Return to Video

Шокантниот потег да се криминализира ненасилниот протест

  • 0:01 - 0:03
    Немаше поминато година од 11 Септември,
  • 0:03 - 0:05
    а јас бев во Чикаго Трибјун
  • 0:05 - 0:07
    каде пишував за пукања и убиства,
  • 0:07 - 0:08
    нешто што ме направи
  • 0:08 - 0:10
    доста депримиран.
  • 0:10 - 0:11
    За време на колеџ бев активист,
  • 0:11 - 0:13
    па одлучив да помогнам на една локална група
  • 0:13 - 0:16
    која се бореше против тестирањето на животни.
  • 0:16 - 0:17
    Мислев дека постапувам правилно
  • 0:17 - 0:19
    и дека нема да има проблеми,
  • 0:19 - 0:22
    но ме биеше толку голем малер,
  • 0:22 - 0:24
    што сите бевме уапсени.
  • 0:24 - 0:26
    Оваа матна слика на која држам
  • 0:26 - 0:30
    летоци им беше доказот.
  • 0:30 - 0:31
    Обвиненијата против мене беа отфрлени,
  • 0:31 - 0:33
    но по неколку недели,
  • 0:33 - 0:35
    двајца ФБИ агенти ми тропнаа на врата,
  • 0:35 - 0:36
    и ми рекоа дека морам да ги шпионирам
  • 0:36 - 0:38
    другите протестни групи, оти во спротивно
  • 0:38 - 0:42
    ќе ме стават на листата на домашни терористи.
  • 0:42 - 0:44
    Ќе излажам ако кажам дека не се стаписав.
  • 0:44 - 0:46
    Бев преплашен,
  • 0:46 - 0:48
    а кога стравот стивна,
  • 0:48 - 0:50
    морав да откријам
  • 0:50 - 0:51
    како дојде до ова,
  • 0:51 - 0:53
    зошто активистите за правата на животните и средината,
  • 0:53 - 0:56
    кои никогаш не повредиле никого,
  • 0:56 - 0:58
    како и зошто станале главна
  • 0:58 - 1:01
    мета на ФБИ.
  • 1:01 - 1:03
    По неколку години, бев повикан да сведочам
  • 1:03 - 1:05
    пред Конгресот за мојата репортажа.
  • 1:05 - 1:07
    На законодавците им реков, и додека сите
  • 1:07 - 1:08
    зборувате за зеленило,
  • 1:08 - 1:10
    некои луѓе ги ризикуваат своите животи
  • 1:10 - 1:13
    за да ги заштитат шумите и да ги сопрат нафтоводите.
  • 1:13 - 1:15
    Тие ги ставаат своите тела на линијата
  • 1:15 - 1:19
    меѓу харпуните и китовите.
  • 1:19 - 1:20
    Ова се обични луѓе,
  • 1:20 - 1:23
    како демонстративе во Италија,
  • 1:23 - 1:25
    кои спонтано се прекачија преку
  • 1:25 - 1:27
    бодликава жица за да ги спасат
  • 1:27 - 1:29
    овие зајачари од тестирање.
  • 1:29 - 1:32
    Овие движења биле неверојатно ефективни
  • 1:32 - 1:34
    и популарни,
  • 1:34 - 1:38
    и затоа во 1985, нивните противници смислија нов збор,
  • 1:38 - 1:39
    еко-терористи,
  • 1:39 - 1:41
    за да го сменат начинот на кој ги гледаме.
  • 1:41 - 1:43
    Едноставно го измислија.
  • 1:43 - 1:46
    Овие компании лобираа за нови закони
  • 1:46 - 1:48
    како ,,Терористичкиот Акт против Претпријатијата за Животни,"
  • 1:48 - 1:51
    кој го претвора активизмот во тероризам,
  • 1:51 - 1:53
    ако тој предизвикува намалување на профитот.
  • 1:53 - 1:56
    Повеќето никогаш и не слушнале за овој закон,
  • 1:56 - 1:58
    вклучувајќи ги и членовите на Конгресот.
  • 1:58 - 2:00
    Помалку од еден процент беа присутни
  • 2:00 - 2:03
    кога беше усвоен.
  • 2:03 - 2:06
    Другите беа на комеморација.
  • 2:06 - 2:07
    Му оддаваа чест на Др. Кинг,
  • 2:07 - 2:11
    додека неговиот активизам стануваше тероризам
  • 2:11 - 2:14
    доколку се прави во име на животните или средината.
  • 2:14 - 2:16
    Поддржувачите велат дека овие закони се потребни
  • 2:16 - 2:18
    за екстремистите:
  • 2:18 - 2:21
    вандалите, потпалувачите, радикалите.
  • 2:21 - 2:23
    Но во моментов, компании како ,,ТрансКанада"
  • 2:23 - 2:27
    ја советуваат полицијата за тоа како
  • 2:27 - 2:29
    да ги прикаже ненасилните демонстранти
  • 2:29 - 2:32
    како терористи.
  • 2:32 - 2:35
    ФБИ документите за обука за еко-тероризмот
  • 2:35 - 2:37
    не се за насилство,
  • 2:37 - 2:39
    туку за односи со јавноста.
  • 2:39 - 2:41
    Денес, во повеќе држави,
  • 2:41 - 2:43
    корпорациите туркаат нови закони
  • 2:43 - 2:45
    кои не дозволуваат фотографирање на
  • 2:45 - 2:48
    суровоста врз животните на нивните фарми.
  • 2:48 - 2:50
    Последниот беше во Ајдахо пред само две недели,
  • 2:50 - 2:52
    а денес поднесовме тужба
  • 2:52 - 2:54
    оти сметаме дека е неуставен
  • 2:54 - 2:57
    и дека е закана за новинарството.
  • 2:57 - 2:59
    Во првиот судски случај од ваков вид,
  • 2:59 - 3:00
    беше инволвирана
  • 3:00 - 3:02
    една млада жена, Ејми Мејер.
  • 3:02 - 3:04
    Ејми забележала како пренесуваат болна
  • 3:04 - 3:06
    крава со булдожер надвор од кланица,
  • 3:06 - 3:09
    додека била на улицата.
  • 3:09 - 3:11
    И Ејми го сторила тоа што секој од нас би го сторил:
  • 3:11 - 3:13
    Снимала.
  • 3:13 - 3:16
    Кога дознав за нејзината приказна, пишував за тоа,
  • 3:16 - 3:18
    и во рок од 24 часа, создаде толкава галама
  • 3:18 - 3:22
    што обвинителите едноставно ги отфрлија сите обвиненија.
  • 3:22 - 3:24
    Но, очигледно, дури и ваквите работи
  • 3:24 - 3:26
    ги сметаат за закана.
  • 3:26 - 3:27
    Преку ,,Актот за Слобода на Информациите,"
  • 3:27 - 3:29
    дознав дека единицата за борба против тероризмот
  • 3:29 - 3:31
    ги следи моите статии
  • 3:31 - 3:33
    и говори како што е овој.
  • 3:33 - 3:36
    Дури го вклучија и овој убав мал опис на мојата книга.
  • 3:36 - 3:39
    Ја опишаа како „неодолива и добро напишана.“
  • 3:39 - 3:44
    (Аплауз)
  • 3:44 - 3:47
    Реклама за наредната книга, така?
  • 3:47 - 3:50
    Поентата на сето ова е да нè исплашат,
  • 3:50 - 3:52
    но како новинар, имам непоколеблива верба
  • 3:52 - 3:54
    во моќта на образованието.
  • 3:54 - 3:58
    Нашето најдобро оружје е сончевата светлина.
  • 3:58 - 4:00
    Достоевски напиша дека целиот труд на човекот
  • 4:00 - 4:03
    е да докаже дека е човек, а не дирка на пијано.
  • 4:03 - 4:04
    Одново и одново низ историјата,
  • 4:04 - 4:06
    луѓето на власт го употребувале стравот
  • 4:06 - 4:10
    да ја замолчат вистината и несогласувањето.
  • 4:10 - 4:12
    Време е да отсвириме нова нота.
  • 4:12 - 4:14
    Ви благодарам.
  • 4:14 - 4:16
    (Аплауз)
Title:
Шокантниот потег да се криминализира ненасилниот протест
Speaker:
Вил Потер
Description:

Во 2002, истражувачкиот новинар и соработник на TED, Вил Потер одлучи да го промени својот работен ритам, пишувајќи за пукања и убиства за „Чикаго Трибјун“. Отиде да помогне на локална група која водеше кампања против тестирањето врз животни: „Мислев дека тоа е правилен начин за да направам нешто позитивно,“ вели тој. Наместо тоа, тој беше уапсен, и така започна неговото патешествие во светот, во кој мирниот протест е етикеtиран како тероризам.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
04:33

Macedonian subtitles

Revisions