1 00:00:00,856 --> 00:00:03,190 Сакам да ви претставам една исклучителна жена. 2 00:00:03,690 --> 00:00:05,698 Нејзиното име е Давиниа. 3 00:00:06,444 --> 00:00:10,849 Давинија е родена во Јамајка, емигрирала во САД на 18 год. возраст 4 00:00:10,873 --> 00:00:13,604 и сега живее во близина на Вашингтон ДЦ. 5 00:00:14,262 --> 00:00:17,064 Таа не е моќен политички претставник, 6 00:00:17,088 --> 00:00:18,261 ниту лобист. 7 00:00:18,676 --> 00:00:21,605 Веројатно самата ќе ви каже дека е прилично незабележителна, 8 00:00:21,629 --> 00:00:24,154 но таа има исклучително влијание. 9 00:00:24,471 --> 00:00:25,991 Она што е посебно кај Давинија 10 00:00:26,015 --> 00:00:28,878 е нејзината подготвеност секоја недела да посветува време 11 00:00:28,902 --> 00:00:31,307 на луѓе кои не се тоа што е таа: 12 00:00:31,331 --> 00:00:35,710 луѓе кои не се од нејзиното соседство, не се ни и во нејзината држава- 13 00:00:35,734 --> 00:00:37,967 луѓе кои веројатно никогаш не би ги сретнала. 14 00:00:37,991 --> 00:00:40,431 Влијанието на Давинија започна пред неколку години. 15 00:00:40,431 --> 00:00:43,039 кога ги контактираше сите нејзини пријатели на Фејсбук 16 00:00:43,039 --> 00:00:44,906 и ги замоли да донираат ситни пари 17 00:00:44,930 --> 00:00:47,373 за да може да финансира образование за девојки. 18 00:00:47,397 --> 00:00:49,804 Не очекуваше голем одзив, 19 00:00:49,828 --> 00:00:52,611 но со 700.000 метални парички подоцна 20 00:00:52,635 --> 00:00:55,951 таа им овозможи школување на 120 девојки. 21 00:00:55,975 --> 00:00:57,162 Минатата недела, 22 00:00:57,186 --> 00:01:00,224 ми рече дека станала непопуларна во локалната банка 23 00:01:00,248 --> 00:01:04,526 зашто секој пат се појавува со полна кеса парички. 24 00:01:05,042 --> 00:01:07,608 Давинија не е единствена. 25 00:01:08,161 --> 00:01:09,314 Далеку од тоа. 26 00:01:09,717 --> 00:01:12,003 Таа е дел од едно движење во подем. 27 00:01:12,027 --> 00:01:14,060 И постои име за луѓето како Давинија: 28 00:01:14,663 --> 00:01:16,100 глобални граѓани. 29 00:01:16,935 --> 00:01:21,406 Глобален граѓанин е оној кој првенствено се идентификува себе си 30 00:01:21,430 --> 00:01:25,232 не како припадник на една држава, група или народ, 31 00:01:25,256 --> 00:01:27,443 туку како припадник на човечката раса, 32 00:01:27,467 --> 00:01:32,307 и е подготвен да делува во склад со тоа верување, 33 00:01:32,331 --> 00:01:35,226 да се соочи со најголемите предизвици во светот. 34 00:01:35,250 --> 00:01:37,703 Нашата работа е насочена кон пронаоѓање, 35 00:01:37,727 --> 00:01:40,610 поддршка и активирање на глобални граѓани. 36 00:01:40,634 --> 00:01:42,532 Тие постојат во секоја земја 37 00:01:42,556 --> 00:01:44,459 и во секоја популација. 38 00:01:45,008 --> 00:01:46,770 Денес сакам да ви образложам 39 00:01:46,794 --> 00:01:49,872 дека иднината на светот зависи од глобалните граѓани. 40 00:01:49,896 --> 00:01:54,198 Убеден сум дека ако имаме повеќе глобални граѓани во светот, 41 00:01:54,222 --> 00:01:56,957 секој од поголемите предизвици со кои се соочуваме - 42 00:01:56,981 --> 00:02:00,579 од сиромаштијата до климатските промени и родовата нееднаквост - 43 00:02:00,603 --> 00:02:02,787 сите тие проблеми ќе станат решливи. 44 00:02:02,811 --> 00:02:05,407 Тие се сепак глобални проблеми, 45 00:02:05,431 --> 00:02:07,312 и можат да се решат 46 00:02:07,336 --> 00:02:11,731 со глобални граѓани кои бараат глобални решенија од водачите. 47 00:02:12,731 --> 00:02:15,232 Одредени реакции на оваа идеја 48 00:02:15,256 --> 00:02:19,124 се дека тоа е утопија или дури и закана. 49 00:02:19,561 --> 00:02:22,616 Затоа сакам да ја споделам својата приказна со вас денес, 50 00:02:22,640 --> 00:02:24,351 како дојдов тука, 51 00:02:24,375 --> 00:02:26,163 каква врска има тоа со Давинија, 52 00:02:26,187 --> 00:02:27,628 и се надевам со вас. 53 00:02:28,256 --> 00:02:30,072 Пораснав во Мелбурн, Австралија 54 00:02:30,096 --> 00:02:33,435 и бев дете кое ги нервираше другите 55 00:02:33,459 --> 00:02:35,783 и без престан прашуваше „Зошто?“ 56 00:02:35,807 --> 00:02:37,402 Можеби и вие сте биле такво дете. 57 00:02:37,426 --> 00:02:40,798 Постојано ѝ досадував на мајка ми со прашања 58 00:02:40,822 --> 00:02:43,621 како на пример: „Мамо, зошто не можам да се дотерам 59 00:02:43,645 --> 00:02:45,572 и да играм со кукли цел ден?“ 60 00:02:45,596 --> 00:02:47,596 „Зошто сакаш помфрит со тоа?“ 61 00:02:47,936 --> 00:02:49,126 „Што се ракчиња, 62 00:02:49,150 --> 00:02:51,822 и зошто мораме да ги фрламе на барбиката?“ 63 00:02:51,846 --> 00:02:52,847 (Смеа) 64 00:02:52,871 --> 00:02:54,679 „И мамо-оваа фризура. 65 00:02:54,703 --> 00:02:55,876 Зошто? 66 00:02:55,900 --> 00:02:57,328 (Смеа) 67 00:02:58,126 --> 00:02:59,880 Најлошата фризура, мислам. 68 00:03:01,364 --> 00:03:02,515 Сеуште ужасна. 69 00:03:02,539 --> 00:03:05,341 како „Зошто“ дете мислев ќе го променам светот, 70 00:03:05,365 --> 00:03:07,965 и беше невозможно да ме убедат во спротивното. 71 00:03:07,989 --> 00:03:10,576 Кога имав 12 год. и бев прва година во средно 72 00:03:10,600 --> 00:03:13,837 почнав да собирам пари за заедници во неразвиениот свет. 73 00:03:13,861 --> 00:03:16,056 Бевме група на деца - ентузијасти 74 00:03:16,080 --> 00:03:19,341 и собиравме повеќе пари од било кое училиште во Австралија. 75 00:03:19,365 --> 00:03:22,953 Така добив можност да одам на Филипините и да научам повеќе. 76 00:03:22,977 --> 00:03:24,891 Тоа беше во 1998 година. 77 00:03:24,915 --> 00:03:28,602 Нѐ однесоа во сиромашниот дел во предградието на Манила. 78 00:03:28,626 --> 00:03:32,356 Таму се спријателив со Сони Бој 79 00:03:32,380 --> 00:03:35,919 кој живееше буквално на куп зовриено ѓубриште. 80 00:03:36,617 --> 00:03:38,626 Го викаа „Замаглена Планина“. 81 00:03:38,650 --> 00:03:40,935 Да не ве заведе романтичното име 82 00:03:40,959 --> 00:03:43,320 зашто тоа не беше ништо освен смрдлива депонија 83 00:03:43,344 --> 00:03:47,685 каде децата како Сони Бој ги минуваа деновите во претурање 84 00:03:47,709 --> 00:03:50,645 за да пронајдат нешто вредно. 85 00:03:51,304 --> 00:03:54,580 Ноќта со Сони и неговото семејство ми го сменија животот засекогаш 86 00:03:54,604 --> 00:03:56,627 бидејќи кога дојде време за спиење, 87 00:03:56,651 --> 00:04:00,398 ние легнавме на бетонска плоча голема колку половина моја соба, 88 00:04:00,422 --> 00:04:03,328 јас, Сони Бој и останатите од семејството 89 00:04:03,352 --> 00:04:04,963 седуммнина по ред 90 00:04:04,987 --> 00:04:07,381 со смрдеата на сметот околу нас 91 00:04:07,405 --> 00:04:09,539 и лебарки кои лазеа наоколу. 92 00:04:09,952 --> 00:04:11,231 Не склопив очи, 93 00:04:11,255 --> 00:04:12,964 лежев буден сам со себе: 94 00:04:12,988 --> 00:04:15,470 „Зошто мора некој да живее вака 95 00:04:15,494 --> 00:04:16,846 кога јас имам толку многу? 96 00:04:17,290 --> 00:04:20,036 Зошто способноста за исполнување на соништата на Сони 97 00:04:20,060 --> 00:04:22,120 да е одредена според местото каде е роден, 98 00:04:22,120 --> 00:04:25,081 или она што Ворен Бафет го нарекува 'Лотарија на јајниците'? “ 99 00:04:25,197 --> 00:04:26,954 Не го разбирав тоа 100 00:04:26,978 --> 00:04:28,844 и морав да разберам зошто. 101 00:04:29,656 --> 00:04:32,002 Подоцна разбрав 102 00:04:32,026 --> 00:04:34,454 дека бедата што ја видов на Филипините 103 00:04:34,478 --> 00:04:38,787 е резултат на одлуките кои или ги носат или не, луѓето 104 00:04:38,811 --> 00:04:42,216 во колонијалниот систем и корумпираните влади, 105 00:04:42,240 --> 00:04:45,405 кои поседуваат сѐ освен интерес за Сони Бој. 106 00:04:45,429 --> 00:04:49,229 Секако, тие не ја создадоа Замаглената планина но исто како да го сториле тоа. 107 00:04:49,253 --> 00:04:51,854 Ако се обидеме да им помогнеме на децата како Сони Бој, 108 00:04:51,878 --> 00:04:54,570 не ќе можеме само со неколку долари што ќе ги дадеме 109 00:04:54,594 --> 00:04:57,682 или со обидот да ја исчистиме депонијата каде што живеат 110 00:04:57,706 --> 00:05:00,190 зашто сржта на проблемот лежи на друга страна. 111 00:05:00,214 --> 00:05:03,873 Додека работев на развој на заедниците наредните години 112 00:05:03,897 --> 00:05:05,739 и помагав да се изградат училишта, 113 00:05:05,763 --> 00:05:08,804 да се обучуваат наставници, се занимавав со проблемот на СИДА, 114 00:05:08,828 --> 00:05:11,265 сфатив дека со развојот на заедниците 115 00:05:11,289 --> 00:05:13,845 треба да управуваат самите заедници, 116 00:05:13,869 --> 00:05:17,622 дека давањето на доброволни прилози е потребно, не е доволно. 117 00:05:17,646 --> 00:05:19,507 Треба да се соочиме со овие предизвици 118 00:05:19,531 --> 00:05:22,197 на глобално ниво и на систематски начин. 119 00:05:22,221 --> 00:05:23,666 Најмногу што можев да сторам 120 00:05:23,690 --> 00:05:27,197 беше да мобилизирам големи групи на граѓани дома 121 00:05:27,221 --> 00:05:30,784 кои ќе инсистираат нашите водачи да се вклучат во тие промени. 122 00:05:31,315 --> 00:05:33,315 Затоа, после неколку години, 123 00:05:33,339 --> 00:05:35,608 се придружив на група пријатели од факултет 124 00:05:35,632 --> 00:05:39,010 да ја основаме во Австралија кампањата 'Направи ја Бедата Историја'. 125 00:05:39,447 --> 00:05:42,825 Сакавме да приредиме мал концерт 126 00:05:42,849 --> 00:05:46,722 со локалните уметници во времето на самитот на Г20, 127 00:05:46,746 --> 00:05:48,398 и еден ден, одненадеж 128 00:05:48,422 --> 00:05:52,024 добивме повик од Боно, Еџ и Перл Џем, 129 00:05:52,048 --> 00:05:55,317 кои се согласија да бидат главни ѕвезди на концертот. 130 00:05:55,341 --> 00:05:57,942 Бев малку возбуден тој ден како што гледате. 131 00:05:57,966 --> 00:05:59,904 (Смеа) 132 00:05:59,928 --> 00:06:01,207 Но, за чудо 133 00:06:01,231 --> 00:06:04,323 австралиската влада го слушна нашиот глас 134 00:06:04,347 --> 00:06:08,041 и се согласи да инвестира двојно повеќе во глобално здравје и развој - 135 00:06:08,065 --> 00:06:10,780 дополнителни 6,2 милијарди долари. 136 00:06:11,280 --> 00:06:12,455 Чувствував - 137 00:06:12,479 --> 00:06:16,938 (Аплауз) 138 00:06:16,962 --> 00:06:19,555 го чувствував тоа како неверојатна потврда. 139 00:06:19,579 --> 00:06:22,945 Со собирање на граѓаните успеавме да ја убедиме владата 140 00:06:22,969 --> 00:06:24,455 да направи нешто незамисливо, 141 00:06:24,479 --> 00:06:28,124 и да делува на решавање на проблемот надвор од нашите граници. 142 00:06:28,965 --> 00:06:30,267 Но, еве во што е проблемот: 143 00:06:31,156 --> 00:06:32,457 тоа не траеше. 144 00:06:32,999 --> 00:06:34,895 Имаше промени во владата 145 00:06:34,919 --> 00:06:37,607 и 6 години подоцна сите пари 146 00:06:37,631 --> 00:06:38,797 исчезнаа. 147 00:06:39,542 --> 00:06:40,774 Што научивме? 148 00:06:41,703 --> 00:06:44,780 Научивме дека еден обид за поместување на нештата не е доволен. 149 00:06:45,225 --> 00:06:47,685 Ни беше потребно одржливо движење, 150 00:06:47,709 --> 00:06:51,693 не некое кое е подложно на промени во политичката структура 151 00:06:51,717 --> 00:06:53,994 или на наговестување на економска криза. 152 00:06:54,018 --> 00:06:56,120 Тоа требаше да се случи насекаде, 153 00:06:56,144 --> 00:07:00,049 инаку секоја влада ќе има вграден механизам на изговори 154 00:07:00,073 --> 00:07:04,182 дека не можат сами да го сносат товарот на една глобална акција. 155 00:07:05,405 --> 00:07:07,500 И токму со ова започнавме. 156 00:07:08,103 --> 00:07:11,080 Соочувајќи се со предизвикот, се запрашавме 157 00:07:11,104 --> 00:07:14,601 како да обезбедиме доволно притисок и да изградиме доволен број на армија 158 00:07:14,625 --> 00:07:16,713 за да победиме во овие битки долгорочно? 159 00:07:17,419 --> 00:07:19,386 Имавме само еден начин. 160 00:07:20,034 --> 00:07:22,745 Требаше некако да ја преобразиме краткотрајната возбуда 161 00:07:22,769 --> 00:07:25,756 на луѓето кои беа дел од кампањата 'Направи ја Бедата Историја' 162 00:07:25,756 --> 00:07:27,292 во долотрајна страст. 163 00:07:27,532 --> 00:07:30,089 Таа требаше да биде дел од нивната личност. 164 00:07:30,319 --> 00:07:35,241 Во 2012 год. основавме организација чија цел беше токму тоа. 165 00:07:35,836 --> 00:07:37,725 Имаше само едно име за нив: 166 00:07:38,359 --> 00:07:39,558 Глобален Граѓанин. 167 00:07:40,241 --> 00:07:42,748 Но, ова не е за било каква организација. 168 00:07:43,295 --> 00:07:45,618 Ова е за граѓаните вклучени во акција. 169 00:07:46,041 --> 00:07:47,802 Истражувањата покажуваат 170 00:07:47,826 --> 00:07:52,057 дека од вкупниот број на жители загрижени за глобални проблеми 171 00:07:52,081 --> 00:07:55,586 само 18% направиле нешто во врска со тоа. 172 00:07:56,237 --> 00:07:58,571 Не затоа што луѓето не сакале да се вклучени. 173 00:07:58,595 --> 00:08:01,026 Најчесто не знаат како да се вклучат 174 00:08:01,050 --> 00:08:04,151 или не веруваат дека активноста ќе има резултат. 175 00:08:04,175 --> 00:08:07,700 Моравме да регрутираме и активираме милиони граѓани 176 00:08:07,724 --> 00:08:09,385 во повеќе земји, 177 00:08:09,409 --> 00:08:12,708 да вршиме притисок на нивните водачи да бидат алтруисти. 178 00:08:12,732 --> 00:08:15,753 Правејќи го тоа, откривме нешто навистина интересно, 179 00:08:16,261 --> 00:08:19,213 дека кога глобалното државјанство станува ваша мисија 180 00:08:19,237 --> 00:08:22,719 наеднаш имате некои исклучителни сојузници. 181 00:08:22,743 --> 00:08:26,608 Гледајте, крајната сиромаштија не е единствениот глобален проблем. 182 00:08:26,632 --> 00:08:28,496 Исто толку е и глобалното затоплување, 183 00:08:28,520 --> 00:08:31,096 човековите права, родовата еднаквост, 184 00:08:31,120 --> 00:08:32,706 дури и конфликтите. 185 00:08:32,730 --> 00:08:35,322 Се најдовме рамо до рамо 186 00:08:35,346 --> 00:08:38,991 со луѓе кои имаат страст да се фокусираат на меѓусебно поврзани проблеми. 187 00:08:39,316 --> 00:08:41,353 Како всушност ги собравме 188 00:08:41,377 --> 00:08:43,303 и ги ангажиравме овие глобални граѓани? 189 00:08:43,327 --> 00:08:46,598 Го употребивме универзалниот јазик: 190 00:08:47,034 --> 00:08:48,263 музиката. 191 00:08:48,287 --> 00:08:50,550 Основавме 'Фестивал на глобални граѓани' 192 00:08:50,574 --> 00:08:53,424 во срцето на Њујорк, во Централ Парк 193 00:08:53,448 --> 00:08:57,216 и убедивме некои од најголемите светски уметници да земат учество. 194 00:08:57,240 --> 00:08:59,556 Се потрудивме фестивалите да се совпаднат 195 00:08:59,580 --> 00:09:01,721 со Самитот на Генералното собрание на ОН, 196 00:09:01,745 --> 00:09:04,199 така што лидерите ќе го чујат нашиот глас 197 00:09:04,223 --> 00:09:05,952 и не ќе можат да го игнорираат. 198 00:09:06,828 --> 00:09:08,169 Но имаше една финта: 199 00:09:08,884 --> 00:09:10,539 картите не можеа да се купат. 200 00:09:10,563 --> 00:09:11,753 Требаше да се заработат. 201 00:09:12,220 --> 00:09:15,197 Требаше да се превземе акција во корист на глобална цел 202 00:09:15,221 --> 00:09:18,813 и потоа се добиваа доволно поени за квалификација. 203 00:09:19,200 --> 00:09:21,463 Активизмот е валутата. 204 00:09:22,079 --> 00:09:26,479 Не ме интересира државјанството како форма на убаво чувство. 205 00:09:26,503 --> 00:09:30,780 За мене, државјанството значи да се делува и тоа го баравме. 206 00:09:30,804 --> 00:09:32,765 За чудо, тоа функционираше. 207 00:09:32,789 --> 00:09:37,496 Минатата година, над 155.000 граѓани само на подрачјето на Њујорк 208 00:09:37,520 --> 00:09:39,423 имаа доволно поени за квалификации. 209 00:09:39,447 --> 00:09:43,811 Глобално, имаме регистрирано граѓани во повеќе од 150 земји во светот. 210 00:09:43,835 --> 00:09:47,247 Минатата година пријавивме повеќе од 100.000 нови членови 211 00:09:47,271 --> 00:09:49,224 секоја недела преку цела година. 212 00:09:49,708 --> 00:09:53,811 Видете, не мораме да создаваме глобални граѓани од ништо. 213 00:09:53,835 --> 00:09:55,764 Ние сме веќе насекаде. 214 00:09:55,788 --> 00:09:57,967 Треба само да сме организирани 215 00:09:57,991 --> 00:09:59,639 и мотивирани да делуваме. 216 00:10:00,229 --> 00:10:03,324 Во овој дел сметам дека можеме многу да научиме од Давинија, 217 00:10:03,348 --> 00:10:07,298 која почна да делува како глобален граѓанин во 2012 год. 218 00:10:07,925 --> 00:10:09,147 Еве што направи таа. 219 00:10:09,587 --> 00:10:11,131 Тоа не беше сложена наука. 220 00:10:11,537 --> 00:10:13,813 Таа почна да пишува писма, 221 00:10:13,837 --> 00:10:16,123 мејлови до политички тела. 222 00:10:16,147 --> 00:10:19,142 Волонтираше во локалната општина. 223 00:10:19,166 --> 00:10:21,778 Така стана активна на социјалните медиуми 224 00:10:21,802 --> 00:10:24,032 и започна да собира парички - 225 00:10:24,056 --> 00:10:25,357 многу парички. 226 00:10:26,264 --> 00:10:29,542 Можеби за многумина тоа не е многу. 227 00:10:30,252 --> 00:10:31,748 Колку може така да се постигне? 228 00:10:32,502 --> 00:10:35,617 Но, се постигна многу зашто таа не беше сама. 229 00:10:36,220 --> 00:10:40,650 Нејзиното делување со другите 142.000 глобални граѓани 230 00:10:40,674 --> 00:10:43,315 ја натера Владата на САД двојно повеќе да инвестира во 231 00:10:43,339 --> 00:10:45,170 Глобално партнерство за образование. 232 00:10:45,194 --> 00:10:46,733 Тука е и д-р Рај Шах, 233 00:10:46,757 --> 00:10:49,259 директорот на УСАИД како дава изјава. 234 00:10:49,283 --> 00:10:53,122 Кога илјадници глобални граѓани црпат инспирација еден од друг 235 00:10:53,146 --> 00:10:55,825 зачудувачи е да се види нивната колективна моќ. 236 00:10:55,849 --> 00:10:59,261 Глобалните граѓани како Давинија успеаја да ја убедат Светската банка 237 00:10:59,285 --> 00:11:01,960 да ги зголемат инвестициите за вода и санитарии. 238 00:11:01,984 --> 00:11:06,024 Еве го претседателот на Банката, Џим Ким на сцена кој најавува 15 милијарди долари 239 00:11:06,048 --> 00:11:07,310 на 'Глобален граѓанин', 240 00:11:07,334 --> 00:11:10,840 и премиерот на Индија, Моди ја потврдува својата согласност 241 00:11:10,864 --> 00:11:15,748 да се постават тоалети во секое домаќинство и школо во Индија до 2019 год. 242 00:11:16,494 --> 00:11:20,710 Глобалните граѓани поттикнати од водителот на вечерните емисии Стевен Колберт, 243 00:11:20,734 --> 00:11:23,686 започнаа Твитер инвазија на Норвешка . 244 00:11:23,710 --> 00:11:26,917 Ема Солберг, премиерот на државата ја прими пораката 245 00:11:26,941 --> 00:11:29,949 и се заложи за двојно инвестирање во образование на жените. 246 00:11:30,440 --> 00:11:34,235 Глобалните граѓани заедно со Ротари членовите ги повикаа владите на Канада 247 00:11:34,259 --> 00:11:35,660 Британија и Австарлија 248 00:11:35,684 --> 00:11:38,546 да инвестираат повеќе за искоренување на детската парализа. 249 00:11:38,570 --> 00:11:42,679 Се собраа заедно и се заложија за 665 милиони долари. 250 00:11:44,309 --> 00:11:46,357 Но, и покрај сиот овој замав, 251 00:11:47,277 --> 00:11:49,277 се соочуваме со огромни предизвици. 252 00:11:50,008 --> 00:11:51,888 Можеби се прашувате 253 00:11:51,912 --> 00:11:54,236 како е можно да убедиме светски лидери 254 00:11:54,260 --> 00:11:56,617 да се фокусираат на глобални проблеми? 255 00:11:57,474 --> 00:12:02,557 Навистина, моќниот американски политичар Тип О`Нил има изјавено: 256 00:12:02,581 --> 00:12:04,580 „Секоја политика има локален карактер.“ 257 00:12:05,762 --> 00:12:08,535 Тоа ги доведува политичарите на власт - 258 00:12:08,559 --> 00:12:11,581 потрагата за моќ, стекнувањето и можноста да се биде моќен 259 00:12:11,605 --> 00:12:15,478 преку локални или уште подобро национални интереси. 260 00:12:16,185 --> 00:12:20,497 Ова го искусив за првпат кога имав 21 година. 261 00:12:21,113 --> 00:12:22,495 Имав средба 262 00:12:22,519 --> 00:12:26,958 со тогашниот австралиски Министер за надворешни работи кој ќе остане неименуван 263 00:12:27,655 --> 00:12:28,946 (Александар Даунер) 264 00:12:28,970 --> 00:12:30,728 (Смеа) 265 00:12:31,515 --> 00:12:32,737 и зад затворени врати, 266 00:12:32,761 --> 00:12:35,237 ја споделив мојата желба за прекинување на бедата. 267 00:12:35,261 --> 00:12:39,180 Реков: „Министре, Австралија ја има еднаш во животот оваа можност 268 00:12:39,204 --> 00:12:41,893 да помогне да се достигат Милениумските развојни цели. 269 00:12:41,917 --> 00:12:43,163 Можеме да го сториме тоа.“ 270 00:12:43,806 --> 00:12:45,244 Тој подзастана, 271 00:12:45,268 --> 00:12:47,790 ме погледна со студен, одбивен поглед 272 00:12:48,465 --> 00:12:49,933 и рече: 273 00:12:49,957 --> 00:12:52,147 „Хју, го заболе некого за странска помош“ 274 00:12:52,615 --> 00:12:54,425 и додаде нешто на „го заболе“. 275 00:12:55,528 --> 00:12:56,689 Продолжи да зборува. 276 00:12:56,713 --> 00:12:59,270 Рече треба прво да се погрижиме за нашиот двор. 277 00:12:59,872 --> 00:13:01,035 Ова е, според мене, 278 00:13:01,059 --> 00:13:03,526 застарено, дури и опасно размислување. 279 00:13:04,059 --> 00:13:05,932 Или како што велеше мојот покоен дедо: 280 00:13:05,956 --> 00:13:07,301 тотална глупост. 281 00:13:07,958 --> 00:13:10,947 Малограѓанштината ја дава оваа лажна дихотомија 282 00:13:10,971 --> 00:13:14,477 зашто ги става бедните од една земја наспроти бедните од друга. 283 00:13:14,501 --> 00:13:18,350 Се преправа дека можеме да се изолираме како нации едни од други. 284 00:13:18,699 --> 00:13:20,766 Нашиот двор е целиот свет, 285 00:13:20,790 --> 00:13:22,671 а ние го игнорираме на своја штета. 286 00:13:22,695 --> 00:13:24,893 Што се случи кога ја игнориравме Руанда, 287 00:13:24,917 --> 00:13:26,385 кога ја игнорираме Сирија, 288 00:13:26,409 --> 00:13:28,312 ги игнорираме климатските промени. 289 00:13:28,336 --> 00:13:30,519 Политичките лидери треба да ги заболи 290 00:13:30,543 --> 00:13:33,206 зашто последиците од климатските промени и крајната беда 291 00:13:33,230 --> 00:13:34,586 доаѓаат и до нашиот брег. 292 00:13:35,110 --> 00:13:37,720 Глобалните граѓани го разбираат ова. 293 00:13:37,744 --> 00:13:40,994 Живееме во време кое благонаклоно гледа на глобалниот граѓанин, 294 00:13:41,018 --> 00:13:43,930 во време кога секој глас може да биде чуен. 295 00:13:43,954 --> 00:13:45,122 Дали се сеќавате 296 00:13:45,146 --> 00:13:48,612 кога Милениумските развојни цели беа потпишани во 2000 год.? 297 00:13:48,636 --> 00:13:51,541 Најмногу што можевме тогаш беше да упатиме писмо 298 00:13:51,565 --> 00:13:53,276 и да чекаме до наредните избори. 299 00:13:53,737 --> 00:13:55,411 Немаше социјални медиуми. 300 00:13:55,998 --> 00:13:59,213 Денес, милијарди граѓани имаат повеќе алатки, 301 00:13:59,237 --> 00:14:01,055 поголем пристап до информации, 302 00:14:01,079 --> 00:14:03,530 поголем капацитет на влијание од било кога. 303 00:14:04,151 --> 00:14:07,893 Проблемите заедно со средствата за нивно решавање се пред нас. 304 00:14:08,377 --> 00:14:10,443 Светот се промени 305 00:14:10,467 --> 00:14:12,864 и оние кои гледаат зад границите 306 00:14:12,888 --> 00:14:14,928 се на вистинската страна на историјата. 307 00:14:16,063 --> 00:14:17,309 Каде сме ние? 308 00:14:17,898 --> 00:14:20,265 Го организираме овој прекрасен фестивал, 309 00:14:20,289 --> 00:14:22,604 добивме неколку големи политички победи 310 00:14:22,628 --> 00:14:25,127 и граѓаните ни се придружуваат ширум светот. 311 00:14:25,817 --> 00:14:27,873 Но, дали ја достигнамве нашата цел? 312 00:14:28,651 --> 00:14:29,809 Не. 313 00:14:30,285 --> 00:14:31,930 Имаме долг пат за одење. 314 00:14:32,946 --> 00:14:35,128 Но ова е можноста која ја гледам. 315 00:14:36,414 --> 00:14:38,541 Концептот на глобалниот граѓанин, 316 00:14:39,716 --> 00:14:45,412 очигледен во својата логика, но досега непрактичен од многу аспекти, 317 00:14:45,436 --> 00:14:49,566 се совпадна со овој посебен момент во кој имаме привилегија да живееме. 318 00:14:50,044 --> 00:14:51,196 Ние, глобалните граѓани 319 00:14:51,220 --> 00:14:55,807 сега имаме единствена можност да забрзаме позитивни промени од големи размери 320 00:14:55,831 --> 00:14:57,068 ширум светот. 321 00:14:57,554 --> 00:14:59,713 Во наредните месеци и години, 322 00:14:59,737 --> 00:15:02,781 светските лидери ќе одговараат пред глобалните граѓани 323 00:15:02,805 --> 00:15:05,851 со цел новите Глобални цели за одржлив развој 324 00:15:05,875 --> 00:15:07,540 да се следат и имплементираат. 325 00:15:08,048 --> 00:15:10,926 Глобалните граѓани ќе станат партнери со лидерите на НВО 326 00:15:10,950 --> 00:15:13,782 за да се искоренат болестите како парализа и маларија. 327 00:15:14,243 --> 00:15:17,410 Глобални граѓани ќе се пријавуваат на секој агол на Земјата 328 00:15:17,434 --> 00:15:20,090 зголемувајќи ја фреквентноста, квалитетот 329 00:15:20,114 --> 00:15:21,859 и резултатите од нивното делување. 330 00:15:22,851 --> 00:15:24,938 Овие соништа се на дофат. 331 00:15:25,503 --> 00:15:28,043 Замислете армија на милиони 332 00:15:28,067 --> 00:15:30,264 кои стануваат десетици милиони, 333 00:15:30,288 --> 00:15:34,035 поврзани, информирани, ангажирани 334 00:15:34,638 --> 00:15:36,820 кои не прифаќаат„НЕ“ како одговор. 335 00:15:38,432 --> 00:15:39,992 Со години 336 00:15:41,230 --> 00:15:43,405 се обидував да се поврзам со Сони Бој. 337 00:15:44,770 --> 00:15:46,603 За жал, не успеав. 338 00:15:48,611 --> 00:15:50,804 Се сретнавме долго пред социјалните медиуми 339 00:15:51,479 --> 00:15:54,243 а неговата адреса е сменета од страна на властите 340 00:15:54,267 --> 00:15:56,130 што е вообичаено со бедните квартови. 341 00:15:57,923 --> 00:15:59,357 Би сакал да седнам со него, 342 00:15:59,381 --> 00:16:00,574 каде и да е 343 00:16:01,312 --> 00:16:05,390 и да му кажам колку многу ме инспирираше времето поминато на Замаглената планина. 344 00:16:06,680 --> 00:16:08,429 Благодарение на него и многу други, 345 00:16:08,453 --> 00:16:12,124 го сфатив значењето да се биде дел од движењето на луѓе - 346 00:16:12,752 --> 00:16:16,219 дел од децата спремни да го свртат погледот од екраните кон светот, 347 00:16:16,743 --> 00:16:18,211 да се биде глобален граѓанин. 348 00:16:19,104 --> 00:16:21,227 Глобалните граѓани кои се едни покрај други, 349 00:16:21,973 --> 00:16:23,775 кои прашуваат „Зошто?“ 350 00:16:24,663 --> 00:16:26,415 кои ги одбиваат тие што велат „НЕ“, 351 00:16:26,938 --> 00:16:30,161 и ги прифаќаат неверојатните можности на свeтот кој го споделуваме. 352 00:16:31,240 --> 00:16:32,605 Јас сум глобален граѓанин. 353 00:16:33,190 --> 00:16:34,343 Дали сте вие? 354 00:16:34,841 --> 00:16:36,023 Ви благодарам! 355 00:16:36,047 --> 00:16:43,613 (Аплауз)