Сони Бој
  • 3:32 - 3:36
    кој живееше буквално на куп
    зовриено ѓубриште.
  • 3:37 - 3:39
    Го викаа „Замаглена Планина“.
  • 3:39 - 3:41
    Да не ве заведе романтичното име
  • 3:41 - 3:43
    зашто тоа не беше ништо
    освен смрдлива депонија
  • 3:43 - 3:48
    каде децата како Сони Бој ги минуваа
    деновите во претурање
  • 3:48 - 3:51
    за да пронајдат нешто вредно.
  • 3:51 - 3:55
    Ноќта со Сони и неговото семејство
    ми го сменија животот засекогаш
  • 3:55 - 3:57
    бидејќи кога дојде време за спиење,
  • 3:57 - 4:00
    ние легнавме на бетонска плоча
    голема колку половина моја соба,
  • 4:00 - 4:03
    јас, Сони Бој и останатите
    од семејството
  • 4:03 - 4:05
    седуммнина по ред
  • 4:05 - 4:07
    со смрдеата на сметот околу нас
  • 4:07 - 4:10
    и лебарки кои лазеа наоколу.
  • 4:10 - 4:11
    Не склопив очи,
  • 4:11 - 4:13
    лежев буден сам со себе:
  • 4:13 - 4:15
    „Зошто мора некој да живее вака
  • 4:15 - 4:17
    кога јас имам толку многу?
  • 4:17 - 4:20
    Зошто способноста за исполнување
    на соништата на Сони
  • 4:20 - 4:22
    да е одредена според местото каде е роден,
  • 4:22 - 4:25
    или она што Ворен Бафет го нарекува
    'Лотарија на јајниците'? “
  • 4:25 - 4:27
    Не го разбирав тоа
  • 4:27 - 4:29
    и морав да разберам зошто.
  • 4:30 - 4:32
    Подоцна разбрав
  • 4:32 - 4:34
    дека бедата што ја видов на Филипините
  • 4:34 - 4:39
    е резултат на одлуките кои или ги носат
    или не, луѓето
  • 4:39 - 4:42
    во колонијалниот систем и
    корумпираните влади,
  • 4:42 - 4:45
    кои поседуваат сѐ
    освен интерес за Сони Бој.
  • 4:45 - 4:49
    Секако, тие не ја создадоа Замаглената
    планина но исто како да го сториле тоа.
  • 4:49 - 4:52
    Ако се обидеме да им помогнеме
    на децата како Сони Бој,
  • 4:52 - 4:55
    не ќе можеме само со неколку
    долари што ќе ги дадеме
  • 4:55 - 4:58
    или со обидот да ја исчистиме
    депонијата каде што живеат
  • 4:58 - 5:00
    зашто сржта на проблемот
    лежи на друга страна.
  • 5:00 - 5:04
    Додека работев на развој на заедниците
    наредните години
  • 5:04 - 5:06
    и помагав да се изградат училишта,
  • 5:06 - 5:09
    да се обучуваат наставници, се
    занимавав со проблемот на СИДА,
  • 5:09 - 5:11
    сфатив дека со развојот на заедниците
  • 5:11 - 5:14
    треба да управуваат самите заедници,
  • 5:14 - 5:18
    дека давањето на доброволни прилози е
    потребно, не е доволно.
  • 5:18 - 5:20
    Треба да се соочиме со овие предизвици
  • 5:20 - 5:22
    на глобално ниво и на систематски начин.
  • 5:22 - 5:24
    Најмногу што можев да сторам
  • 5:24 - 5:27
    беше да мобилизирам големи
    групи на граѓани дома
  • 5:27 - 5:31
    кои ќе инсистираат нашите водачи
    да се вклучат во тие промени.
  • 5:31 - 5:33
    Затоа, после неколку години,
  • 5:33 - 5:36
    се придружив на група пријатели
    од факултет
  • 5:36 - 5:39
    да ја основаме во Австралија кампањата
    'Направи ја Бедата Историја'.
  • 5:39 - 5:43
    Сакавме да приредиме мал концерт
  • 5:43 - 5:47
    со локалните уметници во времето
    на самитот на Г20,
  • 5:47 - 5:48
    и еден ден, одненадеж
  • 5:48 - 5:52
    добивме повик од Боно, Еџ и Перл Џем,
  • 5:52 - 5:55
    кои се согласија да бидат главни
    ѕвезди на концертот.
  • 5:55 - 5:58
    Бев малку возбуден тој ден
    како што гледате.
  • 5:58 - 6:00
    (Смеа)
  • 6:00 - 6:01
    Но, за чудо
  • 6:01 - 6:04
    австралиската влада го слушна нашиот глас
  • 6:04 - 6:08
    и се согласи да инвестира двојно повеќе
    во глобално здравје и развој -
  • 6:08 - 6:11
    дополнителни 6,2 милијарди долари.
  • 6:11 - 6:12
    Чувствував -
  • 6:12 - 6:17
    (Аплауз)
  • 6:17 - 6:20
    го чувствував тоа како
    неверојатна потврда.
  • 6:20 - 6:23
    Со собирање на граѓаните успеавме
    да ја убедиме владата
  • 6:23 - 6:24
    да направи нешто незамисливо,
  • 6:24 - 6:28
    и да делува на решавање на проблемот
    надвор од нашите граници.
  • 6:29 - 6:30
    Но, еве во што е проблемот:
  • 6:31 - 6:32
    тоа не траеше.
  • 6:33 - 6:35
    Имаше промени во владата
  • 6:35 - 6:38
    и 6 години подоцна сите пари
  • 6:38 - 6:39
    исчезнаа.
  • 6:40 - 6:41
    Што научивме?
  • 6:42 - 6:45
    Научивме дека еден обид за поместување
    на нештата не е доволен.
  • 6:45 - 6:48
    Ни беше потребно одржливо движење,
  • 6:48 - 6:52
    не некое кое е подложно на промени
    во политичката структура
  • 6:52 - 6:54
    или на наговестување на економска криза.
  • 6:54 - 6:56
    Тоа требаше да се случи насекаде,
  • 6:56 - 7:00
    инаку секоја влада ќе има вграден
    механизам на изговори
  • 7:00 - 7:04
    дека не можат сами да го сносат
    товарот на една глобална акција.
  • 7:05 - 7:08
    И токму со ова започнавме.
  • 7:08 - 7:11
    Соочувајќи се со предизвикот,
    се запрашавме
  • 7:11 - 7:15
    како да обезбедиме доволно притисок
    и да изградиме доволен број на армија
  • 7:15 - 7:17
    за да победиме во овие битки долгорочно?
  • 7:17 - 7:19
    Имавме само еден начин.
  • 7:20 - 7:23
    Требаше некако да ја преобразиме
    краткотрајната возбуда
  • 7:23 - 7:26
    на луѓето кои беа дел од кампањата
    'Направи ја Бедата Историја'
  • 7:26 - 7:27
    во долотрајна страст.
  • 7:28 - 7:30
    Таа требаше да биде дел
    од нивната личност.
  • 7:30 - 7:35
    Во 2012 год. основавме организација
    чија цел беше токму тоа.
  • 7:36 - 7:38
    Имаше само едно име за нив:
  • 7:38 - 7:40
    Глобален Граѓанин.
  • 7:40 - 7:43
    Но, ова не е за било каква организација.
  • 7:43 - 7:46
    Ова е за граѓаните вклучени во акција.
  • 7:46 - 7:48
    Истражувањата покажуваат
  • 7:48 - 7:52
    дека од вкупниот број на жители загрижени
    за глобални проблеми
  • 7:52 - 7:56
    само 18% направиле нешто во врска со тоа.
  • 7:56 - 7:59
    Не затоа што луѓето
    не сакале да се вклучени.
  • 7:59 - 8:01
    Најчесто не знаат како да се вклучат
  • 8:01 - 8:04
    или не веруваат дека активноста
    ќе има резултат.
  • 8:04 - 8:08
    Моравме да регрутираме и активираме
    милиони граѓани
  • 8:08 - 8:09
    во повеќе земји,
  • 8:09 - 8:13
    да вршиме притисок на нивните
    водачи да бидат алтруисти.
  • 8:13 - 8:16
    Правејќи го тоа, откривме нешто
    навистина интересно,
  • 8:16 - 8:19
    дека кога глобалното државјанство
    станува ваша мисија
  • 8:19 - 8:23
    наеднаш имате некои
    исклучителни сојузници.
  • 8:23 - 8:27
    Гледајте, крајната сиромаштија не е
    единствениот глобален проблем.
  • 8:27 - 8:28
    Исто толку е и глобалното затоплување,
  • 8:29 - 8:31
    човековите права, родовата еднаквост,
  • 8:31 - 8:33
    дури и конфликтите.
  • 8:33 - 8:35
    Се најдовме рамо до рамо
  • 8:35 - 8:39
    со луѓе кои имаат страст да се фокусираат
    на меѓусебно поврзани проблеми.
  • 8:39 - 8:41
    Како всушност ги собравме
  • 8:41 - 8:43
    и ги ангажиравме овие глобални граѓани?
  • 8:43 - 8:47
    Го употребивме универзалниот јазик:
  • 8:47 - 8:48
    музиката.
  • 8:48 - 8:51
    Основавме 'Фестивал на глобални граѓани'
  • 8:51 - 8:53
    во срцето на Њујорк, во Централ Парк
  • 8:53 - 8:57
    и убедивме некои од најголемите светски
    уметници да земат учество.
  • 8:57 - 9:00
    Се потрудивме фестивалите да се совпаднат
  • 9:00 - 9:02
    со Самитот на Генералното собрание на ОН,
  • 9:02 - 9:04
    така што лидерите ќе го чујат нашиот глас
  • 9:04 - 9:06
    и не ќе можат да го игнорираат.
  • 9:07 - 9:08
    Но имаше една финта:
  • 9:09 - 9:11
    картите не можеа да се купат.
  • 9:11 - 9:12
    Требаше да се заработат.
  • 9:12 - 9:15
    Требаше да се превземе акција
    во корист на глобална цел
  • 9:15 - 9:19
    и потоа се добиваа доволно
    поени за квалификација.
  • 9:19 - 9:21
    Активизмот е валутата.
  • 9:22 - 9:26
    Не ме интересира државјанството
    како форма на убаво чувство.
  • 9:27 - 9:31
    За мене, државјанството значи
    да се делува и тоа го баравме.
  • 9:31 - 9:33
    За чудо, тоа функционираше.
  • 9:33 - 9:37
    Минатата година, над 155.000 граѓани
    само на подрачјето на Њујорк
  • 9:38 - 9:39
    имаа доволно поени за квалификации.
  • 9:39 - 9:44
    Глобално, имаме регистрирано граѓани
    во повеќе од 150 земји во светот.
  • 9:44 - 9:47
    Минатата година пријавивме повеќе
    од 100.000 нови членови
  • 9:47 - 9:49
    секоја недела преку цела година.
  • 9:50 - 9:54
    Видете, не мораме да создаваме
    глобални граѓани од ништо.
  • 9:54 - 9:56
    Ние сме веќе насекаде.
  • 9:56 - 9:58
    Треба само да сме организирани
  • 9:58 - 10:00
    и мотивирани да делуваме.
  • 10:00 - 10:03
    Во овој дел сметам дека можеме
    многу да научиме од Давинија,
  • 10:03 - 10:07
    која почна да делува како
    глобален граѓанин во 2012 год.
  • 10:08 - 10:09
    Еве што направи таа.
  • 10:10 - 10:11
    Тоа не беше сложена наука.
  • 10:12 - 10:14
    Таа почна да пишува писма,
  • 10:14 - 10:16
    мејлови до политички тела.
  • 10:16 - 10:19
    Волонтираше во локалната општина.
  • 10:19 - 10:22
    Така стана активна на социјалните медиуми
  • 10:22 - 10:24
    и започна да собира парички -
  • 10:24 - 10:25
    многу парички.
  • 10:26 - 10:30
    Можеби за многумина тоа не е многу.
  • 10:30 - 10:32
    Колку може така да се постигне?
  • 10:33 - 10:36
    Но, се постигна многу зашто
    таа не беше сама.
  • 10:36 - 10:41
    Нејзиното делување со другите
    142.000 глобални граѓани
  • 10:41 - 10:43
    ја натера Владата на САД двојно
    повеќе да инвестира во
  • 10:43 - 10:45
    Глобално партнерство за образование.
  • 10:45 - 10:47
    Тука е и д-р Рај Шах,
  • 10:47 - 10:49
    директорот на УСАИД како дава изјава.
  • 10:49 - 10:53
    Кога илјадници глобални граѓани
    црпат инспирација еден од друг
  • 10:53 - 10:56
    зачудувачи е да се види
    нивната колективна моќ.
  • 10:56 - 10:59
    Глобалните граѓани како Давинија
    успеаја да ја убедат Светската банка
  • 10:59 - 11:02
    да ги зголемат инвестициите
    за вода и санитарии.
  • 11:02 - 11:06
    Еве го претседателот на Банката, Џим Ким
    на сцена кој најавува 15 милијарди долари
  • 11:06 - 11:07
    на 'Глобален граѓанин',
  • 11:07 - 11:11
    и премиерот на Индија, Моди ја
    потврдува својата согласност
  • 11:11 - 11:16
    да се постават тоалети во секое
    домаќинство и школо во Индија до 2019 год.
  • 11:16 - 11:21
    Глобалните граѓани поттикнати од водителот
    на вечерните емисии Стевен Колберт,
  • 11:21 - 11:24
    започнаа Твитер инвазија на Норвешка .
  • 11:24 - 11:27
    Ема Солберг, премиерот на државата
    ја прими пораката
  • 11:27 - 11:30
    и се заложи за двојно инвестирање
    во образование на жените.
  • 11:30 - 11:34
    Глобалните граѓани заедно со Ротари
    членовите ги повикаа владите на Канада
  • 11:34 - 11:36
    Британија и Австарлија
  • 11:36 - 11:39
    да инвестираат повеќе за искоренување
    на детската парализа.
  • 11:39 - 11:43
    Се собраа заедно и се заложија
    за 665 милиони долари.
  • 11:44 - 11:46
    Но, и покрај сиот овој замав,
  • 11:47 - 11:49
    се соочуваме со огромни предизвици.
  • 11:50 - 11:52
    Можеби се прашувате
  • 11:52 - 11:54
    како е можно да убедиме светски лидери
  • 11:54 - 11:57
    да се фокусираат на глобални проблеми?
  • 11:57 - 12:03
    Навистина, моќниот американски политичар
    Тип О`Нил има изјавено:
  • 12:03 - 12:05
    „Секоја политика има локален карактер.“
  • 12:06 - 12:09
    Тоа ги доведува политичарите на власт -
  • 12:09 - 12:12
    потрагата за моќ, стекнувањето и
    можноста да се биде моќен
  • 12:12 - 12:15
    преку локални или уште подобро
    национални интереси.
  • 12:16 - 12:20
    Ова го искусив за првпат
    кога имав 21 година.
  • 12:21 - 12:22
    Имав средба
  • 12:23 - 12:27
    со тогашниот австралиски Министер за
    надворешни работи кој ќе остане неименуван
  • 12:28 - 12:29
    (Александар Даунер)
  • 12:29 - 12:31
    (Смеа)
  • 12:32 - 12:33
    и зад затворени врати,
  • 12:33 - 12:35
    ја споделив мојата желба за
    прекинување на бедата.
  • 12:35 - 12:39
    Реков: „Министре, Австралија ја има
    еднаш во животот оваа можност
  • 12:39 - 12:42
    да помогне да се достигат
    Милениумските развојни цели.
  • 12:42 - 12:43
    Можеме да го сториме тоа.“
  • 12:44 - 12:45
    Тој подзастана,
  • 12:45 - 12:48
    ме погледна со студен, одбивен поглед
  • 12:48 - 12:50
    и рече:
  • 12:50 - 12:52
    „Хју, го заболе некого
    за странска помош“
  • 12:53 - 12:54
    и додаде нешто на „го заболе“.
  • 12:56 - 12:57
    Продолжи да зборува.
  • 12:57 - 12:59
    Рече треба прво да се погрижиме
    за нашиот двор.
  • 13:00 - 13:01
    Ова е, според мене,
  • 13:01 - 13:04
    застарено, дури и опасно размислување.
  • 13:04 - 13:06
    Или како што велеше мојот покоен дедо:
  • 13:06 - 13:07
    тотална глупост.
  • 13:08 - 13:11
    Малограѓанштината ја дава
    оваа лажна дихотомија
  • 13:11 - 13:14
    зашто ги става бедните од една земја
    наспроти бедните од друга.
  • 13:15 - 13:18
    Се преправа дека можеме да се изолираме
    како нации едни од други.
  • 13:19 - 13:21
    Нашиот двор е целиот свет,
  • 13:21 - 13:23
    а ние го игнорираме на своја штета.
  • 13:23 - 13:25
    Што се случи кога ја игнориравме Руанда,
  • 13:25 - 13:26
    кога ја игнорираме Сирија,
  • 13:26 - 13:28
    ги игнорираме климатските промени.
  • 13:28 - 13:31
    Политичките лидери треба да ги заболи
  • 13:31 - 13:33
    зашто последиците од климатските
    промени и крајната беда
  • 13:33 - 13:35
    доаѓаат и до нашиот брег.
  • 13:35 - 13:38
    Глобалните граѓани го разбираат ова.
  • 13:38 - 13:41
    Живееме во време кое благонаклоно
    гледа на глобалниот граѓанин,
  • 13:41 - 13:44
    во време кога секој глас
    може да биде чуен.
  • 13:44 - 13:45
    Дали се сеќавате
  • 13:45 - 13:49
    кога Милениумските развојни цели
    беа потпишани во 2000 год.?
  • 13:49 - 13:52
    Најмногу што можевме тогаш
    беше да упатиме писмо
  • 13:52 - 13:53
    и да чекаме до наредните избори.
  • 13:54 - 13:55
    Немаше социјални медиуми.
  • 13:56 - 13:59
    Денес, милијарди граѓани
    имаат повеќе алатки,
  • 13:59 - 14:01
    поголем пристап до информации,
  • 14:01 - 14:04
    поголем капацитет на
    влијание од било кога.
  • 14:04 - 14:08
    Проблемите заедно со средствата за
    нивно решавање се пред нас.
  • 14:08 - 14:10
    Светот се промени
  • 14:10 - 14:13
    и оние кои гледаат зад границите
  • 14:13 - 14:15
    се на вистинската страна на историјата.
  • 14:16 - 14:17
    Каде сме ние?
  • 14:18 - 14:20
    Го организираме овој прекрасен фестивал,
  • 14:20 - 14:23
    добивме неколку големи политички победи
  • 14:23 - 14:25
    и граѓаните ни се придружуваат
    ширум светот.
  • 14:26 - 14:28
    Но, дали ја достигнамве нашата цел?
  • 14:29 - 14:30
    Не.
  • 14:30 - 14:32
    Имаме долг пат за одење.
  • 14:33 - 14:35
    Но ова е можноста која ја гледам.
  • 14:36 - 14:39
    Концептот на глобалниот граѓанин,
  • 14:40 - 14:45
    очигледен во својата логика, но досега
    непрактичен од многу аспекти,
  • 14:45 - 14:50
    се совпадна со овој посебен момент во кој
    имаме привилегија да живееме.
  • 14:50 - 14:51
    Ние, глобалните граѓани
  • 14:51 - 14:56
    сега имаме единствена можност да забрзаме
    позитивни промени од големи размери
  • 14:56 - 14:57
    ширум светот.
  • 14:58 - 15:00
    Во наредните месеци и години,
  • 15:00 - 15:03
    светските лидери ќе одговараат
    пред глобалните граѓани
  • 15:03 - 15:06
    со цел новите Глобални цели
    за одржлив развој
  • 15:06 - 15:08
    да се следат и имплементираат.
  • 15:08 - 15:11
    Глобалните граѓани ќе станат
    партнери со лидерите на НВО
  • 15:11 - 15:14
    за да се искоренат болестите како
    парализа и маларија.
  • 15:14 - 15:17
    Глобални граѓани ќе се пријавуваат
    на секој агол на Земјата
  • 15:17 - 15:20
    зголемувајќи ја фреквентноста, квалитетот
  • 15:20 - 15:22
    и резултатите од нивното делување.
  • 15:23 - 15:25
    Овие соништа се на дофат.
  • 15:26 - 15:28
    Замислете армија на милиони
  • 15:28 - 15:30
    кои стануваат десетици милиони,
  • 15:30 - 15:34
    поврзани, информирани, ангажирани
  • 15:35 - 15:37
    кои не прифаќаат„НЕ“ како одговор.
  • 15:38 - 15:40
    Со години
  • 15:41 - 15:43
    се обидував да се поврзам со Сони Бој.
  • 15:45 - 15:47
    За жал, не успеав.
  • 15:49 - 15:51
    Се сретнавме долго пред
    социјалните медиуми
  • 15:51 - 15:54
    а неговата адреса е сменета
    од страна на властите
  • 15:54 - 15:56
    што е вообичаено со бедните квартови.
  • 15:58 - 15:59
    Би сакал да седнам со него,
  • 15:59 - 16:01
    каде и да е
  • 16:01 - 16:05
    и да му кажам колку многу ме инспирираше
    времето поминато на Замаглената планина.
  • 16:07 - 16:08
    Благодарение на него и многу други,
  • 16:08 - 16:12
    го сфатив значењето да се биде дел
    од движењето на луѓе -
  • 16:13 - 16:16
    дел од децата спремни да го свртат
    погледот од екраните кон светот,
  • 16:17 - 16:18
    да се биде глобален граѓанин.
  • 16:19 - 16:21
    Глобалните граѓани кои
    се едни покрај други,
  • 16:22 - 16:24
    кои прашуваат „Зошто?“
  • 16:25 - 16:26
    кои ги одбиваат тие што велат „НЕ“,
  • 16:27 - 16:30
    и ги прифаќаат неверојатните можности
    на свeтот кој го споделуваме.
  • 16:31 - 16:33
    Јас сум глобален граѓанин.
  • 16:33 - 16:34
    Дали сте вие?
  • 16:35 - 16:36
    Ви благодарам!
  • 16:36 - 16:44
    (Аплауз)
Title:
Што значи да бидеш граѓанин на светот?
Speaker:
Хју Еванс
Description:

Хју Еванс отпочна движење кое мобилизира „глобални граѓани“, луѓе кои првенствено се препознаваат себе не како припадници на држави, нации или групи туку како припадници на човечката раса. Од неговиот инспиративен и личен говор дознајте повеќе за тоа како новиот начин на разбирање на нашето место во светот ги поттикнува луѓето да земат учество во борбата против крајната сиромаштија, климатските промени, родовата нееднаквост и многу други предизвици. „Овие се глобални проблеми во крајна линија“ - вели Еванс. „Нив можат да ги решат само глобални граѓани кои бараат глобални решенија од страна на нивните лидери.“

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
16:56

Macedonian subtitles

Revisions