Return to Video

Експертот (Краток комичен скеч)

  • 0:00 - 0:08
    Нашата компанија има нова стратешка иницијатива за да се зголеми пробивот на пазарот, да се зголеми лојалноста кон брендот и да се засилат нематеријалните добра.
  • 0:08 - 0:12
    За да ги постигнеме овие цели започнавме нов проект --
  • 0:12 - 0:14
    за кој имаме потреба од 7 црвени линии.
  • 0:14 - 0:17
    Разбрав дека вашата компанија може да ни помогне со ова.
  • 0:17 - 0:18
    Секако!
  • 0:18 - 0:23
    Волтер ќе биде менаџер на проектот. Волтер, ние може да го направиме ова, нели?
  • 0:23 - 0:24
    Да, секако.
  • 0:24 - 0:27
    Андерсон е нашиот експерт за сите работи поврзани со цртање на црвени линии.
  • 0:27 - 0:30
    Го донесовме денес со нас за да го сподели неговото професионално мислење.
  • 0:30 - 0:32
    Мило ми е што ве запознав! Мене ме знаете сите.
  • 0:32 - 0:35
    Ова е Џастин, специјалистот за дизајн на нашата компанија.
  • 0:35 - 0:36
    Здраво...
  • 0:36 - 0:39
    Ние сакаме да ни нацртате седум црвени линии.
  • 0:39 - 0:45
    Сите од нив строго нормални едни на други; некои со зелено мастило, и некои со проѕирно. Можете ли да го направите ова?
  • 0:46 - 0:48
    Не. За жал ние --
  • 0:48 - 0:52
    Ајде да не брзаме со непромислени одговори Андерсон! Задачата е поставена и треба да биде извршена.
  • 0:52 - 0:53
    На крајот од краиштата, ти си експертот.
  • 0:54 - 0:58
    Под терминот "црвена линија" се подразбира дека бојата на линијата треба да биде црвена. Да се нацрта црвена линија со зелено мастило е --
  • 0:58 - 1:02
    ако не е невозможно, тогаш е многу блиску да биде невозможно.
  • 1:02 - 1:04
    Што значи ова: "невозможно"?
  • 1:05 - 1:08
    Мислам, можно е да има луѓе кои да речеме страдаат од далтонизам,
  • 1:08 - 1:11
    за кои боите на линиите не прават голема разлика.
  • 1:11 - 1:16
    Но сигурен сум дека целната група на вашиот проект не се состои само од такви луѓе.
  • 1:16 - 1:18
    Значи, сепак ова е можно.
  • 1:20 - 1:21
    Ќе поедноставам.
  • 1:21 - 1:24
    Една линија може да биде нацртана со било какво мастило.
  • 1:24 - 1:28
    Но ако сакате црвена линија, ви треба црвено мастило.
  • 1:28 - 1:30
    Што ако ги нацртаме со сино мастило?
  • 1:30 - 1:35
    Пак нема да работи. Ако користите сино мастило, ќе добиете сини линии.
  • 1:37 - 1:40
    И што точно мислевте кога зборувавте за проѕирното мастило?
  • 1:40 - 1:43
    Како подобро да објаснам?
  • 1:43 - 1:45
    Сигурен сум дека знаете што значи "проѕирно", нели?
  • 1:45 - 1:46
    Да, знам.
  • 1:46 - 1:49
    И што значи "црвена линија", се надевам нема потреба да ви објаснувам?
  • 1:49 - 1:50
    Секако дека не.
  • 1:50 - 1:55
    Епа добро... Треба да нацртате црвени линии со проѕирно мастило.
  • 1:56 - 1:59
    Може да опишете како би изгледал крајниот резултат?
  • 1:59 - 2:01
    Ајде Андерсон! Што е ова? Градинка?
  • 2:01 - 2:05
    Да не си го губиме времето со овие непродуктивни расправии.
  • 2:05 - 2:08
    Задачата е поставена; задачата е едноставна и јасна.
  • 2:08 - 2:11
    Сега, ако имате некои посебни прашања, повелете!
  • 2:11 - 2:13
    Ти си експертот тука!
  • 2:14 - 2:17
    Добро, да ја оставиме бојата на страна за сега.
  • 2:17 - 2:20
    Кажавте уште нешто поврзано со тоа линиите да бидат нормални?..
  • 2:20 - 2:23
    Седум линии, сите нормални.
  • 2:23 - 2:24
    На што?
  • 2:27 - 2:31
    Хмм, на се. Едни на други.
  • 2:31 - 2:33
    Подразбирам знаете какви се линиите кои се нормални меѓу себе!
  • 2:33 - 2:34
    Секако дека знае. Тој е експертот!
  • 2:35 - 2:37
    Две линии можат да бидат нормални една на друга.
  • 2:37 - 2:40
    Сите седум не можат да бидат истовремено нормални едни на други.
  • 2:42 - 2:43
    Ќе ви покажам.
  • 2:46 - 2:48
    Ова е линија, така?
  • 2:49 - 2:49
    Да.
  • 2:49 - 2:54
    Еве уште една. Нормална е на првата, така?
  • 2:56 - 2:57
    Епа...
  • 2:58 - 2:59
    Да, нормална е на неа.
  • 2:59 - 3:00
    Точно!
  • 3:00 - 3:05
    Чекајте, чекајте, не сум завршил. И трета линија: дали е нормална на првата линија?
  • 3:06 - 3:11
    Да, нормална е! Но не ја сече втората линија. Тие две се паралелни.
  • 3:13 - 3:14
    Не се нормални!
  • 3:16 - 3:18
    Претпоставувам дека е така.
  • 3:18 - 3:21
    Ете ви. Две линии може да бидат нормални една на друга --
  • 3:21 - 3:22
    Може да го добијам маркерот?
  • 3:42 - 3:44
    Што велите за ова?
  • 3:48 - 3:50
    Тоа е триаголник.
  • 3:50 - 3:53
    Сигурно не се нормални меѓу себе.
  • 3:53 - 3:56
    И има три, а не седум.
  • 3:58 - 3:59
    Зошто се сини?
  • 3:59 - 4:00
    Точно. Сакав и јас да прашам за тоа.Indeed.
  • 4:01 - 4:04
    Имам син маркер. Ова беше само демонстрација --
  • 4:04 - 4:07
    Тоа е проблемот, линиите се сини. Нацртај ги со црвено мастило!
  • 4:07 - 4:09
    Нема да го реши проблемот.
  • 4:09 - 4:11
    Како може да знаеш ако не си пробал?
  • 4:11 - 4:13
    Ајде да ги нацртаме со црвено мастило и ќе видиме.
  • 4:13 - 4:14
    Немам црвен маркер со мене, --
  • 4:14 - 4:19
    но целосно сум сигурен дека со црвено мастило резултатот ќе биде ист.
  • 4:19 - 4:22
    Зар не ни кажа претходно дека може да се нацртаат само црвени линии со црвено мастило?
  • 4:22 - 4:24
    Всушност, да. Си го запишав тука!
  • 4:24 - 4:29
    И сега сакаш да ги нацрташ со сино мастило. Дали тврдиш дека тоа се црвени линии?
  • 4:29 - 4:33
    Мислам дека разбирам. Сега не зборувате за боите, нели?
  • 4:33 - 4:37
    Зборувате за тоа, како го нарекувате: нор-нор, мал-мал --
  • 4:37 - 4:39
    Нормални, да!
  • 4:39 - 4:41
    Ете, сега ги збркавте сите.
  • 4:41 - 4:45
    Што точно не спречува да го направиме ова?
  • 4:45 - 4:46
    Геометријата.
  • 4:46 - 4:47
    Едноставно игнорирајте ја!
  • 4:47 - 4:53
    Имаме задача. Седум црвени линии. Не се дваесет; само седум.
  • 4:53 - 4:58
    Андерсон, разбирам; вие сте специјалист во конкретна област, не ја гледате целосната слика.
  • 4:58 - 5:02
    Но сигурно не е тешка задача да се нацртаат седум линии!
  • 5:02 - 5:04
    Токму така. Предложи решение!
  • 5:04 - 5:10
    Секоја будала може да критикува, без навреда, но вие сте експертот, вие треба да знаете подобро!
  • 5:10 - 5:15
    Добро. Дозволете ми да нацтам две совршени црвени линии нормални една на друга. --
  • 5:15 - 5:19
    и останатите ќе ги нацртам со проѕирно мастило.
  • 5:19 - 5:22
    Ќе бидат невидливи, но ќе ги нацртам.
  • 5:22 - 5:23
    Дали ова би ни одговарало?
  • 5:24 - 5:26
    Да, ова ќе ни одговара.
  • 5:26 - 5:29
    Да, но барем неколку со зелено мастило.
  • 5:29 - 5:31
    Имам уште едно прашање, ако смеам.
  • 5:31 - 5:34
    Може ли да нацртате една од линиите во форма на маче?
  • 5:35 - 5:35
    Во што?
  • 5:35 - 5:37
    Во форма на маче.
  • 5:37 - 5:41
    Пазарното истражување ни покажува дека нашите корисници сакаат слатки животно. Би било навистина одлично ако --
  • 5:41 - 5:42
    Не...
  • 5:42 - 5:43
    Зошто?
  • 5:43 - 5:45
    Видете, секако дека можам да ви нацртам мачка.
  • 5:45 - 5:47
    Не сум уметник, но можам да се обидам.
  • 5:47 - 5:49
    Но нема да биде линија повеќе. Ќе биде мачка.
  • 5:49 - 5:51
    Линија и мачка: тоа се две различни нешта.
  • 5:51 - 5:54
    Маче. Не мачка, туку маче.
  • 5:54 - 5:59
    Тоа е мало, слатко, мило. Мачките од друга страна --
  • 5:59 - 6:00
    Не прави разлика.
  • 6:00 - 6:01
    Андерсон, барем ислушај ја!
  • 6:01 - 6:04
    Не завршила со зборување, а ти веќе кажуваш "Не"!
  • 6:04 - 6:10
    Ја сфаќам идејата, но невозможно е да се нацрта линија во форма на мачк...е.
  • 6:10 - 6:12
    А птица?
  • 6:15 - 6:17
    Значи, каде застанавме? Што ќе правиме?
  • 6:17 - 6:22
    Седум црвени линии, две со црвено мастило, две со зелено мастило и останатите - со проѕирно.
  • 6:22 - 6:23
    Дали разбрав точно? --
    -- Да.
  • 6:23 - 6:26
    Одлично! Што значи тоа е се, така?
  • 6:26 - 6:29
    Ох, ох, скоро заборавив, имаме и црвен балон.
  • 6:29 - 6:31
    Дали мислите дека можете да го надуете?
  • 6:35 - 6:37
    Што имам јас со балони?
  • 6:37 - 6:38
    Црвен е.
  • 6:38 - 6:42
    Андерсон, можеш или не можеш да го направиш ова? Едноставно прашање.
  • 6:42 - 6:44
    Се разбира дека можам, но --
  • 6:44 - 6:48
    Одлично. Организирајте работно патување, ние ќе ги покриеме трошоците, --
  • 6:48 - 6:52
    одете до кај нив, надујте го балонот.
  • 6:52 - 6:55
    Оваа средба беше многу продуктивна, ви благодарам на сите!
  • 7:08 - 7:10
    Може да прашам уште едно прашање, ве молам?
  • 7:11 - 7:15
    Кога ќе го надуете балонот, можете ли да го направите во форма на маче?
  • 7:16 - 7:17
    Секако дека можам!
  • 7:17 - 7:22
    Јас можам да направам било што, јас можам да направам абсолутно било што.
  • 7:23 - 7:25
    Јас сум експерт!
Title:
Експертот (Краток комичен скеч)
Description:

Смешниот работен состанок прикажува колку е тешко за еден инжинер да се вклопи во корпоративниот свет! Глумат: Orion Lee, James Marlowe, Abdiel LeRoy, Ewa Wojcik, Tatjana Sendzimir

Сценариојо и Режија од Lauris Beinerts
Основано на кратката приказна "Состанокот" од Alexey Berezin
Продуцирано од Connor Snedecor и Lauris Beinerts
Директор на фотографија: Matthew Riley
Снимач на звук: Simon Oldham
Продукциски дизајнер: Karina Beinerte
Прв асистент режисер: James Hanline
Шминкер: Emily Russell
Уредник: Connor Snedecor
Дизајнер на звук: James Bryant
Колорист: Janis Stals
Аниматор: Benjamin Charles

Оригиналната приказна "Состанокот" (на руски): http://alex-aka-jj.livejournal.com/66984.html

more » « less
Video Language:
English
Team:
Film & TV
Duration:
07:35

Macedonian subtitles

Revisions Compare revisions